Настани и новости
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Организациска поставеност
За Џорџ Сорос
Мисија на ФОО
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

За Фондацијата

Профил на Фондацијата отворено општество - Македонија

Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) е основана во 1992 година како претставништво на странско лице, а во 1999 година како национално правно лице – фондација, во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации. ФООМ е дел од Соросовата мрежа во централна и источна Европа.

Посветена на промовирањето на отворено општество, ФООМ иницира поддршка и спроведува широк спектар на програми. Своите цели Фондацијата ги исполнува преку:

• доделување грантови, заеми и други видови финансиска поддршка, еднократно или постојано, на физички и правни лица кои спроведуваат активности во согласност со мисијата на ФООМ.

• имплементирање на операционални програми за промовирање иновативни идеи и за развој и раст на физички и правни лица чии активности се во согласност со мисијата на ФООМ, и

• извршување други хуманитарни и развојни активности за кои Основачот и Управниот одбор сметаат дека се соодветни за исполнување на мисијата на ФООМ.

Основното раководно тело на ФООМ е Управниот одбор кој е составен од седум видни личности со различна етничка припадност и професионална ориентација. Постојат експертски комисии или консултанти кои се вклучени во програмите и ги советуваат координаторите на програмите. Личноста која е овластена да го претставува ФООМ пред други правни и физички лица и да се потпишува во име на ФООМ е Извршниот директор.

Фондацијата ја продолжува својата заложба за зајакнување на изгледите на Македонија за членство во ЕУ преку негување внатрешна интеграција како предуслов за тоа. Посветена на промоцијата и поддршката на отвореното општество, преку сите програмски области: образование, право, јавна администрација и локална самоуправа, граѓанско општество, јавно здравство, информации, медиуми и економски реформи, ФООМ спроведува широк спектар на иницијативи кои варираат од изградба на капацитети до проекти за јавни политики и социјално застапување. Одговарајќи на различните потреби на целните групи, а посебно на младите, на Ромите и на социјално маргинализираните групи, ФООМ соработува со други НВО, меѓународни институции и донатори во насока на преземање акции кои негуваат одржлива демократија.

Имајќи го предвид контекстов и водени од сопствената мисија, за следниот тригодишен период се утврдени следниве сеопфатни приоритети:

1. Забрзување на пристапувањето на Македонија во ЕУ, меѓупрограмска политика и акции за социјално застапување за Владата да се врати назад на патот кон ЕУ; зајакнување на мониторинг-улогата на граѓанското општество во поглед на транспарентноста и отчетноста на Владата; поддржување ефикасна децентрализација како вредност на ЕУ којашто ја штити локалната демократија.
2. Интеграција на Ромите и на социјално маргинализираните групи, меѓупрограмски интервенции кои имаат цел да го подобрат статусот на Ромите и на социјално маргинализираните групи.
3. Поттикнување на граѓанското учество и активизам, активности кои се насочени кон: заживување на граѓанското општество; развој на локалната демократија; промоција на вредностите на мултиетничкото општество и намалување на јазот меѓу младите и вредностите на отвореното општество.

Управен одбор

Маја Бојаџиевска, Претседател
Гордана Дувњак
Аце Коцевски
Рамадан Рамадани
Арсим Зеколи
Маргарита Цаца - Николовска
Ирена Цветковиќ

Сите членови на управниот одбор на ФООМ од 1992 г.

Менаџмент

Владимир Милчин, извршен директор


Организациска поставеност 
За Џорџ Сорос 
Мисија на ФОО 
 
 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions