Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

Архива 2013

Архива на настани и новости 2013
ПРАВНА ПРОГРАМА

Шест години подоцна: Распука ли ѕидот од тишина?



Анализа на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер

Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) на 30-ти април организираше промоција и дебата по повод издавањето на публикацијата
„Шест години подоцна: Распука ли ѕидот од тишина“ која се занимава со спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и претставува шеста публикација од едицијата „Примената на законите под лупа“ издадена од Правната програма на ФООМ.

Според наодите во публикацијата, и по седум години од донесувањето на Законот се` уште се воочуваат неколку загрижувачки проблеми како што се: високиот процент на молчење на администрацијата; непочитување на законската форма на комуникација од страна на имателите на информации; недоследната примена на исклучоците од слободниот пристап и долгото време потребно за добивање на одговор. Во периодот мај - јуни 2012 година Фондацијата поднела 732 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и од нив обжалила 296 барања, од кои повеќе од половина биле поради молчење на администрацијата, а останатите поради добивање на премногу општи или нејасни одговори.

Според адвокатот Жарко Хаџи Зафиров одредбите во Законот премногу лесно се менуваат, а Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер нема можност за поведување прекршочна одговорност кон институциите кои не споделуваат информации од јавен карактер. Комисијата исто така ги охрабрува имателите на информации, на чувствителни информации да одговараат со „Не знам“ или „Непознато“. За Хаџи Зафиров, голем недостаток е и ограничената и честата промена на листата на иматели на информации, бидејќи со последните измени од листата се тргнати политичките партии, без никакво објаснување за таквиот потег.

Оттаму, Правната програма на ФООМ во публикацијата дава неколку препораки за подобро функционирање на Законот. Од имателите на информации се бара тие своеволно да ги даваат информациите и да не ги чекаат последните рокови за давање на информации, туку тоа да го сторат веднаш откога ќе добијат барање за информација од јавен карактер, како и да и се даде можност за поведување на прекршочни постапки од страна на Комисијата.

Преземете го соопштението (.pdf, 321 KB)



#
ПРАВНА ПРОГРАМА


Собранието на Република Македонија да побара детални информации за посочените слабости на годишниот извештај на Комисијата за заштита од дискриминација

image
кликнете на сликата за PDF верзија


#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Конкурс за доделување грантови на граѓански организации



usaidfosm


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи и е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:

1. Поддршка на граѓански организации кои делуваат како демократски јадра во своите заедници, имаат долгорочно искуство и кредибилитет во промовирањето граѓанско учество и имаат капацитет да ги мобилизираат граѓаните и да поттикнат граѓански иницијативи (грантови во износ до 20.000 американски долари);

2. Поддршка на граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања во следните подрачја: Собрание, владеење на правото, судство, медиуми, трошење на јавните пари, финансирање на политичките партии, политики што се однесуваат на граѓанското општество, младински политики, родова еднаквост, усогласеност со политичките критериуми на Европската Унија (ЕУ) и апсорпција на фондовите на ЕУ (грантови помеѓу 10.000 и 30.000 американски долари).

За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби,  и меѓусебно поврзување.  

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:
• директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество;
• покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
• нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
• применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
• промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
• градат партнерства и коалиции, посебно кога се обработуваат тешки реформски прашања.

Рок за поднесување на пријавите: 23 мај, 2013 до 16:00 часот

Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.

Документи за преземање:
- Конкурс (.pdf)
- Образец за пријавување (.doc)
- Буџет (.doc)
- Упатство за буџетирање (.pdf)
- Прилог 1. Временска рамка (.doc)
- Прилог 2. Информации за партнерските организации (.doc)
- Прилог 3. Резиме на англиски јазик (.doc)
Отворен повик за уметници за работен престој во Виена


Во соработка со Култур Контакт од Австрија, Сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Австрија објавува повик за работен престој во Виена за 2014 година за сите заинтересирани визуелни уметници, фотографи, дизајнери, аудиовизуелни уметници, писатели, преведувачи, танчари, кореографи, куратори и др.

Повикот можете да го најдете на следниов линк (англискиот текст почнува на стр. 5)

#
ПРАВНА ПРОГРАМА

Прирачник за европското право за недискриминација



Во Прирачникот за европското право за недискриминација подготвен од Агенцијата за фундаментални права на ЕУ и Европскиот суд за човековите права е презентиран дел од импресивниот обем на судската практика во областа на недискриминацијата создадена од страна на Европскиот суд за човековите права и Судот на правдата на ЕУ.

Поради тоа Фондацијата Отворено општество – Македонија го овозможи печатењето и објавувањето на македонското издание на Прирачникот, бидејќи се чинеше корисно на македонски јазик да биде достапен за правните практичари, односно за судиите, обвинителите и адвокатите, како и за службените лица задолжени за спроведување на Законот за заштита од дискриминацијата. Сите тие се на првите линии на заштитата на човековите права, и треба да бидат свесни за начелата за недискриминација за да можат ефективно да ги применуваат на терен.

Дополнителен примерок од Прирачникот, кој е дистрибуиран до правните практичари, можете да побарате на pravo@soros.org.mk

#
RMUSP Конкурс за стипендирање на студенти Роми за академска 2013/2014 година


RMUSP објавува конкурс за академско стипендирање на студенти Роми државјани или постојани жители на следниве земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција.

КРИТЕРИУМИ
Кандидатите треба:
• Да се Роми;
• Јавно да се декларираат како Роми;
• Во следната академска година да се запишат (или ќе бидат запишани) на државен акредитиран универзитет во родната земја на живеење;
• Конкурсот важи и за оние кандидати кои во следната академска година допрва, ќе се запишат на универзитет/факултет; земји во кои се спроведува RMUSP програмата се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција.     
• Да се студенти на додипломски, последипломски или докторски студии;
• Да испратат целосно пополнета електронска (оn line) апликација согласно програмските рокови;  
• Во склоп на електронската апликација, да пополнат изјава за намена (писмо за мотивација) во која ќе бидат опфатени академските достигнувања, цели, посветеност и мотивација за одреденото ниво на студии;   
• Во склоп на електронската апликација, да напишат есеј кој ќе се базира на прашањата наведени на електронската апликација;
• Да обезбедат официјално уверение за положени испити со оценки од сите завршени академски години како и за последниот завршен семестар септември – декември 2012 година. Кандидатите кои допрва ќе се запишат на факултет, ќе треба да обезбедат заверено сведетелство од последната учебна година, од тековната година. Тековните студенти ќе треба да исполнат услов, од 75% положени испити од претходните академски години.  
• Во склоп на електронската апликација, да прикачат детална, информативна и релевантна Препорака (барем една), опишувајќи ги академските перформанси на кандидатот, неговата/нејзината инволвираност во екстра-курикуларни активности, поврзано со Роми и/или со не-Роми;  
• Да студираат на некои од наведените области: право, јавна администрација, новинарство, политички науки, социологија, психологија, педагогија, филозофија, економија, финансии и банкарство, бизнис администрација, историја, меѓународни односи и Европски студии, комуникологија и односи со јавност, медицина, инженерство, екологија или студии за животната средина, биологија, математика, физика и уметност;
• Да обезбедат документ (во втората фаза од аплицирањето) со кој ќе потврди дека е примен/а на универзитетски студии во матичната земја т.е оригинал потврда за упис на универзитет, за академската година за која кандидатот се пријавува за стипендија.

RMUSP НИВО НА ПОДДРШКА
Во рамките на RMUSP, РЕФ може да поддржи еден ист кандидат/ка во текот на неговите/нејзините студии, максимум 8 години на следниве нивоа:
• едни додипломски студии, во траење од максимум 4 (четири) години или  3 (три) години (според ЕКТС – Европски кредит трансфер систем), со можност за еден трансфер во друг универзитет/факултет/насока;
• едни последипломски студии, во траење од максимум 1 година (доколку додипломските студии се во траење од 4 години) или 2 години (доколку додипломските студии се во траење од 3 години), според ЕКТС - Европски кредит трансфер систем;
• едни докторски студии, во траење од  максимум 3 години.

ФАЗИ И РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Со цел, да бидете дел од програмата за стипендирање во академската 2013-2014 година, ќе треба да се придржувате до првата фаза/рок – навремено испраќање на апликацијата, и втората фаза/рок – навремено испраќање на потврда за редовен студент, доколку плаќате партиципација ќе треба да испратите и потврда за висина на партиципација, како што е наведено подолу:

Прва фаза/рок – Испраќање на апликација
Рок: Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Турција: 24 МАЈ 2013.  

Втора фаза/рок – Испраќање на официјална потврда за редовен студент
Рок: 15 Октомври  2013

Официјалните потврда за редовен студент и потврда за висина на партиципација (доколку има) – треба да бидат скенирани и прикачени на електронската (on line) апликација.

ВАЖНО!
Строго се препорачува кандидатите, внимателно да го прочитаат РМУСП упатството достапно на Македонски јазик: http://www.romaeducationfund.hu/rmusp-upatstva

За подетални информации за програмата можете да се обратитe на националниот координатор: Ајсел Мемет; e-mail: ajsel.memet@soros.org.mk ; телефон: 02/ 2 44 44 88 лок. 107
RHSP Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2013/2014 година


RHSP објавува конкурс за стипендирање на студенти и средношколци Роми кои во академската 2012/13 година биле стипендисти на RHSP програмата и кои студираат или учат на медицински универзитети или средни медицински училишта. RHSP конкурсот е објавен во Бугарија, Македонија и Србија.

КРИТЕРИУМИ
Кандидатите треба:
• Да се Роми;
• Јавно да се декларираат како Роми;
• Да се корисници на RHSP стипендија (за академската 2012-2013 година), и да аплицираат со цел да ја обноват нивната апликација за академската 2013/2014 година;
• Да испратат целосно пополнета електронска (оn line) апликација согласно програмските рокови;  
• Во склоп на електронската апликација, да пополнат изјава за намена (писмо за мотивација) во која ќе бидат опфатени академските достигнувања, цели, посветеност и мотивација за одреденото ниво на студии;   
• Во склоп на електронската апликација, да напишат есеј кој ќе се базира на прашањата наведени на електронската апликација;
• Да обезбедат официјално уверение за положени испити со оценки од сите завршени академски години како и за последниот завршен семестар септември – декември 2012 година или доколку кандидатите се средношколци, сведителство од предходната година и евидентел лист од полугодие 2013. Кандидатите кои допрва ќе се запишат на факултет, ќе треба да обезбедат заверено сведетелство од последната учебна година, од тековната година. Тековните студенти ќе треба да исполнат услов, од 75% положени испити од претходните академски години;
• Во склоп на електронската апликација, да прикачат детална, информативна и релевантна Препорака (барем една), опишувајќи ги академските перформанси на кандидатот, неговата/нејзината инволвираност во екстра-курикуларни активности, поврзано со Роми и/или со не-Роми;
• Да обезбедат документ (во втората фаза од аплицирањето) со кој ќе потврди дека е примен/а на универзитетски студии во матичната земја т.е оригинал потврда за упис на универзитет, за академската година за која кандидатот се пријавува за стипендија.

RHSP НИВО НА ПОДДРШКА
Во рамките на RHSP, РЕФ може да поддржи еден ист кандидат/ка во текот на неговите/нејзините студии на следниве нивоа:
• средо образование за максимум 4 години;
• едни додипломски студии, за максимум 5/6 години (доколку моделот на студирање дозволува), со можност за само еден трансфер/промена на друг универзитет/факултет/ со иста насока на студии;
• едни последипломски студии, во траење од максимум 1 година (доколку додипломските студии се во траење од 4 години) или 2 години (доколку додипломските студии се во траење од 3 години), според ЕКТС - Европски кредит трансфер систем;
• едни докторски студии, за максимум 3 години

ФАЗИ И РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Со цел, да бидете дел од програмата за стипендирање во академската 2013-2014 година, ќе треба да се придржувате до првата фаза/рок – навремено испраќање на апликацијата, и втората фаза/рок – навремено испраќање на потврда за редовен студент, доколку плаќате партиципација ќе треба да испратите и потврда за висина на партиципација, како што е наведено подолу:

Прва фаза/рок – Испраќање на апликација    
Рок: 31 МАЈ  2013

Втора фаза/рок – Испраќање на официјална потврда за редовен студент/ученик
Рок: 15 ОКТОМВРИ  2013

Официјалните потврда за редовен студент и потврда за висина на партиципација (доколку има) – треба да бидат скенирани и прикачени на електронската (on line) апликација.

Важно!
Строго се препорачува кандидатите, внимателно да го прочитаат РХСП упатството достапно на Македонски јазик: http://www.romaeducationfund.hu/rhsp-upatsvo-za-aplitsira-e

РЕФ/Програмата за стипендирање во Македонија се спроведува од страна на Фондација Отворено општество-Македонија (ФООМ).

За подетални информации за програмата можете да се обратитe на националниот координатор: Ајсел Мемет; e-mail: ajsel.memet@soros.org.mk ; телефон: 02/ 2 44 44 88 лок. 107
ОТВОРЕНО ПИСМО


Собранието не треба да го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2012 година

image
кликнете на сликата за PDF верзија


#
СЕДУМНАЕСЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Сомнително потрошени 1,3 милиони евра европски пари



Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во соработка со Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ) го објави 17-тиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, кој ја анализира работата на Националната агенција за образовни програми и мобилност.

Во извештајот насловен како „Млади во Акција“ нотирани се повеќе случаи на сомнително доделување на средства од Националната агенција кон младински граѓански здруженија, појава која се случуваше и во 2010 година, поради што Брисел ги замрзна средствата наменети за Националната агенција.

pdf


Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМАТА НА УСАИД ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА РОМИТЕ

Поддршката на УСАИД ги подобрува постигнувањата на Ромите во образованието



Во пресрет на 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, директорот на УСАИД Македонија господин Роберт Вурц, во петокот го посети Центарот за образовна поддршка на Ромите „Дендо вас“ во општина Ѓорче Петров. Овој Центар заедно со уште три други центри во Прилеп и Куманово се вклучени во Програмата на УСАИД за образование на Ромите од 2004 година. Преку програмата годишно околу 200 дечиња на предучилишна возраст добиваат поддршка за подобро да се подготват за поаѓање на училиште, а на 800 основци-Роми им се дава поддршка во совладувањето на училишниот материјал и пишувањето на домашните задачи, со цел да го подобрат успехот и успешно да го продолжат своето образование.  

„Денес сум овде за да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите но и да ви честитам на резултатите кои учениците, корисници на Програмата на УСАИД ги постигнуваат во училиштето, со поддршка на едукаторите во овој центар, со поддршка на нивните наставници и се рабира на родителите”, рече Роберт Вурц, директор на мисијата на УСАИД во Mакедонија Доброто образование е најважниот предуслов за излез од сиромаштијата и исклученоста. Затоа, Ве охрабрувам сите заедно да продолжиме со своите напори и да им помогнеме на младите Роми успешно да го завршат своето образование за да можат успешно да се натпреваруваат на пазарот на трудот и да се вклучат во сите општествени процеси“.

Програмата на УСАИД за образование на Ромите имплементирана од Фондацијата отворено општество - Македонија е иницијатива од 4.5 милиони американски долари која им помага на преку 1,000 ученици Роми годишно да ја завршат учебната година со што е можно поголем успех. Од почетокот во 2004 г. до денес, 298 средношколци и 89 студенти Роми завршија средно образование и универзитет со поддршка на УСАИД; преку 450 наставници од проектните основни училишта и 156 средношколски наставници добија обука за образование за социјална правда  и интерактивни наставни методи.



#
ПРАВНА ПРОГРАМА

Дискриминираните не добиваат навремена заштита



image
кликнете на сликата за PDF верзија


#
Фондации Отворено општество


„Кризата во Европа многу ме загрижува. Животните трошоци се огромни и постојано се зголемуваат. Луѓето имаат тешкотии да врзат крај со крај, ги губат нивните работни места, па дури и нивните домови. Оние кои најмногу страдаат немаа никаква улога во кризата. Но, и покрај овие тешки времиња, верувам во ветувањето на Европа и се надевам дека заедно можеме да покажеме солидарност.“

Денес ја лансираме иницијативата „Солидарност сега“. Посетете ја веб страницата www.solidaritynow.org, погледнете го видеото, и споделете порака за солидарност.



#
Реакција на случајот со отстранување на работниците Роми од Одделот за храна во трговскиот центар Скопје сити мол



кликнете на сликата за PDF верзија


#
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ЦРН ПОНЕДЕЛНИК“

24-ти декември е израз на немоќта на власта



Фондацијата Отворено општество - Македонија(ФООМ) на 20-ти март организираше дебата по повод промоцијата на книгата „Црн понеделник“ ,во која се документирани настаните кои се случуваа пред, за време и по донесувањето на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

Започнувајќи ја дебатата, универзитетскиот професор Светомир Шкариќ посочи дека 24-ти декември е денот по кој сите мора да имаат поголема свесност за уставната деградација која и се случува на Македонија. Оттаму, Шкариќ повика на особена будност на правниците бидејќи не само на 24-ти декември, туку и многу пати претходно, владејачкото мнозинство донесувало Закони, и измени на закони, без притоа да се почитуваат уставните одредби и меѓународните декларации. Со тоа, смета Шкариќ, донесените закони стануваат партиски инструмент за остварување на партиски програми, а буџетот е донесен во приватна режија на коалициските партнери во Владата, за нивни партиски цели.




Прочитајте повеќе и преземете ја книгата>>>
ПРАВНА ПРОГРАМА

Бараме институциите да обезбедат правна заштита



Членките на мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудуваат настанот во трговскиот центар Скопје Сити Мол, чие раководството преку електронска пошта испратена до фирмата „Land Service“, на 9ти Јануари 2013 година, побара лицата припадници на ромската заедница да не бидат ангажирани на работни задачи за одржување на хигиената во одделот за храна.

Потенцираме дека Комисијата за заштита од дискриминација, која вчера преку соопштение го осуди настанот, треба во најкраток временски рок да постапи по предметот и преку свое мислење, во согласност со Законот за спречување и заштита од дискриминација, да утврди директна дискриминација врз расна и етничка основа, како резултат на која беше повреден личниот и моралниот интегритет, достоинството и угледот на лицата роми вработени во „Land Service“ и нивната приватност и правото на достапност на секое работно место под еднакви услови. Комисијата за заштита од дискриминација треба итно да поведе прекршочна постапка, со која ќе утврди двојна одговорност за извршена дискриминација, како од страна на одговорното лице така и од страна на правното лице - трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Прочитајте повеќе >>>
АЛАРМ 3

Владина мерка - Популизам без мерка 12.1 - 19.3.2013




кликнете на сликата за PDF верзија

Shkarkoni versionin në gjuhën shqipe


#
АЛАРМ 2

Хронологија на инцидентите 18.02 – 5.3.2013




кликнете на сликата за PDF верзија

Shkarkoni versionin në gjuhën shqipe

#
АЛАРМ

Предизборни вработувања, задолжувања и закони без опозиција




кликнете на сликата за PDF верзија

Shkarkoni versionin në gjuhën shqipe


#
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Петта сесија од меѓуопштинскиот форум Струга - Дебрца



Проектот „Воспоставување на примарна селекција на органски отпад и набавка на возило за отпад“ доби најголема поддршка од граѓаните на петтата форумска сесија, на која беа презентирани четири проекти од завршната фаза на меѓуопштинскиот проект „Форуми на заедниците“, помеѓу општините Струга и Дебрца.

Проектот треба да се реализира во текот на оваа година, пред почетокот на летниот период, со цел да се изврши процедурата за набавка на предвиденото возило, кое ќе биде ставено во употреба во текот на туристичката сезона.

Проектот „Форуми на заедниците“ во општините Струга и Дебрца се спроведува со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

#
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

Општина Босилово успешно го заврши проектот „Форуми во заедницата“



На 20 февруари, во Босилово се одржа последната сесија во рамки на проектот „Форуми во заедницата“, на која, пред стотина граѓани, беа презентирани резултатите од проектот, кој во Босилово се спроведуваше од 2011 година.

Фондацијата Отворено општество- Македонија низ структуриран форумски процес, овозможи граѓаните на општина Босилово да ги наменат средствата за потреби кои се покажаа како приоритетни. На последната сесија од форумскиот процес, одржана на 23 февруари 2012 година, граѓаните ги наменија средствата од проектниот фонд за реконструкција на покрив од спортската сала на училиштето во село Турново и за изградба на повеќенаменски јавен објект во село Штука. И двете активности се успешно завршени.

Општина Босилово ги реализираше проектите во соработка со Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC), со заеднички фонд од 3 600 000 денари.

#
ПРАВНА ПРОГРАМА

Поднесени две иницијативи за оценување на уставноста на делови од Законот за социјална заштита



Членките на мрежата за заштита од дискриминација, на 21 февруари, поднесоа до Уставниот суд на Република Македонија две иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредени членови од Законот за социјална заштита, кои се однесуваат на остварување на правата на лицата со интелектуална попреченост.

Основата на двете иницијативи е содржана во Уставот на Република Македонија, кој  предвидува гаранција за правото на помош на немоќните и неспособните за работа граѓани, а на лицата со попреченост обезбедување на посебна заштита и услови за нивно вклучување во општествениот живот. Уставот на Република Македонија ја гарантира социјалната заштита, социјалната сигурност и социјалното осигурување, како права кои важат за секого, секогаш и секаде. Гаранциите на Уставот се дека овие права се сеопфатни, достапни и ефективни за своите граѓани под еднакви услови и без било каков дискриминаторски основ.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Конкурс за доделување ад-хок грантови



usaidfosm


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување ад-хок грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку доделување ад-хок грантови за акции на граѓански организации или неформални групи кои адресираат актуелни проблеми на локално, регионално или национално ниво (грантови во износ помеѓу 2.000 и 10.000 американски долари).

За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби и меѓусебно поврзување.

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:
• директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество;
• покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
• нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
• применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
• промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
• градат партнерства и коалиции, посебно кога се обработуваат тешки реформски прашања.

Нема рок за поднесување на пријавите.

Пријавите може да се поднесуваат секој работен ден и за нив ќе се одлучува континуирано.

Повикот е отворен до 31 август 2013.

Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.

Документи за преземање:
- Конкурс за доделување ад-хок грантови (.pdf)
- Konkurs për dhënien e granteve të rastit (.pdf)
- Образец за пријавување (.doc)
- Буџет (.doc)
- Упатство за буџетирање (.pdf)
- Прилог 1. Временска рамка (.doc)
- Прилог 2. Информации за партнерските организации (.doc)
- Прилог 3. Executive Summary in English (.doc)
ДЕМАНТ


Фондацијата отворено општество-Македонија не е дел од никакви преговори за промена на уставното име на Република Македонија, идентитетот на Македонците или македонскиот јазик. Оваа држава има претседател, премиер, министер за надворешни работи и претседател на Собранието кои се платени од граѓаните за да носат одлуки и да сносат одговoрност за истите. Секое натамошно спомнување на ФООМ во контекст на преговорите ќе го сметаме за груба дезинформација и клевета, обид за нанесување штета и загрозување на угледот и честа.

Плусинфо: Петарда на Нетпрес: На „тајниот“ состанок во Солун, ни Сорос, ни Рокфелер, а ниту познат „предавник“ од Македонија!

#
ПРАВНА ПРОГРАМА

ФООМ го поздравува вклучувањето на граѓанскиот сектор во изготвувањето Заеднички основен документ



Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) со писмено обраќање до Министерот за надворешни работи, Никола Попоски и Драгана Кемера од Сектор за мултилатерални односи при МНР го поздрави процесот на изготвување на Заедничкиот основен документ и обидот во овој процес да се вклучат здруженијата и фондациите во Република Македонија. Транспарентниот процес на унапредување на правниот систем во РМ, преку вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на приближувањето на македонското законодавство до меѓународните стандарди за човековите права, е основна цел на правната програма на ФООМ.

Едновремено, ФООМ упати забелешки и препораки насочени кон подобрување на квалитетот на Заедничкиот основен документ и негово усогласување со Упатствата за хармонизирано известување во рамките на меѓународните договори за човекови права, вклучувајќи упатства за основниот документ и за извештаите кон конкретните меѓународни договори.

Прочитајте повеќе >>>
The Real Zero Dark Thirty


Драги пријатели,

Тајни летови, црни точки и приказни за ужасна тортура.

Одвојте малку време за да погледнете како Амрит Синг од Иницијативата за правда при Институтот Отворено општество ја опишува суровата реалност на кампањата на ЦИА со тајните затвори и тортура, спроведена по 9-ти септември, 2001 година.

Таа го состави првиот извештај од ваков вид, во кој се раскажува приказната за тоа како САД ја користеа својата позиција за да ги придобијат, убедат и да им наметнат на 54 земји да учествуваат во тајните програми на ЦИА.

Од Австралија до Иран, од Канада до Шведска, од Хонг Конг до Индонезија. Списокот е шокантен.

Иако и јас и вие сме слушнале многу приказни за тоа што сè се правело под превезот на војната против тероризмот, сепак бев повторно шокиран од тоа што се правело со тајните програми на ЦИА по 9-ти септември, 2001г.

Овие практики не се карактеристики на едно отворено општество. Само со целосно преиспитување САД можат да се надеваат да го затворат ова срамно поглавје во својата историја.

Отстранете ги слоевите на тајност. Погледнете го и споделете го овој видеозапис.

Со почит,
Џорџ Сорос
Претседател и основач, Фондации Отворено општество



#
Тркалезна маса „Односите меѓу Македонија и Бугарија - четврто полувреме“


Односите меѓу Македонија и Бугарија се премногу важни за да им се препуштат само на историчарите

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Oтворено општество- Македонија (ФООМ) на шести февруари организираа тркалезна маса насловена како „Односите меѓу Македонија и Бугарија- четврто полувреме“, а во чиј фокус беа добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија, во контекст на заклучоците на Европскиот совет во декември 2012 година и можностите за решавање на отворените прашања преку рамката за европски интеграции.

Јавор Сидеров, самостоен истражувач и аналитичар од Бугарија, пред присутните порача дека односите меѓу Македонија и Бугарија се премногу важни за да им се препуштат само на историчарите, особено што постои историја која се заборава, а која може да послужи за затоплување на односите. Според Сидеров, решенијата за отворените прашања бараат силна политичка волја, а политичките чинители на историјата мора да гледаат како водич кон иднината а не како инструмент за зајакнување на национализмот, кој на овие простори е дефанзивен и е одлика на национализмот на малите народи.

 


Аудио запис од настанот




Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

Четврта сесија од меѓуопштинскиот форум Струга - Дебрца



На 30 јануари, во присуство на стотина жители од двете општини, се одржа четвртата сесија на меѓуопштинскиот форум помеѓу Општините Струга и Дебрца.

На сесијата беа презентирани пет проектни концепти, развиени од работните групи. Концептите развивани на овој меѓуопштински форум беа од областа „Собирање смет“:

1. Воспоставување на систем за Примарна селекција и собирање на отпад во Општините Дебрца и Струга
2. Изградба на стационар за кучиња скитници за Општините Струга и Дебрца
3. Воспоставување на систем за третман на органскиот отпад - поставување на подземни контејнери
4. Изградба на станица за секундарна селекција на отпад за Општините Струга и Дебрца
5. Подготовка на компаратина анализа за третман на отпад во Општините Струга и Дебрца

На следната, 5та форумска сесија, граѓаните кои до сега присуствувале на најмалку три форумски сесии ќе имаат право да учествуваат во изборот на проектот кој ќе биде имплементиран.

#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Доделени грантови за работни стипендии во граѓански организации



usaidfosm


На конкурсот за доделување мали грантови за работни стипендии во граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнаа вкупно 31 пријава од граѓански организации. Во согласност со буџетот на проектот, избрани се девет истражувачки предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 21.220 УСД.

Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку УСАИД. Проектите ќе бидат спроведени во период од шест месеци.


- Преземете го целиот документ (.pdf)
- Shkarkoni tekstin në gjuhën shqipe (.pdf)

#
Писмо од затворот во Бирмингем


16 април 1963 год.

Почитувани колеги свештеници:
MLK mugshotДодека ја отслужувам казната во затворот во Бирмингем, наидов на вашата неодамнешна изјава во која моите сегашни активности ги нарекувате „погрешни и ненавремени“. Јас ретко одвојувам време за да одговорам на критика за мојата работа и за моите идеи. Ако се обидував да одговорам на сите критики што стигнуваат до моето биро, моите секретари ќе имаа малку време во денот за друга работа освен за таква кореспонденција, а јас воопшто немаше да имам време за конструктивна работа. Сепак, бидејќи сметам дека вие сте луѓе со добра волја и дека вашата критика е искрена, ќе се обидам смирено и разумно да одговорам на вашата изјава.

Мислам дека треба да ја наведам причината зошто сум тука во Бирмингем, бидејќи гледам дека вие сте под влијание на ставот кој се противи на „доаѓањето на аутсајдери“. Јас имав чест да бидам претседател на Јужно-христијанската лидерска конференција, организација која работи во сите јужни земји, со седиште во Атланта, Џорџија. Ние имаме околу осумдесет и пет сродни организации ширум Југот, а една од нив е и Христијанското движење за човекови права на Алабама. Со нашите сродни организации често ги делиме персоналот, образовните и финансиските ресурси. Пред неколку месеци, една сродна организација лоцирана овде во Бирмингем од нас побара да биде вклучена во програмата за ненасилна директна акција, доколку се јави потреба. Ние воодушевено се согласивме, и кога дојде часот го исполнивме нашето ветување. Па така, јас - заедно со неколку членови на мојот персонал – стигнавме овде, бидејќи бевме повикани да дојдеме. Јас сум овде бидејќи тука имам организациски врски.


 Преземете го целиот текст (.pdf)

#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Повик за учесници во школата за активно граѓанство



usaidfosmforum


Школата за активно граѓанство се организира за млади, претставници на граѓански организации и неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи.

Во рамки на Школата за активно граѓанство, Форум-Цeнтар за стратегиски истражувања и документација (Форум–ЦСИД) објавува повик за трета група учесници кои ќе посетуваат три модули обуки во текот на 2013 година.

Првиот модул ќе се одржи во февруари, вториот во мај, а третиот во декември.

Првиот модул е воведен и тој ќе има за цел да ги запознае учесниците со  основните поими и алатки потребни за активно граѓанско учество. Темите што ќе бидат обработувани ќе опфатат:  
• Вовед во Поимникот за граѓанско општество;
• Структура на општеството и местото на граѓанскиот сектор;
• Граѓанска иницијатива;
• Граѓанинот, неговото/нејзиното место и можноста за активно учество во јавната сфера (држава, политика, граѓанско општество, медиуми).

Вториот модул ќе биде насочен кон усвојување и развивање практични алатки поврзани со:
• Односи со јавноста и со властите како дел од граѓанскиот активизам;
• Комуникација со медиумите;
• Говорнички вештини.

Третиот модул е еднодневна средба каде учесниците ќе имаат прилика да ги споделат стекнатите искуства со првата и втората група учесници во Школата за активно граѓанство.

Критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите се:
• старосна граница: 18-35  години;
• активно членство во граѓанска организација или неформална група.

При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија (CV) на координаторката на проектот во Форум-ЦСИД, Соња Исмаил, на е-маил: sonja@forum-csrd.org.mk, заедно со писмо за мотивација.

Рокот за пријавување е 31 јануари 2013 година.

- Shkarkoni tekstin në gjuhën shqipe (.pdf)

#
Завршна конференција


Унапредување на политиките во областа на истражувањата во општествените науки во Република Македонија

image
кликнете на сликата за PDF верзија


Преземете ја агендата (.pdf, 294 KB)

#
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА И ДЕБАТА

„Црн понеделник и по него“



Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 20 март 2013 година (среда), со почеток во 12 часот, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, ќе одржи дебата на тема „Црниот понеделник и по него“ и промоција на книгата „Црн понеделник“.

Воведничарите – промотори: Светомир Шкариќ, д-р на правни науки, редовен професор по Уставно право во пензија; Радмила Шекеринска, поранешна вицепремиерка за евроинтеграции и актуелна пратеничка во Собранието на Република Македонија; Љубиша Николовски, новинар и Арсим Зеколи, политички аналитичар, ќе проговорат за можните последици и резултатите од настанот во Собранието на 24 декември 2012 година, од правен, политички и новинарски аспект. Модератор на дебатата ќе биде Гордана Дувњак. На промоцијата се поканети сите учесници во „црниот понеделник“, институциите и индивидуалците директно вклучени во отстранувањето пратеници и новинари од Собранието на Република Македонија, пратениците и новинарите, како и претставниците од дипломатскиот кор во Македонија.

Настанот може да го проследите во живо на: www.vozivo.mk


#
 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions