Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

Архива 2010

Архива на настани и новости 2010


Акција за Европа



Архива


Граѓани за европска Македонија



Архива
Седми квартален извештај од мониторингот на јавните набавки во РМ


Скопје, 21 декември 2010

Центарот за граѓански комуникации и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија денес го објавија седмиот квартален извештај со резултатите од мониторинг на јавните набавки на централно и на локално ниво во периодот од јули до септември 2010 година каде се констатираат следниве клучни наоди:

• Економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале. Оваа погрешна примена на Законот за јавни набавки го зголемува сомнежот на компаниите за нерегуларности.
• Трендот на намалувања на конкуренцијата во постапките за јавни набавки продолжува. Во дури 47,5% од мониторираните тендери во овој квартал, понуди доставиле само една или две компании.
• Поништени се 22,5% од мониторираните постапки. Од 2008 до 2010 година за 2 ипол пати е зголемен уделот на поништени тендери во вкупно спроведените.
• Дел од договорните органи не го почитуваат новововедениот законски рок за
донесување одлука за избор на најповолна понуда.
• Договорните органи нема да успеат да го исполнат законски предвидениот минимум за годинава – за 30% од набавките да спроведат електронска аукција, како ефикасен механизам за заштеда на јавните пари. Заклучно со септември, со електронска аукција завршиле само 11,6 % од објавените огласи за јавни набавки.
• Трендот на пораст на договорите склучени без објавување оглас продолжува. Во овој квартал, преку непосредни договори се потрошија 574 милиони денари (9,3 милиони евра), што е за 14% повеќе од истиот период минатата година.
• Продолжува зачестеното користење на елементот ,рок на плаќање‘, што ги принудува фирмите да нудат рокови на наплата на фактурите од договорите за јавни набавки и до 300 дена.

Врз основа на овие наоди се изработени и препораки за преземање мерки за надминување на детектираните слабости, како и споредбени прикази за начинот на којшто две важни прашања од јавните набавки се регулирани во земјите од регионот – правото на увид во документите од јавните набавки и паричните санкции за прекршоците поврзани со јавните набавки.

Седмиот квартален извештај од мониторингот на јавните набавки може да се преземе овде, а истиот е достапен и на интернет страницата на Центарот за граѓански комуникации www.ccc.org.mk.

За повеќе информации може да се обратите во Центарот за граѓански комуникации на center@ccc.org.mk или на (02) 3213-513.
Претставена дигитализираната колекција на списанието „Фокус“

Списание избришано од колективната свест



e-fokus-1На промоцијата одржана на 24-ти декември, беше претставена дигитализираната колекција на младинското списание „Фокус“ издавано во периодот од 1969 го 1972 година.

Во воведниот дел од промоцијата, предлагачот и истражувач во проектот, Мила Шопова, ги објасни мотивите и целите за дигитализацијата на „Фокус“. „Фокус не треба да се толкува само од аспект на отпорот кој го предизвикува. Важноста на Фокус не е во неговата инструменталност, туку во неговата перфомативна димензија, во неговата севкупност и поврзаност со други настани и појави. Читањето само на отпорот, или она што од денешен аспект наликува на отпор само ќе го продолжи униформното и есенцијализирано толкување кое се појавило на почетокот.“ - оцени Шопова. Според интервјуата во нејзиното истражување, младинското списание „Фокус“ се доживува како една од првите авангардни појави во бурната деценија на 60-тите години од минатиот век. Осврнувајќи се на мотивите, Шопова истакна дека „Фокус“ е избришан од колективното сеќавање, но и од сеќавањето на самите автори, па оттука и предизвикот да се дигитализираат и споделат 48-те броеви на „Фокус“.

e-fokus-2Во вториот дел од промоцијата, свои излагања имаа и тогашните автори во „Фокус“. Особено внимание се посвети на броевите 8, 43 и 47 за кои поради критките настроени кон тогашниот естаблишмент, списанието било повлекувано и препечатувано за на крај да биде целосно укинато. Беше раскажан процесот на затворање на списанието како и за судбината на бројните членови на „Фокус“ кои во тоа време на возраст од околу 20-тина години се обиделе да му пркосат на културниот и политичкиот естаблишмент. За Александар Чомовски, „Фокус“ треба да се гледа како дел од тогашниот студентски бунт, и дека тогашниот тим направил успешна компилација на креативност во полето на културата, истакнувајќи ги бројните преводи на тогаш актуелни европски писатели. Сите присутни се согласија дека текстовите, но и графичките решенија во „Фокус“ се дел од младешкиот слободарски дух, кој во „бурните 60-ти“ се јавува на тлото на Македонија.

Две години од почетокот на проектот, денес успешно се дигитализирани сите 48 броја на списанието и можат да се читаат преку веб страната на ФИООМ. Освен дигитализација, направено е и оптичко препознавање на карактерите кое овозможува пребaрување на целокупната содржина на „Фокус“.
ТРАНСПАРЕНТНА И ЕФИКАСНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

Презентирана „Компаративна анализа за спроведувањето на децентрализацијата“



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) на 17 декември 2010 година ја презентираа „Компаративната анализа за спроведувањето на процесот на децентрализацијата во областите финансии, урбанизам и образование (2008-2009)“. Анализата е дел од активностите на проектот „Набљудување на спроведувањето на процесот на децентрализацијата“, кој ФИООМ и ЦРЛД го спроведуваат во соработка со 12 партнер – општини.

Присутните претставници на општините имаа можност да ги слушнат и продискутираат наодите од спроведената анализа, која преку специфична методологија овозможува мерење на т.н. Индекс на децентрализацијата, добиен преку анализа на податоците собрани од 12 партнер - општини. Клучните наоди од анализата се следниве:

- Општото ниво на спроведувањето на децентрализацијата во 2009 година е послабо во однос на 2008 година,
- Од финансиски аспект, 2009 година била понеповолна за општините од 2008 година,
- Од трите анализирани области, само во областа образование има напредок во спроведувањето на децентрализацијата во 2009 година во споредба со 2008 година, додека во областите финансии и урбанизам, резултатите во 2009 година се послаби во споредба со 2008 година.

Генерален заклучок кој произлегува од анализата е дека најзначајниот фактор за успешна децентрализација е обезбедувањето поголеми финансиски средства и механизми на општините и дека за поуспешно спроведување на надлежностите пренесени на локално ниво потребна е поголема слобода во однос на централната власт.
15.000 денари потрошени за пристап до информација – услуга која треба да е бесплатна


Игнорантскиот однос на имателите кон правото за слободен пристап и понатаму продолжува без при тоа да обрнат внимание на тоа дека пристапот до информацијата на барателите често пати претставува предуслов истите да остварат некое друго право или да извршат некоја своја активност.

Дополнително, имателите на информации не ја почитуваат својата обврска „проактивно“ да ги сторат достапни информациите до јавноста, на кој начин би се овозможила транспарентност во нивната работа од една страна и информираност и бесплатен пристап на граѓаните до информациите од друга страна. Согласно член 10, став 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, имателите се должни на својата веб страна да објавуваат законски и подзаконски акти, соопштенија, извештаи и статистички податоци поврзани со работите од своја надлежност.

Пример за ваквата ситуација е барањето за слободен пристап до информации на Македонското здружение на млади правници до имател на информација од кого бара број на издадени решенија за одобрување на бесплатна правна помош, за каква помош истите се издадени и нивна копија. Бараната информација му е потребна на здружението за изготвување на Извештај за примена на Законот за бесплатна правна помош како една од проектните активности на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“.

Барањето е поднесено на почетокот на месец октомври, па со оглед на тоа да имателот не постапи по истото, односно ниту го одби пристапот ниту ја достави информацијата, во средината на месец ноември беше поднесена жалба до Комсијата за заштита на правото за слободен пристап на која исто така немаме одговор и покрај истекот на законскиот рок од 15 дена за постапување по жалба.

Со оглед дека бараната информација е од особено значење за остварување на проектните активности, здружението дополнително писмено се обрати поединечно до 180 адвокати заведени во Регистарот на адвокати за давање на бесплатна правна помош од кои бараше информација дали согласно Законот за бесплатна правна помош им е доделен предмет за застапување и за каков предмет станува збор. Благодарение на ажурноста на адвокатите за само 5 дена ги добивме бараните информации. За ваквата активност, и покрај правата кои ни следат согласно Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, потрошени се 15.000,00 денари, трошоци на кои здружението немаше да биде изложено доколку имателот ја почитуваше својата обврска и ги доставеше бараните информации.

Се поставува прашањето што се случува во идентични вакви ситуации кога барателите немаат финансиска можност да изнајдат алтернативен начин за да дојдат до информација која им е потребна за остварување на своите активности, дали пристапот до информациите од јавен карактер е навистина бесплатен и дали ваквиот начин на пристап до информациите е во насока на целтта заради кој е донесен Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер???

Извештајот за месец ноември 2010, е еден од месечните извештаи за состојбата на остварувањето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија, преку кои Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во рамките на проектот „Право да знам, право да учествувам “, Ве информираат за состојбата во остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Програма за образование на Роми

Социо-економскиот статус – главен виновник за иклученоста на Ромите од образовниот процес



obrazovanie-na-romiФондацијата Институт отворено општество Македонија во рамки на проектот „Програма за образование на Роми“, ко-финансиран од Детската фондација Песталоци, на 17-ти декември ги претстави резултатите од „Истражувањето за утврдување на причините за нередовно посетување на основното образование кај децата Роми“.

Според добиените резултатиедна од причините за прекинување на образовнието на Ромите се посочува загрозената егзистенција, односно социоекономскиот статус на ромските семејства како и активното работно искуство на децата Роми, преку сезонски работи и слично, но не помала причина е и дискриминацијата и гетоизацијата на децата.

Презентирајќи ги препораките од истражувањето, професорките од Филозофскиот факултет, Мариа Доневска, Наташа Богоевска и Светлана Трбојевиќ, воедно и учеснички во самото истражување, констатираа дека проблем се јавува и во високиот степен на проодност во првите пет години од образованието што доведува до опаѓање во редовното образование во повисоките нивоа на обраование. Понатаму, поради отсуство во текот на училишната година се предлага воведување на пофлексибилна училишна година за децата Роми, како и воведување на концепт на мешовити паралелки кои би го зголемиле степенот на интеграција на децата Роми.

obrazovanie-na-romiНаташа Анѓелеска, програмски директор во ФИООМ, потсети дека проектот е само дел од десетгодишната работа на Фондацијата посветена на образованието на Ромите, и дека ваквиот и сличните проекти и натаму ќе продолжат.

Истражувањето било спроведено во четири општини (Куманово, Припел, Шуто Оризари и Ѓорче Петров), врз 240 истражувачки единици во периодот од 15-ти април до 15-јули годинава, при што биле интервјуирани претставници од локалната самоуправа, наставниците и стручните служби во училиштата, професионалци од Ромските образовни центри, како и ученици и нивни родители.

Извештај од истражувањето за утврдување на причините за нередовно посетување на основното образование кај децата - роми (.pdf)
Промоција на книгата „Минатото под прашање – модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“


kit-braun-1Книгата „Минатото под прашање – модерна Македонија и неизвесностите на нацијата“ од авторот Кит Браун беше промовирано на 9-ти декември во ГЕМ клубот. Книгата издадена од „Евро-Балкан пресс“, Институтот за етнологија (ко-издавач), а финансиски подржана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија, го третира македонското прашање видено преку состојбата во Крушево и неговата локална историја особено, во периодот на дваесеттиот век.

Според промоторот Владимир Милчин, ова дело е едно од малубројните антрополшки студии кое е посветено на Македонија. Делото, објавено во 2004 година на англиски јазик, со заложбите од Иститутот за етнологија, „Евро-Балкан пресс“ и ФИООМ, после неколку години станува достапно и на македонски јазик.

За Ирена Стефоска од Институтот за национална историја (ИНИ) студијата е заснована на богато архивско и етнографско истражувањe. “Низ осум поглавја, авторот ја истражува релацијата на идентитетот, националната историја и политиката на територијата на Македонија. Неговото внимание е насочено на интеракцијата помеѓу националната официјална историја и онаа локалната, на жителите на Крушево. Со тоа се добива спој на две различни видувања за одредени настани, кои некогаш меѓусебно се исклучуваат, а некогаш се надополнуваат.“ истакна Стефоска

kit-braun-2Вториот воведничар, Жарко Трајаноски, смета дека книгата претставува обид за рушење на историскиот тоталитаризам, односно спорот помеѓу официјалната и локалната историја. Според него, токму градот Крушево е перцепиран како симболички епицентар и претставува симбол на градењето македонски идентитет во дваесеттиот век.

Авторот на делото, Кит Браун, истакна дека со своето дело сакал да создаде книга која ќе биде отворена за дебата, а не да направи затворен финален документ за кој нема да се дебатира. Браун истакна дека главни предуслови за создавање на делото биле соработката со жителите на Крушево, заемната доверба и неговата упорност сите информации да ги склопи во едно наративно антрополошко-историско дело.

На промоцијата пристуваа истакнати гости од ИНИ, Институтот за историја на Филозофскиот факултет, Државниот архив, но и гости од граѓански здруженија и граѓани кои активно зедоа учество на дебатата.
Реакција на ФИООМ

Новите предлог закони ќе ја партизираат администрацијата



press-fioom-zzds-1Најавените измени во Законот за државни службеници и Законот за организација и работа на органите на државната управа ќе придонесат за уште поголема партизација, а никако за професионализација на јавната администрација, е оценката на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, која реагира по повод новите измени на Законот за државни службеници (ЗДС). ФИООМ, на трети декември, испрати писмо до пратениците во Собранието на Република Македонија во кое се изразува загриженост во врска со најавените измени во ЗДС.

Фани Каранфилова Пановска смета дека е симптоматична брзата процедура со која Владата сака да направи измени во ЗДС, бидејќи таа претставува груба злупотреба на одредбите од Деловникот на Собранието. Со новите измени во Законот му се дава дискреционо право на секој министер доколу не е задоволен од некој вработен истиот и да го отпушти. Во тој случај владиниот систем на вработување ќе биде ист како и оној во приватниот сектор, што пак од друга страна уште повеќе ќе ја засили партизацијата на јавната администрација, проблем кој во извештаите на Европската Комисија години наназад се посочува како главен недостаток во реформата на јавната администрација.

press-fioom-zzds-2ФИООМ забележува и на загрозувањето на позицијата и статусот на Агенцијата за државни службеници и спорното решението за пренесување на надлежностите од областа на јавната администрација на Министерството за информатичко општество, како и на несуогласеноста на предложеното решение со предлог-стратегијата за реформа на јавната администрација.

ФИООМ предлага да се повлечат и двата Предлог-закони и истите да се вратат на доработка, а доработените текстови да бидат предмет на јавна и стручна расправа, како и да не се дозволат законски измени со кои се обезбедува правен механизам за понатамошна партизација на државната и јавната администрација.


Коментар на предлог-измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУП) од 11.11.2010 година
(коментарите се веќе претходно поставени на страната на ФИООМ)

Реакција на предлог-измените на ЗОРОДУП и ЗДС, по скратена постапка, од 03.12.2010 година
Информативна средба за граѓаните


Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на ден 1 Декември 2010  (среда) во 10 часот, организираа информативна средба за граѓаните заради запознавање со правото на пристап до информации од јавен карактер.  

За таа цел, од 10 до 13 часот, пред Агенцијата за вработување во Скопје беше поставен штанд на кој беа делени едукативни брошури за слободен пристап до информации од јавен карактер. Истовремено заинтересираните граѓани поставуваа прашања на кои добија правна помош во врска со слободниот пристап.

Беа поделени 150 брошури на македонски и албански јазик на граѓаните кои се интересираа за правото на слободен пристап до информациите.

Оваа средба со граѓаните е последната од четирите во 2010 година во рамки на проектот „Право да знам, право да учествувам!“ имплементиран од Македонското здружение на млади правници, а поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
Промоција на „Македонија и Македонците историја“ од Ендрју Росос


gem-zborno-mesto-10-1Фондацијата Институт отворено општество Македонија на 2-ри декември одржа промоција на делото „Македонија и Македонците историја“ од авторот Ендрју Росос, професор по историја на Универзитетот во Торонто.

Во воведот домаќинот на промоцијата Владимир Милчин, истакна дека делото е едно од ретките дела објавени на англиски јазик кое ја обработува темата на македонското прашање. „Исклучително битно е тоа што првиот комплетен историски наратив за Македонија и Македонците во западната хемисфера е издаден на англиски јазик, и тоа од угледен професор кој по потекло е Македонец. Да не заборавиме дека професорот Росос по потекло е од Егејска Македонија, што ниту му додава ниту му одзема од тежината на делото“ истакна Милчин.

Промоторот на книгата, Академикот Иван Катарџиев во своето излагање ги запозна гостите со ликот и делото на Росос, но и со положбата на македонскиот народ низ историјата, од антиката преку периодот на Османлиската империја, двете светки војни, па се до денес, а видени низ призмата на Ендрју Росос. Катарџиев истакна дека низ светот се’ почесто се појавуваат дела што ја обработуваат темата поврзана со Македонија и Македонците, а едно од нив е и делото на Росос поделено во четири поглавја кои опфаќаат различни временски периоди. „Книгата е поделена во четири дела и секој од нив одговара на прашања поврзани со териоторијата наречена Македонија, со Македонците како етнкиум но и со современата македонска држава која е опфатена во четвртиот дел. Сите овие делови наметнуваат прашања за кои се дебатира и за кои треба се дебатира. Некои од нив се: дали постои континуитет од античка Македонија до денес, улогата на Византија во процесот на словенизација на Балканот, дали навистина може да стане збор за национално будење за време на Османлиската империја, и каква е улогата на странските пропаганди; колку македонизмот е создаден од комунизмот, и зошто Македонија беше второстепен партнер во СФРЈ?“ оцени промоторот Катарџиев додвајќи дека делото на Росос може да поттикне на широка дебата во стручните кругови.

gem-zborno-mesto-10-2На промоцијата се разви плодна дебата во присуство на бројни гости од стручната јавност. Меѓу пристутните беа претставници на Институтот за национална историја (ИНИ), Државниот архив, Институтот за историја при Филозофскиот факултет, како и претставници на невладниот сектор. Со свои забелешки и прашања, дебата ја збогатија Ирена Стефоска и Тодор Чепреганов од ИНИ, и Зоран Тодоровски од Државниот Архив.

Ендрју Росос е роден 1941 година во егејска Македонија. По граѓанската војна во Грција заминува за Чехословачка а понатаму за Канада и САД, каде што докторирал на универзитетот Стeнфорд. Неговото последно дело „Македонија и Македонците“ е објавено во 2008 година, две години пред да биде издадено и во Македонија од страна на ФИООМ.

Извршниот директор на ФИООМ Владмир Милчин најави дека во иднина ФИООМ ќе издаде уште неколку дела од реномирани професори од странство, а кои се однесуваат на слична тематика.

Воведна реч на промоторот Академик Иван Катарџиев (.pdf)
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА


Kоментари  на ФИООМ на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа


Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, на 23 ноември 2010 година, учествуваше на јавната расправа организирана од страна на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на која се дискутираше за текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, доставен до Собранието, од Владата на Република Македонија.

На јавната расправа беа презентирани клучните коментари и забелешки на дел од стручната и општата јавност во однос на предложениот законски текст. Главните забелешки на ФИООМ, на текстот на Предлог-законот, истакнати на јавната расправа, а претходно (на 11 ноември 2010 година) писмено доставени до сите пратеници во Собранието, се следниве: неизвесност во поглед на идната позиција, статус и надлежности на Агенцијата за државните службеници, која  во моментов е независно тело со надлежности од областа на државната и јавната управа;  пренесување на надлежноста на реформа на јавната администрација на Министерството за информатичко општество и некоординираност на предложеното решение со измени на останатите закони (на пример, Законот за државни службеници, Законот за јавни службеници) кои неопходно произлегуваат од него, како и со Предлог-стратегијата за реформа на јавната администрација, презентирана од страна на Владата, во октомври годинава.

Со оглед на бројните слабости на Предлог-законот и недостигот од сериозна анализа за потребата и очекуваните ефекти од предложените измени, речиси сите учесници на јавната расправа побараа повлекување на Предлог-законот од собраниска постапка.


За подетални информации преземете ги коментарите на Предлог-законот доставени до Собранието.

Текст на Предлог-законот и останати информации

ДОПОЛНУВАЊЕ
По одржаната јавна расправа по текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, текстот е повлечен од дневниот ред на пленарната седница на Собранието на Република Македонија.
„Шутка моето родно место“ на 15-то место на Ворлд Мјузик топ листата


Компилацијата I Šutka tani mo than („Шутка моето родно место“) на која се наоѓаат 14 рап композиции потпишани и изведени од страна на млади и талентирани Роми во Македонија месецов се најде на 15-тото место на World Music Charts Europe. Оваа листа се формира според гласови на радио ДЏ-еи од Европа кои прават селекција од актуелните изданија на етно музика. Петнаесеттото место е досега најголемо достигнување на македонско издание на оваа престижна листа. На истото место пред само два месеци се најде Херби Хенкок со својот The Imagine Project.

ЦД-компилацијата I Šutka tani mo than беше промовирана на 28 мај, 2010 година во рамки на отворањето на ГЕМ Клубот, а како издавач се јавува Фондацијата Институт oтворено општество - Македонија.
Изложба „Скопје радос ти ќе бидеш“


izlozba-matej-bogdanovski-1Видео изложбата „Скопје радос ти ќе бидеш“ на Матеј Богдановски, надополнета со перформансот на „Распеани Скопјани“ и диџеј сетот на Соња Исмаил го наполнија ГЕМ клубот вечерта на 13-ти ноември 2010 година, Денот на ослободувањето на градот.

Апстракциите на Богдановски ги коментираат интензивните урбанистички промени кои му се случуваат на Скопје со објектите од проектот „Скопје 2014“ и му задаваат критички и подбивачки поглед на моменталниот општествен контекст.

Изложбата беше збогатена и со промоција на стрипот „КШШЦ“ од Матеј Богдановски, кој ја истакнува желбата за едно поинакво Скопје преку урбана приказна, инсистирајќи на создавањето на една друга слика, различна од досегашната.

Издавањето на стрипот и изложбата се поддржани од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
Децентрализацијата во Македонија: забавена или заборавена?


Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Центарот за развој на локалната демократија (ЦРЛД) ги претставија двата документи за јавна политика од областа на децентрализацијата насловени како  „Децентрализацијата во РМ: Забавена или заборавена“ и „Централизирана (фискална) децентрализација“.

Според наодите во документот „Децентрализацијата во РМ: Забавена или заборавена“ особено е забележлива огромната разлика во степенот на развиеност на општините, но и разликата помеѓу урбаниот и руралниот дел од една општина. Како еден од недостатоците се јавува и нерамномерниот регионален развој, како и неможноста на некои општини да ги извршат своите надлежности. Препораките содржани во документот укажуваат дека е битно да се отвори јавна дебата за промена на организациската поставеност на општините, да се разгледа можноста за воведување двостепена локална самоуправа и да се зголемат надлежностите на општините.

Документот „Централизирана (фискална) децентрализација“, кој ги опфаќа финансиските аспекти на процесот на децентрализација, констатира дека во последно време локалната самоуправа ги губи белезите на финаниска независност, а самата фискална децентрализација во најмала рака е забавена и е со статус како од пред четири години. Оттаму, во препораките содржани во документот меѓу другото е наведена и потребата за ревидирање на системот за финансирање на општините, како и за разгледување на можноста за зголемување на блок-дотациите за образование за најмалку 15-20 отсто и на процентот од ДДВ и персонален данок кој се префрла на општините.

Со цел адресирање на констатираните слабости во процесот на спроведување на децентрализацијата, ФИООМ и ЦРЛД од септември 2010 година го спроведуваат проектот „Набљудување на спроведувањето на процесот на децентрализација 2010-2012“. Проектот се спроведува со 12 партнер-општини: Боговиње, Велес, Гостивар, Дебар, Илинден, Карпош, Куманово, Неготино, Охрид, Старо Нагоричане, Струмица и Тетово.

Целта на овој проект е да придонесе кон ефикасно и транспарентно спроведување на процесот на децентрализација преку следење, анализирање и јавно информирање за процесот на пренос на надложностите од централно на локално ниво, како и за можностите за нивно соодветно извршување од страна на општините.

Клучните наоди и препораки може да ги симнете од овој линк.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Министерството за правда глуво на барањата за пристап до информации од јавен карактер



Изминати се шест месеци од датумот кога Министерството за правда ги прими барањата за пристап до информации од јавен карактер, поднесени од страна на Македонското здружение на млади правници, но Министерството за правда се уште не ги достави бараните информации.

Министерството за правда, исто така, е задолжено со решение на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер бараните информации да ги достави најдоцна до 18.10.2010 година, но и покрај тоа Министерството не постапи по задолжението и не ги достави информациите.

Министерството за правда остана глуво и на нашите дописи со кои го повикуваме да постапи по задолженијата на Комисијата.

Ваквото однесување на Министерството за правда е крајно несериозно и спротивно на целта на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер - остварување на јавност и отчетност во работењето на имателите на информации.

Како резултат на ваквиот однос на Министерството се поставува прашањето, како граѓаните и ние како невладин сектор да изградиме доверба во овој Закон кога самиот предлагач на истиот не го почитува.

Извештајот за месец октомври 2010, е еден од месечните извештаи за состојбата на остварувањето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија, преку кои Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во рамките на проектот „Право да знам, право да учествувам“, информираат за состојбата во остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Реакција на извршниот директор на ФИООМ

Хајка против непартиската критичка мисла



press-milcin-1По повод нападите искажани од страна на министерот за финансии Зоран Ставрески, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичилиски и написите во весникот „Бизнис“, извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, Владимир Милчин на 7 ноември излезе со своја реакција.

Според Милчин, нападите се дел од организирана хајка која има за цел да ја дискредитира непартиската критичка мисла. Обраќајќи се до Ставрески, Милчин истакна дека ГЕМ е основана многу порано од периодот кој се споменува во контроверзната стратегија „Надеж“. „Темелите на ГЕМ се поставени по дебаклот во Букурешт, кога шестемина иницијатори ја споделија јавно изразената загриженост поради блокадата на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ. За тоа не ни беше потребна ни стратегијата „Надеж“ ни словенечките експерти. Во јуни 2008 година, ГЕМ стана дел од предлог-стратегијата и буџетот на ФИООМ за 2009 и 2010 година, значи неколку месеци пред фамозната стратегија „Надеж“. ФИООМ не ги формирал ниту „Архибригада“ ниту „Распеани скопјани“, а најголемиот дел од организациите што фондацијата ги помага финансиски се барем по неколку години постари од стратегијата „Надеж““ - изјави Милчин, кој се осврна и на сумата која се споменуваше како буџет на ГЕМ: “Лага е дека движењето Граѓани за европска Македонија се петмина. ГЕМ има над 3.000 члена. Лага е дека годишниот буџет на ГЕМ во износ од 310.000 евра го делат петмина новинари. Точно е дека ниту еден од шестемина иницијатори не добил ни 60.000, ни 6.000, ни 600, ни 60, ниту, пак, 6 евра за своите настапи на дебатите ширум Македонија. Јас знам, господине Бичиклиски, дека ниту вие, ниту Латас, ниту Ставрески, ниту Колемишевски, не можете да разберете дека сè уште има луѓе кои ги застапуваат своите ставови и без да бидат платени за тоа, но јас тука не можам да ви помогнам.“

press-milcin-2На присутните новинари им се обрати и Жарко Трајаноски од ГЕМ кој најави кривични пријави до сите кои тврдат дека иницијаторите на ГЕМ добивале парични средства од ФИООМ. „Кривични пријави за клевета ќе поднесеме и поради изречената лага дека ГЕМ „јавно се залага за промена на името на државата“. ГЕМ никогаш не се залагал за промена на уставното име „Република Македонија“. Во нашата декларација за Македонија во ЕУ и НАТО, која ја потпишаа голем број здруженија и партии, стои заложбата за решение на спорот со Грција, решение „со кое треба да се замени привремената референца „поранешната југословенска република Македонија“ и со кое нема да се оспорат или загрозат атрибутите на етничкиот идентитет на мнозинското население во нашата земја“. Тоа е она што ГЕМ го подразбира под достоинствен компромис. Секогаш кога настапуваме јавно, го афирмираме името Македонија. Ние сме Граѓани за Европска Македонија, а не граѓани за FYROM. Точно е дека сме ги критикувале груевистите, но поради дволичност и лажен патриотизам. Како е можно некој да се претставува како борец за името Македонија, а да дозволи неговата земја во Европската народна партија да биде заведена како „FYROM“ (http://www.epp.eu/countryPg.asp?cid=31)?“ порача Трајаноски.


Реакција на Владимир Милчин, Извршен директор на ФИООМ (.pdf)

Реакција на „Граѓани за европска Македонија“ (.pdf)
Претставен седмиот извештај на ФИООМ и МЦЕО – „Влада ДООЕЛ“

92,3 отсто потфрлување во реформите



Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 4-ти ноември го претставија седмиот по ред извештај од програмата на следење на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Како најголем недостаток во процесот на европската интеграција, се наведува неисполнувањето на индикаторите од Ревизијата на Пристапното партнерство 2010, но и проблеми кои се влечат веќе години наназад, како нападите врз Уставниот суд и невладиниот сектор, и слабата реформа на јавната администграција.

„Анализата на исполнувањето на индикаторите од Ревизијата на Пристапното партнерство покажува дека реформите во најголем дел, односно 92,3 проценти се делумно или целосно неостварени, додека целосно се остварени само 7,6 проценти од договорените индикатори. Ако на овој статистички пресек додаме и тоа дека голем дел од задачите, Европската Комисија (ЕК) ни ги повторува со години наназад, можеме да заклучиме дека во оваа година Владата воопшто не „остваруваше“ во европската агенда“ - оцени Фани Каранфилова Пановска од ФИООМ, додавајќи дека со случајот на судијата Трендафил Ивановски, се случила кулминација на нападите врз Уставниот Суд.

За Лидија Димова од МЦЕО, спорни се неколку нови закони во областа на финансии а кои сигурно ќе се најдат на тапет на ЕК. „Владата прави директен интервенционизам со Законот за јавни набавки со кој се овозможува одложено плаќање на долговите на јавните претпријатија, со што истите ги става во нееднаква позиција со останатите. Верувам дека тоа ќе биде споменато во Извештајот. Слично е со издавачката дејност, која буквално е монополизирана од страна на Владата, преку печатење на енциклопедии, учебници преводи и слично.“ порача Димова.

На крајот од Прес-конференцијата, ФИООМ и МЦЕО  поставија неколку прашања адресирани до Владата на РМ:
1. Зошто Македонија нема да добие ново Пристапно партнерство, што ќе значи забрзување на реформскиот процес?
2. Зошто економските реформи (најсилниот адут на Владата) ќе бидат лошо оценети?
3. Зошто соседството чекори забрзано напред при исти влијанија на економската криза?
4. Која ќе биде стратегијата на Владата по ноември 2010?

Кварталниот Ивештај излегува пет дена пред извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, и има за цел да ја пресретне Владата во своите намери да ги релативизира оценките во Извештајот на ЕК, под изговор дека реформите, помалку или повеќе, се спроведени.

Преземете го Седмиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ (.pdf)
КОНКУРС


Програмата за Ромски иницијативи при ИОО Будимпешта објавува конкурс за 3 (три) работни места.

Детали за критериумите за секое од нив можат да се добијат на следниве линкови:

- RI SENIOR POLICY OFFICER            
- RI PROGRAM COORDINATOR     
- RI PROGRAM MANAGER
ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР


1. Објавa број: FOSIM/EMGF/101227 UP
2. Финансирање: Фондација Институт отворено општество – Македонија од Соросовиот Ургентен фонд за интервенции насочени кон ублажување на последиците од економската криза
3. Нарачател: Фондација Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) за потребите на проектот Помош во образование на сиромашни
4. Корисници на опремата: Ученици од основни училишта

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
5. Опис на набавката:
Предмет на оваа објава е набавка и испорака на Училишен прибор и атласи - дадени во две целини и два одвоени договори.
6. Број и име на целините (комплетната документација се добива согласно Точка 14.)
Целина 1: Училишен прибор
Целина 2: Училишен географски атлас


Преземи:
- Целосната објава за набавката (.pdf)
- Комплетна документација за печатење (.pdf)
- Комплетна документација за пополнување (.doc)
- Дистрибутивна листа (.xls)
ПОВИК

за доставување предлог проекти



Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Иницијативата за достапност на основните лекови/Програма за јавно здравство, Институт отворено општество, Њујорк

Објавува повик за доставување предлог проекти
за:
Зголемување на транспарентноста во областа на достапноста на лековите во Република Македонија

Во 2009 година, ФИООМ во соработка со Иницијативата за достапност на лековите/ Институт отворено општество, Њујорк, поддржа 2 проекти кои се однесуваа на зголемувањето на транспарентноста при донесувањето на одлуките за достапноста на лековите. Врз основа на показатели од овие два проекта и пошироките дискусии со граѓанските организации, беа идентификувани три области од особено значење во управувањето и донесувањето на одлуки поврзани со:
1) Креирање и дополнување на Позитивната листа на лекови
2) Процесот на одлучување во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ)поврзан со начинот на одредување на квотите за лекови и повраток на средства на пациентите
3) Расположливост и достапност на лековите поврзани со процесите на набавка на лекови


Ги покануваме граѓанските организации заинтересирани за работа во областа на транспарентноста поврзана со лековите да достават предлог проекти.

Сите предлог проекти треба да содржат план за застапување.
Предлозите кои имаат компонента истражување, истотака треба да содржат јасна стратегија за застапување.

ФИООМ е особено насочена кон зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации кои се активни во областа на здравството и организациите кои се занимаваат со процесите на транспарентност при донесување на одлуки во владините институции. Особено се охрабрува аплицирање на заеднички проекти на групи и/или коалиции на граѓански организации кои се активни во областа на здравството, асоцијации на пациенти и организации кои ја следат транспарентноста на институциите.

Предлог проектите треба да се однесуваат на:

1. Транспарентноста во врска со политиките за креирање на националната Позитивна листа на лекови, и соодветно застапување за промени
2. Транспарентноста поврзана со процесите на одлучување во рамките на ФЗОМ и другите институции, и соодветно застапување за промени
3. Унапредување на расположливоста и достапноста на лековите преку следење на процесите на набавка на лекови, и соодветно застапување за промени


Предлог проектите треба да бидат планирани за период од една година.

Краен рок за поднесување на предлог проекти е 10 декември, 2010 година, на следната адреса: Фондација Институт отворено општество Македонија, бул. Јане Сандански 111, П.О.Б. 378, 1000 Скопје, со назнака: “За транспарентност во обезбедувањето на достапност до основните лекови”, или на e-mail: suzana.velkovska@soros.org.mk, контакт тел.: 02 24444 88, лок. 129 или 070387581.
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ПРЕД НАДЗОРНА КОМИСИЈА


ФИООМ ги презентираше наодите во Собранието на РМ

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија учествуваше на надзорната расправа на тема „Имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“, организирана од страна на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија.

Надзорната расправа се одржа со цел да се добијат информации и стручни мислења за прашањата од делокруг на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во врска со утврдувањето и спроведувањето на политиката, извршувањето на законите и другите активности на Владата и на органите на државната управа.

Расправата, одржана на 21 октомври, е од особено значење од аспект на резултатите од имплементацијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, за граѓаните и граѓанскиот сектор, за имателите на информации од јавен карактер и за функционирањето на надзорната димензија на законодавната власт во Република Македонија.

Главните наоди, односно проблеми во имплементирањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на кои се задржаа претставниците на ФИООМ во своето излагање, се следните: (1) повеќе од половина од барањата не добиваат никаков одговор (молчење на администрација); (2) спроведувањето на „тестот за штетност“ е од клучно значење за успехот на системот за пристап до информациите; (3) иако во духот на Законот е да се обезбеди и делумен пристап, таму каде поради заштита на легитимни интереси не е можен целосен пристап, оваа одредба воопшто не се применува; (4) роковите кои се дадени во законот, иако се доволни за одговор, во повеќето случаи не се почитуваат, и (5) потребата за промоција на Законот се потврдува со тоа што повеќе од две третини (63%) од граѓаните не знаат дека постои Законот.

За целосен увид во наодите од анализата на ФИООМ преземете го материјалот што беше презентиран на надзорната расправа (.pdf).

Информацијата за надзорната расправа во Собранието на Република Македонија е достапна на: http://sobranie.mk/ext/sessiondetails1.aspx?id=9e43d5e9-d5d8-487e-8d3a-a470a705cca5

Извештај на ФИООМ и ЦГК

Процесот на јавни набавки – полн со недостатоци



Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), на 18 октомври го промовираа Шестиот квартален извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавните набавки во РМ, кој се однесува на периодот април - јуни 2010 година.

Од Извештајот може да се заклучи дека постапките за јавни набавки се соочуваат со сериозни недостатоци, како што се намалување на конкуренцијата, зголемување на процентот на непосредни договори, фаворизирање на одредени понудувачи и слично. Претставувајќи ги заклучоците, Сабина Факиќ од ЦГК напомена дека бројот на непосредни договори се зголемил за 50 отсто во споредба со минатата година и укажа на проблемот со зголемено поништување на постапките. „Понекогаш, бидејќи нарачателот не може да избере понудувач кој му одговара, тој се решава за поништување на постапката без никакво образложение. Исто така забележителен е фактот што оние набавки за кои има само еден понудувач, многу побрзо се завршуваат од оние кај кои постојат два или повеќе понудувачи“ заклучи Факиќ.

Експертот за антикорупција Вања Михајлова ги посочи препораките кои произлегуваат од Извештајот, а со кои се бара зголемување на конкурентноста, но и измени во Законот за јавни набавки. „Договорните органи да почнат доследно да го применуваат членот 168 од Законот за јавни набавки кој пропишува детално образложение на причините за избор на најповолна понуда или отфрлање на одреден понудувач. Бирото за јавни набавки да иницира измени во Законот за јавни набавки во делот на ограничување и строго дефинирање на можностите за поништување на постапките вклучувајќи и санкционирање во случаи на злоупотреба.“ порача Михајлова.

Драго Кос, претседател на ГРЕКО ја презентираше состојбата со јавните набавки во Словенија. Според него, и таму се појавуваат проблеми слични со оние во Македонија. Објаснувајќи ги санкциите за непочитување на законодавството за јавни набавки, Кос појасни дека во Словенија постојат парични казни, како и можност да се изрече мерка забрана за учество во јавни набавки, додавајќи дека постапките мора да бидат ефикасни, а санкциите пропорционални. „Оние што се одговорни треба да знаат дека раководењето со јавните пари е исто како и со сопствените. Па така, јавниот сервис треба да има најдобра услуга за најевтина цена“ порача Кос.

Дебата ја следеа седумдесетина гости, а меѓу присутните имаше претставници на невладиниот и бизнис секторот, како и претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата, Бирото за јавни набавки и Државниот завод за ревизија. Согласно планираното, Герман Филков од ЦГК најави дека до крајот на годинава, Центарот ќе излезе со конкретни препораки за подобрување на правната рамка во однос на јавните набавки.

Преземете го извештајот (.pdf)
ПОКАНА


ПОКАНА


GEM_-_zborno_mesto_11_-_pokana-web
ПРОМОЦИЈА

Квартален извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ



Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ) и Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), на 18 октомври 2010 година со почеток во 11 часот, во хотелот Холидеј Ин (сала  Милениум 2) ќе го промовираат најновиот „Квартален извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“.Свое излагање за искуствата на земјите од регионот и од Европа во борбата против корупцијата во јавните набавки, на конференцијата ќе има и Драго Кос, претседател на ГРЕКО (Групација на земји против корупцијата при Советот на Европа).

На конференцијата ќе присуствуваат претставници на сите институции и организации вклучени во процесот на јавни набавки кои ќе изнесат свои ставови и мислења за наодите од мониторингот на овој многу значаен процес. Целта е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства при јавните набавки.

Преземете ја агендата (.pdf)
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Врвниот Eвропски суд бара одговори за заложништвото од ЦИА



Случајот Ел Масри против Македонија продолжува во Европскиот суд за човекови права

Контакт:
Луис Монтеро, +44 77987 37516, luis.montero@osf-eu.org (Лондон)
Филип Медарски, +389 70 333 552, filipmedarski@yahoo.com (Македонија)             


ЊУЈОРК, 14 октомври 2010 година—Македонската влада стана првата којашто беше повикана да даде отчет за својата соработка во програмата на ЦИА за нелегално апсење и трансфер на осомничени за тероризам пред меѓународниот трибунал. Случајот, донесен од Иницијативата за правда на Отворено општество, од името на германскиот граѓанин Калед ел Масри, беше пренесен до македонската влада од страна на Европскиот суд за човекови права на 8 октомври.

„Со овој случај, Европскиот суд го надмина судството во САД со својата реакција против тортурата и искористувањето поврзано со незаконското заложништво“, рече Џејмс A. Голдстон, извршен директор на Иницијативата за правда на Отворено општество. „Калед ел Масри помина низ ужасно измачување и тој има право на правда и јавно признавање на неговото малтретирање.”

Комуникацијата е голем чекор напред, затоа што само околу десет проценти од сите случаи поведени пред Европскиот суд достигнуваат до оваа фаза. Понатаму, Македонија ќе треба да одговори на конкретни прашања кои ќе ѝ бидат поставени од судот во врска со својата наводна улога во програмата за нелегално апсење и трансфер за осомничени за тероризам. Судот ја покани и Германија да достави свои коментари.

Македонските безбедносни сили го заробија Калед ел Масри на барање на Соединетите Американски Држави во декември 2003 година и го држеа во заложништво 23 дена без пристап до надворешниот свет. Ел Масри потоа беше предаден на ЦИА и пренесен во притворен центар во Кабул, Авганистан, каде што беше затворен во ужасни услови, беше испрашуван и малтретиран. По неколку месеци, Ел Масри конечно беше ослободен и исфрлен покрај пат во Албанија.

И покрај убедливите докази за нејзината соработка, Македонија сè уште негира дека нелегално го држела Ел Масри во заложништво на нејзина територија или дека го предала на ЦИА.

САД никогаш јавно не признаа дека го држеле Ел Масри во заложништво. Во 2007 година, Врховниот суд на САД одби повторно да ја отвори пресудата на апелациониот суд, со која привилегијата на државна тајна бараше затворање на овој случај.

Во Германија и Шпанија во тек се национални истраги поврзани со заложништвото на Ел Масри. Полска, Литванија и Обединетото Кралство се исто така пошироко вклучени во истрагите во врска со необичното заложништво.

---------------------
Иницијативата за правда на Отворено општество го користи правото за да ги заштити луѓето во остварувањето на своите човекови права. Преку застапување, истражување и техничка помош, Иницијативата за правда ги промовира човековите права и ги гради правните капацитети на отворените општества.
Процесот на компјутеризација на образовниот систем – нетранспарентен и со недостатоци


DSC_1372Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Фондацијата за одржливи информатички решенија „Метаморфозис“, на 6 октомври го претставија извештајот од истражувањето „Употребата на компјутери и интернет во образовниот систем на Република Македонија“.

Според ФИООМ и Метаморфозис, потребата од изработка на вакво истражување лежи во непостоење на извештај за компјутеризацијта, подготвување на сеопфатна јавна информација која ќе понуди решавање на актуелните недоследности во процесот на компјутеризација, како и иницијатива за поактивно вклучување на граѓанскиот сектор. Извештајот се темели на податоци добиени од анкетата спроведена на примерок од 2240 испитаници, и од истражувањето на 7 фокус групи, спроведени во мај и јуни годинава.

Според резултатите од анкетата, 64 отсто од испитаниците поседуваат компјутер во нивниот дом, од кои дури 92 отсто се средношколци. 89 отсто од испитаниците поседуваат интернет, но скоро половина, или 41 отсто не се загрижени за безбедноста на личните податоци, а дури 80 отсто не знаат каде би се обратиле доколку нивните лични податоци бидат злоупотребени. Најголем дел од испитаниците интернетот го користат за сурфање и онлјан комуникација. Само 7 отсто се активни во групи, форуми и блогови, места каде што може да се дебатира и и да се споделуваат информации.

DSC_1372Во врска со владиниот проект „Компјутер за секое дете“, 80 отсто од испитаниците слушнале (на некој начин се информирани) за проектот, а од нив, 74 отсто информациите ги добиле од медиумите, што според Радмила Живановиќ, зборува за нетранспарентоноста на институциите одговорни за компјутеризација во училиштата.

Заклучоците од анализата покажуваат слабо инклузивна и нетранспарентна политика во процесот на компјутеризација, како и неподготвеноста за нејзино ефективно искористување во наставата. Оттука, препораките од ФИООМ и Метаморфозис одат во насока на градење на контексно базирана стратегија, утврдување на надлежностите на соодветните институции, како и поголема инклузивност за ефективна интеграција, односно вклучување на граѓанскиот, академскиот и бизнис секторот во процесот на компјутеризација во училиштата.

Преземете го извештајот (.pdf)
ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ!

60 отсто од граѓаните не знаат дека постои Закон за пристап до информации



Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) по повод Меѓународниот ден за слободен пристап до информации - 28 септември, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, организираше јавен настан за промовирање на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Повод за вакво одбележување, според  Данче Даниловска-Бајдевска, е неодамнешното истражување на ФИООМ кое покажало дека повеќе од 60 отсто од граѓаните не се запознаени, односно воопшто и не знаат дека постои Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер.  „Сакаме да ги потестиме властите дека слободниот пристап до информации е принцип според кој имаат обврска да обезбедуваат пристап до информациите кои ги креираат и држат, на сите заинтересирани кои ги бараат. За таа цел овој Меѓународен ден сакаме да го искористиме за да ги потестиме властите дека транспарентност и отчестност не значи рекламирање на телевиските екрани, туку тие треба да ја информираат јавноста за својата работа и за политиките кои ги креираат“ – изјави Даниловска-Бајдевска.

На денешната прес-конференција беше поставена и скулптура, со која треба да се изврши дополнително потсетување. “Ние со скулптурава која ја поставуваме денеска на Плоштадот, сакаме уште еднаш да ги потестиме властите дека потребата од транспарентност се однесува на секоја нивна активност, наспроти селективниот пристап на давање информации со кој секојдневно се соочуваме“ нагласи  Даниловска-Бајдевска.

За време на настанот, граѓаните, преку промотивни материјали на македонски и албански јазик, можеа подобро да се запознаат со Законот запристап до информации од јавен карактер и неговата примена.

Настанот за одбележување на Меѓународниот ден за слободен пристап „Имам право да знам“ е поддржан од партнерите на ФИООМ, Македонското здружение на млади правници и Младинскиот образовен форум.

Соопштението од настанот можете да го преземете во pdf верзија.
ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Граѓаните одлучуваат – последователна форумска сесија во Општина Ново Село



Последната, осма, форумска сесија во Општина Ново Село се одржа на 27.09.2010. На сесијата присуствуваа повеќе од 30 граѓани на општината и беа претставени проектите кои беа успешно реализирани во изминатите дванаесет месеци: „Обезбедување чиста вода за пиење во Ново Село“ со вкупен буџет од 5.434.424 денари и „Изградба на отворена каналска мрежа во селата Смолари, Дражево и Старо Коњарево“ со вкупен буџет од 3.536.336 денари - носител на двата проекти е Општина Ново Село. Фондот за финансирање на проектите (8.000.000 денари) го обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (6.000.000 денари) и Општина Ново Село (2.000.000 денари).
ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Граѓаните одлучуваат – последователна форумска сесија во Општина Кочани



Последната, осма, форумска сесија во Општина Кочани се одржа на 28.09.2010. На сесијата присуствуваа повеќе од 40 граѓани на општината и беа претставени проектите кои беа успешно реализирани во изминатите дванаесет месеци: „Ограден училишен двор - поголема безбедност“, со вкупен буџет од 2.638.006 денари - носител на проектот е ЦОУ „Кирил и Методиј“; „Санација на спортската сала“, со вкупен буџет од 4.994.876 денари - носител Организација на потрошувачи од Кочани; и „Парк во населбата Калиманова глава“, со вкупен буџет од 1.286.170 денари - носител на проектот е ЗГ „Еднакви за сите“ од Кочани. Фондот за финансирање на проектите (8.000.000 денари) го обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (6.000.000 денари) и Општина Кочани (2.000.000 денари).
ИЗВЕСТУВАЊЕ


Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонското здружение на млади правници на ден 22 септември 2010  (среда) во 10 часот, организираа информативна средба за граѓаните заради запознавање со правото на пристап до информации од јавен карактер.  

За таа цел, од 10 до 13 часот, пред Управата за јавни приходи во Скопје беше поставен штанд на кој беа делени едукативни брошури за слободен пристап до информации од јавен карактер. Истовремено заинтересираните граѓани поставуваа прашања на кои добија правна помош во врска со слободниот пристап.

Беа поделени 200 брошури на македонски и албански јазик на граѓаните кои се интересираа за правото на слободен пристап до информациите. Дополнително, беа поделени 150 Коментари на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Оваа средба со граѓаните е трета од планираните четири во 2010 година во рамки на проектот „Право да знам, право да учествувам!“ имплементиран од Македонското здружение на млади правници, а поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Слободен пристап до информации



Младински образовен форум со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организира трибина за студентите од Градежен и Архитектонски факултет со цел да ги запознае со правото на слободен пристап до информации. Трибината ќе се одржи во четврток на 23 септември 2010 година со почеток во 12.30 часот во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Средбата со студентите ќе биде искористена и за промоција на Правната клиника за слободен пристап до информации која им помага на студентите во постапката од поднесување на Барањето за слободен пристап до застапување пред институциите во случаите кога правото не можат да го остварат. Седиштето на Правната клиника е на Правниот Факултет „Јустинијан I“ во Скопје.
СООПШТЕНИЕ

Комисијата не дозволува жалба против известување



Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), месечно Ве информираат за состојбата со остварувањето на првото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во рамките на проектот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Приближувајќи се до утрешниот ден, 1-ви Септември, кога се означуваат четири години од почетокот на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, период во кој конечно имателите и граѓаните почнаа да стануваат свесни за постоењето и значењето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, со своите решенија успеа имплементацијата на Законот да ја врати чекор наназад.

Преземете го целото соопштение тука (.doc, 97KB)
Анализа на дисперзијата во високото образование


На 23 август во ГЕМ клубот Фондацијата Институт отворено општество-Македонија одржа конференција за печат на која беа презентирани наодите од анализата на ФИООМ за дисперзираните студии.

Вкупниот број на факултети во државава (приватни, државни и дисперзирани) е зголемен безмалку за трипати (од 38 во 2004 г. на 99 во 2009 г.). Ваквата еуфорична дисперзија на високото образование отпочна со декрет на Владата, без анализа за вистинските потреби на пазарот на трудот и расположивите ресури на универзитетите, без соодветна стручна јавна дебата и без обезбедени услови (соодветни простории, соодветен наставен кадар итн.) –рече проф. д-р Зоран Т. Поповски кој ги презентираше клучните наоди од анализата. Процесот на дисперзија се соочува со бројни недостатоци и ќе има далекусежни последици по високото образование во РМ – од руиниран углед на академската професија, до нарушена универзитетска автономија, до многу нови универзитетски „професори“ преку ноќ, нерационално трошење на буџетски пари и што е најважно, лош квалитет на образовните услуги.

Теренското истражување покажа дека студентите на дисперзираните студии без размислување би ги продолжиле студиите на матичните факултети/универзитети во главните универзитетски центри доколку за тоа им биде обезбедена соодветна финанасиска помош во форма на стипендија или поволен кредит.

Анализата насловена како „Квалитетот на високото образование под прашање – дисперзијата како македонски феномен“ е базирана на податоците од расположивите документи, на мислењата на студентите од дисперизраните студии собрани преку теренско истражување, како и на мислењата/ставовите на универзитетскиот кадар и пошироката јавност за дисперзираните студии искажани во медиумите.

Анализата е изготвена во рамки на проектот на ФИООМ Европските политики и македонското образование чија цел е зајакнување на европската перспектива на образованието во Република Македонија.

Преземете ја презентацијата (.ppt)
КОНКУРС

за работна стипендија



КОНКУРС

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Канцеларијата за ромски иницијативи од Будимпешта распишува конкурс за работнa стипендиja за период до една година за работа во доменот на редовните оперативни активности на програмите на ФИООМ и следење на Декадата за вклучување на Ромите.

Стипендијата е наменета за млади Роми и има за цел да овозможи зацрврстување на работни вештини, стекнување нови , како и продлабочување на знаeњата за област/и од интерес. Корисниците на работната стипендија ќе имаат можност да се вклучат во програмите на ФИООМ, специјалните проекти на ФИООМ или проекти на партнерски организации. Од избраните кандидати ќе се очекува и да бидат во можност постојано да ја следат имплементацијата на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 како и имплементацијата на други политики релевантни за Ромите.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ

Мои пари - прирачник за управување со личните финансии



Мои пари - прирачник за управување со личните финансииВо рамки на проектот „Управување со личните финансии“ излезе од печат публикација „Мои пари - прирачник за управување со личните финансии“ на хрватскиот автор Стрибор Ерега. Публикацијата е преведена од хрватски јазик и e адаптирана во согласност со македонското законодавство и со условите на пазарот на финансиски производи.

Целта на прирачникот е да им помогне на читателите како да се ослободат од преголема задолженост и како паметно да управуваат со личниот или со семејниот буџет.
ТРИЛАТЕРАЛЕН ФОРУМ

Форум за отворање на дијалог за развој на релации помеѓу тинк тенковите во Македонија, Косово и Албанија



Трилатералниот форум Форум за отворање на дијалог за развој на релации помеѓу тинк тенковите во Македонија, Косово и Албанија ќе се одржи на 14 јули (среда) во 10:00 часот, во Хотелот Континентал, Скопје. Форумот преставува иницијален настан во рамките на проектот за поврзување на истражувачките центри во овие три земји.

Проектот е инициран од Форум - Центарот за Стратегиски Истражувања и Документација, Скопје во партнерство со КИПРЕД Институтот, Приштина и Албанскиот Институт за медиуми, Тирана.

Целта на овој проект е создавање платформа за промовирање и осмислување поспецифични форми за заеднички акции и проекти помеѓу истражувачките центри во краткорочна и подолгорочна перспектива. Развивањето на интелектуална тинк тенк линија помеѓу Македонија, Косово и Албанија, во соработка со академската, НВО и медиумската заедница од сите три држави ќе има за цел и подобрување на соработката помеѓу влијателните центри на овие балкански соседи.

На настанот се предвидени три тематски сесии посветени на културната и академска соработка, медиумската и НВО соработка и меѓуетничките односи во Македонија, Албанија и Косово.

Свои обраќања на конференцијата ќе имаат Славица Инџевска, Ѓунер Исмаил, Ким Мехмети, Александар Матовски, Сашо Ордановски, Аделина Марку, Зоран Бојаровски од Македонија, Ремзи Лани, Пиро Миша, Адри Нурелари од Албанија и Или Хоџа, Кренар Гаши, Бурим Ејупи, Алејтин Бериша, од Косово.

Проектот е финансиски поддржан Фондација Институт отворено општество – Македонија преку програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства.

Преземете ја агендата (.pdf, 449 KB)
СООПШТЕНИЕ

Отпочнувањето на примената на Законот за бесплатна правна помош обележано со многу констатирани недостатоци во текстот на Законот!



По повод почетокот на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош1, кој беше донесен во декември 2009 година, а започнува да се применува на 07 јули 2010 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП), поддржани од Бранители на граѓанските права, одржаа информативна средба на тема: „Предизвиците пред воспоставувањето на системот за бесплатна правна помош во Република Македонија“.

Средбата, која се одржа во хотелот Холидеј Ин, претставуваше последна од серијата средби со здруженија на граѓани кои се одржаа низ Македонија во текот на минатиот месец, во рамките на проектот „Следење на примената на Законот за бесплатна правна помош“, имплементииран од ФИООМ и МЗМП. На средбата присуствуваа претставници на здруженија кои во рамките на своите активности пружаат правна помош, како и претставници на државните институции во чија надлежност спаѓаат одделни аспекти од имплементацијата на Законот (Министерство за правда, Министерство за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, Управа за јавни приходи, Централен регистар на Република Македонија итн.)

Во текот на средбата претставникот на Министерството за правда ги претстави решенијата предвидени во Законот, додека претставниците на ФИООМ и МЗМП изложија дел од дилемите кои произлегуваат од текстот на Законот и кои можат да доведат до проблеми во имплементацијата на истиот. Како дел од слабостите на текстот на Законот повторно беа потенцирани тесниот опфат, односно малиот број на потенцијални корисници на бесплатна правна помош во смисла на Законот, тешките услови за стекнување овластување за пружање бесплатна правна помош од страна на здруженијата и нејасноста и непрецизноста на одделни решенија во Законот кои ќе доведат до проблеми во праксата. Во текот на дискусијата, дел од претставниците на здруженијата изразија скепса во поглед на мотивацијата на здруженијата да конкурираат за стекенување овластување за бесплатна правна помош, поради претешките услови.

ФИООМ и МЗМП континуирано ќе го следат процесот на имплементација на Законот, по што ќе произлезе анализа на примената во првата година по неговото донесување.

___________________________
1„Службен весник на Република Македонија“ бр. 161/2009
ПРАВНА ПРОГРАМА

Граѓаните заинтересирани за правото на пристап до информации од јавен карактер



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонското здружение на млади правници, преку проектот „Право да знам, право да учествувам!“, ги запознаваат македонските граѓани со правото на пристап до информации од јавен карактер.

Пред зградата на Народната банка на Република Македонија, денеска (5 јули), од 10 до 13 часот, беше поставен информативен штанд на кој заинтересираните граѓани поставуваа прашања и добиваа правна помош во врска со слободниот пристап до информациите од јавен карактер.

Преку 200 граѓани добија информативни брошури на македонски и албански јазик на граѓаните кои се интересираа за правото на слободен пристап до информациите. Дополнително, беа поделени 100 Коментари на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и измените на законот кои се применуваат од 1 јуни годинава.

Оваа средба со граѓаните е втора од планираните четири во 2010 година во рамки на проектот „Право да знам, право да учествувам!“.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Слободен пристап до информации, средби со граѓани



Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија на ден 28 Јуни 2010  (понеделник) во 10 часот, го означија почетокот на примената на измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

За таа цел, од 10 до 14 часот, пред зградата на МРТВ беше поставен штанд на кој беа делени едукативни брошури за слободен пристап до информации од јавен карактер. Истовремено заинтересираните граѓани можеа да постават прашања и да добијат правна помош во врска со слободниот пристап.

Беа поделени 250 брошури на граѓаните кои се интересираа за правото на слободен пристап до информациите.
„Сметаме дека преку ваквите директни средби со граѓаните ќе успееме да  ја зголемиме свеста за постоењето на ова право, бидејќи согласно истражувањата кои беа спроведени минатата година, повеќе од 60 отсто од граѓаните не го познаваат овој закон,“ рече за Макфакс, Јасмина Брезовска од Македонското здружение на млади правници.

Како едни од позначајните новини во законот кои стапија на сила се: (1) скратувањето на рокот за одговор на усмено барање за слободен пристап од десет на три дена, потоа (2) воведување на тестот на штетност како задолжителна постапка која Имателот од кого се бара информацијата е должен да ја спроведе пред да го одбие пристапот, како и (3) предвидување на обврска за имателите да ја информираат јавноста за својата работа преку објавување на своите извештаи за работа, како и на законските и подзаконските акти кои се однесуваат на нивниот делокруг на работа, статистички податоци и слично.

Настанот беше посетен и од дел од македонските медиуми кои ја пренесоа веста.
А1: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124736
Мак факс: http://www.makfax.com.mk/_home/home#110962
Нет прес: http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=73639&kategorija=1
МРТ: http://www.mrt.com.mk//index.php?option=com_content&task=view&id=30428&Itemid=27
Алфа ТВ: http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=24307



Оваа средба со граѓаните е прва од планираните четири во 2010 година во рамки на проектот „Право да знам, право да учествувам!“ имплементиран од Македонското здружение на млади правници, а поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

Преземете го лифлетот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“ (.pdf)
Случај на заложништво на ЦИА стигна до врвниот европски суд

Македонија обвинета за соучество во погрешно киднапирање



Контакт:          
Рејчел Ејкер, +1 (212) 548-0135, +1 (917) 294-2641, raicher@sorosny.org (Њујорк)
Филип Медарски, +389 70 333 552, filipmedarski@yahoo.com (Македонија)              

ЊУЈОРК, 14 јуни 2010 година – Европскиот суд за човекови права ќе го разгледува случајот на германскиот граѓанин којшто беше киднапиран и претепан, како дел од програмата на ЦИА за нелегално апсење и трансфер на осомничени за тероризам, денес соопшти Иницијативата за правда на Отворено општество. Ова е првпат ваков случај поврзан со „војната против тероризмот“ да стигне до европскиот врвен суд.

Македонските безбедносни сили го заробија Калед Ел Масри на барање на Соединетите Американски Држави во декември 2003 година и го држеа во заложништво 23 дена без пристап до надворешниот свет. Ел Масри потоа беше предаден на ЦИА и пренесен во притворен центар во Кабул, Авганистан, каде што беше затворен во ужасни услови, испрашуван и малтретиран. По неколку месеци, Ел Масри конечно беше ослободен и исфрлен покрај пат во Албанија. И покрај убедливите докази за нејзината соработка, Македонија негираше дека нелегално го држела Ел Масри во заложништво на нејзина територија или предала на ЦИА.

„Европските влади мора да бидат одговорни за учество во тортура, малтретирање или киднапирање  во соработка со програмата на ЦИА за нелегално апсење и трансфер на осомничени за тероризам,“ - рече Џејмс A. Голдстон, извршен директор на Иницијативата за правда на Отворено општество, којашто го истражува случајот. „Судовите на САД можеби ги затвориле своите врати за овој предмет, но ние се надеваме дека Ел Масри ќе ја најде правдата пред Европскиот суд.”    

Исто како случајот на Махер Арар, којшто го преживеа заробеништвото, Врховниот суд на САД одби да го ислуша случајот на Ел Масри. Притоа, Владата на САД цврсто стоеше зад својата привилегија да чува „државна тајна“, така што случајот беше отфрлен. САД допрва треба јавно да го признае малтретирањето на Ел Масри. Тој никогаш не бил обвинет за кривично дело, ниту му било дадено какво било објаснување за неговото малтретирање.

„Од суштинско значење е да се признае што им се случи на преживеаните, како Ел Масри, кои се обидуваат да се справат со ова трауматично искуство и да продолжат со нивните животи,“ - рече Руперт Скилбек, директор на истрагата спроведена од страна на Иницијативата за правда. „Калед Ел Масри има право јавно да му биде призната неправдата која му е нанесена, а луѓето во Европа имаат право да ја знаат вистината за заговорот на нивните влади со ЦИА.”

Во мај Иницијативата за правда на Отворено општество испрати писмо до Државниот секретар на САД, Хилари Клинтон, со барање Владата на САД јавно да потврди дека погрешно го држела во заробеништво Ел Масри и да обезбеди, во функција на својот статус на набљудувач во Советот на Европа, секаква помош која ќе му биде потребна на Европскиот суд. Иницијативата за правда испрати писмо и до германската канцеларка Ангела Меркел, со барање таа да потврди дека Владата на САД приватно ѝ ја признала својата грешка во случајот на Ел Масри, како што беше изјавено во 2005 година. Ова писмо ја поттикна Германија да се вклучи во случајот, застанувајќи од страна на Ел Масри.

До денес сѐ уште нема одговор од секретарот Клинтон. Германската Влада одговори, упатувајќи ја Иницијативата за правда на допис од претходните забелешки на Меркел, во кој таа признава дека САД приватно ѝ признале дека Ел Масри бил погрешно држен во заложништво.

http://www.soros.org/initiatives/justice/focus/national-security/news/el-masri-rendition-20100614


Иницијативата за правда на Отворено општество го користи правото за да ги заштити луѓето во остварувањето на своите човекови права. Преку застапување, истражување и техничка помош, Иницијативата за правда ги промовира човековите права и ги гради правните капацитети на отворените општества.
Повикот за заштита на приватноста предаден во Собрание


Реагирајќи на заканите по приватноста и демократијата содржани во предлог-законот за измени на Законот за електронски комуникации, на 11 јуни 2010 година 16 невладини организации кои од разни аспекти го помагаат развојот на Република Македонија упатија повик до Собранието на РМ за негово повлекување од собраниска процедура.

Повикот досега го имаат поддржано и над 250 индивидуални граѓани, меѓу кои и видни правници и други интелектуалци, а беше изготвен врз основа на стручни анализи, земајќи ги предвид мислењата на релевантните заинтересирани страни, особено невладините организации кои се занимаваат со заштита на човековите права, искажани во јавноста и на тркалезната маса „Приватноста во Македонија“ која се одржа на 4 јуни 2010 година во Скопје.

Причина за ваквата реакција на предлог-измените е тоа што со нив се создаваат законски можности за арбитрарна и неограничена примена на прислушкување и други облици на следење на електронските комуникации со што се нарушуваат основните постулати на Уставот на РМ (член 17 и 25) со кои се гарантира неповредливоста на сите облици на општење и заштита на приватноста и достоинството.

Предложените измени се во директна спротивност на Европската конвенција за човекови права и други меѓународни договори ратификувани од Собранието на РМ и Директивата 2009/136/ЕК на ЕУ. Со нив се заобиколуваат нормите воспоставени со Законот за заштита на лични податоци, Законот за следење на комуникациите и Законот за кривична постапка и како ретко каде во светот на МВР се овозможува „постојан и директен пристап“ до податоците за сообраќај на телекомуникациските мрежи.

Иницијативата покрената од страна на Метаморфозис, Транспарентност Македонија, ФИООМ и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поддржаа Македонскиот центар за европско образование, ФОРУМ – ЦСИД, Контрапункт, Советот за глобална соработка, Реактор, МОФ, Детскиот театарски центар, ЗГ Заеднички вредности, Центарот за развој на медиуми, Плоштад Слобода, Слободен софтвер Македонија и ЦИВИЛ - Центар за слобода.

Целосниот текст на повикот е достапен на веб-сајтот на Фондацијата Метаморфозис, а заедно со релевантни придружни документи во печатена форма беше доставен до сите пратеници во Собранието на РМ, премиерот на Владата на РМ, министерот за транспорт и врски, како и до Делегацијата на ЕУ.
ДЕКЛАРАЦИЈА


Почитувајќи ја јасно изразената желба на најголемиот број граѓани на Република Македонија нашата земја да стане дел на Европската Унија и на НАТО,

Свесни дека во изминатите две години, и покрај неколкугодишниот напредок во реформите, особено пред и по добивањето на статусот на држава кандидат за членка на Европската Унија, Македонија не ги исполни во целост очекувањата на своите европски партнери и пријатели,

Разбирајќи ја неопходноста да биде отстранета најголемата пречка во процесот на пристапување на Македонија во НАТО и во Европската Унија, долгодишниот спор за името со Република Грција,

Цврсто определени низ соработка да ја реафирмираме евроатлантската агенда, но и да ги унапредиме безбедноста, стабилноста, меѓуетничките односи и економијата на земјата,

Во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ, ние, долупотпишаните, на 11 јуни 2010 година во Скопје, ја усвоивме следната

Д Е К Л А Р А Ц И Ј А

1. Внатрешната интеграција на Република Македонија е нераскинливо поврзана со нејзината интеграција во Европската Унија и НАТО зашто нашата држава ги споделува цивилизациските вредности втемелени во евроатланските интеграции;

2. Ние нема да прифатиме проблемите со кои се соочуваме на патот на остварувањето на нашата стратегиска цел, а кои произлегоа од ирационалниот спор што нема основа во реалните односи меѓу Република Македонија и Република Грција и меѓу двата соседни народа, да бидат изговор нашата земја да го напушти евроинтеграцискиот процес;

3. Недвосмислено ја објавуваме нашата подготвеност и посветеност спорот со Грција за името, со кое треба да се замени привремената референца „поранешната југословенска република Македонија“ и со кое нема да се оспорат или загрозат атрибутите на етничкиот идентитет на мнозинскотото население во нашата земја, да го решиме, како одговорни политичари, со интензивни, проактивни и плодни преговори;

4. Заради остварувањето на овие цели, сметаме дека е неопходно во Република Македонија да се поведе широка јавна дебата чија цел ќе биде да се охрабрат проевропските сили и да се застане на патот на стигматизацијата на европската идеја поради тензичниот спор со Република Грција и емоциите што тој ги предизвикува;

5. Ние сметаме дека одговорните политичари не смеат да ги избегнуваат обврските на лидерството и подготвени сме во таа насока да го дадеме својот придонес;

6. Ги повикуваме Европската Унија, САД, Република Грција и сите наши европски пријатели, на претстојниот Совет на ЕУ во Брисел, поттикнати од оваа декларација, да ги препознаат потенцијалите на проевропските сили во нашата земја и да донесат одлука со која ќе ги охрабрат граѓаните на Република Македонија и силно ќе ги поддржат нивните надежи за европските перспективи на нашата татковина.


Скопје, 11 јуни 2010 година


Преземете ја Декларацијата на албански

Преземете ја Декларацијата на босански

Преземете ја Декларацијата на ромски

Преземете ја Декларацијата на српски

Преземете ја Декларацијата на турски

Преземете ја Декларацијата на влашки

Листа на НВО кои ја поддржуваат Декларацијата
ПРАВНА ПРОГРАМА

Промоција на публикации од областа на заштита на личните податоци



Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) и Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), на 7-ми јуни, ги промовираа публикациите: „Коментар на Законот за заштита на личните податоци“ и „Прирачник за практично спроведување на Правилникот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податици“, дела кои имаат за цел да го подигнат на нивото на заштита на личните податоци.

Коментарот на Законот за заштита на личните податоци ја следи систематиката на Законот и служи како алатка за негово подобро разбирање и спроведување. Од друга страна, Прирачникот за практично спроведување на Правилникот, ги објаснува начините и нуди решенија за  контролорите и обработувачите во процесот на  обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во зависност од природата на податоците што се обработката и ризикот при обработката на личните податоци.

Според Валентина Димковска од ДЗЛП, иако Законот за заштита на личните податоци е целосен усогласен со европските стандарди, и добил пофалби од релевантните европски институции, сепак има простор за негово подобро спроведување.

Во пресрет на одбележувањето на петгодишнината од воспоставувањето на законската рамка за заштита на личните податоци во Република Македонија, Коментарот на Законот ќе има за цел да придонесе кон надминување на идентификуваните проблеми во поглед на остварувањето на заштитата на личните податоци.

Покрај публикацијата, бројните гости имаа можност да постават прашања кои се однесуваат на заштитата на личните податоци, а претставниците од ФИООМ и ДЗЛП, преку примери и презентации објаснуваа сегменти од  Законот за заштита на личните податоци кои што од страна на присутните беа посочени како проблематични при практичната примена на Законот..

Публикациите се резултат на долгогодишната соработка на Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Дирекцијата за заштита на личните податоци.
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЦЕО И ФИООМ

Македонија не смее да се откаже од евроинтеграциите



На прес-конференцијата, одржана на 4-ти јуни, Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) од македонската власт побараа да не се откажува од евроинтеграцијата и целосно да се посвети на спроведување на реформите.

На прес-конференцијата беа претставени резултатите и впечатоците од минатонеделниот самит во Сараево, „ЕУ-Западен Балкан“. На самитот беше претставено писменото обраќање од околу 500-тини невладини организации од Западен Балкан, со кое се бара отворање на ново поглавје во преговорите на ЕУ со државите од Западен Балкан. „Преку прес-коференцијата во Сараево јасно и недвосмислено пративме порака дека ЕУ мора да обезбеди јасни и прецизни патокази за тоа како секоја од земјите на Западен Балкан треба да се движи, со цел процесот на пристапување да биде нешто што е видливо и дофатливо за државите од регионот. Иницијативата беше многу добро прифатена, особено од претставниците на ЕУ и претставниците на Европскиот парламент, кои оваа иницијатива ја видоа како чекор напред кога станува збор за граѓанскиот сектор и своевиден сигнал дека граѓаните на овие држави сакаат да ги видат своите држави во ЕУ,“ изјави Фани Каранфилова-Пановска од ФИООМ и додаде дека ЕУ се уште не се откажала од Западен Балкан, а тоа најдобро се гледа во Стратегијата за развој до 2020 година.

Лидија Димова од МЦЕО ја искажа својата загриженост за очигледната незаинтересираност на власта кога станува збор за евроинтеграциите. Според а, тоа е воочливо од незаинтересираноста за наоѓање компромис со Грција, застојот во реформите, како и од целокупното дејствување во надворешната политика. Димова порача билатералните спорови да се решаваат во европски дух. „Европскиот дух е наоѓање компромис во кој ќе покажете дека сте лидер и дека може да ја видите иднината.“

И за извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин, причините за закочувањето на процесот на пристапување кон ЕУ не лежат само во спорот со името, туку и во неспроведување на потребните реформи. „Колку сме подалеку во спроведување на реформите, толку помала тежина има билатералниот проблем, односно колку сме поуспешни во реформирањето толку повеќе аргументи ќе имаат другите членки на ЕУ за да ја притиснат Грција, а колку сме понеуспешни во реформите, толку посилни аргументи има Грција.“ изјави Милчин.

Обраќање до граѓаните на Македонија за писмото упатено до лидерите на ЕУ и листа на НВОи од Македонија со поддршка на иницијативата
ЕРОЗИЈА НА ПРИВАТНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Со Предлог-измените на Законот за електронски комуникации правото на приватност во Република Македонија деновиве е одново доведено во прашање. Не е прв пат Владата сериозно да го ограничува правото на приватност, едно од темелните граѓански права, без притоа да отвори поширока јавна расправа за едно така значајно прашање. Со наводно „технички“ закон за електронските комуникации, во суштина, се прави упад во најзаштитените сфери на приватноста гарантирани со меѓународните договори за човековите права и Уставот на РМ. Имено, со предложените измени, овој Закон навлегува во сферата на казненото право, бидејќи предвидува нови овластувања за полицијата и тајните служби, надвор од досега предвидените со Законот за кривичната постапка и Законот за следење на комуникациите.

Целото соопштение можете да го преземете од следниов линк www.transparentnost-mk.org.mk/wp-content/uploads/microsoft-word-soopstenie-za-zek.pdf

Соопштението е дел од Проектот: „Месечни извештаи за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството“ имплементиран од Транспарентност Македонија, а поддржан од ФИООМ.
Промоција на книгата „Темната страна на револуцијата“ од Едмунд Берк

Без мудрост и доблест, слободата се претвора во најголемо зло



На 3-ти јуни 2010 година, во ГЕМ клубот беше промовирано македонското издание на „Темната страна на револуцијата“ од Едмунд Берк, објавено од страна на Фондацијата Институт отворено општество Македонија.

Книгата „Темната страна на револуцијата“ содржи извадоци од делото „Размислувања за Француската револуција“ и иако е пишувана пред повеќе од двесте години, и денес се смета за едно од антологиските и незаборавни дела во областа на револуцијата, но и демократијата и човековите права воопшто“ смета Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ. 

Промоторот на книгата, Ерол Ризаов, во своето излагање направи паралела меѓу тогашната ситуација, непосредно по Француската револуција, опишана во делото на Берк и актуелните состојби денес, не само во Република Македонија, туку и на Балканот. „Бев изненаден од тежината на политичките пораки актуелни и денес во Европа, а особено кај нас на Балканот. Ова најпознато дело на Берк, имате чувство дека е пишувано денес, и ви овозможува подобро да ја согледате и сегашноста и иднината, кај нас, во нашата татковина.“ истакна Ризаов. Според него, 220 години по Француската револуција, кај нас постојат луѓе слични на Берк кои ја делат неговата судбина и се поставени на столбот на срамот. „Луѓето како Берк, кај нас денес се јавно исмевани, прогонувани и понижувани“ заклучи Ризаов.


Објавувањето на македонскиот превод на книгата „Темната страна на револуцијата“ е дел од потпрограмата „Книги за дебати за отвореното општество“ која има за цел да го подигне нивото на јавната расправа во Македонија преку објавување и промоција на значајни дела.

Во продолжение, еден краток извадок од книгата „Темната страна на револуцијата“:

Но кога водачите одбираат да се нудат на лицитицијата на популарноста, нивните способности за изградба на државата нема да бидат од никаква корист. Тие ќе станат ласкавци наместо законодавци и ќе станат инструменти, а не водачи на народот. Ако се случи некој од нив да предложи план за слободата, трезвено ограничен и определен со соодветни квалификации, тој ќе биде веднаш надитрен од другите натпреварувачи кои ќе произведат нешто посјајно и попопуларно. Ќе се кренат сомненија во врска со неговата верност кон каузата. Умереноста ќе биде стигматизирана како особина на плашливците а компромисот ќе биде прогласен за одлика на предавниците, сè додека, во надеж дека ќе ја сочува довербата која би му овозможила да модерира и да ја ублажува работата во некои прилики, народниот водач ќе биде принуден да се активира во пропагирањето доктрини и во воспоставувањето моќ, што понатаму ќе ја порази секоја трезвена цел кон која тој можеби целел на почетокот.
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Објавени резултатите од мониторингот на јавните набавки



Центарот за граѓански комуникации денеска, 1 јуни, ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава и од анкетата на фирмите за нивното искуство во постапките за јавни набавки.

Презентирајќи го Кварталниот извештај за резултатите од мониторингот на јавните набавки во Република Македонија за периодот од јануари до март 2010 година, г-ѓа Вања Михајлова и д-р Никола Тупанчески истакнаа дека сè уште постои широк простор за унапредување на процесот на јавни набавки во земјава, особено од аспект на подоследно почитување на законската регулатива од страна на државните институции, а ја истакнаа и потребата од допрецизирање на законските одредби за да се стесни просторот за можни злоупотреби во практиката. 

Од мониторингот на јавните набавки на централно и на локално ниво можеа да се констатираат следниве клучни наоди:
• Се зголемува користењето на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда;
• Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки;
• Висок процент на поништени постапки за јавни набавки (20% од мониторираните постапки);
• Е-аукција се користи само во 5,5% од постапките за јавни набавки, што е неколкукратно помалку од законскиот праг од 30%;
• Нагло се зголемува бројот на рамковни спогодби кои се склучуваат без прецизирање на начините на кои ќе им се доделуваат договорите на фирмите;
• Не се почитува законската обврска за детално известување на фирмите за причините за избор на најповолната понуда или за отфрлање на одреден понудувач;
• Се намалуваат барањата за доставување на банкарска гаранција за понудата, како и висината на гаранцијата, 
• Благо се намалува наплатувањето надомест за подигање на тендерска документација.

Во спроведената анкета меѓу претставници од одделите за јавни набавки на 138 фирми, членки на Стопанска комора на РМ и на Сојузот на Стопански комори, како главни проблеми со кои фирмите посочуваат дека се соочуваат во постапките за јавни набавки се: нејасно изработена тендерска документација и техничка спецификација; неправилно бодирање на понудите и фаворизирање на одредена понуда; користење на несоодветни критериуми за доделување на договорот, како и доцнење на наплатата на побарувањата за набавените средства и услуги. Компаниите ја влошија оценката за вкупниот процес на јавни набавки во земјата. Просечна оценка дадена во оваа анкета е 2,80 за разлика од минатогодишната оценка од 2,93 (на скала од 1 до 5).

Во прилог може да го преземете целиот извештај а истиот е поставен и на веб страницата на Центарот за граѓански комуникации  www.ccc.org.mk.

Преземете го Кварталниот извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавните набавки во Република Македонија (.pdf)
ОГЛАС


ПОКАНА


МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА


Во пресрет на Европскиот совет кој ќе се одржи на 16ти и 17ти јуни, во Сараево, на 2ри јуни, ќе се одржи Министерски состанок на ЕУ и државите од Западен Балкан, плус Европската комисија (Комесарот за проширување Фуле) и Високиот претставник Кетрин Ештон, плус Турција, Русија и САД. На овој самит во Сараево се очекува да се донесат заклучоци со кои ќе се потврди европската преспектива на државите од Западен Балкан, и би се задржал процесот на интеграција на регионот во ЕУ.

Ние ( Фондацијата Институт отворено општество – Македонија – ФИООМ и Македонскиот центар за европско образование – МЦЕО ) како преставници на граѓанското општество сметаме дека треба да го изнесеме нашиот став, но и нашите очекувања од самитот. За таа цел, со логистичка поддршка на Институтите отворено општество низ регионот, ја подготвивме Деклерацијата што ви ја доставуваме подолу. Како што може да видите, бараме неодложно добивање на датум за почеток на преговорите за Македонија најдоцна до крај на 2010 година.

Сите вие кои се согласувате со тезите на оваа Декларација, можете да ја дадете вашата поддршка со потпишување на истата и со праќање на ваше писмо со поддршка со генералиите на вашата организација (име и адреса, e-mail адреса и телефон на одговорното лице) во електронска верзија на: mcet@mcet.org.mk

Планираме на 1ви јуни да одржиме прес конференција во Сараево и да ја дистрибуираме нашата Декларација пред почетокот на министерскиот состанок и на оваа прес конференција би сакале да ги објавиме сите организации од регионот што ја дале својата поддршка.

Преземете ја Декларацијата
- на македонски
- на англиски

Обраќање до граѓаните на Македонија за писмото упатено до лидерите на ЕУ и листа на НВОи од Македонија со поддршка на иницијативата
ОТВОРЕН ПОВИК

за институции



Roma education fund
Ромски Едукативен Фонд/ Програма за стипендирање (РЕФ/ПС)
Отворен повик за  Тренинг организации/ Институции на
Програма за медицински стипендии за Роми од Македонија

Tраење: 14 месеци
Опфаќа период од 14 месеци


Програмата за стипендирање како дел од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) промовира еднаков пристап на Ромите до соодветно и квалитетно високо образование во Програмските земји на Југо-Источна, Централна и Источна Европа (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Република, Унгарија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Русија, Турција и Украина), со обезбедување на стипендии за студентите Роми.

Со цел да се одговори на потребите за развој на професионален медицински кадар меѓу ромското малцинство, РЕФ и Институтот Отворено Општество (ИОО) од Будимпешта започнаа со реализaција на Програма за медицински стипендии за Роми кои се запишани на државните и акредитирани медицински училишта/факултети во Р. Македонија.

Со оглед на комплексноста на испитите за запишување на македонските медицински факултети, РЕФ/ПС има намера да организира подготвителни курсеви за Роми кои се заинтересирани да бидат дел од оваа програма и да се запишат на  медицинските факултети во споменатите земји. Подготвителните курсеви се наменети за учениците на последната IV (четврта) година од средното образование.

За таа цел, Ромскиот едукативен фонд објавува оглас до сите заинтересирани тренинг организации и високо образовни институции кои имаат капацитет и претходно искуство во организирање на подготвителни курсеви за испити за запишување на  факултетите и / или слични академски курсеви.

Прочитајте повеќе >>>
Децентрализацијата во Македонија – забавена


Децентрализацијата во Македонија се одвива бавно, а власта се уште не е подготвена да ги зголеми финансиските средства за нормално функционирање на локалната власт. Ова е ставот на мнозинството учесници на конференцијата „Децентрализацијата во Република Македонија- забавена или заборавена“, која во организација на Фондацијата Институт Отворено Општество – Македонија (ФИООМ) се одржа 23 април 2010 година.

Поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски повика на реформи со кои ќе се зголемат надлежностите и финансиите на град Скопје на општините и Град Скопје. Според Коцевски, вистинска штета е што капцитетите на локалната самоуправа не се искористени во целост, бидејќи според него, без силни општини нема ниту силна држава.

Сличен став дели и градоначалникот на Струмица Зоран Заев, според кого децентрализацијата, иако најголем реформски процес од осамостојувањето па до денес, доживува стагнација поради селективноста на централната власт. „Мора да истакнеме и еден голем проблем, како што се капиталните инвестиции. Како и во секоја друга област така и овде, политикита игра огромна улога. Струмица, за разлика од некои други општини како на пример, Прилеп или Битола добива само само 5 или 10 проценти од средствата наменети за капитални инвестиции. Поголемиот дел од колачот за капиталните инвестиции оди во оние општини каде што градоначалниците се припадници на владеачката партија“ истакна Заев.

Но и градоначалниците од владеачките партии не се задоволни од распределбата на средства на релација централна – локална власт. За Иџет Меџити, градоначалник на Чаир, средствата во висина од 3% од ДВВ и 3% од персоналниот данок, се премалку за нормално функционирање на една општина, додека за Марјан Ѓорчев, градоначалник на Кисела Вода, лошата имплементација на децентрализацијата лежи во лошите закони , од 1995 и 2004 година. Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) најавија дека ќе се заложат средствата од ДДВ да бидат зголмени на 6 отсто а оние од персоналниот данок на 30 отсто. Заеднички став на сите градоначалници беше барањето за што побрзо донесување на закон за легализација на дивоградби, бидејќи со сегашната ситуација, општините губат значителни средства од комуналии и данок на имот.

На конференцијата, иако поканет, не присуствуваше претставникот на централната власт, министерот за локална самоуправа, Муса Џафери.

Презентација на Љубомир Јанев (.ppt)
Презентација на Горан Ангелов (.ppt)
презентацијата на Руфи Османи (.pptx)
Воведно излагање на Аце Коцевски (.pdf)



Аудиозапис од конференцијата

Прв дел



Втор дел

ПРАВНА ПРОГРАМА

Светски ден за слободни медиуми 2010



Скопје, 3 мај 2010 година. Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, Македонското здружение на млади правници и Младинскиот образовен форум го одбележуваат Светскиот ден за слободни медиуми 2010 година,  кој оваа година е посветен на слободниот пристап до информациите.

Денешниот ден 3 МАЈ НЕ ПОТТИКНУВА ПОВТОРНО ДА СЕ СЕТИМЕ НА ВАЖНОСТА НА НАШЕТО ПРАВО ДА ЗНАЕМЕ!

Слободниот пристап до информации е принцип, според кој, властите во државата имаат обврска да ги даваат информациите, односно да обезбедуваат пристап до информациите кои ги држат и креираат, на сите заинтересирани кои ги бараат. Правото на слободен пристап до информации е основно право за остварување на другите права за поголема транспарентност, правда и развој на отвореното општество.  Ова право заедно со правото на слободно изразување лежи во основата на демократијата.

Сметаме дека за новинарите и за медиумите пристапот до информации е од исклучително значење заради пренесување и изнесување на вистината. Со одбележување на Светскиот ден на слободните медиуми 2010 сакаме да укажеме дека МОЖЕТЕ ДА КОРИСТИТЕ БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ преку застапување пред институциите и судовите во остварувањето на ова право.

Можете да ни се обратите на БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ 0800 44 222.

Целото обраќање можете да го преземете тука.
Промоции на три книги од едицијата „Градот“ во Ресен и Делчево


ResenКнигоиздателството „Темплум“ и здружението „Плоштад слобода“ кон крајот на април 2010 тргнаа на мала турнеја низ Република Македонија со цел да ги промовираат првите три книги од новата едиција „Градот“. Станува збор за книгите: „Неред и гротеска“ (застапени текстови од шеснаесет автори), „Крадат град!“ (осумнаесет автори) и „Архитортура и гробализација“ од Никола Гелевски (собрани колумни чија заедничка одредница е феноменот на градот). Сите три книги се занимаваат со владиниот проект „Скопје 2014“, и тоа го прават мошне критички. ФИООМ, во рамки на потпрограмата „Книги за дебати за отвореното општество“, обезбеди финансиска поддршка за печатење на книгите и ги организира промоциите низ Македонија во соработка со поранешните центри за поддршка на НВО.

Првата од низата промоции се случи на 26 април во Ресен. Промотори на книгите беа Никола Гелевски, уредник на едицијата, Нита Муча (од „Плоштад слобода“) и Жарко Трајаноски (колумнист и активист). Пред околу триесетина посетители во ресенскиот центар за поддршка на НВО, промоторите зборуваа за лошите страни на проектот „Скопје 2014“ (нерационалноста, мегаломанијата, неспособноста на власта да ги постави вистинските приоритети во земјата, занемарувањето на проблемите во внатрешноста итн.). Никола Гелевски ја истакна и единствената позитивна работа што произлезе од „лудачкиот и фараонски“ владин проект: „нè натера да почнеме да мислиме за архитектурата и урбанизмот на сопствените градови“.

delcevoНа 28 април во Делчево, исто така во НВО центарот, се случи и втората промоција, на која зборуваа Никола Гелевски и Нита Муча. Пред дваесетина граѓанки и граѓани од Делчево промоцијата, во вториот дел, се претвори во разговор помеѓу публиката и промоторите. Повеќето луѓе што земаа збор искажаа негативни оценки за владиниот проект „Скопје 2014“, но еден господин, наставник по географија, рече дека проектот е добар зашто ќе ја приближи Македонија до ЕУ, пред сè на начин што и нашиот главен град ќе заличи на европските градови. Нита Муча и Никола Гелевски зборуваа нешто сосема друго: дека проектот со својата анахроност, со наивното разбирање на националниот идентитет, со желбата центарот на Скопје да се претвори во етно-парк - само забрзано нè оддалечува од Европа и нè приближува кон некои деспотии во некои делови од Азија (беше спомнат туркменистанскиот диктатор Нијазов чии мегаломански градби беа споредувани со колосот на Александар Македонски предвиден да биде поставен на главниот скопски плоштад).

Книгоиздателството „Темплум“ во секој од градовите каде што (ќе) се одвиваат промоциите на едицијата „Градот“ подарува мал пакет книги (околу 200 на број), пред сè комплети од списанието Маргина и поголем дел книги од прозната едиција „Магма“.

promocija kicevopokana kratovo
ПЕТТИ ИЗВЕШТАЈ ЗА СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Владата работи против добивање на датум за преговори



cumu ni e parlamentotВладата не само што не прави ништо за добивање  датум за преговори, туку напротив, отворено и директно оди спротивно на она што Европската Унија го има зацртано како приоритет. Ова е генералниот заклучок на извештајот „Чуму ни е парламент“ објавен денес (4-ти мај 2010) од Фондацијата Институт отворено општество-Македонија(ФИООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО).

Според извештајот, постојат неколку показатели што укажуваат на ваквата состојба. Еден од најбитните е комплетното урнисување и дискредитирање на Парламентот, односно тендециозно блокирање на политичкиот дијалог во Парламентот и бојкот на сите политички партии на различни нивоа и на различни работни тела. Покрај тоа Владата не ги спроведува предвидените реформи, не прави ништо за решавање на спорот со името, а постои и ограничување на пристапот до информации од јавен карактер, особено од институциите задолжени за европската интеграција.

Според Лидија Димова од МЦЕО, Владата покрај тоа што не е заинтересирана за ЕУ, туку најверојатно ќе оди и на предвремени избори. „Крајниот заклучок од сето ова е дека Владата освен што нема намера да се движи кон ЕУ, туку има намера после јуни и самитот на кој нема да добиеме датум за преговори, да распише и предвремени избори. Ова најдобро се гледа од тоа што Премиерот и Владата го девалвираат парламентот, го скратуваат пристапот до информации, и одат спротивно на препораките изложени во Ревизијата 2010“ изјави Димова. Според нејзе сомнително е и репрограмирањето на долговите на некои јавни претпријатија, што е уште еден показател дека во владата се размислува за предвремени парламентарни избори.

На крајот, ФИООМ и МЦЕО излегоа и со предлог за подобрување на позицијата на Македонија пред Самитот закажан во јуни. ФИООМ и МЦЕО, предлагаат  на неколку денови пред почетокот на Самитот, во Брисел да се огранизира заедничка конференција на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и ЕУ. На самитот би учествувале пратеници од сите парламентарни партии, претставници на невладини и тинк-тенк организации од Македонија, Грција и од ЕУ, би се аргументирале сите причини за добивање датум за преговори. На овој самит, би се потенцирало дека билатералните спорови не се дел од Копенхагенските  критериуми. На крајот од конференцијата мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ би покренал иницијатива за потпишување на декларација со која се гарантира македонскиот идентитет.

МЦЕО и ФИООМ понудија секаква помош доколку власта е заинтересирана за организирање на ваква конференција.

Преземете го Петтиот извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ (.pdf)
Конференција „Може ли да ни банкротира државата?“ во организација на ФИООМ


Владата на Република Македонија го гуши прватниот сектор, и продолжува да се задолжува за покривање на тековните трошоци. Ставот на сите учесници на денешната (5-ти мај 2010) конференција „Може ли да ни банкротира државата?“ организирана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија е дека претераното задолжување и лошото програмирање на долговите може да доведе до испразнет буџет.

„За да банкротира државниот сектор, прво треба да банкротира приватниот сектор. Државниот сектор последен банкротира, бидејќи на располагање ги има даноците и со тоа може да го загуши приватниот сектор, на што сме сведоци во последниве година-две.“ –тврди професорот Ден Дончев, алудираќи на долгот на државата кон домашните компании. За него и антикризните мерки понудени од Владата, во суштина не се ниту антикризни, ниту пак можат да бидат корисни за сегментите од приватниот сектор кои моментално се наоѓаат во криза.

Сличен став има и професорот Абдулменаф Беџети, кој смета дека во државата постои латентен дефицит кој не се докажува, односно постои јавен долг кон компаниите за кој нема точни бројки. Според Беџети, нашиот буџет е далеку од банкрот, но затоа банкротирани се социјалните фондови.

Професорот Ванчо Узунов смета дека кај нас сè уште е далеку грчкото сценарио, но сепак повикува на претпазливост. „Владата мора да го олабави притисокот кон приватниот сектор, за да не ни се случи Грција“ –изјави Узунов. За учесниците на конференцијата особено важно е владата да склучи аранжман со Меѓунардониот монетарен фонд, со цел да се обезбедат средства под поволни услови, и да се стави контрола на трошењето на средствата.

Презентација на Абдулменаф Беџети (.ppt)
Презентација на Ден Дончев (.pptx)
Презентација на Ванчо Узунов (.ppt)
Презентација на Ѓорѓи Гочков (.ppt)

Аудиозапис од конференцијата

Промоции во Кичево и Кратово


kratovoПромоциите на трите книги од новата едиција „Градот“ („Неред и гротеска“, „Крадат град!“ и „Архитортура и гробализација“) на 4 и 5 мај продолжија во Кичево и Кратово.

Во Кичево, на 4 мај, пред триесетина посетители во тамошниот центар за поддршка на НВО, книгите ги промовираше уредникот на едицијата, Никола Гелевски. Попладнето во Кичево помина мошне интересно, во жив разговор меѓу присутните граѓани и Никола Гелевски, кој зборуваше пред сè како уредник на едицијата, но и во името на ГЕМ („Граѓаните за европска Македонија“) и на „Плоштад слобода“. Во воведниот збор Гелевски ги истакна клучните аргументи, против проектот „Скопје 2014“, посебно ставајќи акцент на националистичката суштина на проектот која може да ги наруши ионака не баш блескавите меѓуетнички односи во државата. Дел од граѓаните, во разговорот што следеше, обрнаа внимание на катастрофалната состојба во која се наоѓа Кичево (70% невработени и една просто апокалиптична економска ситуација која создава длабока резигнација и очај), велејќи дека само трошки од мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ би можеле драматично да ја подобрат состојбата на илјадниците жители на Кичево.

Следниот ден, во Кратово, слична слика: место на промоцијата: центарот за поддршка на НВО (откако Музејот на Кратово во последен момент ја откажа планираната промоција); присутни граѓани: околу 30; и истата руинираност и запуштеност на градот.

kicevoПромотори на книгите овојпат беа Никола Гелевски и Анета Спасеска од здружението „Прва Архибригада“. Гелевски зборуваше за потребата од граѓански активизам и граѓански отпор, особено во ситуации кога локалната или централната власт „забегуваат“. И покрај немоќта на луѓето било што да променат во својот град „кој умира“ (како што констатираа некои од кратовските учесници во разговорот), Гелевски посочи дека „единствената точка од која можеме да тргнеме е онаа на којашто токму се наоѓаме“. „Не можеме да чекаме да созреат условите“, рече Гелевски, „за да се помрднеме и макар да пробаме да направиме нешто од сопствените животи и сопствената средина.“

Анета Спасеска објасни како меѓу младите архитекти и студенти по архитектура настанала иницијативата „Прва Архибригада“ и сесрдно ја поддржа едицијата и авторите застапени во неа, сметајќи ја за мал светилник во нашата мрачна ситуација.

И во Кратово и Кичево, како дел од оваа мала промотивна турнеја, книгоиздателството „Темплум“, издавач на едицијата „Градот“, подари по околу 200 книги за потребите на библиотеката на НВО центарот и на локалните библиотеки.

Промоциите ги организираше ФИООМ во соработка со поранешните центри за поддршка на НВО; ФИООМ обезбеди и финансиска поддршка за печатење на трите книги.
ДЕБАТА

по повод промоција на книгата „Што не знаеше Орвел“



(.pdf) 600KB

Sto znaese Orvel
Втор меѓународен семинар: Последипломски курсеви по право, човекови права и грижа за пациентите


Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), во соработка со Мрежната програма за право и здравство од Институтот отворено општество - Њујорк, Програмата за доделување на грантови за проекти за човекови права од Институтот отворено општество Будимпешта и Медицинскиот и Правниот факултет од Скопје, од 18 до 21 мај 2010, го одржува Вториот меѓународен семинар за Последипломски курсеви по право и здравство, посветен на човековите права и грижата за пациентите.

На семинарот учестувуваат професори и експерти од 7 држави (Македонија, Ерменија, Грузија, Киргистан, Казакстан, Русија, Украина), а темите кои се опфатени се однесуваат на јавното здравство и неговата поврзаност со основните човекови права.

Во првиот дел од семинарот, учесниците имаа можност да разменат искуства од областа на јавното здравство и човековите права, да дискутираат на теми како што се комерцијализација на јавното здравство, организирање на здравственото образование, нови технологии во здравствената заштита, ограничување на човековите права во јавното здравство и сл.

За приватизацијата и комерцијализација на здравството излагање имаше д-р Бриџит Тоубс, професор на Универзитетот во Абердин. Претставниците од престижната медицинска акдемија „Богомолец” од Киев ги запознаа учесниците со униканите искуства во организирање медицинска едукација во Украина. Семинарот продолжи со разгледување на специфични судски случаи посветени на човековите права, но се разменуваа и искуства од различни земји за почитување на човековите права, загарантирани со Европската конвенција за човекови права.

Вториот дел од семинарот, одржан на 20 мај, помина во знакот на панел дискусијата каде што учествуваа еминетни експерти, а на која беше прикажан развојот на областа на јавното здравство и човековите права во глобални рамки, при тоа користејќи примери и искуства од Канада, САД, Шкотска, Данска и Унгарија. Роберт Лоренс, доктор и професор по медицина на Школата за јавно здравство Блумберг, преку примери на докторите во нацистичките конц-логори до случаите во Абу Граиб, зборуваше за злоупотребата од страна на медицинските лица, кои понекогаш, свесно, или под присила, забораваат на Хипократовата заклетва.

Семинарот завршува во петок, на 21-ви мај.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Одржана обука за новинари „Дискриминацијата и медиумите“



Од 28 до 30 мај 2010 година, во хотелот „Бистра“ во Маврово, во организација на ФИООМ, се одржа обука за новинари од повеќе национални и локални електронски и печатени медиуми.

Со обуката беа обработени неколку теми од областа на начелото на еднаквост и недискриминација: запознавање со поимот, основите и формите на дискриминација и нивното претставување во медиумите, запознавање со новиот механизам воспоставен со Законот за спречување и заштита од дискриминација и усогласеноста на македонското законодавство со европската легислатива од областа.

Во практичниот дел на обуката посебно внимание беше посветено на двојната улога на медиумите, од една страна како чинители на дискриминација, но од друга страна како инструменти за борба против дискриминацијата и за подигање на јавната свест за оваа општествена појава. Учесниците имаа можност да продискутираат повеќе домашни и странски примери за позицијата на средствата за јавно информирање во адресирањето на дискриминацијата. Низ текот на дискусиите, претставниците на медиумите ги споделија и своите искуства од секојдневната работа.
Прес-конференција на МЦЕО и европарламентарецот Зоран Талер

Талер: Власта да преземе одговорност и да најде решение за името



talerИзвестувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер на денешната прес-конференција (27-ми мај) во организација на Македонскиот центар за европско образование го повика македонскиот премиер да собере сили и да го реши проблемот со името, бидејќи во спротивно Европа е на пат да го загуби интересот за Македонија.

„Без решение за името, нема датум за преговори. Апелот оди во насока да се преземе одговорност и да се премине Рубикон“ изјави Талер, говорејќи за перпективите на Македонија на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан, што во почетокот на јуни ќе се одржи во Сараево. Според словенечкиот известувач, македонскиот премиер, не треба да стравува дека е сам во процесот. „Тој треба да смета на подршка од цивилниот сектор и влијателните посредници, сугестиите треба добронамерно да ги прифати, оти во процесот на изнаоѓање решение, колку и да е тоа тешко, треба да се биде многу поактивен.

Талер истакна дека во Европа се засилува уверувањето дека Македонија го губи интересот за зачленување и оттаму се заканува опасност Македонија да се симне од европскиот денвен ред и да се изгуби интересот за неа.

Талер потсети на потребата Македонија да го реактивира процесот на реформи и истовремено најави дека пред Европскиот Парламент, ќе покрене иницијатива, во иднина отворените прашања од билатерален карактер, доколку не се решат во определен период, по автоматизам да бидат префрлени пред меѓународна арбитража, со што на потенцијалните кандидати не би им бил ограничен процесот на напредување.

На прес-конференцијата, Талер и МЦЕО ја претставија декларацијата на невладини организации од Западен Балкан, со која од Претседателот, владите на државите на Европската Унија и Претседателот на Европската комисија, се бара нов моментум и пристап во преговорите за интеграција на Европската Унија.

Декларацијата, која и официјално ќе биде претставена на 1-ви јуни на Министерската средба во Сараево, според Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) докажува дека граѓанскиот сектор од Западен Балкан, може да се обедини околу прашањата за евроинтеграциите. „Договорот е на први јуни, непосредно пред започнување на самитот, невладините организации ќе одржат заедничка прес-конференција во Сараево. Со тоа планираме официјално да ја објавиме декларацијата а подоцна да ја доставиме до учесниците на конференцијата“ изјави Димова.

Во декларацијата меѓу другото, се бара да се нагласи фактот дека билатералните прашања треба да бидат решавани од засегнатите страни, и тие не смеат да го попречуваат процесот на пристапување, како и тоа Македонија годинава да добие датум за почеток на преговори.

Аудиозапис од конференцијата

Претставени резултатите од Програмата за образование на Роми

Ромите не се и нема да бидат сами



На 28 мај во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Програмата за образование на Роми организира свеченост на која беше прославено завршувањето на средното образование на 98 средношколци Роми, корисници на стипендија и менторска помош од Програмата. Беа претставени и резултатите на Програмата постигнати со основците и студентите Роми. 44 студенти Роми од различни места од Република Македонија, се стекнаа со универзитетски дипломи во текот на реализацијата на Програмата (2004-2010).

Американскиот амбасадор, Филип Рикер, во името на Американската амбасада и УСАИД им честиташе на матурантите и дипломците на постигнатите резултати, изразувајќи надеж дека токму денешните корисници на Програмата за образование на Роми, во иднина ќе можат да придонесат за развој на целокупното македонско општество. „Вие покажавте што се може да се постигне кога на вредни луѓе соодветно ќе им се помогне. Инвестирањето во образованието е најдобрата алатка за подобрување на општеството.“ изјави Рикер.

Извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, Владимир Милчин, на корисниците на програмата, им порача дека Ромите никогаш нема да бидат сами во Република Македонија. „Ромите не се сами, и Ромите нема да бидат сами. Со Програмата докажавме дека сите можеме да направиме нешто за оние кои имаат полош старт од нас.“ рече Милчин.

На свеченоста се обрати и министерот без ресор Неждет Мустафа кој ја истакна важноста на образованието за ромската заедница. Присутните имаа можност од Себијан Фејзула, апсолвентка на Филозофскиот факултет во Скопје од прва рака да ги слушнат искуствата на еден корисник на Програмата за образование на Роми.„Стипендијата ми беше мотивација, но ми наметна и обврска солидно да ги положам моите испити и да го оправдам вложувањето во мене зашто бев свесна дека на моето место можеше да биде било кој студент“- рече Фејзула.

Присутните можеа поблиску да се запознаат со реализацијата на Програмата преку фотографии од активностите на центрите за образовна поддршка, како и преку нивните штандови на кои беа изложени изработките од децата, корисници на Програмата.
КОНКУРС

За ментори на средношколци и студенти Роми кои учат/студираат на медицински училишта/факултети во учебната 2010/11 година



Програма за медицински стипендии за Роми
Компонента менторство

Во рамките на Програмата за јавно здравство, во 2010 година фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), започна со реализација на Програма за медицински стипендии за Роми. Програмата содржи 4 компоненти: финансиска поддршка (стипендија), менторство, обука за застапување и медиумска компонента.Финансиската поддршка за програмата ја обезбедуваат Ромскиот образовен фонд од Будимпешта и Институтот отворено општество/Програма за здравје на Ромите, Будимпешта. Партнерска организација за реализација и координација на проектот во Македонија е фондацијата Институт отворено општество Македонија.

Прочитајте го целиот текст на конкурсот и преземете ја потребната документација
КОНКУРС


за Тренинг организации за Програма за медицински стипендии за Роми, Компонента за застапување

Во рамките на Програмата за јавно здравство, во 2010 година фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), започна со реализација на Програма за медицински стипендии за Роми. Програмата содржи 4 компоненти: финансиска поддршка (стипендија), менторство, обука за застапување и медиумска компонента.
Финансиската поддршка за програмата  ја обезбедуваат Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта и Институтот отворено општество/Програма за здравје на Ромите, Будимпешта. Партнерска организација за реализација и координација на проектот во Македонија е фондацијата Институт отворено општество Македонија.

Краток опис:

Целта на обуката за застапување е на учесниците да им обезбеди: информации за програмата, подигнување на свесноста за здравствената заштита/состојба на Ромите, поттикнување и јакнење на капацитетите за активно вклучување во процесот на подобрување на здраваствената заштита на Ромите. Обуката треба да биде испланирана така, да се реализира во период на една недела во облик на летен камп.
Обуката за застапување треба да овозможи развивање на нова генерација лидери  Роми во областа на здравството кои ќе учествуваат во креирањето и имплементацијата на политики за јавно здравство и социјална инклузија.
Покрај основните обуки за јакнење на капацитети и застапување: комуникациски вештини, лидерство, род и здравствени проблеми и работа во мултиетничка средина  наменети на учениците и студентите Роми кои учат и студираат на медицинските училишта и факултети, модулите/сесиите предвидени во предлог проектот треба да се фокусираат на следниве прашања:
- Организација на системот за здравствена заштита во РМ
- Услови за обезбедување на здравствена заштита
- Информираност на осигурениците
- Начини на застапување за решавање на проблемите со кои се соочуваат Ромите при обезбедувањето на здравствена заштита

Организацијата треба да понуди комбинација од теоретски и практични сесии за стекнување на  знаења, информации за здравјето и здравствени проблеми  со кои најчесто се засегнати  Ромите во Македонија.

Заинтересираните организации треба да достават Предлог проект со содржина и план за реализација на обуки за јакнење на капацитети на ученици и студенти запишани на некој од медицинските училишта и факултети во Македонија како дел од Програмата за медицински стипендии за Роми. Документот треба да има околу 5 страни.

Предлог проектот треба да ги содржи следниве компоненти:

• Цел на програмата за застапување и обуките кои се содржани во предлог проектот
• Програма/содржина и план за испорака на обуките по модули/сесии во период од една недела
• Потребни ресурси за реализирање на обуките
• Период на одржување на обуките месец Август
• План за следење на усвоените знаења
• Распоред за имплементација во временски период (Јуни 2010 – Декември 2010)
• Буџет за реализирање на активностите

Дополнителни документи кои треба да се испратат:
- Портфолио на организацијата/институцијата
- Биографија на менаџерот/директорот, како и Биографии на обучувачите
- Три референци за испорачани обуки
- За кого биле наменети обуките (целни групи, организации и сл.)

Рокот за поднесување на предлог-проектот е до 23 MAJ 2010

Предлог проектите може да се достават:
• Лично, секој работен ден од 13:00 – 15:00 часот
• По препорачана пошта на адреса: Бул. Јане Сандански 111, Скопје
п.фах378 Република Македонија (со назнака за Програма за медицински стипендии за Роми/компонента медиуми)
• На е-маил ajsel.memet@soros.org.mk

Дополнителни информации за програмата и конкурсот за поддршка на проекти може да добиете на е-маил ajsel.memet@soros.org.mk и тел. 02 2 44 44 88 лок.107 секој работен ден (од 13:00 до 15:00 часот)
ПРАВНА ПРОГРАМА

Правна клиника за слободен пристап до информации



pravna klinkaНа 5 мај (среда) 2010 година со почеток во 13:00 часот, во малиот амфитеатар 2,  на Правниот факултет „Јустинијан I“ ќе биде промовирана Правната клиника за слободен пристап до информации од јавен карактер. Целта на клиниката е да им помогне на студентите да го остварат своето право на пристап до информациите од јавен карактер.

Преку Правната клиниката студентите ќе вршат истражувања за квалитетот на студентското образование, кои наоди и резултати ќе бидат публикувани. Студентите ќе испраќаат барања за пристап до информации од јавен карактер до високообразовните институции, со цел да го остварат своето право за слободен пристап. Дополнително, Правната клиника ќе нуди правна помош за сите заинтересирани студенти кои ќе покажат интерес за работењето на овие институции. Исто така, клиниката ќе организира трибини на неколку факултети на релевантни теми од областа на образовниот систем на Република Македонија, како и ќе го промовира правото за слободен пристап до информациите. На крајот на годината Младинскиот образовен форум, кој раководи со Правната клиника, ќе ги издаде анализираните резултати од истражувањата во брошура.

Во работењето на клиниката  учествуваат членови на Младински образовен форум и волонтираат студенти од постдипломските студии по Административно право и јавна администрација од Правниот факултет „Јустинијан I“.

Канцеларијата на клиниката се наоѓа во просториите на Правниот Факултет „Јустинијан I“ и е отворена секој работен ден. Таа е резултат од соработката помеѓу Младински образовен форум, Правниот Факултет „Јустинијан I“ и Фондацијата Институт oтворено oпштество - Македонија.

Преземете ја поканата за трибина (.pdf)
ПРОЕКТ

Образование на сиромашни



obrazovanie za siromasni 1Проектот Образование на сиромашни обезбедува училишен прибор за 19.714 ученици од 309 основни училишта во целата држава.

Проектот има за цел да помогне во намалување на трошоците за школување на децата, да им помогне на учениците редовно да ја следат наставата и со тоа да се овозможи полесен премин во следни одделенија во образованието. Секој од учениците добива по два комплети (еден за првото и еден за второто полугодие) со најнеопходниот помошен училишен прибор.

obrazovanie za siromasni 2Проектот се спроведува во текот на оваа и следната учебна година (2010-2011) во партнерство со Министерството за образование и наука на РМ, а со финансии од Соросовиот ургентен фонд наменет за ублажување на последиците од економската криза.
НВО ИНФОЦЕНТАР РЕАГИРА


Институтот „Димитрија Чуповски“ ги узурпира авторските права и правата на интелектуална сопственост на „Медиумско огледало“

NVO info centarНВО Инфоцентарот е вчудовиден од неетичкиот и неморалниот чин на Институтот „Димитрија Чуповски“ за узурпација на авторските права и правата на интелектуална сопственост на нашата програма за континуирано набљудување и анализа на медиумите - „Медиумско огледало“.

Овој Институт, со објавувањето на квантитативниот мониторинг на медиумите насловен како „Медиумско огледало“,  на најочигледен и најнекоректен начин се обидува да ги „позајми“  брендот и репутацијата на мониторингот на медиуми „Медиумско огледало“,  на НВО Инфоцентарот,  кој се спроведува (објавува) веќе пет години и  кој им е многу добро познат на сите медиуми и медиумски организации, на сите јавни и државни институции, на сите меѓународни организации во државава, на целиот дипломатски кор и на целата јавност воопшто.

Институтот  копирајќи го  името на нашата програма за истражување преку неовлaстeното користење, располагање, емитирање  и вознемирување на нашите права, ги доведува во заблуда сите овие институции , како и јавноста во целина.  За оваа постапка на Институтот „Димитрија Чуповски“, НВО Инфоцентарот  веќе и официјално ги извести сите домашни и меѓународни институции и организации, кои редовно ги добиваат и ги читаат извештаите на „Медиумското огледало“.  

НВО Инфоцентарот за да ги заштити авторските права и правата на интелектуална сопственост на својата програма веќе ги презема сите со закон предвидени чекори и активности.

Едновремено, најљубезно ги замолуваме претставниците на Институтот „Димитрија Чуповски“ да му најдат ново име на својот мониторинг и самостојно да се обидат да му изградат препознатлив бренд и репутација.

„Медиумското огледало“ на НВО Инфоцентарот е програма која во континуитет се спроведува од  мај 2005 година, со финансиска поддршка на Шведскиот хелсиншки комитет за човекови права, Амбасадата на САД во Република Македонија и на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Основната цел на оваа програма  е да го набљудува и анализира квалитетот на информациите што граѓаните ги добиваат преку медиумите за клучните општествени процеси во Македонија (изборите, реформите, децентрализацијата, односите со соседите, евроинтеграциите и др.).  Досега во рамките на  „Медиумското огледало“  се објавени 38 извештаи, а до крајот на април ќе биде објавен и првиот извештај за 2010 година, посветен на информирањето на медиумите за спорот со името.
ДЕКЛАРАЦИЈА

против реализацијата на проектот наречен „Скопје 2014“



Со огромна доза на загриженост, потполна свесност, без никакви политички предрасуди, а со цел да укажеме на погрешните потези што ги прави актуелната власт, како и на висината на финансиските средства потребни за реализација на проектот „Скопје 2014“, во насока кон совесно, транспарентно и домаќинско работење и трошење на нашиот заеднички буџет, оформен со собирање на даноци и народни пари, ние, долу потпишаните претставници на цивилниот сектор и на институциите, со чувство на длабока лична, морална и широка цивилизациска одговорност ја усвојуваме оваа:

ДЕКЛАРАЦИЈА ПРОТИВ РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ НАРЕЧЕН „СКОПЈЕ 2014“

За таа цел предлагаме Владата веднаш јавно да се откаже од спроведувањето на планираните активности и предвидените финансиски средства да ги пренасочи кон:

1. Решавање на проблеми од економската сфера и инфраструктурни проблеми како и решавање на прашања од особен приоритет, какви што се прашањата на стечајните работници и на лицата со посебни потреби, борбата против корупцијата и криминалот, решавањето на проблемите на самохраните родители и на социјалните семејства...

Преземето го целиот документ

Deklaracija
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА


Одлагањето на донесувањето подзаконски акти по Законот за бесплатна правна помош може да доведе до ограничен пристап до правдата


soopstenieФондацијата Институт oтворено oпштество - Македонија (ФИООМ) и Македонското здружение на млади правници, реагираа на неисполнувањето на обврската на Министерството за правда за донесување на подзаконските акти по Законот за бесплатна правна помош, во рокот предвиден со Законот.

На прес-конференција која се одржа денеска, 19 април 2010, ФИООМ и Македонското здружение на млади правници, побараа итно донесување на подзаконските акти со кои би се регулирале клучните прашања за целосна функционалност на Законот.

Подзаконските акти, меѓу другото треба да ги одредат: содржината и формата за трошовникот на адвокатот за дадената правна помош, содржината на барањето за добивање на овластување за давање бесплатна правна помош, и содржината на образецот за барање на бесплатна правна помош.

Според Ана Медарска од ФИООМ, токму овие прашања се клучни за востановување на системот на бесплатна правна помош. Слично мислење има и Жарко Хаџизафиров од Македонското здружение на млади правници.

„Голема штета е тоа што овој процес ќе се одложи затоа што со недонесување на подзаконските акти во предвидениот рок, може да се доведе до одложување на примената на првиот систем за бесплатна правна помош во Македонија. Со тоа, краен негативен резултат би било необезбедување на целосен пристап до правдата на граѓаните на Република Македонија, посебно на оние групи  на кои им е најпотребна, и за кои што се донесува овој закон.“ –изјави Хаџизафиров.

Законот за бесплатната правна помош беше донесен во декември 2009 година и објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 161/2009 година од 30 декември 2009 година, стапи во сила во јануари годинава, а ќе почне да се применува од јули 2010 година.

Преземете го соопштението (.pdf)
КОНФЕРЕНЦИЈА

„Може ли да ни банкротира државата?“



Во организација на ФИООМ, на 05 мај 2010 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 10 часот, ќе се одржи конференцијата на тема „Може ли да ни банкротира државата?“, која ќе се фокусира на анализа на макроекономската политика во Република Македонија и ќе понуди стратегија и можни решенија за излегување од финансискиот и економски колапс и побрзо заздравување на економијата.

Дневен ред  

Покана
КОНКУРС

за медицински стипендии за Роми за академска/учебна 2010/2011 година



REF logo Ромскиот Едукативен Фонд/Програма за стипендирање (РЕФ/ПС) во рамките на Програмата за медицински стипендии за Роми/Roma Health Scholarship Program (RHSP) за прв пат го објавува конкурсот за доделување медицински стипендии за Роми кои се ученици/студенти на средно стручните медицински училишта/медицински факултети во Република Македонија, со цел да се зголеми бројот на Роми со завршено медицинско образование кои ќе придонесат за унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите. Финансиските средства за програмата се обезбедени од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) и програмата за Ромско здравје на Институт отворено општество (ИОО), од Будимпешта. Програмата содржи 4 компоненти: стипендирање, менторство, застапување и медиуми.

Право на конкурирање за стипендија имаат кандидати кои:
• се запишани како редовни студенти/ученици на признати универзитети/училишта во РМ во академската/учебната 2010-2011 год.
• се на додипломски, магистерски или докторски студии
• се државјани на Република Македонија
• исто така може да се пријават и средношколци кои учат во средните медицински училишта во учебната 2010/2011 година.

Предвид ќе бидат земени само оние кандидати кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање во програмата и кои доставиле целосен пакет со пријава при тоа почитувајќи ги крајните рокови посочени во упатството за конкурирање. Изборната комисија на Програмата за медицински стипендии за Роми ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чиј што пакет со пријава има највисока квалитативна вредност, имаат висок академски/ученички успех, се општествено ангажирани, имаат висок квалитет на препораките како и врз основа на препораките на Советодавната комисија. Конечната селекција ја прави Изборна комисија на програмата за стипендирање RHSP од Будимпешта.

Рокот за пријавување за стипендии е до 30 MAJ 2010.

Пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб страната на Програмата (http://ref.rmusp.org/).

Ве молиме имајте предвид дека сите заинтересирани кандидати од Македонија мораат да ги праќаат своите целосни документи до координаторот на Програмата исклучиво по препорачана пошта на долунаведената адреса:

Фондација Институт отворено општество – Македонија
Програма за медицински стипендии за Роми – RHSP
бул. Јане Сандански бр. 111
1 000 Скопје, Македонија

Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот медицински стипендии на Роми можете да добиете во ФИООМ, лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 2444 488.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Коментари на ФИООМ за Предлог – законот за спречување и заштита од дискриминација и Предлог – законот за здруженија и фондации



Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) будно ја следи изработката на два битни закони кои ги гарантираат почитувањето на фундаменталните човекови права на граѓаните на Република Македонија и ја детерминираат улогата на граѓанскиот сектор во Република Македонија. Тоа се Предлог - законот за спречување и заштита од дискриминација и Предлог – законот за здруженија и фондации. Во насока на нивно подобрување, ФИООМ, на 18 и 19 февруари 2010 година, испрати коментари на предлог - законите, до соодветните институции.

Новопредложената верзија на Предлог – законот за спречување и заштита од дискриминација, доставена до Собранието на Република Македониаја на 26.01.2010 година задава нови проблеми и дилеми за ефикасноста и сериозноста на системската борба против дискриминацијата во Република Македонија во врска со: (1) утврдувањето на предметот и целта на донесувањето на овој закон; (2) дефинициите на облиците и основите на дискриминација; (3) статусот на Комисијата за заштита од дискриминација; (4) утврдувањето на надлежностите и работењето на Комисијата; (5) некористење на институтот пријателски спогодби; (6) изоставање на социјалниот дијалог како инструмент за борба против дискриминацијата и (7) игнорирање на процесот на едукација и дисеминација поврзани со борбата против дискриминацијата.
Коментарите на овој Предлог-закон, на 18 февруари, беа доставени до Министерството за труд и социјална политика, Секретарјатот за европски прашања при Влада на РМ, Членовите на работната група за изработка на Законот, Членовите на Националниот совет за евроинтеграции, Членовите на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на Република Македонија.

Коментарите во однос на последниот текст на Предлог - законот за здруженија и фондации, на 19 февруари беа доставени до Министерството за правда, Членовите на работната група за изработка на предлог-законот, Членовите на Националниот совет за евроинтеграции, Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Со оглед на важноста на граѓанскиот сектор за развојот на демократските вредности во едно општество, од особено значење за функционирањето на истиот е креирањето на една либерална и конзистентна правна рамка на правото на слободно здружување, кое е загарантирано со членот 20 од Уставот на Република Македонија. Имајќи го ова предвид, ФИООМ понуди забелешки и сугестии на дел од решенијата содржани во Предлог-законот кои се однесуваат на правната рамка за ефикасно остварување на правото на здружување во Република Македонија.

Коментарите се однесуваат на предложените решенија кои ги уредуваат прашањата за: 1) статусот од јавен интерес, како институт кој досега не постоеше во правниот систем на Република Македонија, 2) можностите на граѓанските организации да учевствуваат во јавниот живот и во креирањето политики и прописи, 3) организационата структура на здруженијата и фондациите, како и извесен број останати прашања од значење за ефикасното користење на правото на здружување.


Коментари на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација
(.pdf)

Коментари на Предлог-законот за здруженија и фондации (.pdf)

ПРОМОЦИЈА

Нова едиција „Градот“



Promocija nova edicija gradotВо неделата навечер, на 28 март, на годишнината од насилнички оневозможениот протест против изградба на верски објекти на скопскиот плоштад, во Точка беше одржана промоција на првите три книги од новата едиција, „Градот“.

Станува збор за следниве наслови:

1. НЕРЕД И ГРОТЕСКА; разговори и сатири за проектот „Скопје 2014“, од 13 автори: Георги Константиновски, Борис Чипан, Јасмина Силјаноска, Ана Ивановска, Минас Бакалчев, Јован Ивановски, Владимир Петрушевски, Небојша Вилиќ, Сузана Милевска, Копач, Арвидас Кртина, Ирена Цветковиќ и Пандалф Вулкански;

2. КРАДАТ ГРАД!; зборник текстови за проектот „Скопје 2014“, од 14 автори: Мирослав Грчев, Драган Поповски, Влатко П. Коробар, Радмила Шеќеринска, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, Мерсел Биљали, Жарко Трајаноски, Дејан Буѓевац, Петрула Костовска, Ана Ангелова, Томислав Османли, Ристо Лазаров, Михаил Токарев и Прва Архи-бригада;

3. АРХИТОРТУРА И ГРОБАЛИЗАЦИЈА, текстови за градот, од Никола Гелевски.

На промоцијата во културниот центар „Точка“ се собраа педесетина луѓе, меѓу кои беа и дваесетина од застапените автори. За книгите и за поводот зборуваа Никола Гелевски, уредникот на едицијата, и Никола Наумовски, како член на здружението „Плоштад Слобода“ (познато по својот едногодишен активизам против урбанистичкото насилство на власта).

Гелевски, меѓу другото, истакна дека единствената добра работа од ужасниот владин проект „Скопје 2014“ е што конечно интензивно почнавме да разговараме за сопствениот град. И дека ни претстои не само градење на нови физички инфраструктури, толку потребни за градот, туку и градење на нови социјални мрежи, една поинаква, поблагородна и поодговорна „човечка инфраструктура“ која е суштината на градот.

На крајот од своето обраќање, Гелевски обрна внимание дека вечерашниот настан е еден од последните во културниот центар „Точка“, со оглед на фактот што државата, сопственик на објектот, нема никаква намера да ја поддржува реалната и независната културна продукција и вистинските брендови на Скопје, меѓу кои сигурно спаѓа и „Точка“.

Никола Наумовски направи мал преглед на настаните од 28 март 2009 до денес, спомнувајќи ги судските процеси против организаторите на протестот, како и постојаните закани и заплашувања од власта. „Што воопшто не нè обесхрабрува во борбата против урбанистичкото лудило; баш обратно: нè мотивира“, истакна Наумовски.

Издавач на книгите е книгоиздаталството „Темплум“ во соработка со „Плоштад Слобода“. Беа најавени и нови промоции, во неколку градови низ земјата, како и претставување на едицијата на претстојниот скопски Саем на книгата.

повеќе за едицијата на следниов линк

Преземено од okno.mk
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Законот за антидискриминација не ги исполнува европските критериуми



Коалицијата за заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници, во соработка со Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), Македонскиот Хелсиншки комитет и ЦИВИЛ, на 23 март организираше прес-конференција на која јавно го критикуваше Предлог-закон за заштита и спречување на дискриминација, предложен од страна на Владата на РМ.

Според Наде Наумовска од ФИООМ, прифатените амандмани не придонесуваат за подобар закон за антидискриминација. Во делот каде што се наведени работите кои нема да се сметаат за дискриминација, семејството е дефинирано „како заедница на спротивни полови, односно на еден маж и жена“. Ова е сосема контрадикторно на Законот за семејство, каде што „семејство е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во заедничко домаќинство“.

Наумовска ги повика предлагачите на амандманите да објаснат зашто во предложените амандмани како исклучок од дискриминација се внесува и уставно гарантираното начело на слобода на говорот, јавниот настап, мислење и јавното информирање за исклучок од дискриминација. Ваквите слободи се веќе дефинирани во Уставот на Република Македонија и истите не треба да се земаат како апсолутно право, но и интервенирањето во овие права е веќе регулирана правна материја согласно кривичниот законик и согласно ратификуваните меѓународни договори.

Предвидената комисија за антидискриминација е исто така спорен дел од Законот. Не е определено времето за нејзино започнување со работа и нејзината организациона структура и начин на постапување, професионалниот карактер на функцијата и неспоиливоста на истата со вршење на друга функција, како и недефинираноста на улогата претседателот на комисијата. И по прифатените амандмани, Комисијата останува оневозможена самата да покренува постапка за спречување, утврдување или заштита од дискриминација.

Коалицијата за заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници го осуди начинот на кој се водеше дискусијата за овој закон во Собранието на Република Македонија. Наместо да се афирмираат вредностите кои ги промовира Закон, а кои се засноваат на принципите на еднаквост, недискриминација и универзално почитување на човековите права, актуелната дебата за Законот провоцираше серија хомофобични говори кои доаѓаа од страна на претставници на релевантни институции. Славчо Димитров, претставник на Коалицијата, изјави дека дебатата за Законот, едновремено, се користи и за директен напад врз граѓанскиот сектор, негова делегитимизација и непосредно посочување и жигосување на граѓанските активисти.

Законот за антидискриминација е еден од поважните закони кои треба да бидат донесени за да може да напредуваме во евроинтеграциите, но законот предложен од владата го нема неопходниот квалитет, заклучи Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
СООПШТЕНИЕ

Амандмани на Предлог-законот за здруженија и фондации



Во пресрет на претстојното второ читање на Предлог-законот за здруженија и фондации во работните тела на Собранието на Република Македонија, а со оглед на тоа што голем дел од предложените решенија во текстот на Предлог-законот не ги задоволуваат потребите за либерализација на правната рамка на правото на слободно здружување во Република Македонија, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија изготви амандмани на текстот на Предлог-законот и истите ги достави до Министерството за правда и до Собранието на Република Македонија.

Со оглед на значењето на прашањата кои се уредуваат со Предлог-законот за функционирањето на цивилното општетсво во Република Македонија, цврсто укажуваме на потребата од вградување на изготвените амандмани во текстот на Предлог-законот. Истовремено, информираме за иницијативата на неколку граѓански организации, вклучувајќи ја и ФИООМ, доколку биде пропуштена можноста за подобрување на текстот на Предлог-законот при второто читање во работните тела на Собранието, да биде побарано повлекување на текстот на Предлог-законот од собраниската постапка и негова суштинска преработка.

Овие ставови, како и изготвените и доставени амандмани, се поддржани и од следните организации: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Здружение „БОРКА – за секој нов ден“, Младински образовен форум, Цивил – Центар за слобода, Младински културен центар – Битола, Центар за современи уметности Скопје, Здружение на граѓани за поддршка на меѓуетничкиот дијалог и развој на заедницата ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ и Фондација за локален развој и демократија ФОКУС- Велес.

Текстот на предложените амандмани од страна на ФИООМ, дополнителниот амандман на Здружението „БОРКА – за секој нов ден“, како и коментарите на текстот на Предлог-законот подготвени од страна на Европскиот центар за непрофитно право од Будимпешта, можете да ги најдете на долунаведените линкови.


Амандмани на Предлог-законот за здруженија и фондации (.pdf)

Коментари за Предлог-законот за здруженија и фондации (.pdf)

Амандман на Предлог-законот за здруженија и фондации од Здружение Борка (.pdf)

БАРАЊЕ

до Владата на Република Македонија како предлагач на Законот за спречување и заштита од дискриминација



Имајки го предвид значењето кое што го има донесувањето на легислативата за еднаквост во Република Македонија
Имајки го предвид долгиот процес на развој на ваква легислатива
Имајки го предвид значењето на хармонизацијата на оваа легислатива со ЕУ правото од оваа област и неминовноста дел од промените да се внесат независно од моменталните размисли на власта или граѓанскиот сектор
Имајки предвид дека Законот за спречување и заштита од дискриминација мора да биде во согласност со ЕУ директивите за еднаквост Загрижени заради последната верзија на понудениот текст усвоена од страна на Владата и дадена во собраниска процедура
Загрижени поради фактот што процесот на консултација со граѓанското општество беше изигран и девалвиран со понуда на текст кој не е усогласен со нив и кој веќе е критикуван од страна на Венецијанската комисија

Повеќе >>>


ПРОТИВ СЕЕЊЕТО МАГЛА


Во 2009 година ФИООМ потроши 5.008.172 евра добиени од основачот Џорџ Сорос и од Агенцијата за меѓународен развој на САД, Ромскиот образовен фонд, Швајцарската агенција за развој, Холандската амбасада, Европската комисија и Фондацијата Песталоци. И за 2009 година, како што тоа го прави од 1992 година, ФИООМ ќе објави детален финансиски извештај потврден од надворешна ревизија, согласно меѓународните стандарди. Извештајот ќе биде објавен во печатените медиуми и на веб страната www.soros.org.mk. Но, за да се растурат маглите и лагите за тоа кого и што поддржува ФИООМ, го објавуваме овој преглед за 2009 година:

Дополнителна образовна поддршка и училишен прибор за 2500 ученици Роми во 15 основни училишта; 220 стипендии и менторска помош од 100 наставници за средношколци Роми; стипендии за 35 студенти Роми и туторска помош, обуки и семинари за 83 студенти Роми; обуки и кампови за социјална правда и интеркултурно образование за 450 наставници и 350 ученици од 11 средни училишта со мешан етнички состав; 800 млади вклучени во локалните младински иницијативи организирани од Младинскиот образовен форум; 200 студенти од факултетите за драмски уметности од 13 европски земји и преку 3000 посетители на настаните на СКОМРАХИ; 6000 посетители, главно млади, на мултиетничкиот хепенинг Под исто сонце во Струга.

Повеќе >>>

ПРАВНА ПРОГРАМА

Јавна расправа за Предлог-законот за здруженија на граѓани и фондации



Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) на 3 март 2010 организираше јавна расправа за Предлог-законот за здруженија на граѓани и фондации. На расправата беше презентиран Предлог-законот, како и коментарите кои ФИООМ ги испрати до Министерството за правда, членовите на работната група за изработка на предлог-законот, членовите на Националниот совет за евроинтеграции и членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин, во своето воведно излагање потенцираше дека граѓанските здруженија се разочарани од понудениот Предлог-закон и дека не се исполнети очекувањата дека новиот закон ќе биде полиберален од важечкиот. Според него, Владата на Република Македонија си го зема правото на своите граѓани да им дозволи работи кои им се загарантирани со основните начела и принципи на демократијата.

Претставничката на Министерството за правда, Загорка Тноковска, ја презентираше содржината на Предлог-законот. Според неа, дел од промените кои ги нуди предложениот закон во споредба со стариот се однесуваат на регистрацијата на организациите, можноста за основање организации од страна на странци, правни лица и малолетници и прекршочните одредби.

Најголемата промена која ја нуди овој Предлог-закон е воведувањето на статусот „организации од јавен интерес“. Овој статус им се доделува на организации кои работат заради остварување на јавниот интерес и кои за таквото работење можат да добијат поддршка од државата преку разни поволности. Ана Медарска од ФИООМ изрази сомневање во поглед на применливоста на одредбите со кои се уредува статусот од јавен интерес и укажа на потребата за усогласување на даночните и царинските прописи, заради обезбедување вистински поволности за организациите кои ќе се стекнат со ваквиот статус. Контраверзен момент е и телото кое ќе одлучува за тоа кои организации ќе добијат статус на „организации од јавен интерес“. Во Предлог-законот предвидено е решение Владата на Република Македонија да одлучува за давањето на статусот. Неда Коруновска го изрази мислењето дека ваквото решение е нереално бидејќи Владата треба да се занимава со посуштински работи од ова.

Поголемиот дел од претставниците на граѓанскиот сектор сметаат дека понудениот закон не одговара на потребите на невладините организации, но има и такви кои мислат дека Предлог-законот го унапредува веќе постоечкиот Закон.

Предлог-законот за здруженија на граѓани и фондации истиот ден беше разгледуван на седница на Собранието на РМ во прво читањe.

Аудиозапис од конференцијата

Прв дел



Втор дел

НАЈАВА НА ЈАВНАТА РАСПРАВА

Правото на слободно здружување во предлог-законот за здруженија и фондации



Владата на Република Македонија во февруари 2010 година до Собранието достави Предлог-закон за здруженија и фондации. Истиот е ставен на дневен ред на пленарната седница на Собранието на Република Македонија закажана за 01 март 2010 година (понеделник).

Со оглед на потребата за поцелосно запознавање на граѓанските организации со решенијата предвидени во Предлог-законот за здруженија и фондации, а имајќи го предвид значењето што овој Предлог-закон го има за функционирањето на организациите, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) организира јавна расправа на тема „Правото на слободно здружување во Предлог – законот за здруженија и фондации“, која ќе се одржи на 03 март 2010 година, со почеток во 09.45 часот, во хотел Холидеј Ин, во сала „Милениум 1 “.

Во прилог ќе ги најдете нацрт-агендата за настанот, текстот на Предлог-законот доставен до Собранието на Република Македонија, како и коментарите на Предлог-законот, изготвени од страна на ФИООМ и поднесени до Министерството за правда, Националниот совет за евроинтеграции, членовите на работната група за изготвување на Предлог-законот и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во Собранието на Република Македонија.

Агенда (.pdf)

Предлог-закон за здруженија и фондации (.pdf)

Коментари на предлог-законот за здруженија и фондации (.pdf)

ДЕМАНТ


osifosim







Повод: Написот објавен во весникот „Вечер“ бр. 14331 од 25.02.2010 година со наслов „Соросоидите играле прљаво насекаде, па и во Америка“


Во врска со наводите во горенаведениот напис во весникот „Вечер“ канцеларијата на Институтот отворено општество во Њујорк и ФИООМ се обраќаат до македонската јавност со следново соопштение:

Институтот отворено општество веќе не го финансира АКОРН на никаков начин. ИОО го прекина финансирањето пред да се појават известувањата на кои се повикува „Вечер“. Понатаму, многу од таканаречените факти во написот на „Вечер“ не се само спорни туку се и клеветнички. Тврдењата за АКОРН на кои се осврнува написот веќе одамна се отфрлени.

На долунаведениот линк од веб-страницата MediaMatters може да се најдат прецизни информации за случајот АКОРН (ACORN):
http://mediamatters.org/columns/201002170008

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија останува посветена на транспарентноста како составен дел на отвореното општество и со овој демант сака да придонесе за веродостојно и квалитетно информирање на македонската јавност.

ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Програма за сексуално здравје и права



Успешното спроведување на двата проекта поддржани од ФИООМ во текот на 2009 година, предизвикаа внимание и надвор од границите на Македонија.

Проектите: “Модел за долгорочна правна помош и заштита на правата на сексуалните работници“ спроведен од граѓанската организација ХОПС и “Промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници“ спроведен од Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници се опшани како успешни модели на линковите:

http://www.soros.org/initiatives/health/focus/sharp/news/macedonia-sexworkers-video-legalaction-20090901?utm_source=Open+Society+Institute&utm_campaign=1d0cb8ec82-sharp_20100218&utm_medium=email

http://www.soros.org/initiatives/health/focus/sharp/articles_publications/publications/marginalized-communities-report-20091201

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ

„ЕДНАКВИ ОБРАЗОВНИ МОЖНОСТИ ЗА ДЕЦАТА РОМИ“



obrazovanie romi 1Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ), на 24 февруари 2010 година одржа конференција по повод завршувањето на проектот „Еднакви образовни можности за децата Роми“, финансиран од амбасадата на Кралството Холандија. На конференцијата учествуваа претставници на партнерските училшта и невладини организации, претставници на МОН, Амбасадата на Кралството Холандија како и на меѓународните организации активни на полето на образованието.

Амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини во своето обраќање до присутните изрази големо задоволство од постигнатите успеси во проектот. Истовремено го потенцираше значењето на образованието за животот на сите луѓе и додаде дека оваа конференција не треба да биде крај, туку почеток на една системска програма за помагање на образованието на Ромите.

На конференцијата учествуваше и Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, кој изјави дека Министерството за образование и наука ги цени напорите на ФИООМ за интегрирање на Ромите во образовниот процес. Тој нагласи дека Министерството работи во иста насока преку доделување на 650 стипендии за Ромите средношколци. Тодоров најави дека во моментов се подготвува и прирачник за недискриминација во образованието, во кој важно место ќе имаат и Ромите како маргинализирана група.

Со проектот, које се спроведуваше во периодот од 2006 до 2009 година, беа опфатени десет основни училишта низ Македонија и 2600 ученици од ромска националност кои покажуваа послаб успех во учењето.

obrazovanie romi 2На учениците од одделенска настава им беа овозможени дополнителни часови по македонски јазик и математика, а на учениците од предметната настава им се даваше помош по предмети по кои имаа најслаб успех. Сите ученици вклучени во проектот добиваа учебници, училишен прибор и ужинка. На наставниците во училиштата им беа одржани обуки за подобрување на наставните техники и методи. Истовремено, 12 локални невладини организации, како дел од проектот, работеа со родителите на учениците Роми со цел да ги поттикнат родителите поактивно да учествуваат во процесот на школување на нивните деца.

Како резултат на активностите во проектот зголемен е бројот на ученици Роми кои го завршуваат основното образование, а намален е и бројот на откажувања од образование. Забележано е и зголемување на успехот на учениците кои беа опфатени со проектот.

ПРАВНА АНАЛИЗА

Ефикасност во заштитата на човековите права при пречекорување на полициските овластувања во 2009



covekovi pravaВо рамките на Проектот за поддршка на човековите права, денеска, 24 февруари 2010 година, беше промовирана правната анализа за 2009 година „Ефикасност во заштитата на човековите права при пречекорување на полициските овластувања“. Проектот заеднички го имплементираат здруженијата на граѓани “Центар за демократски развој“ од Тетово, “Форум за правата на Ромите –Арка “од Куманово, “Центар за граѓанска иницијатива“од Прилеп, “Избор” од Струмица и Коалиција “Сите за правично судење”, а финански е поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и УНВФВТ – Фондот за жртви од тортура при Организацијата на Обединети нации.

Годишната правна анализа е изготвена врз основа на укажаната бесплатна правна помош на граѓани кои сметаат дека се потенцијални жртви на полициска злоупотреба или тортура. Во периодот од 1 ноември 2008 година до 31 октомври 2009 година, во 42 случаи е побарана бесплатна правна помош од граѓани кои тврделе дека се жртви на полициска злоупотреба и дека нивните права се повредени со пречекорување на полициските овластувања.

Од вкупно пријавените 42 случаи ,во 21 граѓаните се пожалиле на прекумерна употреба на сила,во 5 случаи за малтретирање во вршење на службата,во 2 случаи за навредувачко и понижувачко однесување ,во 6 случаи за незаконско или непрофесионално постапување од страна на полициските службеници,во 4 случаи за непостапување или непреземање на мерки за заштита на животот или имотот на граѓаните,во 2 случаи за незаконско постапување при претрес на дом и лице и во 2 случаи за злоупотреба на службената должност. Од ова произлегува дека во најголем број случаи граѓаните се жалеле за прекумерна употреба на сила, за малтретирање во вршење на службата за навредувачко и понижувачко однесување.

Анализата покажува дека е зголемен бројот на пријавени случаи во споредба со 2008 година (37 случаи), односно за 15,96 отсто. Најголем број поплаки стигнувааат од Македонците, но изминатата година зголемен е бројот на поплаки од страна на Ромите.

Како позитивен тренд е забележано намалување на поплаки од страна на жени и малолетни лица (во 2009 година пријавени се 3 малолетни лица и 5 жени), како и зголемена соработка со Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

Организациите препорачуваат дека е потребно спроведување на ефикасна истрага и санкционирање на полициски службеници кои извршиле полициска злоупотреба или тортура, утврдување на индивидуална одговорност на полициските службеници со цел да се избегне генерализација, итно иницирање на законски измени за воспоставување на посебно одделение за полициска злоупотреба во Јавното обвинителство, како и формирање на независно тело кое ќе ги истражува случаите на наводно пречекорување на полициските овластувања.

ЕФИКАСНОСТ ВО ЗАШТИТАТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ПРИ ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИТЕ ОВЛАСТУВАЊА - Правна анализа за 2009 година (.pdf)

Конкурс за стипендирање на студенти Роми за академска 2010/2011 година


REF logo Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (REF/SP) го објавува по единаесетти пат конкурсот за стипендирање на студенти Роми во рамки на Програмата за стипендирање на студенти Роми/Roma Memorial University Scholarship Program (РМУСП).

Право на конкурирање за стипендија имаат кандидати кои:
• се запишани како редовни студенти на признат универзитет во РМ во академската 2010-2011 год.
• се на додипломски, магистерски или докторски студии
• се државјани на Република Македонија
• исто така може да се пријават и средношколци кои го завршуваат своето четиригодишно средно образование и планираат да се запишат на некој од признатите универзитети во РМ во академската 2010/2011 год.

Во предвид ќе бидат земени само оние кандидатите кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање во програмата и кои доставиле целосен пакет со пријава при тоа почитувајќи ги крајните рокови посочени во упатството за конкурирање. Изборната комисија на РМУСП ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чиј што пакет со пријава има највисока квалитативна вредност, имаат висок академски успех, се општествено ангажирани, имаат висок квалитет на препораките како и врз основа на препораките на Советодавната комисија. Конечната селекција ја прави Изборна комисија на програмата за стипендирање РМУСП од Будимпешта.

Рокот за пријавување за стипендии е до 30-ти април 2010.

Пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб страната на Програмата (http://ref.rmusp.org/).

Ве молиме имајте во предвид дека сите заинтересирани кандидати од Македонија мораат да ги праќаат своите целосни документи до координаторот на Програмата исклучиво по препорачана пошта на долунаведената адреса:

Фондација Институт отворено општество – Македонија
Програма за стипендирање на студенти Роми – РМУСП
бул. Јане Сандански бр. 111
1 000 Скопје, Македонија

Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот за стипендирање на студенти Роми можете да добиете и во ФИООМ,
лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 2444 488.
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Јавните набавки во Македонија се нетранспарентни и бавни



javni nabavkiЦентарот за граѓански комуникации (ЦГК), во соработка со Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ), на 22 февруари 2010 година, одржа конференција на која го објави „Годишниот извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во Република Македонија“.

Анализата на процесот на јавни набавки во државава е направена врз основа на избран примерок од 160 постапки, за чие спроведување беа објавени повици во „Службен весник“, во периодот ноември – октомври 2009 година.

Мониторингот покажа дека државните институции не се доволно транспарентни во процесот на јавните набавки и дури 40 отсто од нив не му даваат отчет на Бирото за јавни набавки. Исто така, во 25 отсто од мониторираните постапки донесена е одлука за поништување на постапката. Анализата покажува дека премногу долго трае процесот на евалуација и одлука за избор на најповолна понуда и дека одлуките се донесуваат во временска рамка од 30 до 90 дена. Договорните органи често користат нејасни и несоодветни критериуми за избор, а понекогаш тендерската документација се користи за манипулација во постапките. Мониторингот констатира дека од економските оператори се бара висока банкарска гаранција, која најчесто изнесува максимални 3 отсто од вредноста на понудата. Забелешка има и во поглед на употребата на електронските набавки, кои во 2009 година изнесуваат само 2,5 отсто. Недостига и контрола врз процесот на реализација на договорите за јавни набавки, зголемен е и бројот на жалби од страна на фирмите што укажува дека договорните органи се почесто прават грешки во постапките.

javni nabavkiЗа да се подобри процесот на јавни набавки во Македонија, Центарот за граѓански комуникации препорачува: вградување на прекршочни одредби во Законот за јавни набавки за договорните органи кои не ги почитуваат законските одредби, попрецизно дефинирање на условите на поништување на постапката, определување рок за одлука или поништување, дополнување на методологијата за изработка на критериуми, подобро подготвување на тендерската документација и почесто користење на електронскиот систем за јавни набавки како потранспарентен начин за реализирање на процесот на јавни набавки. Едновремено, ЦГК препорачува да му се даде законско овластување на Бирото за јавни набавки да може да врши контрола врз постапките кои се во тек, бидејќи со сегашниот Закон за јавни набавки, Бирото нема такво овластување.

На конференцијата присуствуваа претставници од бројни институции и организации кои се вклучени во процесот на јавни набавки, како и претставници од бизнис секторот.

Годишен извештај од Мониторингот на јавните набавки во Република Македонија - 2009 (.pdf 2,7Mb)

Ново издание на ФИООМ

Водич за граѓаните низ Министерството за животна средина и просторно планирање



vodicВодичот има за цел запознавање на граѓаните со надлежностите на Министерствата и органите во состав, нивната структура, услугите кои ги нудат кон физичките и правните лица и процедурите за нивно остварување.

Публикацијата претставува обид за доближување на јавните/државните институции до граѓаните во правец зголемување на граѓанската информираност за нивната работа преку унапредена сервисна ориентираност, транспарентност и јавен интегритет во Македонија.

Оваа публикација ќе биде преведена на албански, турски, српски и ромски јазик.

Преземете ја електронската верзија

на македонски јазик: Водич за граѓаните низ структурата, надлежностите и услугите на Министерството за животна средина и просторно планирање (.pdf 2Mb)
на српски јазик: Водич за грађане кроз структуру, надлежности и услуге Министарства животне средине и просторног планирања (.pdf 2Mb)
на албански јазик: Udhёzues pёr qytetarёt pёr strukturёn, ingjerencat dhe shёrbimet e ministrisё pёr mjedis jetёsor dhe planifikim hapёsinor (.pdf)
на ромски јазик: Legarutno LIL baše dizutne kori i struktura, autoriziripa thaj servisoja ko Ministeripe bašo dživdipaskoro maškaripe thaj thaneskoro planiripe (.pdf)

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во 2010 година учествува во Балканскиот фонд за поттикнување на културата (BIFC)


Програмата на Европската културна фондација за финансирање - Балканскиот фонд за поттикнување на културата (BIFC) е фокусирана на меѓународната културна и уметничка соработка со/во Западен Балкан. BIFC сега е целосно одделена од другите програми за финансирање, а исто така е изменета постапката за аплицирање. Во иднина, кандидатите ќе можат да аплицираат во текот на целата година. Поднесените предлог-проекти ќе бидат разгледувани на секои три месеци, што значи дека апликантите можат да очекуваат да ги добијат нивните оценки во рок од најмногу три месеци.

За повеќе информации, ве молиме погледнете го нашиот веб-сајт и посетете ја главната страница за грантови (http://www.eurocult.org/we-support-cultural-cooperation/grants/) или посебната страница за BIFC (http://www.eurocult.org/we-support-cultural-cooperation/grants/balkan-incentive-fund/).

Балканскиот фонд за поттикнување на културата е поддржан од Институтот отворено општество – Мрежна програма за уметност и култура, Институтот отворено општество - Националните фондации во Косово и Македонија, и Министерството за надворешни работи на Словенија.

Ослободителна пресуда за организаторите на протестот „Плоштад Слобода“


slikaИнститутот за човекови права, на прес-конференцијата која се одржа денеска, 16 февруари 2010 година, презентираше судски одлуки од два судски процеси, за кои во рамките на проектот „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“, обезбедува бесплатна правна помош. Првиот процес се водеше против тројца организатори на протестот на плоштадот Македонија, во март 2009 година, членови на организациите „Плоштад Слобода“ и „Прва Архи-Бригада“. Вториот случај се однесува на штрајкот на вработените во фабриката за шеќер „4 Ноември“ АД, од Битола.

Организаторите на протестот на плоштадот Македонија беа обвинети дека не ги спровеле неопходните мерки за безбедност за време на протестот и не го прекинале јавниот собир кога дошло до судир со друга поголема група граѓани, поддржувачи на изградба на црква на плоштадот. Со тоа ја загрозиле безбедноста и личната сигурност на учесниците на протестот. Протестот беше организиран на 28 март, минатата година, против изградбата на црква на плоштадот.

Основниот суд Скопје 1, на 29 октомври 2009, донесе ослободителна пресуда за организаторите на протестот, и ги ослободи од одговорност со образложение дека навремено го најавиле протестот и ги презеле сите потребни мерки за безбедност.

Никола Наумоски, еден од организаторите на протестот изјави дека се задоволни од пресудата. Сепак, во тек е уште една постапка против други 7 лица од „Плоштад Слобода“ и „Прва Архи-Бригада“ кои учествувале на протестот, а се обвинети по други основи.

Наумоски изјави дека државата не презела ништо за да го спречи контрапротестот. Исто така, воопшто не е покрената постапка против лицата кои се појавија на плоштадот со цел да го спречат најавениот протест и физички и вербално ги нападнаа учесниците на протестот.

Во врска со случајот на вработените во фабриката за шеќер „4 Ноември“ АД Битола, Апелациониот суд во Битола во септември минатата година донел пресуда за прекинување на шест месечниот штрајк кој започна во март 2009 година. За судот, штрајкот на вработените е незаконит, затоа што сеуште траеле преговорите меѓу синдикатот и раководството на фабриката.

Претставникот на синдикатот, Драганчо Лингуровски, информираше дека веднаш по пресудата на Апелациониот суд, на штрајкувачкиот одбор и на дел од учесниците во штрајкот им биле поделени отказни решенија и дека моментално од нив се бара отштета од околу 20 милиони денари. Адвокатот, Филип Медарски, ангажиран во рамките на проектот, изјави дека според него, пресудата на судот е незаконска и дека правото на штрајк, согласно Уставот на РМ може да биде ограничено само во одредени услови. Според Законот за работни односи, во конкретните услови никако не можел да биде прекинат штрајкот на вработените, смета Медарски. Со оглед на тоа дека во овој предмет домашните правни лекови за заштита на правото на штрајк се исцрпени, во рамките на проектот „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“ ќе се пристапи кон подготвување на апликација со која од Европскиот суд за човекови права ќе се бара утврдување на повреда на правото на штрајк.

Проектот „Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест“ е финансиран од Ургентниот фонд на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија.

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Четврти извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ



ПРАВИ ЛИ ВЛАДАТА СПОМЕНИК ОД ЕУ?

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), на денешната прес-конференција го објавија четвртиот квартален извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Извештајот претставува хоризонтален пресек на постигнувањата во процесот на евроинтеграцијата на Република Македонија, во периодот октомври- декември 2009 година.

Анализата покажа дека Собранието на Република Македонија, во текот на 2009 година, донесе вкупно 184 закони, од кои само 49 се со „европско знаменце“ и се предвидени со Националната програма за преземање на европското законодавство (НПАА) за 2009 година, како и дека голем број закони се донесувани по двапати, односно 18 закони се менувани по два или три пати и Собранието за нив расправало дури 39 пати. Оваа бројка укажува на проблеми во работата на Собранието кога станува збор за донесувањето закони, и го наметнува прашањето за тоа дали пратениците си ја извршуваат доволно добро работата за која се избрани и платени од граѓаните.

Прочитајте повеќе >>>

Преземете го извештајот (.pdf 860KB)

ЕКТС - реалност или илузија во високото образование


pictureМладински образовен форум (МОФ), на 27 јануари 2010 година, ја промовираше брошурата „ЕКТС - реалност или илузија во високото образование“, во која се објавени резултатите од истражувањето за спроведувањето на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во Македонија.

Истражувањето покажа дека факултетите се на различен степен на имплементација на ЕКТС, во различните сегментии коишто ги опфаќа овој систем на образование. Во брошурата се содржани согледувања и препораки насочени кон: студентите, академскиот кадар, админстрацијата и менаџментот на високообразовните институции, државните органи и бизнис секторот. Со цел сублимирање на резултатите од истражувањето и давање на завршните препораки, МОФ го искористи искуството и упатеноста во областа на имплементацијата на ЕКТС на проф. д-р Зоран Поповски, професор на Факултетот за земјоделски науки и храна. Препораки се насочени кон поефикасна и поуспешна имплементација на ЕКТС, но воедно и кон подигнување на квалитетот на високото образование во Република Македонија воопшто.

Високообразовните институции во Македонија започнаа да работат по ЕКТС од 2003 година врз основа на стандардите воспоставени со Болоњската декларација од 19 јуни 1999 година. Имплементацијата на системот од страна на факултетите се водеше различно. Оваа ситуација доведе до тоа да не постои стандардизиран систем на студирање, при што се доведе во прашање и квалитетот на дипломата која ја добиваат идните академски граѓани. Воедно, имплементацијата на ЕКТС досега не беше набљудувана или тестирана од ниту едно тело, односно релевантен субјект.

Истражувањето се спроведе во рамките на проектот „Пристап до информации од јавен карактер“,во периодот од 1 април до 31 декември 2009 година. Во рамките на девет месечното истражување беа доставени вкупно 495 барања за пристап до информации од јавен карактер до шест факултети (Филозофски факултет - Скопје, Филолошки факултет “Блаже Конески” - Скопје, Правен факултет “Јустинијан Први” - Скопје, Економски факултет - Скопје, Архитектонски факултет - Скопје и Факултет за Електротехника и информатички технологии – Скопје) и до Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Со овој проект се вршеше набљудување на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на високообразовните институции, а со цел да се дојде до информации за тоа како се спроведува ЕКТС во областите: студентски права, факултетска администрација, финанси и студентска мобилност и мобилност на наставниот кадар.

Преземете го пдф изданието на брошурата „ЕКТС - реалност или илузија во високото образование“ - 11MB

ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА


Тужба за клевета против Драган Павловиќ – Латас заради наодите изнесени во написот „Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог“


tuzbaДенеска, 22 јануари 2010 година, до Основниот суд Скопје I беше поднесена тужба против уредникот во весникот „Вечер“, Драган Павловиќ – Латас. Тужбата ја поднесоа оштетените Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин, Ивица Антески, Маја Бојаџиевска, Џабир Дерала, Лидија Димова, Гордана Дувњак, Ѓунер Исмаил, Жарко Јордановски, Ема Марковска Милчин, Ида Протуѓер, Билјана Секуловска и Ерол Ризаов, по повод наодите изнесени во написот „Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог“, објавен во „Вечер“ на 18 декември, 2009 година.

Во тужбата се наведува дека во текстот во „Вечер“ се објавени невистини со цел да им се наштети на угледот и на честа на новинарите, интелектуалците и на претставниците на граѓанските здруженија што се споменуваат.

Тужбата се поднесува против главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ - Латас со оглед на тоа дека објавениот текст во „Вечер“ не е потпишан.
ДЕБАТА

Втор ден од дебатата „Историја и апокрифи – демитологизација на 2001“



debataНа вториот ден од дебатата „Историја и апокрифи – демитологизација на 2001“, учесниците дискутираа за улогата на медиумите во конфликтот 2001 година. Панелистите: Небојша Карапејовски од ТВ Менада - Тетово, Снежана Лупеска од Канал 5, Сашо Орданоски и Сефер Тахири од ТВ Алсат, дебатираа за тоа дали новинарите за време на судирот во 2001 година останаа на страната на фактите или пак, претставуваа продолжена рака на пропагандната машинерија, дали новинарите останаа професионални или пак, се однесуваа „патриотски и лојално“ кон една од двете страни на судирот и дали македонското новинарство е обучено и опремено за известување во ситуација на конфликти и воени кризи.

debata 2Дводневната дебата заврши со сесијата: „Дали конфликтот е завршен? Дали помирувањето се случи? Дали последиците ги разрешуваат причините?“. Дискутантите: Стојанче Ангелов, здружение на бранители „Достоинство“, Виолета Петровска Бешка, Институт за психологија, Абедин Зумбери, пратеник од НД, Надица Мирчевска, поранешен претседател на здружение „Херои на Македонија“, Филип Петровски, Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Исмет Рамадани, Евро-Атлантски совет на Македонија, Бесим Хода, здружение на воени ветерани на поранешна ОНА и Еуген Јаковиќ, „Документ – Центар за соочување со минатото“, од Загреб, Хрватска, зборуваа за различни аспекти поврзани со помирувањето и заокружувањето на конфликтот. Се дискутираше за напорите на државата за решавање на конфликтот, за преговорите и нивната содржина, за жртвите за време на преговорите, за измените на Уставот, за демилитаризацијата на ОНА, за мисијата „Неопходна жетва“, за амнестијата и аболицијата, за киднапираните и жртвите на двете страни, како и за хашките случаи.
ДЕБАТА

Прв ден од дебата „Историја и апокрифи – демитологизација на 2001“



debataФондацијата Институт отворено општество - Македонија, во хотелот Холидеј Ин, во Скопје, денеска и утре (20 и 21 јануари 2010 година), организира дводневна дебата насловена како „Историја и апокрифи - демитологизација на 2001“. Основната идеја и цел на оваа дискусија е да ги вкрсти ставовите, мислењата, фактите и аргументите на: директните учесници, политичарите, аналитичарите, академската јавност и интелектуалците, за конфликтот во 2001 година.

На првиот ден од дебатата, Виктор Габер, амбасадор во МНР, Манчо Митевски, уредник во „Утрински весник“, Ризван Сулејмани, Институт за политички и интеркултурни студии и Љубомир Фрчкоски, Правен факултет „Јустинијан Први“ се обидоа да дадат одговор на прашањето: „Дали ни е потребна демитологизација на 2001 година?“. Сите дискутанти се согласија дека демитологизацијата и демистификацијата на конфликтот во 2001 година е потребна. Според нив, потребно е време и политичка волја да се отворат сите прашања поврзани со конфликот и да се даде одговор на прашањето зошто ни се случи 2001 година. Еден дел од дискутантите се залагаат за правна разврска на споровите кои датираат од овој период, а речиси сите се согласија дека принципот на инклузивност на етничките заедници во општеството, кој е вграден во Рамковниот договор е лекцијата која Македонија ја научи и која је претвори од мултиетничко општество во мултиетничка држава. Затоа, тие истакнаа дека Рамковниот договор, како гарант за мирот и стабилноста на Македонија треба да се почитува и да се реализира. Дел од дискутантите зборувајќи за Рамковниот договор и за принципот на инклузивност истакнаа дека актуелната власт не го почитува овој документ и дека токму таквото однесување може повторно да ја донесе Македонија во криза.

debata 2Бројните учесници на денешната дебата дискутираа и за различните верзии и видувања на клучните настани за време на конфликот во 2001 година (панелисти беа Рафис Аљити, потпретседател на Собранието на РМ, Владимир Бучковски пратеник на СДСМ, Марк Лејти, автор на книгата „Спречување војна во Македонија“ и Г’зим Острени, автор на книги), а имаа можост да ги слушнат и рецензиите на книгите кои се преведени и издадени од ФИООМ, во рамките на проектот „Историја и апокрифи – демитологизација на 2001“ (рецензенти беа: Билјана Ванковска, професор на Институтот за одбранбени и мировни студии, Ветон Љатифи, професор на УЈЕ, Мирјана Малеска, професор на УЈЕ, Мерсел Биљали, професор на ФОН, Сандра Исмановска, автор, Благоја Марковски, Балкански форум за безбедност).

Дебатата продолжува утре (21 јануари 2010 година) со дискусија за улогата на медиумите во конфликтот, како и за тоа дали конфликтот е завршен, дали помирувањето се случи и дали последиците ги разрешуваат причините.

НАЈАВА

ФИООМ организира дебата на тема „Историја и апокрифи - демитологизација на 2001“



Целта на дебатата е да се вкрстат погледите на, условно речено, двете страни, што беа дел од вооружениот конфликт во 2001 година. На дебатата ќе говорат политичари, претставници на здруженија, професори, новинари и аналитичари, од Македонија и странство, кои непосредно или посредно се поврзани со настаните од 2001 година.

Настанот ќе се одржи на 20 и 21 јануари (среда и четврток) 2010 година со почеток во 10.00 часот во хотелот „Холидеј Ин“, сала Милениум 1.

Дневен ред (.pdf)

Прилог кон дневниот ред (.pdf)
ОБЈАВА

за набавка на училишен прибор



1 Објавa број: FOSIM/EMGF/10011 UP

2 Финансирање: Фондација Институт отворено општество – Македонија од Соросовиот Ургентен фонд за интервенции насочени кон ублажување на последиците од економската криза

3 Нарачател: Фондација Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) за потребите на проектот Помош во образование на сиромашни

4 Корисници на опремата: Ученици од I-VIII одделение во основно образование

Комплетната објава

Комплетна документација за набавка на училишен прибор - ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ

Комплетна документација за набавка на училишен прибор - ЗА ПЕЧАТЕЊЕ

Дистрибутивна листа
 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions