Настани и новости
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Организациска поставеност
За Џорџ Сорос
Мисија на ФОО
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

За Фондацијата

За Џорџ Сорос

Џорџ Сорос е роден во Будимпешта, Унгарија, во 1930 година. Во 1947 година емигрирал во Англија каде што ги завршил студиите на Лондонската школа за економија (London School of Economics) и се запознал со делото на филозофот Карл Попер. Во 1956 година Сорос се преселил во САД каде што го основал Меѓународниот инвестициски фонд – Групата Квантум (Quantum Group).

Во 1979 година Сорос ја основал својата прва фондација – Фондот отворено општество во Њујорк, додека првата источноевропска фондација ја основал во 1984 година во Будимпешта. Денес ја финансира мрежата фондации кои функционираат во 31 земја во Средна Европа и Источна Европа, поранешниот Советски Сојуз, Централна Азија, како и во Јужна Африка, Хаити, Гватемала и во САД. Овие фондации имаат цел да ги градат и да ги одржуваат инфраструктурата и институциите на отвореното општество.

Освен големиот број објавени написи за политичките и економските промени во Источна Европа и во Советскиот Сојуз, Сорос е автор и на неколку книги: The Alchemy of Finance (1987 година), Opening the Soviet System (1990 година), Underwriting Democracy (1991 година), Soros on Soros: Staying Ahead of the Curve (1995 година), The Crisis of Global Capitalism (1998 година), The Bubble of American Supremacy (2004 година), и најновата, The Age of Fallibility (2006 година).

Како признание за неговите напори насочени кон промоцијата на отворените општества ширум светот, Сорос е прогласен за почесен доктор на универзитетите Јејл и Оксфорд, на Новата школа за социјални истражувања и на Економскиот универзитет во Будимпешта. Џорџ Сорос е добитник на Laurea Honoris Causa, највисоката почесна титула на Универзитетот во Болоња, Италија.

 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions