Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

Архива 2006

Архива на настани и новости 2006
Поддршка на Ромите во Македонија


Во изминатите 15 години од своето работење, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) посвети голем дел од своите ресурси на спроведување на генералната цел – подобрување на статусот и интеграција на Ромите во македонското општество.

Со оваа цел, ФИООМ спроведе и поддржа вкупно 443 проекти и програми. ФИООМ, особено во последните две години откако беше иницирана Декадата за интеграција на Ромите, успеа да обезбеди значителен фонд средства од странски донатори за програми поврзани со Ромите – пред сè УСАИД, ОБСЕ, Детската фондација Песталоци од Швајцарија, РЕФ и РЕИ од Будимпешта, Амбасадите на Кралството Холандија и на Унгарија во Република Македонија, Фондацијата Крал Бодуен од Белгија и други.

ФИООМ активно се вклучи во спроведувањето на целите на Декадата за интеграција на Ромите (која беше иницирана од Светската Банка и Институтот отворено општество – Њујорк, а Декларацијата за Декадата беше потпишана во 2005 година од Република Македонија). Еден од четирите приоритети во Стратегијата на ФИООМ гласи „Интеграција на Ромите”, а програмските активности на ФИООМ соодветствуваат со приоритетите на Декадата: образование, вработување, здравство и домување.

Табелата е изготвена од ДРН, Италија, за потребите на евалуацијата на Институтот отворено општество од Њујорк. Податоците се преземени од годишните финансиски извештаи на ФИООМ.

Преземете ја табелата
Промоција на „Отвореност и молчење“
Извештај од анализа на законите и практиките за слободен пристап до информации



На 22 декември 2006 година со почеток во 12:00 часот беше промовиран Извештајот на Иницијатива за правда при Отворено општество од анализата на законите и практиките за слободен пристап до информации во четиринаесет земји „Отвореност и молчење“. Овој извештај е од спроведено набљудување во 2003 и 2004 година, а ги наведува резултатите од работата на службите и институциите на власта како одговараат на одредени барања за пристап до информации во Република Македонија, Аргентина, Ерменија, Бугарија, Чиле, Франција, Гана, Кенија, Мексико, Нигерија, Перу, Романија, Јужна Африка и Шпанија. Регистрирани и анализирани се резултатите од набљудувањето во кое се поднесени 1926 барања за информации. Главните наоди од истражувањето се: (1) Законите за пристап до информации ја зголемуваат отвореноста, (2) Молчењето на администрацијата е значителен проблем, (3) Земјите во транзиција обезбедија повеќе информации отколку „зрелите“ демократии, (4) Вклучувањето на граѓанското општество помага, (5) Дискриминацијата влијае врз стапката на одговори, (6) Непостојани резултати, (7) Ретки писмени одбивања.

Главниот наод покажува дека најголем проблем е премолчното одбивање, дури со 47%, а тоа е и проблем во Република Македонија каде на 44% од барањата администрацијата молчи.

Набљудувањето во Република Македонија го спроведе ЗГ Про Медиа. Преводот и печатењето на македонски и албански јазик финансиски го поддржаа Иницијатива за правда при Отворено општество и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Преземете го извештајот (.пдф, 1 МБ)
Правна програма
Проект: Борба против организираниот криминал во Република Македонија



На 16 декември (сабота) 2006 година со почеток во 9:30 часот Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија организираа работна средба на која беше разгледан ажурираниот нацрт-материјал од Националната Програма за усвојување на правото на ЕУ за Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност. ФИООМ излезе во пресрет за организирање на оваа втора работна средба имајќи ги предвид кусите рокови и очекувања од Владата на Република Македонија за финализирање на програмата. Од страна на учесниците беа презентирани новитетите вградени во законите следејќи го европското законодавство (acquis communitaire). Исто така тие дадоа преглед на измените кои се направени во таа насока на институционален план, како и преглед на преостанатите идни обврски кои ќе се реализираат на краткорочен (до крајот на 2007) и среднорочен план (2008-2010) за имплементација на соодветниот закон, а во насока на имплементација на стандардите на Европската унија во областа на надворешните граници, визната политика, надворешната миграција и азилот.

Работната средба ја модерираа: акад. проф. д-р Владо Камбовски, Правен факултет; проф. д-р Трпе Стојановски, Министерство за внатрешни работи на РМ и Зоран Филиповски, Министерство за внатрешни работи на РМ, координатор на работната група за поглавје 24.
Проект „Младинска политика“
Учиме право – повторно



На почетокот на декември 2006 ФИООМ го објави второто изменето и дополнето издание на прирачникот „Учиме право“. Овој прирачник обработува теми од областа на правото, со цел младите во Република Македонија да се запознаат со основните демократски вредности врз коишто се темелат современите правни системи. Поттикнати од промените што настанаа во правниот систем во изминатите шест години од објавувањето на првото издание (особено преку измената на Уставот и на системските закони, децентрализацијата и проширувањето на правото кон нови општествени области), проектниот тим реши да го дополни ова издание со теми што одговараат на денешниот развој на граѓанското општество.

Преземете го електронското издание, (.пдф, 5,5 MБ)



ФИООМ - ПРОГРАМА ЗА РАБОТА 2006 (.пдф, 4 МБ)

Проект Креативна настава и учење
Медијатека и методичка училница на Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“, Штип



На 14 декември 2006 година во просториите на Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип се одржа промоција на проектот „Креативна настава и учење“, при што беа пуштени во употреба комплетно опремени медијатека и методичка училница. Во рамките на проектот, во периодот декември 2005 - септември 2006 година се опремени медиjaтеки и методички училници на педагошките факултети во Скопје, во Битола и во Штип. За просториите се обезбедени компјутери, ЛЦД-проектори, скенери, печатари, фотокопири, аудио-опрема, столчиња, клупи и табли, а предвидено е и купување библиотечен фонд. На трите факултети се извршени и реконструктивни зафати - сменети се прозорците и подовите, реновирани се тоалетите и електричната инсталација, извршено е варосување и друго.

Се очекува новите технолошки и просторни капацитети на педагошките факултети да придонесат за квалитетно практично оспособување на студентите - идни наставници за употреба на новите интерактивни техники и методи при реализацијата на наставата.
На 15 и 16 декември
НВО Саем во Гостивар



На 15 и 16 декември 2006 година, во ресторанот „Маврово“ во Гостивар ќе се одржи Вториот регионален саем на невладини организации од Македонија. Саемот ќе има три компоненти: изложбен дел, форумски дел и социо-културни настани. Во име на Граѓанската платформа на Македонија, НВО саемот го организира Асоцијацијата за демократска иницијатива – АДИ од Гостивар.

Програмата на НВО Саемот можете да ја преземете тука, на македонски и на албански јазик.
Поинакво практикување на демократијата
Урбан развој и подобрување на локалната инфраструктура



Жителите на општините Ѓорче Петров, Прилеп и Кичево, ја почувствуваа непосредната демократија во нивните општини. На средби со градоночалниците и општинската администрација, стотина граѓани во секоја општина ги искажаа своите проблеми, одлучија дека урабан развој и подобрување на локалната инфраструктура е приоритена потреба за нивните општини и со своите идеји, знаења и вештини, преку развој на проекти, придонесуваат кон подобрувањето на состојбата, а со тоа и на своите животи, во нивната заедница. Соработката помеѓу граѓаните и локалната самоуправа всушност е и целта на овој проект и претставува предуслов за успешно развивање на општините.
Успехот и посетеноста на форумски сесии се мотив повеке за уште поголемо залагање и соработка.

На форумски сесии што се одржаа во текот на изминатите два месеца (во Ѓорче Петров и во Прилеп по три сесии, а во Кичево по две) учество земаа повеќе од сто граѓани – жители на општината. Граѓаните на овие општини – учесници на форумот, и во следните четири месеци ќе дискутираат како да придонесат кон надминување на проблемите кои ги оценија како најгориливи, секој според своето знаење и интерес, претставувајќи ја заедицата од која доаѓа – бизнис секторот, образованието и културата, спортот и рекреацијата, организациите на жените, здравството, младинските органзиации и други. Низ водена и структурирана расправа тие ќе ги оценуваат потребите во општината, ќе дизајнираат и разработуваат проекти и на крај тие ќе одлучат кои проекти треба да се финасираат. За реализација на проектите, за секоја општина ќе се обезбедат по 120.000 евра од Швајцарската агенција за соработка и развој, а со дополнителни 25% ќе учествува Општината и со 15% изведувачите на проектот. Реализацијата на проектите ќе се спроведува во текот на 2007 година.

Овие активности во општините Ѓорче Петров, Прилеп и Кичево се спроведуваат во рамките на програмата „Форуми во заедниците“. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Центарот за институционален развој –ЦИРа, во соработка со општините Ѓорче Петров, Прилеп и Кичево. Програмата има за цел да придонесе кон развој на општините со учество на сите заинтересирани страни, преку организирање Форум. Форумот ќе овозможи: а) граѓаните да го унапредат својот живот преку изнесување лични идеји и учество во процесот на донесување одлуки; и б) општинската администрација да биде отворена, одговорна и транспарентна.
Правна програма
Проект: Борба против организираниот криминал во Република Македонија



На 8 декември (петок) 2006 година со почеток во 11:00 часот Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Министерството за правда на Република Македонија организираа работна средба на која беше разгледан ажурираниот нацрт-материјал од Националната Програма за усвојување на правото на ЕУ за Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права. ФИООМ излезе во пресрет за организирање на оваа работна средба имајќи ги предвид кусите рокови и очекувања од Владата на Република Македонија за финализирање на програмата. Од страна на учесниците беа презентирани новитетите вградени во законите следејќи го европското законодавство (acquis communitaire). Исто така тие дадоа преглед на измените кои се направени во таа насока на институционален план, како и преглед на преостанатите идни обврски кои ќе се реализираат на краткорочен (до крајот на 2007) и среднорочен план (2008-2010) за имплементација на соодветниот закон, а во насока на имплементација на стандардите на Европската унија во областа на правосудството, корупцијата и човековите права.

Работната средба ја модерираа: Фросина Тасевска, Министерство за правда на РМ, координатор на работната група за поглавје 23; акад. проф. д-р Владо Камбовски, Правен факултет и доц. д-р Гордан Калајџиев, Правен факултет.
Претприемачки сервис за млади
Наградени најуспешните бизнис планови



Со свечена церемонија, на 30 ноември 2006 година, Фондацијата Претприемачки сервис за млади (ПСМ), основана од СИНТЕФ, Норвешка и ФИООМ ги доделија наградите за најуспешни бизнис планови изработени од млади претприемачи. Првото место му припадна на Витрано гласс (Марија Панчевска и Димитар Делиоланов), кои се наградени со 3000 евра и дебитни картички од ИК банка; второ место на Моменти (Славица Илиеска, Сандра Стевановиќ, Сузана Стевановиќ) кои добија 2000 евра, награда од Nextsense и дебитни картички од ИК банка, а третото на Enjoy Macedonia (Оливер Бончаноски, Борче Милчески, Томе Попчевалиев, Гордан Петровски), наградени со 1000 евра и дебитни картички од ИК банка.

Четвртото место го поделија: Линк (Марјан Ненов, Катерина Неделковска, Пирамида (Елена Коцевска, Сашо Мицков, Билјана Крстиќ); Кондом клуб (Васко Кичевски) и Маквизија (Ванчо Стојков, Горан Шутиновски, Јордан Чепреганов, Драгољуб Сибиновски, Борче Чифлиганец, Игор Цавироски).

На настанот зборуваа амбасадорот на Норвешка, Неговата екселенција г. E. Карл С. Виби, извршниот директор на ФИООМ, г. Владимир Милчин, деканот на Машинскиот факултет, проф. д-р Милан Ќосевски и градоначалникот на општина Гази Баба, г. Коце Трајановски.

Спонзори на овој натпревар се ИК Банка, Александрија, Nextsense, Семос Едукација и HTT Pool Internet Marketing. Во рамките на проектот за млади претприемачи, на почетокот на 2007 година ќе биде отворен и бизнис инкубатор кој ќе им помогне на идните претприемачи да ги реализираат своите бизнис планови. Подетални информации за проектот можат да се најдат на интернет страната www.yesincubator.org.mk.
Промоција
Трансакциони трошоци во македонската економија



На 23 ноември 2006 Фондацијата Институт отворено општество промовираше книгата „Трансакциони трошоци во македонската економија“.

За книгата зборуваа г. Зоран Цали, административен директор на ФИООМ, г. Киро Спанџев, заменик-министер за економија и г. Љубомир Кекеновски, професор на Економски Факултет, Скопје.

Во книгата се презентираат искуствата и препораките кои се резултат на истражувањето спроведено во 2005 година од проф. д-р Љубомир Кекеновски, доц. д-р Ванчо Узунов и м-р Марјан Николов. Истражувањето имаше цел да ги лоцира трансакционите трошоци кои во прв план не ги гледаме, но многу влијаат на амбиентот на работење на македонската економија, како и да се направи обид за мерење на истите. Од истражувањето произлезе дека причини за појавата на високи трансакциони трошоци во македонската економија има многу: лоша институционална поставеност, нејасни и обемни закони, неефикасно судство, некоординирани институции, непостоење на политичка волја за спроведување реформи итн.

Дел од препораките од ова истражување се: постигнување консензус за ослободување на институциите, особено судовите, од политички влијанија и од непотизам, неопходност од воспоставување на култура на ефикасна комуникација со цел зголемување на довербата меѓу институциите и граѓаните, поголема комуникација помеѓу институциите, воспоставување појасна волја, посилна енергија и мерлива определеност на општествените елити за суштински промени. Покрај другото, целта на книгата е да се сврти вниманието кон скриените трошоци кои се креираат при несоодветна примена на законите и процедурите и при неефикасност на работењето на институциите.
Правна програма
Проект: „Борба против организираниот криминал во Република Македонија“



На 28 ноември 2006 година (вторник) во Центарот за конференции и студии на Британскиот совет се одржа редовната VIII средба на експертската група во рамките на проектот „Борба против организираниот криминал во Република Македонија“. На средбата се разгледуваа тековните законски проекти од интерес за превенцијата и сузбивањето на организираниот криминал (Законот за полиција, предлог законот за јавно обвинителство и предлог законот за Совет на јавни обвинители), ажурираната верзија на предлог Националната програма за усвојување на правото на ЕУ, и состојбата со потпишаните Меморандуми за соработка помеѓу институциите.

По однос на материјалот на предлог Националната програма за усвојување на правото на ЕУ присутните изразија потреба и спремност од дополнителна поддршка на работните групи на поглавјата 23 и 24 во процесот на ажурирање.
Семинар организиран од ФИООМ
На границите на Европа: кои се нашите пријатели/непријатели?



На 25-27 ноември 2006 година, на три локации во Скопје (Културен центар Мала станица, Културен центар Точка и Детски театарски центар) се одржа Шестиот меѓународен семинар „Транзиционата правда во поранешна Југославија“ на тема „На границите на Европа: кои се нашите пријатели / непријатели?“

Семинарот го организираше ФИООМ во партнерство со Центарот за културна деконтаминација и со Београдски круг, од Белград, Србија и со НВО Контрапункт и Институтот Евро Балкан од Скопје. Во дебатите учествуваа интелектуалци, универзитетски професори, студенти и претставници од НВО. Семинарот заврши со предавање и промоција на книгата „Евреин, Арапин: Историја на непријателот“ од Џил Аниџар, професор од Универзитетот Колумбија, САД.

Преземете ја програмата >>>, (.пдф, 1,2 MБ)
Промоција
Џорџ Сорос: „Време на погрешливост“



Најновата книга на г. Џорџ Сорос „Време на погрешливост“ (Age of Fallibility) беше промовирана во Брисел, на 20 ноември 2006, за време на Политичкиот дијалог организиран од Европскиот политички центар – ЕПЦ и Институтот отворено општество. На оваа дебата, г. Сорос ја нагласи улогата на Европа како модел на глобално отворено општество. На дебатата учествуваше и г. Хавиер Солана.
Г. Сорос одржа и говор во бриселскиот хотел „Ренесанс“ на 20 ноември 2006 година на тема „Европа како прототип за глобално отворено општество“.

Дискусиите и деталите можат да се прочитаат на следниот линк >>> (.пдф, 40 КБ)

Преземете го говорот на г. Сорос >>>, (.пдф, 26 КБ)
Проект „Креативна настава и учење“
Семинар за модернизација на образованието и обуката за наставници



Од 23 до 26 ноември 2006 година, во хотелот „Метропол“ во Охрид се одржа семинар за Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), насловен “Модернизација на образованието и обуката за наставници“, за обука на наставничкиот и соработничкиот кадар при Природно-математичкиот факултет во Скопје и Природно-математичкиот факултет во Тетово.

На семинарот присуствуваа 25 учесници, коишто се запознаа со искуството од имплементацијата на ЕКТС на Универзитетот во Љубљана, планирањето и реализацијата на курикулумите, како и компаративните согледувања од обуката на наставниците во развиените европски земји. Предавач на семинарот беше проф. д-р Саша Глажар, од Педагошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана.
Проект „Креативна настава и учење“
Образование за социјална правда



Од 24 до 26 ноември 2006 година, во хотелот „Метропол“ во Охрид се одржа работилницата „Образование за социјална правда“, на која зедоа учество 44 професори и асистенти од Педагошкиот факултет во Скопје, Педагошкиот факултет во Битола и Педагошкиот факултет во Штип.

Учесниците на работилницата имаа можност низ практични примери да се стекнат со техники за препознавање и справување со појавата на етнички, расни и полови предрасуди и конфликти, во насока на примена на овие искуства во наставата и збогатување на курикулумите на педагошките факултети со нови содржини.

Предавачи на работилницата беа мр. Јелена Врањешевиќ и Зорица Трикиќ од Центарот за интерактивна педагогија од Белград, како и др. Мери Бошкова и др. Димитар Боневски од Скопје.
Регионален НВО саем - Струмица


Амбасадорот на Европската Комисија во Македонија, Неговата Екселенција г. Ерван Фуере, и заменик-директорката на ФИООМ, г-ѓа Славица Инџевска, го отворија Регионалниот саем на невладини организации во Струмица. На присутните им се обратија и градоначалникот на Струмица, г. Зоран Заев, и претставничката на Секторот за европски прашања при Владата на Република Македонија, г-ѓа Снежана Манчева. На Саемот се претставија околу 50 организации од целата држава. Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за поддршка на НВО – Струмица, во име на членките на Граѓанската платформа на Македонија ја координираа организацијата на овој, прв регионален НВО саем кој се одржа на 24 и 25 ноември во Струмица. Саемот го финансираше Европската агенција за интеграција, а како спонзор се јави и општината Струмица.

Целта на овој настан е јавноста да се запознае со активностите на граѓанските организации, да се создаде простор за размена на искуства и да се зголеми регионалната соработка преку координација и вмрежување помеѓу здруженијата на граѓани. Саемот се состои од три компоненти: Форумски активности; изложбен дел; и социо-културни настани.
Фондација Метаморфозис
Заврши втората меѓународна конференција „е-Општество.Мк“



Од 15 до 17 ноември во хотелот Холидеј ин во Скопје се одржа втората меѓународна конференција е-Општество.Мк во организација на Фондацијата Метаморфозис. На конференцијата беа разработени теми поврзани со најдобри пракси при градење институционална рамка за е-општество, е-влада и граѓанско учество, слободен пристап до информации и приватност на личните податоци, законодавство за е-трговија, компјутерски криминал и сигурност, влијание на новите медиуми на применетата политика: премин на дигитално емитување, изградба на синергија: надминување на јазот еЕУ-еЈИЕ, евалуација на ИТ-проекти од родова перспектива, интернет-новинарство, блогирање и други нови медиуми, слобода на изразување на интернет и анонимност, е-пристапност: вклучување на луѓето со посебни потреби во информатичкото општество, слободен софтвер и други. Во рамките на конференцијата се одржаа и шест работилници за практичен пренос на знаења.

Конференцијата имаше регионална димензија со учество на триесетина експерти од Балканот и пошироко и предизвика голем интерес меѓу јавноста, носителите на одлуки, меѓународните развојни агенции и експертите. На неа присуствуваа и зедоа учество околу 300 луѓе. Конференцијата ја отвори министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Миле Јанакиески.

Втората меѓународна конференција е-Општество.Мк беше помогната од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Институтот отворено општество.
Програма „Форуми во заедниците“
Втора форумска сесија во Ѓорче Петров



На 14 ноември 2006 година во 17.30 часот во основното училиште “Мирче Ацев” во скопската општина Ѓорче Петров ќе се одржи втората форумска сесија во рамките на програмата „Форуми во зедниците”. Ќе биде презентирана информацијата за темата Урбан развој, подготвена од Општината и Работната група, а потоа ќе се изврши идентификација на приоритетните проблеми. На форумот, граѓаните групирани по работни тела, ќе дискутираат за предлог-решенијата, ќе ги бранат проектните идеи и ќе лобираат за нивно прифаќање.

Програмата „Форуми во зедниците” е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Центарот за институционален развој, во соработка со општините Ѓорче Петров, Прилеп и Кичево. До февруари 2007 година ќе се реализираат најмалку шест форуми, по што ќе започне реализација на проектот кој според мислењето на граѓаните е приоритетен. За таа цел, донаторите обезбедија 120 илјади евра, а општината ќе учествува со дополнителни 25 отсто.
Правна програма на ФИООМ
Презентирана публикацијата „Република Македонија и GRECO“



На 31 октомври 2006 година, ФИООМ ја промовираше книгата „Република Македонија и GRECO (група на држави за борба против корупцијата)”. На промоцијата зборуваа г. Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ, академик Владо Камбовски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, и д-р Никола Тупанчески, автор на книгата и шеф на Делегацијата на Република Македонија во GRECO.

Книгата ги воведува читателите во експертското тело GRECO кое дејствува во рамките на Советот на Европа и дава преглед на европските документи кои го регулираат прашањето на корупцијата, како и правните инструменти за борба против неа. Прикажан е и Извештајот за оценката на Република Македонија од страна на GRECO (прв и втор круг) и Имплементацијата на препораките од Извештајот за оценка на Република Македонија (прв и втор круг).

Македонија е членка на GRECO од 2000-та година, но кај нас оваа публикација е прва која се однесува на работата и структурата на ова тело. Книгата може да се набави во просториите на ФИООМ, или да се преземе во електронска форма од веб-сајтот на ФИООМ, <.пдф, 1,3 МБ).
Проект „Креативна настава и учење“
Семинар за модернизација на образованието и подготовката за наставници



Од 1-4 ноември 2006 година во Охрид ќе се одржи семинар за Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС), насловен “Модернизација на образованието и подготовката на наставници“, за обука на наставничкиот и соработничкиот кадар задолжен за методичките предмети при Филолошкиот и Филозофскиот факултет во Скопје и Факултетот за хуманитарни науки и уметности во Тетово.

Учесниците на семинарот ќе имаат можност да се запознаат со искуството од имплементацијата на ЕКТС на Универзитетот во Љубљана, планирањето и реализацијата на курикулумите, но и компаративните согледувања од обуката на наставниците во развиените земји. Предавач на работилницата ќе биде проф.д-р Милица Антиќ-Габер, од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.
Форуми на заедниците
Поинакво практикување на демократијата



Во општините Ѓорче Петров, Прилеп и Кичево започна спроведувањето на програмата „Форуми во заедниците“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Програмата ја спроведуваат ФИООМ и Центарот за институционален развој, во соработка со општините. Програмата има цел да придонесе кон развој на општините со учество на сите заинтересирани страни, преку Форуми кои ќе овозможат граѓаните да го унапредат својот живот преку лични идеи и учество во процесот на донесување одлуки; а општинската администрација да биде отворена, одговорна и транспарентна.

Првите форуми се одржаа од 18-20 октомври 2006 година. Во Ѓорче Петров и во Прилеп урбаниот развој беше оценет како приоритена потреба, додека за Кичево тоа е унапредувањето на локалната инфраструктура. Граѓаните следните шест месеци ќе дискутираат како да придонесат кон надминување на проблемите, секој според своето знаење и интерес, претставувајќи ја заедицата од која доаѓа (бизнис сектор, образование, култура, спорт, невладини организации). Тие ќе разработат проекти за чија реализација ќе се обезбедат по 120.000 евра од Швајцарската агенција за соработка и развој, со 25% ќе учествува општината и со 15% изведувачите на проектот. Реализацијата на проектите ќе се спроведува во текот на 2007 година. Следните форумски сесии во овие општини ќе се организираат во почетокот на ноември.
Креативна настава и учење и Метаморфозис
Презентации на бази на научни трудови и електронски ресурси



Во периодот од 23 до 30.10.2006 г. на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе се одржат неколку презентации на базите на научни трудови и електронски ресурси достапни преку фондацијата „Електронски информации за библиотеки – eIFL“. Презентациите се организираат во рамките на проектот Креативна настава и учење на Фондацијата институт отворено општество – Македонија, финансиски поддржан од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Презентациите ќе ги водат г. Миодраг Дадасовиќ од Националната и универзитетска библиотека - Скопје и г-а Јорданка Петрушевска од Фондацијата „Метаморфозис“, Скопје.

Презентациите истовремено ќе овозможат и дискусија околу можностите за поуспешнo искористување на базите на eIFL како и за можните проблеми и предизвици.

Распоред на презентациите

Датум Час
Локација
Просторија
23.10.2006 10:00 Филозофски факултет - Скопје
Сала за седници
25.10.2006 09:30
Педагошки факултет - Скопје
Лабораторија по информатика 221
25.10.2006
13:00
Природно-математички факултет - Скопје
Голем физички амфитеатар
26.10.2006
12:00
Педагошки факултет – Штип Прва училница, реновиран дел од факултетот
30.10.2006
12:00
Педагошки факултет - Битола

Правна програма
Бесплатна правна помош за граѓаните во остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер



Во саботата на 14 октомври 2006 во хотелот Холидеј Ин Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП) организираше напреден тренинг за адвокати кои ќе даваат бесплатна правна помош за граѓаните во остварување на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. 15-те адвокати, членови на МЗМП, им даваат помош на граѓаните (барателите на информации) во составувањето на жалба до Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и ги застапуваат граѓаните пред суд, во случаите кога не им е дозволен пристап до бараните информации. Компонентата за бесплатната правна помош ја финансираат ФИООМ и Шведскиот Хелсиншки комитет.

Покрај адвокатите, кои ги разработуваа темите со предавачите проф. д-р Борче Давитковски и доц. д-р Ана Павловска – Данева, на средбата беа присутни и дел од членовите и стручната служба на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер со претседателот Јанко Николовски.
За повеќе информации при остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер посетете го веб-сајтот: www.spinfo.org.mk и www.foi.org.mk.
Правна програма
Проект: „Борба против организираниот криминал во Република Македонија“



На 6 и 7 октомври 2006 год. во Охрид, во хотел Инекс Горица, се одржа VI-тата работна средба на експертската работна група, на која се работеше на разгледување на законските проекти чие донесување е во тек, анализа на инкорпорирањето на европските стандарди за борба против организираниот криминал како и се презентираа нацртите за развивање на „странични“ проекти за реформа на казнената постапка, специјалните истражни мерки, економскиот криминал и криминалот на злоупотреба на власта. Работната група изрази задоволство од публикувањето на БИЛТЕН бр.1, кој во себе го содржи материјалот од петте изминати средби на оваа тема.

Дополнителни информации:

Билтен бр. 1, (,пдф, 1,2 МБ)

Програма за работа, (.пдф, 110 КБ)

Листа на учесници, (.пдф, 100 КБ)
На Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Пуштени во употреба медијатека и методичка училница



На петти октомври 2006, во просториите на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, беа пуштени во употреба медијатека и методичка училница кои беа иницирани и комплетно опремени во рамките на проектот „Креативна настава и учење“ на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).

Освен на Педагошкиот факултет – Скопје, во периодот декември 2005 – септември 2006, преку овој проект беа опремени медијатеки и методички училници и на Педагошкиот факултет - Битола и Педагошкиот факултет - Штип. Просториите се опремени со компјутери, ЛЦД-проектори, скенери, печатари, фотокопири, аудио-опрема, столчиња, клупи и табли, а предвидено е и купување библиотечен фонд.

На трите факултета се извршени и реконструктивни зафати – сменети се прозорците и подовите, реновирани се тоалетите и електричната инсталација, извршено е варосување и слично. Се очекува новите просторни услови да придонесат за креирање пријатно опкружување за квалитетно практично оспособување на студентите-идни наставници за употреба на новите интерактивни техники и методи при реализацијата на наставата.

Проектот „Креативна настава и учење“ е финансиран од страна на УСАИД, а имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
Јавен повик за
Изразување интерес за учество во проектот „Отворен општински буџет“



ФИООМ во рамките на програмата за Реформа на јавна администрација и Правната програма го спроведува проектот „Отворен општински буџет“. Проектот има цел да придонесе кон зголемување на вклученоста на јавноста, граѓанскиот и бизнис сектор во сите фази на процесот на буџетирање (планирање, изработка и следење на извршувањето) на единиците на локалната самоуправа (општини). Максимум 3 (три) општини кои ќе бидат селектирани ќе добијат поддршка во обуки на локалната администрација, граѓанскиот и бизнис сектор, експертска помош и финансиска поддршка за реализација на дел од планираните приоритетни активности во висина до 10.000 евра. Имплементацијата на проектот се однесува на буџетската 2007 година.

Во писмото за интерес, општините треба да достават:
1. Генерални информации за општината (број на жители, буџет за 2006 год., планиран буџет за 2007 год., број на населени места, листа на јавни претпријатија и установи);
2. Квартални извештаи (три) за извршување на буџетот во 2006 год.;
3. Планирани извори на финансирање во 2007 год. (буџетски и изворни); и
4. Предлог претставници на граѓанскиот и бизнис сектор, како и индивидуалци, кои би можеле да бидат вклучени во процесот на буџетирање.

Своите документи заинтересираните општини треба да ги достават до ФИООМ најдоцна до 28 ноември 2006 година со назнака за „Правна програма“. Ве молиме без телефонски јавувања.
Граѓанска платформа на Македонија
Регионален НВО саем - Струмица



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за поддршка на НВО - Струмица во име на членките на Граѓанската платформа на Македонија упатуваат покана за учество на Регионалниот НВО саем во Струмица. Саемот ќе се одржи на 24 и 25 ноември 2006 година во Домот на АРМ во Струмица, а можат да учествуваат граѓанските организации од Република Македонија соседните земји.
Целта на овој настан е јавноста да се запознае со активностите на граѓанските организации, да се создаде простор за размена на искуства и да се зголеми регионалната соработка преку координација и вмрежување помеѓу здруженијата на граѓани. Саемот се состои од три компоненти: Форумски активности; Изложбен дел; и Социо-културни настани.

- ФОРУМСКИ АКТИВНОСТИ: предвидени се 6 јавни дебати (панели, тркалезни маси и сл.) на клучна тема прекуграничната соработка. Се повикуваат заинтересираните граѓански организации, најдоцна до 20 ноември 2006 година да пријават тема за дискусија. Формуларот за пријавување на теми може да се добие по електорнска пошта, или да се најде на веб страницата: www.nvocentri.org.mk и www.gragjanskisvet.org.mk.

- ИЗЛОЖБЕН ДЕЛ: овозможувено е претставување на учесниците преку изложбен простор (штандови). Основниот изложбен простор за презентација изнесува 4 м2. Партиципацијата за закуп на штанд е 500 денари.

- СОЦИО-КУЛТУРНИ НАСТАНИ: ќе бидат организирани 5 социо-културни настани базирани на сопствената креативност на граѓанските организации, со цел промоција на културното наследство и вредности.

ПРИЈАВУВАЊЕ: до 20 ноември 2006 година, во Центарот за поддршка на НВО: ул. „Братство - Единство“ бр. 29, П.фах 192, Струмица. Пријавите ќе бидат достапни и на следните веб-страници: www.soros.org.mk, и www.gragjanskisvet.org.mk. Лица за контакт: Митко Николов и Ристо Стеванов, тел. 034/326-832 (од 10 до 18 часот, секој работен ден), факс 034/326-831.

Влезот на Регионалниот НВО саем за учесниците е бесплатен.

Преземете ја пријавата за форумот, (.doc, 130 KБ)

Преземете ја пријавата за штанд, (.doc, 130 KБ)

Преземете ја пријавата за социо-културен настан, (.doc, 130 KБ)

Краток опис на проектот. (.пдф, 180 KБ)
Претседателот Црвенковски на тркалезна маса за НВО секторот во Њуjорк
Владиниот и НВО секторот во заедничко градење на демократскиот амбиент



Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, на 19 септември 2006 година во Њуjорк, САД, имаше обраќање на тркалезната маса посветена на улогата и влијанието на невладиниот сектор во промоцијата на глобалната демократија. Тркалезната маса беше иницирана од претседателот на САД, Џорџ Буш.

Меѓу другото, претседателот Црвеновски изјави: „...На внатрешен план, политиката на македонските власти го признава легитимитетот на заедничкиот ангажман на владиниот и невладиниот сектор во градењето на демократски амбиент во општеството, и одговорно придонесува за одржливо партнерство на јавниот и приватниот сектор секогаш кога се договараат политички проекти од значење за државата и граѓаните. Токму оваа квалитетна кохабитација имаше незаменлив придонес во креирањето на македонската успешна приказна во изминатите петнаесет години...“

Целиот текст на обраќањето на претседателот Црвенковски може да се прочита тука >>> (.пдф, 140 КБ)
Интервју на Владимир Милчин за бугарската агенција ФОКУС
Писмата на македонските војници од Првата светска војна се предизвик за научниците



На 19 септември 2006 година, извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин, даде интервју за Новинска агенција ФОКУС од Бугарија. Главната тема на интервјуто беа писмата на македонските војници кои биле мобилизирани и служеле во бугарската и во српската армија на австроунгарскиот фронт за време на Првата светска војна. Овие значајни документи неодамна ги откупи ФИООМ. Интервјуто е во продолжение:

ФОКУС: Господине Милчин, како Институтот дојде до писмата од македонските војници коишто датираат од времето на Првата светска војна?
Владимир Милчин: За писмата на мобилизираните македонски војници во Првата светска војна дознав преку печатените медиуми. Мислам дека дневниот весник Вечер објави доста информации на оваа тема. Јас стапив во контакт со господин Алексовски и бев во можност да ги видам копиите од оригиналните писма. Откако добив официјална согласност од Управниот одбор на Фондацијата да ги започнам преговорите за купување на писмата, вклучувајќи ги и разгледниците и документите, во Кратово ми беа покажани оригиналните документи. Институтот отворено општество - Македонија ги доби писмата во средината на јуни 2006 година.

Целиот текст на интервјуто е во прилог >>>



Во знак на почит кон покојниот Љупчо Лазаревски и исполнувајќи ја желбата на семејството, ФИООМ го објавува комплетниот текст на неговата изјава за причините и околностите на неговата оставка на функцијата Извршен директор на Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија, напишана на 5.09.2006 година, неколку дена пред неговата ненадејна смрт:

ЗА ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ!

До демократската јавност во Република Македонија

Почитувани,

Со ова сакам да изјавам и да ве известам за причините за мојата оставка на функцијата Извршен директор на Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија, за околностите под кои ја поднесов, како и за моите лични гледишта за причините за тешката финансиска состојба во јавниот сервис.

Целиот текст на изјавата >>> (.пдф, 50 КБ)
Правна програма
Набљудување на имплементацијата на Слободниот пристап до информациите од јавен карактер на локално ниво



Во саботата на 16 септември 2006 година, во Скопје во хотел Холидеј Ин, ФИООМ организираше инструктажа за 123 баратели на информации од јавен карактер. Барателите своите барања ќе ги поднесуваат до имателите на информации на локално ниво, со цел да се измери степенот на имплементација на Законот за слободниот пристап до информациите од јавен карактер. Извештајот од набљудувањето ќе биде јавно промовиран кон крајот на тековната година.
Фондација Метаморфозис
ЦД „Заврши си работа!“ за одбележување на Денот на слободниот софтвер



По повод Денот на слободниот софтвер - 16 септември, Фондацијата „Метаморфозис“ подготви ЦД со слободен софтвер под наслов „Заврши си работа!“.

ЦДто содржи слободен софтвер на македонски и англиски јазик наменет за:

• канцелариско работење: обработка на текст, табеларни пресметки, презентации, бази на податоци) – ОпенОфис.орг, со упатство за употреба на македонски јазик
• користење на интернет: сурфање и е-пошта – Фајерфокс, Тандербрд
• обработка на слики, фотографии и документи во разни формати – Гимп, ПДФ креатор...
• како и 11 игри.

Слободниот софтвер е целосно легален, а носителите на авторските права за него дозволуваат негова употреба, развивање, локализирање, копирање и споделување.

Користењето на висококвалитетен слободен софтвер, покрај практичната полза дома или на работното место, придонесува и за намалување на стапката на пиратство во Македонија и изградба на култура на слободно споделување знаење.

Од 16 септември 2006 година, ЦДто ќе биде достапно преку дистрибутивната мрежа на дневниот весник „Време“ по симболична цена од 50 денари.

Изработката на ЦДто е дел од проектот за слободен софтвер на Фондацијата „Метаморфозис“, финансиран од Фондацијата „Институт отворено општество – Македонија“ (ФИООМ) и „Институт отворено општество – Будимпешта“.

Во подготовката на ЦДто и локализацијата на софтверот, преку превод, лектура и тестирање, учествуваа експерти (информатичари, лектори, преведувачи) и голем број волонтери, преку низа активности организирани во соработка со НВО „Слободен софтвер Македонија“.
Плагиј.ат и Екстрим Спортс
Концерт на музичари од независната сцена



Здруженијата Плагиј.ат и Екстрим Спортс од Скопје на 30 август 2006 година во Градскиот парк во Скопје организираа концерт со наслов Turns 1, на кој беа претставени неколку музички групи од независната сцена од Македонија, на кои ова им беше можност да се претстават јавно пред публиката. Учествуваа Vivid, Victim Yield, Mooger Fooger, Suns, Ристо Гушиќ, Новиот почеток, Sidewalk, Two Sides, White Noise in a White Room. Концертот беше извонредно организиран и посетен и покрај дождливото време.

ФИООМ беше еден од поддржувачите на овој концерт.
Управен одбор на ФИООМ
Поздравување со Никола Гелевски



На 31 август 2006 година, Управниот одбор на ФИООМ се поздрави со Никола Гелевски, кому му заврши четиригодишниот мандат како член на Управниот одбор. Никола Гелевски во Управниот одбор на ФИООМ членуваше од 2002 година и даде значителен и оригинален придонес во неговата работа со својот дух на креативност, иновативност и критичко размислување.

Новиот член на Управниот одбор од наредната седница ќе биде Гоце Тодороски од Центарот за независни граѓански иницијативи од Прилеп.
Проект: Младите во акција
Компонента 1: Промоција на младински прашања



Проектот Младите во акција: финансиска и техничка помош на младински НВОи за проекти ориентирани кон заедницата, поддржан од World Bank Small Grants Program, Фондацијата институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Balkan Trust for Democracy е насочен кон поддршка на младите во преземање на конкретни активности насочени кон промени во политиките во Македонија. Проектот се состои од три компоненти преку кои ќе се овозможи градење на капацитетите на младинските НВОи и спроведување на проекти на младински НВОи насочени кон развој на младински политики, промовирање на младинското учество во процесите на одлучување и зајакнување на соработката со локалната самоуправа и другите релевантни партнери на локално ниво.

Првата компонента опфаќа поддршка на проекти во промоција на младински прашања и младински политики на локално ниво во согласност со Националната стратегија за млади. Младинските НВО нудат креативен и иновативен пристап во зајакнување на младинското граѓанското учество преку поттикнување на развојни младински иницијативи, зајакнување на механизми за вклучување и учество на младите и иницирање на партнерства со јавниот сектор, други ОГО и приватниот сектор.
Листа на поддржани проекти, (.пдф, 50 КБ)

Втората компонента на проектот се фокусира на градење на капацитети на младински НВО во нивното поле на делување. Третата компонента опфаќа консултантска и менторска поддршка во развивање на проектни идеи од интерес на младите на локално ниво, кои по реализацијата ќе дадат конкретни резултати.
Проект „Креативна настава и учење“
Семинар за воведување нова наставна методика – „Со читање и пишување до критичко мислење“



Во периодот 25 август - 3 септември 2006 година, во хотелот Белви во Охрид, ќе се одржат Интензивни летни обуки на коишто ќе учествуваат 180 студенти од наставните насоки на Филолошкиот, Филозофскиот и Природно-математичкиот факултет од Скопје, Факултетот за хуманитарни науки и уметности и Природно-математичкиот факултет од Тетово.

Целта на обуките е запознавање на идните наставници со новите активни наставни методи и техники што поттикнуваат критичко мислење и создаваат услови за поактивно ангажирање на учесниците во процесот на учењето.

Обуките ќе ги вршат сертифицирани предавачи.
ФИООМ и Холандската амбасада
Нов грант за образование на Роми



ФИООМ и Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија на 11 јули 2006 година потпишаа договор за доделување грант за реализација за проектот „Еднакви образовни можности за учениците Роми“. Целта на проектот е подобрување на успехот и зголемување на процентот на успешно задржување на ромските деца во основните училишта.

Грантот предвидува дополнителна (воннаставна) поддршка во учењето за околу 3.000 ученици, во која ќе бидат вклучени 250 наставници и 1.000 родители. Изборот на училишта вклучени во проектот ќе биде дополнително објавен. Висината на финансиската поддршка на грантот изнесува два милиони евра. Проектот ќе го спроведува ФИООМ во текот на наредните три години.

Повеќе >>>
Во Метаморфозис
Доделени сертификати за учество на обуката за користење компјутери



На 3 јули 2006г. во просториите на фондацијата „Метаморфозис“ беа доделени сертификати за успешно учество на курсот за компјутери. Сертификати добија 16 посетители на курсот, средношколци Роми, кои успешно ја завршија обуката за 5 модули.

Посетителите се здобија со знаења за електронска обработка на податоци и употреба на оперативниот систем Windows XP, основните апликации од канцеларискиот пакет MS Office, односно Word, Excel и PowerPoint, како и основите на интернет.
Обуката беше организирана во рамките на Програмата за образование на Ромите на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
Со поддршка на општината, ФИООМ и УСАИД
Простор за НВО центарот во Прилеп



На 14 јуни 2006 година градоначалникот на Прилеп, г. Марјан Ристески, претставникот на УСАИД, г. Мајкл Богдан и Извршниот директор на ФИООМ, г. Владимир Милчин потпишаа Меморандум со кој општина Прилеп на Центарот за поддршка на невладини организации (ЦПНВО) - Прилеп му отстапува простор од 169,62 м2 на 10-годишно бесплатно користење. Општината ќе го поддржи Центарот за трошоците за вода и хигиена и електрична енергија во наредните пет години, а заедно со УСАИД и ФИООМ со овој меморандум се обврза да обезбеди средства за реновирање и адаптирање. Така, прилепските НВО добија простор кој сигурно ќе функционира наредните 10 години.
Договор меѓу ФИООМ и ДИК
Поддршка за изборниот процес



На 14 јуни 2006 ФИООМ и Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа договор за соработка за обука на сите членови на општинските изборни комисии и избирачки одбори. Во рамките на соработката ќе бидат обучени 100 обучувачи кои понатаму ќе спроведат обука на околу 30.000 лица од изборната администрација.

За потребите на обуката и за успешно спроведување на изборите ќе биде испечатен и прирачник што ќе ги содржи правилата во изборниот процес вклучувајќи ги и сите записници и упатства на ДИК. Поддршката од ФИООМ за овие активности изнесува 45.000 евра.
Проект Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија
Договор за соработка меѓу ФИООМ и Владата



На 13 јуни 2006 година, ФИООМ потпиша договор за соработка со Генералниот Секретаријат на Владата на Република Македонија, со кој се регулираат активностите што ќе се спроведуваат до крајот на 2008 година.

Договорот ги вклучува следните компоненти: подготовка на Водич низ институциите, ИКТ компонента, деконцентрација на општите ингеренции во министерствата, етички кодекс за високите функционери и вертикална анализа на пилот министерство според принципите за добро владеење.
ФИООМ по трет пат ја додели Наградата за најдобар визуелно-графички дизајн на печатена книга


Наградата му беше доделена на Здружението на граѓани „Екократер“ од Кратово за туристичкиот водич на Кратово во просториите на НВО Инфоцентар, Скопје, на 14 јуни 2006.

Програмата за издаваштво при ФИООМ ја доделува наградата за најдобар визуелно-графички дизајн веќе трета година по ред. Целта на оваа награда е да се унапредат стандардите и да се поттикне креативноста и професионализмот во областа на визуелно -графичкиот дизајн на печатените дела.

Годинешното тричлено жири работеше во состав: Гордана Дувњак - Претседател, новинар во „Утрински весник“ и Член на Управниот одбор на ФИООМ; Славица Јанешлиева-Бачварска, дипломиран уметник - член; и, Дејан Георгиевски - веб уредник и фотограф – член.

Конкурсот беше објавен во дневните гласила „Дневник“ и „Утрински весник“ на 13 април 2006 година. Крајниот рок за пријавување беше 15 мај 2006 година. Жирито се состана на 26 мај 2006 година во просториите на ФИООМ каде што ги разгледа пријавените изданија и ја донесе конечната одлука.

Пристигнатите 3 примероци од пријавените книги ќе бидат подарени на библиотеките на Центрите за поддршка на НВО низ Македонија.
Јавна дебата
Дали Македонија има потенцијал за добро владеење?



На 6 јуни, 2006 година во Скопје, ФИООМ организираше јавна дебата на тема Дали Македонија има потенцијал за добро владеење? Дебатата е дел од проектот Процена на потенцијалот за добро владеење во Македонија. Воведни излагања имаа Извршниот директор на ФИООМ г. Владимир Милчин, претставникот од Генералниот секретаријат при Владата на РМ, г-ѓа Сузана Никодијевиќ-Филиповска и претставникот од Секретаријатот за европски прашања, г. Едвард Митевски. Говорници беа универзитетските професори д-р Борче Давитковски, д-р Ана Павловска-Данева и д-р Ванчо Узунов, заменикот народен правобранител г. Драги Целевски, директорот на Државниот завод за ревизија д-р Драгољуб Арсовски и претседателот на МЦМС, г. Сашо Клековски. На дебатата присуствуваа и претставници од повеќе министерства и други државни органи, како и од невладини организации.

Целта беше да се отвори широка дебата за потребите од примена на концептот и принципите за доброто владеење, поттикнување на јавната свест за потребата од развивање, примена и унапредување на принципите од концептот за добро владеење, да се детерминираат проблемите со кои се соочуваат македонските институции при нивното функционирање и изнаоѓање на можни солуции за примена на принципите за доброто владеење. Заклучоците и препораките од дебатата ќе бидат пренесени во книшка, која наскоро ќе биде достапна на веб-страницата на ФИООМ.

На дебатата учествуваа: Министерот за животна средина и просторно планирање, државни секретари од министерствата за правда, за животна средина и просторно планирање, за образование и наука, за здравство, за внатрешни работи, за локална самоуправа, Државни советници од министерствата за надворешни работи, за култура, за земјоделие, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика за локална самоуправа, за економија, претставници на Јавното обвинителство, на Државната комисија за спречување на корупција, на Бирото за јавни набавки, на УЈП, на Агенцијата за државни службеници, на ССМ, директорот на Агенцијата за спречување на перење на пари, и неколку невладини организации (Транспарентност, ЦГИ-Прилеп, Организација за заштита на потрошувачи, Центар за граѓански комуникации и МЦЕТ).
Програма Исток-Исток
Поддршка на прекуграничните партнерства



ФИООМ ги повикува сите заинтересирани, кои се вклопуваат во програмските приоритети, да ги разгледаат можностите за вклучување во програмата Исток-Исток: Прекугранични партнерства.

Исток-Исток е мрежна програма на Институтот Отворено општество од Њујорк за поддршка на прекугранични партнерства што овозможуваат поврзување на луѓето и пренесување идеи надвор од националните граници, при што се зацврстуваат условите за градење на граѓанското општество преку границите.

Програмата ќе поддржи отворен дијалог и неутрален простор за различностите на погледите и мислењата. Иницијативите поддржани со оваа програма треба да откријат и инспирираат нови визии, енергија и креативност во градењето отворени општества меѓу најмалку две држави.

Програмата ги има следните цели:

- поддржува партнерства за општествена иновација преку идеи, информации и знаење и практични акции базирани врз вмрежување на знаењето;
- ја консолидира работата на критичната маса луѓе за промоција на отвореното општество како трансдржавна алатка за застапување, влијание и позитивна промена и политички дијалог во врска со прашања поврзани со мисијата на Институтот отворено општество - Њујорк.

Програмата е насочена кон современите глобални предизвици во кои се вклучени зацврстувањето на граѓанското општество, маргинализираните делови од општеството, мултикултурализмот и социјалното влијание врз економските и политичките промени, но не е ограничена само на нив.

Повеќе за програмата:

Критериуми, пријавување и одлучување >>>, (.пдф, 126 КБ)

Формулар за пријавување (структура на проект) >>>, (пдф, 23 КБ)

Иницијативи >>>, (.пдф, 200 КБ)

Координатори на програмата >>>, (.пдф, 14 КБ)

Подпрограма за ЕУ интеграција, (.pdf, 115 KБ)
По повикот на ЕБРД
Коментари на Стратегијата на ЕБРД за Македонија за 2004-та



Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во соработка со два тинк-танка од Скопје - Центарот за економски анализи и Центарот за истражување и креирање политики, се одѕваа на поканата на Европската банка за истражување и развој - ЕБРД за коментари на Стратегијата на ЕБРД за Република Македонија за 2004 година.

Коментарите на ФИООМ и двата тинк-танка можат да се преземат на следните линкови

Резиме на Коментарите на Стратегијата на ЕБРД за Република Македонија за 2004 година, (,пдф, 87 КБ)

Коментари - Центарот за економски анализи, (.пдф, 36 КБ)

Коментари - Центарот за истражување и креирање политики , (.пдф, 28 КБ)
Саем Живо наследство


На 10 јуни, на улицата „Македонија“, во близина на споменикот на Мајка Тереза ќе се одржи вториот Саем Живо наследство. Ќе се претстават повеќето проекти спроведени преку програмата Живо наследство на ФИООМ, која поддржува развој на заедниците преку локалното културно наследство.

Саемот го организира Центарот за современа уметност од Скопје, со финансиска поддршка од ФИООМ. Спонзор на настанот е општината Центар.
АГТИС
Месец на златните рипки



Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка - АГТИС од Прилеп на 30 мај 2006 во НВО Инфо центарот во Скопје ја промовираше книгата „Предизборен месец на златните рипки“, чие издавање е финансиски поддржано од ФИООМ, во рамките на истоимениот проект. Книгата, како што на изјавија двете промоторки, д-р Наташа Габер-Дамјановска и д-р Анета Јовеска, има сериозен и несериозен дел, а говори за предизборните кампањи, популизмот, демагогијата, политичката култура и други релевантни теми.

Книгата има македонско, албанско и англиско издание. Во рамките на проектот се спроведе кампања насочена кон репрезентативни целни групи, анкета со граѓани, сондажа на партиска ориентација и приоритети. Сето тоа може да се најде на веб-сајтот www.stisnizelba.com.mk кој можат да се најдат и карикатури - брендови против популизам.
Центарот за поддршка на НВО Велес
Претседателот Бранко Црвенковски во посета



Претседателот на Република Македонија, г. Бранко Црвенковски, во рамките на работната посета на Велес на 29 мај 2006 година, го посети и Центарот за поддршка на НВО Велес. Таму, претседателот се сретна со претставници на 17 невладини организации од Велес. На средбата присуствуваа и градоначалникот на Велес, г. Аце Коцевски, претседателката на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите при Советот на Општина Велес г-ѓа Стојна Трајкова и г-ѓа Весна Џајкова, членка на Советот на општина Велес.

Претседателот беше запознат со работата на Центарот, како и со активностите на невладините организации и со нивната соработка со локалната самоуправа. Претседателот Црвенковски го поздрави добро организираниот невладин сектор во Велес, потенцирајќи дека новата законска регулатива го поттикнува донаторството на бизнис-секторот во невладиниот сектор. Тој исто така, упати апел до НВО секторот за промоција и придонес во организирањето и спроведувањето фер и демократски избори.
Проект „Креативна настава и учење“
Семинар за модернизација на образованието и обуката за наставници



Од 31 мај до 3 јуни 2006 година во хотелот „Метропол“ во Охрид ќе се одржи семинар за унапредување на студиските програми нa Педагошките факултети во Скопје, Штип и Битола, наменет за наставничкиот и менаџерски кадар од на овие факултети.

Учесниците на семинарот ќе имаат можност да се запознаат со Рамката за квалификации во високото образование и образованието за наставници, Плановите на Комисијата на ЕУ за образованието за наставници, Трендови во образованието на наставници во земјите од ЈИЕ, како и со Студијата на случај од Педагошкиот факултет во Љубљана. Во рамките на работилницата е предвидено учесниците да ги дефинираат компетенциите и очекуваните резултати од учењето на високообразовните институции во Македонија, како и да се обучат за изготвување нови курикулуми за своите факултети според стандардите на Болоњскиот процес и ЕКТС. Предавач на работилницата е професорот Павел Згага од Универзитетот во Љубљана, Република Словенија.
Конференција
Едукација за јавното здравство



Од 18 до 21 мај 2006 година во Охрид ќе се одржи Регионална конференција за развојот на јавното здравство во регионот на Југоисточна Европа. На конференцијата учествуваат професори од областа на јавното здравство од Албанија, Бугарија, Германија, Израел, Македонија, Романија, Словенија и Србија и Црна Гора.

Целта на конференцијата е да го процени напредокот на пост-дипломските студии за јавно здравство во регионот, нивото на соработка помеѓу формалното образование од оваа област и школите за јавно здравство, како и перспективите за дипломците од овие школи да бидат прифатени како лидери, застапници, менаџери или аналитичари во оваа област во регионот. Конференцијата ја организира Медицинскиот факултет во Скопје, со финансиска поддршка од ФИООМ. На Конференцијата ќе биде промовиран Толковникот за јавно здравство, во издание на ФИООМ и Медицинскиот факултет од Скопје.
Завршна конференција
Трансакционите трошоци во македонската економија



На 26 мај 2006 (петок) во Клубот на Пратеници во Скопје со почеток во 9 часот, ФИООМ ја организира завршната Конференција на проектот „Откривање и мерење на трансакционите трошоци во македонската економија“. Воведни излагања на оваа конференција ќе имаат Извршниот директор на ФИООМ Владимир Милчин и Министерот за економија, м-р Фатмир Бесими. Презентации ќе имаат проф. д-р Љубомир Кекеновски од Економскиот факултет - Скопје, доц. д-р Ванчо Узунов од Правниот Факултет - Скопје, м-р Марјан Николов од Центарот за економски анализи и д-р Raymond Saner од Центарот за социо–економски развој во Женева, Швајцарија.

Целта на конференцијата е да се презентираат искуствата и препораките кои се резултат на целиот процес кој се одвиваше во текот на 2005 година, и да се сврти вниманието кон скриените трошоци кои ги креираат несоодветните политики и недоволно функционалните институции.

Програмата на Конференцијата може да се преземе тука>>> (.пдф, 140КБ)

Подетално за проектот „Откривање и мерење на трансакционите трошоци македонската економија“ преземете тука >>> (.zip, 1 MБ)
Промоција
Збирка на закони за Антикорупцијата



На 18 мај 2006 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, сала Милениум 2, ќе се одржи промоција на книгата Збирка на закони за Антикорупцијата.

Книгата е дел од проектот Кампања за едукација на јавниот сектор, чија цел е да ги унапреди знаењата и да ја подигне свеста на вработените во јавниот сектор и корисниците на нивните услуги за причините и последиците на корупцијата. Проектот беше спроведен од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија а финансиски поддржан од ФИООМ и Меѓународната организација за миграција.

Книгата претставува обид на систематизиран начин да се претстават и објаснат законите што државните службеници ги обврзуваат на законитост, професионалност, интегритет, ефикасност и лојалност при вршење на нивните службени должности.

Автори на книгата се Проф. д-р Миодраг Лабовиќ, Проф. д-р Никола Тупанчевски и Проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска.

Поканата може да ја преземете тука
ФИООМ и СИНТЕФ
Презентација на проектот Претприемачки сервис за млади



По повод Европскиот ден на претприемачот 09.05.2006 на Скопскиот саем беше организиран дводневен Саем за претприемништво. Фондацијата Претприемачки сервис за млади основана од ФИООМ и СИНТЕФ учествуваше на саемот со штанд и презентација на своите активности. Подетално за активностите на проектот Претприемачки сервис за млади посетете го веб-сајтот www.yesincubator.org.mk. Презентацијата на проектот Претприемачки сервис за млади, што беше претставена на Саемот, можете да ја погледнете на следниот линк (.pdf, 2,2MБ).
Собрание на Република Македонија
Усвоена Националната програма за развој на образованието



На својата 129 седница, одржана на 18 април 2006 година, Собранието на Република Македонија ги усвои Националната програма за развој на образованието 2005-2015 и придружните програмски документи. Усвоени се програмите за: развој на предучилишното образование; развој на основното образование; развој на средното и на постсредното образование; развој на високото образование; развој на ИКТ во образованието; професионален развој на училишниот кадар; развој на институционалната поддршка на реформите во образованието; обезбедување и контрола на квалитетот во образованието; и Европско јазично портфолио.

Во процесот на изготвување на Националната програма и придружните документи учествуваа седумдесетина независни експерти и претставници од Министерството за образование и наука. Финалната верзија беше обликувана во рамките на повеќемесечна јавна расправа во која учествуваа релевантни субјекти од областа на образованието, како и сите заинтересирани македонски граѓани.

Проектот за креирање Национална програма за развој на образованието во Република Македонија беше финансиски поддржан од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.
Нова можност за културна соработка
„Сржта на проблемот“



Како резултат од конференцијата „Сржта на проблемот: Каква е иднината на Балканот во ЕУ“ организирана на први декември 2005 година во Хаг, Европската културна фондација, ХИВОС, и Институтот отворено општество лансираат нова финансиска линија за Балканот. Преку неа ќе се поддржат активностите насочени кон забрзување на процесот на евроинтеграција преку културата.

Програмата е тригодишна (2006-2008). Грантовите ќе им бидат доделувани на невладини организации од областа на културата. Посебно се охрабруваат крос-културни проекти со кои ќе се поврзуваат заедниците од регионот. Првиот рок за поднесување проектни апликации е први јули годинава.

Преземете го повикот (.пдф, 37 МБ)
На Саемот за образование и кариера
Учество на два проекти на ФИООМ



Во рамките на саемската манифестација за образование и кариера што се одржува на скопскиот Саем (4-9 април 2006), проектот СЕА финансиран од УСАИД организира саем на средни училишта (во халите 3 и 4), на кој учествуваат два проекти на ФИООМ – Креативна настава и учење и Програма за образование на Роми. Во петок (7 април) во 11.00 часот во административната зграда на Саемот ќе се одржи презентација на Програмата за образование на Роми (со претставување на резултатите од евалуација на средношколската компонента).

Покрај презентација на штандови, на саемот се одржуваат и натпревари, ревии и други настани врзани за проектите кои се реализираат во средните училишта.
Во Метаморфозис
Обука за користење компјутери за средношколци Роми



На 3 април 2006 година во просториите на Фондацијата Метаморфозис започна обука за средношколци Роми. Ќе бидат обучени 19 посетители за користење компјутери. Посетителите ќе ги научат основите на електронска обработка на податоци и употреба на оперативниот систем Windows XP, основните апликации од канцеларискиот пакет MS Office, односно Word, Excel и PowerPoint, како и основите на интернет.

Обуката се одржува во рамките на Програмата за образование на Ромите на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
Совет на Европа и Министерство за труд и социјална политика
Мониторинг на акциските планови за Ромската декада



Во организација на Советот на Европа и на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, на 30 и 31 март 2006 година во Скопје се одржа тренинг за мониторинг на имплементацијата на оперативните акциски планови за спроведување на Ромската декада.

Тренингот, на кој учествуваше и еден претставник од ФИООМ, е поддржан од Советот на Европа и Европската комисија, во рамките на заедничкиот проект „Еднакви права и третман на Ромите“. На тренингот, воведно излагање имаше г-ѓа Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика, а за самиот проект и неговите цели говореа г-ѓа Елени Цецеку и г. Алан Филипс од Советот на Европа. Учесниците беа запознати со кампањите за подигање на јавната свест што ги има организирано Советот на Европа, а особено со искуството на Шпанија и добрите практики од медиумското претставување на Ромите.
Експертска расправа
Предлог-закон за прекршоци и Предлог-закон за управни спорови



На 31 март 2006 година во Скопје се одржа експертска расправа по Предлог-законот за прекршоци и Предлог-законот за управни спорови.

Експертската расправа ја организираа Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Министерството за правда на Република Македонија, во рамки на заложбите за приближување на македонското кон европското законодавство. Во воведното обраќање, министерката за правда, г-ѓа Мери Младеновска – Ѓорѓиевска истакна дека е убедена дека предлозите, сугестиите и коментарите ќе придонесат за подобрување на решенијата, а со тоа ќе се операционализираат заложбите за независно и ефикасно судство кое претставува основен столб на секое демократско општество. Осврт по законите дадоа д-р Владо Камбовски и д-р Ана Павловска-Данева, од Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје. Во дискусијата се истакна потребата од ревизија на законите што содржат одредби за прекршоци во конкретните области.

Во Предлог-законот за прекршоци е предложена глобата како главна санкција (полиберален пристап кон полесните форми казниви дела), укинување на казната затвор и на мерките на безбедност кои се трансформираат во прекршочни санкции, како и системот на алтернативно казнување. Значајни новини се и востановување на прекршочни санкции на правни лица, што претставува спроведување на меѓународните акт, мерки за забрзување на прекршочната постапка и законското уредување на уставната одредба според која за одделни прекршоци прекршочна постапка може да води орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања.

Новини кои се дискутираа од Законот за управни спорови (усогласени со амандманите ХХ-ХХХ на Уставот) се: востановување Управен суд за заштита на законитоста на управните акти, проширување на предметот на управните спорови, задолжително судење во полна јурисдикција и јавност на расправите пред Управниот суд. Присутните предложија лицата кои можат да бидат избрани за судии покрај наведените квалификации задолжително да бидат дипломирани правници со положен правосуден испит (во однос на член 21 од предлог Законот).
Трибини
Македонија и евроинтеграцијата



Во Велес, Штип, Прилеп и Кичево, во организација на центрите за поддршка на НВО, се одржаа серија трибини на тема Процесот на придружување на Република Македонија кон Европската унија и перспективите. На трибината во Прилеп учествуваа потпретседателката на Владата, г-ѓа Радмила Шеќеринска и амбасадорот на ЕУ, г. Ерван Фуере.

Трибините ги спроведуваат ФИООМ и Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија. На трибините, граѓаните можат да разговараат со претставници од Секторот за европска интеграција за теми поврзани со придружувањето на Македонија кон ЕУ. Трибините се дел од кампањата „Европа сега“ на ФИООМ. Во текот на април и мај ќе се организираат уште девет, од страна на осумте центри за поддршка на НВО во Гевгелија, Дебар, Делчево, Кратово, Неготино, Ресен, Струга и Струмица и од Младинскиот културен центар во Битола.
Во центрите за поддршка на НВО
Трибини за евроинтеграцијата



Во текот на март, април и мај 2006 година, ФИООМ преку преку мрежата од 12 Центри за поддршка на НВО и Младински Културен Центар Битола, а во соработка со Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија ќе организира серија јавни трибини на тема “Процесот на придружување на Република Македонија кон Европската Унија и перспективи”. Овие јавни настани се дел од кампањата “Европа сега” на ФИООМ.

Воведничари ќе бидат претставници од Секретаријатот за европски прашања, кои ќе зборуваат за тековните и идните активности кои ја очекуваат Македонија на патот кон ЕУ. На настаните ќе бидат поканети претставници на локалните самоуправи, локалните невладини организации, бизнис секторот, медиумите и заинтересирани граѓани, кои ќе имаат можност да разговараат за темите со соодветните експерти. На некои од настаните е најавено и учество на амбасадорот на ЕУ, г. Ерван Фуере.

Распоред на јавните трибини за март >>> (.пдф, 120 КБ)
Министерство за образование и наука и ФИООМ
Презентација на Националната програма за развој на образованието



На десетти март 2006 година Министерството за образование и наука, во соработка со ФИООМ организираше прес-конференција, на којашто беа презентирани документите што претходниот ден ги усвои Владата на Република Македонија: Националната програма за развој на образованието во РМ и придружните програми за развој на предучилишното, основното, средното и постсредното и високото образование; како и програмите за развој на ИКТ во образованието, за професионален развој на училишниот кадар, за развој на институционалната поддршка на реформите во образованието, за обезбедување и контрола на квалитетот во образованието; и Европското јазично портфолио.

Министерот за образование и наука, д-р Азис Положани, и извршниот директор на ФИООМ, г. Владимир Милчин, говореа за значењето на овие програмски документи. Куса презентација на мисијата на Националната програма и придружните програмски документи одржа заменик-министерот за образование и наука и претседавач со Националната експертска група, проф. д-р Тале Герамитчиоски, особено осврнувајќи се на клучните подрачја на имплементација на предвидените реформи.
Истражување
Потребите на граѓаните за информирање на локално ниво



Фондацијата Институт отворено општество - Македонија на 10.03.2006 година ги презентираше резултатите од истражувањето „Потребите на граѓаните за информирање на локално ниво“ во градовите: Дебар, Крива Паланка, Македонски Брод, Демир Хисар, Берово, Крушево, Делчево, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Ресен, Валандово, Свети Николе и Неготино. Истражувањето го спроведе канцеларијата на БРИМА ГАЛУП, во декември 2005 година.

Основната идеја на ова истражување е да се идентификуваат начините преку кои граѓаните ги добиваат информациите специфични за нивните локални заедници; да се идентификуваат видовите, квантитетот, квалитетот и редовноста на информациите кои граѓаните ги добиваат во локалните заедници; да се направи проценка на интересот на локалното население за видовите информации од локален карактер и за медиумите преку кои тие би сакале да ги добиваат информациите; како и да се направи проценка за способноста на локалните заедници финансиски да ги поддржат локалните медиуми.

Истражувањето на потребите од локални медиуми на локално ниво, финансиски го поддржаа ФИООМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Правна програма
Проект: Имплементација на слободниот пристап до информации од јавен карактер на локално ниво



На 27 и 28 февруари 2006 година, во Охрид, во хотел Горица се одржа третата обука за избраните 13 набљудувачи, на тема: „Набљудување на имплементацијата на слободниот пристап до информациите од јавен карактер на локално ниво“. Предавачи на обуката беа: Helen Darbishire, експерт за правото на слободен пристап до информации, Accesses Info Europe и Thomas Patrick Carson, експерт за подготовка на методологија за набљудување на имплементација на слободниот пристап, надворешен соработник на Отворено општество Иницијатива за правда, Будимпешта. Набљудувачите се од невладините организации: Коалиција „Сите за правично судење“, Скопје; Европски форум, Гевгелија; Кхам, Делчево; Организација на жени, Пехчево; Продолжен живот, Струмица; ГИЦ Спректар, Штип; Мрежа 7, Штип; Асоцијација за демократски вредности, Велес; ОРТ, Прилеп и Кичево; Толерантна младина, Дебар; Форум за правата на Ромите, Куманово; Изгрејсонце, Свети Николе и Про медиа, Скопје.

Како продолжение на оваа обука, на 1 и 2 март 2006, во Фондацијата Метаморфозис, се одржа обука за анализа на извештаите од набљудувањето, на која учествуваа претставници од ФИООМ, Фондацијата Метаморфозис и НВО Про медиа. Фондацијата Метаморфозис учествува во проектот преку изготвување на он-лајн канцеларија за помош за слободен пристап до информации.
Претседателот Бранко Црвенковски го посети Центарот за поддршка на НВО Струмица


На 07.03.2006 година претседателот Бранко Црвенковски како дел од посетата на Струмица, го посети и Центарот за поддршка на НВО Струмица и оствари средба со претставници на десет невладини организации од Струмица.

На оваа средба претставниците на локалните невладини организации од Струмица имаа можност да ги презентираат своите активности, како и да побараат совет и помош за одредени нивни активности од страна на Претседателот.

Претседателот на РМ беше посебно заинтересиран за работењето на здружението на фармери Фризер 99, како и здружението Избор кое работи на советување, лекување и ресоцијализација на зависници од дрога.

Црвенковски ги информираше невладините организации за идејата да организира национална средба на невладини организации од цела Македонија, на која би учествувале околу 60 невладини организации, а темата би била успешноста на претстојните парламентарни избори. Исто така тој ја посочи и важноста на овие избори за иднината на Република Македонија.

Средбата траеше околу еден час, а по завршувањето на средбата новинарите го искористија присуството на Претседателот да му постават прашања на најразлични теми.

Покрај претседателот Црвенковски на средбата со НВОите присуствуваа и градоначалникот на Струмица, г. Зоран Заев, заменичката-министерка за локална самоуправа г-ѓа Тања Алтанџиева, пратениците г. Драган Георгиев и г-ѓа Цветанка Иванова, претседавачот на Советот на општина Струмица, г. Зоран Ристов и советникот во општина Струмица г. Огнен Андоновски.
Истражување
Програмски потреби на публиката на електронските медиуми



Во организација на Центарот за развој на медиуми на 27 февруари 2006 година во Скопје беше одржана јавна презентација на резултатите од истражувањето „Програмски потреби на публиката на електронските медиуми во Република Македонија“, кое го изврши Институтот за социолошки - политичко правни истражувања од Скопје. Истражувањето го презентираа проф. д-р Емилија Симовска, проф. д-р Анета Јовевска и м-р Климе Бабунски.
Истражувањето е финансирано од Германска ИФА - Институт за надворешни работи и ФИООМ.

Oва истражување е едно од трите кои се спроведуваат во првата подготвителна фаза од проектот „Национална Стратегија за развој на радиодифузијата“ (првото истражување беше презентирано во декември 2005 година и може да се најде на веб-сајтот на ФИООМ). Резултатите од овие истражувања треба да послужат како основа при подготовка на Стратегијата која треба да биде изгласана од Парламентот. Првата фаза од проектот е финансиран од ОБСЕ, Германска ИФА, ФИООМ и Мрежната програма за медиуми, Будимпешта.

До PowerPoint презентацијата на резултатите, (.ппт, 73КБ).
Нов проект за младинските НВО
Младите во акција



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Канцеларијата на Светската банка во Скопје на 28 февруари 2006 година во НВО Инфоцентарот одржаа конференција за печат, проследена со потпишување договор за соработка за спроведување на проектот Младите во акција: финансиска и техничка помош за младинските НВО за проекти ориентирани кон заедницата.

Г-ѓа Сандра Блуменкамп, раководител на канцеларијата на Светската банка во Македонија и г. Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ, зборуваа за целите на проектот и за остварената соработка, во која се вклучува и Балканскиот труст за демократија. Г-ѓа Славица Инџевска, директор за здружени програми на ФИООМ ги претстави активностите што ќе се спроведуваат наредните две години.

Општа цел на проектот е да го поттикне активното учеството на младите и нивната соработка со локалните заедници за конкретни активности за прашањата што ги засегаат младите. Специфични цели на проектот се застапување за донесување Национална стратегија за млади и младински политики¸ поттикнување на учеството на младите во донесувањето одлуки и креирањето политики на локално ниво¸ како и на соработката меѓу младинските НВО, локалните власти и другите субјекти¸ зајакнување на капацитетите на младинските НВО и поттикнување на младите да се фокусираат на практични акции, ориентирани кон конкретни резултати. Проектот оперативно ќе го спроведува ФИООМ, а во финансирањето (вкупен буџет 144.325 УСД) учествуваат Светска банка, Балканскиот труст за демократија (со средства од СИДА) и ФИООМ.
Во просториите на ФИООМ
Предлози и заклучоци од средбата за предлог законот за донации и за спонзорства во јавните дејности



На работниот состанок организиран по повод работната верзија на предлог Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, што се одржа на 16.02.2006 (четврток) во просториите на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, со претставници на Невладиниот сектор, претсtавници на Фондацијата Мобимак за Македонија, Фондацијата Борис Трајковски, Организацијата на потрошувачи на РМ, претставник на Европскиот центар за непрофитно право во Будимпешта, ОБСЕ и ФИООМ, се донесоа предлози и заклучоци кои можете да ги преземете на следниот линк:

Предлози и заклучоци од дискусиите во врска со текстот на работната верзија на предлог законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, (.пдф, 110 КБ)
УСАИД
Изложба на фотографии



Американската агенција за меѓународен развој –УСАИД организира Прва патувачка изложба на фотографии од проектите што се спроведуваат со нејзина поддршка. Изложбата ќе се отвори на 22 февруари 2006 во 19 часот, во Мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје (улица „Железничка“, бр. 18).

На изложбата се претставени и неколку фотографии од Програмата за образование на Роми и Програмата Креативна настава и учење на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, а една од нив е приложена со овој текст.
Во просториите на ФИООМ
Работен состанок по повод работната верзија на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, по повод работната верзија на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, организира работен состанок со претставници на невладините организации, Граѓанската платформа, Фондацијата Мобимак, Фондацијата Борис Трајковски, Организацијата на Потрошувачи, Министерството за финансии, претставници на ОБСЕ, ГТЗ, УСАИД итн. Целта на средбата е да се дискутираат и коментираат решенијата на работната верзија на законот со цел да се донесат предлози кои ќе бидат доставени до предлагачите за изнаоѓање поефикасни решенија.

Имено овој закон е предложен од група пратеници а треба да се најде на седница на Собранието на 22 февруари 2006 година. Неговото донесување се очекува да се случи кон средината на месец март. Ставот на Фондацијата е дека овој закон пред се треба да се донесе во редовна, а не во скратена постапка (како што се претендира) и дека треба да се направи сеопфатна анализа на потребите и состојбите во Републиката и врз база на тоа да се донесат адекватни решенија.

Состанокот ќе се одржи на 16.02.2006 година (четврток) со почеток во 15:00 часот во просториите на Фондацијата.
ФИООМ и Министерство за правда
Јавна расправа за Законот за здруженија на граѓани и фондации



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Министерството за правда на Република Македонија, организира јавна расправа по повод предлогот за донесување Закон за изменување и дополнувања на Законот за здруженијата на граѓани и фондациите. Целта на јавната расправа е да се дискутираат и коментираат предлог измените на законот, а во насока на негово подобрување пред да биде доставен до Владата на Република Македонија.

Јавната расправа ќе се одржи на 13 февруари 2006 година (понеделник) со почеток од 11:00 до 15:30 часот во Хотелот Холидеј Ин во салата Скала. Воведничари на настанот ќе бидат г-ѓа Загорка Тноковска, раководител на сектор за државна управа и изборен систем и управни надлежности во Министерство за правда на РМ и проф. д-р Борче Давитковски, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје. Листата на поканети и предлогот на измените на законот можете да ги најдете на следните линкови.

Листата на поканети (.пдф, 137 КБ)

Предлог на измените на Законот (.пдф, 167 КБ)
Експертска расправа
Предлог Закон за прекршоци и предлог Закон за управни спорови



На 31 март 2006 година (петок) со почеток од 11:00 часот во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 1) ќе се одржи експертска расправа по предлог Законот за прекршоци и предлог Законот за управни спорови. Експертската расправа ја организира ФИООМ во соработка со Министерството за правда на Република Македонија.

Воведничари ќе бидат д-р Владо Камбовски, професор на Правен факултет „Јустинијан први“ во Скопје; д-р Ана Павловска Данева, доцент на Правен факултет „Јустинијан први“ во Скопје; Рахилка Стојковска, раководител на сектор за правосудство, Министерство за правда на РМ и Цветан Ангелески, раководител на сектор во државен управен инспекторат, Министерство за правда на РМ. Во воведниот дел обраќање ќе има и министерката за правда, г-ѓа Мери Младеновска – Ѓорѓиевска.

Целта на расправата е да се дискутираат и коментираат двата предлог закони, во насока на подобрување на нивната содржина, во рамки на заложбите за приближување на македонското кон европското законодавство.

Предлог-закон за управни спорови (.пдф, 280 КБ)

Предлог-закон за прекршоци (.пдф, 490 КБ)

Програма за работа (.пдф, 95 КБ)

Листа на учесници (.пдф, 112 КБ)
Со поддршка на ФИООМ
Ново издание на Уставот со амандманите



Министерството за Правда, со поддршка на ФИООМ, го објави новото издание на Уставот на Република Македонија. Во изданието се содржани сите досегашни амандмани на Уставот: од 1992, 1998, 2001, вклучувајќи ги и најновите, од 2005 година.
Обука за кадарот од Педагошките факултети во Македонија
Дизајнирање курикулуми во согласност со Болоњскиот процес



Група од 50 професори, асистенти, декани и продекани од трите Педагошки факултети во Македонија (Скопје, Штип и Битола) учествуваа на тридневна работилница (29 јануари – 1 февруари 2006 година) во Охрид. Целта на работилницата беше подобро да го разберат Болоњскиот процес, да научат да ги дизајнираат своите курикулуми за профилот што го „произведуваат“ при што треба да ги имаат во предвид компетенциите што треба да ги има идниот наставник во Македонија. Предавач на работилницата беше г. Волкер Гемлих, реномиран професор кој учествувал во креирањето на Болоњскиот процес и е советник за воведување на европскиот кредит-трансфер систем во повеќе европски и други држави.

Работилницата е една од активностите на проектот „Креативна настава и учење“ на Фондацијата институт отворено општество – Македонија, спроведуван со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).
Петиција
Навремено донесување современ Закон за слободен пристап до информации



Невладините организации ARTICLE 19, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, ПРО МЕДИА и Транспарентност Македонија упатија отворено писмо до Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Собранието на Република Македонија и Претседателот на Владата на Република Македонија, во кое изразуваат загриженоста поради слабостите во последниот предлог на македонскиот Закон за слободен пристап до информации, како и околу непостоењето вистински напредок во насока на неговото донесување.

Во писмото, кое е поддржано од 126 здруженија на граѓани од Македонија, се апелира на навременото донесување на Законот за слободен пристап до информации што ги зема предвид препораките на ARTICLE 19, Глобална кампања за слобода на изразувањето, и е конзистентен со меѓународните стандарди.

До писмото (.пдф, 1.3МБ)

До документот Коментари на нацртот на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на Македонија (.пдф, 1,25 МБ)
Покана за конференција за печат
Младите во акција: финансиска и техничка помош за младинските НВО за проекти ориентирани кон заедницата



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Канцеларијата на Светската банка во Скопје имаат задоволство да Ве поканат na конференција за печат на која ќе биде промовиран проектот Младите во акција: финансиска и техничка помош за младинските НВО за проекти ориентирани кон заедницата.

Конференцијата ќе се одржи на 28 февруари 2006 година, со почеток во 10 часот, во просториите на НВО Инфоцентарот во Скопје (Градски ѕид, блок 8, спроти Зелениот пазар).

На конференцијата за печат ќе зборуваат г-ѓа Сандра Блуменкамп, раководител на канцеларијата на Светската банка во Македонија и г-ѓа Славица Инџевска, директор за здружени програми на ФИООМ и г. Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ.

Проектот е кофинансиран од страна на Канцеларијата на Светска банка во Скопје, Балканскиот труст за демократија и од ФИООМ. ФИООМ ќе го реализира во периодот 2006-2007 година.

За подетални информации
Маријана Иванова
Координатор за односи со јавноста, ФИООМ
02/2444-488, лок. 127
070/709-289
mivanova@soros.org.mk

Скопје, 24.02.2006
Проект „Креативна настава и учење“
Зимски камп



Од 15 до 18 јануари 2006 во Охрид, 76 средношколци со различно етничко потекло ќе имаат можност да учествуваат на зимски камп организиран како дел од проектот „Креативна настава и учење“.

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија го организира кампот во соработка со еден од своите проектни партнери, Младинскиот образовен форум, за средношколците кои во текот на учебната година биле дел од програмите „Дебата“ и „Учиме право“. Преку интерактивни работилници кои опфаќаат тимска работа, општи дискусии, симулации и игри, тие ќе стекнат знаењa за постапката на донесување закон и исто така да креираат предлог за донесување на закон, за текот на кривичната постапка преку симулација на судење, за елементите на дебата, како се подготвуваат аргументи во дебата и ќе добијат зголемен капацитет за критичко размислување.
 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions