Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

Архива 2011

Архива на настани и новости 2011


Граѓани за европска Македонија



Архива
Работна средба

ШТО ИМА НОВО?



На 6 март (вторник), 2012 од 11 до 15 часот во х. „Holiday Inn“, сала Милениум 1, Скопје ќе се одржи работна средба на тема: ШТО ИМА НОВО? Дискусија и консултација за препораки на НВО за унапредување на текстот и решенијата предвидени со Предлогот – Стратегија за соработка на Владата на РМ со граѓанскиот сектор (2012-2017) – верзии од 15 и 27 февруари, 2012.

Во фокусот на интерес ќе бидат тековните верзии на Предлог - Стратегијата за соработка на Владата на РМ со граѓанскиот сектор. Заклучоците и препораките ќе бидат доставени до Одделението за соработка при Генералниот секретаријат на Владата на РМ, како и до Националниот совет за евроинтеграции (кој одржа јавна расправа за Стратегијата на 27 февруари 2012) и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Најавата за учество ве молиме испратете ја на: osi@soros.org.mk најдоцна до 5 март 2012 година до 16.00 часот.

линкови:

Програма ШТО ИМА НОВО?

Предлог –Стратегија верзија 15.02.2012

Предлог – Стратегија дистрибуирана на 27.02.2012 во Парламент
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Одржани вторите буџетски сесии во Гостивар и Боговиње



На 12 октомври 2011, во Гостивар, се одржа втората форумска сесија на која осумдесетина учесници, граѓани на општина Гостивар, претставници на локални здруженија на граѓани, корисници на буџетски фондови како и претставници на локалната самоуправа, дискутираа за приходите на буџетот на општината во 2011 и 2012 година.

На 14 октомври,  во с. Камењане- општина Боговиње, се одржа втората буџетска сесија, на која се потврди структурата на форумските сесии и се дискутираше за приходите за 2011 и 2012 година на општината. На сесијата присуствуваа 100-тина граѓани на општина Боговиње, претставници на локални здруженија на граѓани, корисници на буџетски фондови како и претставници на локалната самоуправа и градоначалникот на општина Боговиње, г-дин Хазби Идризи.

Третата форумска сесија во општина Гостивар ќе се одржи на 31.10.2011, а на 04.11.2011 година во општина Боговиње. Во тек се и подготовките за реализација на форумот во општина Босилово.
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Претставени два извештаи за спроведувањето на децентрализацијата



На 7 октомври 2011 година (петок), во хотелот Бест Вестерн се одржа промоција на двата нови Извештаи од следењето на процесот на децентрализација во Република Македонија. Извештаите се подготвени во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, кој се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), во соработка со 12 партнер-општини од Република Македонија (Боговиње, Велес, Гостивар, Дебар, Илинден, Карпош, Куманово, Неготино , Охрид, Старо Нагоричане, Струмица и Тетово).

Отворајќи ја промоцијата, Аце Коцевски, член на Управниот одбор на ФООМ, истакна дека процесот на децентрализација не се имплементира доследно од страна на субјектите инволвирани во самиот процес. Според Коцевски, Владата со години не го почитува Законот за рамномерен регионален развој, ниту пак има стратегија за израмнување на општините при што само се зголемува јазот помеѓу урбаните и руралните општини.

На промоцијата беше претставен извештајот од следењето на децентрализацијата во областите локално финансирање, образование и урбанизам за 2010 година. Набљудувањето на спроведувањето на децентрализацијата во овие три области покажа дека во 2010 година е забележан многу слаб напредок во однос на 2009 година, кога пак беше регистрирано назадување во однос на 2008 година. Во однос на фискалната децентрализација општините кон крајот на 2010 година останале на истото ниво како и во 2008 година, а во просек незначително подобрување се бележи во образованието.

Вториот претставен извештај ги опфаќа резултатите од набљудувањето на процесот на децентрализација во областа локален економски развој за 2009 и 2010 година. Генерален заклучок од ова набљудување е дека децентрализацијата покажува најслаби перформанси во областа на локален економски развој, во споредба со другите надлежности на општините, но и дека во 2010 постои многу слаб нагорен тренд во однос на 2009. Податоците покажуваат дека централната власт многу малку ги помага општините во областа на ЛЕР преку директни мерки, но и дека многу мал напредок е постигнат и во поглед на перформансите на општините за имплементацијата на политиките за локален економски развој.

Преземете ги Извештаите во целост:
Извештај за спроведување на децентрализацијата во областите локално финансирање, образование и урбанизам
Извештај за спроведување на децентрализацијата во областа локален економски развој
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА


Објавени резултатите од редовниот мониторинг на јавни набавки и Индексот на рационалност во трошењето на јавните пари

Фондацијата Отворено општество – Македонија и Центарот за граѓански комуникации на 29 септември ги објавија резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јануари до јуни 2011 година. Истовремено, беше објавен и  т.н. Индекс на рационалност во трошењето јавни пари, како целосно нов инструмент кој ги споредува цените по кои различни државни институции купуваат исти производи и услуги.

При мониторингот на јавните набавки во првото полугодие од 2011 година, меѓу другите, констатирани се следниве клучни забелешки:
- Се заострува проблемот со поништувањето на постапките за јавни набавки;
- Критериумите за квалификување на фирмите за учество на тендерите се злоупотребуваат за ограничување на конкуренцијата;
- Двојно е зголемена вредноста на договорите склучени без објавување оглас која во првите шест месеци изнесува 12,3 мил. евра;
- Отсуствува прецизно дефинирање на елементот „квалитет“ во изборот на најповолна понуда на тендерите со што остава простор за субјективно доделување на бодови;
- Намален е уделот на усвоени жалби од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости.

Истражувањето спроведено меѓу 345 фирми за нивното искуство од учеството на постапките за јавни набавки покажува дека главни проблеми со кои се соочуваат се: нејасно изработена тендерска документација и техничка спецификација, лошо избрани критериуми за доделување на договорите за јавни набавки и проблеми во наплата на побарувањата од државните институции.

Кај индексот на рационалност се споредени цените, односно вредноста по кои различни институции од областа на здравството набавуваат ист вид производи (системи за инфузија, системи за трансфузија, платнени фластери, шприцови, вата и завои). Разликите меѓу највисоката и најниската цена кои се движат од 22% до 440% укажуваат дека државните институции мораат порационално да ги трошат јавните пари преку подетално истражување на пазарот пред да ги објавуваат тендерите, меѓусебна размена на повеќе информации и избор на соодветни постапки за јавни набавки што ќе го овозможат тоа.

Извештаите од мониторингот на јавните набавки (деветти и десетти) и индексот на рационалноста (втор) се дадени во прилог.

Преземете:
- Индекс на рационалност (.pdf)
- Извештај од мониторингот на јавните набавки 9 (.pdf)
- Извештај од мониторингот на јавните набавки 10 (.pdf)
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Првите буџетски сесии во Гостивар и Боговиње го означија почетокот на новата програмска фаза



Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), започна со реализација на форумските сесии од новата фаза од програмата „Форуми во заедницата“, која ја  финансира Швајцарската агенција за развој и соработка.  Во оваа фаза од програмата која ќе се реализира во 18 општини, ФООМ спроведува буџетски форуми во општините Гостивар и Боговиње и проектен форум во општина Босилово.

Во Гостивар, на сесијата одржана на 20 септември 2011, стотина учесници, граѓани на општина Гостивар, претставници на локални здруженија на граѓани, корисници на буџетски фондови како и претставници на локалната самоуправа, заедно со градоначалникот проф. д-р Руфи Османи и претседателот на советот на општината Фадил Зендели, дискутираа за буџетот на општината, неговата структура и процесот на буџетирање, ја утврдија структурата на форумот и правилата за работа и разговараа за приоритетите за развој на општината Гостивар за 2012 година.

На првата буџетска сесија во Боговиње, на 23 септември, во дискусијата за правилата за работа на форумот и приоритетите за развој на општината за 2012 година се вклучија околу 140  жители на Боговиње. Буџетот и прегледот на реализацијата на стратешкиот развоен план на општината ги претстави Градоначалникот  Хазби Идризи. На сесијата присуствуваа  Амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото, претставниците на СДЦ, помошникот на генералниот -директор и директор на одделението за соработка со Источна Европа Курт Кунц, директорот на одделот за Западен Балкан Алфред Фричи, директорката на СДЦ Татјана фон Штајгер Вебер и националниот координатор на програмата Ибрахим Мехмети,  извршниот директор на ФООМ Владимир Милчин и градоначалникот на општина Брвеница Енвер Пајазити.

Форумските сесии се можност граѓаните директно и активно да се вклучат во носењето одлуки на локално ниво, истовремено давајќи придонес во подобрување на локалната социо-економска средина.

Втората форумска сесија во општина Гостивар ќе се одржи на 12.10.2011, а на 14.10.2011 година во општина Боговиње. Во тек се и подготовките за реализација на форумот во општина Босилово.
Претставен извештајот за процесот на евроинтеграции „Тешкото од ЕУ“

Ни следува извештај полн со негативни оценки



AW 10Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ) на 27-ми септември го претставија десеттиот  извештај за следењето на процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ, насловен како „Тешкото од ЕУ“, а кој се однесува на периодот мај-август 2011.

Осврнувајќи се на состојбата со владеење на правото, Андреjа Стојковски од МЦЕО издвои неколку забелешки нотирани во Извештајот, меѓу кои Законот за лустрација, Случајот „Космос“, апсењето на Љубе Бошкоски, како и Законот за амнестија. Во Извештајот, се забележува дека Законот за лустрација служи единствено за стигматизација и дискредитација на политичките неистомисленици, и наместо со лустрација на актуелни, Комисијата за верификација на фактите се занимава со поранешни носители на јавни функции. Што се однесува, пак, на случајот со Љубе Бошкоски, во Извештајот се истакнува дека промените на Кривичниот закон кои се однесуваат на финансирање на политичките партии се донесени на 13-ти април 2011, а првите докази за наводни нелегални трансакции на партијата на Бошкоски се забележани ден порано на 12-ти април, односно во период кога немало правна основа за гонење.

„Очекуваме негативна оцена за реформите во јавната администрација, а за првпат годинава очекуваме негативна оцена и за реформата во полицијата“, истакна Лидија Димова од МЦЕО, додавајќи дека Македонија по трет пат ќе добие препорака за отпочнување преговори, иако  Извештајот на Европската комисија ќе биде еден од најкритичките досега.

Во продолжение на кварталниот извештај на МЦЕО и ФООМ стојат и неколку препораки до Владата, се со цел да се постигнат подобри резултати во европската агенда. Во препораките стои дека Владата треба да направи анализа на Извештајот од ЕК, а потоа да донесе и вистински акциски план. МЦЕО и ФООМ предлагаат процесот на евроинтеграции целосно да се отвори и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) да започне со вклучување на сите заинтересирани организации во работните групи. Понатаму, Владата да организира регионална конференција на државите од Западен Балкан плус Турција, за да се споредуваат извештаите и да се создаде Регионална група која би се вклучила во дебатите и дискусиите кои во моментот се водат за новата финансиска перспектива 2014-2020.Заеднички именител на сите држави од Западен Балкан е да се излобираат повеќе средства од новата финансиска перспектива.

Во Извештајот, исто така, се препорачува донесување на стратегијата 2020, но и итно лобирање од страна на Владата и СЕП, за добивање ново Пристапно партнерство кое би претставувало стимул за забрзување на европскиот реформски процес.  

Извештајот „Тешкото од ЕУ“ е десеттиот квартален извештај на следење на процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ, процес кој веќе неколку години континуирано се спроведува од страна на МЦЕО и ФООМ.

Целосниот извештај е во прилог.
СООПШТЕНИЕ


По повод Меѓународниот ден за слободен пристап до инфорации „Имам право да знам“ (Right to Know Day) - 28 септември 2011 година, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Метаморфозис, Македонското здружение на младите правници, Младинскиот образовен форум и Цивил – центар за слобода, ја промовираат веб страната www.spinfo.org.mk.

Ова е нова алатка, која е достапна онлајн и која ќе овозможи граѓаните, новинарите и сите заинтересирани да се запознаат како да поднесат барања за слободен пристап до информации, но и да ги споредат и спротивстават искуствата од користењето на ова право, со повеќе од 2.500 споредени случаи достапни на веб страната. Граѓаните ќе имаат можност преку оваа нова алатка www.spinfo.org.mk да ги истакнат слабостите и најдобрите практики од правото на слободен пристап.

Целото соопштение во прилог.
БАРАЊЕ

За спроведување на јавна дискусија за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии



Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Транспарентност Македонија (ТМ) бараат од пратениците во Собранието на РМ да одлучат да се спроведе јавна дискусија за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии. Од една страна сметаме дека станува збор за Предлог-закон кој е од поширок интерес, но од друга страна сметаме дека пратениците, согласно член 145 од Деловникот на Собранието на РМ, можат да покажат и да одлучат дека се спремни отворено да дискутираат за гледиштата и ставовите на јавноста и граѓанскиот сектор за Предлог-закон кој е од исклучително значење и е од интерес и за Европската комисија (ЕК). Имено, во последниот Извештај за напредокот на РМ за 2010, ЕК забележа дека „Спроведувањето на законодавството за финансирање на политичките партии и изборни кампањи се’ уште не даде резултати.“

Предвидените измени предлагачот ги образложува со усогласување на постојната законска рамка со препораките на ГРЕКО (Група на држави против корупцијата), за кои сметаме дека не само што не се прифатени во Предлог-законот, туку во голема мера и се заобиколени, како на пример, измените кои се предлагаат не гарантираат ефикасен контролен механизам на финансиското работење на политичките партии.

Нашите забелешки на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политички партии се дадени во прилог.
Поддршка за европската иницијатива: „Слобода наместо страв – запрете ја манијата на прислушување“


Со придружување кон европската иницијатива „Слобода наместо страв – запрете ја манијата на прислушкување“, граѓанските организации од Македонија искажуваат поддршка за напорите на сите бранители на човековите права и слободи кои се залагаат за ограничувањето на прекумерното прислушкување од страна на компаниите и властите.

Од 10 до 19 септември, низ низа европски градови како Берлин, Дрезден, Виена, Луксембург, Варшава и Брисел движењето организира протести и дебати за тоа како да се зачуваат човековите права на приватност од сите форми на следење, особено во дигиталната сфера. Кулминација на активностите се протестите во Брисел на 17 септември, по кои, на 19 септември ќе се одржи и дебата во Европскиот Парламент со парламентарците и персоналот на Европската комисија. Апелот на движењето укажува:

Прочитајте повеќе >>>
Меѓународен ден за слободен пристап до информации, 28 Септември

Ти имаш право да знаеш!



Промоција на книгата „Античка сегашност“ од Анастас Вангели


На 25 август во вечерните часови во ГЕМ клубот беше одржана промоција на книгата на Анастас Вангели, „Античка сегашност, осврт кон грчко-македонскиот спор за Александровото наследство“. Книгата е издание на Темплум, кое е финансиски поддржано од Фондацијата Отворено општество - Македонија. За книгата зборуваа Ирена Стефоска, Жарко Трајаноски и Владимир Милчин. Промоторите ја истакнаа сериозноста, комплексноста и широчината на трудот на Вангели. Беше истакната и посебната улога на оваа книга во нашиот контекст, пред сè поради храброста на авторот да се зафати со една толку деликатна и културно-политички контроверзна тема. Тројцата промотори се согласија дека Вангели перфектно се соочил со предизвиците и составил вредно четиво кое може значајно да придонесе за подоброто разбирање на грчко-македонскиот спор околу античкото наследство.

Самиот млад автор Анастас Вангели (24) истакна дека на книгата работел последниве три и пол години и дека првичната верзија на книгата всушност ја претставува неговата магистерска теза пред две години одбранета на Централно-европскиот универзитет во Будимпешта.

Линкови кон делови од книгата на Вангели:
http://okno.mk/node/13351
http://okno.mk/node/13396
Повик за регионални истражувачки предлог проекти во област на општествените науки 2011


Програмата за промоција на регионални истражувања (ППРИ) Западен Балкан, финансиски поддржанa од Швајцарската агенција за развој и соработка, е насочена кон воспоставување и зајакнување на истражувачките капацитети во област на општествените науки во Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна  Гора и Србија. Во Македонија програмата ја координира Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повикот за регионални истражувачки предлог проекти е отворен за истражувачи и институции од и лоцирани во Западен Балкан: http://www.rrpp-westernbalkans.net/calls

Истражувачките теми со кои се аплицира треба да се релевантни на транзиционите тематики и истовремено да опфатат и анализираат специфични проблеми од општествено-научна перспектива. Дополнително, предлогот мора да одговара на регионалната тема “Политички, социјални и економски промени во Западен Балкан“. Ова ги вклучува следниве приоритетни области:

1) Владеење на правото и демократија (демократизација, децентрализација и локална власт, судски реформи, општествено вклучување, зајакнување на граѓанското општество и демократско креирање на закони, друго);

2) Економски развој и општествени промени (општествено вклучување, вклучување во економија и развој на добра, вработување на млади, миграција и прилив на средства, човечки капитал, друго);

3) Управување со различности (национален, етнички и религиозен идентитет, род, младина, малцинства вклучително и Роми).

Краен рок за аплицирање: 19 септември 2011 (понеделник).  

За дополнителни информации ве молиме користете ја следнава е-маил адреса: office@rrpp-westernbalkans.net

Програмата за промоција на регионални истражувања (ППРИ) Западен Балкан започна во 2008 како тригодишна програма спроведена од страна на Универзитетот Фрибоург. Програмата има за цел да го поттикне и промовира истражувањето во општествените науки, особено кај младите и женските истражувачи од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора. ППРИ е продолжена за дополнителни 2 години, опфаќајки го периодот од јули 2011 до јуни 2013, и се заснова на следниве три меѓусебно поврзани столба:

1. Истражување – обезбедување на истражувачки грантови за проекти кои опфаќаат проблеми поврзани со транзиционите процеси во индивидуални земји и во регионот како целина;
2. Градење на капацитети -  обезбедување на методолошки семинари и тематски тренинзи; и  
3. Вмрежување и соработка – воспоставување и зајакнување на регионалната соработка.

Повеќе информации на: http://www.rrpp-westernbalkans.net/
ИЗЈАВА ЗА МЕДИУМИТЕ од Владимир Милчин


Решението од Комисијата за верификација на фактите што ми беше врачено на 5.08.2011 година е паушално, без никакви докази, со наводи намерно и извртено интерпретирани и извадени од контекст, а со цел лажно да се прикаже дека јас наводно сум соработувал со СДБ...

Целосната изјава за медиумите преземете ја тука.
ПРАВНА ПРОГРАМА


Фондацијата Отворено општество – Македонија достави барање до Собранието на Република Македонија за отфрлање на предложените закони со кои се врши усогласување на 50 матични закони со последните измени на Законот за општата управна постапка (од април 2011)


Фондацијата Отворено општество – Македонија се обрати до пратениците во Собранието на РМ за да ја изрази големата загриженост поради сериозните недостатоци на т.н. „администрацијата не молчи“ реформа, која се воведува во 50 закони кои се поднесени на усвојување до Собранието во изминатиов период. Основа за оваа „иновативната реформа“, се последните измени на Законот за општата управна постапка (ЗОУП)1 кои Собранието, ексресно и без дискусија, ги усвои во последната недела од својот мандат во април 2011.

Со овие измени, реформата „молчењето е одобрување“ воведена во ноември 2008, се замени со нов концепт, кој иако се нарекува „администрацијата не молчи“ не гарантира одговор од инститициите и само воведува нов административен лавиринт за граѓанинот2.  Сега граѓанинот има обврска да ги потсетува институциите на нивната должност да постапуваат3,  а не му гарантира заштита од молчењето на институциите, и повторно – на крај - го упатува на управен спор поради молчење на администрацијата, доколку ова свое право не го изгуби со пропуштање на некој од новите рокови кои му се даваат како обврска.

Најмногу сме загрижени поради следново:

- Измените се премногу штетни за граѓаните, бидејќи создаваат можност за губење на правото на жалба и тужба (судска заштита), доколку се пропушти иницијалниот рок од 3 дена, кој граѓанинот не знае кога почнува да тече!
- Нема заштита за граѓаните, доколку „молчи“ оној орган што сега наводно треба да ги штити – Државниот управниот инспекторат.
- Новата реформа која сега се имплементира, не е базирана на соодветна анализа и не е во согласност со останатите стратешки документи на Владата.
- Владата на РМ ги преточува априлските измени на Законот за општата управна постапка (т.н. „администрацијата не молчи“) во области и закони каде што тоа е невозможно и штетно.

Фондацијата Отворено општество – Македонија на пратениците им предложи:

1. Да не ги усвојуваат предложените закони со кои се врши усогласување на низа матични закони со последните измени на ЗОУП (од април 2011) и да се побара од Министерството за информатичко општество да ги спроведе деталните анализи предвидени со Стратегијата за реформа на администрација, со кои ќе се утврди дали постои потреба од воведување на нова реформа, и во кои сегменти таа треба да се имплемнтира, и

2. Собранието, како гарант на демократијата, да обезбеди јавност и транспарентност во постапката со која се одлучува за правата на граѓаните. Собранието мора да спроведе јавна расправа за влијанието на последните измени на ЗОУП и да гарантира отвореност и вклученост на сите заинтересирани органи и институции во понатамошната постапка на измена на ЗОУП и хармонизацијата на останатите закони со него.

Преземете го текстот во целост (.pdf)

___________________________
1. Службен весник бр. 51/2011
2. За илустрација, постапката што еден граѓанин треба ја спроведе кога се соочува со молчење на администрација би изгледала вака (Оваа постаока е регулирана со член 239–а од ЗОУП): I чекор: рок од три работни дена за доставување барање до функционерот откако ќе истече вообичаениот рок (најчесто 15 или 30 дена) во кој органот треба да донесе решение; II чекор: рок од пет работни дена за добивање решение од органот со кој раководи функционерот; III чекор: рок од пет работни дена за обраќање до инспекторот во случај се’ уште да нема решение од органот; IV чекор: рок од десет дена за инпекција од страна на Инспекторатот; V чекор: рок за инспекторот да донесе решение со кое ќе го задолжи органот да постапи по барањето на странката – рокот не е прецизиран!; VI чекор: рок од 10 дена за функционерот да постапи по решението на инспекторот; VII чекор: поправен дополнителен рок од 5 работни дена за функционерот. Дури по последниот преземен чекор барателот може да поднесе тужба пред Управниот суд поради молчење на администрацијата.
3. Функционерот на надлежниот орган од кој се очекува одговор – решение; инспекторите при Државниот управен инспекторат, директорот на Државниот управен инспекторат, Јавно обвинителство (алтернативно), и конечно на Управниот суд
Владимир Милчин бил жртва на прогон, а не соработник на тајните служби


Главната цел е дискредитација на ФООМ како бранител на демократијата во Македонија...

VA2_9703 Извршниот директор на ФООМ, Владимир Милчин, на прес-конференцијата одржана на 25 јули 2011 година, во клубот ГЕМ, категорично ги отфрли информациите објавени во медиумите дека бил соработник на тајните служби во поранешна Југославија. Во прилог на демантот Милчин ги обелодени документите добиени од Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (ДБК) во 2000 година, со кои се потврдува дека извршниот директор на ФООМ бил предмет на обработка на тајните служби, дека во ДБК има „лично досие од политички и идеолошки причини“ и се констатира дека „немал никаков однос со органите за внатрешни работи“. Едновремено, Милчин потврди дека во 2000 година, во согласност со Законот за увид во личните досиеја и законската процедура, го подигнал своето досие, од кое јасно и недвосмилено се потврдува дека бил долгогодишна жртва на прогон и дека се до јули 1987 година постојано бил следен и прислушуван.

Милчин истакна дека овој напад не е само со цел тој лично да биде дискредитиран, туку дека станува збор за политички линч со крајна цел – дискредитација на ФООМ како еден од малкуте истрајни бранители на демократијата, човековите права и владеењето на правото во Република Македонија. Според него, Комисијата за верификација на фактите сериозно го прекршила правото и процедурата бидејќи, иако е со Закон обврзана да го штити достоинството на лицата кои се предмет на верификација, таа во овој случај тоа не го направила. Во исто време, Милчин потсети и на фактот дека Томе Аџиев незаконски настапува во јавноста како претседател на Комисијата, зашто неговиот мандат е истечен уште во февруари 2011 година, а не е ниту предложен за нов претседател.

На прашањето, зошто бил против актуелниот Закон за лустрација, Милчин одговори дека во Македонија не постојат услови за соодветен процес на лустрација и дека ваквиот закон ќе направи поголема штета отколку корист. Со овој Закон, рече Милчин, „жртвите одново стануваат жртви“, а власта лустрацијата ја користи за политичка пресметка со неистомислениците.

На крајот, Милчин најави дека во согласност со законите ќе го објави своето досие (со исклучок на приватните разговори со неговите родители), бидејќи тоа е единствениот начин за борба против политичкиот линч, пропагандата и манипулацијата.



Преземете ја електронската документација со релевантни документи (.pdf)
Официјално соопштение на Фондацијата Отворено општество


ЊУЈОРК – Фондациите Отворено општество беа информирани за неодамнешните написи кои му се припишуваат на The Wall Street Journal каде лажно се тврди дека Џорџ Сорос ги разгледува можностите за инвестирање во рудници со јаглен на Косово. Г-нот Сорос нема никакви инвестиции поврзани со рудници на Косово.

Според нашите сознанија, за извор на оваа гласина се наведува напис од Интернет изданието на The Wall Street Journal и таа не е поврзана со известувањата на овој весник.

Косовската Фондација Отворено општество работи на зајакнување на владините институции и натамошно развивање на отвореното општество во Косово. Нејзините програми се фокусираат на правата на малцинствата, граѓанското учество, европските интеграции, доброто владеење и образованието. Во последните три години, Фондацијата е една од водечките институции во борбата против преголемото искористување на косовскиот лигнит.

###


Фондациите Отворено општество коишто се активни во повеќе од 70 земји работат на изградба на активни и толерантни демократии чиишто влади се одговорни пред нивните граѓани. Како дел од својата работа со локалните заедници, Фондациите Отворено општество ја поддржуваат правдата и човековите права, слободата на изразување, како и пристапот до јавно здравство и образование.
ПРАВНА ПРОГРАМА


Комисија за заштита од дискриминација - Учебникот „Педагогија за трета година“ содржи вознемирувачка и дискриминирачка содржина

Содржината на учебникот по Педагогија е вознемирувачка и предизвикува чувство на пониженост и претставува повреда на достоинството на група луѓе, кое произлегува од дискриминаторска основа – утврди Комисијата за заштита од дискриминација.

„Хомосексуалноста и лезбејството се варијанти на полов нагон и секако како опачини, се манифестираат со свртеноста на индивидуата кон сексуален партер од ист пол. Тоа може да биде присутно кај мажите и кај жените, но сепак кај жените е поретка појава. Меѓу така ориентираните лица и во двата пола има многу невротични и психотични личности“ ова е дел од содржините на учебникот за „Педагогија за трета година“, кој според мислењето на Комисијата за заштита од дискриминација претставува текст со кој се стигматизира определена група луѓе.

Мислењето на Комисијата беше донесено откако кон средината на месец март оваа година Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ поднесе претставка со која бараше утврдување на вознемирување како форма на дискриминација, како и повлекување на учебникот од употреба. Радува фактот што Комисијата ја спроведе постапката за утврдување дикриминаторски третам и покрај тоа што претставката беше поднесена по законскиот рок. За ваквата своја постапка Комисијата се повика на можноста да постапува по предмети што се од таква важност за кои е неопходно да се води постапка и покрај истекот на законскиот рок за поднесување на претставките.

Особено значаен е ставот на Комисијата дека е надлежна да постапуваа по претставката на Коалицијата и покрај тоа што сексуалната ориентација не е предвидена со Законот. Според Комисијата, листата на дискриминаторски основи треба да се толкува како отворена листа и да се почитуваат меѓународните договори што ги ратификувала Република Македонија.

Комисијата за заштита од дискриминација препорача Министерството за образование и наука да изврши ревидирање на содржината на учебникот Педагогија за трета година реформирано гимназиско образование (ревидираната содржина да не содржи елементи на вознемирување врз дискриминаторска основа) во точката насловена Сексуални определби во поднаслов „Опачините на сексуалниот живот“. Ваквата препорака е задолжителна и Министерството треба да постапи во рок од 30 дена и да ја отстрани утврдената повреда.

Поднесената претставка е резултат на соработка на Коалицијата со мрежата на организации кои работат на заштита од дискриминација, а кои се поддржани од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Целта на поддршката е да се обезбеди стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисијата за заштита од дискриминација и пред домашните судови.

Мрежата на организации беше воспоставена во декември 2010, а е сочинета од следните организации: Фондација отворено општество – Македонија; Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА); ХОПС - Опции за здрав живот; Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија; Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија (ЕСЕ); Рома СОС и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

ФООМ и Македонското здружение на младите правници (МЗМП)

Недостатоци во Законот за бесплатна правна помош



Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Македонското здружение на младите правници (МЗМП) го претстави Извештајот за примената на Законот за бесплатна правна помош, точно една година по започнувањето на примената на Законот.

Според Извештајот, Законот за бесплатна правна помош се соочува со сериозни недостатоци кои директно влијаат на неговото имплементирање. За девет месеци од применувањето, одобрени се само 42 барања, што е доволен показател за слабата информираност на граѓаните за можноста да добијат бесплатна правна помош. Како дополнителна пречка за информираноста на граѓаните е и фактот што здруженијата кои нудат бесплатна правна помош согласно Законот не смеат да користат каков било начин на реклама. Според Данче Даниловска од ФООМ, дополнително загрижувачки е буџетот за бесплатна правна помош кој за разлика од минатата година, годинава е преполовен и изнесува шест милиони денари, за разлика од 12-те кои биле на располагање во 2010.

Во извештајот се напоменуваат и потенцијалните корисници на бесплатна правна помош. Според законот, корисник на бесплатна правна помош можат да бидат лица кои користат социјална помош, лица кои имаат најниска пензија и оние кои имаат имот помал од пет просечни бруто плати, односно имот чија вредност не надминува 150 000 денари. При голем процент на невработеност, ваквата поделба е несоодветна, смета Гоце Коцевски од МЗМП. Според Коцевски, Законот директно ја ограничува можноста за користење на правна помош за случаи кои се надвор од одредените правни области (семејно насилство, имотно-правни прашања, работни односи и др). Па така, од бесплатна правна помош се лишени оние кои се гонат кривично, а чија евентуална казна е поблага.

Според ФООМ, до пред една недела не постоело ниту едно здружение кое нудело бесплатна правна помош, па оттаму од ФООМ се одвоени 25 000 евра со кои ќе им се помогне на четири здруженија. Две веќе се регистрирани за давање правна помош, Националниот ромски центар од Куманово и Македонското здружени на младите правници. Во постапка се регистрациите на Младински културен центар од Битола и РОМА С.О.С. од Прилеп.

Преземете го Соопштението за медиумите (.pdf)
Повик за регионални истражувачки проекти


Програмата за промоција на истражувања во општествените науки објавува конкурс за регионални истражувачки проекти. Рок 19 септември 2011

Повеќе: http://www.rrpp-westernbalkans.net/calls
ПРАВНА ПРОГРАМА

Незаконита пресуда на управниот суд за ограничувањето на слободниот пристап до информации



На граѓанинот, барател во постапка за слободен пристап до информации од јавен карактер, му беа потребни скоро 4 години за да добие шанса за повторно разгледување на неговото барање: „На колку предмети се користеле специјални истражни мерки во текот на 2006 и 2007 година“?

Две години му беа потребни на Управниот суд да ја потврди негативната одлука на Комисијата, но сега добро е што во долгогодишната постапка, по изминати скоро четири години Врховниот суд најде дека Пресудата на Управниот суд е незаконита! Врховниот суд е единствениот кој размислува дека пристапот до информациите е правило, а не исклучок.

Ваквите насоки од Врховниот суд се за поздравување ако се знае дека во Македонија пристапот до информациите е сведен на игнорирање од институциите. Дури високи 68% од поднесените жалби во 2010 година до Комисијата се поднесени заради молчење на администрацијата.

Целото соопштение преземете го тука.


ПРОГРАМА ИСТОК ИСТОК: Прекугранични партнерства

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ



Фондот за тинк танк организации и Програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства при Фондациите Отворено општество објавуваат повик за доставување предлог проекти  за поддршка на билатерални партнерства помеѓу тинк тенк организации  од централна и источна Европа/ поранешен Советски сојуз со организации од југоисточна Азија и латинска Америка. Целта на овој повик е да ги поврзе аналитичарите и експертите од овие региони, за да ја промовира соработката при анализата, дебатата и напорите за пронаоѓање на компаративни решенија за активните политики од интерес. Се очекува поддршката обезебдена преку овој повик да стимулира иновативност во размислата и дијалогот при дебатата за прашања од интерес на фондациите за отоворено општество.

Крајниот рок за поднесување концепти, според во текстот дадените услови и кретериуми, е 30 септември, 2011 година.

Адреса за контакт и испраќање на концептите во дадениот рок: EE.TTF.application@osf-eu.org

За повеќе инфромации следете го линкот: EE.PBBP.Think.Tank.Fund.REQUEST.for.PROPOSALS.pdf
СООПШТЕНИЕ

Средба на Џорџ Сорос и Никола Груевски во Прага



Прага, 27.06.2011 - Џорџ Сорос, основач и претседател на Фондациите отворено општество, се сретна со Премиерот Никола Груевски во Прага, за да разговара за Македонското претседавање со „Декадата за инклузија на Ромите“.


По церемонијалното потпишување со кое се превзеде претседавањето од Чешката република, Сорос и Груевски дискутираа за предизвиците за унапредувањето на инклузијата на Ромите преку четирите столбови на Декадата: пристапот до образование, вработувањето, здравството и домувањето. Тие се согласија дека координацијата помеѓу европските структури и националните Влади треба да се интензивира. Придобивките од подобрата соработка ќе ја зголемат флексибилноста во употребата на структурните фондови на ЕУ за развој на Ромите.
Сорос повикува за партнерство помеѓу ЕУ и Декадата за инклузија на Ромите


Сорос повикува за партнерство помеѓу ЕУ и Декадата за инклузија на Ромите. Повеќе информации: Soros Calls for EU-Decade Partnership

На 20от состанок на меѓународниот комитет на Декадата во Прага, Џорџ Сорос ја повика Декадата за инклузија на Ромите за полно партерство со рамковната платформата за Роми на ЕУ.

Декадата за инклузија на Ромите со можност да ја поддржи платформата за Роми на ЕУ. Повеќе информации: Decade Pledges Support for EU Roma Framework

На 28 јуни, 2011 меѓународниот комитет на Декадата ја изрази цврстата спремност да помогне во успешното интегрирање на ЕУ платформата во националните стратегии за интеграција на Ромите.

ПРАВНА ПРОГРАМА

Прво овластено здружение запишано во Регистарот на здруженија на граѓани за претходна правна помош



По цела година од примената на Законот за бесплатна правна помош со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) запишано е првото здружение Национален ромски центар – Куманово (НРЦ-Куманово) во Регистарот на здруженија на граѓани за претходна правна помош, кој го води Министерството за правда на РМ. Со ова на граѓаните им се овозможува да ги користат капацитетите на НРЦ-Куманово и да добијат: (а) иницијален правен совет за правото на користење на правната помош, (б) општа правна информација и (в) правна помош во комплетирање на барање за бесплатна правна помош.

Поддршката од ФООМ е дел од потпрограмата „Поддршка на човековите права“ во која се вклучени и Македонското здружение на младите правници, Младинскиот културен центар - Битола и РОМА С.О.С. – Прилеп. Целта на соработката е да го олесни и поддржи воспоставувањето на системот на бесплатната правна помош во Република Македонија. Соработката е воспоставена од една страна за да се поддржат здруженијата да се регистрираат во Регистарот на здруженија на граѓани за претходна правна помош, а од друга страна да им помогне на граѓаните во остварувањето на бесплатната правна помош.

Со своите активности здруженијата ќе ги идентификуваат слабостите и пречките во имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош и ќе дадат препораки за нивно надминување за добивање поефикасен систем во кој граѓаните би имале можност целосно да го остварат правото на еднаков пристап до правдата.

Заради веродостојност на објавава дека НРЦ-Куманово е првото здружение запишано во Регистарот се обидовме да ја најдеме листата на овластени здруженија на граѓани за давање на претходна помош на веб страната на Министерството за правда на РМ, кое е должно да ја објавува и ажурира на секои три месеци (член 19 од Законот за бесплатна правна помош), но во тоа не успеавме.

Побарајте правен совет за правото на бесплатна правна помош на бесплатниот телефонски број 0800 44 22.
СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Промоција на законските права и обврски од слободниот пристап до информациите



Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја поддржа Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и во периодот од 9 мај до 17 јуни 2011 беа одржани девет од вкупно десетте планирани регионални обуки на тема: “Правото на слободен пристап до информации од јавен карактер“. Обуките се наменети за граѓаните, здруженијата, како и за службените лица кај имателите на информации од јавен карактер, кои директно учествуваат во спроведување на Законот. Обуките беа спроведени во градовите Велес, Штип, Кичево, Дебар, Ресен, Струга, Струмица, Гевгелија и Кратово. Во периодот што следи едукативна обука е предвидено да се одржи и во Делчево.

Целта на обуките е подигнување на јавната свест и степенот на запознаеност на граѓаните и здруженијата со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и измените на истиот од 2010 година, за можностите кои произлегуваат од него, како и за начинот на остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Обуките  ги спроведуваат сертифицирани обучувачи од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
14 НЕДЕЛИ


Кликнете на сликата за поголема верзија

14 nedeli

Преземете го документот на албански јазик
Резултати од конкурсот за најдобар постер и најдобар краток видео клип на тема „Зошто гласам “


rezultati-od-konkursotВо склоп на кампањата на Фондацијата Отворено општество – Македонија чија цел е да ги поттикне граѓаните на Македонија масовно да излезат на претстојните предвремени Парламентарни избори 2011, беше организиран отворен конкурс за најдобар постер и најдобар краток видео клип на тема „Зошто гласам?“.

На конкурсот кој беше отворен 10 дена, пристигнаа 171 постер од 96 автори и 30 видеоклипови од 27 автори. По затворањето на рокот за пријавување, гласањето за избор на победниците се одвиваше преку фејсбук страната на кампањата “Гласам”, www.facebook.com/glasam, во периодот од 21 мај 2011 во 00:00 часот до 28 мај 2011 година во 00:00 часот.

За само 8 дена од периодот за гласање, преку 15.000 Фејсбук корисници го дадоа својот глас за некое од идејните решенија.

Вкупниот награден фонд на конкурсите изнесуваше 2000 евра.

Тимот на „Гласам“ им се заблагодарува на сите кои учествуваа на конкурсот и на сите кои гласаа за понудените решенија и со тоа го промовираа правото на глас.

Во продолжение проследете ги победничките решенија од конкурсите:

Прочитајте повеќе >>>
Третите три недели


Кликнете на сликата да ја преземете поголемата верзија

tretite tri nedeli

Преземете го документот на албански јазик
Објавен е деветтиот извештај од следењето на процесот на пристапувањето во ЕУ (Accession Watch), насловен „Рибарски приказни“


Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), на 19-ти мај 2011 година, го објавија деветтиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ насловен „Рибарски приказни“. Овој Извештај е изготвен во рамките на проектот „Следење на процесот на пристапување во ЕУ (Accession Watch) и се однесува на периодот 15 јануари – 1 мај, 2011година.

Целта на овој квартален извештај е да даде оценка за состојбата со европските интеграции во Македонија, особено во контекст на предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни 2011. Анализата во Извештајот покажува дека од оваа дистанца, откако се поминати пет години од владеењето на оваа гарнитура, повеќе од јасно е дека оваа власт нема политичка волја, визија и стратегија за приближување кон Европската унија. Извештајот предупредува дека последните случувања со слободата на медиумите, притисоците врз судската власт, злоупотребата на мерката притвор, притисоците врз граѓаните, државните службеници и медиумите за време на изборниот процес може да доведат до расипување на политичкиот критериум, што de facto би значело и суспендирање на препораката за почеток на преговорите во Извештајот на ЕК, кој ќе биде објавен во октомври, 2011 година. Извештајот ги коментира пораките (особено нивната погрешна интерпретација од страна на Владата), кои беа испратени од страна на Баросо и Филе за време на нивната последна посета на Македонија во април годинава.

Покрај актуелните настани во државата поврзани со европската интеграција, специјален фокус на анализата во овој извештај е документот што го објави ВМРО-ДПМНЕ, во април 2011 година насловен како „Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 2006-2011 – Македонија не запира повеќе“.

Преземете го целосниот извештај (.pdf)

Прочитајте повеќе >>>
ВТОРИТЕ ТРИ НЕДЕЛИ:

Власта не запира на патот кон бездната



Кликнете на сликата за да го преземете документот (.pdf)
АДМИНИСТРАЦИЈАТА МОЛЧИ... А НЕ Е РИБА


Администрацијата молчи..а не е риба
ПРВИТЕ ШЕСТ НЕДЕЛИ:

Од задолжувања и ветувања до клеветења и закани



Кликнете на сликата да го видите целиот напис (.pdf)
fioom oglas

Преземете го написот на албански јазик (.pdf)
Образование на сиромашни


obrazovanie za siromasniФондацијата отворено општество – Македонија со средства обезбедени од Ургентниот фонд на Џорџ Сорос за ублажување на последиците од економската криза го имплементира проектот Образование за сиромашни во периодот од две учебни години (2009/2010 и 2010/2011). Во овој двегодишен период од имплементацијата и соработката со 309 основни училишта во 85 општини се донираа 78.704 пакети со училишен прибор (тетратки, боици, моливи, гуми, блокови, шестари, линијари и др.), 19.643 училишни ранци и 11.051 географски атласи. Во првата недела од април, ФИООМ заврши со испорака на училишните пакети со донација за 19643 ученици за второто полугодие за учебната 2010/2011 година.
Реакција во врска со Предлог - законот за измена на Законот за кривична постапка


Министерството за правда во Предлог - законот за измена на Законот за кривична постапка1 (се мисли на постојниот закон што се применува во моментов), дава оцена на состојбите во областа и посочува дека Оценската мисија во областа на правдата и внатрешните работи од мај 2010 година, спроведена од страна на Европската комисија, содржи забелешка која се однесува на амбиенталното следење (содржано во точката 3 - тајно набљудување, следење и визуелно-тонско снимање на лица и предмети со технички средства, од членот 142-б, кој се менува со Предлог - законот). И покрај тоа што Министерството посочува дека основната цел со предложените измени е приближување на полициското постапување кон европските стандарди, како и пополнување на законската неусогласеност што се однесува до амбиенталното следење, сепак, измените кои ги предлага се однесуваат, пред се’, на постапката со која се спроведуваат сите посебни истражни мерки, а не само амбиенталното следење. Попрецизно кажано, со Предлог – законот, Министерството за правда, преку измена на воведниот дел од членот 142-б, го брише судот како единствено надлежна институција која може да нареди спроведување посебни истражни мерки!

Ваквиот потег е недопустлив бидејќи е спротивен на Амандманот XIX од Уставот на РМ, кој ја гарантира неповредливоста на сите облици на комуникација и забранува отстапување од овој принцип без одлука на судот. Понатаму, недопустливо е при давањето на оценката на состојбите во релевантната област, во рамките на Предлог - законот, воопшто да не спомене дека со измените всушност се брише судот како надлежна институција во постапката за следење на комуникациите, а притоа Министерството единствено да се повикува на извештајот од Оценската мисија во областа на правда и внатрешни работи од мај 2010 година, кој пак, според кажувањата на Министерството, се однесува само на амбиенталното следење. Заради целосен увид во состојбите, Министерството за правда треба да им овозможи на пратениците пристап до споменатиот извештај и да го даде во прилог на Предлог - законот.

Особено збунува тоа што Министерствот за правда, во 2010 година, му достави на Собранието на РМ, Предлог - закон за кривична постапка, кој Собранието го изгласа во ноември 2010 година2, според кој по започнувањето на неговата примена во ноември 2012 година, судот, а во дел и јавниот обвинител, и натаму останува надлежен да одлучува за примена на посебните истражни мерки. Се поставува прашањето: доколку е непохно судот да се избрише од списокот на надлежни институции при спроведувањето на посебните истражни мерки, тогаш зошто ваквите одредби не биле внесени во новиот Закон за кривична постапка што е донесен во ноември 2010, а ќе се применува од ноември 2012 година?  

На крај, потсетуваме дека во декмври 2010 година, Уставниот суд на РМ го ПОНИШТИ Законот за електронските комуникации во делот кој овозможуваше следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи без претходна одлука на судот. Одлуката на Уставниот суд  утврди неуставност на Законот со Амандманот XIX, како и повреда на правото на приватност и почитување на домот. Потсетуваме дека одлуките на Уставниот суд се задолжителни, а нивното непочитување е кривично дело.

______
1. http://sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=8cf0c6c3-bcb5-4b51-a16b-d4c871685d6b
2. Службен весник на РМ број 150/2010
ПРОГРАМА ЗА ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Кампања за спречување тортура во институциите за здравствена заштита



Програмата за јавно здравство при Фондацијата отворено општество од Њујорк, на 28.03.2011, започна глобална Кампања за спречување тортура во институциите за здравствена заштита.

Кампањата е заснована на заедничките напори за заштита и унапредување на човековите права во здравствените институции на повеќе граѓански организации од разни земји во светот кои делуваат во областите на здравство и човекови права. Преку кампањата, како најодговорни за злоупотреби сторени врз граѓаните а во име на здравствената заштита, се повикуваат на одговорност владите на земјите во кои се случува тортура во здравствената заштита.

Откријте повеќе, вклучете се и помогнете во ширењето на информациите во врска со Кампањата. Помогнете во ширењето на информациите во врска со тортура во здравствената заштита.

Приклучете се во борбата против злоупотреби во здравствената заштита!
www.stoptortureinhealthcare.org
ПОКАНА


Кликнете на сликата за поголема верзија





Преземи агенда (.pdf)
ПОВИК ЗА ПРОТЕСТ ЗА СПАС НА ВЕЛЕС


Велес е соочен со еден од најголемите предизвици во своето постоење низ вековите! Да дозволи да продолжи да му се врши еколошки геноцид или да живее во здрава животна средина?!

На Велес му е потребна помош и поддршка за никогаш повеќе да не умираат родилките, да не се раѓаат деца „чудовишта“, да нема морталитет поголем од наталитет, да нема хронични заболувања кои во светот се мерат во промили, а кај нас со двојни проценти...!!! Велес сака да го нема Еколошкиот ФИРЕР, да ја нема Куртизаната која убива, ВЕЛЕС БАРА ПОМОШ И ПОДДРШКА ЗА ДОБРА И ЗДРАВА ИДНИНА!!!

Ние во Велес се обединивме СИТЕ, нема страна, ни структура што го сака терористот ТОПИЛНИЦА!!! ВЕ ПОВИКУВАМЕ и Вас за да им покажеме на сите власти и на сите профитери дека МАКЕДОНИЈА не е земја и држава без корен и дека има кој да ја одбрани!!! СИТЕ кои можете и сакате доброволно, свесно и братски поддржете нè во нашата ФИНАЛНА БИТКА ПРОТИВ ТОПИЛНИЦАТА!!!

ЗАТОА... на 9 ноември 2011 година (среда) со почеток во 17.00 часот дојдете на протест на плоштад Сармаале (во центарот на градот)!!! Со вашето присуство!!!

Зелена коалиција Велес

ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА”

Третите буџетски сесии во Гостивар и Боговиње и првата сесија во општина Босилово



На 31 октомври 2011 со почеток од 13.00 часот, во ресторанот Цвет во Гостивар,  ќе се одржи третата форумска сесија на која ќе се дискутира за расходите на буџетот на општината во 2011 и за планираните расходи за 2012 година за програмите: основно образование, средно образование, градинки, култура, спорт и рекреација.

На 04 ноември 2011 со почеток од 15.00 часот,  во с. Пирок- општина Боговиње, ќе се одржи третата форумска сесија на која ќе се дискутира за расходите на буџетот на општината во 2011 и за планираните расходи за 2012 година за програмите инфраструктура и економија.

На 02 ноември 2011,  во општина Босилово со почеток од 18.00 часот, во просториите на ОУ „Гоце Делчев“, Босилово, ќе започне првата форумска сесија во рамките на Проектните форуми. Поканети се сите жители на општина Босилово кои во соработка со општината ќе дискутираат и ќе изберат една тема од предложените теми/области која ќе ја проценат како најзначајна за нив, а потоа на следните форумски сесии подлабоко ќе навлезат во неа, утврдувајќи конкретни проблеми и предлагајќи решенија. На оваа сесија ќе се формираат работните маси, ќе се усвојат правилата на работа и ќе се определи динамиката на работа за време на сите форумски сесии.

Дневен ред - Гостивар

Дневен ред - Боговиње
ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ:

Стипендирање на пракси за Роми во област на истражувачкa политикa



http://www.romadecade.org/policy_research_fellowship_2011

Тинк тенк фондот на Отвореното општество Ромски иницијативи објавува програма за стипендирање на истражувачки политики за млади Роми дипломци, постдипломци и докторанти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Унгарија, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Словачка. Во првата година програмата за стипендирање поддржува апликации од ромски дипломци заинтересирани да ги надградат нивното знаење и вештини за креирање политики во следниве тематски области:

• Економски политики (фокус на економски развој и политики за вработување)
• Образовни политики
• Политики за европска интеграција
• Родови политики
• Владеење
• Локален развој (фокус на политики за домување)
• Политики на јавно здравство
• Социјални политики
• Обезбедување и индивидуална безбедност (фокус на индивидуална безбедност на Ромите и заштита на Ромите од насилство)

Секоја стипендија може да трае до 18 месеци, во зависност од одбраната тема, времетраењето на самата  пракса и договорените резултати. Програмата ќе започне во јануари 2012.

Краен рок за апликација: 25 септември 2011

Интегралниот текст за предлозите и апликационата форма се достапни преку веб страните на Ромските иницијативи (http://www.soros.org/initiatives/roma) и Тинк тенк фондот (http://www.soros.org/initiatives/thinktank).
Изложба на плакати „Андерконстракшн“


Датум: 20-22 јули, 2011
Час на почеток: 20.00 часот на 20 јули - 23.00 часот на 22 јули
Наслов: „Андерконстракшн
Место: ГЕМ клуб - Скопје
Организатор: Немања Јовановиќ

Anderkonstraksn-pozivnica-S

ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Една година од примената на законот за бесплатна правна помош



Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) по повод една година од применувањето на Законот за бесплатна правна помош, ќе одржат прес-конференција на ден 07.07.2011 (четврток) со почеток од 11:00 часот во просториите на НВО Инфоцентарот.

На прес-конференцијата ќе биде промовиран „Извештајот за примената на Законот за бесплатна правна помош“ подготвен од МЗМП и ФООМ како дел од проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“.

Извештајот ги адресира проблемите и предизвиците кои произлегоа од имплементацијата на правото на бесплатна правна помош во првите шест месеци од примената на Законот за бесплатна правна помош. Во извештајот се идентификувани првичните слабости и пречки во системот на бесплатната правна помош и се дадени препораки за нивно надминување и отстранување, со цел да се изгради поефикасен систем во кој граѓаните би можеле целосно да го остварат правото на еднаков пристап до правдата.

Преземете го Соопштението за медиумите (.pdf)

Преземете ја електронската верзија на Извештајот (.pdf)
ГРАЃАНИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ГЛАСАЊЕ

30.000 граѓани се вклучија во кампањата “Гласам”



glasam-1Пред изборниот молк, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ) ги објавија резултатите и статистиките од кампањата “Гласам”, која ги мотивира граѓаните да излезат, да гласаат и да одлучуваат на предвремените Парламентарни избори на 5-ти јуни.

Граѓаните се свесни за вредноста на сопствениот глас, а огромен е бројот на оние кои се заинтересирани да гласаат и директно да учествуваат во унапредувањето на демократијата во Македонија.

Настаните во 10-тина градови во Македонија и интернет акцијата “Гласам” обезбедија директна комуникација и интеракција со повеќе од 30.000 граѓани.

Импресивни се бројките од интересот на фејсбук корисниците, кои во најголем број се анимираа околу конкурсот за најдобар постер и видеоклип на тема “Зошто гласам?”.

За само триесетина дена, повеќе од 20.000 интернет корисници се приклучиле на фејсбук страницата “Гласам” (http://facebook.com/glasam) или ја посетиле веб страната www.glasam.org. Содржините од страниците биле видени речиси 2 милиони пати, а граѓаните оствариле повеќе од 50.000 директни интеракции, поддршки или коментари. Видеоклиповите кои повикуваат на излезност, креирани од интернет заедницата, биле прегледани 15.000 пати.

Гласањето на избори подразбира директно учество на граѓаните во унапредување на демократијата во Македонија и оневозможување на изборни нерегуларности. Уставот на Република Македонија е гарант дека никој нема право да знае за кого граѓаните гласале, ниту пак тие имаат обврска да го соопштат изборот што го направиле.

Кампањата “Гласам” ги повикува граѓаните да го искористат основното демократско право да гласаат и да се спротистават на апатијата и стравот. Преку гласањето граѓаните ќе ги задолжат политичарите на одговорност, но ќе се задолжат и себеси будно да ги следат постапките на идните власти и да бидат нивни коректори.

glasam-2Кампањата “Гласам” завршува пред стапувањето на изборниот молк, со завршен настан кај Фонтаната во Градскиот парк во Скопје на 3-ти јуни во 18:00 часот. Преку едукативни и интерактивни содржини и преку презентација на најдобрите постери и видеоклипови на тема “Зошто гласам?”, кампањата уште еднаш ќе ги повика граѓаните на 5-ти јуни да излезат и да гласаат за својата и за европската иднина на Македонија.

Кампањата “Гласам” ја поддржаа 31 невладина организација.
,,ГЛАСАМ“ од Крива Паланка порача:

„Гласањето - демократско право, но во исто време и обврска“



glasam-kp-1Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и Здружението „Регионален центар за одржлив развој“ (РЦОР) – Кратово на 31 мај 2011 година во центарот на Крива Паланка организираа целодневен настан, насловен како „Гласам“, на кој ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори.

„Со оваа кампања сакаме да ги поттикнеме сите полнолетни граѓани да излезат на гласање на 5-ти јуни и да покажат дека се заинтересирани за општествените случувања. Со самиот чин на гласање се покажува важноста на секој поединечен глас. Дополнително, со излегувањето на гласање во голема мера се намалуваат можностите за изборни нерегуларности. Во време кога институциите на државата многу малку или воопшто не ги потсетија граѓаните за демократското право на избор се надевам дека токму ваквите интерактивни настани ќе ги поттикнат граѓаните на Крива Паланка и во целата држава да излезат на гласање и да го остварат своето демократско право. Важноста на гласањето се гледа и од големиот број на сондажи во кој процентот на граѓани кои не сакаат да излезат на гласање е навистина голем. Сакам да потенцирам дека со не излегување на избори не ги казнуваме оние од кои што не сме задоволни, без разлика дали се позиција или опозиција. Со не излегување на избори се казнуваме самите себе си, ги казнуваме најблиските, ги казнуваме сегашните и идни генерации“ – изјави Борјанчо Мицевски од РЦОР.

glasam-kp-2Во рамки на настанот се одвиваа и две интерактивни игри во кои се вклучија граѓаните. Првата интерактивна игра ги повика граѓаните од големи стиропорни букви да состават една од пораките на кампањата: „Гласам ! Избори се ! Не молчи!“. Втората интерактивна игра ги повика граѓаните со голема “Гласам” топка да ги срушат столбовите на кои беа испишани негативни пораки кои асоцираат на злоупотреба на изборите: фалсификат, измама, полнење кутии, местенки, бугарски воз, вреќа брашно и други.

Промотивните материјали од кампањата (брошури, беџеви, маици и налепници) на 30 и 31 мај беа дистрибуирани и во Кратово, Кичево, Дебар и Струмица, со цел да ги потсетат граѓаните на демократското право и морална обврска да гласаат на денот на изборите, а со тоа директно да ја унапредат демократијата во Македонија и да ја намалат можноста за изборни нерегуларности.
,,ГЛАСАМ“ ОД СТРУГА ПОРАЧА:

„Гласачката навика се стекнува“



glasam-struga-1Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и Здружението за развој и активизам „Аква“ – Струга на 25 мај 2011 година (среда) во центарот на Струга организираа целодневен настан, насловен како „Гласам“, на кој ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори.

Преку дистрибуција на брошури, беџеви, налепници и други промотивни материјали, настанот ги потсети граѓаните на демократското право, но и на демократската обврска да гласаат на денот на изборите, а со тоа директно да ја унапредат демократијата во Македонија и да ја намалат можноста за изборни нерегуларности.

„Со оваа кампања сакаме да ги поттикнеме младите луѓе да излезат на гласање на 5-ти јуни и да покажат дека се заинтересирани за општествените случувања. Со самиот чин на гласање се покажува важноста на секој поединечен глас. Дополнително, со излегувањето на гласање во голема мера се намалуваат можностите за изборни нерегулараности“ – изјави Мила Стаменова од МОФ.

„Во време кога институциите на државата заборавија да ги потсетат граѓаните за демократското право на избор се надевам дека токму ваквите интерактивни настани ќе ги поттикнат граѓаните на Струга да излезат на гласање. Важноста на гласањето се гледа и од голем број истражувања кои покажале дека оние луѓе кои не гласале како млади е поверојатно да не гласаат ни како постари, додека оние кои гласале како млади ја задржале оваа навика” – изјави Бранкица Затаракоска од Здружението за развој и активизам „Аква“ - Струга.

glasam-struga-2Во рамки на настанот се одвиваа и две интерактивни игри во кои се вклучија граѓаните. Првата интерактивна игра ги повика граѓаните од големи стиропорни букви да состават една од пораките на кампањата: „Гласам ! Избори се ! Не молчи!“. Втората интерактивна игра ги повика граѓаните со голема “Гласам” топка да ги срушат столбовите на кои беа испишани негативни пораки кои асоцираат на злоупотреба на изборите: фалсификат, измама, полнење кутии, местенки, бугарски воз, вреќа брашно и други.

Повеќе фотографии од настанот

Завршниот настан во Скопје е на 1-ви јуни.
Започна гласањето за конкурсот „Зошто гласам?“


konkursot-e-zatvoren-landscape4

На конкурсот за најдобар постер и видеоклип на тема “Зошто гласам?” пристигнаа 171 постери од 96 автори и 30 видеоклипови од 27 автори.

Конкурсот е затворен, а гласањето за избор на победник се одвива на фејсбук страната на кампањата “Гласам”, www.facebook.com/glasam.
Решенијата со најголем број „лајкови“ ќе се сметаат за победници, а секој обид за злоупотреба на гласањето ќе биде санкциониран од страна на организаторот на конкурсот.

Сите идејни решенија кои се натпреваруваат на овој конкурс можете да ги прегледате и во галеријата за конкурсот на веб страната www.glasam.org:

http://www.glasam.org/konkurs/galerija
http://www.glasam.org/konkurs/pristignati-video-spotovi

Гласањето на Фејсбук е отворено до 29.05.2011, заклучно со полноќ, а победниците ќе бидат официјално објавени на 1.06.2011 година.

ГЛАСАЈТЕ ДЕНЕС, А НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ГЛАСАТЕ И НА 5-ТИ ЈУНИ!
Тетовчани заинтересирани за гласањето на избори


glasam-tetovo-1ФООМ и МОФ на 21 мај 2011 година продолжија со настаните од кампањата „Гласам“, овој пат во центарот на Тетово, каде повторно ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори.

Кампањата се спроведува во предизборниот период и е неопходна во време кога државата и институциите заборавија да ги потсетат и информираат граѓаните за нивните основни граѓански и демократски права.

Преку дистрибуција на брошури, беџеви, налепници и други промотивни материјали, настанот ги потсети граѓаните на демократското право, но и на демократската обврска да гласаат на денот на изборите, а со тоа директно да ја унапредат демократијата во Македонија и да ја намалат можноста за изборни нерегуларности.

„Еден од основните индикатори за граѓанска вклученост и генерална заинтересираност за општествените случувања е токму гласањето. Дополнително, со самиот чин на гласање се покажува важноста на секој поединечен глас. Затоа, ги повикуваме граѓаните на 5-ти Јуни да излезат на гласање и со тоа да ги стават на отчет партиите за сработеното” изјави Мартин Галевски од МОФ.

“Самата посетеност на настанот и разговорите со граѓаните покажуваат дека тие се заинтересирани да се информираат за процесот на гласање. Се надевам дека токму ваквите настани уште повеќе ќе ги поттикнат граѓаните на Тетово да излезат на гласање и со тоа сами да одлучат за својата иднина, во спротивно тоа ќе го направи некој друг за нив“ изјави Елена Мишевска од МОФ – Тетово.

glasam-tetovo-2Во рамки на настанот се одвиваа и две интерактивни игри во кои се вклучија граѓаните. Првата интерактивна игра ги повика граѓаните од големи стиропорни букви да состават една од пораките на кампањата: „Гласам ! Избори се ! Не молчи!“. Втората интерактивна игра ги повика граѓаните со голема “Гласам” топка да ги срушат столбовите на кои беа испишани негативни пораки кои асоцираат на злоупотреба на изборите: фалсификат, измама, полнење кутии, местенки, бугарски воз, вреќа брашно и други.

Фотографии од настанот може да видите на (www.flickr.com/photos/fosim/collections/72157626615510003/) или на http://www.facebook.com/glasam.

Нашите активности продолжуваат, се гледаме на 25 мај (среда) во Струга.
„ГЛАСАМ“ во Штип


stipФондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ) на 18.05.2011 (среда) на плоштадот „Слобода” во Штип ја продолжија серијата интерактивни настани од кампањата „Гласам“. ФООМ, МОФ и ФРЛЗ ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори.

Преку дистрибуција на брошури, беџеви, налепници и други промотивни материјали, настанот ги потсети граѓаните на демократското право, но и на демократската морална обврска да гласаат на денот на изборите, а со тоа директно да ја унапредат демократијата во Македонија и да ја намалат можноста за изборни нерегуларности.

„Овие избори се можност за едукација за граѓанско учество на најмладите и идните гласачи, средношколците. Оваа кампања директно ќе влијае врз промена на податокот од нашето истражување кој говори дека половина од средношколците сметаат дека гласањето не е воопшто важно, односно е малку важно“- изјави Марјан Забрчанец.

Граѓаните активно се вклучија и во интерактивните игри на “Гласам” каде имаа прилика да ја покажат својата демократска креативност и моќ. Во првата игра од џиновски букви ги составуваа пораките на кампањата: „Гласам! Избори се! Не молчи! Пушти глас!“. Втората игра ги повика граѓаните со голема “Гласам” топка да ги срушат столбовите на кои беа испишани негативни пораки препознатливи за злоупотреба на изборите: фалсификат, измама, полнење кутии, местенки, бугарски воз, вреќа брашно и други.

Дополнително, ФООМ, МОФ и ФРЛЗ го претставија и наградниот конкурс за најдобар постер и најдобар краток видео клип на тема „Зошто гласам?“, кој е отворен уште само два дена (до 20 мај 2011 година), на веб страната www.glasam.org.

Галерија на фотографии од настанот можеte да видите на http://www.flickr.com/photos/fosim/sets/72157626750696558/ или на нашиот Фејсбук профил.

Информации и фотографии за изминатиот настан во Скопје, може да погледнете на http://www.glasam.org/novosti/52--1505- . Следниот настан се одржува во Тетово на 21.05.2011 (сабота).
Граѓаните масовно да излезат на избори


IMG_4077Преку дистрибуција на брошури, беџеви, налепници и други промотивни материјали, целодневниот јавен настан „Гласам“ ги потсети граѓаните на демократското право, но и на демократската обврска да гласаат на денот на изборите, а со тоа директно да ја унапредат демократијата во Македонија и да ја намалат можноста за изборни нерегуларности.

Настанот „Гласам“ кој се одржа на 15 мај 2011 (недела) во центарот на Скопје беше организиран од Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ).

„Гласањето е неопходен чекор за обезбедување учество на граѓаните во практикувањето на власта и на демократијата. Покрај можноста директно да се одлучува, овие избори се и шанса да се победат апатијата и стравот. Уставот на Република Македонија е гарант дека никој нема право да знае за кого граѓаните гласале, ниту пак тие имаат обврска да го соопштат изборот што го направиле.“ – изјави Ана Медарска од ФООМ.

„Младите мора да го срушат митот кој е познат како „мојот глас не вреди”. Доколку младите излезат на гласање, ќе ги задолжат политичарите на одговорност и директно ќе влијаат врз својата иднина и врз европската иднина на Македонија. Илустрација на моќта на гласот е и статистиката која говори дека 50-те илјади студенти од УКИМ гласајќи можат да изберат 7 пратеници во Собранието на Република Македонија.“ – изјави Марјан Забрчанец од МОФ.

Во рамки на настанот минувачите играа и две интерактивни игри. Првата интерактивна игра ги повика граѓаните од големи стиропорни букви да состават една од пораките на кампањата: „Гласам! Избори се! Не молчи!“.

IMG_4036Втората интерактивна игра ги повика граѓаните со голема “Гласам” топка да ги срушат столбовите на кои беа испишани негативни пораки кои асоцираат на злоупотреба на изборите: фалсификат, измама, полнење кутии, местенки, бугарски воз, вреќа брашно и други.

Дополнително, ФИООМ и МОФ го претставија и наградниот конкурс за најдобар постер и најдобар краток видеоклип на тема „Зошто гласам?“, кој е достапен на веб страната www.glasam.org.
ЧЕСТИТКА


cestitka 8 april
Шутка моето родно место - сега во живо, на турнеја!


Компилацијата „I Šutka tani mo than“ („Шутка моето родно место“) е прв амбициозен обид за презентација на најдобрите ромски рапери од Скопје и содржи разновиден локален ромски пристап кон хип-хоп звукот, од ромски етно r&b, метал-панк рап до балкански ромски призвук на регетон. Албумот „I Šutka tani mo than“ го издаде Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во мај 2010 година.

Flaer_MKC_1.jpg flaer_Menada_1.jpg

Kонцертната промоција на албумот I Šutka tani mo than („Шутка моето родно место“) во Скопје ќе се случи на два настани, на 24 март (четврток) во МКЦ клуб & ресторан, со почеток во 21.30 часот и на 25 март (петок) во Менада, со почеток во 22.00 часот.

I Šutka tani mo than во ноември 2010 година се најде на 15. место на престижната World Music Charts Europe и на 118. место од вкупно 886 изданија на нивната годишна листа и тоа како локално македонско издание без поддршка на некоја европска дискографска куќа или агенција.

Изненадувачки топлиот прием на студиското издание беше директна провокација да се формира група составена од четворица рапери (токму оние што оставија најголем печат на самата компилација) придружувани од бенд кои ќе настапуваат на некои од најреномираните музички фестивали и концертни места во Европа. Ексцентричниот Не-Ли, отмениот Ал-Alion, панкерски облечениот Error и корпулентниот Fat Joe заедно со ромска рап-етно група на тапани, бас, труба, саксофон и кларинет ќе ги израпуваат своите рими во културниот центар GRAD во Белград, Србија (30 март), во култниот клуб Močvara во Загреб, Хрватска (31 март), на Mare Nostrum Festival во Porgy & Bess во Виена, Австрија (2 април), на Roskilde Festival во Роскилд, Данска (1 јули), на Sziget Festival во Будимпешта, Унгарија (11 август)...
ГЛАСАМ

Избори се! Не молчи!



ВИДЕО:

ГЛАСАМ



ПОКАНА


gem zborno mesto
ПРАВНА ПРОГРАМА


ФИООМ по вторпат поднесува иницијатива за утврдување неуставност на Законот за дополнителен услов за вршење јавна функција (Закон за лустрација)


Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), денес до Уставниот на Република Македонија повторно поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување на Законот за лустрација. По последните измени направени во февруари, Законот врати на сила решенија кои претходно беа укинати со одлуката на Уставниот суд од 2010 година со која се укинаа неколку значајни одредби од Законот и воведе дополнителни неуставни решенија

Прочитајте повеќе >>>
ЈУБИЛЕЈ НА ФОНДАЦИЈАТА ЗА ОБРАЗОВНИ И КУЛТУРНИ ИНИЦИЈАТИВИ „ЧЕКОР ПО ЧЕКОР“ - МАКЕДОНИЈА


Десет години заеднички заложби за доброто на сите деца


cekor po cekorФондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија оваа година прославува 10 години од своето основање. Свеченото одбележување на јубилејот се одржа на 30.03.2011 во Велес.

Јубилејот беше одбележан со претставување на публикацијата “Принципи за квалитетна педагошка пракса” кои ги изготвија и прифатија членките на Интернационалната асоцијација „Чекор по чекор“, професионална асоцијација во која членуваат професионални невладини асоцијации од 29 земји и во којашто фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ е претставник за Македонија.

Свечената програма започна со организирана посета на ОЈУДГ „Димче Мирчев“, клон 3, која ги отвори своите врати за директорите на сите 52 градинки во Македонија, за претставниците на општината, на надлежните министерства и на невладиниот сектор. Оваа градинката уште од самите почетоци на имплементирање на воспитно образовната методологија „Чекор по чекор“, иницирана од Институтот Отворено Општество и Универзитетот George Town од Вашингтон во 1994, претставува градинка - модел за реализирање на принципите на оваа методологија. За време на посетата, поздравен говор одржаа извршниот директор на ФОКИМ „Чекор по чекор“ – Сузана Киранџиска, директорката на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ – Татјана Лазаревски Ѓорѓиева и градоначалникот на Општина Велес – Горан Петров, кој го искажа своето задоволство од долгогодишната плодна соработка на Фондацијата и градинката од оваа општина.

cekor po cekorСвеченоста продолжи во Хотел „Романтик“. Програмата започна со приредба на децата ОЈУДГ „Димче Мирчев“ – Велес, која ги воодушеви присутните. Потоа, свое обраќање пред гостите имаа извршниот директор на ФИООМ – Владимир Милчин, Есад Деари од Министерството за труд и социјална политика на РМ и Љиљана Самарџиска Панова – раководител на одделение на секторот за развој на воспитно-образовниот систем и развој на стандарди, наставни планови и програми на Бирото за развој на образованието на РМ. Стандардите за квалитетна педагошка пракса на Интернационалната асоцијација „Чекор по чекор“ беа претставени од д-р. Зоран Велковски, професор на Философскиот факултет на УКИМ. Задоволството од соработката со Фондацијата при имплементирањето на Проектот за основно образование финасиран од УСАИД го изрази и директорот на овој проект– Небојша Мојсовски.
ПРАВНА ПРОГРАМА

ЗАПОЧНУВА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА РОКОВНИКОТ „Толерирај, не дискриминирај! 2011 – за година без предрасуди“



FIOOM notesПравната програма при Фондацијата Институт отворено општество – Македонија подготви роковник за афирмација на примената на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Роковникот кој ја содржи пораката ТОЛЕРИРАЈ, НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ! 2011 – ЗА ГОДИНА БЕЗ ПРЕДРАСУДИ, наменет за млади, ќе се дистрибуира бесплатно утре, 29 март 2011 година, на платото кај Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со почеток во 12 часот.

Имајќи предвид дека особен фокус на правната програма е подобрување на заштитата на човековите права и набљудување на спроведувањето на новововедените механизми за заштита на човековите права, ФИООМ спроведува кампања за афирмирање на правото на еднаквост и забраната за дискриминација. Од овие причини, ФИООМ подготви роковник во којшто преку цитати, хронологија на настани, квиз и преку обработка на случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе ги запознае младите луѓе со фудаменталното право – правото на еднаквост. Воедно, роковникот го афирмира и отпочнувањето на примената на Законот за спречување и заштита од дискриминација преку пораката ТОЛЕРИРАЈ, НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ! 2011 – ЗА ГОДИНА БЕЗ ПРЕДРАСУДИ; и преку информативните прилози поврзани со имплементацијата на овој Закон.

Утрешната дистрибуција на роковникот е прва во серијата од неколкуте планирани.Сите следни локации од каде што ќе се врши дистрибуцијата ќе бидат дополнително објавени на веб страницата на ФИООМ.

Дистрибуцијата на роковникот ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Младинскиот образовен Форум, организација која во својот фокус го има неформалното образование и промовирањето на правата на младите.

Погледнете го роковникот (првите 15 страници)

Младинска програма - Локални младински иницијативи

Капитулација, конфузија или отпор: социјалниот капитал на македонските средношколци



MOFНа 22 март 2011 година,  во конференциската сала на хотелот Холидеј Ин се одржа јавна трибина и промоција на студија за социјалниот капитал на македонскиот средношколец и моќта на образованието во Р.Македонија, организирана од „Младински образовен форум“ во рамките на младинскат програма на ФИООМ.

Настанот се состоеше од две трибини, од кои првата на тема “Каков е социјалниот капитал на младите?“ и втората „Моќта на образованието“. Свој придонес кон во рамките на двете дебати дадоа Марјан Забрчанец - Извршен директор, Младински образовен форум, Харалд Шенкер - Експерт за интегрирано образование, консултант на ОБСЕ, Елена Ивановска – Претставник на Министерство за образование и наука, Зоран Илиески - Извршен директор, Коалиција СЕГА, Дарко Алексов - Извршен директор, МОСТ и Елена Мицајкова – Претставник на ЛМИ клуб–Скопје.
За жал на трибината учество не земаа претставници од Агенција за млади и спорт ниту претставници од кабинет на Претседателот на Влада на Р. Македонија, иако поканети.

„Државата мора да обезбеди буџет за имплементација на Националната стратегија за млади, бидејки прашање е колку спортските сали ќе успеат да ги задржат младите да не се иселат од Македонија“ – Марјан Забрчанец, Младински образовен форум.

Дарко Алексов – Извршен директор, МОСТ – говореше за апатичноста која е системски и временски тренд назад 20тина години, а е идентификувана и со студијата на МОФ. „Констатиравме дека во моментов единствената стратегија на владата е да гради сали а не системски да адресира решенија, ваквата апатична младина не е точно  дека не му одговара на никој, им одговара совршено на политичките партии и политичките елити.“ (...) „Сè додека политичките партии не ги кренат шепите од младите, сите останати обиди нема да имаат импакт врз активизмот на младите и нивната прецепцијата  за тоа колку можат тие да сменат во општеството.“


Превземете ја студијата „Капитулација, конфузија или отпор на македонскиот средношколец“
Работата на Владата е тајна за граѓаните!


(кликнете на сликата за поголема верзија)


Решение за одбивање пристап (.pdf)
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА


Резултати од мониторингот на јавните набавки и индекс на рационалност во трошењето јавни пари

На 10 март, 2011 година Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИOОМ) го објавија осмиот редовен квартален извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки за периодот октомври - декември 2010 година. Истовремено, ЦГК и ФИООМ го објавија и т.н. индекс на рационалност во трошењето јавни пари, како целосно нов инструмент кој треба да им помогне на државните институции да постигнуваат пониски цени при јавните набавки и порационално да ги трошат јавните пари.

При мониторингот на јавните набавки во последното тримесечје од 2010 година се констатирани следниве клучни забелешки:

• Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи.
• Продолжува трендот на мала конкуренција во значаен дел од тендерите.
• Се користат несоодветни елементи за оценка на понудите.
• Тендерските спецификации во некои случаи можат да фаворизираат одредени понудувачи.
• Расте вредноста на непосредните спогодби без објавување на оглас.
• Институциите и натаму не доставуваат до фирмите детални известувања за донесените одлуки за избор.
• Доминантен дел од институциите го почитуваат законскиот рок за донесување одлука за избор на најповолна понуда.
• Расте транспарентноста на институциите.
• Се намалуваат барањата за плаќање надомест за подигнување на тендерска документација.
• Расте бројот на уважените жалби на фирмите од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости.

Кај индексот на рационалност се споредени цените, односно вредноста по кои различни институции набавуваат ист вид производи или услуги (зимско одржување на улици и патишта, индустриска сол, масло за греење, новогодишно украсување и хартија за фотокопирање). Значајните разлики во цените и во условите под кои државните институции ги набавуваат производите и услугите, укажуваат дека државните институции мораат посериозно да настојуваат да ги трошат јавните пари порационално, подетално да го истражуваат пазарот пред да ги објавуваат тендерите, да разменуваат повеќе информации меѓу себе и да избираат пристап при набавките што ќе гарантира рационално трошење на јавните пари.

Осмиот квартален извештај од мониторингот на јавните набавки и индексот на рационалноста можете да ги преземете на следните линкови.

- Осми квартален извештај од мониторингот на јавните набавки (.pdf)
- Индекс на рационалност (.pdf)
ПРАВНА ПРОГРАМА


ДИСТРИБУЦИЈАТА НА РОКОВНИКОТ „ ТОЛЕРИРАЈ, НЕ ДИСКРИМИНИРАЈ! 2011 – ЗА ГОДИНА БЕЗ ПРЕДРАСУДИ“ продолжува на следниве локации и термини:

- 1 април 2011 (петок) со почеток во 12 часот на платото пред Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии, и

- 4 април 2011 (понеделник) со почеток во 12 часот на платото пред Природно-математичкиот факултет.

Погледнете го роковникот (првите 15 страници)
ПРАВНА ПРОГРАМА

Презентирана публикација „Еднаквоста како основно човеково право“



DSC_0119.jpgНа 14-ти март Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) ја презентираше публикацијата „Еднаквоста како основно човеково право- со посебен осврт на практиката на Европскиот суд“ од авторката Елена Јовановска – Брезоска, правник во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Публикацијата ја третира проблематиката на заштита од дискриминација, низ конкретни предмети во Советот на Европа, но и во други тела на Обединетите Нации кои за првпат се преведени на македонски јазик. Оттаму, произлегува и важноста на трудот, особено ако се земе предвид неодамнешното стапување во сила на Законот за заштита од дискриминација.

Судијката во босанскиот уставен суд, Маргарита Цаца Николовска, лично не е задоволна од донесениот Закон за заштита од дикриминација, но според нејзе станува збор за прв закон од таква проблематика, па оттаму очекува натамошно подобрување на законските регулативи во областа на дискриминацијата.

Дефинирајќи ја дискриминацијата како различен третман на групи или поединци во исти ситуации, авторката на делото Елена Јовановска – Брезоска, преку примери од публикацијата укажа на различните видови на дискриминација (расна, верска и сл.), но и на одлуките на судските органи во земјите каде што тие се случувале.

DSC_0175.jpgПоследно излагање на промоцијата имаше Ленче Коцевска член на Комисијата за заштита од дискриминација, која ги објасни надлежностите на Комисијата. Комисијата за заштита од дискриминација започна со работа на 1 јануари годинава и до денес поднесени се 12 претставки за кои ќе одлучуваат седумте члена на Комисијата. Според Коцевска, бројот на претставки поднесени до Комисијата за само два и пол месеци битно се разликува од оние претставки поднесени до Народниот правобранител, кои минатата година изнесувале 20. Тоа според Коцевска може да се должи и на промотивните надлежности на Комисијата.

Публикацијата „Еднаквоста како основно човеково право- со посебен осврт на практиката на Европскиот суд за човекови права во однос на заштитата од дискриминација“ е резултат од работата на Правната програма на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, која е посветена на унапредувањето на владеењето на правото и на поддржувањето на реформите на правниот систем во Република Македонија.
ПРОГРАМА ЗА ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Мониторинг на јавно здравствени услуги и застапување во заедницата



Во периодот 01-03 март 2011 во Охрид, се одржа работилница на тема Мониторинг на јавно здравствени услуги и застапување во заедницата: примена на алатките за мониторинг во заедницата. Работилницата ја организираше ФИООМ во рамките на Програмата за мониторинг во здравството, во соработка со Програмата за јавно здравство при Фондот за отворено општество – Њујорк.

Целта на работилницата беше да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации кои работат во областа на здравството за мониторинг на јавно здравствените услуги и застапување во заедницата. Предавачи на работилницата беа експерти од Центарот за здравствена и социјална правда, Њу Делхи, Индија, и Институтот за демографија и социјални истражувања при Националната академија за науки во Украина.

Програмата за мониторинг во здравството промовира структурирана рамка за социјална отчетност и методологија/алатки за систематски мониторинг во заедницата – (граѓански картички за известување; картички за проверка на остварувањата во заедницата; социјална контрола) чија примена им овозможува на граѓанските организации да ја посочат одговорноста на институциите за транспарентно и ефикасно управување со јавните ресурси; им овозможува да ги осознаат процесите кои институциите треба да ги користат при тоа; и им овозможуваат ефикасен мониторинг и застапување за испорачување на квалитетни здравствени услуги. Поддржувајќи ги корисниците на услугите да ја документираат достапноста и квалитетот на услугите во контекст на утврдени обврски и стандарди поставени од јавните институции, се овозможува зајакнување на напорите на граѓанските организации за успешно застапување за подобрување на услугите.

Обуката ја следеа осум граѓански организации, од кои, по одржаната работилница, се очекува да достават предлог проекти во кои ќе ја користат усвоената методологија за социјален мониторинг во заедницата за различни прашања од областа на услугите за здравствена заштита важни за одредени социјално маргинализирани заедници.
Конференција за децентрализацијата во Република Македонија

Фискалната автономија на општините е на многу ниско ниво



VA2_1081На 04 март 2011 година (петок), во хотелот Холидеј Ин, во Скопје, се одржа конференција на тема „Децентрализацијата во Република Македонија: желба, потреба или реалност?“. Конференцијата беше организирана во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, спроведен од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), во соработка со Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД). Проектот се спроведува во 12 партнер-општини од Република Македонија, и тоа: Боговиње, Велес, Гостивар, Дебар, Илинден, Карпош, Куманово, Неготино , Охрид, Старо Нагоричане, Струмица и Тетово.

Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери истакна дека процесот на децентрализација е реалност и дека неговото успешно спроведување во голема мера зависи од соработката на локалните власти со граѓанскиот сектор. Според Џафери  досегашното петгодишно искуство недвосмислено ја наметнува потребата од подобро постабилно и поодржливо финансиско функционирање на општините, од поактивно вклучување на граѓаните и секако од унапредување на услугите што ги нуди локалната власт.

На конференцијата беше презентиран Извештајот од следењето на процесот на децентрализација,  кој ги содржи резултатите од мерењето на перформансите на 12 општини, во 2008 и 2009 година, како и резултатите од истражувањето на задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат на локално ниво. Генералниот заклучок е дека децентрализацијата во 2009 година назадува во однос на 2008 година. Резултатите покажуваат дека од финансиски аспект, 2009 била понеповолна за општините отколку 2008 година, без разлика дали се работи за урбани, рурални или општини во Скопје. Исто така, во просек влошени се и постигнувањата во урбанизмот и просторното планирање, а општините покажале подобри перформанси единствено во образованието.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Граѓаните ги оценија услугите на општините со тројка



va2_0896Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД), на 28-ми февруари ги претставија резултатите од истражувањето на задоволството на граѓаните од услугите кои ги добиваат на локално ниво (од општините).

Генералните наоди од истражувањето се следниве:

• Средната оцена за задоволството на граѓаните од услугите што ги добиваат од општините во сите анализирани области изнесува 2,71.
• Сите услуги се сместени во две нивоа на услуги: добро ниво на услуги (помеѓу 2,5 и 3,5), каде што спаѓаат 36 општински услуги, и слабо ниво на услуги (помеѓу 1,5 и 2,5), каде што спаѓаат 16 општински услуги.
• Ниту една од оценуваните услуги не влегува во другите три нивоа на услуги: одлично, многу добро и многу слабо ниво на услуги.

Анализирано по области, најдобро оценети се услугите кои им припаѓаат на областа образование, култура, спорт и рекреација (средна оцена 3,10), додека најслабо оценети се услугите кои се дел од областа социјална заштита (2,31). Од одделните услуги, особено лошо оценети се услугите поврзани со домовите за деца без родители (1,73) и установите за зависници од дрога и алкохол (1,78).

Одговорите на граѓаните на општите прашања за перцепцијата на процесот на децентрализацијата покажуваат зголемена доверба во процесот. Имено, околу 80 отсто од испитаниците сметаат дека управувањето со училиштата е подобрено или во најмала рака исто откако за оваа услуга надлежна е општината. Слично е и со процедурите во урбанизмот, каде што повеќе од две третини од испитаниците сметаат дека процедурите се подобриле од почетокот на децентрализацијата (2005).

Истражувањето, спроведено од страна на професионална истражувачка агенција, опфати 1759 испитаници од 12 општини (Боговиње, Велес, Гостивар, Дебар, Илинден, Карпош, Куманово, Неготино , Охрид, Старо Нагоричане, Струмица и Тетово).

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Транспарентна и ефикасна децентрализација“, имплементиран од страна на ФИООМ во соработка со ЦРЛД. Во рамките на истиот проект беа спроведени и истражување и анализа на перформансите на децентрализацијата. Резултатите од тоа истражување ќе бидат презентирани на Конференцијата на тема „Децентрализацијата во Република Македонија – желба, потреба или реалност“, која ќе се одржи на 4 март 2011 година (петок) во хотелот „Холидеј Ин“, во организација на ФИООМ и ЦРЛД.

Повеќе податоци за резултатите од истражувањето на задоволството на граѓаните од услугите кои ги добиваат од општините можете да најдете на овој линк.
ПРАВНА ПРОГРАМА


ФИООМ побара од пратениците да не го носат Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците по скратена постапка

Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), по повод предлогот на Владата за изменување и дополнување на Законот за прекршоците по скратена постапка, поднесен во февруари, испрати коментар на Предлог законот до пратениците на Собранието на Република Македонија.

ФИООМ смета дека поднесениот Предлог законот не треба да се донесува во скратена постапка и без поширока и сеопфатна анализа и дискусија за потребата од промените. Законот за прекршоци е еден од законите донесени како дел од Стратегијата за реформа на правосудството од 2004 година, која се подготвуваше со огромно внимание од страна на домашната и меѓународната јавност.

Владата која ги предлага измените на овој Закон е истата Влада која во 2006 година го предложи постојниот Закон за прекршоците, а кој во согласност со Стратегијата за реформа на правосудството се донесе заради: „зајакнување на ефикасноста преку симплифицирање на прекршочната постапка и изземање на прекршочните предмети со типично административен карактер од надлежност на судовите“. Оттука, легитимно се поставува прашањето дали зголемувањето на релативниот рок на застареност од една на три години и апсолутниот рок на застареност на прекршоците од две на шест години ќе придонесе за зголемена ефикасност и поедноставување на постапката? Или пак ќе им се даде законска можност на надлежните органи (судови и државни органи) за неефикасно и долго решавање на прекршочните постапки?!

Владата предлага измени кои не’ носат назад во времето пред реформите и тоа не само во скратена постапка означувајќи ги измените како минорни, туку и не нуди никаква анализа, податок, или каква било друга поткрепа за тоа дека ваквите измени се неопходни.

Сметаме дека Законот за прекршоците треба да претрпи сериозна анализа, особено во поглед на: ефикасноста на постапката; ефикасноста на судската заштита; издржаноста на политиката на Владата при определувањето кој орган може, а кој не може да биде прекршочен орган при предлагањето на материјалните законодавство итн.

Владата е должна на пратениците да им даде образложение зошто се потребни овие измени, какви се досегашните резултати од спроведувањето на Законот за прекршоците и дали потребата од законска измена лежи во неажурната администрација и надлежните Комисии за водење прекршочни постапки и во Управниот суд кој решава по тужбите на оние кои се казнети за прекршок или, пак, предложените измени се навистина неопходни? Доколку Владата не ги понуди потребните податоци поврзани со неопходноста од измена на Законот, сметаме дека пратениците треба да бараат повлекување на Предлог законот од собраниската постапка.

Целосната анализа за имплеметацијата на Законот за прекршоците, ФИООМ ќе ја објави во март 2011 година.

Коментар на предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците (.pdf, 1.29 MB)
ЕУ ПРОГРАМА

Претставен осмиот Accession Watch, насловен „Преродбата ги јаде своите деца“



Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), на 17-ти февруари 2010 година, го претставија осмиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ - „Преродбата ги јаде своите деца“. Овој Извештај е изготвен во рамките на проектот „Accession Watch“ и се однесува на периодот ноември - јануари 2011 година.

Анализата во Извештајот покажува дека државата нема политичка волја, визија и стратегија за приближување до Европската унија. Последните случувања со слободата на медиумите, Комисијата за антидискриминација, нападите врз граѓанскиот сектор и претставниците на ЕУ и зголемените меѓуетнички тензии може да доведат до расипување на политичкиот критериум, што de facto би значело и суспендирање на препораката за почеток на преговорите.

Извештајот дава детален осврт на надворешната политика во текот на 2010, ја опишува состојбата со реформата на јавната администрација, како и предизвиците со спроведувањето на Законот за здруженија и фондации и Законот за антидискриминација и практичната примена на Националната стратегија за одржлив развој. Фокусот е ставен на Извештајот за напредок на Република Македонија 2010 и настаните што се случија пред и по неговото објавување; на приоритетите на Унгарското претседателство со ЕУ; како и на состојбата во медиумите, особено по 25 ноември 2010 година.

Во Извештајот е вклучена и детална анализа на Националната програма за усвојување на европското законодавство - Ревизија 2011 (НПАА 2011). Прегледот има за цел да покаже дали и како предвидените активности со НПАА 2011 ги адресираат многубројните констатирани слабости и забелешки на Европската комисија нотирани во Извештајот за напредок 2010 и дали тие соодветствуваат на приоритетите во Пристапното партнерство.

Според Фани Каранфилова-Пановска од ФИООМ, реално е да се очекува дека резолуцијата на Европскиот парламент на адреса на македонската Влада ќе испрати многу повеќе критики во споредба со минатата година, особено во делот на слободата на медиумите и слободата на изразување, партизираноста на судството, соработката со граѓанскиот сектор, имплементација на Законот за антидискриминација итн.

Делот на Извештајот во кој се анализира процесот на реформа на јавната администрација во државата покажува дека со измените на Законот за државни службеници и укинувањето на Агенцијата за државни службеници ќе се обезбеди правен механизам за целосна партизација на државната администрација, што е најголемиот проблем констатиран повеќепати од страна на Европската комисија во Извештаите за напредок на Република Македонија и во изјавите на претставниците на ЕУ.

Андреја Стојковски од МЦЕО смета дека политичката поделеност во општеството се рефлектира и во односите со Брисел: „Нашите претставници одбираат со кого ќе се сретнат во Брисел. Најчесто се среќаваат со претставници на сродни партии и во голем дел од случаите тие ја претставуваат нивната партија, а не државата“. Стојковски истакна и дека условите за работа на граѓанските организации се значително влошени, од една страна поради обврската за пререгистрација согласно новиот Закон за здруженија и фондации, но од друга страна и поради многубројните и комплексни обврски за организациии предвидени со Законот за пречување перење пари, кои можат да послужат како метод за притисок врз нив.

Бавното темпо на донесување на законите со европско знаменце и нивното често менување се уште еден проблем во евроинтеграциите на Македонија, смета Наташа Јованова од МЦЕО: „Со Националната програма беше предвидено да бидат усвоени 184 закони во 2010 година. Собранието во 2010 година донесе 275, но само 79 од нив се европски закони, а дури половината од донесените закони се провлекуваат уште од 2008 односно 2009 година“. Според Јованова, честите измени на законите (на пример, на Законот за извршување, кој за една година е изменет дури четири пати) укажува на недоволниот административен капацитет за усогласување на законодавството, што предизвикува правна несигурност и непредвидливо бизнис-опкружување.

Преземете го извештајот (.pdf)
ПРАВНА ПРОГРАМА

Промоција на правото за слободен пристап до информации



Викендот, на 12 и 13 февруари 2011 год., на младинските здруженија организирани од Младински образовен форум, претставник од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија им ги презентираше правата од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Учесниците на тренинзите: Младинска независност и Реформи во студентското организирање се запознаа со правото и постапката како да поднесат барање за слободен пристап, да добијат пристап до бараните информации, да не ја образложуваат причината зошто е побарана информацијата, да добијат помош при поднесување на барањето од службено лице кое е надлежно за спроведување на законот, да се жалат пред Комисијата за заштита на правото на слободен пристап ако не добиле одговор, ако не се задоволни од одговорот или ако е одбиен пристапоy, како и за правото на судска заштита. Целта на промоцијата на правото за слободен пристап до информации е да го зголеми нивото на запознаеност на здруженијата со ова право.
Промоција на „Црната книга“

Говорот на омраза – најава за физичко насилство



crna-kniga-1 Документирани појави на говор на омраза, особено во новите медиуми и нивната поврзаност со физички насилства се главните аспекти на „Црна книга“, која беше промовирана на 11-ти февруари, во издание на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Центарот за развој на медиуми (ЦРМ).

Според Душко Арсовски, еден од промоторите, за жал „Црната Книга“ е показател на тоа во кои насоки скршнала македонската демократија. „Голем придонес во ширењето на говорот на омраза дадоа и некои кои се претставуваат како новинари, а не треба да го заборавиме ниту писмото на Премиерот испратено до неговите симпатизери“ заклучи Арсовски.

За уредникот на книгата Роберто Беличанец, невозможно е да се оддели говорот на омраза со реалното физичко насилство, од причина што низ историјата секогаш говорот на омраза преминувал во физичко насилство. И за него, клучна улога за зачестената појава на говорот на омраза лежи во писмото на Премиерот, испратено до симпатизерите во ноември 2009 година. „Писмото на Премиерот покажува однос на една политичка гарнитура кон јавниот дискурс. Писмото дава сигнал дека на јавната сцена се е дозволено, па дури и поттикнување на таквиот говор. Кога имате едно такво писмо од една таква институција, вие не може да очекувате дека кога пораката ќе се спушти во некои помалку влијателни места, истата да не резултира со физичко насилство“ смета Беличанец.

Осврнувајќи се на правните сегменти, Дамјан Здравев од ЦРМ оцени дека кај нас недостасува регулација на говорот на омраза, но и правна заштита за жртвите од говор на омраза, пред се алудирајќи на инцидентот на скопскиот плоштад и судските разврски кои следеа по него. За Здравев, говорот на омраза е само пресликување на секојдневието и истиот е полн со скриени пораки кои се многу опасни.

По промоцијата следуваше дебата на која се разгледуваа политичките, правните но и традиционалните аспекти на постоењето говор на омраза. Заеднички заклучок беше дека иако во Македонија никогаш во целост не се почитувале човековите права, сепак денес говорот на омраза вирее како никогаш досега, а за волја на вистината истиот е подржан и од самата власт.

Книгата главно се состои од цитати и транскрипти од медиуми во кои се забележуваат стереотипи, вербални напади, пропагандна техника и друг вид на насилен говор. Од тој аспект оваа книга предупредува дека нивото на јавна дискусија во Македонија е опасно ниско, ниво под кое останува само голо насилство како единствена комуникациска техника.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Годишен извештај на ТМ: Продолжуваат трендовите од изминатите години



Транспарентност Македонија (ТМ) на 15-ти февруари го претстави својот годишен извештај посветен на случувањата од изминатата година во борбата против корупцијата. Според претседателот Управниот Одбор на ТМ, Сашо Ордановски, во 2010 се јавиле два тренда. Првиот тренд е продолжувањето на инструментализација и селективност во борбата против корупцијата, а вториот е постепеното освестување на јавноста за постоењето на таквата селективност.

Како проблем кој се повторува веќе неколку години наназад за Ордановски е и високата партизизација на администрацијата. „Според некои прогнози, во државната, во јавната администрација се вработени околу 130 до 150 илјади луѓе. Но тешко е да се одреди точната бројка. Дури и оние научни кругови кои се задолжени за таа бројка имаат проблем да ја пресметаат. Особено проблематично е што веќе партиска се бара и семејна лојалност, тоа посебно важи за судството.“ смета Ордановски.

За Ордановски и ТМ, проблем се и јавните набавки, а според проценка на организацијата секоја четврта јавна набавка е проблематична. Според извештајот на ТМ, 2010 помина во продолжување на поделеноста, односно се заостриле конфликтите и се продлабочила поделбата, додека независните регулативни тела биле ослабени.

Во годишниот извештај на ТМ, освен состојбата со корупцијата, споменати се и лустрацијата, случајот МПМ, проектот Скопје 2014, аферата во РЕК Битола и други.

Извештајот е дел од проектот „Месечни извештаи за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството“, поддржан од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија во 2010.

Преземете го Годишниот извештај (.pdf)
ПРАВНА ПРОГРАМА

Прво јавно сослушување за случај на вонправни екстрадиции на ЦИА што ќе се одржи во Македонија



Во петок, на 4 февруари во 9:30 часот, врвен истражувач за човекови права, Клара Гутериџ, ќе сведочи на суд во корист на тужбата поднесена против Владата на Македонија од страна на Калед ел Масри, жртва на програмата за вонправни екстрадиции на ЦИА. Ова ќе биде едно од првите отворени сведочења на суд за случај на вонправни екстрадиции.

Клара Гутериџ, соработник на Иницијативата за правда при Институтот отворено општество и реномиран експерт за вонправни екстрадиции, ќе ги опише наодите од нејзината истрага во „рутата на вонправната екстрадиција“ на ЦИА која беше користена за трансфер на Калед ел Масри и граѓанинот на Обединетото Кралство, Бинјам Мохамед, во таен притвор. Во соработка со групата за човекови права Reprieve со седиште во Лондон, Гутериџ објави детали за рутата на летање и за престојот на тимот на ЦИА во Палма де Мајорка, Шпанија – пауза за одмор и рекреација во рутата.

Бидејќи судовите во САД одбија да го разгледаат случајот на Ел Масри и другите, користејќи ја доктрината за државна тајна, судските постапки во Скопје ќе понудат редок јавен увид во тајната програма на ЦИА.

На крајот на 2003 година, македонските агенти го киднапирале Ел Масри, германски граѓанин од автобус и 23 дена го држеле во заложништво без судски налог, обвинувајќи го дека е член на Ал Каеда. Тие потоа го предале Ел Масри на тимот за вонправни екстрадиции на ЦИА, кој пак го одвел во Авганистан, каде бил притворен и измачуван четири месеци. И покрај обемните докази за нивната соработка, владите на САД и на Македонија јавно негираат каква било вклученост во неговото киднапирање.

Иницијативата за правда при Институтот отворено општество исто така поднесе тужба во име на Ел Масри пред Европскиот суд за човекови права. За основни информации, погледнете ја веб-страницата со резимето на случајот, Ел Масри против Македонија.
Покана за промоција


ПРАВНА ПРОГРАМА

„СОНУВАМЕ ДА ПАТУВАМЕ“ - Анализа на студентската и академската мобилност преку алатката: слободен пристап до информации



Младински образовен форум (МОФ), со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, на 27.01.2011 година, во ЕУ Инфоцентар,  одржа јавна трибина на која ги презентираше резултатите од истражувањето на тема “Мобилност на студенти и академски кадар”. Овие резултати се публикувани во брошурата “Сонуваме да патуваме”.

Истражувањето беше спроведено преку 420 испратени барања за слободен пристап до информации до институции кои се иматели на информации од областа на високото oбразование. Мобилност на студенти и на академскиот кадар е една од најзначајните постулати на Болонската декларација и како таква МОФ смета дека е многу битна за унапредување на квалитетот на високото образование.

Заклучок кој произлезе од спроведеното истражување е дека мобилноста на студентите и на акдемскиот кадар во Р. Македонија е на многу ниско ниво. Исто така, резултатите од истражувањето укажуваат дека: сеуште има факултети на кои ниту еден студент не искористил некоја од програмите на Европска Унија за мобилност, факултетите немаат унифицирани критериуми со кои би се врашела селекцијата за студенска и академска мобилност, отсуствуваат промотивни активности од кои студентите би можеле да се информираат за мобилноста.

На темата свое видување даде проф. Д-р Зоран Поповски кој изјави “МОФ уште еднаш докажува дека е совеста во високото образование. Ова истражување потсетува дека Болоња не е фикција, туку реалност која треба да се креира и преку мобилноста на студентите и академскиот кадар како услов за унапредување на квалитетот во високото образование. Во брошурата се поместени бројни согледувања и препораки, како мобилноста да се претвори во алатка за интернационализација на високото образование и науката.”

Повеќе информации можете да прочитате на http://mof.org.mk/index.php?id=170&sodr=vest
ПРАВНА ПРОГРАМА

Коментари на предлог законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија смета дека Предлог законот за измена и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција е исклучително штетен и опасен со оглед на тоа дека се коси со Препораките на Советот на Европа и Одлуката на Уставниот суд со која се забранува спроведување на процесот на лустрација по независноста на РМ и утврдувањето на демократското уредување на државата. ФИООМ смета дека постои ретроактивното дејство на Предлог законот и негирање на постоењето на демократските институции на државата по донесувањето на Уставот на РМ на 17 ноември 1991 година. За нас, лустрацијата треба да значи процес на справување со минатото, со цел да се одбележат и отстранат можностите за натамошно кршење на човековите права во актуелниот општествено политички систем, а не справување со актуелните политички опоненти.

Како најпроблематични измени од Предлог законот ги издвојуваме:

- Вклучувањето на лицата кои биле носители на јавна функција, а не се починати е неоправдано и го ограничува уставното право на граѓанинот да учествува во вршење јавни функции ;

- Решението со кое повторно се враќа на сила неуставна одредба 5 лустрацијата да важи и по независноста на РМ и конституирањето на РМ како демократска држава;

- Член 6 со кој се предвидува за лица кои ќе бидат опфатени со Законот да се сметаат и вршителите на функции и овластувања во други организации и дејности и служби од јавен карактер регистрирани согласно закон, бидејќи е недоречен и прешироко го регулира и така широкиот опфат на Законот;

- Измените кои се прават во членовите 31, 32 и 33 со кои се задолжуваат Македонската академија на науките и уметностите, Високообразовните установи, радиодифузните друштва и друштвата од областа на печатените медиуми, адвокатскта комора и комората на медијатори да предвидат дополнителни услови преку подзаконски акт, со што овие субјекти се ставаат во понеповолна и дискриминаторска положба во однос на сите други органи при кои вршат јавна функција лицата опфатени со членот 5 од Законот.

- Недостатоците во постапката – Комисијата треба да ги предупреди кандидатите и носителите на јавни функции во случај на пропуштање на рокот за поднесување изјава и да ги информира дека во спротвно ќе донесе решение за неиполнување на условите, а по службена должност ќе ги проверува фактите заради утврдување несоработка со органите на државната безбедност.

Коментарите на Предлог законот можете да ги преземете тука. (.pdf, 0.97 MB)
 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions