Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

Архива 2012

Архива на настани и новости 2012
ГЕМ бара оставки од Вељаноски, Јанкулоска и Груевски


gem logo


ГЕМ бара оставка од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски заради овозможување на полицијата да изврши упад во собраниската власт, што претставува насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија. Одговорноста на Трајко Вељаноски се состои во следново:

1) Прекршување на чл. 70 од Уставот на Република Македонија: „Седниците на Собранието се јавни. Собранието може да одлучи да работи без присуство на јавноста со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“ Без двотретинска одлука (за работа без присуство на јавноста), Трајко Вељаноски овозможил насилно исфрлање на новинарите од Собранието, кога бил гласан Законот за буџет.

2) Прекршување на други десетина членови од Уставот кои ги уредуваат правата на пратениците и нивниот мандат. Со овозможувањето насилно да се истераат група пратеници од Собранието за време на собраниска расправа, Трајко Вељаноски е одговорен за ускратувањето на нивните уставни права и за повреда на нивниот мандат.

3) Кршење на Законот за Собранието на Република Македонија, особено член 43 став 4: „За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на пратениците и надворешни лица кои учествуваат во работата на Собранието одлучува и донесува мерки претседателот на Собранието по претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.“ Трајко Вељаноски самоволно донел одлука за спроведување мерки без претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, а дел од нив биле и насилно истерани од собраниската сала, заедно со другите пратеници од опозицијата.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

Последователна форумска сесија во општина Гостивар



Во рамки проектот „Форуми во заедниците“ кој се имплементира во општина Гостивар, на 20 декември беше промовиран крајот на инфраструктурниот дел од проектот. На сесијата, на која  присуствуваа 75 граѓани, одговорните лица во општината ги презентираа резултатите од препораките дадени од граѓаните до општината, во текот на форумскиот процес.

Во периодот од септември 2011 до декември 2012 година, граѓаните на општина Гостивар имаа можност да партиципираат во серијалот буџетски форуми имплементирани од страна на Фондација отворено општество –Македонија. На петтата форумска сесија по пат на гласање, граѓаните на Гостивар решија средствата од проектниот фонд да бидат наменети за уредување на неуредениот дел од кејот на реката Вардар во општинскиот буџет за 2012 година. До средината на декември 2012 проектот беше завршен. Во текот на форумите, граѓаните на Гостивар упатија 14 препораки до општината, кои се однесуваа на конструкцијата на буџетот за 2012 година.

До крајот на форумскиот процес беа развиени вкупно пет проекти. Еден од нив е и уредувањето на кејот на реката Вардар, финансиран од проектниот фонд. Од останатите четири проекти кои  не влегоа во проектниот фонд, три се предвидени и реализирани во рамки на овогодинешниот општински буџет. Реализацијата на последниот проект беше оставена за следната буџетска година.

#
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Оглас за ко-модератори



usaidfosm


ФООМ и Програмата Форуми во заедниците објавуваат конкурси за ко-модератори во општините Кривогаштани и Тетово од Јануари 2013 година.

Повеќе информации за критериумите на конкурсите може да најдете

- конкурс Кривогаштани (.pdf)
- конкурс Тетово (.pdf)
- конкурс Тетово на алб.(.pdf)

#
Објавен повикот за научни трудови за годишната конференција на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан - 2013


Сите заинтересирани млади истражувачи и научници се поканети да аплицираат за учество на годишната конференција на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан која ќе се одржи во Белград, Србија од 23 до 26 мај, 2013 година.

Главни цели на конференцијата:

- Да им пружи можност на истражувачите кои се занимаваат со регионот да се соберат на едно место, да се вмрежуваат, да разменуваат искуства и да дискутираат за нивните истражувачки проекти и резултати;
- Да дискутираат за предизвиците, контрадикциите и амбивалентностите во процесот на трансформација на полето на општествени науки во Балканот;
- Да дискутираат на теми кои би можеле да бидат опфатени, со цел поефективно да се влијае врз развојот на политики со помош на резултатите од научни истражувања.

Погодни кандидати:
Студенти на докторски студии и студенти кои неодамна докторирале (по 2009 година) кои се занимаваат со Западен Балкан, желни да ја презентираат и дискутираат својата истражувачка работа со колегите од регионот и пошироко (особено резултатите од тековните истражувања) во врска со нашата општа тема „Општествени, политички и економски промени во Западен Балкан“.

Поконкретно, трудовите треба да се вклопуваат во една од следниве теми:

1) Полова политика и дискурси
2) Медиумски, политички и општествени дискурси
3) Нови општествени разлики / општествени и економски промени
4) Држави, мрежи и неформалност
5) Миграција, дијаспори и парични дознаки

Трудовите што ќе се презентираат може да опфаќаат општи теми од регионот или да се занимаваат со процесите на промена во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Сите заинтересирани кандидати треба да поднесат една PDF-датотека со кратка биографија (максимум 1 страница), резиме од предложениот труд за конференцијата (максимум 300 зборови) и кратко писмо за мотивација (максимум 1 страница) најдоцна до 19 јануари, 2013 г. на delia.imboden@unifr.ch и rrpp@unifr.ch

За повеќе информации кликнете тука (.pdf)

#
РЕГИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Македонија некаде на дното на истражувачката мапа



Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 20-ти декември организираше дебата на тема „Вмрежување и мобилност во општествените науки: Каде сме на истражувачката мапа?“ на која се анализираа состојбите во областа на мобилноста и вмрежувањето, кои се можностите и која е институционалната поддршка во креирањето услови и обезбедувањето развој на научно-истражувачката дејност во Република Македонија преку меѓународната соработка.

Маја Бојаџиевска, професор на Филолошкиот факултет и модератор на дебатата, ја подвлече важноста за дискусија на оваа суштествена тема и изрази жалење што ниту на оваа, ниту на претходните дебати не учествувале оние кои се најповикани. Проф. Бојаџиевска оцени дека темата на вмрежување и мобилност се надоврзува на претходните дискусии и изрази надеж дека на оваа дебата нема повторно да стигнеме до поразителни резултати кои ја дефинираат праксата и реалноста, наспроти пишаното во рамките на законите и правилниците.

 


Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Доделени грантови за заеднички акции на граѓански организации



usaidfosm


На конкурсот за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнаа вкупно 78 пријави од граѓански организации. Во согласност со буџетот на проектот, избрани се четири предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 56,413 УСД.

Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Проектите ќе бидат спроведени во период од 5 до 8 месеци.

Преземете го документот (.pdf)
Преземете го документот на албански (.pdf)

#
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Форумски сесии во општините Струга, Дебрца и Могила



strugaПрограма форуми во заедницата продолжи со реализација на форумските сесии во општините Струга, Дебрца и Могила и во декември 2012.

Четвртата сесија на меѓуопштинскиот форумски процес, меѓу општините Струга и Дебрца, се одржа на 6 декември. На сесијата, осумдесетина граѓани од двете општини ги разгледуваа концептите од кои ќе бидат развиени  проекти за реализација. Одобрување од форумот за понатамошна доработка добија следните предлог проекти: изградба на соодветна депонија; воспоставување систем за третман на органски отпад; изградба на станица за примарна селекција на отпад; воспоставување систем за собирање отпад и рециклирање на отпад.

Од овие концепти, на наредната форумска сесија, со гласање ќе се изберат проектите за реализација

Прочитајте повеќе >>>
Меѓународна конференција за проектот плаќање по учинок -“Отворено за плаќањето по учинок: Кој добива, кој губи?”


На 16-ти декември, со почеток од 10.00 часот во хотел Холидеј Ин, Милениум 1, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија се одржа  меѓународна конференција за проектот плаќање по учинок -“Отворено за плаќањето по учинок: Кој добива, кој губи”.

Целта на конференцијата  беше преку дебата заснована на научен пристап, со податоци и искуства од други европски земји,  да понуди одговори на неколку клучни прашања: Кој добива, кој губи од оваа реформа? Кои се опасностите и каде се можностите при дизајнирањето на реформите поврзани со плаќањето по учинок? Како да се направи успешен проект?

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ „ТРАНСПАРЕНТНА И ЕФИКАСНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА“


Промоција на истражувањето за задоволството на граѓаните од општинските услуги - „Гласот на граѓаните“

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, во 12 општини - партнери ќе го промовира извештајот насловен како „Гласот на граѓаните“ а кој што го опфаќа истражувањето за задоволството на граѓаните од општинските услуги во Република Македонија во 2012 година.

Овој извештај се базира на теренско истражување за мерење на задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти во 2012 година. Со оглед на фактот дека вакво истражување се прави трета година по ред, може да се направи споредбена анализа на трендот на задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од локалните власти за периодот 2010, 2011 и 2012 година.

Прочитајте повеќе >>>
ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРАВДА ПРИ ФОНДАЦИИТЕ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО

Европскиот суд ја оправда борбата за правда поврзана со вонправната екстрадиција



ЊУЈОРК, 13.12.2012- Европскиот суд за човекови права денес ја оправда долгата потрага за правда на Калед Eл Масри, германски државјанин кој пред девет години беше жртва на акција за вонправна екстрадиција спроведена од страна на Централната агенција за разузнавање на САД (ЦИА). Во својата одлука со која поставува правило, Европскиот суд понуди досега најсеопфатна осуда од страна на судско тело за она што го нарекува „тортура“ од страна на ЦИА за време на кампањата за вонправни екстрадиции на лица осомничени за тероризам, којашто беше лансирана по нападите од 11-ти септември врз Соединетите Американски Држави.

Дополнително на осудата за неоснованото апсење, затворање и испрашување на Ел Масри, судот утврди и дека таканаречените техники за „шок при апсење“ што ги примениле агентите на ЦИА при подготовката на неговото вонправно екстрадирање со авион во Авганистан вклучуваат деградирачко малтретирање коешто претставува тортура. Понатаму, одлуката на судот утврдува дека наводите на Ел Масри за малтретирањето на коешто бил подложен во период подолг од четири месеци додека бил притворен од страна на САД се „веродостојни без каков било сомнеж“.

Прочитајте повеќе >>>
Програма за образование на Роми

Успешно завршен првиот циклус мали училишни интеркултурни иницијативи



На 12-ти декември беа претставени резултатите од првиот циклус на проектот Мали училишни интеркултурни иницијативи реализиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија, во рамките на Програмата за образование на Роми на УСАИД, а во соработка со четири партнерски невладини организации и седум основни училишта од општините Прилеп Куманово и Ѓорче Петров.

Споменка Лазаревска, директор на програмата за образование во ФООМ, зборуваше за целите и активностите на Програмата, а за постигнатите резултати рече дека ќе остави да зборуваат оние кому оваа програма им е наменета, учениците и наставниците. Понатаму таа накусо ги објасни целите на малите грантови наменети за основни училишта вклучени во проектот.

Прочитајте повеќе >>>
ДЕБАТА „ЗАШТИТЕНИОТ СВЕДОК - ПОМЕЃУ ПРАВНАТА ДРЖАВА И ПРЕКРШУВАЊЕТО НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА”

Заштитениот сведок го ограничува правото на одбрана



Zastiten svedokПосебната истражна мерка за прикривање на идентитетот на заштитените сведоци во Македонија е полна со недоречености и контрадикторности. Честопати само исказот на заштитениот сведок е доволен за покренување обвинение и пресуда, голем број од досегашните заштитени сведоци биле обвинети во истото или некое друго кривично дела, а постоеле и случаи каде што иако сведокот бил со скриен идентитет, сепак сите знаеле за кого станува збор. Ова се дел од заклучоците изнесени на дебатата насловена како „Заштитениот сведок - помеѓу правната држава и прекршувањето на човековите права“, одржана на десетти декември во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет и Институтот за човекови права.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Повик за учесници



usaidfosm

Обуки за надгледување и застапување

Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува повик за учесници на обуки за градење капацитети на граѓанските организации за надгледување и застапување.

Обуките имаат за цел да им обезбедат на претставниците на граѓанските организации соодветно знаење и вештини за надгледување на властите и застапување.

Во периодот декември 2012 – април 2013 ќе бидат спроведени 10 обуки на следните теми:
- Пишување документи за ефективни политики
- Работилници за застапување
- Процесот на пристапување во ЕУ
- Мониторинг на трошењето јавни пари
- Мониторинг на процесот на спроведување на децентрализацијата, и
- Методологии за истражување и мониторинг.

Кандидатите за учество на овие обуки треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Активно членство во граѓанска организација или неформална група
- Да покажат интерес и разбирање за клучни прашања за граѓанскиот сектор на локално и/или регионално ниво
- Да покажат интерес за надгледување на работата на државните институции на локално и регионално ниво.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до 16-ти декември 2012 година, со испраќање кратка биографија и комплетно пополнета пријава на obuki@soros.org.mk.

Преземете:
- Пријава за учество (.docx)
- Опис на темите (.pdf)

Бројот на учесници е ограничен. Кандидатите може да се пријават за една или повеќе теми, при што максимум двајца претставници од иста организација може да бидат прифатени за една тема. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групите. Учеството на обуките е без надомест. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуките во горенаведениот период. Обуките ќе се одржуваат на македонски јазик од страна на искусни обучувачи на темите наведени погоре.

Повеќе информации на:
02/ 24 77 131
Катерина Николова
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Повик за учество



usaidfosmcrld


Работилница за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за поднесување пријави за грантови:
Рефлексија на пријавите поднесени на првиот циклус за грантови

Проектот на УСАИД за граѓанско општество има за цел да ги поддржи граѓанските организации во нивните напори за надгледување на властите и застапување, градење на своето членство и мобилизирање на граѓаните за суштински демократски прашања на локално и на национално ниво.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува повик за учесници на работилница која е дизајнирана да послужи како алатка за учење и размислување на граѓанските организации кои сакаат да поднесат пријава за грант во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Во текот на работилницата, учесниците ќе можат да:

- дознаат повеќе за успешните апликанти и да ги идентификуваат најголемите предности на досега поддржаните проекти;
- ги евалуираат најчестите грешки на граѓанските организации во рамки на првиот повик за доделување грантови и да ги разберат најголемите слабости во пријавите за грантови;
- ги идентификуваат можните начини за зајакнување на нивните капацитети за планирање на проекти; и
- се вмрежат со граѓански организации со слични мисии и други потенцијални партнери.

Кандидатите за учество во оваа работилница треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- активно членство во граѓанска организација или неформална група;
- да покажуваат интерес за и разбирање на клучните граѓански прашања на локално и/или национално ниво.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават до 12 декември 2012 година, со испраќање кратка биографија и комплетно пополнета пријава на info@reactor.org.mk.

Заинтересираните можат да ја преземат пријавата за учество тука

Во зависност од бројот на пријавени кандидати, ќе бидат организирани неколку работилници помеѓу 17-25 декември 2012 година. Се очекува кандидатите да бидат во можност да присуствуваат на еднодневна работилница во текот на овој период. Ќе се направат напори да се прифатат сите заинтересирани кои ќе се пријават, па поради тоа бројот на пријавени од една организација е ограничен на две лица.

Повеќе информации на:
02/3245-536 - Тамара Атанасовска

#
ТРКАЛЕЗНА МАСА

Ромите и имплементација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти



Фондацијата Отворено општество – Македонија(ФООМ), Здружението за хумано домување Хабитат Македонија и Здружението Национален ромски центар (НРЦ), на 30 ноември 2012 година, одржаа тркалезна маса „Ромите и имплементација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти – состојби и предизвици“, на која учесниците разговараа за состојбите со спроведувањето на Законот за постапување со бесправни објекти и предизвиците со кои се соочува ромската заедница.

Славица Инџевска, програмски директор во ФООМ, отворајќи ја дебата истакна дека проектот „Легализација на домувањето за Роми“, финансиран од Ургентниот фонд за надминување на последиците од економската криза на Фондациите Отворено општество, Канцеларијата за ромски иницијативи од Будимпешта и Хабитат Македонија, а директно имплементиран од Хабитат и НРЦ, има за цел да им помогне на ромските семејства да ги легализираат бесправно изградените домови и со тоа го остварат човековото право на домување, како клучен услов за интеграција на маргинализираните групи.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
ПРОМОЦИЈА НА „БОРБАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ 1870 – 1912“

Книга која говори за постојаноста на македонскиот идентитет



Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) на 29-ти ноември го промовираше македонското издание на книгата „Борбата за македонскиот идентитет 1870 – 1912“ од авторот Ник Анастасовски, издадена во 2006 година како докторски труд на Универзитетот Викторија во Австралија.

Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин подвлече дека периодот опфатен во книгата е период во кој во Европа, а и на Балканот се појавува и втемелува поимот нација и период во кој завршува владеењето на Отоманската империја. Период во кој Македонците немале ниту еден официјално признаен елемент кој ја одредува нацијата , како што се јазикот, црквата, културата, образованието, па оттаму македонскиот народ бил под постојан притисок и обиди за асимилирање од останатите соседни народи. Говорејќи за идентитетот, Милчин истакна дека Македонците успеале да го сочуваат идентитетот во тие бурни времиња и го постави прашањето дали денес, кога имаме своја држава и ги имаме сите елементи на нација, сме доволно силни да го зајакнеме и продлабочиме идентитетот, особено ако се земе предвид фактот што луѓе кои потекнуваат од тука, а живеат далеку од Македонија, прават многу повеќе за идентитетот, а имаат значително помалку ресурси.

vozivo.mk

Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Четврта форумска сесија во општина Могила



forumi vo zaednicataНа 23 ноември во општина Могила се одржа четвртата форумска сесија од серијалот буџетски форуми. На сесијата, 83 граѓаните имаа можност да ги слушнат предлог програмите за општинскиот буџет за 2013 година, кои општинската администрација ги конципирала врз база на дискусиите и предлозите дадени на претходните три форумски сесии.

Предлозите за инфраструктурни проекти, кои е потребно да се планираат во буџетот за 2013 година, се однесуваат на следните општински проблеми: изградба на Чешма, асфалтирање на пат – Бераница, легализација на приклучокот за струја во спортската сала, именување на улици во општината и оформување на сточен пазар.

Со свое излагање пред присутните се обрати и градоначалникот, Славко Велевски, а во рамките на форумската сесија беа објаснети правилата за избор на приоритетна програма и проекти кои ќе бидат финансирани од буџетот на програмата „Форуми во заедницата“ и општината.

#
Македонската лустрација (1999-2012)

Македонската лустрација е општествено штетен процес



Правната програма на Фондацијата Отворено – општество Македонија на 28-ми ноември ја промовираше книгата „Македонската лустрација (1999-2012) – настани, изјави, наслови; Примена на лустрациските прописи“, како дел од програмата со која Фондацијата прославува дваесет години постоење.

Историчарот Харлд Шенкер истакна дека од историски аспект лустрацијата претставува инструмент на морална и политичка деквалификација на општеството, кој зависи од процесот на транзиција, но и од суровоста на минатиот режим. За Шенкер, важно е по смена на системот, што побрзо да се започне лустрација, бидејќи тогаш таа е најефикасна како инструмент, а нејзиното спроведување многу зависи и од јавната дебата за лустрација, момент кој во Македонија не е доволно присутен.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
Промоција на книгата „Македонските деца - дедовци: Транснационалната политика на меморијата, егзилот и враќањето 1948-1998“ од Кит Браун


Антрополошки документ за колективниот идентитет на децата бегалци

Kit BraunФондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) на 27-ми ноември одржа дебата и промоција на книгата „Македонските деца-дедовци: Транснационалната политика на меморијата, егзилот и враќањето 1948-1998“ од Кит Браун.

Зборувајќи за авторот на делото, модераторот на дебатата, претседателката на Управниот одбор на ФООМ, Гордана Дувњак истакна дека и покрај блиските пријателства што Браун ги одржува со луѓе од Македонија, тој сепак има непристрасен пристап кон судбината на децата-бегалци, и дека неговото пишување е ослободено од дневно-политичките влијанија кон таа тема. Понатаму, додаде Дувњак, ставовите на Браун во однос на Граѓанската војна во Грција не се поклопуваат со ставовите на мнозинството историчари, но Браун создавал книги кои се отворени за дебата, а не се финални документи.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
ТРИБИНА „ЧИИ СЕ НАШИТЕ ПАРИ?“

Нашите пари се на Владата, а нејзините долгови се наши



Фондацијата отворено општество – Македонија на 2-ти ноември ја организираше трибината „Чии се нашите пари“ на која се дебатираше за постојаното задолжување на државата, висината на долгот, неговата одржливост и последиците од задолжувањето врз целокупната економска состојба во Македонија.

Целта за организирање ваква трибина според модераторот на трибината, новинарката Ида Протуѓер е да се подигне свеста кај граѓаните дека парите со кои располага Владата не се нејзини, туку дека се на сите граѓани на Република Македонија, а преку изборите, граѓаните само ги делегираат оние партии кои ќе победат да имаат право на управување со државните пари. Право, кое според Протуѓер, носи голема одговорност на домаќинско користење на буџетските пари.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
ФООМ и Здружение ХОПС – Опции за здрав живот

Проекција на документарниот филм „Чекајќи го неизбежното“



FilmФондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со Здружението ХОПС - Опции за здрав живот, на 23-ти ноември, одржа дебата и проекција на документарниот филм „Чекајќи го неизбежното“. Филм кој дава приказ на судските постапки по полициската акција „сузбивање на уличната проституција“ во ноември 2008 година, кога сексуалните работници/чки беа приведени и присилно тестирани за ХИВ и хепатитис Ц.

Нинослав Младеновиќ советник на постојаниот координатор на ОН за ХИВ/СИДА, (УНАИДС) се задржа на правните елементи во европските судски системи и препораките изработени од УНИДС во однос на темата. Младеновиќ ги презентираше измените на Законите во повеќе европски земји со кои се прават обиди да се стави крај на криминализацијата кон маргинализираните групи, со посебен акцент на сексуалните работници/чки, односно измени кои доведуваат до декриминализција на несвесното пренесување на ХИВ/СИДА. Младеновиќ изрази надеж дека ќе се поведе постапка за измена на членот 205, со што би се отстраниле можностите за негова злоупотреба.



Прочитајте повеќе >>>
РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН


Избегнувањето на почитувањето на законите, немањето издржана стратегија и програми за поддршка и недостатокот на финансии главната кочница во развојот на научно истражувачката дејност

Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 22ри ноември организираше дебата на тема „Поддршка на истражувањата во општествените науки – предизвици и перспективи“.

Отворајќи ја дебатата, новинарката Билјана Јовановска истакна дека ситуацијата со институционална поддршка за младите истражувачи во општествените науки воопшто не е розова, а згора на се постои и неоправдан молк од академската и стручната јавност.. „Има премалку пари за финансирање на истражувачки проекти и многу ретко се финансираат проекти во општествените науки. Владата целосно ги маргинализира општествените науки, со што се отвора сомнеж за намерно маргинализирање на општествените науки, бидејќи тие ја создаваат критичката мисла која е двигател на општеството.


Прочитајте повеќе >>>
ПРОМОЦИЈА НА СТУДИЈАТА „ПАРЛАМЕНТАРНАТА КОНТРОЛА НАД ВЛАДАТА ВО РМ“

Собранието е под целосна доминација на владата



KonferencijaФондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), на 21 ноември 2012, во рамките на одбележувањето на својот 20-годишен јубилеј, организираше промоција на четвртото издание од едицијата „Примената на законите под лупа“ посветено на парламентарната контрола над Владата. Сите учесници на промоцијата и дебатата се согласија дека во овој момент Парламентот не ја остварува својата уставна функција како контролор врз Владата, туку, дека Владата е таа која остварува комплетна доминација врз Парламентот.

vozivo.mk



Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

„Локалниот и регионалниот развој – потенцијал или параван?!“



usaidfosmcrld


Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија на 20-ти ноември, 2012 година организираа конференцијата на тема  „Локалниот и регионалниот развој – потенцијал или параван?!“ на која главен фокус беше напредокот на процесот на децентрализација во Македонија и предизвиците на локалниот и регионалниот развој.

Конференцијата ја отворија Гордана Дувњак, претседателка на Управниот одбор на ФООМ, Роберт Вуртс, директор на УСАИД во Македонија и Зоран Дамјановски, потпретседател на ЗЕЛС.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Одржани форумските сесии во општините Липково и Могила и меѓуопштинскиот форум во Струга и Дебрца



LipkovoВо рамките на проектот „Форуми во заедницата“, во ноември се одржаа форумски сесии во четири општини во Македонија. Проектот го зајакнува граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, со цел да го унапреди партнерството меѓу локалните субјекти и да изнајде поефикасни решенија за проблемите кои се од интерес на локалната заедница.

Втората форумска сесија од серијалот меѓуопштински форуми, меѓу општините Струга и Дебрца, се оддржа на 1 ноември во Дебрца, со учество на стотина граѓани од двете општини. Во текот на сесијата, граѓаните ги истакнаа проблемите со загадувањето на животната средина и потребата од итно решавање на проблемот со отпадот, а секоја работна маса предложи по пет начини/ предлози како да се решат проблемите кои ги имаат овие две општини. До следната сесија на меѓуопштински форум, која ке се одржи во општина Струга, овие предлози ќе бидат развиени во проектни концепти.


Прочитајте повеќе >>>
ПРОМОЦИЈА НА „ДЕЦАТА НА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА, БЕГАЛЦИТЕ И ПОЛИТИКАТА НА СЕЌАВАЊЕТО“


Прогонот на македонските деца бил систематско разбивање на македонското национално јадро во Грција

decata begalciФондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ) на 16-ти ноември организираше промоција на книгата „Децата на Граѓанската војна во Грција, бегалците и политиката на сеќавањето“ од Лоринг М. Денфорт и Рики ван Бусхотен која претставува научно дело во кое успешно се комбинирани архивските извори со етнографското теренско истражување на двајца автори кои пишуваат за Граѓанската војна во Грција и програмите за евакуација на 38.000 деца.

Говорејќи за историскиот аспект на книгата еден од промоторите, Тодор Чепреганов, директорот на Институтот за национална историја истакна дека евакуацијата на децата од Егејска Македонија во изминативе децении не го добила заслуженото внимание од историчарите, но во последните години сè почести се публикациите кои се занимаваат со прогонот на децата – бегалци. Иако евакуацијата на македонските деца се претставувала како хумана акција за нивно поштедување од ужасите на војната, прогонот на македонските деца бил систематско разбивање на македонското национално јадро во северна Грција, заклучи Чепреганов.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
Проектитис - холандската болест на финансирањето од ЕУ за Ромите

Анализа на финансирањето на Ромите од страна на ЕУ



Постои една болест која го засега ромското граѓанско општество во Европската унија, слично како холандската болест – која јас ја нарекувам „проектитис“. Холандската болест го поврзува зголемувањето на расположливите природни ресурси со намалувањето на производството и една парадоксална економска рецесија. Во мојата анализа го застапувам гледиштето дека експлозијата на достапни средства за инклузија на Ромите (ако не се анализира сериозно) доведува до значително зголемување на производството на хартија, реториката, скапите состаноци и севкупното намалување на ефикасноста на државните пари и работата на граѓанските иницијативи, како и до ерозија и исчезнување на некои од најважните столбови на ромското граѓанско општество. Оваа анализа може да се примени и за граѓанското општество воопшто, но мојата стручност ми дава поголем легитимитет да изнесувам аргументи конкретно за ромското граѓанско општество.

Експлозијата на европските пари на располагање за инклузијата на Ромите оди рака под рака со некои значителни проблеми. Ако не се справиме со овие проблеми тоа ќе доведе до катастрофа. Некои тврдат дека веќе имаме катастрофа.

Аргументите овде не се против европските фондови или Рамковната стратегија на ЕУ за Ромите. Сметам дека тие се многу потребни, бидејќи во спротивно земјите-членки со бројно ромско население веројатно ќе продолжат да не преземаат ништо за справување со анти-ромското расположение и исклученоста на Ромите. Многу позгодно за владите од Централна и Источна Европа е тивко да ја поттикнуваат миграцијата на Ромите и да бараат од Европската унија да ги реши „нивните" проблеми (со Ромите). Во минатото, во многу наврати високи официјални претставници не се двоумеа да исцртаат многу јасна, но сепак расистичка линија помеѓу „нив“ (Ромите) и „вистинските“ граѓани на земјите.

Целата анализа е достапна овде.
ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ГОСПОД НЕ Е ГОЛЕМ“ ОД КРИСТОФЕР ХИЧИНС

Делото на Хичинс како повод за религиска дебата во Македонија



Фондацијата Отворено општество - Македонија на деветти ноември организираше дебата по повод издавањето на македонски јазик на книгата „господ не е голем“ од Кристофер Хичинс, познат британски новинар, писател и оратор, оригинално издадена во 2007 година во тираж од половина милион примероци.

Отворајќи го настанот, модераторот Билјана Бејкова посочи дека дебатата и промоцијата на „господ не е голем“ не случајно се случува на 9-ти ноември, токму на истиот ден кога во 1989 година падна Берлинскиот ѕид. Ден, кога според Хичинс била ослободена една голема човечка енергија и дека токму таквиот настан како падот на берлинскиот ѕид и крајот на студената војна покажуваат колку на човекот не му се својствени послушноста, потчинетоста и ропството. Според Бејкова, главниот мотив на Хичинс е да предизвикува и да дебатира. „Хичинс беше убеден дека конфликтот е пожелен. Сметаше дека зборовите единство и обединување имаат голема привилегија која не ја заслужуваат. Во последното интервју за БиБиСи истакна: Јас не сум обединувач, јас сум разединувач. Сметам дека единствено разединувањето може да донесе прогрес. Политиката по својата дефиниција е разединување. Одбивам некој да ми каже што и како да мислам, што да речам, како да пишувам, особено не некој кој верува во фикции“ подвлече Бејкова.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
Композицијата „Kheljar Man“ на Шутка Рома Рап на компилацијата „The Womeximizer 2012“


Композицијата „Kheljar Man“ односно „Разиграј ме“ на „Шутка Рома Рап“ се најде на компилацијата „The Womeximizer 2012“. На цедето се сместени нумери од 20 најинтересни изведувачи од овогодинешниот издание на светскиот музички саем „Вомекс“, кој се одржа од 17 до 21 октомври во Солун. На реномираниот настан, „Шутка Рома Рап“ се претстави на сцената „Клуб Глобалкан“ посветена на музиката од Балканот. Тие беа меѓу деветте изведувачи кои од дури 300 пријавени беа избрани да настапат на оваа бина.

Слушнете ја песната >>>
Регионална програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан


Комерцијалната Томсон листа не може да биде предуслов за напредување во академската и научната кариера во општествените науки

Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања  во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество – Македонија на 6ти ноември организираше дебата на тема „Колку Законот за научно-истражувачка дејност овозможува академска извонредност во општествените науки“.

Според Ирена Цветковиќ, модератор на дебатата, дебата е организирана со цел да го отвори прашањето за чувствителноста на критериумите за вреднување и унапредување на академска извонредност во подрачјата на општествените науки во однос на научните вредности што ги одредува Законот за научно-истражувачка дејност. Оттаму, се дискутираше за критериумите по кои се вреднуваат академските трудови на македонските истражувачи, за фаворизирањето на Томсон базата на академски списанија и за нејзиниот Импакт Фактор како референта листа на цитирање.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОМОЦИЈА И ДЕБАТА

Промовирано фототипското издание на првата англиска верзија на „Граматика на македонскиот јазик“



Фондацијата Отворено општество - Македонија на петти ноември го промовираше фототипското издание на “Граматиката на македонскиот јазик“ од Хорас Лант.

Отворајќи ја промоцијата, извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин истакна дека во време кога има сè помалку грижа за македонскиот јазик, кога се негира значајноста на Блаже Конески и се сече поврзаноста со словенството, издавањето на оваа книга, Фондацијата го чувствува како потреба во заштитата на македонскиот јазик и нација, наспроти бројните обвинувања дека ФООМ води антидржавни политики. Милчин потсети дека „Граматиката“ на Лант, во времето на издавање, била силен научен аргумент спроти негирањето на македонскиот јазик од страна на соседите, негирање кое се случува и денес.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
КОНФЕРЕНЦИЈА „ШАНСА ИЛИ ПРЕДИЗВИК“

Перспективите на Македонија – со полна пареа до декември 2012



usaidfosmmcet


Со конференцијата „Шанса или предизвик“ на теми за напредокот на евроинтегративните процеси, а во организација на ФООМ и МЦЕО, на 2 ноември започна одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество - Македонија.

„Денешната конференција е важна и суштински и симболички, со неа се одбележува 20 годишнината од постоењето на ФООМ , но и 10 години од постоењето на Македонскиот центар за европско образование, посветен партнер нашите напори на планот на пристапувањето на РМ во ЕУ. Ние го следиме интересот на граѓаните на Република Македонија“, рече Владимир Милчин.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
Македонската територијална организација пример за Молдавија


Во рамките на студиската посета на високата делегација на Молдавија, дел од проектот „Обезбедување трансформации преку спроведување административно - територијални реформи“, на 2 ноември се одржа тркалезната маса „Територијалната организација во Македонија“. На тркалезната маса говореа проф. Д-р Јове Кекеновски, проф. Ризван Сулејмани, Горан Ангелов, Аце Коцевски и други експерти, активни учесници во процесот на административна и територијална организација на Република Македонија.

Дванаесетчлената висока делегација на Молдавија, составена од: Државниот канцелар и Заменик државниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Молдавија, претседатели на регионалните совет на Хинести, Унгени, Сороса, Орфеи, Теленести и Леова, градоначалникот на општина Миндрести, како и претставници од НВО секторот, престојува во Македонија од 29 октомври. Делегацијата ги посети општините Гостивар, Велес, Аеродром, Илинден и Кавадарци, како и Градот Скопје и се запозна со македонското искуство во спроведувањето на административно територијалните реформи. За време на посетата, членовите на делегацијата се сретнаа со претставници на Министерството за локална самоуправа, градоначалници, граѓански организации, универзитетски професори и други експерти, вклучени во процесот на децентрализација на Република Македонија.

Делегацијата од Молдавија ќе ги пренесе искуствата стекнати за време на студиската посета во дизајнирањето на сопствениот модел на територијална организација.

Студиската посета е дел од проектот „Обезбедување трансформации преку спроведување административно - територијални реформи“, реализиран од страна на Институтот за динамичен развој "Сфера Нова" од Република Македонија и Бизнис Консалтинг институт (BCI) од Молдавија, со цел да се разменат искуства од областа на територијалната организација, децентрализацијата и нивна ефикасна примена во пракса. Проектот е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, во рамките на програмата East-East Beyond Borders.

#
Реакција од 58 организации до Државната комисија за спречување корупција


Реакција од 58 организации до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за утврдените потреби да се воведе обврска за доставување анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси од страна на членовите на извршните органи на граѓанските оганизации


58 организации денеска, 31 октомври, испратија Реакција до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за утврдените потреби од страна на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) за измена на (1) Законот за здруженија и фондации, (2) Законот за спречување корупција и (3) Законот за спречување судир на интереси согласно Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавите на судир на интереси со Акционен  план за 2011-2015 година.

Имено, 58 организации се обраќаат до претседателката на ДКСК со цел да ги истакнат забелешките и сугестиите во врска со дел од предвидените решенија за надминување на констатираните проблеми во Секторот XI – Медиуми и граѓанско општество од Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и Државната програма за превенција и намалување на појавите на судир на интереси со Акционен  план за 2011-2015 година (Државни програми со Акционен план). Во Државните програми со Акционен план наместо зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата се утврдува потреба од менување на правната рамка за граѓанскиот сектор, со што би се наметнале нови обврски кои се спротивни на основната цел, улогата и активностите на граѓанскиот сектор - да биде “watchdog” или контролор врз работата на јавниот сектор.

За 58-те организации е нејасно врз основа на која анализа, препораки и/или компаративна пракса ДКСК утврдила потреба да се воведе обврска за доставување анкетен лист за имотната состојба и изјава за интереси од страна на членовите на извршните органи на граѓанските оганизации. Активноста за пријавување на имотната состојба и судирот на интереси за членовите на извршните органи во граѓанскиот сектор (што би ги опфатило председателите, извршните директори и членовите на Управните одбори) според Државните програми со Акционен план е спротивна на меѓународната регулатива од областа за спречување корупција, посебно на Конвенцијата на ООН против корупцијата

58-те организации не сакаат да веруваат дека ДКСК има намера да предложи преку измена на Законот за спречување на корупцијата и Законот за спречување на судир на интереси воведување на обврски за граѓанскиот сектор што единствено ќе значи контрола од јавниот сектор врз граѓанскиот сектор, а во суштина треба да е обратно, бидејќи по дефиниција граѓанскиот има улога на “watchdog” врз работата на јавниот сектор. Затоа, бараме од ДКСК ревидирање на Секторот XI – Медиуми и граѓанско општество од  Државните програми со Акционен план во кој овие предлози ќе бидат земени предвид.

Целата Реакција можете да ја преземете тука.

#
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Одржани форумските сесии во општините Карпош, Липково и Могила



Во рамките на проектот „Форуми во заедницата“, во октомври се одржаа форумски сесии во три општини во Македонија. Проектот го зајакнува граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, со цел да го унапреди партнерството меѓу локалните субјекти и да изнајде поефикасни решенија за проблемите кои се од интерес на локалната заедница.

Четвртата форумска сесија во општина Липково се одржа на 18 октомври, во присуство на 104 граѓани. На сесијата беа презентирани деветте предлог проекти кои работните групи ги завиваа во текот на форумскиот процес. Сите предлог проекти беа одобрени да одат на гласање на наредната, петта форумска сесија. Предлог проектите од кои граѓаните ќе изберат кој да се реализира се следните: асфалтирање на улиците во Општина Липково; изградба на детско игралиште со опрема за играње; осветлување на дворот на „Медицинскиот центар“и купување на медицинско возило за потребите на општината; централно греење во ОУ „7 Март“; чистење на речното корито во Липково и на дивите депонии; реконструкција на ОУ „Риљинда“; реконструкција на ОУ „Фаик Коница“; реконструкција на системот за водоснабдување во Ваксинце, Оризаре, Отлја и Матејче и реконструкција на мостот на локалниот пат Слупчане – Оризаре.

Во општина Карпош, на 19 октомври, во просториите на ООУ „Лазо Трповски“ се одржа петата, претпоследна форумска сесија од проектот „Форум на Заедницата“. Во присуство на повеќе од 200 учесници, од предложените пет предлог проекти, за финансирање од проектниот фонд, граѓаните го избраа проектот „Подобрување на условите за реализација на воспитно образовната работа и намалување на оперативните трошоци во ЈУОДГ Пролет“ со вкупен буџет од 5.607.802,00 денари.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, изрази задоволство од големото присуство и интерес од граѓаните, како и од квалитетот на изработените проекти и даде ветување дека проектите кои нема да се финансираат од проектниот фонд на програмата ќе бидат финансирани од други извори. Јакимовски најави дека следната година општината ќе предвиди средства за спроведување на Форумски сесии во секоја од месните заедници, со цел граѓаните самите да детектираат и одлучат кои се приоритетите.

Во општина Могила, проектот продолжи со реализација на втората сесија од серијалот буџетски форуми, на 23 октомври. На форумската сесија, стотина граѓаните имаа можност да се запознаат со различните основи на приходи во општинскиот буџет и со остварените приходи во 2012 година. Едновремено, пред граѓаните беа презентирани развојниот план на општината и стратешките приоритети за 2013 година. Граѓаните дискутираа и за можностите за зголемување на приходите во буџетот.

#
РЕАКЦИЈА НА АМНЕСТИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ

Македонија: Владата мора да ги заштити ЛГБТИ лицата од дискриминација



Неодамнешниот напад врз Центарот за поддршка на лезбејки, геј мажи, бисексуалци, трансродни лица и интерсексуалци (ЛГБТИ) во Република Македонија ја нагласува итната потреба за заштита преку закон од сите форми на дискриминација врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, рече Амнести Интернационал денес.

Во утринските часови на 24 октомври, канцеларијата на ново-отворениот Центар за поддршка на ЛГБТИ заедницата во главниот град Скопје беше каменувана и неколку прозорци беа скршени. Според полицијата, нападот бил извршен во текот на ноќта од страна на три маскирани лица. За среќа, во тој момент во објектот немало лица и никој не е повреден.

Дискриминацијата врз ЛГБТ заедницата во Македонија и потребата од закони за недискриминација се добро познати и документирани. На пример, на 10 октомври 2012 година, Европската комисија извести дека „Лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните лица, односно ЛГБТ заедницата трпи постојана дискриминација и стигматизација.“ Комисијата, исто така, ја повтори својата загриженост дека дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација сè уште не е вклучена во Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Два дена подоцна, на 12 октомври, Министерот за труд и социјална политика, одговорен и за заштита од дискриминација, наместо да ја признае потребата за гарантирање на правата на ЛГБТ заедницата, ја искористи можноста на конференцијата на УНИЦЕФ за да го изрази своето несогласување со заложбите за еднакви права на брак за ЛГБТ лицата. Подоцна, тој го повтори својот став на една национална телевизија, и на неговиот личен фејсбук профил. Премиерот Груевски, исто така, ги критикуваше повиците за овозможување еднакви права на брак, при што ова прашање го поврза со опаѓачката стапка на наталитет во земјата. Досега, македонските власти не успеаја во Законот за спречување и заштита од дискриминација да ја вклучат заштитата од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, иако законот е во сила од 1 јануари 2011 година. Освен тоа, не постојат никакви законски одредби за истрага и прогон на кривчни дела од омраза, вклучително и оние сторени врз основа на сексуалната ориентација или родовиот идентитет.

Амнести Интернационал ги повикува македонските власти да гарантираат ажурни, непристрасни и ефективни истраги за секој напад врз животот или имотот на ЛГБТИ лицата или организациите. Сите наводи за хомофобични или трансфобични мотиви треба да бидат детално истражени и сите лица за кои постојат доволно докази за сторени кривични дела треба да бидат изведени пред суд.

Владата треба веднаш да преземе мерки за измени и дополнувања на законодавството за недискриминација, со цел да ги вклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за заштита од дискриминација. Освен тоа, во отсуство на законодавство коешто забранува кривични дела од омраза, владата треба, без одложување и во консултации со ЛГБТ организациите, да донесе вакви закони, коишто посебно ќе ги вклучат кривичните дела од омраза врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како и етничката припадност, расата, родот и другите основи признати во меѓународните стандарди. На крајот, Амнести Интернационал ги повикува Премиерот, Министерот и сите други јавни функционери и владини претставници јавно да ги осудат дискриминацијата и насилството врз ЛГБТИ лицата.

Линк до соопштението на Амнести Интернационал

#
АМАН Протест


aman-protest-pela-web
ПРАВНА ПРОГРАМА

Обука: “Стратешко водење на постапките во кои е одобрена бесплатна правна помош”



Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Македонското здружение на младите правници (МЗМП) од 19 до 21 октомври 2012 година во Охрид организираше обука на тема: “Стратешко водење на постапките во кои е одобрена бесплатна правна помош”. На обуката учествуваа овластените здруженија и дел од регистрираните адвокати за бесплатна правна помош кои имаа можност да се стекнат со знаења за стратешкото водење постапки, значењето, употребата и ефектите кои можат да бидат постигнати од стратешкото водење на постапките. Со учесниците на обуката, кои работеа практично на идентификување и развивање предмети за стратешко водење, работеа Даријан Павли, адвокат од Отворено општество Иницијатива за правда (Open Society Justice Initiative) и Филип Медарски, адвокат од Скопје. Дополнително, учесниците имаа можност да се запознаат и да стекнат знаења за  постапката пред Европскиот суд за човекови права во Стразбург како ефикасно средство за стратешко водење на постапките.



#
Вовед во Фондацијата Отворено општество




#
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Прва сесија на буџетскиот форум во општина Могила



На 8 октомври, во Ресторанот „Колта“, беше одржана првата форумска сесија од буџетскиот форум во општина Могила, на која градоначалникот Славко Велевски им се обрати на шеесетина присутни граѓани.

Граѓаните имаа можност да се запознаат со форумскиот процес и одликите карактеристични за буџетскиот форум. По утврдувањето на структурата на форумот и поделбата по работни маси, присутните се запознаа со активностите за реализацијата на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за 2012 година, а се дискутираше и за приоритетите за развој на општината во 2013 година.

Следната форумска сесија во Могила ќе се одржи на 22 октомври 2012 година.

#
Наместо да штити, Министерот за труд и социјала дискриминира


Организациите Коалиција ’Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници’, Фондација отворено општество – Македонија, Македонски хелсиншки комитет, ЛГБТ Јунајтед и ХОПС, на заедничката прес- конференција, одржана на 14 октомври, реагираа на неколкуте последователни вознемирувачки и дискриминаторски изјави на Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Заедничка стратегиска определба на организациите е залагање за интеграцијата на општествено маргинализираните групи, па оттука го црпат легитимниот интерес за спротивставување на изјавите дадени кон хомосексуалните лица и двојки.

Организациите со големо жалење констатираа дека во изминативе неколку дена владејачката структура, во името на освојување на гласачкото тело, ја продолжува бескрупулозната и недемократска тенденција на манипулација со популистички аргументи и мобилизација на класичните предрасуди и стравови на општата популација. Изјавите од 2006 г во изборната кампања, кога ВМРО дојде на власта, тогаш од страна на Антонио Милошовски, а со кои тој правеше поделба на македонското општество на здраво и болно, пришто здравиот сегмент од општеството беше резервиран за хетеросексуалната брачна репродуктивна двојка, деновиве беа продолжени од страна и на Министерот за ТСП, Спиро Ристовски. Големо е разочарувањето кога ваквите изјави доаѓаат токму од институцијата која треба да застане во заштитата од дискриминација, и уште поважно, во промоцијата на недискриминациските принципи и вредности. Големо е разочарувањето дека владејачката структура, онаа којашто очигледно ја претставува Минситерот во својата функција на претставник на сите граѓани на РМ, го продолжува својот сензационалистички и недемократски монолог по однос прашањето на семејството, бракот, и конечно, истополовите заедници.

Прочитајте повеќе >>>
Коментари на ФООМ и МЦЕО за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2012 година


Годинава, како и претходните, Фондацијата Oтворено општество Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) изготвија компаративна анализа на извештаите за напредокот на Република Македонија за периодот 2009-2012 година со надеж дека на тој начин подобро ќе се согледа темпото со кое нашата држава се приближува или оддалечува од Европската унија (ЕУ). Годинава компаративната анализа ја насловивме „Европски розови облачиња“, бидејќи кога се анализира Извештајот 2012 наспроти задачите од Пристапното партнерство и проблемите веќе забележани во претходните извештаи, се добива појасна претстава за тоа која е вистинската динамика на пристапување на нашата држава кон Европската унија, која воопшто не е розово.

Направената анализа наведува на неколку општи заклучоци:

1. Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) успеа да ја врати европската интеграција во реформската агенда на Република Македонија. Ги поздравуваме и дополнителните напори на Европската комисија (ЕК) насочени кон изнаоѓање на решение за спорот со името со Република Грција со надеж дека конечно ќе се одблокираат европските интеграции. Меѓутоа, анализата на „розовите“ страници на, според Владата најпозитивниот Извештај досега, покажува нешто друго - проблемот со името не е единствениот проблем кој стои на патот на македонските евроинтеграции. Ако трезвено ги погледнеме деталите, неодминливо ќе заклучиме дека враќањето на европската агенда е повеќе на реторичко и симболичко ниво (наместо меѓусебни напади Груевски и Филе пишуваат заеднички колумни или Владата повеќе не шири евроскептицизам) отколку на реално и суштинско ниво (решавањето на проблемите во судството, справувањето со корупцијата и намалувањето на невработеноста и сиромаштијата). Деталната анализа покажува дека Македонија има сериозен проблем со напредокот во реформите.

Прочитајте повеќе >>>
ИНТЕРВЈУ

Милчин: Во Македонија денес е опасно да се биде малцинство од кој било вид



Професорот Владимир Милчин, истакнат режисер чиишто претстави со децении наназад ја воодушевуваат публиката и критиката ширум светот, веќе речиси 20 години е прв човек на Фондацијата Отворено општество Македонија, една од најголемите невладини организации кај нас. Оваа улога, неговото, условно речено, политичко дејствување, како и критичкото опсервирање на системот, општеството и власта, и во минатиот еднопартиски систем, а и сега, се причини поради кои професорот Милчин е во честа конфронтација со владејачките структури, кои кон него употребуваа(т) една широка палета на форми на притисок – од полициско следење, па се до јавно етикетирање, стигматизирање и обиди за јавно дискредитирање. Со него разговараме за граѓанскиот активизам и активното граѓанство, кондицијата на граѓанскиот сектор, влијанието на политиката и односот на медиумите кон оваа општествена сфера, состојбата со човековите и малцинските права во земјава.

АКТИВ: Која е Вашата оценка за кондицијата на граѓанскиот сектор денес? Дали граѓанските организации ја остваруваат својата општествена улога, или пак се во право критичарите, кои ги обвинуваат невладините за затвореност во кабинети, работа со затворен круг на луѓе на обуки, семинари и немање директен допир со ситуацијата на терен и вистинските потреби на граѓаните?

Милчин: Не сум сигурен дека разбирам што подразбирате под „општествена улога на граѓанските организации“. Нивната улога ја определуваат членовите, кога станува збор за здруженијата, или управните одбори, кога станува збор за фондациите. Не може ниту да се бара ниту да се очекува ист пристап и исти резултати од институционализирани организации кои експертски и континуирано го набљудуваат трошењето на јавните пари, од една страна, и неформални иницијативи кои изразуваат негодување против одделни постапки на власта. Едното не го исклучува другото. И не треба. И едното и другото се легитимни облици на дејствување во граѓанското општество. Полицентричноста и плурализмот се суштински карактеристики на невладиниот сектор. А во обвинувањата што ги спомнувате има и едно што во еден глас го пеат и Латас и некои активисти од крајната левица. Демек, Фондацијата отворено општество – Македонија била виновна што кај нас нема вистински граѓански сектор! Се разбира, без ниту еден вистински аргумент кој би го поткрепил обвинувањето.

Повеќе: http://aktiv.org.mk/mk/resources/sodrzini-aktiv/213-milcin-vo-makedonija-denes-e-opasno-da-se-bide-malcinstvo-od-bilo-koj-vid

#
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Прва заедничка форумска сесија меѓу општините Струга и Дебарца



Форуми во заедницатаФондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) започна со реализација на новиот циклус на Програмата „Форуми во заедницата“, во општините Струга и Дебарца. Програмата ја финансираат општините и Швајцарската агенција за развој и соработка.  

Во Струга, на првата форумска сесија одржана на 27 септември, присуствуваа 110 жители од двете општини. На првата сесија од циклусот меѓуопштински форуми беше воспоставена структурата на форумот и беа формирани тематски поделени работни маси. Работните маси ќе работат на дефинирање на проекти кои треба да бидат разработени до крајот на 5-тата форумска сесија.

Следната сесија на меѓуопштинскиот форум ќе се одржи кон крајот на октомври, во с. Мешеишта, на територија на општина Дебарца.

#
ПРОГРАМА ЗА ЈАВНО ЗДРАВСТВО


Работилница - Од мониторинг во заедницата и применета анализа на буџет до подобрување на имунизација на децата Роми

Фондацијата Отворено општество – Македонија(ФООМ), во партнерство со Мрежната програма за јавно здравство од Њујорк, организира дводневна работилница - Од мониторинг во заедницата и применета анализа на буџет до подобрување на имунизација на децата Роми. Настанот ќе се одржи во период 4-6 октомври 2012, хотел Милениум, Охрид.

Обуката е наменета за грантистите на ФООМ кои работат на проекти од областа на здравствените права на Ромите и проекти за мониторинг во заедницата.

Целта на планираната работилница е изработка на интегрирана стратегија за застапување и акционен план, како и и подобрување на практиките поврзани со мониторингот во заедницата и применетата анализа на буџетот за идната година, кои ќе бидат функционални на национално и локално ниво.

#
ПРАВНА ПРОГРАМА

Законот за слободен пристап до информации е добар, но не се спроведува целосно



Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, и понатаму не се имплементира правилно.  Иако од неговото стапување во сила изминаа шест години, граѓаните и институциите се уште имаат проблеми при добивање на информации од јавен карактер. Ова се генералните заклучоци во анализата за имплементација на Законот, изработена од Фондацијата Отворено општество-Македонија (ФООМ) која беше претставена на 27 септември 2012, еден ден пред „Меѓународниот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Презентирајќи ги наодите во анализата, Данче Даниловска, оцени дека Законот е добар но проблематична примената, и тоа на повеќе нивоа.  „40 отсто од  поднесените 732 барања беа обжалени пред Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. При тоа, дури половина од поднесените жалби се заради молчење на администрацијата“ истакна Даниловска.

Од поднесените жалби може да се забележи дека локалната власт е помалку отворена од централната . Од 255 барања поднесени до единиците на локалната самоуправа во 41,6 отсто од случаите имало молчење на администрацијата. Покрај тоа, имателите на информации со општи или нејасни одговори се обидуваат да избегнат давање на информациите. Таков бил случајот со „Комисијата за верификација на факти“ каде што биле обжалени дури 119 од вкупно 123 поднесени барања. Комисијата на поднесените барања одговарала нејасно или општо или препорачувала да се посети нејзината веб страна, на која што не се наоѓаат бараните информации.

Анализата покажува дека е доведена во прашање и независноста на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер. „Комисијата е во незавидна позиција со исклучително скромен буџет кој споредено со 2007 година е намален за 30 отсто. Поради тоа голем број од предвидените активности за 2011 година останале нереализирани. Исто така постои и кадровски проблем, се уште непополнети човечки капацитети во нејзиниот Секретаријат, а за избор на двајца членови на Комисијата се чекаше повеќе од една година“ стои во Анализата.

Заклучокот на ФООМ е дека Законот формално постои, но давателите на информации наоѓаат начин за заобиколување и не даваат информации. Иако за септември годинава била планирана измена на Законот, од Правната програма на ФООМ, оценуваат дека Законот е добар и не треба да подлежи на промени, туку да се работи на негово целосно спроведување.

Анализата ќе биде публикувана на македонски и англиски јазик во текот на месец ноември, по повод одбележувањето на 20 годишнината на ФООМ.


Соопштение за јавност (.pdf)



#
ОЦЕНКИ ЗА ПРИСТАПНИОТ ДИЈАЛОГ НА ВИСОКО НИВО

Како досега, како отсега?



Приоритетните цели се поставени недоволно амбициозно

Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 18-ти септември организираа дебата на која беа изнесени наодите од следењето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) преку анализа на исполнувањето на целите и мерките од Оперативниот патоказ.

Генерален заклучок на десеттината говорници од граѓански организации, кои одблиску ги следат областите опфатени со Оперативниот патоказ, е дека мерките и целите кои се содржани во Патоказот се нецелосни, недоволно амбициозно поставени, и главно на техничко ниво, без намера да понудат вистински решенија за клучните проблеми. Исто така, заклучено беше дека голем број од проблемите во реалноста, а кои пак се составен дел на петте области дефинирани во Оперативниот патоказ (слобода на изразување, владеење на право, јавна администрација, изборно законодавство и пазарна економија), не се воопшто вклучени. Невладините организации се согласија дека изостанува суштинска инклузивност на процесот, односно граѓанскиот сектор е вклучен само во две од областите и тоа слобода на изразување и избори, а за останатите три области вклучувањето е само формално, т.е. на ниво на формални средби на кои се информирани за постигнувањата и напредокот во реализацијата на целите и мерките.



Прочитајте повеќе >>>
БРИФИНГ ЗА НОВИНАРИ

ТЕМА: ЛУСТРАЦИЈА



Правната програма на Фондацијата отворено општество – Македонија на 14 септември,  го одржа вториот брифинг на тема лустрација, со цел да ги информира новинарите за содржината на добиените одговори на 238-те испратени барања за слободен пристап до информации од јавен карактер. Главен фокус на истражувањето што го спроведува ФООМ е работењето на Комисијата за верификација на фактите, и нејзините законски и практични капацитети да го спроведе процесот на лустрација во согласност со меѓународните стандарди за почитување на човековите права.

ФООМ во јули оваа година испрати вкупно 238 барања за пристап до информации од јавен карактер до институциите кои имаат надлежност во процесот на спроведување на лустрацијата. Институциите доставија одговор за 85 проценти од барањата, од кои дури 63 проценти се обжалени поради несоодветен одговор. Останатите 15 проценти од барањата беа игнорирани од институциите. И покрај тоа што Законот за лустрација, определува дека истиот ќе се спроведува во периодот до отпочнувањето на примената на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како момент од кој се смета дека отвореноста на институциите е загарантирана, вкупниот број од 69 проценти обжалени барања говори дека пристапот до информации не се остварува.

Комисијата и покрај тоа што одговори на сите прашања, всушност, 87 пати повтори дека барањето на ФООМ за пристап до информации од јавен карактер е поставено во вид на прашање за кое се бара одговор, а Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија не може да го подведе ова барање под ниту една форма предвидена во Законот. На останатите 36 барања на Комисијата не ѝ пречела прашалната форма, па во својот одговор нѐ упатува на нејзината веб страница, на линкот каде се поставени шестмесечните извештаи на Комисијата.

Вредно за споделување е и тоа дека дури 8 барања се преупатени од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање до Комисијата, за кои сѐ уште не сме добиле никаков одговор. Според ова е очигледно дека главниот актер во спроведувањето на Законот за лустрација нема намера да ја информира јавноста за начинот на кој го води овој битен процес со кој би требало да се овозможи понатамошната демократизација на македонското општество.



Одговори лустрација (.pdf)

Втор брифинг за лустрација (.pdf)

#
ПОКАНА ЗА ДЕБАТА

Оценки за Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН): Како досега, а како отсега?



Во организација на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), на 18 септември 2012 година, во вторник, во 11 часот, во ГЕМ клубот (Менада, Стара чаршија), ќе се одржи дебатата Оценки за Пристапниот дијалог на високо ниво: Како досега, а како отсега?.

На дебатата ќе бидат презентирани наодите на МЦЕО од следењето на креирањето и спроведувањето на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) како и резултатите од анкетата која МЦЕО ја спроведе за инклузивноста и значењето на ПДВН. Во продолжение ќе следат излагањата на претставниците на релевантни граѓански организации кои одблизу следат една или повеќе од приоритетните области опфатени со ПДВН (медиуми, владеење на правото, јавна администрација, изборна реформа, економија) во кои ќе бидат изнесени нивните наоди, искуства и идеи поврзани со ПДВН.

Панелисти ќе бидат: Бојан Маричиќ (МЦЕО), Роберто Беличанец (Центар за развој на медиуми), Маргарита Цаца-Николовска (Институт за човекови права), Фани Каранфилова-Пановска (Фондација Отворено општество-Македонија), Ана Јаневска (Транспарентност Македонија) и Билјана Стојановска (Институт за европска политика), а модератор Андреја Стојковски.

Сценарио за дебата (.pdf)


#
„Шутка Рома рап“ на 18 октомври на „Вомекс“


Македонскиот состав „Шутка Рома рап“ на 18 октомври ќе настапи пред музичката елита на годинешното издание на еден од најзначајните светски музички настани, „Вомекс“ (Ворлд мјузик експо). Секое издание на манифестацијата, која на едно место собира илјданици музички професионалци (новинари, организатори на фестивали, музички агенти), се одржува во различна европска метропола. Годинава, „Вомекс“ ќе се случува од 18 до 20 октомври во Солун, Грција. Раперите од „Шутка Рома рап“ придружувани од бенд во живо ќе свират на „Глобалкан“ сцената. Тие беа избрани меѓу деветте изведувачи од повеќе од 300 пријавени. Идејата зад „Вомекс“ е настапите на музичарите да ги погледнат еминентни претставници од музичката фела и со тоа да се отворат можности за ангажмани и договори за престојната година. Дополнителен успех е тоа што една песна на „Шутка Рома рап“ ќе се најде и на престижната компилација „Womeximizer“ на која се сместени нумери од 15 до 20 најинтересни изведувачи на „Вомекс“.

Проектот „Шутка Рома рап“ стартуваше во 2010 година. Фондацијата Отворено општество – Македонија ја издаде комплицијата „I Šutka Tani Mo Than“ (Шутка моето родно место). На цедето се најдоа неколку рапери од Шуто Оризари кои обработуваат различни теми од нивното секојдневие во оваа скопска населба. Албумот беше одлично оценет од светската музичка јавност, а поради тоа се формираше бенд за концертните потреби во кој влегоа четворица од раперите кои што беа и на цедето. Тие настапија на повеќе реномирани европски фестивали меѓу кои и „Сигет“ во Унгарија и „Роскилде“ во Данска. Но годинава бендот влезе во нова фаза од својот животен пат и во составот влегоа четворица нови ромски рапери додека од старата екипа останаа само тројца. Новиот албум со оваа постава е во завршна фаза, а веќе постои интерес од дискографската куќа „Пирана мјузик“ од Берлин, Германија за издавање на цедето.

Линк до програмата на овогодинешниот „Вомекс“.


#
ПРАВНА ПРОГРАМА

Коментари на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција



Во недостаток на јавна дискусија во процесот на подготвување на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) испрати денеска (12 септември 2012) коментари на Предлог законот до Претседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска, искористувајќи ја така единствена прилика за дискусија на значајните измени кои се прават со овој предлог закон.

ФООМ, во текот на 2008 и 2009 година, го поддржуваше процесот на донесување на новиот Закон за кривична постапка, кој е на сила од ноември 2010 година, во соработка со Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, Мисијата на ОБСЕ во РМ, ОПДАТ (Overseas Prosecutorial Development, Assistance and Training, The US Department of justice) и Министерството за правда. Во периодот од две години беа организирани повеќе од 20 стручни расправи за секоја од подобластите кои се опфатени со Законот за кривична постапка.

Имајќи предвид дека донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за полиција (предлог законот) се носи, во најголема мера, заради усогласување со Законот за кривична постапка, ФООМ смета дека е од исклучително значење да се задржи духот на јавна расправа за решенијата кои ги содржи предлог законот, и со тоа ќе се придонесе за повисок степен на инкорпорираност на стандардите за заштита на човековите права во домашното законодавство.

И покрај низата недоследности за кои ФООМ смета дека ги содржи предлог законот, особено во одредбите кои се однесуваат на лишувањето од слобода, коментарот испратен до Шеќеринска се задржува на собирањето, обработката, анализирањето, проценувањето, оценувањето, користењето, пренесувањето и бришењето на личните податоци, како и на недоволните процесни гаранции на сторителите на прекршочни дела кои, во согласност со законот, можат да бидат лишени од слобода.

Во прилог се Коментарите на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција.

#
Прва средба на грантистите од Проектот на УСАИД за граѓанско општество


Четириесетина претставници од граѓанските организации поддржани од Проектот на УСАИД за граѓанско општество учествуваа на првата средба во Маврово одржана на 6 и 7 септември. Учесниците имаа можност да научат како се подготвуваат стратегии за комуникации и застапување, да се запознаат со начините и процедурите за известување, мониторинг и евалуација, но и да се запознаат со активностите на секој од поддржаните проекти.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество поддржа 23 проекти во две категории: поддршка за граѓански организации што дејствуваат како демократски јадра во нивните заедници и поддршка на граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања, во вкупен износ од 494.115 УСД. Проектите опфаќаат широк спектар на области: развој и поддршка на демократски процеси на локално ниво, подготовка на граѓански буџет, права на ЛГБТ заедницата, иницијативност во рурални заедници, волонтерски сервис, граѓански активизам, независно судство, заштита на животната средина и др. (Листата на сите грантисти можете да ја најдете на следниов линк)

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.



#
Интервју со Владимир Милчин


Зашто, сите документи објавени од комисијата за верификација имаат печат на Државниот архив, а од таму ни одговорија дека не поседуваат соработнички досиеја!?

10.09.2012

Интервју со Владимир Милчин, професор на ФДУ и извршен директор на Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Sky: Г-дине Милчин, власта продолжи да ви се одмаздува за вашите активности во граѓанскиот сектор. Иако e јасно дека не сте биле соработник на службите Комисијата за верификација по втор пат ве прогласи за соработник. Кои ќе бидат вашите следни активности во врска со лустрацијата?


Владимир Милчин: „Лустрацијата го урива владеењето на правото“, изјави амбасадорката на Холандија во Македонија во интервјуто објавено во „Граѓански“ од 8 септември. Таа го потврди она на што укажувавме ние неколкумина уште кога беше објавен предлогот за првиот закон за лустрација. Денес, по стапувањето на сила на третиот, најлошиот закон, напнувајќи се лустрацијата да ја сведе на компромитација, власта успеа само да ја компромитира лустрацијата како концепт. Кога станува збор за мене, јас веќе поднесов тужба во Управниот суд против решението на комисијата. Неделава ќе поднесам и кривична пријава против медиумите кои побрзаа да ме наклеветат така што извештајот против Шишков што го поднесол извесен соработник „Мишо“ ми го припишаа мене. Следниот чекор ќе биде кривичната пријава против „претседателот без мандат“.

Но, за љубопитните читатели поинтересни може да бидат сознанијата што ФООМ ги доби преку одговорите на прашањата што им ги постави на државните институции на 27 јуни 2012 година. На прашањето: Со колкава бројка на досиеја на соработници располага Државниот архив на РМ, ни беше одговорено: Државниот архив не поседува соработнички досиеја! На прашањето: Колкав процент од вкупниот број на досиејата за соработници отпаѓа на соработниците до 1991 година, Агенцијата за разузнавање одговори дека е конституирана на 1 јануари 1998 година, што веројатно треба да значи дека нема досиеја од претходниот период. На истото прашање МВР одби да одговори зашто тоа била класифицирана информација. Одби да одговори и на прашањето: Со колкава бројка на досиеја за соработници располага УБК? И тоа била класифицирана информација!

Па кого тогаш лустрира мнозинството на Аџиев, доколку соработниците се невидливи и заштитени со тајност? Мојот одговор гласи: Жртвите кои поради идеолошки и политички причини биле изложени на претходна оперативна обработка (ПОО), а сега се одново оцрнети како „кодоши“. Зашто, сите документи објавени на веб-страницата на комисијата која божем верификува факти имаат печат на Државниот архив кој, така одговори неговиот директор со потпис и печат, не поседува соработнички досиеја!

Од овие и од другите одговори на државните институции до кои упативме прашања користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер произлегува дека Аџиев и мнозинството во комисијата се соучесници во кафкијански монструозен заговор, кој треба да произведе докази дека Македонија од 1944 до 2006 година била најкодошката држава на светот и пошироко. Заклучно со 25 јули 2012 година, Аџиев побарал од Агенцијата за разузнавање проверка на фактите за вкупно 10.268 граѓани, 2482 актуелни носители на јавни функции, 2802 кандидати за јавни функции и 4984 бивши носители на јавни функции (кој знае дали се сите живи).

Повеќе на http://www.sky.mk/intervju/30489-Интервју-со-Владимир-Милчин-Зашто,-сите-документи-објавени-од-комисијата-за-верификација-имаат-печат-на-Државниот-архив,-а-од-таму-ни-одговорија-дека-не-поседуваат-соработнички-досиеја.html

#
ПРОГРАМА ЗА ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Работилница - Користење на медиумите во застапувањето за промени насочени кон унапредување на здравјето на Ромите



Фондацијата Отворено општество – Македонија(ФООМ), во партнерство со Мрежната програма за јавно здравство од Њујорк, организира дводневна работилница - Користење на медиумите во застапувањето за промени насочени кон унапредување на здравјето на Ромите. Настанот ќе се одржи во периодот 11-13 септември 2012, хотел Метропол, Охрид.

Обуката е наменета за грантистите на ФООМ кои работат на проекти од областа на здравствените права на Ромите и проекти за мониторинг во заедницата. Целта на планираната работилница е јакнење на капацитетите на невладините организации, чиј фокус е здравјето на Ромите, за користење на медиумите како алатка за застапување за промени и унапредување на здравјето на ромската популација во Македонија.

Обучувачка ќе биде Mary Joyce, консултантка на Програмата за медиуми и здравство (подпрограма на Програмата за јавно здравство на ФОО, Њујорк), основачка на проектот Мета-активизам.

#
ПРАВНА ПРОГРАМА


Работата на овластените здруженија за бесплатна правна помош, со поддршка од ФООМ, препознаена од Министерството за правда

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) континуирано, втора година, ги поддржува здруженијата Македонското здружение на млади правници – Скопје, Националниот ромски центар – Куманово, РОМА С.О.С. – Прилеп и Младински кулурен центар – Битола кои се запишани во Регистарот на овластени здруженија за бесплатна правна помош при Министерството за правда на РМ. Целта на поддршката е да се овозможи искористување на веќе изградените капацитети на здруженијата за правна помош кои им овозможуваат на граѓаните да ги остварат своите права.  

Водени од потребата за поефикасна примена на Законот за бесплатна правна помош ФООМ и здруженијата ја следат неговата примената од самиот почеток. Како резултат од работата објавени се два извештаи во 2010 и 2011 година.  Овластените здруженија директно преку својата работа ги идентификуваа клучните недостатоци и проблеми кои се појавија при спроведувањето на Законот за бесплатна правна помош. За недостатоците јавно укажуваа при промоцијата на годишните извештаи и беше потенцирана потребата од итна измена на Законот за бесплатна правна помош.

Утврдените недостатоци од примената на Законот за бесплатната правна помош здруженијата ги сублимираа во документ за јавна политика со наслов „Како граѓаните на Република Македонија да добијат квалитетен Закон за бесплатна правна помош?!“, кој беше испратен до Министерството за правда. Министерството за правда го препозна работењето на овластените здруженија и официјално побара од Македонското здружение на млади правници – Скопје (МЗМП) да номинира член во работната група која е формирана за измена и дополнување на Законот за бесплатна правна помош. Во работната група МЗМП ќе се застапува за подобрување и проширување на можностите за граѓаните да го користат овој закон, но и ќе се залага за подобрување на положбата на здруженијата како даватели на претходна правна помош и олеснување на законските услови за стекнување на овластувањето.

Документот за јавна политика можете да го преземете тука.

#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Доделени 23 грантови на граѓански организации



usaidfosm


На првиот конкурс за доделување грантови во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнаа вкупно 175 пријави од граѓански организации. Во согласност со буџетот на проектот, избрани се 23 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од УСД $494,115 (подолу е дадена листата на грантистите).   

Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку УСАИД. Одбраните проекти ќе бидат спроведени во период од 6 до 12 месеци. ФООМ ќе обезбеди вмрежување, обуки и консултации за сите грантисти.

Преземете го целиот документ (.pdf)

Преземете го целиот документ на албански (.pdf)
Конференција за печат на Владимир Милчин


За основачот на Фондацијата Отворено општество


Џорџ Сорос одговара на нападите од Глен Бек


Гостувањето на Извршниот директор на ФИООМ Владимир Милчин во Политико





Преземено од blip.tv
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Конкурс за доделување мали грантови за работни стипендии во граѓански организации



usaidfosm


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка на граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на конкурсот е да им овозможи на заинтересираните истражувачи и граѓански активисти да работат на постоечки истражувачки проекти во граѓански организации преку доделување мали грантови за работни стипендии во граѓански организации (грантови во износ до 2.400 американски долари).

Рок за поднесување на пријавите: 30 ноември, 2012 до 16:00 часот
Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.

Документи:

- Конкурс за работни стипендии во граѓански организации (.pdf)
- Konkurs për dhënien e granteve të vogla për bursa pune në organizatat qytetare (.pdf)
- Образец за пријавување (.doc)
- Буџет (.doc)
- Упатство за буџетирање (.pdf)
- Прилог 1. Временска рамка (.doc)
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПОВИК

За учесници за „Обуки за нови медиуми и интернет активизам“



usaidfosmmof


Проект на УСАИД за граѓанско општество
Обуки за нови медиуми и интернет активизам


Младински образовен форум, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, распишува повик за учесници за „Обуки за нови медиуми и интернет активизам “.

Обуките ќе се реализираат во 12 градови во Република Македонија (Скопје, Велес, Штип, Кратово, Делчево, Куманово, Гевгелија, Тетово, Кичево, Дебар, Струга и Битола), во соработка со МОФ центрите, во периодот 27 октомври – 16 декември 2012 година. Обуките се еднодневни (8 часа вклучувајќи и паузи), а ќе се реализираат за време на викендите (сабота или недела).

Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:
• Да се на возраст од 16 до 25 години;
• Да покажуваат интерес за вклучување во идни онлајн иницијативи и кампањи;
• Да покажуваат интерес за новите медиуми и онлајн алатки;
• Да покажуваат интерес  за интернет, аудио и видео активизм.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 21-ви октомври 2012 година, преку испраќање на пополнета пријава на obuki@mof.org.mk.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ и партнерски организации на МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.

Повеќе информации на info@mof.org.mk или 02/3139 692


Пријава за учесници (.doc)

Опис на темите (.pdf)

#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Информативни средби



usaidfosm


Конкурси за доделување
грантови за заеднички акции на граѓански организации и
мали грантови за работни стипендии во граѓански организации

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објави конкурси за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации и мали грантови за работни стипендии во граѓански организации. Проектот на УСАИД за граѓанско општество е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на овие конкурси е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:

1. Грантови за заеднички акции на граѓански организации за поддршка на акции на граѓански организации, партнерства или мрежи кои ги поттикнуваат актерите на граѓанското општество на солидарност и здружување околу специфично прашање (грантови во износ до 15.000 американски долари);

2. Мали грантови за работни стипендии во граѓански организации кои ќе им овозможат на заинтересираните истражувачи и граѓански активисти да бидат вклучени во период од три до шест месеци во граѓански организации во Македонија (грантови во износ до 2.400 американски долари).

Крајниот рок за поднесување пријави истекува на 15 ноември 2012 год. во 16:00 часот (за грантови за заеднички акции на граѓански организации) и на 30 ноември 2012 год. во 16.00 часот (за мали грантови за работни стипендии во граѓански организации).

ФООМ ќе одржи информативни средби за конкурсите за доделување грантови во периодот од 6-ти до 12-ти ноември. ФООМ ги поканува сите заинтересирани граѓански организации и активисти кои би се пријавиле на конкурсите на следниве информативни средби:

• Скопје, 6 ноември 2012 (вторник), 14:30 часот, Скопски саем, Бизнис сала
• Велес, 7 ноември 2012 (среда), 10:30 часот, Ликовна галерија
• Штип, 7 ноември 2012 (среда), 14:30 часот, х. „Оаза“, Банкет сала
• Битола, 12 ноември 2012 (понеделник), 11:30 часот, х. „Епинал“, сала 1

Сите простории се достапни за лица со посебни потреби.

#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Конкурс за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации



usaidfosm


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува втор конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на овој конкурс е да обезбеди поддршка на заеднички развиени акции на граѓански организации, партнерства или мрежи кои ги поттикнуваат актерите на граѓанското општество на солидарност и здружување околу специфично прашање преку грантови за заеднички акции на граѓански организации (грантови во износ до 15.000 американски долари);

За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби.

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:
• директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество;
• покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
• нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
• применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
• промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
• обработуваат тешки реформски прашања.

Рок за поднесување на пријавите: 15 ноември, 2012 до 16:00 часот

Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.

Документи за преземање:

- Кoнкурс за доделување грантови (.pdf)
- Konkurs për dhënien e granteve organizatave qytetare (.pdf)
- Образец за пријавување (.doc)
- Буџет (.doc)
- Упатство за буџетирање (.pdf)
- Прилог 1. Временска рамка за спроведување (.doc)
- Прилог 2. Основни информации за партнерските организации (.doc)
- Прилог 3. Резиме на проектот на англиски јазик (.doc)

Објава за набавка на нагледни средства и училишни материјали


usaidfosm


Објавa број: FOSM/121104 UM
Финансирање: Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) како сопствено учество во проект финасиран од УСАИД
Нарачател: Фондација Отворено општество - Македонија (ФООМ) за проектот  „Програма за образование на Роми“ - УСАИД

Опис на набавката
Предмет на оваа објава е набавка и испорака на нагледни средства и училишни материјали - даден во три целини односно три посебни договори.

Број и име на целините
Целина 1: Училишни нагледни средства
Целина 2: Училишни материјали
Целина 3: Нагледни средства за Физичко образование

Подобност и правила на потекло - Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Македонија и од странство.

Сите прашања во врска со објавата треба да се испраќаат исклучиво по писмен пат по електронска пошта на: vpetrus@soros.org.mk (со наведување на бројот на објавата од Точка 1), најдоцна 3 дена пред истек на крајниот рок за поднесување понуди. ФООМ ќе одговори на прашањата на ист начин, најдоцна 2 дена пред истиот рок.

Краен рок за поднесување на понудите - Заинтересираните понудувачи своите понуди треба да ги достават во затворен и запечатен коверт, со напомена “Понуда бр. FOSM/121104 UM“, на рака или по курирска пошта на адреса на ФООМ. За понудите испратени по пошта како време на поднесување ќе се смета времето на пристигнување на пратката на адреса на ФООМ, а НЕ времето на предавање на пратката во пошта.

Краен датум за достава на понудите e  19. 11. 2012 год (понеделник) до 13 часот. Понудите добиени по назначениот рок нема да бидат земени предвид.

Јавно отвoрање на понудите нема да има.

- Комплетна документација за набавка (за пополнување)
- Комплетна документација за набавка (за печатење)
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПОКАНА




#
ПРАВНА ПРОГРАМА

Подобрување има, ама пристапот до информации од јавен карактер сè уште е исправен пред сериозни предизвици



Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во јули 2012 год. поднесе 145 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до повеќе државни органи. Барањата беа доставени со цел добивање на информации за динамиката на спроведувањето на Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА 2012). НПАА 2012 претставува стратешки документ кој предвидува поединечни обврски за државните органи од чие исполнување зависи процесот на пристапување на Р.М кон ЕУ. Со оглед на тоа што НПАА 2012 е мошне обемен документ, МЗМП се фокусираше на остварувањето на Поглавје 23: Правосудство и фундаментални права и Поглавје 24: Правда, слобода и безбедност.

Од досега добиените одговори на барањата може да се заклучи дека има подобрување во постапувањето на надлежните институции. Повеќе од две третини од имателите одговорија во законскиот рок од 30 дена и ги доставија побараните информации.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

Трета форумска сесија во Општина Липково



Во Општина Липково, на 29 август, се одржа третата форумска сесија, на која 72-ца учесници дискутираа околу подобрувањето на проектните концепти. Беа развиени девет предлог проекти насочени кон подобрување на условите во липковската општина:

• Асфалтирање на улиците во Општина Липково;
• Изградба на детско игралиште со опрема за играње;
• Осветлување на дворот на „Медицинскиот центар“и купување на медицинско возило за потребите на општината;
• Централно греење во ОУ „7 Март“;
• Чистење на речното корито во Липково и на дивите депонии;
• Реконструкција на ОУ „Рилјинда“;
• Реконструкција на ОУ „Фаик Коница“;
• Реконструкција на системот за водоснабдување во Ваксинце, Оризаре, Отлја и Матејче;
• Реконструкција на мостот на локалниот пат Слупчане – Оризаре.

#
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЛАДИМИР МИЛЧИН ЗА ЛУСТРАЦИЈАТА

Лустрацијата е процес на дискредитација што ќе ја разниша државата





Извршниот директор на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), Владимир Милчин, на 13-ти август, одржа прес-конференција на која најави жалба до Управниот суд и кривична пријава за Томе Аџиев од Комисијата за верификација на фактите. За Милчин, решението на лустраторите со кое тој се претставува како соработник на тајните служби претставува „куп смрдливи лаги“, а процесот на лустрација претставува „римска арена“ во која народот гледа како луѓето меѓусебно се убиваат или пак, се изедени од ѕверовите.

Осврнувајќи се на детали од неговото лично досие, но и на работата на Комисијата, Милчин истакна дека хајката и линчот, наречени лустрација, имаат за цел да го зацврстат режимот и да ги дискредитираат неподобните. Овој процес го води претседател без легитимитет и мандат, кој како ревносен слуга бесрамно ги реализира наредбите на режимските налогодавачи и крие клучни документи кои потврдуваат дека Милчин никогаш не бил соработник на тајните служби.

„Кога пред една година го добив решението од Комисијата за лустрација, во него имаше дознака „Строго доверливо“ и затоа јас прекинав со објавување. Но ваквите методи на Комисијата да се етикетира и да се замолчи етикетираниот се чудни. За тужба пред надлежен суд, според Аџиев, потребно е да ја известам Комисијата. Е па еве, сега, го известувам дека ќе поднесам тужба до Управниот суд, но ќе поднесам и кривична пријава против него. Решението на Комисијата нема да го коментирам бидејќи го сметам за куп смрдливи лаги... Аџиев е всушност кодош, кој без срам ги реализира наредбите на своите налогодавачи. Методите со кои се служи не се непознати. Тој го затаил документот од УБК во кој пишува дека „Владимир Милчин не е соработник“. Го прикрил прашалникот за ревизија на „Лично досие“ во кое пишува дека Милчин немал однос со МВР“ истакна Милчин и додаде дека четири државни институции потврдиле дека тој никогаш не бил соработник на службите.

Првиот човек на ФООМ констатира дека и двата режима кон него постапувале исто: „Поранешната власт, можеби се надевала дека ќе ме направи соработник, но не успеа. Страшно е тоа што и денешната власт, ако не може да го направи Милчин соработник, сака да го уништи. Оваа власт не е ништо подобра од претходниот режим. Штетите од овој процес ќе се шират и тие штети нема да останат само на ниво на општеството и моралот, туку ќе се одразат на институциите на системот и ќе ја разнишаат државата“ заклучи Милчин и најави дека освен пријавата за Аџиев, ќе поднесе кривични пријави и за сите оние оние што наседнале на стапицата на Аџиев и објавиле цитати од службени белешки кои не биле кажани од него, туку од друго лице, соработник заведен под псевдонимот „Мишо“.
vozivo.mk
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Трета форумска сесија во Општина Карпош



Во рамки на проектот „Форуми во заедницата“ финансиран од Швајцарската агенција за развој што го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија, на 12 јули 2012, се одржа третата форумска сесија во Општина Карпош, на која учествуваа над 150 граѓани од општината. Во првата форумска сесија „Енергетско ефикасни објекти“ беа презентирани концептите за предлог – проекти, идентификувани од страна на граѓаните за кои работните групи веќе развиваат решенија. Граѓаните дискутираа за проблемите со енергетската ефикасност во основните училишта и градинките, притоа дадоа бројни предлози за подобрувања на овие објекти од страна на општината.

Преку проектот „Форуми во заедницата“, жителите на општина Карпош одлучуваат кои се приоритетите во делот на енергетската ефикасност на основните училишта и детските градинки.

Следни активности на форумските сесии во Општина Карпош се предвидени за август годинава, кога работните групи ќе следат обуки за управување со проектен циклус. Потоа, граѓаните ќе започнат со пишување предлог - проекти за реализација на предлозите за енергетска ефикасност.
ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ЗА ТРЕТИОТ ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ НА РМ ПО ПАКТОТ ЗА ГРАЃАНСКИ И ПОЛИТИЧКИ ПРАВА


Извештајот не дава вистинска слика за состојбите во Македонија

Фондацијата Отворено општество – Македонија и Хелсиншкиот комитет на 20 јуни организираа дебата по однос на прашањата поврзани со човековите права кои ги третира третиот периодичен извештајот на РМ по меѓународниот Пакт за граѓански и политички права (Извештајот), а кои се предмет на набљудување и работа и на невладините организации во земјата.

Четирите организации, во рамките на добиените насоки од министерството за правда за доставување мислење, ги испратија сумираните заклучоци и препораки во поглед на неколку прашања кои се третираат со Извештајот. Организациите сметааат дека е од исклучително значење Министерството да ги разгледа мислења кои се содржани во доставениот допис и лоцираните проблеми да ги внесе во Извештајот. Нивното внесување во Извештајот ќе придонесе за пореално презентирање на состојбите со човекови права пред Комитетот за човекови права на ООН, како и за давање адекватен одговор на препораките на Комитетот од 2008 година.

Преземете го целиот документ (.pdf)
ПРОГРАМА ЗА ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Mеѓународен семинар



Фондацијата Отворено општество – Македонија(ФООМ), во партнерство со Програмата за право и здравство и Програмата за здравјето на Ромите, Фондација Отворено општество, Њујорк, организира меѓународен семинар „Правно застапување за здравствените права на Ромите“. Настанот ќе се одржи во периодот 9-11 јули 2012, хотел Метропол , Охрид.

На семинарот ќе учествуваат претставници на граѓански организации од Македонија, Србија и Романија. Главна цел на средбата е размена на искуствата на организациите од нивната досегашна работа на прашања поврзани со остварувањето на здравствените права на Ромите, што воедно ќе преставува можност за понатамошно јакнење на нивните капацитети за ефективно остварување на правното застапување, како и за зголемена отчетност на институциите при повредата на здравствените права на Ромите и анализа на можностите за надминување на системските пречки за остварување пристап до здравствена заштита за ромската популација.
ПРОГРАМА ЗА ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Конкурс за мали грантови и промоција на прирачник



priracnikПо повод 26-ти Јуни, одбележувањето на Интернационалниот ден за поддршка на жртвите на тортура во здравствена заштита, програмата Јавно здравство на Фондација Отворено општество - Њујорк, го претстави новиот прирачник, „20 механизми за справување со тортура во здравствената заштита“ и воедно објавува конкурс за мали грантови.

Прирачникот опишува 20 механизми за справувањето со тортура од правниот систем за човекови права при Обединетите Нации, како и од африканскиот, европскиот и интерамериканскиот ситем на права. Во истиот се прикажани илустративни примери за секој од механизмите, прецизирајќи ги процедурите и можностите за нивната примена. Конкурсот пак, е наменет за активисти и невладини организации, кои се залагаат против злоупотребата на човековите права, користејќи ги алатките пропишани во прирачникот за борба против насилството во здравстевната заштита.

Пред 14 години, поранешениот Генерален секретар на Обединетите нации, Кофи Анан, за прв пат во историјата одбележи Интернационален ден за поддршка на жртвите на тортура во здравствената заштита.

Здравствените институции треба да претставуваат храм  каде што ќе се негуваат човековите права, место каде што пациентите ќе се чувствуваат сигурно и безбедно. Но, под маската на здравствена заштита, здравствените установи често служат како места за казна, принуда и прекршување на основните човекови права, преку тортура или сурово, нечовечно и понижувачко постапување. Тортура во здравството несразмерно влијае на лицата кои се стигматизирани и социјално маргинализирани, поточно, лицата кои живеат со ХИВ/СИДА, корисници на  дроги, лица со  интелектуална и телесна попреченост, како и сите оние кои подлежат на етничка, родова, полова, возрасна и сексуална дискриминација.

Прирачникот и објавата за конкурс, подетални и достапни на http://www.soros.org/voices/day-support-victims-torture-health-care

Краен рок за поднесување на апликациите за мали грантови е 1-ви Септември 2012.
Промоција по повод вклучувањето на 24 општини во новиот циклус од третата фаза на програмата „Форуми во заедницата“


На 28 јуни 2012 година, во ,,Холидeј Ин’’ во Скопје, се одржа промоцијата на новиот циклус од програмата ,,Форуми во заедницата’’ кој вклучува 24 нови општини. Програмата ,,Форуми во заедницата’’ е финансирана од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC ).

На промоцијата се обратија Министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, Амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лазарото, Потпретседателот на ЗЕЛС, Изет Меџити и Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

Амбасадорот Лазарото го изрази своето задоволство од работата на оваа програма, истакнувајќи ја важноста на вклучувањето на граѓаните во носењето одлуки на локално ниво. Министерот Бејта истакна дека се постигнати видни резултати во над 40 општини вклучени во програмата, едновремено, заблагодарувајќи се на Швајцарската амбасада за поддршката на овој форум.

Градоначалникот на општина Чаир, во својство на потпретседател на ЗЕЛС, истакна дека програмата ќе продолжи да функционира и по престанокот на поддршката од Швајцарската агенција за развој и соработка. За таа цел, ќе се обучат сертифицирани модератори до крајот на 2012. Градоначалникот Заев, на примерот на Струмица, која веќе ги помина сите три фази на Форумот, целосно го објасни процесот на решавање на локалните проблеми преку форумските сесии во општината.

Благодарници за учество во програмата ,,Форуми во заедницата’’ им беа доделени на градоначалниците од 24 општини кои беа дел од програмата: Аеродром, Боговиње, Босилово, Гази Баба, Гостивар, Валандово, Василево, Дебарца, Делчево, Желино, Зајас, Карпош, Конче, Кочани, Липково, Македонски Брод, Могила, Неготино, Осломеј, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Струга и Чаир и на организациите кои ја спроведуваат програмата: ФООМ, ЦИРА, МЦМС, АДИ и Алка

Во третата фаза ФООМ ќе ја спроведува програмата во општините Липково, Карпош, Струга, Дебарце и Могила.
ПРОГРАМА ,,ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА‘’

Втора форумска сесија во Општина Карпош



Во просториите на ООУ „Лазо Трповски“ во Општина Карпош на 27 јун, се одржа втората форумска сесија во рамките на програмата „Форуми во заедницата“.

Како и првата сесија, и втората беше обележана со голем интерес и активност на присутните граѓани. Граѓаните дискутираа на неколку работни маси: општинска администрација, урбанизам, образование и наука, спорт, бизнис сектор, млади, животна средина, социјална заштита, култура и „советници“ во кои ги дефинираа и лоцираа проблемите со кои се соочуваат во секојдневното живеење во својата општина од областа на енергетската ефикасност во детските градинки и основните училишта.

Претставниците од работните групи „детски градинки“ и „основни училишта“ ја презентираа моменталната состојба, по што од страна на присутните граѓани на форумската сесија беа формирани десет работни групи кои ќе работат на развивање на предлог проектите на наредните сесии.
Кривичнa пријавa против пратениците кои го изгласаа новиот Закон за лустрација


VA4_4326На прес-конференцијата одржана на први јули во ГЕМ клубот, Љубомир Данаилов Фрчкоски, Роберто Беличанец, Никола Гелевски, Бранко Ѓероски, Ѓунер Исмаил, Владимир Милчин и Жарко Трајаноски најавија поднесување кривична пријава против пратениците кои гласаа за новиот Закон за лустрација. Според Љубомир Фрчкоски, со донесувањето на новиот Закон за лустрација владејачкото мнозинство го прекрши членот 377 став 3 од Кривичниот закон, односно стори кривично дело Неизвршување на одлука на Уставен суд на РМ.

Зборувајќи за мотивите за поднесување кривична пријава, Фрчкоски истакна дека со донесувањето на закон спротивен на одлуките на Уставниот суд, се врши рушење на балансот помеѓу власта и Уставот, и директно се негира независноста на Уставниот суд. Фрчкоски потенцираше дека носењето закон со ваков преседан создава нелегалност и газење на уставниот поредок на Македонија.

Прочитајте повеќе (gem.org.mk)
КОМСПИ го ускратува правото на слободен пристап до информациите со формализирање на постапката


Дали Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер (во понатамошниот текст „Комисијата“) вршејќи ја својата работа постапува како заштитник на Имателите на информации за сметка на правото на пристап до информации на граѓаните? Дали Комисијата се грижи за спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер (во понатамошниот текст „Законот“) како нејзина законска обврска? Или пак строгиот и на моменти неоправдан формализам во работењето на Комисијата придонесува кон ускратување на правото на пристап до информации од јавен карактер на барателите?

Имено, Фондацијата отворено општество - Македонија на 11 декември 2008 година поднесе барање за слободен пристап до информации со кое бара „Копија од Правилникот за систематизација на работните места на Министерството за локална самоуправа (во понатамошниот текст само „Министерството“) како и копија од Правилникот за внатрешна организација на Министерството“. Бидејќи Министерството не одговори на барањето во законскиот рок, Фондацијата поднесе жалба. Комисијата ја отфрли жалбата како недопуштена бидејќи Фондацијата не доставила доказ дека Министерството навистина го примило барањето за слободен пристап и покрај тоа што истото е испратено уредно во препорачана поштенска пратка. Идентичен став делеше и Управниот суд на РМ кој со пресуда ја одби тужбата на Фондацијата како неоснована.

Се поставува прашањето како Комисијата го штити правото на слободен пристап до информации од јавен карактер?

Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА ,,ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА‘’

Втора форумска сесија во Општина Липково



Во рамките на програмата „Форуми во заедницата“ во Липково, на 20 јуни, се одржа втората форумска сесија на која голем број граѓани, на неколку работни маси, продискутираа за проблемите во општината, од разни области: урбанизам, образование, спорт, транспорт, бизнис сектор, здравствено осигурување и комунални дејности.

Граѓаните предложија можни решенија за 38 приоритетни проблеми, од кои дел ќе останат како препораки за општината зависно од процената за нивната реална остварливост, надлежностите на општината или финансиската и имотно-правната остварливост.

Присутните на форумската сесија формираа осум работни групи кои ќе работат на развивање на предлог проекти на наредните сесии во Липково.
ПРОГРАМАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА РОМИ НА ФООМ И УСАИД ОБУЧИ НОВИ 104 НАСТАВНИЦИ ЗА ИНТЕРАКТИВНИ НАСТАВНИ МЕТОДИ


Во периодот од 17-20ти јуни 2012 г. во хотел Метропол во Охрид , ФООМ во соработка со Фондацијата за образовни и културни инцијативи „Чекор по чекор“ одржаа две обуки за интерактивни наставни методи „Со читање и пишување до критичко мислење“ и „Компетентни наставници за 21виот век“ на кои учествуваа вкупно 104 наставници од 7 основни училишта вклучени во Програмата за образование на Роми. Овие обуки се дел од основниот пакет обуки предвиден со Програмата наменет за одделенски и предметни наставници чија цел е јакнење на капацитетите на наставниот кадар и на проектните училишта за квалитетна и ефективна настава која ќе ги развива потенцијалите на сите ученици и ќе ги направи училиштата стимулативни и инклузивни средини за учење. Учесниците на обуката имаа можност во овие неколку дена да следат серија модел часови со примена на различни наставни техники и други форми и методи за работа, како и да разменат искуства и да се дружат со колегите од другите основни училишта.
ОТВОРЕНО ПИСМО

ФООМ побара од Претседателот Иванов да не го потпишува Законот за лустрација



Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), на 22 јуни, преку отворено писмо побара од Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, да не го потпишува указот за прогласување на усвоениот Закон за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност (во понатамошниот текст: Законот за лустрација).

ФООМ смета дека усвоениот Закон ги крши не само слободите и правата на граѓаните на Македонија загарантирани со Уставот, туку и претставува грубо кршење на уставниот поредок преку непочитувањето на Одлуките на Уставниот суд на Република Македонија.

Во своето обраќање, ФООМ апелира до Претседателот, како долгогодишен професор на Правниот факултет, да се заложи за зачувување на уставно правниот поредок на Република Македонија, кој со усвоениот Закон за лустрација се руши бидејќи повторно се пропишуваат одредби со кои не се почитуваат одлуките на Уставниот суд од април 2010 и април 2012 година. Одредбите, за кои Уставниот суд веќе утврди дека се неуставни и истите ги укина, повторно се вклучени во новиот Закон: проширувањето на временската рамка на Законот за лустрација после 17 ноември 1991 година, лустрирањето на лица кои се поранешни функционери, задолжителното лустрирање на членовите на политичките партии, верските заедници, новинарите и невладините организации. Повторното регулирање на овие одредби е во спротивност со одлуките на Уставниот суд и претставува грубо кршење на уставниот поредок и непочитување на извршните одлуки на Судот, што, впрочем, претставува кривично дело.


Барање до Претседателот на РМ
Заклучоци од јавната расправа на граѓанскиот сектор за Законот за лустрација
Запис од јавната расправа
Јавна расправа по повод Периодичниот извештај на Република Македонија по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права


Објавувањето на Нацрт [четвртиот] периодичен извештај на Република Македонија по Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, претставуваше повод Фондацијата Отворено општество – Македонија и Хелсиншкиот Комитет за човекови права на Република Македонија, да ја истакнат потребата од потранспарентна и поширока дебата по однос на прашањата поврзани со човековите права кои ги третира извештајот, а се предмет на набљудување и работа и на невладините организации во земјата. Затоа, на 20 јуни (среда), во хотелот Арка, се одржа работна средба на која се дискутираше Нацрт извештајот.

Покрај ФООМ и Хелсиншкиот комитет, на вчерашната средба учествуваа и претставници на Инстиутот за човекови права, Македонскиот институт за медиуми, Македонско здружение на млади правници, Коалиција Сите за правично судење, Х.Е.Р.А., Комисија за заштита од дискриминација и Ромскиот национален центар.

Организациите се договорија дека ќе соработуваат во изготвувањето на сеопфатно мислење по однос на Нацрт извештајот, бидејќи сегашниот текст на извештајот во голема мера не ги отсликува проблемите во различните области на правниот систем и човековите права. Наспроти тоа, Нацрт извештајот е фокусиран на донесеното законодавство, но не и на неговиот придонес кон ефикасната заштита на човековите права.

Јавната дискусија беше свикана поради краткиот рок (пет денови) за интервенции во Извештајот даден од страна на Министерството за правда. На дискусијата иако поканети, не се појавија претставници од Министерството за правда.
ПРОГРАМА ,,ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА‘’

Одржани првите форумски сесии во општините Липково и Карпош



Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) започна со реализација на новиот циклус на Програмата „Форуми во заедницата“, во општините Липково и Карпош. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и вклучените општини.  

Во Липково на првата форумска сесија одржана на 8 јуни 2012 год. присуствуваа 112 жители на општината. На сесијата присуствуваше и градоначалникот Садула Дураку кој се обрати до граѓаните потенцирајќи ја важноста на учеството на граѓаните во програмата. Граѓаните имаа можност да се информираат за програмата и  процесот на форумските сесии и да дискутираат за можностите за развој во општина Липково. Од трите понудени теми (туризам, образование и инфраструктура) граѓаните ја избраа темата инфраструктура, на која понатаму ќе предлагаат решенија за проблемите. На сесијата беше воспоставена структурата на форумот и формирани девет работни маси. На крајот на сесијата се формираше работна група која помеѓу двете сесии ќе направи анализа на состојбата во рамките на избраната тема. Втората форумска сесија е закажана на 20 јуни 2012 (среда).   

Во Карпош, првата сесија се одржа на 13 јуни 2012 год. во ОУ „Лазо Трповски“, со почеток во 12.00 часот. На сесијата присуствуваа 330 граѓани, најмногу до сега од сите спроведени форуми.  На форумската сесија исто така присуствуваше и градоначалникот Стевчо Јакимовски кој им се заблагодари на граѓаните за нивното големо присуство и заинтересираност за процесот на донесување одлуки на локално ниво. Форумот одлучи во иднина да работи на темата „Енергетско ефикасни објекти (основно образование и детски градинки)“. Беа формирани десет работни маси на форумот: образование, култура, спорт, општинска администрација, животна средина, урбанизам, млади, социјална заштита, бизнис-сектор и советници. На крајот на сесијата се формираше работна група која помеѓу двете сесии ќе направи анализа на состојбата во рамките на избраната тема. Втората сесија во Карпош е закажана за 27 јуни 2012, во 11.00 часот, во ОУ „Лазо Трповски“.
ШУТКА РОМА РАП ВО МЕНАДА НА 15 ЈУНИ ВО 22.00 ЧАСОТ


sutka roma rapПо настапите на реномираните фестивали „Зигет“ во Унгарија и „Роскилде“ во Данска како и на домашниот „Таксират“, групата на ромски рапери „Шутка рома рап“ во петок (15 јуни) во 22 часот во кафулето „Менада“ во Старата скопска чаршија ќе оддржи концерт на кој ќе ги презентира новиот материјал како и освежената бендовска постава.

На сцената ќе се качат шест рапери (четворица сосема нови музичари и двајца од екипата што лани настапи на големите светски сцени) и ќе понудат 60-минутна рап-приказна. Фет Џо, Ал-Алион, Сабри, Тахир, Кеј Уан и Нусрет изминативе неколку месеци работеа на новите песни во кои се фокусираат на ритамот на скопскиот живот, на убавите девојки, на љубовта, на забавата, но и на нивното секојдневие во населбата Шуто Оризари. Тие повторно ќе настапуваат со бенд во живо кој го носи етно-звукот зад нивните искрени рими, а е во состав Мендо (сакс, кларинет), Ајнур (труба), Ице (виолина), Исмет (бас) и Меко (тапани).

Проектот започна во 2010 година кога со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија излезе компилацијата I Šutka Tani mo Than. Поради големиот интерес од публиката во Европа се формираше и бендот „Шутка рома рап“ со цел да се настапува во живо. (Тогаш) Четворицата рапери одржаа концерти на многу познати музички манифестации. А, годинава проектот влезе во нова фаза. Составот на рапери во бендот е променет, а новиот материјал ќе може да се чуе во петок во „Менада“.
КОНКУРС

За избор на ментори на средношколци и студенти Роми кои учат/студираат на медицински училишта/факултети во учебната 2012/13 година



Програма за медицински стипендии за Роми
Компонента менторство

Во рамките на Програмата за јавно здравство, во 2012 година Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ), продолжува со реализација на Програма за медицински стипендии за Роми. Програмата содржи 4 компоненти: финансиска поддршка (стипендија), менторство, обука за застапување и медиумска компонента.  Финансиската поддршка за програмата  ја обезбедуваат Ромскиот образовен фонд од Будимпешта и Фондацијата отворено општество/Програма за здравје на Ромите, Будимпешта. Партнерска организација за реализација и координација на проектот во Македонија е Фондацијата отворено општество Македонија.

Краток опис:

Компонентата менторство на Програмата за медицински стипендии за Роми предвидува менторска помош за средношколци и студенти – Роми, запишани во учебната 2012/13 кои ќе добијат стипендија во рамки на Програмата за медицински стипендии. Менторската помош има за цел да обезбеди дополнителна образовна поддршка за постигнување повисок среден успех на стипендираните средношколци/студенти, полесно совладување на предвидените наставни програми и содржини, полесен пристап до информации и аплицирање на академски настани (конгреси, семинари, натпревари и сл.) се со цел успешно завршување на нивните студии/настава. Потенцијалните ментори ќе имаат обврска да присуствуваат на летен камп заедно со кандидатите за стипендисти на програмата кој ќе се одржи во текот на август и ќе трае меѓу 7 – 9 дена.

Присутвото на летниот камп е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!

На конкурсот за ментори може да се пријават сите заинтересирани предметни наставници од државните средни медицински училишта и универзитетски професори и асистенти од медицинските факултети во РМ кои се акредитирани од страна на МОН. Се предвидува еден ментор да работи со најмногу тројца стипендисти. Менторскиот ангажман се однесува за учебната 2012/13 година.

Напомена: На конкурсот ќе бидат селектирани само наставници/професори од училиштата/факултетите каде Програмата ќе има свои стипендисти. Конечната листа на стипендисти ќе биде позната во текот на  месец октомври.

Претходно менторско искуство ќе се смета за дополнителна предност при селекцијата на кандидатите.

Описот на задачите и обврските на селектираните ментори ќе биде поблиску определени со договорот за регулирање на менторскиот ангажман со ФООМ.

Кандидатите кои ќе бидат избрани за ментори ќе бидат писмено известени.

Потребна документација за пријавување:
Пријава за ментори
• Работна биографија (CV);
• Писмо за мотивација (кандидатите на максимум една страница треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување за ментор).

Некомплетни и ненавремено доставени пријави нема да се разгледуваат.

Краен рок за пријавување е 29 јуни (петок), 2012 година

Комплетната документација треба да се достави во назначениот рок исклучиво по препорачана пошта, на адреса на ФОО-Македонија: бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје, За сите дополнителни информации Ве молиме да се обратите на тел:  02 2 477 107,  секој работен ден во периодот од 09.00 – 15.00 ч.

Лица за контакт: Ајсел Мемет и Дарко Божиновски – Програма за медицински стипендии за Роми.
Дискусии на ниво на ЕУ за ревизија на правилата за пристап до документи за институциите да бидат помалку транспарентни


Невладините организации ја искажуваат својата загриженост за заканата врз законодавството за транспарентност на ЕУ

6 јуни 2012 година – Според организациите за заштита на животната средина и за транспарентност, клучното законодавство на ЕУ е под сериозна закана. Во писмото испратено до Европскиот совет, граѓанското општество предупредува дека преговорите кои се одвиваат во моментов и се однесуваат на регулативата за пристап до документи може уште повеќе да го отежни учеството на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки на ниво на ЕУ. Здруженијата сметаат дека сите промени во постојното законодавство треба да бидат во согласност со Договорите на Европската унија и со меѓународните стандарди.

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) даде поддршка на залагањата на невладините организации. ФООМ континуирано работи на промовирање и остварување на правото за пристап до информациите. Повеќе детали можете да прочитате на spinfo.org.mk.

Целиот текст од соопштението можете да го преземете тука

Амандманите од невладинот сектор на Регулативата 1049/2001 за пристап до документи можете да ги преземете тука
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Први форумски сесии во Липково и Карпош




Во јуни Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) започна со реализација на новата фаза на Програмата „Форуми во заедницата“, во општините Липково и Карпош. Програмата е финансирана од  Швајцарската агенција за развој и соработка и вклучените општини.

Во Општина Липково, првата форумска сесија ќе се одржи на 8 јуни 2012 год. (петок)  во ресторан „Арбериа“ со почеток во 15:00 часот.

Во Општина Карпош, првата форумска сесија ќе се одржи на 13 јуни 2012 год.(среда)  во ОУ „Лазо Трповски“ со почеток во 12:00 часот.

Програмата ,,Форуми во заедницата” има за цел да го поддржи процесот на децентрализација во Република Македонија и да им овозможи на граѓаните да учествуваат во развојот на локалната заедница. Граѓаните, преку Програмата, имаат можност да си го подобрат секојдневниот живот со сопствени идеи и учество, а администрацијата да развие локално управување преку учество, одговорност и доверба.

Форумот е модел за вклучување на граѓаните во донесување одлуки во локално ниво. Форумот ќе овозможи: а) граѓаните да го унапредат својот живот преку изнесување лични идеи и учество во процесот на донесување одлуки; и б) општинската администрација да биде отворена, одговорна и транспарентна.

Во секоја од вклучените општини во проектот ќе се организираат 5/пет / форумски сесии на кои ќе се дискутираат проблемите во заедницата и ќе се изнаоѓаат соодветни начини за нивно решавање. Граѓаните и општинската администрација заеднички ќе дизајнираат проекти чие спроведување ќе се финансира од буџетот на програмата.

#
Над 200 локални активисти ќе бидат обучени за правото на слободен пристап до информации


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) со цел да го промовира правото на слбооден пристап до информациите, но и да ги зајакне капацитетите на локалните активисти да го користат законското право на пристап до информации спроведува обуки за правото на слободен пристап до информациите. Обуките на кои ќе учествуваат над двеста локални граѓански активисти, ќе се реализираат во периодот од 12 мај до 9 јуни 2012 година, и тоа во партнерство со десет граѓански организации од општините Битола, Велес, Гевгелија, Дебар, Кратово, Кичево, Ресен, Струга, Струмица и Штип.

Овие обуки се дел од Програмата за обука на претставниците од граѓанскиот сектор за мониторинг на локалните власти во спроведувањето на децентрализацијата и јавните набавки која ја спроведуваат ФООМ, во соработка со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД). Во втората половина на 2012 година, со менторска помош од страна на ЦРЛД и ЦГК, локалните партнерски организации ќе го набљудуваат работењето на локалните власти со користење на законското право на пристап до информации и ќе изготвуваат извештаи од мониторингот што ќе и бидат достапни на пошироката јавност.
ПОКАНА


Покана за прес-конференција

ВЛАДИМИР МИЛЧИН ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЛУСТРАЦИЈА





Место: Клуб ГЕМ (Кафе Менада, Стара скопска чаршија)
Време: 13 август 2012 (понеделник), 11 часот
Во живо на: www.vozivo.mk

На 13 август (понеделник) во ГЕМ клубот (Менада), во Старата скопска чаршија, извршниот директор на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), Владимир Милчин, ќе одржи прес-конференција, со почеток во 11.00 часот.

На средбата со новинарите, Милчин ќе зборува за актуелните настани поврзани со процесот на лустрација.
Организатор: ФООМ
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Дванаесетти извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ



Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) го објавија својот 12-ти извештај од следењето на процесот на пристапувањето на Македонија во ЕУ посветен целосно на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и насловен „Има пари ама…“.

Извештајот го опфаќа периодот од воспоставувањето на ИПА па се до 31 декември 2011 година и ја анализира состојбата со трошењето на европските пари. Наодите укажуваат дека Македонија има големи проблеми со искористувањето на европските средства и 2012 година ќе биде клучна, бидејќи извесно е дека огромни неповратни средства ќе се изгубат доколку Владата не преземе итни чекори во насока на зголемување на капацитетите на македонското општество.

Соопштението е достапно на следниот линк (.pdf)

Целиот извештај се наоѓа на следниот линк (.pdf)
Регионална програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан

Вработувањето на кадри во високото образование со бројни недостатоци



Visoko obrazovanieФондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) во  рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан (РППИ), на 30-ти мај,  организираше дискусија на тема: „Политики и практики за вработување на научни кадри во високото образование“, на која учествуваа повеќе истакнати универзитетски професори.

Отворајќи ја дискусијата модераторот проф д-р Катерина Колозова, истакна дека ваквите дискусии имаат за цел да го подигнат нивото на јавна дебата за Законот за високо образование, вклучително и делот на вработување и процесот на научно- истражувачката дејност.

Поранешниот министер за образование, а сегашен професор на Тетовскиот универзитет, Азис Положани, порача дека постојат недостатоци во целиот процес на научни истражувања, но дека слични проблеми и недостатоци постојат и во развиените европски држави. Како главен проблем, Положани го подвлече финансискиот дел, односно ниското ниво на финансирање на научни истражувања, кое особено е видливо во време на економска криза. Покрај проблемите со финансиите, поради кои се намалува бројот на вработени во научните истражувања, Положани ја истакна и слабата вклученост на институциите задолжени за спроведување на Законот за високо образование. Според професорот Положани, за да се подигне квалитетот на високото образование, Владата мора да воведе дополнителни мерки за финансирање на научните истражувања, а истовремено и да ги зајакне институциите.

Visoko obrazovanieЗа Дане Талевски од институтот „Прогрес“,  Законот за високо образование е добар, но лоша е неговата имплементација бидејќи Министерството за образование има многу широки ингеренции, но истовремено е мошне партизирано. Во поглед на вработувањата, Талески порача дека целокупниот процес мора да биде потранспарентен и покомпетитивен бидејќи според неговото досегашно искуство многу решенија на рецензентските комисии  не се јавно објавени, со што им се крати можноста на кандидатите кои се одбиени да имаат увид во документите.

Професори од различни универзитети и факултети, го оспорија членот од Законот според кој како релевантна база за цитирање на научни истражувања се издвојува Томпсон базата, која пред се ги фаворизира истражувањата од природните, на сметка на општествените науки. Понатаму, оспорувани беа и јавните огласи за прием на нов кадар на факултетите, бидејќи во многу случаи веќе се знае за кого е наменето отвореното работно место. Како заеднички заклучок беше издвоена потребата од унапредување на политиките во доменот на научните истражувања во општествените науки.

Аудио запис од настанот




vozivo.mk
Промоција на локално ниво на Анализата од примената на Законот за бесплатна правна помош, во 2011 година


„Бајка или реалност!? – Бесплатната правна помош во Република Македонија“

Фондацијата Отворено општество – Македонија, Македонското здружение на млади правници, Националниот ромски центар од Куманово, РОМА С.О.С од Прилеп, Младинскиот културен центар од Битола, Избор од Струмица и ЕХО од Штип низ градовите во републиката ги промовираат наодите од континуираното истражување на имплементацијата на бесплатната правна помош во Република Македонија. Анализата од примената на Законот за бесплатна правна помош е дел од публикацијата „Бајка или реалност!? Бесплатната правна помош во Република Македонија“. Локалните здруженија се поканети на промоциите со почеток во 11.00 часот на 22 мај во Струмица, 23 мај во Штип, 28 мај во Куманово, 30 мај во Прилеп и 31 мај во Битола. Точните локации на одржувањето на промоциите можете да ги дознаете на бесплатниот телефонски број 0800 44 222.

Со оваа анализа сакаме да ја претставиме реалната ситуација од примената на Законот со што ќе ја поттикнеме државата, односно Министерство за правда, во транпарентен процес со вклучување на сите заинтересирани страни, да започне со подготовка на измени на Законот за бесплатна правна помош. Во анализата се идентификувани слабостите и пречките во системот на бесплатната правна помош како за граѓаните така и за здруженијата кои сакаат да се стекнат со овластување за давање бесплатна правна помош.



Медиумите за промоциите на локално ниво: ТВ ТЕРА – Битола, TВ ОРБИС – Битола, Куманово News, Дневник, ТВ СТАР - Штип, ТВ ИРИС - Штип



#
ПРАВНА ПРОГРАМА

Комисијата за заштита од дискриминација се уште во сенка



Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) на 23-ти мај ја промовираше публикацијата под наслов „Извештај во сенка за комисија во сенка“ која се однесува на работата на Комисијата за заштита од дискриминација во првата година од нејзиното постоење, и воедно е трета публикација од едицијата „Примената на законите под лупа“, што ја изработува Правната програма на ФООМ.

Презентирајќи го извештајот и методологијата на неговата изработка, професорката Мирјана Најчевска, подвлече неколку недостатоци во работата, но и во правната поставеност на Комисијата. Еден од поголемите проблеми, истакнати во извештајот, е нестручниот и партизиран кадар. Освен тоа, голем дел од членовите во Комисијата се државни службеници што не е пракса на работа на комисија која треба да делува како независна институција. Во извештајот се забележува дека не е остварена фактичка, но и формално-правна независност од неколку аспекти. Понатаму, нотирана е слабата финансиска состојба. Односно, комисијата за заштита од дискриминација, има најмал буџет од сите останати комисии кои се бават со слична проблематика, а по последниот ребаланс на државниот буџет, буџетот на Комисијата дополнително е намален. Во низата проблеми во работата на Комисијата, наведени се и слабата присутност во медиумите и јавноста, како и пасивноста во поглед на отворање дебати, иницијативи за промена на закони и слично.

Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, Душко Миновски прифати голем дел од забелешките, но не испушти да порача дека Комисијата работи само една година, и дека се уште е во процес на градење. Миновски истакна дека и покрај низата проблеми, Комисијата со помош од невладините организации, успева постојано да се надградува и подобрува. Планирано е локалните канцеларии на парламентарната комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените да примаат и претставки кои ќе стигнуваат до Комисијата за заштита од дискриминација, со што таа дополнително би се отворила за оние кои имаат потреба од неа.  Осврнувајќи се на кадровските проблеми, Миновски истакна дека сите членови на Комисијата добро си ја вршат работата, но и дека фали едно одделение од правници за подобро функционирање на Комисијата,  додавајќи дека одлуките на Комисијата не се облигаторни, но амбиција на сите членови е тие да бидат уважени од надлежните судови.

На дебатата по промоцијата, учество зедоа над дваесеттина истакнати стручњаци од областа на правото и на граѓанското организирање. На крајот од дебатата Данче Даниловска од ФООМ ги презентираше заклучоците од дебатата според кои Комисијата мора да се избори за поголема независност, видливост и достапност, но и да функционира проактивно, наместо ретроактивно.



#
Конкурс за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2012/2013 година


Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) во рамките на Програмата за медицински стипендии за Роми/Roma Health Scholarship Program (RHSP) по трет пат го објавува конкурсот за доделување на медицински стипендии за Роми кои се ученици/студенти на средно стручните медицински училишта/медицински факултети во Република Македонија, со цел да се зголеми бројот на Роми со завршено медицинско образование кои ќе придонесат за унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите. Финансиските средства за програмата се обезбедени од Ромскиот образовен фонд (РЕФ) и програмата за Ромско здравје на Фондацијата Отворено општество (ФОО), од Будимпешта. Програмата содржи 4 компоненти: стипендирање, менторство, застапување и медиуми.

Право да конкурираат за стипендија имаат кандидати кои:

• се запишани како редовни студенти/ученици на признати универзитети/училишта во РМ во академската/учебната 2012-2013 год.
• се на додипломски, магистерски или докторски студии
• се државјани на Република Македонија
• исто така може да се пријават и средношколци кои учат во средните медицински училишта во учебната 2012/2013 година.

Забелешка: ќе бидат разгледувани апликациите само на оние кандидати кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање, кои аплицирале електронски (on-line) и ги почитувале крајните рокови посочени во упатството за конкурирање.

За доделувањето на стипендиите, РЕФ/РХСП ќе одлучуваат врз основа на следните критериуми: квалитет на апликацијата, академскиот успех, општествена ангажираност, квалитет на препораките, како и врз основа на рангирањето направено од страна на националната комисија за селекција.

Рокот за електронското (on line) пријавување за стипендии е до 15 ЈУНИ 2012.

Ве молиме имајте предвид дека, од оваа година, сите заинтересирани кандидати од Македонија ќе можат да аплицираат исклучиво по електронски пат (on-line): Електронската пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб страната: https://gms.romaeducationfund.org/REF-AMS/login.html?d=1&lang=mac

Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот медицински стипендии на Роми можете да добиете во ФООМ,

лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 2444 488 моб. 071/232-861
е-mail: ajsel.memet@soros.org.mk.

#
Културното наследство им припаѓа на граѓаните


На 16-ти мај, 2012 г. во просториите на ГЕМ клубот беше одржана проекција на документарниот филм „Зачувување на светото културно наследство  на Република Македонија“ во продукција на Фондацијата „Македонида“. Во триесет минутниот филм, прикажана е состојбата на неколку сакрални објекти од историско значење, како и  зафатите околу нивната заштита и конзервација.

Главен впечаток од прикажаното во документарниот филм, е немањето на стратегија од страна на Управата за заштита на културното наследство, како што е случајот за црквата „Св. Ѓорѓија“ во Старо Нагоричане, за чија конзервација преку Советот на Европа се добиени значителни средства,  но сè уште не е започната интервенција врз црквата. Од друга страна пак, случајот со Мустафа-пашината џамија во Скопје, ја потенцира потребата од квалитетни конзерваторски проекти. Имено, со последните зафати во Мустафа-пашината џамија, извршени се радикални промени, со што се изгубени ретки декоративни елементи, по кои оваа џамија се издвојувала не само од џамиите на територија на денешна Македонија, туку и од џамиите ширум Балканот.

Говорејќи за грижата за културното наследство, сценаристот и продуцентот на филмот, проф. д-р Панче Велков потенцираше дека конзервацијата на сакралните објекти во последно време е доверена на луѓе кои немаат искуство во заштитата на културното наследство, и наместо тоа целиот процес на конзервација треба да им се довери на реномирани домашни и странски конзерватори.

По проекцијата, следуваше дебата на која учество зедоа реномирани лица со долгогодишни искуства од проблематиката, а чиј заеднички став беше дека јавноста мора подобро да се запознае со запоставените сакрални објекти, кои освен што се важни за националното културно наследство исто така имаат и потенцијал да ја промовираат нашата земја во светот. Домаќинот на промоцијата, извршниот директор на Фондацијата отворено општество - Македонија, Владимир Милчин, истакна дека кај државните институции недостига волја за заштита на културното наследство, и истите никако не смеат да се правдаат со недостиг на пари, особено ако се земе предвид на што се се трошат финансиски средства последните години.



#
Проект на УСАИД за граѓанско општество

Информативни средби
Конкурс за доделување грантови на граѓански организации



usaidfosm

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објави конкурс за доделување грантови на граѓански организации. Проектот на УСАИД за граѓанско општество е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:

1. Поддршка на граѓански организации кои делуваат како демократски јадра во своите заедници, коишто имаат долгорочно искуство и кредибилитет во промовирањето граѓанско учество и имаат капацитет да ги мобилизираат граѓаните и да поттикнат граѓански иницијативи (грантови во износ до 20.000 американски долари);

2. Поддршка на граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања во следните подрачја: Собрание, владеење на правото, судство, медиуми, трошење на јавните пари, финансирање на политичките партии, политиките што се однесуваат на граѓанското општество, младински политики, родова еднаквост и усогласеност со политиките на Европската Унија (ЕУ) и апсорпција на фондовите на ЕУ (грантови помеѓу 10.000 и 30.000 американски долари).

Крајниот рок за поднесување пријави истекува на 4 јуни 2012 год. во 16:00 часот; материјалите за пријавување се достапни на овој сајт.

ФООМ ќе одржи информативни средби за конкурсот за доделување грантови во периодот од 14 до 21 мај. ФООМ ги поканува сите заинтересирани граѓански организации кои би се пријавиле на конкурсот на следниве информативни средби:

• Гевгелија, 14 мај 2012 (понеделник), 11:00 часот, Пионерски дом
• Струмица, 14 мај 2012 (понеделник), 15:00 часот, Дом на АРМ
• Скопје, 15 мај 2012 (вторник), 14:00 часот, х. „Александар палас“, Конгресна сала 2
• Велес, 16 мај 2012 (среда), 11:00 часот, Ликовна галерија
• Штип, 16 мај 2012 (среда), 15:00 часот, х. „Оаза“, Банкет сала
• Кичево, 17 мај 2012 (четврток), 11:00 часот, х. „Унион“
• Струга, 17 мај 2012 (четврток), 15:00 часот, х. „Дрим“, Пијано бар сала
• Битола, 21 мај, 2012 (понеделник), 12:00 часот, х. „Милениум“, Горна сала

Преземете го повикот на албански јазик (.pdf)



#
ИЗЛОЖБАТА „ЧАЧИПЕ ЗА МЛАДИТЕ“ ВО КОЧАНИ


Во организација на „Фондациите Отворено општество“, „Фондацијата Отворено општество – Македонија“ , Амбасадата на Унгарија во Скопје и Општина Кочани денеска, 25 април 2012 година, во НУ Центар за култура „БЕЛИ МУГРИ“ во Кочани, се отвори изложбата на фотографии „Чачипе за младите“. Фотографиите, кои во Скопје беа изложени до 20 април, се изложени во Кочани во рамките на  програмата „Град на културата 2012“.

На изложбата, чиј куратор е Габриела Чизек, се прикажани фотографии од Меѓународниот конкурс за фотографија „Чачипе за младите“, објавен во ноември 2008 година од страна на Фондациите Отворено општество и Архивите на отвореното општество. Повикот „Чачипе за младите“ („чачипе“ на ромски значи „вистина“ или „реалност“) беше отворен за сите млади луѓе од 12-те земји, дел од Декадата за вклучување на Ромите. Целта на овој конкурс беше борба против негативните стереотипи, рушење на предрасудите и прикажување на една пософистицирана и посуптилна слика на најголемото етничко малцинство во Европа – Ромите, низ објективот на младите луѓе.

Над 200 локални активисти ќе бидат обучени за мониторинг на децентрализацијата и јавните набавки


Фондацијата отворено општество-Македонија (ФООМ), во соработка со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), од утре (9 март 2012 година), започнува со реализација на Програмата за обука на претставниците од граѓанскиот сектор за мониторинг на локалните власти во спроведувањето на децентрализацијата и јавните набавки.

Оваа програма има за цел да ги зајакне капацитетите и експертизата на граѓаните за мониторинг на процесот на децентрализација и на трошењето јавни пари од страна на локалните власти, како и за користењето на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во овие области.

Обуките на кои ќе учествуваат над двеста локални граѓански активисти, ќе се реализираат во периодот март-јуни 2012 година, и тоа во партнерство со десет граѓански организации од општините Битола, Велес, Гевгелија, Дебар, Кратово, Кичево, Ресен, Струга, Струмица и Штип.

Првите дводневни обуки за мониторинг на децентрализацијата и на процесот на јавни набавки започнуваат утре, на 9 март 2012 година. Во хотелот Романтик, во близина на Велес, ќе се одржи работилницата за мониторинг на децентрализацијата, на која ќе учествуваат претставници од граѓанските асоцијации во општина Велес, додека во Охрид, во хотелот Метропол, ќе се реализира обуката за мониторинг на јавните набавки, за граѓанските активисти од општина Ресен.

По завршувањето на обуките, локалните партнерски организации, во соработка со ФООМ, ЦРЛД и ЦГК, ќе подготват методологија за мониторинг и ќе формираат тимови за мониторинг составени од најуспешните учесници на обуките. Во втората половина на 2012 година, со менторска помош од страна на ЦРЛД и ЦГК, локалните партнерски организации ќе го набљудуваат работењето на локалните власти и ќе изготвуваат извештаи од мониторингот што ќе и бидат достапни на пошироката јавност.
ПРАВНА ПРОГРАМА


ФООМ достави барање за повлекување на предлог – законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност до пратениците во Собранието на Република Македонија

Фондацијата Отворено општество – Македонија на 12 април 2012 година ја организираше дебатата „Што носи новиот закон за лустрација? Ослободување од наследството на поранешниот комунистички режим или легализација на политички реваншизам?“. Дебатата беше поттикната од четвртата законска интервенција која во рок од четири години се прави во полето кое ја регулира т.н. лустрација, која требаше да претставува процес што ќе го помогне и забрза демократскиот развој на Република Македонија. Дебатата, меѓудругото, беше организирана и поради неопходноста предлог – законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап до документи и објавување на соработка со органите на државната безбедност (предлог – законот) да се дискутира и надвор од Собранието на РМ, пред сè поради бројните контроверзи со кои беше пропратена досегашната примена на т.н. Законот за лустрација.

На споменатата дебата присуствуваа повеќе од 50 учесници, меѓу кои и акредитирани амбасадори во Република Македонија, претставници на меѓународни организации, професори, експерти во полето на безбедноста и во полето на човековите права, членови на Комисијата за верификација на фактите, претставници на граѓанскиот сектор и други. Но, и покрај тоа што покана беше упатена до сите членови и заменици членови на матичната собраниска комисија која го разгледува овој предлог - закон – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како и до членовите на Комисијата занадзор над работата на Управата за  безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, сепак само еден пратеник покажа интерес да учествува на оваа дебата.

Имајќи го предвид отсуството на пратениците од оваа значајна дебата, ФООМ достави допис преку кој на пратениците им ги пренесуваме главните укажувања и препораки кои беа изложени на дебатата.

Преземете ги заклучоците од дебатата
Промоција на книгата „За глобализацијата“ од Џорџ Сорос


Во организација Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) на 23 април, во ГЕМ клубот беше промовирно македонското издание на книгата на Џорџ Сорос „За глобализацијата“. Книгата, изворно објавена во 2002 година, не е само отворена критика на сеуште постоечките проблеми и прашања во функционирањето на глобалниот капитализам, туку дава и практични предлози за поставување на глабалниот капитализам на постабилна и поправична основа тргнувајќи од идејата дека глобализацијата е асиметрична, односно политиката во процесот на глобализација заостанува зад економијата.

Отворајќи ја промоцијата, извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин, наброи неколку интересни причини за преведувањето и објавувањето на публикацијата. Една од причините е недостатокот на слична литература и надворешни мислења кои ќе ни помогнат да ја согледаме и од друг агол македонската економска состојба, но и потребата од запознавање на македонската јавност со ставовите на Сорос, кој во Македонија неаргументирано се критикува како „мозок на глобализацијата“. Правејќи паралела со се почестите напади врз филантропијата на Сорос, Милчин посочи на делови од книгата во кои авторот пластично детектира пет главни дефекти во традиционалниот начин на давање финансиска помош, која според него повеќе им служи на интересите на донаторите отколку на интересите на оние кои ги примаат донациите. Милчин го нагласи ставот на Сорос дека мрежата фондации кои тој ги финасира постои за да им помага на малцинствата, национални, верски, политички, и сите останати.

Професорот на Американскиот колеџ во Скопје, Стево Пендаровски, се осврна на политичкиот аспект во книгата, согласуваќи се со ставот на авторот дека политичките институции се развиваат многу побавно од меѓународните финаниски пазари, што е еден од основните проблеми на процесот на гобализација, или како што нагласи Пандаровски „Политиката остана локална, а пазарот стана глобален“. Тој исто така се согласи со барањата на Џорџ Сорос, до меѓународните институции, за т.н. морално владеење. Давајќи пример, кој се почесто се користи како изговор и кај нас, Пандароски нагласи: „Кога економијата се развива добро во една држава никој не вели дека тоа е резултат и на позитивниот развој на глобалните економски процеси, но кога оди лошо, веднаш како причина се нагласува светската економска криза“. Пандаровски исто така го дели ставот на Џорџ Сорос дека меѓународните институции не треба да даваат финансиски позајмици на државите без претходна проценка на внатрешната политичка волја.

Абдулменаф Беџети, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, осврнувајќи се на книгата од економски аспект, нагласи дека Сорос предупредува, многу порано од други економски аналитичари, за ризиците од појава на светска економска криза, која од 2007 година го тресе глабалниот пазар. За Беџети, книгата не е значајна само заради критиките што ги упатува, туку пред се заради решенијата кои ги нуди, т.н. нови инструменти на глобализацијата. Како пример за неконзистентност во функционирањето на меѓународните инситуции, Беџети го посочи односот меѓу Светската Банка и Македонија: „Последната позајмица, Светската Банка и ја дава на Мекедонија без економска и политичка проценка, и дава пари на една неодговорна Влада, која во 2006 година, за да покаже кредибилитет, плаќаше пенали оти пред време го врати кредитот од Светска Банка.“

Од оваа книга е јасно дека за Сорос глобализацијата не е едноставен економски потфат кој по автоматизам ќе доведе до општествен и политички напредок, па оттука и неговото залагање за јакнење на глобалните политички и општествени институции.

vozivo.mk
Промовирана анализата „Прекршочен орган – позитивна реформа?“

Законот за прекршоци да превенира, а не да репресира



zakon pod lupaПравната програма на Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ) на 23-ти април на тркалезна маса ја претстави анализата „Прекршочен орган – позитивна реформа?“,  која претставува обид за проценка на резултатите од применувањето на Законот за прекршоците, односно е опфатена работата на прекршочните органи.

Објаснувајќи ја анализата, надворешниот консултант во нејзиното подготвување, Валентин Фетаџокоски, ги презентираше согледувањата во работата на прекршочните органи кои се нотирани во анализата. Според она што е наведено во анализата „Прекршочен орган – позитивна реформа?“, прекршочните органи треба да ја елиминираат селективноста во решавање на случаите, но и почесто да ja користат мерката опомена кон прекршителите. Како недостатоци во функционирањето на прекршочните органи, во анализата се наведени и недостатокот  на иницијативи за едукација на членовите на комисиите за одлучување по прекршоците, при штона многу од нив, работењето на прекршочните постапки им е споредна работна задача, со што се става под знак прашалник професионалноста и независноста на посебните организациони единици за водење на прекршочната постапка.

Зборувајќи за правната рамка со која се регулира работата на комисиите за одлучување по прекршоците, професорите од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Гордана Лажетиќ-Бужаровска и Борче Давитковски потенцираа дека глобите пропишани со материјалните закони го надминуваат максимумот пропишан со Законот за прекршоците, односно во некои случаи се  десеткратно повисоки. Оттаму, професорот Давитковски истакна дека не е дозволено на штета на човековите права да се изрекуваат прекршоците и затоа порача да се пристапи кон измени на Законот за прекршоците со што ќе се прецизираат одредбите.

zakon pod lupaВо вториот дел од тркалезната маса, беа изложени искуствата од работата на прекршочните комисии при Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и Министерството за животна средина и просторно планирање.Акцентот беше ставен напримената на законските одредби за порамнувањето, опомената и извршувањето во рамките на комисиите за постапување по прекршоците. Според претставничките од комисиите за прекршоци при Царинската управа, УЈП и Министерството за животна средина и просторно планирање, една од најефективните мерки е порамнувањето и истата е најчесто застапена во прекршочните постапки. Од друга страна, одредбата која се однесува наопомената се користи само во специфични случаи, односно кога станува збро за помали прекршоци. Исто така различните материјални закони по кои работат прекршочните комисии го оневозможуваат изрекувањето на опомената, што е случај со УЈП, каде што иако имаат донесено голем број одлуки за прекршок во текот на една година, просекот на изречени опомени за тој период е многу низок, односно комисијата за постапување по прекршоците на УЈП, многу ретко ја користи оваа мерка.

На тркалезната маса активно учество зедоа околу 50-тина правници, адвокати и вработени во комисиите за постапување со прекршоците. Еден од генералните заклучоци беше дека Законот за прекршоци мора да претрпи измени, по штое потребно останатите материјални закони да се усогласат со цел доследно да се применуваат основните начела во прекршочната постапка.

Анализата „Прекршочен орган – позитивна реформа?“ е втора публикација од едицијата  „Примената на законите под лупа“ изработена од правната програма на ФООМ. До крајот на годинава предвидени се уште неколку анализи кои ќе имаат за цел поддржување на реформите на правниот систем во Македонија.



#
Проект на УСАИД за граѓанско општество
Школа за активно граѓанство

Повик за учесници во циклус “Обуки за младински активизам”



usaidfosmmof


Школата за активно граѓанство ќе се организира за млади и претставници на граѓански организации или неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Школата е составена од два дела, кои ќе ги спроведуваат Младинскиот образовен форум (МОФ) и Форум-Центарот за стратегиско истражување и документација.

Во рамки на Школата за активно граѓанство, МОФ објавува повик за учесници во циклус од четири обуки за младински активизам на следниве теми:
• Слобода на здружување;
• Младински политики;
• Граѓански иницијативи;
• Аргументирано изразување.

Обуките ќе се реализираат во 12 градови во Република Македонија (Скопје, Велес, Штип, Кратово, Делчево, Куманово, Гевгелија, Тетово, Кичево, Дебар, Струга и Битола), во соработка со младинските МОФ центри, во периодот мај – јуни 2012 година.

Обуките се еднодневни и ќе се реализираат за време на викенди (во сабота или недела), во секој од 12-те градови.

Кандидатите за учество на обуките треба да ги исполнат следните услови:
• Да се на возраст од 16 до 25 години;
• Да учествуваат во сите четири обуки;
• Да покажуваат интерес за вклучување во идни граѓански иницијативи;
• Да покажуваат интерес и разбирање за клучните младински проблеми на локално и национално ниво.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 3-ти мај 2012 година, преку испраќање CV и пополнета пријава на obuki@mof.org.mk.

Пријавата за учество може да се преземе тука како и од www.mof.org.mkmacedonia.usaid.gov.

Бројот на учесници е ограничен. Предност ќе им биде дадена на кандидатите кои не се на раководни функции во невладини организации. Обуките се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ и партнерски организации на МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.

Повеќе информации:
info@mof.org.mk
02/3139 692

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Преземи
Опис на теми (.pdf)
Thirrje për pjesëmarrës (.pdf)
Përshkrim i temave (.pdf)
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Повик за учесници во школата за активно граѓанство



usaidfosmforum


Школата за активно граѓанство ќе се организира за млади, претставници на граѓански организации и неформални групи, со цел да им обезбеди неопходно знаење и вештини за реализирање граѓански иницијативи. Школата за активно граѓанство е составена од два дела, кои ќе ги спроведуваат Форум-Центарот за стратегиско истражување и документација (Форум-ЦСИД) и Младинскиот образовен форум (МОФ).

Овој повик за учесници е за обуките кои ги спроведува ФОРУМ-ЦСИД. Обуките ќе се состојат од три модули во текот на 2012 година. Првиот модул ќе се одржи во мај, вториот во јуни, а третиот во ноември.

Првиот модул е воведен и тој ќе има за цел да ги запознае учесниците со  основните поими и алатки потребни за активно граѓанско учество. Темите што ќе бидат обработувани ќе опфатат:  
• Вовед во Поимникот за граѓанско општество;
• Структура на општеството и местото на граѓанскиот сектор;
• Граѓанска иницијатива;
• Граѓанинот, неговото/нејзиното место и можноста за активно учество во јавната сфера (држава, политика, граѓанско општество, медиуми).

Вториот модул ќе биде насочен кон усвојување и развивање практични алатки поврзани со:
• Односи со јавноста и со властите како дел од граѓанскиот активизам;
• Комуникација со медиумите;
• Говорнички вештини.

Третиот модул е еднодневна средба каде учесниците ќе имаат прилика да ги споделат стекнатите искуства.

Критериумите што треба да ги исполнуваат кандидатите се:
• старосна граница: 18-35  години;
• активно членство во граѓанска организација или неформална група.

При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја биографија (CV) на координаторката на проектот во Форум-ЦСИД, Соња Исмаил, на е-маил: sonja@forum-csrd.org.mk, заедно со писмо за мотивација.

Рокот за пријавување е 30 април 2012 година.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

Преземете го огласот на албански (.pdf)
Новиот Закон за лустрација – инструмент за пресметка со неистомислениците


Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) на 12-април организираше тркалезна маса, чија тема беа предлог- измените на Законот за лустрација и нивото влијание врз процесот на верификација на фактите.

Во првиот дел од дебатата, Данче Даниловска ги презентираше новите измени содржани во Предлог-законот за лустрација, а како најрадикални измена е онаа со која се продолжува временската рамка, кој наместо до 1991 година, со новите измени е предвидено таа да трае до први септември 2006 година, односно од моментот кога стапува на сила Законот за пристап до јавни информации. Од друга страна, беше заклучено дека со измените се прави дискриминација врз оние за кои ќе бидат прогласени за соработници, преку нивното јавно објавување. Исто така, преку измените на опфатноста на лицата подложни под Законот за лустрација државата директно се меша во работата на невладиниот сектор и го ограничува правото на вработување во приватниот сектор. Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев со Законот за лустрација, верификацијата на фактите станува инквизиторска постапка, во која нема тужител, а нема ниту постапка на докажување.

Новите измени на Законот се спротивни и од препораките на Советот на Европа (СЕ). Освен временската рамка, која според СЕ не треба да биде по 1989-тата година, проблематично е и нивото на докажување кое треба да биде многу повисоко од нивото на докажување кај останатите кривични предмети, а самата лустрација треба да се однесува само на оние јавни службеници кои директно можат да ги загрозат човековите права (јавни службеници во полиција, судство и сл.). Стојан Андов, еден од предлагачите на Законот, напомена дека претходната верзија била донесено со консензус од сите партии, и порача дека очекува и новата верзија да биде поддржана со консензус. Анализирајќи ги измените, Чедомир Дамјановски, членот на Комисијата за верификација на фактите, нагласи дека Комисијата ќе има технички проблеми во пронаоѓање на цели семејни стебла на оние кои се стекнале со над пет отсто од капиталот на општествено претпријатие бидејќи освен нив, со лустрација се опфатени и нивните семејства. Според Дамјановски, објавувањето на решенија на Комисијата на веб-страна може да му наштети на лицето кое подлежи на лустрација, бидејќи решението иако не е правосилно, тоа ќе биде јавно објавено.

Во последниот дел од дебатата, беше направена споредба на работата на службите пред и по 1991, како и нивниот начин на врбување соработници, и создавање соработнички досиеја. Она што се издвои како заклучок е фактот што се остава широк простор за злоупотреби со досиеја, а многу се наоѓаат и по приватни колекции. Исто така беше порачано дека никаде досега не се казнувал соработничкиот однос, бидејќи тешко се докажувала свесноста и намерноста на соработникот во кршењето на нечии човекови права. Од друга страна, со Законот не се опфатени извршителите и налогодавците на службите, односно оние кои свесно кршеле човекови права и слободи. Анализирајќи го новиот Закон, и целокупниот систем, Ѓунер Исмаил порача дека на систем кој гради закони како Законот за лустрација, треба да му се пристапи поинаку, а не преку академски обид за дијалог.

vozivo.mk
ОДГЛАСИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА


Писмо за поддршка на Владимир Милчин и ФООМ од Андреј Коватчев, потпретседател на Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент, за иницирањето на конференцијата за законодавниот процес за лустрацијата во Македонија

letter
мк (.pdf)


en (.pdf)
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА ВО ОШТИНИТЕ КАРПОШ И ЛИПКОВО

Оглас за ко-модератори во општините Карпош и Липково



forumi vo zaednicata

Програмата „Форуми во заедницата” го поддржува партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).

Во периодот април 2012 – септември 2012, форумскиот процес во општите Карпош и Липково ќе го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ).

За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОРИ во двете општини, кои ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 6-8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

Задачи, одговорности и очекувани резултати:

• Раководење и координирање со Оперативната група;
• Организирање на форумските сесии;
• Регрутација на учесници на форумот;
• Помош на модераторот при водењето на форумските сесии;
• Организирање и ко-модерирање на состаноци помеѓу форумски сесии;
• Техничка подготовка на форумски сесии (сала, постери, опрема);
• Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
• Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
• Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, ФООМ и SDC;
• Подготовка на месечни извештаи.

Квалификации и искуство:
• универзитетско образование
• познавање на англиски јазик
• активно користење на компјутер (Word, Excel, Power Point, Outlook)
• познавање на процесот на децентрализација
• искуство во работа со невладни организации
• да е жител на општината
• искуство во фасилитација, координација и известување
• наклонетост кон тимска работа
• одлични комуникациски вештини

Заинтересираните кандидати треба да нагласат за која општина аплицираат, да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, кои најдоцна до 18.04.2012 треба да пристигнат на следната адреса:

Форуми во заедницата
Булевар Јане Сандански 111, 1000 Скопје
или на електронска пошта: bsarko@sonet.com.mk


#
КОНКУРС
За стипендирање на студенти Роми за академска 2012/2013 година



Ромскиот образовен фонд/ Програма за стипендирање (REF/SP) по тринаесети пат го објавува конкурсот за стипендирање на студенти Роми, во рамки на Програмата за стипендирање на студенти Роми/ Roma Memorial University Scholarship Program (РМУСП).

Право на конкурирање за стипендија имаат кандидатите кои:

• се запишани како редовни студенти на акредитирани универзитет во РМ во академската 2012-2013 год.
• се на додипломски, магистерски или докторски студии
• се државјани на Република Македонија
• може да се пријават и средношколци кои го завршуваат своето четиригодишно средно образование и планираат да се запишат на некој од акредитираните универзитети во РМ во академската 2012/2013 год.  

Забелешка: ќе бидат разгледувани апликациите само на оние кандидати кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање, кои електронски (on-line) аплицирале и ги почитувале крајните рокови посочени во упатството за конкурирање.

РЕФ/РМУСП ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чии што апликации се со највисок квалитет, кандидати кои имаат висок академски успех, кандидати кои се општествено ангажирани, имаат квалитетни препораки, како и врз основа на рангирањето направено од страна на националната комисијата за селекција.

Рокот за електронското (on line) пријавување за стипендии е до 15-ти мај 2012.

Ве молиме имајте во предвид дека сите заинтересирани кандидати од Македонија, ќе можат да аплицираат исклучиво по електронски пат (on-line): Електронската пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериумите, и др. можете да ги најдете на веб страната:

https://gms.romaeducationfund.org/REF-AMS/login.html?dest=/REF-AMS/dashboard.form

Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот за стипендирање на студенти Роми можете да добиете и во ФООМ,

лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 2444 488 e-mail ajsel.memet@soros.org.mk
Анализа од примената на Законот за бесплатна правна помош, во 2011 година


„Бајка или реалност!? – Бесплатната правна помош во Република Македонија“

На 6 април (петок) Фондацијата Отворено општество – Македонија, Македонското здружение на млади правници, Националниот ромски центар од Куманово, РОМА С.О.С од Прилеп, Младинскиот културен центар од Битола, Избор од Струмица и ЕХО од Штип ги промовираа наодите од континуираното истражување на имплементацијата на бесплатната правна помош во Република Македонија. Анализата од примената на Законот за бесплатна правна помош е дел од публикацијата „Бајка или реалност!? Бесплатната правна помош во Република Македонија“.

Со оваа анализа сакаме да ја претставиме реалната ситуација од примената на Законот со што ќе ја поттикнеме државата, односно Министерство за правда, во транпарентен процес со вклучување на сите заинтересирани страни, да започне со подготовка на измени на Законот за бесплатна правна помош. Во анализата се идентификувани слабостите и пречките во системот на бесплатната правна помош како за граѓаните така  и за здруженијата кои сакаат да се стекнат со овластување за давање бесплатна правна помош.



Прочитајте повеќе >>>
Отворена изложбата „Чачипе за младите“


cacipeПо повод меѓународниот Ден на Ромите 8-ми април и Декадата за вклучување на Ромите (2005 – 2015), на 6-ти април беше отворена изложбата „Чачипе за младите“ во организација на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) и Амбасадата на Унгарија во Република Македонија.

Во пригодното обраќање унгарскиот амбасадор, Јозеф Бенце, истакна дека потребата од подигнување на свеста за состојбата и позицијата на Ромите во Европа е од суштинско значење. „Унгарија е еден од најголемите поддржувачи на Декадата на Ромите и минатата година, како претседавач со ЕУ, Унгарија имаше значајна улога во донесување на стратегијата за унапредување на животот на Ромите“ нагласи Бенце.

cacipeМинистерот без ресор, Неждет Мустафа, порача дека тој како национален координатор на Декадата на Ромите во Република Македонија заедно со сите партнери се труди да постигне што поголемо унапредување на животот на Ромите во земјава. „Она што може да го направиме денес, навистина да го направиме денес. Афроамериканците имаа сон, и тој им се оствари, се надевам дека и Ромите ќе го остварат својот сон. А тој ќе се оствари кога ќе се подобрат нивните животни услови. Кога ромските населби нема да бидат тоа што се денес, туку ќе бидат населби каде што ќе има пристоен живот“ порача Мустафа.

Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин, им го честиташе меѓународниот ден на Ромите, додавајќи дека го чувствува како свој и дека ФООМ е еден од најголемите поддржувачи на Декадата на Ромите. „Чачипе на ромски значи „вистина“ и мислам дека оваа изложба е полн погодок, бидејќи вистината најдобро се претставува преку окото и објективот на фотографот“ истакна Милчин. ФООМ и натаму ќе работи на сите четири приоритети од Декадата на Ромите: домување, здравство, образование и вработување, и ќе продолжи со длабока посветеност на унапредување на животот и нивната позиција во општеството. И тоа ќе го правиме рака под рака со сите наши пријатели“ порача Милчин.

cacipeНа изложбата, чиј куратор е Габриела Чизек, се изложени фотографии од Меѓународниот конкурс за фотографија „Чачипе за младите“, објавен во ноември 2008 година од страна на Фондациите Отворено општество и Архивите на отвореното општество. Конкурсот беше отворен за сите млади луѓе од 12-те земји, дел од Декадата за вклучување на Ромите, со цел борба против негативните стереотипи, рушење на предрасудите и прикажување на една пософистицирана и посуптилна слика на најголемото етничко малцинство во Европа – Ромите, низ објективот на младите луѓе. Изложбата ќе биде отворена до 20 април 2012 година.

Промоција на книгата „Штазиленд“

Минатото на Источна Германија не смее да стане иднина на Македонија



stazilendОтворајќи ја промоцијата, извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин го потенцираше задоволството што на 20- годишнината од формирањето на Фондацијата, е издадено едно вакво дело кое преку комбинација од книжевна и фактографска форма, ни го доловува функционирањето на  Штази, најтемелната и најорганизираната тајна служба во светот и нејзината репресија врз граѓаните.  Милчин, правејќи споредба со предлог – измените на Законот за лустрација и неговото досегашно спроведување, порача дека постои голема опасност иднината на Македонија да стане иста како  минатото на Источна Германија.

„Книгата не соочува со постоењето на најсовршената форма на тортура, не соочува со фактот дека секоја идеја која ќе дојде до некои болни и злосторнички умови, секогаш завршува како инструмент создаден само и само за злосторство“ – истакна промоторот Ѓунер Исмаил, додавајќи дека „моменталната општествена констелација во Македонија повикува на одредена доза на вознемиреност, бидејќи вратата на злото не е целосно затворена“. Согледувајќи сличност меѓу сегашната состојба во Македонија и онаа во Источна Германија од 80-тите, Исмаил заклучи дека домашната публика секој ден преку вестите се соочува со сличен материјал за методи на репресија, а единствена разлика е тоа што домашниот материјал е попримитивен и понеписмено елабориран: „Слично како во периодот на Германската Демократска Република, населението е доведено до ниво на кое на фашизмот може да му се налепи секаков епитет, дури и да се опише како патриотизам. Фашизмот мора да има социјална почва оти тоа во еден дел е болест на специфична социјална категорија на т.н. интелектуалци кои кукавичлукот го прогласуваат за внатрешен егзил, и презир кон валканоста на секојдневието, а ваквите диктаторски проекти се претставени како форма на усреќување на нацијата во чие име владеат.“

stazilendВториот промотор, професорката Фросина Ташевска Ременски, порача дека делото „Штазиленд“ е одличен прирачник кој може да помогне во сфаќањето на начинот на функционирање на тајните служби. Според Ташевска Ременски, книгата може да помогне и во препознавање на инструментите на функционирање на Штази,  кои изменети и осовремени  денес се среќаваат во Македонија: „ Делото остава впечаток дека го живеете овде и сега. Дека и вие сте дел од настаните кои безобразно наликуваат еден на друг. Чувствувате дека живеете во правно општество, наспроти реалноста на лага и манипулација“ нагласи Ташевска - Ременски додавајќи дека живееме во минато во модерна верзија и дека е голем расцепот помеѓу пропагираната и онаа вистинската реалност.

По завршувањето на промоцијата, беше прикажан кус документарен филм поврзан со книгата „Штазиленд“, во кој беа прикажани автентични снимки и фотографии од работата на Штази, но и сведоштва на поранешни агенти на Штази и жртви на тортури и репресии на тајната служба на Источна Германија.

vozivo.mk
Дебата на ФООМ / РППИ

Измените на Законот за високо образование - неуставен упад во автономијата на универзитетите



На дебатата „Какви научни истражувања и настава овозможува новиот Закон за високо образование?“ организирана на 30-ти март 2012 година во ГЕМ клубот, голем број универзитетски професори, млади истражувачи и студенти преку аргументирана и конструктивно насочена дискусија препорачаа дека е неопходно власта да се воздржи од регулирање на низа важни прашањата од делокругот на универзитетите и се заложија за донесување законски решенија кои ќе ја зачуваат и обезбедат автономијата на универзитетите и нивните членки, како и за обезбедувањето услови за остварување на слободата и автономијата на наставата и научните истражувања.

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
Предлог за дополнување на Нацрт-акциски план за Отворено владино партнерство (прва верзија) на Република Македонија


Денеска, 23 март 2012 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) испрати Предлог за дополнување на Нацрт-акциски план за Отворено владино партнерство (прва верзија) на Република Македонија до Министерството за информатичко општество и администрација.

ФООМ смета дека во Нацрт-акцискиот план за Отворено владино партнерство, а следејќи ги предлог-акциските планови и на другите држави, кај предложените мерки недостасува поврзаност на тековните реформи и веќе направените напори за поголема транспарентност и отчетност, со новите чекори кои ќе бидат преземени, но и не се дадени индикатори за следење на имплементацијата на Акцискиот план. Генерално, вака како што е даден, Нацрт-акцискиот план за Отворено владино партнерство остава впечаток дека: (1) Владата својата транспарентност и отвореност ја сфаќа само како сет од информатички мерки, (2) Владата не поставува високи цели кон кои ќе се стреми за зголемување на транспарентноста и отчетноста и (3) отсуствува пристапот на Владата за зголемена соработка со граѓанските организации и партиципативно креирање политики.

Преземете го предлогот за дополнување на Нацрт-акциски план за Отворено владино партнерство од тука.
Проект на УСАИД за граѓанско општество


На 27 февруари, 2012 година Фондацијата Отворено општество – Македонија го потпиша договорот со УСАИД за спроведување на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот ќе се реализира во период од 30 месеци во партнерство со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција. Проектот е финансиран од УСАИД со 2,540,000 УСД и ко-финансиран од ФООМ со 278,120 УСД.

Главни цели на проектот се: 1) Заживување на граѓанското учество во политичкиот и општествениот живот; 2) Поддржување на граѓанското општество активно да се залага за демократски реформи и 3) Подобрување на соработката и здружувањето во граѓанскиот сектор со цел зајакнување на граѓанската одговорност.

Проектот го сочинуваат три главни компоненти:

Компонентата А: Граѓански активизам и учество е дизајнирана да ги зајакне граѓаните и младите да ги препознаат начините на кои можат да се ангажираат во своите заедници и да обезбедат различни нови механизми за нивно учество. Проектот ќе генерира одржлив активизам и влијание преку поврзување на обуките за активно граѓанство со учење низ помагање во заедницата, волонтерство, користење нови медиуми, локални акции, грантови за граѓанско учество и активизам.

Компонентата Б: Мониторинг и застапување ќе ги поттикне граѓанските организации да работат на суштински прашања и да влијаат на власта за спроведување демократски реформи. Тоа ќе се постигне преку градење капацитети на граѓанските организации (со работни стипендии и обуки), истражување и мониторинг во одредени подрачја, како што е пристапувањето во ЕУ, доделување грантови за мониторинг и застапување засновано на истражувања, консултации со релевантните фактори и ангажирање во креирањето јавни политики.

Компонентата В: Соработка и мобилизирање ќе промовира поголема мобилизација, соработка и солидарност на граѓанските организации преку поддршка на заеднички развиени акции на партнерства и мрежи, форуми за размена на искуства, дискусии за заедничките проблеми, можни решенија и идни активности. Активностите се структурирани околу три главни аспекти: можности за граѓанско ангажирање, вмрежување и награди за граѓанско ангажирање.

Активностите во проектот ќе придонесат кон постигнување на следниве резултати:

•    Зголемен младински активизам и учество;
•    Мобилизирани граѓани во општествено застапување за демократски реформи;
•    Зголемен онлајн активизам;
•    Граѓански организации со подобрени капацитети и експертиза за мониторинг и застапување;
•    Граѓански организации кои придонесуваат за транспарентност на институциите и подобри јавни политики во одредени области;
•    Зајакнато граѓанско партнерство за решавање заеднички прашања на национално и локално ниво.
МОФ домаќин на меѓународен форум за транспарентно образование


Во периодот од 19ти до 21ви март 2012 година во Скопје, се одржува меѓународен форум за транспарентно образование организиран од Младински образовен форум и ЕДЦ, а финансиски поддржан од Програмата Исток Исток: прекугранични партнерства  при Фондација отворено општество - Македонија и United States Agency for International Development (USAID).

Повеќе: http://mof.org.mk/index.php?id=262&sodr=vest
Препораките за подобрување на Нацрт-Стратегијата за соработка со граѓанските организации (2012-2017) доставени до Владата и Собранието


Заклучоците и препораките од консултацијата на граѓанските организации одржана на 06 март 2012 година по повод Нацрт-Стратегијата за соработка со граѓанските организации, на 12 март 2012 беа писмено доставени до Кирил Божиновски, Генерален секретар на Влада на Република Македонија и Радмила Шеќеринска, Претседателка на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија.

Со цел да се подобри текстот на Нацрт - Стратегијата, триесет и двете граѓански организации кои дадоа писмена поддршка за препораките, се застапуваат за:

· Воспоставување ефикасен институционален механизам за дијалот меѓу Владата и граѓанскиот сектор, преку формирање на национално советодавно тело;
· Зајакнување на независноста и институционалната поставеност на Одделението за соработка со граѓанските организации;
· Унапредување на учеството на граѓанските организации во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки, преку воспоставување на конкретни и задолжителни механизми за консултација;
· Доследна примена на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на граѓанските организации и неопходна негова задолжителност за сите органи на Владата;
· Унапредување на одржливоста на граѓанскиот сектор преку воспоставување  државен фонд за кофинансирање и институционална поддршка на граѓанскиот сектор;
· Унапредување на следниве закони: Кривичен законик, Законот за пристап до информации од јавен карактер, Законот за утврдување дополнителен услов за носители и кандидати за јавни функции, Законот за спречување и превенција на перење пари и финансирање тероризам, Законот за игри на среќа, Законот за лобирање, Законот за волонтерство, Законот за здруженија и фондации и даночните закони и подзаконски акти.

Работна средба: Што има ново?"

Промовирана публикацијата „Повеќе труд за подобар суд“

Управниот суд е неефикасен суд



Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) преку својата правна програма на 12-ти март ја промовираше публикацијата „Повеќе труд за подобар суд“, која се однесува на судската заштита на човековите права во управните спорови. Промоцијата на публикацијата беше проследена со дебата на која учествуваа експерти од областа на правото, а кои дадоа свое видување за работата на Управниот суд, и обезбедувањето на човековите права во управните спорови.

Презентирајќи ја публикацијата, д-р Марија Петровска се задржа на целите но и заклучоците и препораките од публикацијата. Она што може да се забележи во публикацијата „Повеќе труд за подобар суд“ е фактот што Управниот суд не споделува информации за тоа колку инволвираните органи не постапиле по пресуди на Управниот суд, како и тоа дека нема податоци за тоа колкав е бројот на тужби поднесени до Управниот суд, а се однесуваат за молчење на администрацијата. Според компарацијата на обемот на тужби пак, евидентно е зголемувањето од година во година, но и слабата ефикасност при решавањето на предметите. Па така, во 2009-2010 година Управниот суд просечно решавал 37 отсто од предметите, додека за истиот период Врховниот суд решил 45 отсто од предметите.

Пензионираниот судија Фиданчо Стоев проблемите во неефикасноста ги лоцираше во слабиот почеток на функционирањето на Судот, како и недоволната поддршка од ресорното министерство.  За Стоев, Управниот суд ќе ја доживее својата целосна афирмација во оној момент кога ќе почне да носи мериторни одлуки.

Вториот дел од дебатата беше посветен на тужбите кои се поднесуваат поради молчење на администрацијата, и заштитата на правата на оние кои тужат. Деканот на Правниот факултет од Скопје, Борче Давитковски, ја потенцираше потребата од нов закон за Управен суд, бидејќи постојаниот Закон е на штета на странките, и притоа и дава можност на извршната власт и нејзините институции да влегуваат во судски парници со странките, појава што досега не била забележана во ниту една друга држава. Осврнувајќи се на молчењето на администрацијата, Давитковски забележа дека кај различни институции и органи различен е степенот на молчење, што внесува дополнителна забуна кај оштетените странки.

Сличен став имаше и судијката во Босанскиот уставен суд, Маргарита Цаца Николовска, според која измените на роковите за тужби за молчење на администрацијата даваат впечаток дека Владата сака да им го оневозможи правото на тужба на граѓаните и институциите. Осврнувајќи се пак на лошите услови за работа на Управниот суд, Николовска подвлече дека тие нема да бидат олеснителна околност доколку државата во иднина биде тужена во Судот во Стразбур.

„Повеќе труд за подобар суд“ е првата анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“ изработена од правната програма на ФООМ. До крајот на годинава предвидени се уште неколку анализи кои ќе имаат за цел поддржување на реформите на правниот систем во Македонија.

Работна средба: Што има ново?


Граѓанскиот сектор предлага унапредување на текстот и решенијата предвидени во Предлог - Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор во период 2012- 2017

sto ima novoПретставници на триесеттина здруженија на граѓани, на шести март 2012 година, одржаа работна средба под наслов „Што има ново“, посветена на тековните верзии на Предлог - Стратегијата за соработка на Владата на РМ со граѓанскиот сектор, која се однесува на периодот 2012-2017 година. На средбата беше заклучено дека Предлог-Стратегијата треба да обезбеди: воспоставување на ефикасен институционален механизам за дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор, преку воспоставување на национално советодавно тело; услови за зајакнување на независната и институционалната поставеност на Одделението за соработка со граѓанските организации; услови за унапредување на учеството на граѓанските организации во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки, преку воспоставување на конкретни и задолжителни механизми за консултација; доследна примена на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на граѓанските организации и затоа е неопходна негова задолжителност за сите органи на Владата; унапредување на одржливоста на граѓанскиот сектор преку воспоставување државен фонд за кофинансирање и институционална поддршка на граѓанскиот сектор како и унапредување на законскaта рамка која во потполност ќе го обезбеди правото на здружување и изразување мислење, како и финансиското и деловното работење.

Препораките за подобрување на Нацрт-Стратегијата за соработка со граѓанските организации (2012-2017) доставени до Владата и Собранието

vozivo.mk


Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Петта сесија во Босилово



tm foomНа 23 февруари 2011 година во просториите на ОУ „Гоце Делчев“ во Босилово се одржа петтата форумска сесија на која учествуваа 85 жители на општината. Четирите предлог проекти, изработени од работните групи, беа ставени на гласање: „Асфалтирање игралишта во с.Моноспитово и с.Бориево“, „Замена на азбестни плочи и адаптација на кабинети во с.Турново“, „Изградба на повеќенаменски објект во с.Штука“, „Реконструкција на културниот дом во с.Радово“.

Учесниците на форумот како најприоритетен го избраа проектот „Изградба на повеќенаменски објект во с.Штука“ со вкупен буџет од 2.745.845 денари (1.250.285 денари од СДЦ и 1.495.560 денари од општината и партнерите). Второрангиран беше проектот „Замена на азбестни плочи и адаптација на кабинети во с.Турново“ и затоа остатокот од предвидените средства од проектниот фонд (1.299.165 денари) беше одлучено да се искористат за реализација на дел од овој проект - за замена на азбестните плочи.
Транспарентност Македонија: ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2011

За состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и транспарентноста во општеството



tm foomНа ден 24 февруари 2012 година Транспарентност Македонија (ТМ) го промовираше Годишниот извештај 2011, кој е резултат од проектот „Месечни извештаи за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и транспарентноста во општеството“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Континурано, четврта година по ред со поддршка од ФООМ, ТМ непосредно да ги следи состојбите во врска со борбата против корупцијата и криминалот, како и состојбата со транспарентноста во општеството и во функционирањето на државните органи и другите институции кои располагаат и трошат јавни пари или други јавни средства и ресурси во Република Македонија.

Како резултат на континуираното следење на состојбите во повеќе области поврзани со неправилностите, кршењето на законските и на другите процедури, сомневањата за извршени коруптивни и криминални дела или за недостиг на транспарентност и јавност во работата на државата и нејзините органи и институции, во 2011 година ТМ објави два двомесечни извештаја (јануари–февруари и јули–август 2011 г.), осум месечни извештаи (март, април, мај, јуни, септември, октомври, ноември и декември) и 4 посебни соопштенија до јавноста, наведувајќи стотина конкретни случаи, но и феномени и системски тенденции од областите коишто беа предмет на опсервација. Овие извештаи дадоа детален пресек на повеќето недостатоци што се појавија во функционирањето на сите три гранки на власта, нудејќи конкретни препораки и совети во областа на одговорното и законското антикорупциско работење. Намерата на ваквата интензивна мониторинг-активност е актерите во македонската политика, надлежните државни органи и институции, како и граѓаните, конструктивно да ги сфатат овие јавни укажувања, предупредувања и препораки, како еден континуиран и објективен механизам за следење на состојбите во Република Македонија во областа на транспарентноста во општеството и борбата против криминалот и корупцијата.

Во оваа смисла, Годишниот извештај 2011 претставува селекција, но истовремено и симбиоза на најважните настани во повеќето области, интегрирани во повеќе тематски и логички целини, со цел полесно да се следат и систематизираат различните случувања во изминатата година, кои се тесно поврзани со феномените што беа предмет на месечна опсервација. Целна публика на овој годишен извештај не се само стручната и експертската јавност во РМ, туку и поширокиот граѓански аудиториум, кој со право е заинтересиран за тоа како се креираат политиките, како се трошат јавните пари и како се спорведуваат законите во областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал во РМ.

Преземете го Годишниот извештај 2011
ПОВИК


За прибирање предлози/концепти за подготовка на документи за унапредување на јавни политки (policy papers) во областа на општествените науки

Фондацијата Отворено општество – Македонија, локална канцеларија на Регионалната програма за поддршка на истражувања во општествени науки/Западен Балкан (2011-2013) во Македонија, во рамките на предвидените активности за унапредување на јавните политики од областа на општествените науки во Македонија објавува повик за прибирање концепти за подготовка на документи за унапредување на јавните политки (policy papers) во областа на општествените науки.

Заинтересираните кандидати може да достават концепт за подготовка на документ за унапредување на јавните политики во рамките на следниве генерални теми:

1. Перспективите за младите истражувачи од Македонија во област на општествените науки и

2. Влијанието на истражувањата во општествените науки врз развојните процеси во Македонија


Можност за пријавување на овој повик имаат млади истражувачи од Македонија на возраст до 35 години.

Финансиската поддршка за секој избран концепт не може да надмине 115.000 денари (вкупни торшоци).

Краен рок за испраќање на пријавите е 19 март (понеделник) 2012.

За интегрална верзија на Повикот кликнете тука. За Формулар за пријавување кликнете тука.
Политичките партии не сакаат да зборуваат за своите пари


tm foomПолитичките партии во Македонија се нетранспарентни во нивното финансирање, а институциите овластени за регулација на финансирањето многу слабо ги спроведуваат законските норми. Ова се генералните забелешки од тркалезната маса одржана на 15-ти февруари, каде што беше претставен годишниот Извештај за транспарентност во финансирањето на политичките партии, издаден од Транспарентност Македонија (ТМ) и Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ).

За потребите на Извештајот биле испратени 224 барања за добивање информации до 55 политички партии, како и до сите инволвирани субјекти кои се задолжени за регулација на финансирањето на политичките партии. Меѓу другото, од политичките партии на увид биле побарани и годишни финансиски извештаи за 2010 година, како и извештаи за финансирање на изборната кампања.

Според Предраг Трпески, професор на економскиот факултет, Македонија, по регулација на финансирањето на политичките партии, се наоѓа меѓу петте најдобро рангирани држави во Европа. Но, и покрај добрата регулација, заради партизираност на институциите задолжени за контрола на финансирањето, како и заради фактот што нивниот состав често се менува по партиски директиви, во Македонија  се уште постојат коруптивни елементи во финансирањето на политичките партии.

Дека финансирањето на политичките партии е имуно на санкции, потврди и професорот на Правниот факултет Никола Тупанчевски. Според Тупанчевски, по последните предвремени избори, била донесена една судска пресуда, а најавена е и една кривична пријава, за неправилности при финансирањето на политичките партии. Тоа, според Тупанчевски не е доволно. „Постојат неколку неправилности во финансирањето, кои правно може да се санкционираат. Првата форма на неправилност е за неподнесување на извештаи. Втората е ненаведување на изворите на финансии и третата е пречекорување во потрошената сум. Сите знаеме дека овие неправилности во финансирањето биле чести појави кај политичките партии особено по завршување на изборите“ заклучи Тупанчевски додавајќи дека би било пожелно да се направи едно ново и независно тело кое ќе може да ги санкционира неправилностите.

tm foomЗа Ванчо Узунов пак, финансирањето на политичките партии е синоним за корупција и злоупотреба, бидејќи секој донатор на некоја политичка партија очекува „оплодување“ на донираните финансиски средства, односно привилегии доколку политичката партија дојде на власт. Според Узунов, класична злоупотреба се и државните субвенции кои многу лесно можат да се трансформираат во донации од приватни лица.

На тркалезната маса учествуваа повеќе интелектуалци од областа на правото, економијата и политичкиот систем, чиј заеднички заклучок беше дека под итно се потребни промени во Законот за финансирање на политичките партии, бидејќи сегашниот правен механизам не функционира.

Преземете го извештајот (.pdf)

Медиумите за тркалезната маса „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“: Алфа ТВ, Фокус, Дневник, 24 Вести ( најава, прилог )
ТВ Ал-Џазира за лустрацијата во Македонија


ПРАВНА ПРОГРАМА

Започнува дистрибуцијата на роковникот за 2012 година, „Да не заборавам: Имам права!“



rokovnikПравната програма при Фондацијата Отворено општество – Македонија подготви роковник за афирмација на примената на Законот за бесплатна правна помош и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Роковникот кој ја содржи пораката ДА НЕ ЗАБОРАВАМ: ИМАМ ПРАВА!, наменет за активистите за човекови права и за студенти, ќе се дистрибуира бесплатно. Можете да го добиете и ако ни пратите е-маил на pravo@soros.org.mk.

Имајќи предвид дека особен фокус на правната програма е подобрување на заштитата на човековите права и набљудување на спроведувањето на новововедените механизми за заштита на човековите права, ФООМ спроведува кампања за афирмирање на правото на еднаквост и правото на слободен пристап. Од овие причини, ФООМ подготви роковник во којшто преку цитати, хронологија на настани, квиз и преку обработка на случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе ги запознае граѓаните со фудаменталните права – правото на еднаквост и правото на пристап до информации. Воедно, роковникот ги афирмира правата и преку информативните прилози поврзани со имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош и Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Дистрибуцијата на роковникот се врши во ГЕМ клубот (ул. Караорман бб).

Погледнете го роковникот
Лустрацијата не смее да се однесува на политичка чистка


Лустрацискиот процес во Македонија е еден од неколкуте во регионот кој отиде во погрешна насока, или со други зборови, тој стана алатка во рацете на власта за стигматизација на нејзините непријатели.

Од Хералд Шенкер
Скопје, 27 јануари 2012 година

Општествата контаминирани со тоталитаристичка манипулација треба да се исчистат. Оваа вистина толку е едноставна колку што е невозможна за реализација. Јас не познавам ниту еден случај на лустрација кој мина неоспорен од страна на поранешните сторители. Проблемот е во демократиите каде и поранешните манипулатори имаат право на глас, дури и по нивната лустрација, судската осуда, или каква било друга мерка изречена против нив.

Во идеална ситуација, овој процес пред сѐ има социјален карактер. Важно е ваквите информации да бидат јавни. Важно е да се обелоденат кривичните дела сторени од страна на тоталитаристичките режими, тие да станат дел од колективната меморија и да се осудат. Важно е за нив да се предава, детално да се истражуваат и потоа истите детали да се стават на располагање на јавноста.

Се разбира, неприфатливо е поранешните сторители на овие кривични дела и нивните доушници, оние без’рбетниците, да не се именуваат на јавни функции, барем за одреден временски период. Се разбира дека непријавувањето на сопствениот статус како соработник на тајните служби треба да се казни. Така е во теоријата.
Погледнете ги земјите како Романија или Бугарија каде голем дел од политичките елити се појавија токму од редовите на поранешните сторители.

Погледнете ја Германија по падот на нацистичкиот режим, и Западна и Источна Германија (да, да, и таму има вакви случаи) каде поранешните нацисти се користеа како експерти во нивните соодветни области, и покрај де-нацистификацијата, и покрај различните демократски заложби. Погледнете ја Германија денес, каде поранешните сторители на кривични дела не само што имаат сопствени политички партии и групи на интереси, туку и активно се борат против лустрациските постапки, иако не со голем успех.

Сепак, Германија е и пример за фер право и постапка. Повеќе од 20 години по падот на комунистичкиот режим, архивите сѐ уште се отворени, жртвите сѐ уште добиваат пристап до нивните досиеја, сторителите сѐ уште може да се гонат, а доушниците можат да ги изгубат своите работни места во јавниот сектор.

Јавноста овде е клучен збор. Јавната функција е единственото поле на интерес на државата во овој процес. Државата не ја засега дали една приватна компанија или организација вработува поранешен член на Штази или доушник.

Ова може да се чини дегутантно, но кој очекува приватните работи секогаш да бидат морални и етички? Со други зборови, кој има право да суди за тоа?
Романија е различен пример. Таму се чуваат досиејата на жртви водени за моите родители, како и оние водени за неколкумина од моите блиски пријатели, инаку поранешни дисиденти. Овие досиеја се нецелосни и погрешни. И тоа нема да се смени. Зошто? Бидејќи тие беа под контрола на сторителите на кривични дела за период подолг од една деценија по падот на режимот. Досиејата се изманипулирани, преправани и уништени до тој степен што соодветна реконструкција на настаните ќе биде исклучително комплексна задача.

Третиот пример е Македонија. Овде процесот започна со задоцнување од две децении и содржи пропусти во речиси секој аспект. Како и многу други работи во Македонија денес, процесот на лустрација е предмет на политичка чистка.

Наместо да поттикне јавна дебата за улогата на самопрогласените елити во поранешна Југославија и дискусија за соработката на голем дел од населението со системот кој ги обесправуваше другите делови, целата работа се сведе на јавно објавување на наводните доушници.

Ќе ги прескокнам деталите за тоа како комисијата надлежна за овој процес е сѐ освен независна и како политичките елити создадоа уште една политизирана институција којашто по потреба можат да ја злоупотребуваат во јавноста. Зборувам за политичките елити во множина бидејќи и денешната влада и опозицијата имаат свој удел во создавањето на оваа збрка. Тоа го направија намерно, со цел да се стекнат со контрола, да добијат уште едно оружје за пресметка со политичките непријатели.

Проблемот е во тоа што „другиот“ навистина е непријател, а не само опонент. На тој начин политиката се персонализира, што пак, е вообичаено во овој дел од светот, па така целото општество се држи како заложник на егото на неколкумина. Лустрацискиот процес е жртва на истите рефлекси.

Зошто инаку би се донела политичка одлука лустрацијата да се прошири и во однос на временската рамка и во однос на лицата кои треба да ги опфати?
Да им објаснам на оние кои не се запознаени со оваа проблематика: според Законот за лустрација кој е во сила, овој процес го опфаќа и периодот на 90-тите, деценија на демократија, којашто колку и да била транзициска и неперфектна, сепак е демократска.

Кревате веѓи во чудење? Второ, законот сега налага лустрација на претставниците на граѓанското општество и на новинарите. Не ви се верува? Ви се вклучува светлото за аларм?

Моќните опоненти на власта кои доаѓаат од редовите на граѓанското општество и медиумите веќе со години се стигматизираат како предавници. Лустрацискиот процес, онака како што денес се спроведува, е обид ваквиот процес на стигматизација да добие еден вид диплома, парче хартија што не може да се негира, побие или заборави.

Без оглед на околностите, штетата е веќе направена. Лустрацијата се однесува на минатото и таа не смее да се помеша со политичките чистки.

Одлуката на македонскиот уставен суд за укинување на 12 одредби од Законот за лустрација заслужува пофалба. Надежите се дека таа одлука ќе помогне процесот на лустрација да се врати онаму каде навистина припаѓа: во откривање на кривичните дела од минатото.

Исто така, надеж постои и дека тоа ќе испрати јасен сигнал до политичките елити да ја продолжат својата пресметка во арената што е вистинско место за неа: во политичката арена на денешницата, во институциите, а не во мрачните ходници на поранешните тајни служби.

Наслов на оригиналот: Lustration Should Not be About Purges
Од: Harald Schenker

Преземено од: http://www.balkaninsight.com/en/article/lustration-should-not-be-about-purges
Политичкото „чистење“ во Македонија се соочува со испит пред суд


Од МЕТЈУ БРУНВАСЕР
Објавено во Њујорк Тајмс на 24 јануари 2012 година

Повеќе од 20 години откако поголемиот дел од Источна Европа го чистеше јавниот живот на агентите, известувачите и другите приврзаници на комунистичкиот систем, сега на ред е Македонија.

Владата, со седиште во Скопје, е во завршната фаза од спроведувањето на нејзината широка програма, принудувајќи ги луѓето од најразлични професии на давање заклетва дека не биле соработници, и предизвикува судир со највисокиот суд на државата, којшто ја прегледува уставноста на мерката.

Во рамките на оваа мерка, новинарите и вработените во невладините организации, политичките и верските организации се обврзани да поднесат изјава до 31 јануари во врска со тоа дали некогаш соработувале со службите за државна безбедност.

„Сакаме да отвориме нова страница и да изградиме демократско општество според модерни вредности, а не општество што се темели врз стари врски формирани во текот на комунистичкиот период“, рече Илија Димовски, пратеник во Парламентот од владејачката партија – Внатрешна македонска револуционерна организација, централно-десничарска партија, во понеделникот во телефонско интервју од Скопје.

Додека повеќето слични програми од Источна Европа се стремеа да помогнат во олеснувањето на транзицијата од тоталитарен во демократски систем на владеење во раните 90-ти години, програмата на Македонија дури сега влегува во сила, предизвикувајќи загриженост за нејзината ефективност и стравови дека законот се користи за да се замолчат политичките противници.

Како резултат на тоа, Уставниот суд ќе донесува одлука по оваа програма во среда. Со одлуката може да се запре целиот процес, да се дозволи да продолжи или да се укинат некои одредби.

Програмата издвојува поединци од стариот комунистички режим, кој заврши во 1991 година со распадот на Југославија и поделбата на федерацијата од шест југословенски републики на седум независни држави.

Според Комисијата за верификација на фактите, владино тело задолжено за управување на процесот, примени се повеќе од 10.000 изјави од сегашни и поранешни државни функционери. Oд околу 4.000 обработени случаи, за 26 лица било утврдено дека се соработници. Петнаесет лица ги обжалија наодите пред суд.
Томе Аџиев, претседател на комисијата, рече дека политиката не може да влијае врз работата на Комисијата.

„Ние немаме притисок од власта“, изјави тој во телефонското интервју од Скопје. „Ние само ги утврдуваме фактите“.

Ваквите програми во регионот правно се познати како лустрација - од латинскиот збор што значи „ритуално прочистување“. Ана Петрушева, директорка на Балканската истражувачка мрежа на Македонија, непрофитна он-лајн медиумска група, ја поддржува целта на лустрацијата: чистење на оние кои ја злоупотребиле службената моќ во стариот систем и отворање на досиејата на поранешните државни безбедносни служби.“

Но, г-ѓа Петрушева изјави дека начинот на кој владата го води процесот „служи само за манипулација и политички притисок“.

„Во Скопје е присутно чувството дека ова е уште еден начин да се создаде притисок врз новинарите“, рече г-ѓа Петрушева, која иако имаше само 15 години во 1991 година, ја достави својата изјава.

Обвинувањата за политичко влијание се поткрепени со фактот дека сите тројца функционери кои се соочуваат со отстранување од функцијата според законот се политички противници на владејачката партија. Едниот од нив, Владимир Милчин, театарски режисер и директор на Фондацијата Отворено општество во Македонија, поднесе жалба на одлуката на Комисијата за лустрација за отпуштање од неговата позиција како универзитетски професор. Фондацијата е еден од најголемите финансиски поддржувачи на граѓанското општество и на организациите за борба против корупцијата во земјата.

„Владимир Милчин има значаен углед како глас на либералните вредности во земјата“, рече Арија Нaер, претседател на фондациите Отворено општество, минатата есен во телефонско интервју од Њујорк. Осврнувајќи се на г. Милчин, г. Нaер на интервјуто рече „се чини дека дискредитирањето на некој како него има голема политичка вредност за владата“.

Г. Милчин, кој има 64 години и кој сега се движи со двајца телохранители, рече дека тој е посочен како некој што ја „предаде“ Македонија. „Ова е многу сериозно“, рече г. Милчин. „Ова значи дека кога шетате низ центарот на градот, луѓето извикуваат ‘срам да ти е’ и ‘предавнику’“.

Извор: http://www.nytimes.com/2012/01/25/world/europe/macedonia-political-cleansing-faces-court-test.html
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Четврта форумска сесија во Босилово



На 25 јануари во просториите на ОУ „Гоце Делчев“ се одржа четвртата сесија на форумот во општина Босилово. Четири работни групи ги претставија своите предлог проекти на тема образование и култура. Еден од одобрените концепти на проекти од третата сесија беше откажан во текот на подготовката на документацијата поради имотно-правна и финансиска неизводливост. Изработените предлог проекти беа дискутирани од страна на стотина жители на општината и претставници на локалната самоуправа. Форумот ги одобри сите четири предложени проекти понатаму да се разработат и подготват за гласање за избор на проектите кои ќе бидат финансирани од проектниот фонд (вкупно 3,800,000 денари, од кои 1,900,000 денари од Швајцарската агенција за развој и соработка и 1,900,000 од Општина Босилово). Гласањето ќе се спроведе на наредната форумска сесија, која ќе се одржи кон крајот на февруари.
КОНКУРС

За професионален развој на РМУСП стипендисти за академската 2011/12 година



Ромскиот образовен фонд (РЕФ) во рамките на Програмата за стипендирање на студенти Роми (РМУСП) објавува конкурс за Професионален развоја за стипендистите на РМУСП Програмата за академската 2011/12 година.

Програмата за професионален развој (ППР) има за цел да ги поддржи стипендистите на РМУСП во академската 2011-2012 година во активности како што се истражувачи проекти, програми за практиканти, летни школи, програми за стажирање или курсеви за јазик во рамките на признати универзитети, училишта за странски јазици и други организации во и надвор од земјата на живеење.

Критериуми за избор:

• кандидатите треба да бидат РМУСП стипендисти во моментот на поднесување на on-line апликација за грант
• да поднесат целосно пополнета пријава
• да обезбедат уверение за положени испити од првиот семестар во академската 2011/12 година
• да обезбедат оригинал документ за прифаќање на научно истражување, писмо за учество на програми за практиканти, летна школа, програми за стажирање или понуда за изучување на странски јазик во рамките на признати универзитети, училишта за странски јазици или друга организација во и надвор од земјата на живеење.

Кандидатите треба да имаат во предвид дека ретроактивно исплаќање на грантот за настани кои веќе се одржале не е возможно и истите нема да бидат прифатени!

Забелешка: Во рамки на Програмата ќе бидат разгледувани апликациите само на оние кандидати кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање во Програмата, кои испратиле целосно потполнета пријава и ги почитувале крајните рокови посочени во упатството за конкурирање.
Национална комисија за селекција ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чии што пакети со пријави имаат највисока квалитативна вредност, кандидати кои имаат висок академски успех, кандидати кои се општествено ангажирани, имаат квалитетни препораки, како и врз основа на препораките на комисијата.

Рокот за електронското (on line) пријавување за дополнителната поддршка е:
прв рок 28 ФEВРУАРИ 2012 и втор рок 30 МАJ 2012.

Ве молиме имајте предвид дека, сите заинтересирани кандидати ќе можат да аплицираат исклучиво  по електронски пат (on-line): Електронската пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб страната:

http://www.romaeducationfund.hu/professional-development-english

Електронската апликација е достапна на линкот: http://www.romaeducationfund.hu/scholarship-apply

Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот, можете да добиете во ФООМ, лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 247 71 07 моб. 071/232-861
е-mail: ajsel.memet@soros.org.mk
ПОВИК

За регионални истражувачки предлог проекти во област на општествените науки 2012



Повикот за регионални истражувачки предлог проекти е отворен за истражувачи и институции од и лоцирани во Западен Балкан.

Истражувачките теми со кои се аплицира треба да се релевантни на транзиционите тематики и истовремено да опфатат и анализираат специфични проблеми од општествено-научна перспектива. Дополнително, предлогот мора да одговара на регионалната тема “Политички, социјални и економски промени во Западен Балкан“. Ова ги вклучува следниве приоритетни области:

Повеќе од етникум:
1. Општествени и економски промени и предизвици на (новите) општествени разлики
2. Држави, мрежи и  неформалност


Повеќе информации за овој повик на: http://www.rrpp-westernbalkans.net/calls

Краен рок за аплицирање 31 март 2012.

Програмата за промоција на регионални истражувања (ППРИ) во Западен Балкан, финансиски поддржанa од Швајцарската агенција за развој и соработка, е насочена кон воспоставување и зајакнување на истражувачките капацитети во област на општествените науки во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна  Гора и Србија. Во Македонија програмата ја координира Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Проект: „Легализација на домувањето за Роми“


Потпишан договорот за имплементација на проектот „Легализација на домувањето за Роми“

Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) и Здружението за хумано домување Хабитат - Македонија на 18-ти јануари го потпишаа договорот за соработка и имплементација на проектот „Легализација на домувањето за Роми“. Проектот ќе обезбеди финансиска, административна и техничка помош за легализација на домови во кои живее ромско население, а ќе трае од 2012 до 2015 година.

Во воведот на потпишување на договорот, извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин, истакна дека ова е голем проект со кој се решава еден од проблемите на маргинализираните заедници, и проект со кој ќе се опфати и четвртиот сегмент од Декадата на Ромите - домувањето. Вкупниот буџет на проектот изнесува 905.208 УСД, од кои Канцеларијата за Ромски иницијативи – Будимпешта учествува со 430.728 УСД, 405.995 УСД се од Ургентниот соросов фонд, „Хабитат - Македонија“ учествува со 55.817 УСД, додека пак, Фондација Отворено општество - Македонија учествува со 12.668 УСД.

Претседателот на НРЦ, Ашмет Елезовски изрази надеж дека проектот пред се ќе успее да ги информира Ромите, а потоа и комплетно да им помогне во процесот на легализација. За таа цел, НРЦ веќе има отворено Ресурсен центар во Куманово, каде што сите заинтересирани Роми можат да добијат техничка и правна помош во процесот на легализација на нивните домови.

Објаснувајќи ја улогата на „Хабитат – Македонија“, извршниот директор Зоран Костов истакна дека организацијата, во соработка со микрокредитна институција, ќе им помага на Ромите преку обезбедување на многу поволни бескаматни микрокредити и техничка помош. Проектот значително ќе ја намали правната несигурност и ќе обезбеди сигурни домови, од аспект на нивната статика и изглед, но и сигурна иднина.
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Општинските услуги повторно послаби од тројка



Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) на 26-ти декември ги преставија резултатите од теренското истражување спроведено во 12 општини, кое има за цел да го утврди степенот на задоволство на граѓаните од услугите кои ги добиваат на локално ниво. Истражувањето е дел од проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, кој ФООМ и ЦРЛД го спроведуваат од август 2010 година и е второ вакво истражување, по она спроведено во ноември 2010 година.

Резултатите од годинешното истражување покажуваат дека граѓаните ги оцениле услугите што ги добиваат на локално ниво со вкупна просечна оцена од 2,81. Иако постои благо зголемување на вкупното просечно задоволство на граѓаните од општинските услуги од 2,71 во 2010 година на 2,81 во 2011 година, фактот дека вкупната средна оцена сеуште е под просечната оцена (3) укажува на тоа дека се потребни значителни натамошни напори за подобрување на локалните услуги преку стимулирање на процесот на децентрализација. На пример, значаен е податокот дека на ниво на РМ, ниту една општинска надлежност, ниту пак некоја конкретна услуга од било која надлежност, во просек не постигна просечна вредност поголема од 4.

Гледано низ области, услугите во образованието, културата и спортот се услуги кои се најдобро оценети со средна оцена од 3,24, додека општините давале најлоши услуги во областа на социјалната заштита каде се оценети со просечна оцена од 2,39. Втора најлошо оценета област и во 2011 година, како и во 2010, останува областа локален економски развој со 2,48.

Клучните наоди од истражувањето можете да ги преземете овде.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Коментар на законот за Слободен пристап до информациите од јавен карактер



Скопје, 21 декември 2011. Правната програма на Фондацијата Oтворено општество – Македонија (ФООМ) е посветена на промовирање на транспарентноста и отчетноста на институциите, почитување на човековите права и поддржување на реформите на правниот систем во Република Македонија. Приоритет на програмата е да го охрабри јавното учество во овие процеси. Затоа ФООМ го публикуваше Коментарот на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер кој ќе им помогне, но и ќе ги поттикне граѓаните и здруженијата да бараат остварување на нивното правото на пристап до информациите кои ги креираат властите. Во оваа насока е и изјавата на Џон Рајд, канадски политичар и поранешен Комесар за информации на Канада кој вели: „Во најголема мера, претставниците на власта ја сакаат тајноста, бидејќи таа е алатка за моќ и контрола, а не затоа што информацијата што ја имаат е особено чувствителна според својата природа“.

Дополнително, во публикацијата на македонски јазик се додадени: Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до јавните докумнети, која Република Македонија ја има потпишано но не и ратификувано, како и Општиот коментар бр.34 на Комитетот за човекови права на Обединетите нации на членот 19: Слободи на мислење и изразување од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Преземете ја електронската публикација

За да ви доставиме печатен примерок од публикација ве молиме да не’ контактирате на e-mail: pravo@soros.org.mk
ПРАВНА ПРОГРАМА

Транспарентност во финансирањето на политичките партии



Транспарентност Македонија (ТМ) и Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) го спроведуваат проектот „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“, преку кој континуирано се следи и се анализира финансирањето на политичките партии. Свесни за тоа дека станува збор за комплексна операција, преку проектот се обидуваме да ги идентификуваме сите неправилности и кршењето на законските норми, но и недостигот од транспарентност и јавност во работата на политичките партии.

Од направената анализа може да се заклучи:

• И покрај тоа што можат да се идентификуваат повеќе недостатоци во законската рамка, исклучително е поразителен фактот дека постои непочитување на постоечките норми и од страна на политичките партии, но и од надлежните институции, особено во врска со тековното финансирање. Ваквата забелешка беше вметната и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2011. Висок процент од регистрираните политички партии, односно организаторите на изборните кампањи, не поднесуваат финансиски извештаи до надлежните институции. Битно е да се забележи дека постои разлика во почитувањето на овие одредби во тековното финансирање и во финансирањето на изборната кампања, па така процентот на исполнители на обврските се движи од приближно 11% од регистрираните политички партии, споредено со приближно 83% од организаторите на изборните кампањи. Веројатно ова се должи на фактот дека за време на изборите политичкиот влог е многу поголем, па партиите што се натпреваруваат покажуваат поголема подготвеност за почитување на Законот;

• Недоволно прецизен и детално пропишан образец за финансиските извештаи, што остава простор за давање неточни и/или непотполни информации од  страна на организаторите на изборните кампањи;

• Нејаснотии поврзани со видот и висината на донациите поради кои се јавуваат потенцијални прекршоци, и

• Зголемен тренд на неподготвеност на политичките партии што се јавуваат како организатори на изборните кампањи за транспарентно работење и соработка со јавноста (само 35% од организаторите на кампањи одговорија на барањата за информации од ТМ).

Преземете го извештајот (.pdf)
Македонија што побрзо да ја искористи пресудата од Хаг


Владата мора што побрзо да ја материјализира поволната пресуда од Судот во Хаг, бидејќи со тек на времето, пресудата ќе губи од својата вредност и актуелност. Ова е пораката од дебатата „Правните и политичките прашања поврзани со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг“ која се одржа на 10 декември во ГЕМ Клубот.

Започнувајќи ја дебатата, модераторот Мерсел Биљали истакна дека Македонија со процесот во Хаг изгуби повеќе од три години за да го докаже она што целиот свет го знае. Според Биљали, пресудата никако не смее да биде замена за нашиот неуспех во големите институции, и дека интеграцијата во ЕУ и НАТО мора да продолжи.

Идните можности за искористување на пресудата ги образложи професорот на Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски. Според него, постојат неколку можности за извршување на пресудата, а тоа се или поставување на проблемот пред Советот за безбедност, што досега се нема случено, или пак повторна тужба пред Судот во Хаг. Фрчкоски исто така подвлече дека власта сега ја слави референцата БЈРМ и дека понатамошна интеграција во НАТО и ЕУ под БЈРМ, би била чекор напред кон зачувување на уставното име на Македонија, бидејќи тогаш Македонија би била во еднаква позиција со Грција.

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, јавно запраша доколку сега Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО под референцата БЈРМ, зошто Владата тоа не го направила пред четири години. За Георгиевски јасна била пораката која доаѓа од Брисел, а тоа е поголема конструктивност, и целосно решавање на проблемот со името. Георгиевски ја повика Владата на поголема иницијативност за да ја искористи преодната Влада во Грција за решавање на спорот.

За разлика од останатите, поранешниот министер за надворешни работи Александар Димитров, имаше поинаков став. Според Димитров, пресудата нема да доживее некоја посериозна понатамошна процедура, а нема да биде ниту чекор напред кон ЕУ и НАТО. Димитров истакна дека не е убеден дека власта е искрена кон Евро-атлантските интеграции, туку напротив, власта иницира и подржува анти-западно расположение. Димитров потенцираше дека тој лично не е оптимист дека пресудата ќе донесе некое решение во спорот со името.
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Петта сесија на буџетскиот форум во Боговиње



bogovinje forumi vo zaednicataНа петтата, последна сесија во Боговиње, Форумот одлучуваше кои препораки ќе влезат во буџетот за следната година и кој проект е приоритетен за финансирање за 2012. На сесијата, одржана на 9 декември, од присутните 130 граѓани кои ги посетуваа форумските сесии, стотина имаа право на глас.

Во текот на претходните сесии учесниците на буџетскиот форум дадоа вкупно 40 препораки, од кои 15 се вклучија во буџетот. На оваа сесија општината даде образложение за сите препораки кои не беа прифатени: десет се во надлежност на органите на централната власт, четири проекти привршуваат, три се одбиени поради имотно-правна или финансиска неизводливост, а за осум ќе се бараат средства од други донатори. Сепак, Форумот доби ветување дека општината ќе се заложи да обезбеди средства, како и да лобира кај надлежните за да се реализираат препораките на форумот.

Од предложените четири проекти кои беа ставени на гласање, со мнозинство на гласови од работните маси беше избран проектот „Уредување на коритата на реките во Боговиње и Пирок“.
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Форумски сесии во Гостивар, Боговиње и Босилово



На петтата и последна форумска сесија од буџетскиот форум во Гостивар, одржана на 29 ноември, членовите на форумот одлучуваа кои препораки ќе влезат во буџетот за следната година и кој проект е приоритетен за финансирање за 2012. Во текот на претходните сесии форумот даде 20 препораки за буџетот за 2012, од кои општината прифати 13. На оваа сесија општината даде образложение за сите препораки кои не беа прифатени; дел поради немање на потребните средства, а дел поради тоа што не се во надлежност на општината. Сепак, форумот доби ветување дека општината ќе се заложи да обезбеди средства, како и да лобира кај надлежните за да се реализираат препораките на форумот. Од предложените пет проекти кои беа ставени на гласање, со мнозинство на гласови од работните маси беше избран проектот „Продолжување на уредувањето на шеталиштето на река Вардар“.

На 30 ноември, во с. Камењане, се одржа четвртата сесија на буџетскиот форум во општина Боговиње, на која стотина граѓани дискутира за расходите на буџетот на општината за 2012 година, за програмите образование и екологија. За време на оваа сесија членовите на работната група и учесниците на форумот дадоа голем број предлози за решавање на проблемите на граѓаните за кои сметаат дека треба да се вметнат и планираат во општинскиот буџет за наредната година во однос на темата која се дискутираше. Најголем дел од предлозите на граѓаните се однесуваа на реконструкција на училиштата и за создавање на подобри услови за реализација на кабинетска настава.

Втората сесија во општина Босилово се одржа на 30 ноември. Учесниците детектираа проблеми во рамките на избраната тема „Образование и култура“. Од работните маси произлегоа над 30 приоритетни проблеми за кои понатаму форумот нудеше можни решенија. После дискусијата за понудените решенија се формираа 8 работни групи, кои ќе работат на развивање на предлог проекти.
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Предлози за измени и дополнувања на Законот за јавните набавки



Скопје, 30 ноември 2011 година – Владата на Република Македонија до Собранието на Република Македонија достави Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, кој е ставен во прво читање на дневен ред на пленарната седница на Собранието закажана за 5 декември 2011 година. Со оглед на тоа што предложените измени не ги адресираат најголемите проблеми нотирани при имплементацијата на постоечката регулатива, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) до Собранието на Република Македонија доставија сопствени Предлози за измени и дополнувања на Законот за јавните набавки. Предлозите се подготвени врз основа на анализа на податоците собрани преку набљудувањето на спроведувањето на повеќе од 300 постапки за јавни набавки на централно и локално ниво, во периодот 2009 – 2011 година.

Клучните препораки на ЦГК и ФООМ за подобрување на постоечката регулатива за јавните набавки се:

• Да се ограничат и попрецизно да се дефинираат можностите за поништување на постапките за јавни набавки;

• Вкупната вредност на дополнителните набавки што договорните органи можат да ги набавуваат со преговарање, без претходно објавување на оглас наместо сегашните 30% од вредноста на основниот договор да се намали на 20% или 25% според примерите на други земји и меѓународни институции;

• Договорните органи задолжително да ја прават достапна тендерската документација бесплатно на електронскиот систем за јавни набавки, а во случаите кога тоа не е можно да овозможат непосреден увид и неограничено преземање;

• Да се нагласи во законот правото на економските оператори на увид во документацијата од постапките во кои учествувале, со одредување рок во кој договорниот орган е должен да го овозможи тој увид;

• Да се воведе рок во кој договорните органи ќе мораат да ги спроведат одлуките на Државната комисија по жалби за јавни набавки;

• Да се зајакне обврската на договорните органи детално да ги образложуваат причините за донесување на одлуките така што ќе влезе во член 210 како битна повреда на законот;

• Да се прошират надлежностите на Бирото за јавни набавки за да се искористи неговиот потенцијал во насока на подобро остварување на неговата законска функција со следење на постапките за јавни набавки, давање препораки до договорните органи за отстранување на констатираните неправилности и поднесување барање за поведување на прекршочна постапка;

• Да се воведат санкции за прекршување на обврските и одредбите од Законот за јавни набавки, како за договорните органи така и за економските оператори и

• Да се прошират и специјализираат одредбите за спречување на судирот на интереси и да се поместат во Општите одредби од Законот за јавни набавки бидејќи е неопходно евентуалното постоење на судир на интереси да се утврди уште пред почетокот на постапката.


За повеќе информации и детално образложение на предлозите, преземете го документот во целост.
Промовирана публикација


„Невидливи за општеството - проценка за подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попречености“

Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) на конференцијата на 25-ти ноември  ја презентираше публикацијата „Невидливи за општеството - проценка за подготвеноста за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со попречености“, која има за цел да ја утврди сосотојбата на домашното законодавство во неколку области, и да даде оценка за усогласеноста  на состојбите во Македонија, со Конвенцијата.

Започнувајќи ја конференцијата, заменикот министер за труд и социјална политика, Ибарахим Ибрахими, потенцираше дека ратификацијата на Конвенцијата ќе значи унапредување на правата на лицата со попреченост, додавајќи дека во моментов, лицата со попреченост кај нас се соочуваат со помалку шанси за вработување, но и со ограничен пристап до одредени добра.

Во обраќањето на авторите на публикацијата, Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти, истакна дека авторите тргнале од традиционалниот поглед на општеството и поединците кон лицата со попреченост. Најчевска и останатите автори се залагале за почитување на основните човекови права, но и за перспективност наместо изолација на лицата со попреченост. Вториот автор, Кети  Јандриеска Јованова, нагласи дека донесувањето  на Конвенцијата ќе значи и поголема инклузивност на лицата со попреченост, додавајќи дека можеби треба да има одредени интервенции во Законот. На пример, препораката за вработување на дефектолог во секое училиште, би преминала во задолжително вработување. За Беким Кадриу пак,  Конвенцијата може да стане гаранција за целосно унапредувањее на човековите права на лицата со попреченост. Кадриу исто така ја повика државата да има проактвна улога кон решавањето на проблемите на лицата со попреченост, и истовремено да ги заштити од дискриминација.

Дамјан Татиќ, член на Комитетот за правата на лицата со попречености при ООН,  ги објасни придобивките, но и обврските кои произлегуваат од Конвенцијата, истовремено, споделувајќи ги искуствата од Србија. Татиќ посочи дека секоја држава мора да ги заштити лицата со попречености од секаков вид на дискриминација, особено задржувајќи се на тоа да им овозможи слободен пристап кон јавни објекти, без разлика кој стопанисува со објектите. Исто така, Татиќ упати препорака за градење на механизам за координација  и надзор во кој силно би бил вклучен и граѓанскиот сектор.

Во завршниот дел од конференцијата се дискутираше за активностите на невладините организации во насока на промовирање и заштита на правата на лицата со попречености.
ПРОГРАМА ЗА МЕДИЦИНСКИ СТИПЕНДИИ ЗА РОМИ

Доделени 75 медицински стипендии



Извршниот одбор на Програмата за медицински стипендии за Роми од Будимпешта донесе одлука да додели дополнителни 14 стипендии за Ромите кои се школуваат на медицинските училишта и факултети во Македонија. Тоа значи дека програмата во учебната 2011/2012 година ќе стипендира 75 ученици и студенти, наместо 61 колку што беа планирани. За да се обезбеди нивна континуирана поддршка, во текот на целата школска година, ангажирани се и 22 универзитетски професори како ментори.

На конкурсот за медицински стипендии за Роми за учебната 2011/2012 година се пријавија вкупно 126 кандидати. Во полуфиналната фаза беа селектирани 83 кандидати, од кои 75 добија стипендија. За споредба, во 2010 година, бројот на доделени стипендии беше 48.

Целта на Програмата за медицински стипендии за Роми е преку обезбедување на поддршка за медицинско образование, менторство и обука за здравствено застапување и комуникациски вештини, да се овозможи зголемување на бројот на Роми со завршено медицинско образование и нивно активно вклучување во креирањето и имплементирањето на здравствените политики, што воедно ќе придонесе кон унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите.

За да се постигне целта и да се обезбеди навремено информирање на Ромската јавност за можностите кои ги нуди програмата, беше рализирана кампањата за информирање и промовирање на програмата во јавноста под мотото “Дипломата креира лидери – учи медицина“, наменета за младите Роми - студенти на медицинските факултети и високи школи, ученици во средномедицинските стручни училишта, лекари специјализанти, како и лекари на последипломски студии. Исто така, беше реализиран и летен камп во Охрид, на кој кандидатите за стипендии се стекнаа со знаења и вештини кои ќе ги користат во застапувањето за унапредување на пристапот до здравствена заштита на Ромите. Содржината на програмата на кампот се состоеше од обуки за комуникациски и презентациски вештини, обуки за здравство и маргинализирани групи, здравствени политики, како и обука за менаџмент и лидерство во здравството.

Финансиските средства за оваа програма се обезбедени од Ромскиот образовен фонд и Програмата за Ромско здравје на Фондацијата отворено општество од Будимпешта. Во Македонија, програмата ја имплементира Фондацијата отворено општество Македонија.
Повик за апстракти - РППИ Научна конференција 2012




Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувања (РППИ) во Западен Балкан се покануваат истражувачите и научниците, со свои апстракти, да учествуваат на годишната конференција „Општествени, политички и екомонски промени во Западен Балкан“, која ќе се одржи во Сараево од 24 до 27 мај 2012 година.

Конференцијата има за цел да создаде можност научниците и истражувачите да ги презентираат своите истражувања и да развијат мрежа за соработка. Исто така, учеството на конференцијата е можност за меѓународно публикување на истражувањата, како и можност за дебата на теми поврзани со актуелните политички состојби и случувања во регионот на Западен Балкан.

Можност за учество имаат доктори на науки и докторанди кои што работат на теми поврзани со темите на конференцијата „Општествени, политички и екомонски промени во Западен Балкан“.

Краен рок за поднесување на апликациите е 18 декември 2011 година.

За повеќе информации кликнете тука.
ПРАВНА ПРОГРАМА

(Не)транспарентност во финансирањето политички партии



Во организација на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Транспарентност Македонија (ТМ), а по повод објавувањето на резултатите од првиот периодичен извештај, на 17 ноември се одржа тркалезната маса „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“.

Во своето воведно обраќање, професорот Ванчо Узунов нагласи дека финансирањето на политичките партии сеуште претставува сива и нејасна зона, податна за ширење корупција, не само заради недоследностите во начинот на регулирање туку и заради начинот на кој се применува. Република Македонија, преку низа закони, се обврза да обезбеди еднаков пристап до изворите на финансирање за сите политички партии, а се обврза и да обезбеди и ефикасен контролен механизам кој треба да гарантира одговорност и транспарентност во финансирањето на политичките партии. Сепак, постојат низа недоследности, и од страна на политичките партии и од страна на државните институции кои имаа надлежности врз процесот. Државните институции не ги исполнуваат надлежностите, додека за политичките партии се стекнува впечатокот дека меѓу нив постои консензус да не се зборува отворено за финансирањето.

Данче Даниловска од ФООМ истакна дека поттик и идеја за имплементирање на проектот „Транспарентност во финансирањето на политичките партии“ се континуираните укажувања на Европската комисија дека „транспарентноста на јавните расходи и финансирањето на политичките партии остануваат нецелосни“.

Искра Андреева од ТМ објасни дека истражувањето, правено според законската рамка важечка до октомври 2011, покажува дека политичките партии не ги почитуваат пропишаните форми за известување на тековното финансирање. Истовремено, истражувањето кое како единствена алатка за прибирање на податоците и од политичките партии и од надлежните инстируции го користи пристапот до информации од јавен карактер, покажува дека ниту овој Закон, во Македонија, не се применува во целост. Голем процент од партиите не ги доставиле податоците, или пак го игнорирале барањето.

За професорката Рената Тренеска Дескоска, најголем проблем претставува немањето волја кај клучните политички фактори за вградување вистински решенија во Изборниот законик. Изборниот законик, донесен во 2006 година, до сега два пати претрпе суштински измени, во 2008 и во 2011 година. Според неа, развојот на измените од 2006 до 2011 година, покажува дека измените не се направени со чесна намера. „Она што беше криминално во 2006, во 2011 го озаконивме“ нагласи Дескоска. Како пример за своето тврдење, Дескоска го посочи случајот со медиумите. Од една страна, обврската на медиумот да обезбеди рамноправност во промовирањето на политичките партии во текот на изборна кампања се коси со можноста медиумот да се јави и во улога на донатор, од друга страна. Според Дескоска, финансиските извештаи не даваат одговор на прашањето како се дефинираат донаторите и дали се вистински донатори. Заради тоа, таа смета дека одредбите не смеат да останат само на формално ниво, туку мора да овозможат и начини на испитување на потеклото на парите добивани од донатори.

Професорот Никола Тупанчески, поранешен претставник на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата) нагласи дека во инситутциите нема ниту волја, ниту капацитети за спречување на злоупотребата во финансирањето политички партии. Според него, законската норма постои, ама не се применува. Тупанчевски, со жалење, заклучи дека главниот проблем во Македонија е селективната примена на правото, односно, правото се применува под превезот на политичките интереси.

Доцентот Предраг Трпески истакна дека проблемите во оваа сфера се и длабоко вкоренети во начинот на работење на партиите, но и се предизвикани од слабата функционалност на механизмите за контрола на финансирањето на партиите. Според него, во партиите, само мал круг на партиски членови имаат контрола и увид во финансирањето, па оттаму, финасирањето политички партии почнува да наликува на приватен бизнис. Трпески смета дека зајакнувањето на контролните механизми е единствениот начин да се избегнат злоупотребите.

Преземете го Првиот периодичен извештај „Транспарентност во финасирањето на политичките партии“
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Четврта сесија во Гостивар



На 16 ноември  во Гостивар се одржа четвртата форумска сесија на која 90тина граѓани дискутираа за расходите на буџетот на општината за 2012 година за програмите уредување на градежно земјиште (капитални расходи), изградба и реконструкција на улици и патишта, изградба на системи за водоснабдување и канализација, одржување и уредување на паркови и зеленила. За време на оваа сесија членовите на работната група и учесниците на форумот дадоа голем број предлози за решавање на проблемите на граѓаните за кои сметаат дека треба да се вметнат и планираат во општинскиот буџет за 2012 година во однос на темата која се дискутираше.
ПРАВНА ПРОГРАМА

БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ



На 27 и 28 октомври 2011 во Штип и Битола беа организирани средби со локалните здруженија кои имаат искуство во давање на правна помош. Целта на средбите е размена на искуствата на овластените здруженија за давање на претходна правна помош согласно Законот за бесплатна правна помош (Македонското здружение на младите правници, Националниот ромски центар - Куманово, Младинскиот културен центар - Битола и РОМА С.О.С. - Прилеп) со локалните здруженија. Ќе следи и трета средба со здруженија во Скопје на 10 ноември 2011 година со почеток во 11.00 часот во ГЕМ клубот.

Средбите кои ги организираа Македонското здружение на младите правници и Фондацијата Отворено општество – Македонија се дел од проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“. Овој проект има за цел да го олесни и поддржи воспоставувањето на системот на бесплатната правна помош во Република Македонија, со што ќе придонесе кон идентификување на слабостите и пречките во имплементацијата, но и ќе даде препораки за нивно надминување и отстранување за добивање на поефикасен систем во кој граѓаните би имале можност да остварат еднаков пристап до правдата. Имплементацијата на проектот е започната во 2010 година, а ќе трае до декември 2012 година.
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Третите сесии во Гостивар и Боговиње и првата сесија во општина Босилово



На 31 октомври во Гостивар се одржа третата форумска сесија на која 90тина граѓани дискутираа за расходите на буџетот на општината во 2011 и за планираните расходи за 2012 година за програмите: основно образование, средно образование, градинки, култура, спорт и рекреација.

Во Боговиње, третата форумска сесија на 4 ноември , беше посветена на инфраструктурата и економијата во 2012 година. Стотина жители на општина Боговиње дискутира за расходите на буџетот на општината во 2011 година и за планираните расходи за 2012 година за инфраструктурни и економски проекти.

И на двете сесии жителите од овие општини дадоа голем број предлози за решавање на проблемите на граѓаните за кои сметаат дека треба да се вметнат и планираат во општинските буџети за 2012 година.

Во Босилово, програмата „Форуми во зедницата“ започна со првата форумска сесија на 2 ноември. Околу 140 жители на општина Босилово се фокусираа на образованието, со цел понатаму подлабоко да навлезат во нејзината обработка, утврдувајќи конкретни проблеми и предлагајќи решенија. На оваа сесија се формираа работните маси, се усвоија правилата на работа и се определи динамиката на сите форумски сесии.
ПРАВНА ПРОГРАМА


Барање до матичното работно тело и до Законодавно-правната комисија во Собранието на РМ за утврдување во извештаите за Предлог-законот за дополнување на Законот за бесплатна правна, Предлог-законот да не се даде на натамошно читање

Скопје, 27 октомври 2011 година: Фондацијата Отворено општество – Македонија, Македонското здружение на младите правници, Националниот ромски центар-Куманово, Младинскиот културен центар-Битола, РОМА С.О.С.-Прилеп, Избор-Струмица и Едукативно хуманитарната организација ЕХО-Штип по повод поднесувањето на Предлог-законот за дополнување на Законот за бесплатна правна помош кој е ставен на разгледување на седницата на Собранието на Република Македонија на 7 ноември 2011 год., доставија барање до матичното работно тело и до Законодавно-правната комисија во Извештаите да утврдат Предлог-законот да не се даде на натамошно читање, во согласност со член 142 од Деловникот на Собранието на РМ. Имено, здруженијата по спроведеното набљудување на имплементацијата на Законот се согласни дека има потреба од изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош, но во поголем обем од дадениот во Предлог-законот.  

Организациите сметаат дека со ова дополнување постоечките нејаснотии, недоречености и несоодветни решенија во Законот уште повеќе ќе дојдат до израз во примената, а со тоа нема да се исполни целта за добивање поефикасен систем во кој граѓаните би имале можност целосно да го остварат правото на еднаков пристап до правдата.

Нејаснотитиите и недореченостите во постоечкиот текст на Законот за бесплатна правна помош се состојат меѓу другото во:
1. Строги и ограничувачки услови кои граѓаните треба да ги исполнуваат за да се стекнат со правото на бесплатна правна помош,
2. Нејасен опфат на бесплатна правна помош во однос на останатите трошоци за остарување на правдата (на пример, судските такси),
3. Исклучување на осомничените и обвинетите во кривичните постапки од правото на бесплатна правна помош,
4. Строги критериуми за вклучување на здруженијата во системот на бесплатна правна помош, и
5. Претходната правна помош е нејасно дефинирана и непотребно оптоварена со долга процедура.

Барањето доставено до Собранието на РМ можете да го преземете тука.
ПРАВНА ПРОГРАМА

ФООМ побара повлекување на Предлог – законот за еднакви можности на жените и мажите



Фондацијата отворено општество – Македонија писмено се обрати до Претседателот на Собранието на Република Македонија, членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, и членовите на Клубот на жени пратенички, и изрази  загриженоста за нивото на неусогласеност на Предлог - законот за еднакви можност на жените и мажите. Предлог - законот се наоѓа во Собраниска постапка со Директивите 2000/78/EC; 2002/73/EC; и 2004/113/EC поради кои Законот се донесува. Забелешки на Фондацијата особено се однесуваат на неуредувањето на прашањето на учеството на здруженијата и фондациите при давањето заштита на жртвите на дискриминација.

Понатаму, Предлог – законот не содржи дефиниции кои се од значење за примената на Законот (пол, род); не ја предвидува сексуалната ориентација како основа за дискриминација; не ги утврдува прецизно обврските на приватниот сектор; областите определени со Предлог – законот се лимитирано определени; не се предвидува политиката за еднакви можности да ја спроведува независно тело, и не се воспоставува правна рамка која би овозможила ефективна заштита од дискриминација.

Имајќи ги предвид овие забелешки, се надеваме дека пратениците ќе настапат одговорно при отворањето на прашањето за законското регулирање на еднаквите можности на жените и мажите и ќе побараат повлекување на Предлог – законот од страна на овластениот предлагач. Повлекувањето на Предлог – законот ќе отвори можност за негова доработка во смисла на надминување на неусогласеноста со ЕУ Директивите од областа на еднаквите можности на жените и мажите.

Интегралниот текстот на барањето е во прилог.
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Конкурс за доделување грантови на граѓански организации



usaidfosm


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на конкурсот е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:

1. Поддршка на граѓански организации кои делуваат како демократски јадра во своите заедници, коишто имаат долгорочно искуство и кредибилитет во промовирањето граѓанско учество и имаат капацитет да ги мобилизираат граѓаните и да поттикнат граѓански иницијативи (грантови во износ до 20.000 американски долари);

2. Поддршка на граѓански организации ангажирани во надгледување на властите и застапување засновано на истражувања во следните подрачја: Собрание, владеење на правото, судство, медиуми, трошење на јавните пари, финансирање на политичките партии, политиките што се однесуваат на граѓанското општество, младински политики, родова еднаквост и усогласеност со политиките на Европската Унија (ЕУ) и апсорпција на фондовите на ЕУ (грантови помеѓу 10.000 и 30.000 американски долари).

За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби и меѓусебно поврзување.

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:
• директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество;
• покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
• нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
• применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
• промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
• градат партнерства и коалиции, посебно кога се обработуваат тешки реформски прашања.

Рок за поднесување на пријавите: 4 јуни, 2012 до 16:00 часот

Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.

Документи за преземање:

- Кoнкурс за доделување грантови

- Konkurs për dhënien e granteve organizatave qytetare

- Образец за пријавување

- Буџет

- Упатство за буџетирање

- Прилог 1. Временска рамка за спроведување

- Прилог 2. Основни информации за партнерските организации

- Прилог 3. Резиме на проектот на англиски јазик

#
Покана за недостапните граѓани Зоран Ставрески и Александар Бичиклиски


pokana za stavreski i bicikliski
(.pdf)
Промоцијата на анализата „Повеќе труд за подобар суд - судската заштита на човековите права во управен спор“


banerНа 12 март 2012 година, во хотелот „Холидеј Ин“, со почеток во 11 часот ќе биде промовирана првата публикација од едицијата „Примената на законодавството под лупа“, чиј главен фокус е работењето на Управниот суд низ призма на заштитата на човековите права во управен спор.

Правната програма на Фондацијата отворено општество – Македонија е посветена на промовирање на транспарентноста и давање отчет од страна на институциите; почитување на човековите права и поддржување на реформите на правниот систем во Република Македонија. Во текот на 2011 и 2012 година, Правната програма, меѓу другото, е фокусирана на поддржувањето на транспарентниот процес на приближување на домашното законодавство кон законодавството на ЕУ преку информирање и вклучување на граѓанскиот сектор и набљудување на примената на новоусвоеното законодавство.  

Сметаме дека набљудувањето на примената на реформските закони е од клучно значење за оценување на успешноста на реформите, но и заради постојано информирање на јавноста за ефикасноста со којашто се спроведуваат законите. Затоа, една од основните цели на потпрограмата за Апроксимација на законодавството е да се застапува за соодветна примена на новоусвоените закони коишто се поврзани со приближување на законодавството на Република Македонија со законодавството на Европската унија.

Дел од наодите на анализата која ќе биде презентирана укажуваат на тоа дека: и покрај високите оценки за работата на судиите, Управниот суд не успева ефикасно да се справи со обемот на работата; Управниот суд е помалку ефикасен во споредба со Врховниот суд, кога бил надлежен да одлучува во првостепена управна постапка; Судот нема никакви податоци за ефикасноста во спроведувањето на неговите одлуки; бројот на уважени тужби од страна на Судот е поголем од бројот на одбиени тужби, што укажува на неефикасното работење на органите на државната управа и на високиот степен повреди на правата и интересите на граѓаните.

 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions