Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости > Архива 2013 > |ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЦРН ПОНЕДЕЛНИК“

24-ти декември е израз на немоќта на власта

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЦРН ПОНЕДЕЛНИК“

24-ти декември е израз на немоќта на власта

Фондацијата Отворено општество - Македонија(ФООМ) на 20-ти март организираше дебата по повод промоцијата на книгата „Црн понеделник“ ,во која се документирани настаните кои се случуваа пред, за време и по донесувањето на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

Започнувајќи ја дебатата, универзитетскиот професор Светомир Шкариќ посочи дека 24-ти декември е денот по кој сите мора да имаат поголема свесност за уставната деградација која и се случува на Македонија. Оттаму, Шкариќ повика на особена будност на правниците бидејќи не само на 24-ти декември, туку и многу пати претходно, владејачкото мнозинство донесувало Закони, и измени на закони, без притоа да се почитуваат уставните одредби и меѓународните декларации. Со тоа, смета Шкариќ, донесените закони стануваат партиски инструмент за остварување на партиски програми, а буџетот е донесен во приватна режија на коалициските партнери во Владата, за нивни партиски цели.

Насилството од „црниот понеделник“ не ја покажува силата на власта, туку ја покажува нејзината немоќ да се соочи со спротивставени аргументи и со различни мислења, оцени пратеничката Радмила Шекеринска. За неа, сите оние случувања околу 24-ти декември биле поттикнати од долгогодишното молчење на јавноста, а самиот чин на тепањето и бркањето на пратеници и новинари не било обичен инцидент туку високо организиран пуч, спроведен пред очите на првиот полицаец во државата. Таа изрази сомнеж од исходот на ад-хок комисијата, задолжена за расветлување на случајот од 24-ти декември, особено ако се земе предвид фактот што како претставници на ВМРО-ДПМНЕ учествуваат лица кои биле директно вмешани во бркањето на опозициските пратеници.

Според Љубиша Николовски, начинот на усвојување на Буџетот за 2013 година има и позитивна страна, односно, со случувањата од 24-ти декември опозицијата конечно почна да презема конкретни дела против самоволието на власта и заличи на вистинска опозиција. Според него, притисоците од власта во иднина ќе бидат се пожестоки, а жртви на таквите притисоци ќе бидат и членови на владејачките партии кои нема докрај да ги исполнуваат наредбите на партиските врвови. „Власта по овие настани од 24-ти декември најде оправдување за исфрлувањето на опозицијата од парламентот. Измисли дека тоа било сценарио што опозицијата долго го подготвувале. Измисли дека му се заканувале на спикерот, дека кршеле инвентар дека фрлале чаши, и тоа беше доволна причина тие да најдат изговор за исфрлувањето. Меѓутоа, до ден денес ниту премиерот ниту било кој претставник на власта не најде оправдување зошто ги исфрли новинарите од салата. “ нагласи Николовски.

На дебатата на која присуствуваа повеќе од стотина правници, професори, новинари и граѓански активисти, како општ заклучок се издвои потребата од санкционирање на нарачателите и извршителите на газењето на демократијата и владеењето на правото, кои се случуваа на 24-ти декември.



Преземете ја публикацијата

crn ponedelnik


македонски


shqip


english

 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions