Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

Архива 2004

Архива на настани и новости 2004
Обуки за Ромки-претприемачи


Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Католичките служби за помош - проект Хоризонти, во рамки на проектот “Поддршка на Ромки – претприемачи”, на 15 и 16 декември 2004, во Детскиот театарски центар, организираше дводнева обука на тема “Вовед во бизнис”. Имено, целта на проектот е подобрување на социо-економскиот статус на ромите како и зголемување на можностите за самовработување.

На обуките учествуваа неколку жени ромки претприемачи кои имаа можност да се запознаат со основите на деловното работење, вовед во истражување на пазарот, принципите на паричен тек и калкулација на трошоци, како и правната регулатива за основање на трговски друштва, правата и обврските кои произлегуваат од регистрацијата и работниот однос, договори и договорни обврски. Обуките се дел од активностите што се спроведуваат во рамки на проектот а кои ќе продолжат и во текот на 2005 година.
Резултати од конкурс
Резултати од конкурсот Дигитални клубови



Во врска со конкурсот за формирање дигитални клубови низ Македонија кој беше објавен во текот на септември оваа година, по препорака на Советодавното тело на Метаморфозис, од вкупно 39 пријавени проекти, Управниот одбор на ФИООМ одобри 9, и тоа:

1. Еколошка групација „Грин Пауер“ – Велес: Дигитален клуб во Богомила

2. Здружение „Македонско сонце“ - Брвеница: Дигитален клуб во Брвеница

3. ОЖ „Роза“ – Ранковце: Дигитален клуб во Ранковце

4. Етнолошки образовен истражувачки центар „Растеш“ – Скопје: Дигитален клуб во Самоков

5. „МБ-КОММЕРЦ 2“ Д.О.О. Експорт-импорт - Камењане: Дигитален клуб во Камењане

6. Центар за поддршка на едукација „Врама си“ – Куманово: Дигитален клуб Перо Чичо

7. Здружение на производители на раноградинарски производи – „Јужна градина“ - Негорци: Дигитален клуб Негорци

8. „Здружение за развој на алтернативен туризам - Љубојно“ - с. Љубојно: Дигитален клуб во Љубојно

9. НВО „Футуре“ - Гостивар: Дигитален клуб во Дебреше

Oдговорните лица од организациите чиишто проекти се одобрени се молат да дојдат во просториите на Фондацијата Метаморфозис во понеделник, 27 декември 2004, во 13:00 часот за потпишување на договорот. Во спротивно ќе се смета дека се откажале од проектот.
Мрежа „Живо наследство – Македонија“
Прибирање средства за локални проекти



Од 17 до 19 декември, во Крушево 28 членови на мрежата „Живо наследство – Македонија“ проследија обука за прибирање финансиски средства за локални проекти. Повеќе види на: www.zivonasledstvo.org.mk
НВО Инфоцентар
Зошто е потребен НВО секторот?



На 21.12.2004 година, со почеток во 11 часот, НВО Инфоцентарот во своите простории (Градски ѕид, блок 8, Скопје) одржа презентација на провокативна тема – Зошто на Mакедонија и е потребен невладиниот сектор? Зборуваа Владимир Милчин, ФИООМ, Дарко Алексов, Граѓанска асоцијација Мост и Билјана Бејкова, НВО Инфоцентар. Истовремено, беа соопштени и резултатите од мониторингот на медиумското известување од Чевртиот НВО саем. Оваа презентација е дел од активностите со кои НВО Инфоцентарот ја одбележува првата годишнина од своето работење.

Повеќе
Декада на инклузија на Ромите
Координативен состанок на донатори



Во рамки на активностите поврзани со Декадата на инклузија на Ромите, во организација на ФИООМ, на 15.12.2004 беше одржан редовен координативен состанок на донатори. На состанокот беа присутни претставници од УСАИД, ОБСЕ, Европскиот центар за малцински прашања, хуманитарната организација Интерсос, Швајцарската агенција за развој и соработка, Италијанската амбасада и ФИООМ.

Г-ѓа Мабера Камбери од Министерството за труд и социјална политика и г-ѓа Жаклина Дурмиш од НВО „Дендо вас“- Скопје ги информираа донаторите за најновите случувања во врска со Ромскиот образовен фонд и Декадата. На состанокот беа презентирани резултати од прашалникот кој има цел да ги прикаже областите од образованието (според Националниот акционен план за образование на Декадата), во кои работат донаторските организациии во Македонија. Донаторите беа запознати со распределбата на проектите за образование на Роми по области, како и нивната географска распределба.
Правна програма
Промоција на проектот „Имплементација на Законот за слободен пристап до информации на локално ниво“



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на РМ, на 14 декември (вторник) 2004 година со почеток во 09:30 часот, во хотелот Александар Палас (Мезанин сала 2), организираат промоција на проектот „Имплементација на Законот за слободен пристап до информации на локално ниво“, како и на Извештајот од набљудувањето на слободниот пристап на Отворено општество Иницијатива за правда – Будимпешта .

Во промотивниот дел за проектот ќе зборуваат Славица Инџевска, Заменик Извршен директор на ФИООМ и Данче Даниловска, ФИООМ. Претседателот на ЗЕЛС, Горан Ангелов ќе се осврне на потребата од имплементација на Законот за слободен пристап до информации на локално ниво, а Извештајот од набљудувањето на слободниот пристап на Отворено општество Иницијатива за правда – Будимпешта ќе го презентира Климе Бабунски од Про медиа.

Проектот е во рамки на правната програма на ФИООМ, а ќе се спроведува во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија
Информација за медиумите
Прекуграничната соработка како платформа за комуникација и имплементација на политиките на ЕУ



Од 10 до 12 декември 2004 година во хотелот “Континентал” во Скопје се одржува регионална работилница на тема “Прекуграничната соработка како платформа за комуникација и имплементација на политиките на Европската унија”.

Работилницата ја организираат Фондацијата институт отворено општество – Македонија во соработка со Македонскиот центар за европско образование, Институтот за европска политика, Берлин и фондацијата InWENT од Германија.

Предавачи на работилницата се г-динот Кристијан Енгел, претставник на локалната власт од Северна Вестфалија, г-ѓа Урсула Калбфлајш-Котсипер, Институт за европска политика, Берлин, и Клаус Алтхоф, InWENT, како и претставници на пуловите обучувачи за ЕУ од земјите во регионот опфатени со Пактот за стабилност кои ќе имаат улога и на учесници и на слушатели.

За подетални информации:
Фани Каранфилова-Пановска
Програмски директор на ФИООМ
Тел. 02/2444-488, локал 113
fkaranf@soros.org.mk
Програма за култура и уметност
Книгата - предизвик



Во рамките на НВО саемот – 4 форум на граѓанското општество, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, на 3. 12. 2004 во 20 часот, во клубот „Лајф радио“ во Скопје, организираше средба на тема „Книгата - предизвик“ и дружење со Искра Гешоска, директор на здружението „Контрапункт“, Ѓунер Исмаил, директор на списанието „Форум“ и Зоја Бузалковска, режисер. Тие зборуваа за омилена книга што ја прочитале во последно време. „Како да Ве убедам да ја прочитате оваа книга?“ e иницијатива на ФИООМ да ја популаризира културата на читање и да овозможи неформални општествени форми на размена на мислење за релевантни наслови што се однесуваат на современата култура и општество.
Медиуми
Дебата „Има ли говор на омраза во медиумите во Македонија?“



Дебатата "Има ли говор на омраза во медиумите во Македонија?" ќе се одржи на 07.12.2004 година во Скопје во хотелот "Холидеј ин" со почеток во 11 часот, а под покровителство на Програмата за медиуми при ФИОО-Македонија и во соработка со Здружението на новинарите на Македонија, Советот за радиодифузија и Центарот за развој на медиуми. На дебатата ќе учествуваат гостите/новинари од регионот:
Иван Звонимир Чичак од Загреб, уредник во "Вечерњи лист" и член на Претседателството на Хрватското новинарско друштво-(ХНД)
Озрен Кебо од Сараево уредник и со-основач на магазинот "Старт"
Драгутин Жарковиќ од Белград, уредник на неделникот "Време"

Гостите ќе ги презентираат нивните искуства во врска со појавата на говор на омраза во медиумите во нивните земји во конфликтниот период, како и последиците од таквиот тренд по новинарскиот професионализам, стабилноста на земјата и меѓуетничките односи.

На дебатата ќе бидат презентирани Препораките 97(20) на Комитетот на министри на Советот на Европа за говорот на омразата.

Исто така, на дебатата ќе бидат презентирани анализите за постоење говор на омраза во медиумите во Македонија. Како основа за овие анализи ќе бидат употребени материјалите од мониторингот спроведен пред и за време на референдумот од страна на Советот за радиодифузија за радиодифузните медиуми и материјалите од електронската новинска архива за печатените медиуми.
NVO SAEM 2004
Европската интеграцијата на Република Македонија



НВО САЕМ 2004: Европската интеграцијата на Република Македонија Традиционалниот НВО саем – Форум на граѓанското општество во Македонија годинава се одржува од 3-5 декември, во просторот на скопското Сајмиште. Тема на НВО саемот е Европската интеграцијата на Република Македонија, а фокус земја е Словенија. Организаторите обезбедија и учество на неколку здруженија на граѓани од Словенија. Покрај изложбениот дел, на НВО саемот ќе се одржат и повеќе панелски седници, форумски дискусии, предавања, презентации и социо-културни настани. Паралелно со НВО саемот, во првата саемска хала се одржува и Саем на Медиумите од Македонија. Организатори на НВО саемот се: Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за институционален развој (ЦИРА), со поддршка на Секторот за европска интеграција на Владата на РМ и неколку странски организации и фондации.
Правна програма
Работилници на тема: “Алтернативните мерки куќен затвор и општокорисна работа и нивно извршување во практиката”



Фондацијата Институт отворено општетво – Македонија, во соработка со Управата за извршување на санкциите при Министертсвото за правда, во рамки на проектот Алтернативно казнување, организираше дводневни работилници во периодот од 11 до 16 ноември во Битола. Работилниците беа организирани одделно за подрачјата на трите апелациони судови, на тема “Алтернативните мерки куќен затвор и општокорисна работа и нивно извршување во практиката”.

Предавачи на работилниците беа: проф. д-р Гордана Бужаровска, Правен факултет; проф. д-р Методија Каневчев, Правен факултет; проф. д-р Антон Калмтхот, професор по кривично право на универзитетот Тилбург во Холандија и проф. д-р Клара Керези, Национален институт за криминологија во Унгарија.

На работилниците учествува претставници на сите судови во Република Македонија, Јавните обвинителства, Центри за социјална работа, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика и претставници на Казнено- поправните установи.

На работилниците се дискутираше за практичната примена на алтернативните мерки, проблемите со кои се соочуваат судиите при нивно изрекување и можните решенија. Генерален заклучок беше дека треба да се изврши интервенција во Кривичниот законик, посебно во делот што се однесува на мерката куќен затвор и нивната примена да се одложи на извесно време.

Листа на учесници на работилницата
Втора конференција на тема „Македонија и корупцијата - состојба и предизвици“


Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на 10 ноември 2004 год., во хотел Александар Палас во Скопје со почеток во 09:00 часот, како продолжение од 21 јуни 2002 год., одржа втора конференција на истата тема „Македонија и корупцијата – состојба и предизвици“. При организацијата на конференцијата ФИООМ се водеше од три цели: (1) да се согледа состојбата со корупцијата во Република Македонија; (2) да се претстават различните антикорупциски иницијативи; и (3) да се одредат предизвиците со кои се соочува Македонија во напорите да се бори со корупцијата.

На конференцијата свое излагање имаа: Сузана Картова Кузмановска, Влада на РМ и проф. д-р Никола Тупанчевски на тема Корупцијата во јавниот сектор; проф. д-р Љубомир Кекеновски, г-дин Владимир Наумовски, Директор на Дирекција за спречување на перење пари и г-дин Зоран Јачев, Претседател на Транспарентност Македонија на тема Економски и политички импликации на корупцијата; а за Позицијата и улогата на Комисијата за спречување на корупцијата со примери од праксата, зборуваше г-дин Јован Трпеновски, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Со цел да се придонесе кон поголем успех во понатамошните активности на државните институции, стручната и научната јавност, невладините организации и медиумите на планот на борбата против корупцијата, ФИООМ како резиме на одржаната конференција ќе издаде публикација на македонски и албански јазик. Во публикацијата ќе бидат поместени излагањата на учесниците на конференцијата и дискусиите што се водеа во рамки на конференцијата, заедно со донесените заклучоци и препораки.

Повеќе информации на www.antikorupcija.org.mk и на www.anticorruption.org.mk
Младинска програма
SEEYLI/ Програма на Бирото за образование и култура при Стејт департментот



SEEYLI/ Програма на Бирото за образование и култура при Стејт департментот
Институт отворено општество во соработка со ИДЕА
Правна програма
Проект: Политики за антикорупциски иницијативи



Целта на овој проект беше да се изврши проценка на антикорупциските политики и проекти во регионов и за таа цел во текот на 2004 година се извршија анализи на:
(1) проекти на невладиниот сектор,
(2) владини антикорупциски иницијативи, и
(3) проекти за институционални реформи.
Како резултат на овие анализи излезе публикација која ги обединува искуствата од сите земји-учесници, од авторите Мартин Тисне и Даниел Смилов.

Со цел да се промовира и дистрибуира публикацијата на 20.10.2004, ФИООМ организираше тркалезна маса за невладини организации кои работат во полето на антикорпциските иницијативи, а на која присуствуваше и авторот на публикацијата Даниел Смилов. Сите заинтересирани за подетални информации можат да се обратат на nkorun@soros.org.mk

Електронската верзија на публикацијата можете да ја преземете овде.
Збогум БЈРМ, добро утро МАКЕДОНИЈА


Тркалезна маса на тема: „Крајот на Западен Балкан и шансите на Македонија за влез во ЕУ“


Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Европската иницијатива за стабилност на 3 ноември 2004 година во Скопје, во хотелот Александар Палас (сала: Ресторан 2) со почеток во 11:00 часот, ќе организира тркалезна маса на тема: „Крајот на Западен Балкан и шансите на Македонија за влез во ЕУ“.

На тркалезната маса презентација ќе има г. Гералд Кнаус, Директор на Европската иницијатива за стабилност. Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) е невладин институт кој се занимава со истражувања во функција на креирање политики. ЕСИ е дизајнирана од потребата за независна и детална анализа на комплексните прашања врзани за промовирање стабилност и просперитет во Европа. Основана е во јули 1999 година од страна на мултинационална група на практичари и аналитичари со долгогодишно искуство во земјите на Југоисточна Европа, со седиште во Берлин, Брисел, Истанбул и Сараево. Во текот на нивното петгодишно искуство и работа, ЕСИ направи значително влијание врз меѓународната политика и третманот на регионот на Југоисточна Европа, особено пред самитот на ЕУ во Солун во 2003 година.
Програма „Живо наследство“
Финансирани три нови проекти



До крајот на 2004 година ќе бидат спроведени три нови проекти, за кои ФИООМ и Фондацијата Крал Бодуен доделија грантови преку програмата „Живо наследство“. Во Крушево ќе биде реновиран домот на културата, во населбата Конче во Струмица стариот Момин бунар и неговата околина ќе биде реновиран како јавен простор, а во близина на Ново Село комплетно ќе бидат уредени Мокринските извори. Вкупната финасиска поддршка за овие проекти изнесува $45.000 американски долари. Види повеќе на: www.zivonasledstvo.org.mk
Програма Живо наследство
Прослава во Стење



Месната заедница на село Стење и ФИООМ, во понеделник 25 октомври 2004 година, во село Стење, Преспа, со почеток во 11 часот, организираат манифестација по повод завршувањето на проектот „Стење – природна и културна ризница“, поддржан од програмата „Живо наследство“. Види повеќе за манифестацијата и за проектот на: www.zivonasledstvo.org.mk
Правна програма
Тркалезна маса како дел од проектот “Политики за антикорупциски иницијативи”



Фондацијата институт отворено општество - Македонија во рамки на својата програма за анти-корупциски иницијативи, во 2003-та година го поддржа проектот Политики за Антикорупциски иницијативи, кој се реализира во соработка со Центарот за истражување на политики при Централно-европскиот Универзитет во Будимпешта.

Целта на проектот беше да се изврши проценка на анти-корупциските политики и проекти во четири земји на Југо-источна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија), земајќи во предвид три типа поддржани проекти: (1) проекти на невладиниот сектор (анти-корупциски коалиции, кампањи за зголемување на информираноста); (2) владини анти-корупциски програми (анти-корупциски комисии/канцеларии); и (3) проекти за институционална реформа. Во овој момент анализите се завршени, а како сублимат излезе публикацијата која ги обединува искуствата од сите земји-учесници во проектот, од авторите Мартин Тисне и Даниел Смилов.

По тој повод, ФИООМ организира тркалезна маса, на која ќе бидат презентирани и дискутирани резултатите од направените анализи и публикацијата лично од авторот Даниел Смилов, на 20 октомври 2004 година од 12:00 до 14:00 часот во хотел Александар Палас. Како учесници ќе присуствуваат основачите и дел од членките на Коалицијата “Македонија без корупција”.
Програма за култура и уметност
Малро семинар „Децентрализација во културата“



Во соработка со Министерството за култура и комуникации на Франција и Министерството за култура на РМ, а во рамките на заедничкиот проект за унапредување на културната политика во Македонија, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Францускиот културен центар - Скопје (ФКЦ), на 14 и 15 октомври 2004 година во Скопје организираат семинар „Малро“ на тема: Децентрализација во културата: искуствата на Франција и Македонија. Семинарот го водат тројца француски експерти, а ќе го поздрават министерот за култура на Република Македонија, господинот Благој Стефановски, и амбасадорот на Република Франција во Македонија, госпоѓата Вероник Дижон Баре.

Именуван во чест на славниот француски министер за култура, семинарот „Малро“ е традиционален начин на презентирање на француските искуства во светот. Поканети се 70 учесници од Македонија, кои имаат можност да дознаат повеќе за историјата, законските рамки, управувањето и позитивните и негативните искуства од децентрализацијата во Франција. Покрај тоа, одделни сесии ќе бидат посветени на прашањето за финансирање на културата, како и на прашањето за моделот на управување и финансирање на центрите за култура. Во одделни кратки сесии ќе бидат споредбено претставени и македонските искуства од децентрализацијата во културата.

Овие активности се само дел од проектот “Унапредување на културната политика во Република Македонија“ финансиран од ФИООМ и ФКЦ, кој опфаќа обезбедување експертиза за законската регулатива, размена на искуства, обука за дефицитарни уметнички вештини и студиски престој за македонски и француски експерти од областа на музејската, библиотечната и балетската дејност.
Обука за Ромки – Претприемачи


Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), во рамки на програмата за Економски реформи, во соработка со Развојната банка на Советот на Европа, поддржува пилот програма за подобрување на социо-економската состојба на жените ромки во Македонија, преку подобрување на економските можности за самовработување и основање на микро претпријатија.

За таа цел, во рамки на проектот “Поддршка на Ромки – Претприемачи”, ФИООМ во соработка со проектот на Католичките служби за помош - проект Хоризонти, организира дводневна обука на Ромки – претприемачи, што ќе се одржат на 12 и 13.10.2004, во Kлубот на пратеници во Скопје.

На обуките ќе земат учество 22 жени од ромската популација кои се занимаваат со трговија на прехрамбени производи, текстил, и производство на мало.

Учесничките ќе имаат можност да се запознаат со основите на деловното работење, вовед во истражување на пазарот, принципите на паричен тек и калкулација на трошоци, како и правната регулатива за основање на трговски друштва, правата и обврските кои произлегуваат од регистрацијата и работниот однос, договори и договорни обврски.

Освен обуките, во рамки на проектот “Поддршка на Ромки – Претприемачи” се планираат и други видови помош за опстојување и ширење на бизнисот, а најважен дел е фондот за микрокредитирање кој се планира во вкупен износ од 160.000,00 € и се пласира преку проектот Хоризонти.
Програма за култура и уметност
Копаничарско ателје Зрзе



На 1. 10. 2004 година свечено беше отворен новиот објект - ателје за резба и иконопис во манастирскиот комплекс Зрзе, Прилепско, со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и владата на Кралството Норвешка. Во објектот е изложена и мала музејска поставка на антички монети, доцноримска керамика, црковно-литургиски предмети и икони. На отворањето присуствуваа митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, претставник на амбасадата на Кралството Норвешка во Македонија, претставник на Управниот одбор на ФИООМ госпоѓата Слободанка Марковска и други личности на културниот и политички живот. Проектот има за цел да ја помогне ревитализацијата на традиционалните вештини заради заштита на културното наследство и поттикнување на локалниот развој.
Правна програма
Тркалезни маси на тема: „Стратегијата за реформа на судскиот систем“



Како дел од поддршката која ФИООМ ја обезбедува во процесот на подготовка на Стратегијата за реформа на судскиот систем, јавното обвинителство, системот на пенитенцијарни установи, јавното правобранителство, адвокатурата и нотаријатот, на трите апелациони подрачја во Република Македонија, во Штип на 22.09.2004 (среда), во Скопје на 28.09.2004 (вторник) и во Битола на 30.09.2004 година (четврток), се одржаа тркалезни маси каде Стратегијата се разгледуваше и квалитативно дополнуваше од страна на сите учесници во процесот. На средбите беа присутни претседателите на основните судови, Апелационите судови и на Врховниот суд, Министерот за Правда и претставници од Министерството за Правда, претставници од Јавното правобранителство, Јавното обвинителство, Здружението на судии, Здружението на обвинители и Адвокатската комора.
Регионален семинар на тема Слободен пристап до информации во Будва


Од 9 до 10 Септември 2004 година во Будва, Република Србија и Црна Гора, се одржа Регионален семинар на тема Слободен пристап до информации, во организација на Open Society Justice, Article 19, European Union и Црногорскиот Хелсиншки комитет за човекови права. На семинарот присуствуваа претставници од сите земји во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија, Молдова, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора, меѓународни НВО-а (Open Society Justice, Article 19, Privacy International), претставници од ОСЦЕ, World Bank Institute и Council of Europe.

Од Република Македонија, претставници беа: Загорка Тноковска, претставник од Министерството за правда, Лилјана Ивановска-Љумовиќ, пратеник-претседател на делегацијата за соработка со Европскиот Парламент, Наташа Вртеска, претставник од Здружението на единиците на локалната самоуправа на Р.Македонија, Јадранка Кунгуловска, претставник од општина Карпош, Катица Чадиева, претставник од општина Велес, Данче Даниловска, од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, Роберто Беличанец, од НВО Центар за развој на медиуми и Климе Бабунски од НВО Про медиа.

Во текот на двата работни дена, учесниците ја потенцираа важноста на граѓанскиот сектор во процесот на подготовките на Законите за слободен пристап до информации и во процесот на имплементирање на ова право на граѓаните. Се дискутираа интернационалните стандарди за правото на пристап до информации, заложбите за имплементација на ова право, вклучувајќи ги и потребите за обуки и кампањи за подигање на свеста на граѓаните и владите за потребата од нормирање и имплементирање на ова право. Земјите имаа презентации и за развојот на концептот за слободниот пристап до информации во нивните држави.

На крајот од семинарот земјите учеснички ја усвоија Декларацијата од Будва во која, меѓу другото, ги поттикнуваат Република Македонија, Србија и Црна Гора, како единствени земји во регионот кои го немаат донесено Законот за слободен пристап до информации, да го сторат тоа што е можно поскоро.

Декларацијата и соопштението за јавноста можете да ги преземете тука.
Коференција за јавно здравство во Сицилија


Од 11 до 14 септември во Сицилија се одржа коференција за јавно здравство со следниов наслов: Training for Public Health in Europe: old and new paradigms (Обука за јавното здравство во Европа: стари и нови парадигми). За прв пат оваа година на оваа конференција се одржуваше студентски форум за јавно здравство на кој беа присутни двајца постдипломци од нашата Школа за јавно здравство со свои презентации.
Програма за уметност и култура
Нов театар во старата чаршија



На 29. 09. 2004 година, зградата на некогашното кино „Напредок“ во старата скопска чаршија свечено беше отворена како нов објект на Детскиот театарски центар – Скопје. Објектот што на ДТЦ му беше доделен од Министерството за култура на Република Македонија, целосно е реновиран и опремен со финансиска поддршка од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Швајцарската агенција за соработка и развој, СИДА, УСАИД и други донатори. Започнат како програма на ФИООМ, денес ДТЦ е осамостоена организација што стреми кон креирање нова театарска култура за деца и млади, заснована на креативноста и мултикултурното богатство на Македонија.
Програма Живо наследство
Поречки панаѓур



Жителите на с. Растеш и Македонското студентско етнолошко друштво го организираат Поречкиот панаѓур, на 11 и 12 септември 2004 г. во Самоков. Проектот се спроведува со поддршка на програмата „Живо наследство“ на ФИООМ и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија, а има за цел да да ги афирмира природните и културните карактеристики на етничкиот предел Порече, Западна Македонија.
Програма Живо наследство
Патека до колешинскиот водопад



На 15 јули 2004 година свечено беше пуштена во употреба пристапната патека до водопадот во село Колешино,како една од туристичките атракции во реонот на планината Беласица. На свеченоста зборуваа г. Кирил Чавков, градоначалник на општина Ново Село, и Иван Додовски, програмски директор на ФИООМ. Со поддршка на програмата „Живо наследство“ на ФИООМ и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија, проектот го спроведоа локалните жители во соработка со еколошкото друштво „Извор“.
Граѓански советодавни групи


На 1.јули 2004, во соработка со ОБСЕ, започна обуката за над 300 члена на Граѓанските советодавни групи, кои се формирани со цел да оформат долгорочен, оддржлив форум кој ги зближува граѓаните, полицијата и општинските структури и на кој ќе се дискутираат прашања од заеднички интерес.

Целта на обуките е да се зголеми ефикасноста на овие групи преку едукација на граѓаните кои членуваат во нив за: локалната самоуправа, градење на партерства, решавање на проблеми и пишување на предлог проекти.

Стекнатите способности ќе овозможат Групите да одиграат значајна улога во обезбедувањето на квалитетни сервиси од страна на полицијата на локално ниво, бидејќи само добра соработка помеѓу граѓаните и полицијата води кон креирање на безбедна и функционална заедница. Во исто време, едукативните сесии овозможуваат стекнување на искуства, знаења и вештини за обезбедување на оддржливост на Советодавните групи, во склоп со планираниот процес на децентрализацијата.

Обуките, кои ќе се оддржуваат до 27 јули, се поддржани и од Холандската амбасада.
Правна програма
Конференција на тема „Претставување на измените во кривичното законодавство“



На 2 јули (петок) 2004 ФИИОМ во соработка со Министерството за правда, со почетокот во 9:30 во хотелот Холидеј Ин, ќе организира конференција на тема Претставување на измените во кривичното законодавство.

На конференцијата ќе се дискутира за алтернативните казни и нивното извршување со акцент на извршувањето на санкции спрема правни лица и извршувањето на парични санкции – ден глоба. На конференцијата поканети се да учествуваат Претседателите на сите судови во РМ, Судиите на Врховниот суд на РМ, Директорите на казнено-поправните домови, претставници на Министерствата за правда, внатрешни работи и труд и социјална политика, Претседателите на јавните обвинителства, Директорите на меѓуопштинските центри за социјална работа, членовите на работната комисија, професори од областа на кривичното право како и претставници на здруженија на граѓани.
Програма за уметност и култура
Нови проекти на музеите




По одржаниот семинар на тема „Музеите на Македонија: во потрага по модерни пристапи и нова публика“, ФИООМ поддржа и три проекти, кои имаат за цел да развијат нова музејска публика. Во текот на летото, Завод Музеј Галерија - Битола, во соработка со туристичката агенција „Авиотурс“, во Охрид ќе отвори мал центар за дистрибуирање промотивни материјали, со цел да се привлечат туристите во музеите низ Македонија. Музејот од Тетово, во соработка со Музејот од Куманово, ќе организира фото работилница со деца од локалните училишта и ќе подготви промотивни материјали за културното наследство од овој крај. За учениците и широката публика, Природонаучниот музеј на Македонија од Скопје ќе организира Денови на природната историја, со интерактивни работилници и егзотични презентации за светот на животните и билките. Целта на овие активности е да се афирмира грижата за музејските посетители, а музеите да развијат нова, проактивна мисија во денешното општество.
Програма за информации
Презентација на резултатите од истражувања за состојбите со ИКТ во Македонија




Во среда, 2 јуни 2004 година, во хотелот Холидеј Ин, со почеток во 13:00 часот, се одржи презентација на резултатите од истражувањата „Општи податоци за состојбите со ИКТ во Македонија“, спроведено од Метаморфозис како проект на ФИООМ и „Е-Управување на локално ниво во Македонија – Извештај од проценката на ИКТ во општините“ реализирано од страна на УНДП. Истражувањата се спроведени во периодот од септември 2003 до јануари 2004.

Во таа прилика беше потпишан меморандум за соработка за „Формулирање на Националната стратегија за Информатичко општество и Информатички технологии за развој“ помеѓу Комисијата за информатичка технологија, УНДП и ФИООМ.
Правна програма
Благодарница




Во знак на признание за придонесот и афирмацијата на судството, Здружението на судии на Република Македонија и Центарот за континуирана едукација и врачи благодарница на ФИООМ. Благодарницата ја врачи г-дин Агим Мифтари, Судија на Врховен суд и претсетадел на Здружението на судиите на Република Македонија по повод 10-годишнината од постоењето на Здружението на судиите и 5-годишнината од постоењето на Центарот за континуирана едукација
Соопштение за јавност


Во јануари 2001 година, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ) започна со реализација на проектот „Воспоставување на информациска инфраструктура базирана на веб за општините во Македонија“. Во рамките на овој проект ФИООМ даде финансиска поддршка за изработка, хостирање и одржување на официјалните веб страници за 15 општини, меѓу кои и Тетово. Од јануари 2002 година општините имаа обврска самите да ги покријат трошоците за одржување на веб страницата (хостирање, интернет и административни трошоци), а ФИООМ го обезбедуваше хонорарот за лицето што ја ажурира веб страницата до декември 2003 година.

Подвлекуваме дека веб страниците претставуваат официјални содржини за општините, а локалната власт ја има целосната одговорност за информациите што се објавуваат. На никој начин ФИООМ не можела да учествува и не учествува во изборот на содржините што се објавуваат на веб страниците. Нашето лого што е ставено на страниците укажува само дека Фондацијата го подржала поставувањето на веб страницата.

Очекуваме претставниците на општина Тетово да дадат објаснување за тоа како на веб страницата на нивната општина се ставени контраверзните содржини објавени во Дневник бр.2475 од 08.06.2004.
Заврши проектот „Школа за демократија“


Во четвртокот (20.05.2004) во НВО инфо-центарот, се одржа прес-конференција по повод завршувањето на проектот „Школа за демократија“. На конференцијата беа промовирани резултатите од истражувањето кое беше спроведено во последната фаза на проектот, а се однесуваше на ефектите кои се постигнати по неговото имплементирање. Беше нагласено дека проектот предизвикал големо интересирање кај определената целна група, како и потребатата од слични проекти во иднина.
Семинар за музеите во Македонија
Во потрага по модерни пристапи и нова публика



Дваесет и пет претставници од 15 национални музејски установи од Македонија учествуваа на семинарот “Музеите во Македонија: во потрага по модерни пристапи и нова публика”. Семинарот, во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, се одржа во Охрид од 19 до 22 април 2004 година. Предавачи на семинарот беа експерти за музејски менаџмент Василиј Панкратов, Људмила Александрова и Нина Попова од Русија и Барбара Воронцов од Велика Британија. Темите на семинарот се однесуваа на мисијата на музеите во современиот свет, водењето грижа за посетителите и музејскиот маркетинг.
Мрежна програма
Проект „Разоткривање на скриената историја: Лустрацијата на Западен Балкан”



Како дел од партнерската мрежа на организации ФИООМ ужествува во спорведување на проектот „Разоткривање на скриената историја: Лустрацијата на Западен Балкан”. Целта на овој проект е подобрување на законодавстовото за лустрација и лустрационите постапки, како и потикнување на јавна расправа за минатото.

Во рамки на проектот се обликува и веб страна на кој се достапни информации околу лустрацијата, самиот проект, семинарите и неколкуте работилници организирани на тема лусрација (www.lustration.net).

Проектот ќе трае од Февруари 2004 година до Јули 2005 година и финансиски е подржан од КАРДС програмата на Европската Комисија и од USAID.

Организации вклучени во овој проект:
Центар за демократија и помирување во Југоисточна Европа, Солун;
Фондација Инстситут Отворено Општество Македонија, Скопје;
Центар за антивоена акција, Белград;
Хрватски хелсиншки комитет за човекови права, Загреб;
Центар за интердисциплинарни последипломски студии на Универзитетот во Сарајево и Албанска група за човекови права, Тирана.<
Програма живо наследство
Шест нови проекти



Колешино и неговиот чудесен водопад, Русиново со ткајачката вештина, панаѓурот во Растеш, библиотеката во Бабино Село, етно-саемот во Крушево, природните и културните богатства во Стење, ќе се промовираат преку проектите иницирани од овие локални заедници, во рамките на Програмата “Живо наследство”. Ова се шест нови, од вкупно 25-те проекти финансирани од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија. Целта на програмата е да се поттикне локалниот развој преку проекти кои ги промовираат локалните културни ресурси. За подетални информации, посетете ја www.living-heritage.org.
Центри за подршка на НВО
Дебар и Струга со центри за подршка на НВО



На 10-ти мај 2004 година беа отворени двата последни центри за поддршка на невладините организации - во Дебар и Струга. Со ова се заокружи мрежата од осум нови центри подржани од Европската агенција за реконструкција и ФИООМ, што им се придружија на постоечките четири центри кои веќе неколку години работат со подршка на Швајцарската агенција за соработка и развој и ФИООМ.
 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions