Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

Архива 2009

Архива на настани и новости 2009


Граѓани за европска Македонија



Архива


Акција за Европа



Архива
ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Државните институции не се транспарентни и отчетни за трошењето на јавните пари



slikaЦентарот за граѓански комуникации денеска го презентираше четвртиот квартален Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки, кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на правната заштита во постапките за јавни набавки. Во извештајот, меѓу другото, се констатира:

• Наспроти законската обврска, некои државни институции, меѓу кои и министерства, во текот на 2009 година не доставиле ниту едно известување за склучен договор за јавна набавка до Бирото за јавни набавки.

• Се зголемува бројот на државни институции кои до Бирото за јавни набавки не доставуваат податоци за направените трошења до 20.000 евра за набавка на стоки и услуги, односно до 50.000 евра за набавка на работи.

• Се продлабочува проблемот со одолговлекување на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Од вкупно 40 мониторирани постапки за јавни набавки во овој квартал, одлука за избор на најповолна понуда не е донесена во дури 13 случаи (33%), а временското одолговлекување на донесување одлука во овие постапки се движи од 50 до 120 дена.

• Се ублажува проблемот со поништување на постапките за јавни набавки. Од мониторираните 40 постапки за јавни набавки, целосно или делумно се поништени 7 постапки или 17,5%, што претставува извесно ублажување на овој проблем во однос на претходниот квартал, кога беа поништени 25% од постапките.

• Иако зголемено, користењето на електронскиот систем за јавни набавки во последниот квартал од 2009 година сè уште не е на задоволително ниво. Во 2009 година, преку Електронскиот систем за јавни набавки се спроведени само 2,5% од постапките, со што се доведува во прашање подготвеноста за остварување на законската обврска – од идната година, уделот на електронските аукции да изнесува 30% од вкупната вредност на јавните набавки.

• Пораст на бројот на жалби по јавни набавки од страна на фирмите во последните 6 месеци. Економските оператори (фирмите) сè почесто ги оспоруваат одлуките за избор на најповолен понудувач на договорните органи (државните институции). Притоа, ДКЖЈН сè почесто ги уважува жалбите, односно ги наоѓа за основани (се уважува секоја четврта жалба). Ова укажува на фактот дека договорните органи сè повеќе ги прекршуваат законските одредби, односно прават грешки во постапките.

Прочитајте повеќе >>>
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Власта не смее да го замолчи граѓанското општество



pressНВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), на прес-конференцијата одржана денеска, 28 декември 2009 година, најостро го осудија обидот на владејачкото мнозинство да го замолчи граѓанското општество, како и инструментите со кои се служи за да го дискфалификува легитимното право и обврска на граѓаните да ја следат и оценуваат работата на секоја власт.

НВО Инфоцентарот, МЦЕО и ФИООМ, на последната седница на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) беа изложени на неосновани жестоки напади и етикетирања од страна на пратениците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, членови на Советот, а притоа ни беше одземено и правото да ги изнесеме нашите факти, аргументи и ставови.

Прочитајте повеќе >>>
Стечајците добија 50 кебиња


30 kjebinja za stecajciСтечајните работници кои штрајкуваат со глад во Куманово денеска ги посетија претставници од Институтот отворено општество Македонија и им донесоа 50 кебиња.

„Работниците потенцираа дека им е студено и сметавме и дека на оние кои штрајкуваат со глад не мора и да им студи.Треба да се искаже човечка солидарност секогаш и затоа ако е потребно ќе донесеме лекови кои не се на листата, а ќе организираме и бесплатна правна помош за стечајците.Мислам дека државните институции не можат да останат глуви на штрајкот особено што не се работи за толку голем и несовладлив финасиски залак за да се овозможи овие луѓе да си ги оставарат правата“ - вели Владимир Милчин.

Тој смета дека е егоистична и алчна нашата власт кога не сака да го реши проблемот на социјално најниската категорија на луѓе.

Стечајците штрајкуваат веќе 12 дена и досега никој од власта не ги посетил. Постојано се под лекарства поради нарушеното здравје, но велат дека нема да се откажат од штрајкот се додека не се реши нивното прашање.

Извор: KumanovoNews.com
ЛАГИ, ИНСИНУАЦИИ И ПОДБУЦНУВАЊА


Главниот и одговорен уредник на „Вечер“ Драган Павловиќ Латас, претендент на позицијата водечки погромаш во Република Македонија, уште еднаш го урниса својот весник на рамниште на политичка депонија кога на 18 декември објави непотпишан текст со небулозен наслов „Грција ги плаќа нивните, а во Македонија своите новинари за да помине грчкиот предлог“. Непотпишаниот текст врие од лаги и инсинуации.

Барајќи жртвени јарци и произведувајќи државни непријатели, „македонољубецот“ набрзина скрпил некаков список, небаре „Латасова листа“ на новинари кои, инсинуира тој, биле „платени да помогнат да помине грчкиот предлог за рушење на македонизмот“. Петнаесетте имиња на „платените новинари“, признава тој, ги нашол на сајтот на Сорос, проект Граѓани за европска Македонија. „Рушителите на македонизмот“ се објавиле со име и презиме на сајтот на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, во проектот Граѓани за европска Македонија?!

А кои се, всушност, тие петнаесет „платени новинари“? Седуммина од нив не се новинари. А меѓу нив има и такви кои никогаш ниту напишале ниту кажале во некаков медиум нешто за спорот околу името. На Латас тоа не му е непознато, но тој безобѕирно лаже кога сака да ја постигне нормата, кога „штанца“ непријатели и поттикнува путинофилија затскриен зад божемното македонољубие.

Граѓаните за европска Македонија организираа 24 дебати во 19 градови во Република Македонија. Шеснаесет воведничари и стотина дискутанти учествуваа во тие дебати. Во името на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и со полна кривична и материјална одговорност, јас, како извршен директор на ФИООМ тврдам дека ниту еден воведничар или дискутант не добил ни денар хонорар. Претпоставувам дека на Латас и неговите налогодавци ова може да им звучи неверојатно, но тоа е така! Членувањето во ГЕМ и учеството во активностите на ГЕМ е граѓанско, доброволно и не овозможува никакви приходи, редовни или повремени! Ова не го тврдам прв пат и ќе го повторувам секогаш кога ќе треба да се подзачистат отровните испарувања што ги шират депониите командувани од Латас.

Значи, да подвлечеме црта под лагите и инсинуациите објавени во „Вечер“ на 18 декември 2009 година. Прво, половината од петнаесетмината „платени новинари“ не се новинари. Второ, ниту еден од нив не е платен! Тоа се фактите и тука не помагаат никакви латасовштини.

Доколку петнаесеттемина граѓани одлучат да го тужат клеветникот, ФИООМ ќе им обезбеди правен застапник.

За Фондацијата Институт отворено општество – Македонија,

Владимир Милчин,
Извршен директор
СООПШТЕНИЕ


Творецот на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер самиот не го почитува законот и не доставува информации од јавен карактер

По три и пол години од почетокот на имплементација на Законот, се наоѓаме во една зачудувачка ситуација кога Министерството за правда, кое е творец на истиот закон, не постапува по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Имено, Македонското здружение на млади правници, за потребите на својот проект „Поддршка на основање на системот на бесплатна правна помош во РМ“, до подрачните одделенија на Министерството за правда, во текот на месец септември оваа година, поднесе барања за информации од јавен карактер со прашања за капацитетот со кој располагаат подрачните одделенија во пружање на бесплатна правна помош, односно за бројот на вработени правници во подрачните одделенија и бројот на правниците меѓу нив кои имаат положено правосуден испит. Со оглед на тоа дека надлежно за давање на информациите е Министерството за правда, барањата се препратени до Министерството, кое до ден денес ги нема доставено бараните информации. Сметаме дека е потребно да напоменеме дека бараните информации се од големо значење за Здружението од причина што истото, покрај следење на процесот на основање на системот на бесплатна правна помош, изготвува и анализи и коментари на предлог законот со кои учествува на расправите по предлог законот, а се со цел за придонесување кон донесување на квалитетен Закон за бесплатна правна помош.

Ваквото однесување на Министерството за правда е крајно несериозно и без било какво оправдување, особено што постапката за носење на Законот за бесплатна правна помош е во тек, па се добива впечаток дека Министерството за правда само за да избегне било какви евентуални критики, одбива да ги достави бараните информации.

Во таа насока, и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, во своите решенија укажува дека „...неспроведување на одредбите од Законот од страна на имателите по три и пол годишна примена нема никакво оправдување, особено не за институции како подрачните одделенија, кои се во состав на Министерството за правда, кое пак, беше предлагач на Законот. Ова е уште повеќе недопуштено доколку се има во вид дека во состав на Министерството за правда функционира Државниот управен инспекторат, чија надлежност е да врши управна инспекција. ....Оттука, недопуштено е институција која го предложила наведениот Закон и која има обврска да врши надзор над неговото спроведување, истата да не го применува.“
СООПШТЕНИЕ


gem plostad sloboda








Учеството на еден скопјанец или скопјанка во процесот на носење одлуки кои ги менуваат ликот и содржината на Скопје очигледно функционира поинаку кај нас, во нашата демократија! Тоа зависи од некомуникацијата помеѓу надлежните, законските недоискажаности, како и недруштвеноста на г-динот Владимир Здравев, тромоста на г-динот Маневски, и духовитоста на г-динот Тодоровиќ. Општинските советници изгласани од граѓаните на Oпштина Центар како да не постојат!

Институционалното попречување на нашата иницијатива за референдум е само дел од системски диригираното задушување на поинаквиот став, кое се демонстрираше и со натрапничко однесување на нашите трибини, игнорирањето на нашите апели за јавна дебата, насилниот прекин на протестот на Плоштад Македонија, игнорирањето на анкетите на јавно мислење и на потписите собрани за започнување на граѓанска иницијатива.

Поднесувавме барања, праќавме писма, пеевме песни, дебатиравме, нè навредуваа, нè маткаа по шалтери и разни канцеларии. Бевме трпеливи и соработливи, направивме сè што побараа, сè што „според законот“ сме требале да го направиме. Ги прифаќавме сите новонастанати услови во процесот и ги исполнувавме навреме. Конечно, Претседателот на Советот на Oпштина Центар, лично ја прифати иницијативата, иако тој, според законот, требал да закаже седница на Советот! А секако дека Министерството за правда не го прифаќа нашето барање без заклучок од несудената седница...

Граѓаните на неброени начини го искажаа своето незадоволство од одлуката за изградба на црква и џамија на плоштадот Македонија, а нивните гласови останаа игнорирани. Дотолку повеќе, се искористија да се обележат и демонизираат иницијаторите, поради нивните ставови. И тоа не е најстрашниот дел! Симптоматичен е начинот на кој активистите „се стимулираат“ да се откажат од иницијативата: со прекршочни пријави, лични закани, јавна осуда, дури и физичка сила пред очите и пендраците на полицијата.

Повиканите на ниеден начин не се почувствуваа повикани да поддржат иницијатива која ќе овозможи нашиот став конечно да добие и своја институционална форма – граѓаните на референдум да се изјаснат дали сакаат цркви, џамии и други верски објекти на главниот плоштад во нивниот град. Добивме рок, но не и упатства, услови, простории и поддршка. Добивме лаги, невкус и осуда, но не и право на нашиот град. Затоа, притисокот нема да престане. Ставот постојано ќе добива нови форми, но содржината ќе остане иста. Ќе се санкционира игнорантното и репресивно однесување кое нè кочи, но не и заплашува!

Овој пат нè одвратија од намерата да практикуваме демократија тука, непосредно меѓу нас. Иако институциите се должни да им помогнат на граѓаните во практикувањето демократија, тие сепак не направија ништо. Едноставно нè натераа да се повлечеме од идејата дека како граѓани, независно, можеме да иницираме референдум. Но борбата не престанува, иако понекогаш изгледа невозоможно да се победи. Ќе најдеме нови начини како да се спротивставиме и ќе продолжиме.
СООПШТЕНИЕ

Пет причини зошто Македонија треба да ги почне преговорите



Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) денеска, на 2 декември, организираа прес-конференција за да ја запознаат јавноста со новиот policy brief под наслов „Лисабон – Скопје – Солун: Европа се враќа дома; Пет причини зошто Македонија треба да ги почне преговорите“.

Со овој документ сакаме да истакнеме пет причини зошто Македонија треба да добие датум почеток на преговори и тоа: 1) Европската комисија даде препорака за започнување на пристапни приговори, а врз основа на исполнувањето на зададените репери; 2) Билатералните спорови не се дел од пакетот за преговори; 3) Да се задржи позитивниот моментум од 2009 година; 4) Без Македонија, ЕУ не може да докаже дека има кредибилитет да биде глобален играч; 5) Датум за Македонија отвора можност ЕУ да ја „воскресне“ Солунската агенда и проширувањето, а со тоа и дава можност на Грција да си ја оствари својата амбиција - Западен Балкан да стане дел од ЕУ за време на Грчкото претседателство во 2014.

Целта на овој policy brief е да допре и кај политичката и кај стручната јавност во државите-членки на ЕУ. Овој документ е дистрибуиран до: Постојаните мисии во Брисел, Министрите за надворешни работи и амбасадите на државите-членки во Република Македонија, Мисијата на ЕУ во Македонија, пратениците во Европскиот парламент, Мисијата на Македонија во Брисел и до сите релевантни медиуми во ЕУ.

Датум за Македонија (.pdf)
ДЕКЛАРАЦИЈА

Растројството не може да биде устројство!



Одново зачестија вербалните напади врз оние кои јавно изнесуваат политички идеи различни од политиките на власта.
Ова станува хронично и загрижувачко. Секое струполување на македонските позиции на меѓународен план актуелната власт се обидува да го амортизира однатре поттикнувајќи лов на вештерки, предавници и внатрешни непријатели.

Пред две недели, владејачката партија на еден докрај небулозен начин жигоса неколкумина граѓани, главно од граѓанскиот сектор, обвинувајќи ги дека биле „на платниот список“ на некогашниот претседател и сегашен водач на опозицијата. Неколку дена потоа, „еден од столбовите на македонската држава“ (како што актуелната власт сака да ја гледа МПц), архиепископот Стефан, ги нападна граѓаните кои се противставуваат на изградбата на верски објекти на скопскиот плоштад етикетирајќи ги како „егзарси“ и „анкетари“ кои работат за нечии туѓи интереси.

Пред три недели, еден од најбруталните извршители на режимот, уредник на телевизија и весник, со невиден простотилак и агресивност им се нафрли (во прв ред како на „педери“) на тројца активисти од невладиниот сектор, со своето бладање кршејќи ги сите можни етички и професионални норми.

На истата телевизија, луѓето кои мислат спротивно од власта беа наречени „квазиинтелектуалци, платени новинари, сепаратисти, платеници на разни служби, обесправени албанци“... а „совесните интелектуалци, добрите новинари, лојалните албанци и невладините организации кои имаат државотворен капацитет“ беа повикани да им се противстават на првите.

Целиот документ на македонски јазик (.pdf)
Целиот документ на албански јазик (.pdf)
Целиот документ на англиски јазик (.pdf)
ПРОГРАМА ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Струмичани гласаа за Отворен амфитеатар - летна сцена



„Изградба на отворен амфитеатар - летна сцена“, проект во рамки на општинската програма Културни манифестации, доби најголем број гласови на петтата форумска сесија, што на 20 ноември се одржа во Домот на АРМ во Струмица, во присуство на 100 жители. Избраниот проект едногласно беше изгласан од Струмичани да биде финансиран со 6.900.000 денари, од кои 4.000.000 се донација од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и останатите од буџетот на општината.

“Амфитеатарот ќе биде на располагање на сите граѓани, млади, НВО и други, и се очекува да биде готов при крај на наредното лето“, изјави на сесијата градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Тој додаде дека се надева оти сите проекти ќе бидат реализирани во рамките на буџетот на општината.

Присутните на буџетскиот форум, структуирани во девет работни маси, гласаа за седум проекти во рамки на развојните програми на општината, за кои дебатираа во изминатите два месеци. Тоа се: „Поплочување на Леблебиџиската улица“, „Набавка и поставување на знаци и табли со имиња на улици и улични броеви на сите колективни и индивидуални станбени згради“, „Изградба на дел од ободен канал“, „Изградба на отворен амфитеатар - летна сцена“, „Канализација во с.Муртино“, „Канализација во с.Костурино“ и „Реконструкција на водовод во с.Банско“.

“Добро водениот процес може да доведе до добар резултат, но подеднакво е важно и учеството во процесот“, изјави Владимир Милчин, извршниот директор на ФИООМ, организацијата што ја спроведува Програмата во Струмица. Тој се надева дека реализацијата на проектот ќе биде брза, а форумскиот процес ќе биде дел од праксата на општина Струмица.

На сесијата беа преразгледани и 10-те предлози на граѓаните до општинската администрација од минатата сесија, кои во вид на предлози или препораки, ќе се достават до локалната самоуправа.
ТРКАЛЕЗНА МАСА

Предизвиците во пресрет на донесувањето на Законот за бесплатна правна помош



trkalezna masa 1Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), во соработка со Проектот за поддршка на човековите права и Македонското здружение на млади правници, на 20ти ноември 2009 година, организираше тркалезна маса на тема „Предизвиците во пресрет на донесувањето на Законот за бесплатна правна помош“. Тркалезната маса имаше за цел, во периодот помеѓу двете читања на Предлог - законот за бесплатна правна помош во Собранието на РМ, пред поширокиот аудиториум на јавноста да се направи презентација на решенијата на Предлог - законот, како и да се споделат компаративни искуства на ниво на Советот на Европа и државите членки на Евроспката Унија во поглед на примената на бесплатната правна помош и пристапот до правдата.

Значењето на донесувањето на квалитетен закон за бесплатна правна помош и посветеноста на ФИООМ кон давање придонес во насока на подобрување на законските текстови со кои Република Македонија го приближува своето законодавство со законодавството на ЕУ, беше потенцирано од страна на Владимир Милчин при отворањето на споменатата тркалезна маса. Осврт на решенијата опфатени со Предлог – законот за бесплатна правна помош даде заменик министерот за правда, г-дин Ибрахим Ибрахими, додека поранешната судика во Европскиот суд за човекови права, г-ѓа Маргарита Цаца Николовска, даде осврт на правото на пристап до правдата согласно Европската конвенција за човекови права. Европските искуства во поглед на примената на бесплатната правна помош и предизвиците пред кои Словачка се нашла при имплементацијата на словачкиот Закон за бесплатна правна помош, ги пренесе г-ѓа Марија Коликова, адвокат и поранешен директор на Центарот на правна помош при Министерството за правда на Словачка.

Прочитајте повеќе >>>
ДЕБАТА: ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ

Акција наместо конформизам и апатија



slika 1Денеска, 19 ноември 2009 година, во Скопје, во организација на граѓанската иницијатива „Граѓани за Eвропска Македонија“, се одржа дебатата „Притисоците врз слободата на изразување“.

На дебатата на која учествуваа новинари, аналитичари и граѓански активисти се дискутираше за актуелните состојби во македонската медиумска сцена, за притисоците врз остварување на правото на слободно изразување и за се почестото користење на говорот на омраза.

Учесниците нагласија дека и медиумите и новинарите се под константен притисок од политичарите и дека владините реклами се дел од процесот кој ги корумпира медиумите. Генерално, новинарите или одбиваат да ја прифатат реалноста, па молчат, или свесно стануваат политички агитатори. Во вакви услови, во медиумите постои цензура, а кај новинарите владее автоцензура. За дел од учесниците на дебатата, во моментов, македонското новинарство е „мртво море“ со кое владее ПР-пропагандата.

slika 2Претставниците од македонската граѓанска сцена сметаат дека граѓанскиот активизам е стерилизиран благодарение на владеечкиот демо-христијански конзервативизам, капитализмот, консумеризмот и остатоците од комунизмот. Етикетирањето и нескриениот говор на омразата, за чие што користење во Македонија не постои соодветна законска регулатива, се оружјето кое власта ги користи за замолчување на новинарите и граѓаните. Граѓанскиот сектор и медиумите не смеат повеќе да се ограничуваат на реакција, туку треба отворено да прозборат и да се борат против методите на замолчување.

На дебатата беше најавено и изготвувањето на тн. „Црна книга на срамот“ во која ќе се забележат сите јавни изблици на тоталитаризам, вербално насилство, говор на омраза и сл.
Програма Исток Исток: Прекугранични партнерства

Конференција Дали бизнис инкубацијата функционира?



На 20 ноември 2009 год. на Скопски саем (сала Македонски бизнис центар) Фондацијата Претприемачки сервис за млади и фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираат регионална конференција со наслов Дали бизнис инкубацијата функционира?

Настанот е дел од регионалниот проект Бизнис инкубатори: Креирање на модел за успешна и поволна средина за локални и регионалн развој кој е поддржан од програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства.

Целта на еднодневната конференција е презентирање на резултатите од спроведено истражување за моделите и искуствата од функционирање на бизнис инкубаторите како инструмент за стимулирање нови вработувања и поттикнување локален и регионален економски развој. Настанот преставува можност за размена на регионални искуства во креирање политики кои поттикнуваат самовработување кај младата популација и презентирање позитивни искуства во изнаоѓање алтернативни решенија за намалување на невработеноста.

Преземете ја програмата за работа

Програма Исток Исток: Прекугранични партнерства

Конференција Евроазиска иницијатива за безбедност на пациенти



Во периодот 19-21 ноември 2009, во хотел Континентал, Скопје ќе се одржи завршната регионална конференција на Евроазиска иницијатива за безбедност на пациенти. Членови на оваа иницијатива се претставници на НВО секторот и експерти од Азербејџан Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Литванија, Молдавија, Полска, Руската Федерација, Словенија, Украина и Хрватска. Оваа иницијатива е финансиски поддржана од програмата Исток Исток: Прекугранични партнерства на мрежата на фондациите на ИОО.

Целта на настанот е размена на национални и регионални искуства во развивањето механизми за подобрување на јавниот здравствен сектор во чиј центар се правата и безбедностите на пациентите. Настанот ќе биде искористен за размена на искуства во креирањето јавни политики за правата и безбедноста на пациентите и развој на успешни модели во градењето коалиции меѓу преставниците на невладиниот сектор и донесувачите на одлуки во јавните/државните институции на локално и централно ниво. Се очекува влијание на јавната свест за потребата од вклучување на принципите за безбедноста на пациентите при функционирањето на здравствените институции.

Во план е и дискусија за механизмите и начините за реализирање долгорочна соработка и прекугранично вмрежување на партнер организациите со цел да се иницирааат застапувачки активности за унапредување на заштита на правата и безбедноста на пациентите.

Центарот за регионални истражувања и соработка - Студиорум е домаќин на средбата и партнер во оваа регионална иницијатива.

Преземете ја агендата
КОНФЕРЕНЦИЈА

Образованието за социјална правда - од обука до реалност



slikaВо периодот 13-15 ноември 2009, во хотелот Метропол во Охрид, проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, организира Конференција на тема „Образованието за социјална правда - од обука до реалност“. На конференцијата ќе земат учество околу 400 професори од единаесет средни училишта од целата држава, кои во текот на изминатиот период беа учесници на обуките за образование за социјална правда, организирани во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“.

Секое од овие училишта ќе има можност да ги презентира и да дискутира околу своите искуства од имплементацијата на знаењата стекнати на обуките, а на сите учесници ќе им бидат доделени сертификати за нивното учество.
КОНФЕРЕНЦИЈА

Зголемување на финансиската и управувачката автономија на месната самоуправа



Во организација на ФИООМ, во петокот, 6 ноември 2009, во Скопје се одржа конференција на тема “Зголемување на финансиската и управувачка автономија на месната самоуправа“ на која беа презентирани наодите и искуствата стекнати преку истоимениот проект, имплементиран во Општина Крушево.

Учесниците на конференцијата, Никола Јовановски, Претседател на Советот на општина Крушево, Демирша Емини-Дава, советник во општина Крушево и претседател на советот на МЗ Јакреново, Гоце Кически, советник во Општина Крушево и член на Советот на МЗ Бучин, , Фани Каранфилова-Пановска од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија Ирина Фајон, од Иницијативата за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа од Будимпешта, Томе Шеќерџиев и Јадранка Кунгуловска, консултанти за локална самоуправа и Војтек Марчлевски, меѓународен консултант за локална самоуправа, ги презентираа состојбите на месната самоуправа (МС) во Република Македонија како и споредбеното искуство за управување на Месната самоуправа во Полска.

Целта на овој проект е зголемување на финансиската и управувачката автономија на месната самоуправа како и подигнување на капацитетите на месните заедници за нивно зголемено учество во донесувањето одлуки на локално ниво, оспособување за самостојно определување на локалните приоритети и нивна имплементација, како и подобрување на комуникацијата и институционалната поставеност со општината.
КОНФЕРЕНЦИЈА

Децентрализацијата – можност за потолерантни општини



Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и здружението „Заеднички вредности”, денеска, 22 октомври 2009 година, во Скопје, се одржа завршната конференција на проектот „Живеење во мултиетничка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита”, финансиран од Европската комисија и ФИООМ.

На конференцијата „ Децентрализацијата – можност за потолерантни општини“, говореа Ерван Фуере, шеф на Делегацијата на Европската комисија и специјален претставник на Европската Унија во Македонија, Филип Фикер, aмбасадор на САД во Македонија, Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ и Хајрије Ахмед, претседател на здружението „Заеднички вредности” од Скопје.

На конференцијата се дискутираше за резултатите од набљудувањето на локалната администрација, спроведено од јануари 2008 до јуни 2009 година, во 24 македонски општини. Панелисти на дискусијата за предизвиците за Македонија на патот кон толерантно општество беа Мерсел Биљали, професор на ФОН, експертите за човекови права Жарко Трајаноски и Мирјана Најческа, како и Насер Вејсели, Заменик народен правобранител, регионална канцеларија Куманово.
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Државата треба да ја зголеми контролата врз јавните набавки



Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Центарот за граѓански комуникации, денес, 22 октомври 2009 година, го презентираа Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во Република Македонија на централно ниво.

Во Извештајот, кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на контролата и заштитата во областа на јавните набавки, меѓу другото, се констатира:

• Зголемување на трендот на поништување на постапките за јавни набавки на 25% од мониторираните набавки, иако на поништените набавки учествувале просечно по 5 фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништување на постапките;

• Во 40% од мониторираните постапки се користени „манипулативни“ елементи за избор на најповолна понуда како рок на испорака и плаќање, гаранција, референтна листа и сл., со што се доведува во прашање обезбедувањето на принципот на рационално и ефикасно трошење на јавните пари;

• Многу ниско ниво на учество на електронските набавки од само 1%, што укажува на неподготвеност да се исполни законската обврска – од 2010 година електронскиот систем да се користи во 30% од набавките, како начин на намалување на корупцијата и заштита на буџетски пари;

• Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки;

• Административните тела за следење и унапредување на процесот на јавни набавки во земјите од регионот имаат овластувања да вршат и надзор над самиот процес на јавни набавки, што не е случај со Македонија.

Претставувајќи ги резултатите од мониторингот и од анализата на контролата во јавните набавки, претставниците на експертскиот тим, г-ѓа Вања Михајлова и г. Мирослав Трајановски нагласија дека државата треба да ја засили контролата врз процесот на јавни набавки со што би се надминала сегашната состојба на исклучително мал број постапки за јавни набавки кои имаат судски епилог.
Извештајот, меѓу другото им препорачува на надлежните органи и институции да ги преземат следниве мерки за подобрување на системот за јавни набавки:

• Да се засили улогата на Бирото за јавни набавки со доделување на овластувања да врши надзор над процесот на јавни набавки, а неговите препораки и инструкции да имаат обврзувачки карактер;

• Во Законот за јавни набавки да се вградат казнени и прекршочни одредби како што е праксата во земјите од регионот, а е во согласност и со македонската законодавна практика;

• Да се воведат контроли за основаноста при поништување на постапките и да се стесни широко поставената законска рамка за поништување на постапките за јавни набавки;

• Бирото за јавни набавки да дефинира препораки за попрецизно определување на критериумите за избор на најповолна понуда за да се намали сегашната можност за субјективизам и манипулации.

Целта на мониторингот е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.

Квартален извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ (.pdf 250KB)
ПУБЛИКАЦИЈА

Водич за граѓаните низ Министерството за правда



vodic za gragjaniteФондацијата Институт отворено општество – Македонија поддржа издавање на публикација Водич за граѓаните низ Министерството за правда (структура, надлежности, услуги)

Водич за граѓаните низ Министерството за правда е дел од серијалот публикации кои имаат за цел запознавање на граѓаните со надлежностите на министерствата и органите во состав, нивната структура и процедурите и услугите кои институциите ги остваруваат во однос на физичките и правните лица.

Публикацијата претставува обид за доближување на јавните/државните институции до граѓаните во правец зголемување на граѓанската информираност за работата на институциите преку унапредена сервисна ориентираност, транспарентност и јавен интегритет во функционирањето на институции во Македонија.

Оваа публикација ќе биде преведена на албански, турски, српски и ромски јазик.

Преземете ја електронската верзија

• на македонски јазик: Водич за граѓаните низ структурата, надлежностите и услугите на Министерството за правда (pdf. 1.3МB)

• на турски јазик: Adalet bakanliği yapısı, görev ve hizmetler dahilinde yurttaş rehberi (pdf. 1МB)

• на албански јазик: Udhëzues për qytetarët për strukturën, ingjerencat dhe shërbimet e ministrisë së drejtësisë (pdf. 1МB)

• на српски јазик: Водич за грађане кроз структуру, надлежности и услуга Министарства правде (pdf. 1МB)

• на ромски јазик - LEGARUTNO lil dizutnenge kori i struktura, autoriziripa thaj servisoja ko Мinisteripe bašo čačipe (pdf. 700KB)

КОНФЕРЕНЦИЈА

„Лисабон – Скопје – Атина: МК@EU“



foto 1Во организација на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонскиот центар за европско образование на 28 октомври 2009 година, во Скопје беше одржана конференцијата „Лисабон – Скопје – Атина: МК@EU“. На конференцијата, фокусирана на анализата на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2009 година се дискутираше за следните чекори кои Македонија треба да ги преземе за побрзо зачленување во ЕУ.

На конференцијата беше истакнато дека ратификацијата на Лисабонскиот договор ќе ги зацврсти перспективите на процесот на проширување, а Македонија патот на евроинтеграциите треба да го изоди со широк општествен консензус и поскоро решавње на отвореното прашање за името со Грција. До Владата беа упатени пораки за побрзо решавање на билатералниот спор со Грција, потоа да го консултира граѓанското општество во процесот на пристапување во Унија, и да почне да ги согледува и прифаќа проблемите, бидејќи тоа е првиот чекор од нивното решавање.

На конференцијата, поделена во две пленарни сесии, говореа Ерван Фуере, Шеф на Мисијата на Европската унија во Република Македонија, Васко Наумовски, Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска-Јанковска, Претседател на Националниот совет за европски интеграции, Падар О’Броин, аналитичар од Ирскиот институт за европски прашања од Даблин, Владимир Милчин, Извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Драган Тилев, Државен советник во Секретаријатот за европски прашања, Зузана Лисинова, аналитичар од словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава и Лидија Димова, Извршен директор на Македонскиот центар за европско образование.

Прочитајте повеќе >>>
ДЕБАТА

„Што не знаеше Орвел“



orvel 1По повод објавувањето на збирката есеи “Што не знаеше Орвел – Пропагандата во новата американска политика“, вчера, 29 октомври 2009 година, во организација на ФИООМ, во Скопје се одржа дебата за состојбите во македонското општество на темите обработени во збирката: пропаганда, извртување на вистина, пристрасност, манипулацијата со јавноста.

Како основа за есеите на група автори, земено е ремек-делото на Орвел “Политиката и англискиот јазик“. Размислувајќи за Орвел, авторите фрлаат нова светлина врз моќта на политичарите и на медиумите и нивната улога во презентирањето на својата “вистина“ на јавноста.

orvel 2Книгата ја претстави Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ, а на дебатата говореа Климе Бабунски, Роберто Беличанец, Газменд Ајдини, Марјан Забрчанец, Александар Ивановски, Дамјан Здравев, Тања Милевска, Сашо Орданоски и Драган Антоновски.

Бабунски даде пресек на актуелноста на книгата и делата на Орвел во македонскиот општествен контекст. Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум, дискутираше за тоа колку и на каков се начин младите се изложени на пропаганда, а Роберто Беличанец и Сашо Ордановски зборуваа за тоа како функционира пропагандата и манипулацијата на власта.

orvel 3Во контекст на политичките притисоци врз медиумите, цензурата и медиумската автоцензура дискутираше Драган Антоновски, додека Дамјан Здравев од Плоштад Слобода се осврна на извртувањето на информациите пласирани преку медиумите за настанот на плоштадот Македонија во Скопје, кога група студенти од Архитектонскиот факултет, учесници на протестот против изградбата на црква на плоштадот, беше нападната од група граѓани со спротивни ставови.

Тања Милевска, проговори за начините на кои од новинарите се бара “патриотско“ известување за ЕУ и НАТО, но и за хајката од страна на власта и на дел од медиумите, на која се изложени дописничките од Брисел.
ПРИЕМ

„Алијанса за вклучување на Ромите во образованието“



slika 1Фондација Институт отворено општество - Македонија на 30 октомври, 2009 во 12 часот во хотелот Александар палас приреди прием по повод успешното завршување на средното образование на 106 средношколци Роми, стипендисти на проектот „Алијанса за вклучување на Ромите во образованието“. Проектот кој е финансиран од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта и е спроведен во соработка со Управа за унапредување и развој на образованието на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование и наука на Република Македонија, обезбеди вкупно 1464 стипендии во изминативе четири години.

Настанот имаше за цел:

- Да ги промовира постигнатите резултатите од четиригодишното спроведување на проектот „Алијанса за вклучување на Ромите во образованието“ (зголемена стапка на задржување, преодност и успех на опфатените средношколци);

- Да го одбележи успешното завршување на средното образование на 106 средношколци Роми, како и да им се одаде признание на завршените средношколци, нивните родители и нивните ментори;

- Да се оддаде признание на Ромскиот образовен фонд од Будимпешта за поддршката во унапредувањето на образованието на Ромите во Македонија.

slika 2











На настанот говореа претставникот на Ромскиот образовен фонд, Ебен Фридман, директорот на Управата за развој и унапредување на јазиците на припадниците на заедниците, Реџеп Али Чупи и извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин. Своите искуства од учеството во проектот ги споделија и двајца завршени средношколци - стипендисти на проектот.
ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Промоција на „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност” во Велес



slikaНа 5-ти октомври 2009 година во Велес пред 130 гости беше промовирана публикацијата „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“. Автори на публикацијата се Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски, кој даде краток вовед во работилницата опишувајќи ја дискриминацијата како суптилен феномен што тешко се утврдува. Пред преполната сала зборуваше и Сали Латифов, соработник за здравствена, социјална и цивилна заштита во општина Чашка. Тој нагласи дека мултиетничкиот соживот во Чашка е добар, а општината вложува напори да ги поттикнува граѓаните на соживот преку спортски и културни активности. За искуствата од дискриминацијата врз основа на етничка припадност зборуваше Зати Кесан, претставник од ромската заедница и член на здружението „Романи Бах“ од Велес. Тој нагласи дека ромската заедница во регионот се соочува со низа проблеми во социјалната сфера, образованието и здравството поткрепувајќи го неговото излагање со конкретни примери.

Големиот интерес за настанот предизвика и плодна дискусија меѓу присутните кои доаѓаа од различни општествени сфери: локална власт, училишта, институции и невладини организации. Се зборуваше за учеството во јавниот живот на Бошњаците во регионот, стипендирањето на Ромите во основното образование и правата на Ромите во социјалната сфера. Особено внимание привлече поимот „дискриминација” кој беше протолкуван на различни начини од претставниците на различни етнички заедници. Средбата сите ја оценија како корисна заради размена на искуствата и полесно надминување на дискриминацијата. Беше поздравено издавањето на Прирачникот чии верзии на албански, турски, српски, бошњачки, ромски, влашки и англиски јазик се во подготовка.

Иако беше упатена покана до Министерството за труд и социјална политика и до канцеларијата на Народниот правобранител, во последен момент беше откажано присуството на претставници од овие институции.
На 8-ми октомври Прирачникот ќе биде промовиран и во Штип. Неговото објавување и промовирање е дел од активностите на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита” финансиран од Европската комисија и ФИООМ.
Одржана првата сесија на форумот во Општина Крушево

Крушевчани избраа! Комунална инфраструктура е проблемот што сакаат да го решаваат



slika 1За прв пат Крушевчани се собраа на едно место со цел заеднички да поразговараат за проблемите кои ги имаат во нивната општина. Заедно со 100-тината присутни граѓани беа претставниците на општината, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Сите нив ги обедини програмата „Форуми во заедниците“, која годинава во рамките на третиот круг се реализира во 12 општини, меѓу кои е и Општина Крушево. Модераторот Лазар Трајков ги запозна граѓаните со целите на програмата и истакна дека трите милиони денари дадени од донаторот Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и 1 милион денари обезбедени од општината тие, граѓаните, треба да решат за што сакаат да ги искористат. “На крајот од форумските сесии Вие граѓаните ќе изберете еден или повеќе проекти кои со обезбедените средства ќе се реализираат” им порача Трајков на присутните. “Наша цел е Вие граѓаните активно да се вклучите во форумот, со цел да го слушнеме вашето мислење и по завршувањето на програмата покрај реализираните проекти, да ни останат и другите ваши предлози, со цел истите приоритетно да ги решаваме, пред се во ваш интерес”- рече градоначалникот на Општина Крушево Васко Дамчески. Претставникот на Швајцарската агенција за развој и соработка Ибрахим Мехмети истакна: “Крушево е прекрасен град, затоа се надевам дека со овие проекти ќе се подобри животот на граѓаните во целата општина ”. Сунчица Костовска-Петровска од ФИООМ, напомена дека како организација која е надлежна за спроведувањето на проектот во општината, ги повикуваат граѓаните што помасовно да се вклучат во форумите, зошто сега имаат прилика сами да носат важни одлуки за нивното место.

slika 2Граѓаните гласаа за трите предложени теми: комунална инфраструктура, заштита на животната средина и водоснабдување и со огромно мнозинство гласови ја избраа темата комунална инфраструктура. Кои се најгорките проблеми во комуналната инфраструктура Крушевчани ќе кажат во следниот период, за време на форумските сесии. За тоа кој проблем ќе се реши, ќе одлучат во март следната година кога граѓаните ќе го изберат најголемиот проблем од комуналната инфраструктура и истиот ќе се реши за најкраток можен рок.
ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Прва сесија на форумот во општините Могила и Новаци



slika 1На 28.09.2009 година, со почеток во 13:00 часот во ресторан “Колта”, с. Могила, се одржа првата форумска сесија од програмата “Форуми во заедницата”, која се реализира во општините Новаци и Могила. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а во овие две општини ја спроведува Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

На сесијата присуствуваа 151 граѓанин. Целта на сесијата беше запознавање на граѓаните со програмата, како и утврдување на структурата и правилата за работа на овој форум. Ова е нов тип на меѓуопштински форум со кој двете општини ќе работат на заеднички проблем: собирање на сметот. Буџетот на форумот изнесува 8 милиони денари, од кои 6 милиони се донација од Швајцарската агенција за развој и соработка, а по 1 милион денари обезбедуваат општините Новаци и Могила. На присутните граѓани им се обратија градоначалниците на slika 2двете општини, поздравувајќи ги и повикувајќи ги да учествуваат во што е можно поголем број, затоа што од нив зависи успешноста на форумот, како и тоа кои и какви проекти ќе се изработат и реализираат на крајот. На форумската сесија беа формирани 11 работни маси и тоа: млади, советници, образование, спорт, општинска администрација, информатичка технологија, земјоделство, бизнис сектор, животна средина, месна заедница и здравство. Покрај работните маси, од страна на модераторот Игор Тасевски беа презентирани и правилата за работа на форумот, кои едногласно беа прифатени од присутните граѓани. Беше дефиниран и датум за наредната форумска сесија - 26.10.2009 година со почеток во 13:00 часот.
ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Промоција на „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност” во Делчево



Rabotilnica DelcevoНа 30 септември 2009 година во Делчево беше промовиран „Прирачник за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност“, чии автори се Мирјана Најчевска и Сашко Тодоровски. Прирачникот е објавен на македонски јазик, а во подготовка се и неговите верзии на албански, турски, српски, бошњачки, ромски, влашки и англиски јазик.

Вовед во работилницата даде ко-авторот на прирачникот Сашко Тодоровски кој зборуваше за дискриминацијата и комплексноста на нејзиното утврдување, потенцирајќи при тоа дека не секогаш кога се мисли дека се работи за дискриминација, таа и вистински постои. Мердита Салиу од Министерството за труд и социјална политика даде осврт на активностите кои министерството ги презема во поглед на подготовката и донесувањето на Законот за антидискриминација. Референтот за малцински прашања во општина Делчево Џулиета Мемедова се осврна на локалните механизми и инструменти за заштита од дискриминација, истакнувајќи ја улогата на Комисијата за односи меѓу заедниците. Зекир Абдулов, претседател на Хуманитарното добротворно здружение на Роми „Кхам“ од Делчево укажа на конкретните примери на дискриминација во регионот, регистрирани при процесот на мониторинг кој го спроведуваат и можните начини за нивно решавање. За жал, присутните немаа можност да го слушнат излагањето на Заменик Народниот правобранител од регионалната канцеларија во Штип, Рајна Панова, која во последен момент го откажа учеството на работилницата.

Излагањата на воведничарите поттикнаа дискусија за дискриминацијата на Ромите, Србите и Турците во регионот. Беа разменети и искуства за отстранување на дискриминацијата врз основа на етничка припадност и користењето на прирачникот како инструмент за нејзино полесно надминување.

На работилницата учествуваа 10 претставници од институции, 8 од локалната самоуправа, 38 од невладини организации и 9 ученици од Виница, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица и Кочани.

Во наредните денови ќе бидат организирани уште три работилници за промоција на овој прирачник и тоа во Велес, Прилеп и Штип.

Објавувањето и промовирањето на прирачникот е дел од активностите на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита” финансиран од Европската комисија и ФИООМ.
ПРОГРАМА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ

Со финансиска поддршка на ФИООМ и општина Штип успешна реализација на проект за преквалификација на 20 Роми



На 28 октомври 2009 година во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип беше одбележано завршувањето на проектот „Преквалификација на млади Роми“ со кој 25 Роми беа едуцирани за преквалификација. Според директорот на училиштето проектот е успешен бидејќи од 25 пријавени кандидати, 20 го положиле завршниот испит во јунско - августовската сесија. Со проектот беа опфатени млади Роми во машинската и електротехничката струка. Проектот го реализираше здружението на Ромите „Черења“ во соработка со СОУ „Коле Нехтенин“.
ИМАМ ПРАВО ДА ЗНАМ!

28 Септември - Меѓународен ден на слободниот пристап до информациите од јавен карактер



imam pravo da znam

63% од граѓаните не знаат дека постои Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, а само 6% поднеле барање за слободен пристап до информациите*

НО 83% сметаат дека е важно постоењето на овој Закон, односно дека преку него е можно да излезат на виделина проблемите и аномалиите во работењето на институциите*

ЗАТОА ДА ГО КОРИСТИМЕ СВОЕТО ПРАВО ДА ЗНАЕМЕ!!!

28 септември (денот „Имам право да знам“) е Меѓународен ден за слободен пристап до информациите од јавен карактер. По тој повед, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ги потсетува граѓаните на нивното уставно и законско право за пристап до информации од јавен карактер, како ефикасен инструмент за обезбедување на јавност и отчетност во работата на државните власти.

Во Република Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се применува од 1 септември 2006 година. Согласно Законот, СЕКОЈ може да се јави како барател на информација од јавен карактер.

Имателите на информации (органите на државната власт, локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи и служби и правните и физички лица што вршат јавни овластувања и дејност од јавен интерес) се должни да Ви достават одговор на барањето веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена, односно 40 дена доколку имателот навремено Ве извести дека му е потребно дополнително време за да Ви ја достави информацијата.

Ако барањето Ви е одбиено или сте незадоволни од добиениот одговор, имате право да поднесете жалба до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во рок од 30 дена по доставувањето на решението на Комисијата, имате право против него да поведете управен спор.

За повеќе информации посетете ја web страната www.spinfo.org.mk или јавете се на бесплатната телефонска линија 0800-44-222**

*податоци од истражувањето спроведено од страна на Институтот отворено општество – Македонија, во периодот јануари-февруари 2009 година. Податоците од истражувањето во целост се достапни на web-страните : www.soros.org.mk и www.spinfo.org.mk

**одржувана од Македонското здружение на млади правници, поддржано од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија

Истражување на јавното мислење за примената на законот за слободен пристап во РМ (.pdf 870KB)
НАЈАВА НА НАСТАН

Слобода наместо страв 2009 – слободен ден за информирање за приватноста



На 12 септември 2009 година, в сабота, од 11 до 14 часот во Градскиот парк во Скопје, ќе се обележи Меѓународниот ден за акција за демократија, слободен говор, човекови права и граѓански слободи, а против цензура, масовен надзор и масовно задржување на податоците.

Настанот ќе биде концентриран во Градскиот парк, во близина на споменикот Гоце Делчев. Сите заинтересирани граѓани, загрижени за својата приватност на интернет, кои имаат потреба од совети за внимателно и безбедно користење на интернетот и би сакале да добијат насоки за почитување и постапување по законот за заштита на личните податоци, може да го посетат настанот и директно да ги прашаат експертите за овие проблематики.

Настанот го организира Фондацијата Метаморфозис. Во обележувањето на денот, свој придонес ќе дадат и Дирекцијата за заштита на личните податоци, Форумот на студенти на европско новинарство, Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, Европското здружение на студенти по право во Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Македонскиот центар за европско образование, Интернет хотлајн провајдерот Македонија, Здружението на млади правници и Град Скопје.

Повеќе информации за овој настан во интернационални рамки, можете да добиете на официјалниот веб-сајт за обележување на денот „Слобода наместо страв“, како и на вики страницата која се надополнува со информации за секоја земја во која се организираат настани по истиот повод.
Реакција по повод отфрлањето на иницијативата за референдум од страна на општина Центар


Советниците во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ЛДП и НСДП вчера, 3 септември 2009, ја суспендираа волјата на 619 граѓани од општината за да се распише референдум за изградба на верски објекти на плоштадот Македонија. Тоа го направија арогантно, без аргументи и без добра волја да им се излезе во пресрет на граѓаните од нивната општина кои сакаат да си го искористат своето демократско право да влијаат врз одлуките на општината.

Пред очите на јавноста, медиумите и меѓународните претставници, советниците се повикуваа на автентично толкување на Законот за референдум кое предвидува граѓаните своите потписи да ги депонираат во Министерството за правда. Притоа, намерно ги игнорираа нашите забелешки дека станува збор за толкување кое се однесува за распишување референдум на ДРЖАВНО ниво, како што неколкупати експлицитно е кажано во документот на кој се повикуваат. Од друга страна, Законот за локална самоуправа никаде не спомнува никакво Министерство за правда, туку јасно кажува каде се доставуваат потписите:

2) Предлогот за покренување на граѓанска иницијатива на локално ниво се доставува до претседателот на советот. (член 75 став 2)

Стравувајќи дека може да потфрли демократскиот капацитет на општинските функционери, за секој случај списокот со потписи уште пред две недели го доставивме до Министерството за правда. Доколку навистина постоеле сомневања за автентичноста на потписите, Министерството за правда имало повеќе од доволно време да ги провери имињата, презимињата и матичните броеви на потпишаните граѓани и со тоа да го спаси образот на денешната македонска демократија.

За ова флагрантно кршење на човековите права на 619 граѓани, ние ќе поднесеме соодветни судски пријави против општината и советниците, па тие ќе имаат барем уште една прилика да ги препрочитаат законите за референдум и локална самоуправа и да ги согледаат небулозите со кои се служеа вчера за да го оправдаат силувањето на демократијата.

Бараме државните институции да одлучат во чија надлежност е проверката на тој список и да си ја завршат работата за која се платени. Доколку службите не сакаат да го сторат тоа, тогаш се поставува прашањето на нивната смисла: чии интереси тие треба да штитат?! Доколку, пак, не ги знаат сопствените процедури, тогаш нека прашаат. Ние се нудиме да им помогнеме.
ОБЈАВА

За набавка на училишен прибор



1 Објавa број: FOSIM/EMGF/09091 UP

2 Финансирање: Фондација Институт отворено општество – Македонија од Соросовиот Ургентен фонд за интервенции насочени кон ублажување на последиците од економската криза

3 Нарачател: Фондација Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) за потребите на проектот Помош во образование на сиромашни

4 Корисници на опремата: Ученици од I-VIII одделение во основно образование

Прочитајте ја целосната објава и преземете ја комплетната документација
УРГЕНТЕН ФОНД

Над 800 илјади евра помош за намалување на штетите од глобалната економска криза во Македонија



Aмериканскиот финансиер и филантроп Џорџ Сорос формира нов Ургентен фонд во висина од 100 милиони американски долари за интервенции насочени кон ублажување на последиците од економската криза во 20 земји каде што се активни неговите национални фондации: Македонија, Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Косово, Киргистан, Латвија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Таџикистан и Украина.

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија од овој Фонд досега има повлечено 812.000 € за следниве проекти:

Најголем дел од средствата, 742.000 Евра, преку проектот Помош за образованието на сиромашните се наменети за обезбедување на училишен прибор за околу 10.000 деца во основните училишта чиишто родители се најпогодени со екомонската криза. Приоритет за доделување помош ќе имаат деца со двајца невработени родители. Помошта ќе биде комплементарна со мерките на Владата на Република Македонија за обезбедување учебници за секој ученик на национално ниво, а ќе се дистрибуира во соработка со училиштата и Министeрството за образование на Република Македонија.

За проектот Слобода наместо страв: Заштита на правото на мирно собирање и изразување јавен протест, кој ќе го реализираат Институтот за човекови права и Македонското здружение на млади правници, ФИООМ издвои 17.702 Евра, наменети за заштита на граѓанските слободи и права, особено на правото на мирно собирање и изразување јавен протест како право загарантирано со Уставот на Република Македонија и со Европската конвенција за човековите слободи и права (ЕСЧП).

Во соработка со Фондација за обнова и развој на Овче Поле од Свети Николе и Општините Свети Николе, Кавадарци и Конче, ФИООМ, со средства во висина од 17.713 Евра, ќе им помогне на најзагрозените земјоделски производители од трите општини да го продолжат семејниот бизнис. Во зависност од специфичните потреби на одредените земјоделски гранки на производство, проектот предвидува помош за производителите на житни култури од општина Свети Николе во подмирување на обврски кон Државата по основ на пензиско и инвалидско осигурување за 3 месеци, како и помош во репроматеријали за тутонопроизводителите и сточарите во општина Конче и за лозарите во општина Кавадарци.

За проектот Земјоделски иницијативи во Могила, од Фондот се издвоени 17.665 Евра. Проектот ќе го релизира Младинскиот центар од Битола, а наменет е за ублажување на проблемите со кои се соочуваат земјоделците од селото Могила, преку обезбедување правно-логистичка поддршка за формирање на здружение на земјоделци од Могила, еднократна парична помош и земјоделска опрема за членовите на здружението.

ПРОМОЦИЈА

Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија



ФИООМ во соработка со НВО „Заеднички вредности“ и поранешните Центри за поддршка на НВО организира работилници за промоција на публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“, објавен на јазиците на заедниците во Република Македонија и на англиски јазик. Работилниците на тема „Употреба на јазиците на етничките заедници на локално ниво” ќе се одржат со следниот распоред:

• 1 септември 2009 г. (вторник) од 12:00 до 14:40 часот во Тетекс Дом на АРМ, Тетово;
• 2 септември 2009 г. (среда) од 11:00 до 13:40 часот х. „Кичево“, Кичево;
• 2 септември 2009 г. (среда) од 16:00 до 18:30 часот во амфитеатарот на Центарот за култура, Дебар;
• 3 септември 2009 г. (четврток) од 12:00 до 14:40 часот во салата на Општина Куманово.

Воведно излагање на работилниците ќе имаат Дарко Јаневски, автор на публикацијата и претставници од Секретаријатот за имплементација на Рамковниот договор. За искуствата со примената на јазиците на етничките заедници на локално ниво ќе зборуваат претставници од локалните власти од регионот и Заменикот Народен правобранител од соодветната регионална канцеларија.

Водичот и работилниците за негова промоција се дел од проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската комисија и ФИООМ. Целта на проектот е да се подобри статусот на малцинските групи и да се зајакнат капацитетите за активно учество во креирањето на јавните политики на локално и на национално ниво.
СООПШТЕНИЕ

Имателите на информации се сè поиновативни при одбивање на барањата за слободен пристап





Имателите на информации, во потрага по било каков начин, да ја избегнат својата обврска да ги сторат достапни информациите, започнаа да даваат разни нелогични образложенија со кои се надминаа себе си.

Така, еден од Имателите на информации, цитирајќи го членот 3, став 1 и 2 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во кој е дефинирано што е информација од јавен карактер („...информација која ја создал и со која располага имателот на информација...“), во своето образложение како причина за одбивање на пристапот до бараната информација наведе дека со оглед на тоа да „барањето е поставено во форма на прашање, Имателот не е во можност да одговори од причина што истиот е должен да дава само постојна документација, а не да создава нова.“!!!!

Ваквото образложение е апсурдно и воопшто неприфатливо од причина што барањето на некој податок, на пример некој статистички податок, или информација за тоа дали е донесена или поништена некоја одлука, претставува податок со кој Имателот на информацијата располага, како составен дел на неговото тековно работење, па следствено на тоа, тоа не е податок кој Имателот на информацијата треба го создаде како нов!

За жал, постојано сме сведоци на одоговори од страна на Имателите на информации во чии образложенија рестриктивно се толкува членот 3, на начин што Имателите на информации сметаат дека се должни да ги сторат достапни само оние информации кои се создадени во писмена форма. Па така, доколку не располагаат со бараната информација во писмена форма (и покрај тоа што реално ја имаат), Имателите воопшто не пројавуваат волја, ниту пак размислуваат во насока на остварување на јавниот интерес, да ја изготват бараната информација во писмена форма по барање на било кое заинтересирано лице.

Ваквата пракса на Имателите на информации е спротивна на демократските принципи и на уставно загарантираното право на граѓанинот на слободно информирање, а сето тоа води кон недоверба на граѓаните во транспарентното работење на Имателите на информации.

Скопје, Август 2009 год.

Лице за контакт:
Јасмина Брезовска
Проектен координатор
„Слободен пристап до информациите од јавен карактер’’
e-mail: jbrezovska@myla.org.mk

Македонско здружение на млади правници
Ул. Благој Давков бр. 2/1/1, 1000 Скопје
Тел. +389 23 220 870

Отворена телефонска линија 0800 44 222
СООПШТЕНИЕ

Стотици НВОа притискаат за акција против корупцијата на средба на ОН



gem
239 граѓански организации од 73 земји испраќаат повик за ефикасно набљудување на антикорупциските ветувања низ светот.

Скопје, 25 август 2009 – 239 организации од 73 држави ги повикуваат 136-те држави – членки на Конвенцијата против корупција на Обединетите Нации (UNCAC) да усвојат транспарентен, отчетен и ефикасен систем за набљудување на напредокот во спроведувањето на анти-корупциските заложби. UNCAC е најсеопфатниот глобален правен инструмент за превенција и борба против корупцијата.

Изјавата вклучува конкретни препораки за тоа како најдобро да се набљудува спроведувањето на Конвенцијата и беше поднесена денес до владите кои се среќаваат во рамките на ОН во Виена за последен круг преговори пред одржувањето на особено значајната Трета конференција на држави – членки во ноември 2009.

Искуството со други антикорупциски системи за набљудување покажува дека без силен механизам за надглед, UNCAC ќе добива само празни говори од многу влади и ќе биде следена од некоординирани и често пати немоќни напори против корупцијата. Иако потребата за надгледен механизам беше утврдена од страна на владите кои земаа учество во 2006-тата, усвојувањето на силен механизам е далеку од обезбедено, поради противењето на мала но гласна група држави, кои го блокираат инаку широкиот консензус.

Моменталната состојба на теренот укажува на тоа дека, иако самата Конвенција (UNCAC, член 13) повикува на транспарентност и учество на граѓанското општество, мала група на претставници на владите е против ваквите гаранции во надгледниот механизам на оваа антикорпуциска конвенција. „Блокирањето на напредокот на набљудувањето е неприфатливо ако државите навистина сакаат да ги спроведат стандардите и условите за превенција, откривање, истрага и санкционирање на дела на корупција“, изјави Џилиан Дел, Програмски менаџер за конвенции на Transparency International. Ваквите тактики се исто така спротивни на општата пракса воспоставена во други меѓународни конвенции против корупција, за човекови права или за заштита на животната средина, на кои овие држави се исто така членки“, додаде Дел.

Изјавата беше промовирана од страна на UNCAC Коалицијата, мрежа на граѓански организации кои го поддржуваат спроведувањето на Конвенцијата на ОН. Мрежата повикува на систем за набљудување кој е:
- поддржан од секретаријат добро обезбеден со ресурси;
- помогнат од страна на група независни експерти;
- заснован на тестирани надгледни методи, вклучувајќи посети во државите;
- партиципативен и вклучува граѓански организации и други заинтересирани чинители;
- спроведуван во координација со регионалните надгледни механизми и
- финансиран од редовниот буџет на ОН или од проценети придонеси, а по потреба дополнет од доброволни придонеси.

Дел од организаците кои ја потпишаа изјавата, вклучувајќи и организации кои не се членки на Коалицијата, се: Access Info Europe, Африканскиот институт за корпоративно граѓанство (AICC), Amnesty International, Anti Slavery International, Арапската мрежа за слобода на информирање (AFOINET), Article 19, CAFOD, Christian Aid, CIVICUS, Иницијативата за човекови права во Комонвелтот, Асоцијацијата на правници на Комонвелтот, Concern Worldwide, EURODAD, Европската мрежа за долгови и развој, Европскиот младински форум, GATTW – Глобалната алијанса против трговијата со жени, Global Witness International, Greenpeace International, HELIO International, Human Rights Watch, IANSA – Мрежа за меѓународна акција против малото оружје, Меѓународната федерација на новинари, Меѓународната асоцијација за право, Islamic Relief Worldwide, Oxfam International, Tax Justice Network, Tiri, Transparency International, World Vision International

За повеќе информации, контактирајте не во Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија, на osi@soros. org.mk

За да ја превземете изјавата на Коалицијата и комплетната листа на потписнички, посетете ја страната www.uncaccoalition.org.

Следете ја Коалицијата на Твитер: www.twitter.com/uncaccoalition
СООПШТЕНИЕ

Потписите за референдум предадени во општина Центар



gemplostad sloboda









„Плоштад Слобода“ и „Граѓани за Европска Македонија“ во изминатите денови собраа 619 потписи од граѓани од Општина Центар и 440 потписи од граѓани од останатите општини за започнување на постапка за референдум за верски објекти на плоштадот Македонија во Скопје. Денес, тие ги предадоа потписите до Советот на oпштина Центар со што и формално може да започне процедурата во Советот на oпштината кој има надлежност да одлучи дали самиот директно ќе распише референдум или ќе отвори пунктови за собирање на 8.800 (20% од вкупниот број полнолетни граѓани во општината) потписи потребни за задолжително распишување на референдум во oпштината.

Kако што кажува Законот претседателот на Советот на oпштината, треба да одлучи во рок од 3 дена за законитоста на иницијативата, по што или самиот ќе предложи референдум, или ќе овозможи услови да се дособерат задолжителните потписи.

Во барањето упатено до Советот на општината се истакнува потребата од отворање на повеќе пунктови низ месните заедници каде би можеле да се собираат потписите, доколку советниците сами не го распишат референдумот. Ако потписите се собираат исклучиво во бараките кај општината, постојат објективни пречки за слободно изразување на граѓаните.

Ако се овозможи само една канцеларија со еден службеник кој ќе ја води процедурата, дури и теоретски би можеле да се соберат максимум 1/3 од потписите, под услов граѓаните да се појавуваат на еднакви интервали, со еднаков интензитет и во текот на целиот ден.

Потписите за иницијативата за распишување на референдум во општина Центар се собираа изминатата недела низ различни локации во општината. Организаторите се посебно задоволни од поддршката и приемот на иницијативата кај граѓаните.

Плоштад Слобода
Граѓани за Европска Македонијa
Проект за документарна фотографија на Институтот Отворено општество
Поместување на ѕидовите 17



Отворен конкурс за документарна фотографија на Институтот отворено општество Њујорк.

Повеќе детали за конкурсот можете да најдете овде (.pdf, 70 K).
Соопштение за јавноста


Граѓани за Европска Македонија


Игнорирањето на насилството раѓа уште поголемо насилство!

Најостро го осудуваме силеџиското дивеење во Нерези од страна на навивачката толпа (дел од групата „Комити“) и непреземањето на соодветни мерки од страна на полицијата за спречување на насилството и за прекинување на спиралата на насилството.

За жал, уште еднаш се потврди констатацијата на Граѓаните за Европска Македонија дека Македонија стана силеџиска држава. Полицијата повторно не го спречи дивеењето на силеџиите (како што не го спречи насилството на трибината во Струга, и силеџиското дивеење на „спонтано“ насобраната толпа на скопскиот плоштад). Министерката за внатрешни работи повторно се обиде да ја префрли одговорноста и да го минимизира дивеењето на толпата, а Премиерот го амнестира МВР и изјави дека врз база на полицискиот извештај ќе процени дали се работи за меѓуетнички конфликт. Загрижуваат и обидите жртвите на насилството да се претстават како виновници.

ГЕМ го потсетува МВР дека пеењето „патриотски песни“ какви што може да се најдат на веб-страницата на комитите претставува чин на предизвикување национална омраза, раздор и нетрпеливост што претставува кривично дело (кое досега воопшто не е санкционирано).

Бараме од МВР да ги идентификува и уапси предизвикувачите на национална омраза, раздор и нетрпеливост, да ги идентификува и уапси сторителите на кривичните дела „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ (водачите и учесниците) и „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“, а од премиерот Груевски бараме да нареди преземање мерки за утврдување на политичка, лична и командна одговорност за неуспехот да се спречи насилството, да се прекине спиралата на насилството, и да се заштитат човековите права на граѓаните од Нерези и другите повредени граѓани за време на насилните инциденти.

Политиканството, тактизирањето и минимизирањето само отвораат простор за нови инциденти и ја зголемуваат одговорноста на власта.

Граѓани за Европска Македонија
ПРАВНА ПРОГРАМА

Финален извештај за институционалните одговори против изборните нерегуларности 2008-2009



publikacijaВо контекст на континуираните напори за унапредување на изборниот процес во Република Македонија, а особено во контекст на последните два изборни циклуси (предвремените парламентарни избори во 2008 и редовните локални и претседателски во 2009), Коалицијата „Сите за правично судење“ го спроведе проектот „Следење на институционалните одговори против изборните нерегуларности“.

Продукт на проектот е финалниот извештај за институционалните одговори против изборните нерегуларности 2008-2009, изработен согласно сеопфатна методологија која се состои во следење на судските постапки, како и во собирање на информации за институционалните одговори против нерегуларностите во сите фази на изборниот процес: 1) во предизборниот период и кампањата, 2) на самиот ден на изборите како и 3) во периодот потоа.

Извештајот содржи стручна анализа на целокупниот изборен процес и идентификуваните проблеми во 2008 и 2009, при што земени се предвид постапувањата на Државната изборна комисија, Врховниот односно Управниот суд, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Советот за радиодифузија како и останатите институции кои се должни да се грижат за доследно спроведување на законите во текот на изборите. Извештајот, исто така, ја анализира и кривично – правната заштита на изборите и содржи информации за полициските, јавно-обвинителските и судските постапки од областа на изборните нерегуларности.

Во текот на имплементација на проектот Коалицијата, преку својата мрежа на набљудувачи, следеше 25 судски постапки против 107 лица обвинети за кривични дела поврзани со изборите. Притоа, една година подоцна, во прв степен завршени се само 40% од постапките против 38 лица.

Од особена важност е тоа што Извештајот ги идентификува не само проблемите туку и можните подобрувања кои се неминовни доколку Република Македонија се стреми да ги исполни стандардите за фер и демократски избори, содржани во копенхагенските заложбите на ОБСЕ од 1990 но, и во копенхагенските критериуми за членство во ЕУ од 1993. Токму затоа, во рамки на извештајот, стручните консултанти кои го разработија извештајот (проф. Татјана Каракамишева и Сашо Чичаковски) предлагаат и конкретни препораки за можни подобрувања во борбата против изборните нерегуларности.

Проект „Следење на институционалните одговори против изборните нерегуларности“се спроведе со финансиска поддршка на фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, од јули 2008 до јуни 2009, со цел да придонесе кон фер и демократски избори и почитување на принципот на владеење на правото во сите фази на изборниот процес.

Преземете го финалниот извештај за институционалните одговори против изборните нерегуларности 2008 - 2009 достапен на македонски, албански и англиски јазик. (.pdf 4MB)
ПУБЛИКАЦИЈА

Водич за граѓаните низ Министерството за труд и социјална политика



Фондацијата Институт отоврено општество – Македонија поддржа издавање на публикација Водич за граѓаните низ Министерството за труд и социјална политика.

Водич за граѓаните низ Министерството за труд и социјална политика е дел од серијалот публикации кои имаат за цел запознавање на граѓаните со надлежностите на министерствата и органите во состав, нивната структура и процедурите и услугите кои институциите ги остваруваат во однос на физичките и правните лица.

Публикацијата претставува обид за доближување на јавните/државните институции до граѓаните во правец зголемување на граѓанската информираност за работата на институциите преку унапредена сервисна ориентираност, транспарентност и јавен интегритет во функционирањето на институции во Македонија.

Преземете ја електронската верзија


Дополнително оваа публикација ќе биде преведена и на српски и ромски јазик.
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Долг е патот до општество базирано на знаење



Претставниците на ресорното министерство не се одзваа на поканата на ФИООМ за учество на трибината Долг е патот до општество базирано на знаење, што се одржа на 30 јуни во Скопје, па затоа ви се обраќаме вака за да ја изразиме нашата загриженост за состојбите во македонското образование.

Компаративните податоци за постигнувањата, како и анализите на состојбата во македонскиот систем за образование и обука, покажаа дека Македонија има исклучително ниски постигнувања во однос на петте клучни репери за образование и обука, дефинирани со стратешките документи на Европската комисија: Образование и обука 2010 - Програма за работа и Обновената стратешка рамка за европска соработка во образованието и обуката (Комуникација 865, од декември, 2008 г.).

Во Република Македонија, 32,2% од лицата на возраст од 18 до 24 години прерано го напуштиле образованието, 63% од македонските ученици постигнале ниски резултати во читање со разбирање на меѓународното ПИСА-тестирање, а само 65,4% од популацијата на возраст од 20 до 24 години имаат завршено средно образование. Република Македонија има само 4,3 дипломирани студенти по математика, природни науки и технологија на 1000 жители на возраст од 20 до 29 години, а само 2,4% од возрасните од 25 до 64 години учествуваат во некаква форма на доживотно учење. Овие постигнувања се многу под просекот на ЕУ и Македонија далеку заостанува зад постигнувањата на поединечните земји - членки на ЕУ, како и зад постигнувањата на земјите од регионот.

Ова е јасен сигнал дека зголемените инвестиции во образованието не се ефикасни и не се трошат ефективно, па затоа не може да доведат до саканите ефекти за подобар квалитет на образованието во контекст на доживотното учење.

Затоа, ве повикуваме да ја преиспитате ефикасноста на вашите мерки и политики, особено оние што генерираат големи инвестиции, а имаат мали изгледи да дадат исто толку позитивни резултати. Ви препорачуваме да размислите за инвестиции што ќе имаат долготрајно и одржливо влијание врз квалитетот на образованието и што ќе се исплатат повеќекратно.

Почитуван господине Претседател и членови на Владата на Република Македонија,

Секоја сериозна долгорочна државна стратегија за конкурентна економија, просперитет и социјална кохезија се гради врз основите на образованието и обуката. Македонија се наоѓа на пресвртница. На Македонија ѝ е потребен силен економски пораст, што не е можен без добро осмислени и соодветно насочени инвестиции во образованието. Од друга страна, пак, евидентна е кризата во создавањето, акумулирањето, размената и употребата на знаењето во државата.

Општество базирано на знаење не е сон или фантазија, туку иновативно општество во коешто има простор за аспирациите на сите негови членови и коешто има начини и средства да го поддржи личниот развој во секоја фаза од животот на поединецот. Македонската Влада треба да се соочи со реалноста. Културата на учење од колевка до гроб не се развива и не се негува со скапи кампањи со бизарни и збунувачки пораки. Наместо тоа, потребни се пофокусирани напори, треба да се води информирана политика и да се донесуваат информирани одлуки што ќе се базираат на податоци и докази и коишто ќе вклучат поширока консултација со сите чинители/засегнати страни во образованието.

Ве повикуваме во целост да ги прифатите европските стратешки документи како и реперите и индикаторите воспоставени на ниво на ЕУ, како основа врз којашто Владата ќе ја креира образовната политика и во иднина ќе го следи и ќе го оценува напредокот на стратешките приоритети во областа на образованието во нашата земја.

Ве повикуваме да ги земете предвид анализите и препораките дадени во документот на ФИООМ: Долг е патот до општество базирано на знаење: Македонското образование во светло на реперите и индикаторите за „Образование и обука 2010“ - Програма за работа на Европската комисија,
ПРОГРАМА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Проект: Отворен државен буџет – мониторинг на јавни набавки



Трибина по повод објавувањето на „Извештајот за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), во соработка со Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), организираше трибина по повод објавувањето на „Извештајот за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“.

Трибината се одржа на 23 јуни 2009 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Анализата на процесот на јавни набавки во Република Македонија е направена врз основа на мониторинг на избран примерок од 40 постапки; анализа на жалбениот процес; серија длабински интервјуа со економски оператори и анализа на сумарните податоци на Бирото за јавни набавки.

Како клучни забелешки кои беа издвоени во анализата се следниве:

• Висок процент на поништени постапки за јавни набавки;
• Широк простор на договорните органи во одредувањето на критериумите за избор на најповолна понуда, кој остава можност за субјективност и злоупотреба;
• Растат бројот и вредноста на склучените договори со постапки за преговарање без објавување на оглас во 2008 во однос на 2007 година.
• Одолговлекување на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда и до 100 дена;
• Тендерската документација понекогаш се користи како начин за манипулација во постапките за јавни набавки;
• Исклучително мал број на постапки кои се спроведуваат преку Електронскиот систем на јавни набавки (е-аукција);
• Високите банкарски гаранции се проблематични за фирмите;
• Учесниците во тендерите не добиваат образложение за донесените одлуки за избор на најповолна понуда;
• Одолговлекување на реализацијата на доделените договори за јавни набавки и доцнење со исплата на парите;
• Економските оператори го оценуваат со просечна оценка 2,93 спроведувањето на постапките за јавни набавки;
• Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН) донела мал број решенија со кои се поништуваат првостепената одлука и постапката надоговорниот орган;
• Економските оператори доставуваат мал број на жалби.

На трибината како воведничари говореа:

Сабина Факиќ и Герман Филков, координатори на проектот; Вања Михајлова, антикорупциски експерт и член на работниот тим на проектот и Томе Неновски, професор на Американскиот универзитет и член на работниот тим на проектот.

Свое активно учество во дебата зедоа и претставници од Бирото за јавни набавки, од Државната комисија за жалби по јавни набавки, Државната комисија за спречување на корупцијата, стопанските комори и невладиниот сектор.


Преземете ја македонската верзија од извештајот
Преземете ја англиската верзија (.pdf, 200 KB)

Аудиозапис од трибината

ПРАВНА ПРОГРАМА

ФИООМ го поздравува потпишувањето на првата во светот Конвенција за пристап до официјални документи



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), го поздравува чинот на потпишување на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи од страна на државните власти на средбата на министри за правда одржана вчера, 18.06.2009 година, во Тромсо, Норвешка.

Македонија, Бугарија, Грузија, Естонија, Литванија, Норвешка, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Црна Гора и Шведска се дванаесетте држави членки на Советот на Европа потписнички на Конвенцијата која треба да придонесе кон зголемување на транспарентното работење на властите во што е можно поголем број европски држави. Истовремено, ФИООМ заедно со своите партнери од Европа ги повикува останатите 35 земји-членки да ја покажат својата посветеност за транспарентност и да ја потпишат и ратификуваат конвенцијата.

ФИООМ со своите партнери од Европа активно учествуваше во процесот на преговори на текстот на Конвенцијата и уште тогаш, поддржана од македонските власти, лобираше за нејзино подобрување.

ФИООМ ја поттикнува Владата и Собранието на Република Македонија во најкус рок да ја стават на дневен ред на Собранието ратификацијата на Конвецијата, вклучително и факултативните одредби. Со ратификацијата, Македонија ќе продолжи да биде лидер во промовирањето на правото на слободен пристап во европски рамки.

Пратениците на Република Македонија, во Советот на Европа, покажаа висока сензитивност по однос на прашањето на квалитетот на Конвенцијата и лобираа за нејзино повисоко усогласување со домашното законодавство во поглед на пристапот до информации од јавен карактер. ФИООМ и во иднина ќе ја следи работата на Владата и Собранието на Република Македонија во поглед на ратификацијата, а потоа и примената на Конвенцијата во домашното законодавство.
КОНКУРС

За фотографии и карикатури



konkurs-01

СООПШТЕНИЕ

Термини и локации за собирање потписи за референдум



gemplostad sloboda








Поради зафатеноста на Плоштадот Македонија со масовни собири по повод натпреварот Македонија-Шпанија, почетокот на акцијата за прибирање потписи за поддршка на иницијативата за општински референдум се одлага за утре, четврток, во 18.00 часот на истите предходно најавени пунктови


- Плоштад Македонија, секој работен ден од 18 до 21 часот

- Културен центар Точка, секој работен ден и в сабота од 10 до 17 часот

- Кај фонтаната во Градски парк, в сабота и в недела, 16 и 17 август, од 10 до 14 часот.


Граѓани за Европска Македонија и Плоштад Слобода

Повеќе за иницијативата и за локациите за поддршка (.pdf 1.4MB)
ПРОМОЦИЈА НА ПРЕДЛОГ ДРЖАВНА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ВО ВРСКА СО ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Predlog strategijaНа 17 јули 2009, во хотелот Холидеј Ин, пред претставниците на медиумите, Собранието, дипломатскиот кор, граѓанските организации и заинтересираната јавност, ФИООМ ја промовираше Предлог државна стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска со името на Република Македонија, од авторот Стојан Андов, пратеник на Либералната партија.

Промоторите на Предлог државната стратегија, Мерсел Биљали и Жарко Трајаноски ја истакнаа важноста на овој натпартиски документ и потребата од негово усвојување од страна на Собранието на Р.М. Претседателката на Управниот одбор на ФИООМ, Гордана Дувњак, истакна дека ФИООМ го поддржува објавувањето на овој документ со цел пошироко запознавање на јавноста со неговата содржина.

Предложената државна стратегија ги содржи правните основи и рамки во кои Република Македонија треба да го бара решението за спорот со Грција, во врска со името на нашата земја. Според промоторите на документот, проблемот со името е политички, а не правен, и решението треба да се бара во политичката сфера.

Документот дава јасен преглед на досегашните случувања и нуди основни насоки за решавање на проблемот со името.

Predlog strategija 2Авторот на Предлог државната стратегија смета дека е неопходно Владата да го промени своето однесување во врска со овој проблем и да даде видливи знаци дека е подготвена за преговори кои во краток рок ќе доведат до успешно решение. „За таа цел неопходно е Владата со своето пасивно однесување да престане да ја штити референцата ПЈРМ и јавно да изрази подготвеност за прифаќање на географската додавка во името на нашата земја. Истовремено потребно е Владата да се откаже од референдумот како адут во преговорите, бидејќи однапред нагласената одлука за референдум ги прави преговорите илузорни, а Владата ја огласува за нерелевантна и неодговорна – неквалификуван партнер во преговорите“ се нагласува во воведот на Предлог државната стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска со името на Република Македонија.

Документот, со поддршка од ФИООМ, на 18 јули 2009 година, ќе биде бесплатно дистрибуиран како додаток во дневните весници „Утрински весник“, „Дневник“, „Вест“ и „Шпиц“.

Преземете ја Предлог државната стратегија за решавање на спорот со Република Грција во врска со името на Република Македонија (.pdf 260KB)
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

Презентирање на резултати од истражување на јавно мислење












СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани,

“Плоштад Слобода” и “Граѓани за Европска Македонија” нарачаa теренско истражување на јавното мислење во однос на изградбата на верски објекти на плоштадот Македонија кое го спроведе “Брима Галуп”, со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ). Истражувањето беше спроведено во периодот помеѓу 20-ти и 22-ри Јули врз репрезентативен примерок од 500 луѓе од Општина Центар со +/- 4% маргина на грешка. Според него, дури 70% од граѓаните во општината се против изградбата на било каков верски објект на централниот скопски плоштад, а дури 74% се против подарувањето на земјиштето на МПЦ и ИВЗ. Имајќи ги предвид овие податоци, двете здруженија се одлучија да покренат иницијатива за спроведување на референдум меѓу граѓаните на Општина Центар на кој тие самите ќе одлучат дали сакаат цркви, џамии и теќиња на плоштадот Македонија.

За таа цел, во наредните неколку дена ќе започнеме постапка за собирање на 8.800 потписи (20% од вкупниот број полнолетни граѓани во општината) потребни за задолжително распишување на референдум во општината Центар.

“Плоштад Слобода” и “Граѓани за Европска Македонија” ги повикуваат сите здруженија на граѓани, неформални групи и индивидуалци да им се придружат во собирањето на потписите и да ги поддржат во подоцнежните напори да ги убедат граѓаните на Општина Центар да гласаат “против” на референдумското прашање.

Плоштад Слобода
Граѓани за Европска Македонијa


Резултатите од истражувањето можат да се преземат овде (.pdf 1.7MB)

Граѓаните/жители на општина Центар кои сакаат да дадат поддршка на оваа иницијатива тоа можат да го направат во деновите петок, сабота и недела (07, 08 и 09 август 2009) во просториите на Културен центар Точка (локација бул. Климент Охридски 15, Скопје, во блокот зад седиштето на МПЦ, спроти седиштето на Здружение на новинари) во период 19.00 - 21.00 часот.
ЛЕТЕН КАМП ЗА ИНТЕРКУЛТУРНО ОБРАЗОВАНИЕ


leten kampКако дел од активностите во проектот „Креативна настава и учење“ во периодот од 1 до 13 јули во хотел „Метропол“ во Охрид на Летниот камп за интеркултурно образование учествуваа 320 ученици од трета година средно образование од 11 средни училишта од Скопје, Струга, Гостивар, Тетово, Битола, Крушево и Велес.

Учениците учествуваа на работилници за препознавање и надминување на предрасуди и стереотипи, градење сојузништва, интеркултурно образование, јавна дебата, младински активизам, подготовка и организирање јавни настани, новинарство и изработка на весник итн. Работилниците ги реализираа млади обучувачи од обуката за Социјална правда и ментори од невладината организација Младински образовен форум.

Сите ученици на кампот добија сертификат за учество. Тие на почетокот на новата учебна година (2009-2010) ќе имаат обврска да ги пренесат искуствата и наученото од кампот пред своите соученици и професори во училиштата во коишто учат.
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Втор извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ (1 април - 30 јуни 2009)



НА МАКЕДОНИЈА И ТРЕБА НОВ ПРЕМИЕР ЗА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА

pressМакедонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), го објавија денеска, 09.07.2009, вториот Извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, изработен во рамки на проектот Accession Watch.

Овој Извештај го анализира процесот на исполнување на клучните приоритети од Пристапното партнерство, од страна на Владата на Република Македонија, како и работата на Собранието на Република Македонија при донесувањето на законите предвидени за исполнување на реперите.

Анализата покажа дека Владата постојано ги пролонгира роковите за реализација на предвидените мерки и затоа најголемиот број нејзини документи во својата суштина се неконзистентни и неупотребливи. Оставката на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Ивица Боцевски се случи во најлошиот момент за македонските евроинтеграции. Уште повеќе загрижува фактот што Боцевски не најде за потребно да им се обрати на граѓаните и лично да им ги образложи причините за својата оставка.

Што се однесува до исполнувањето на реперите клучни за евроинтеграциите на Македонија, Извештајот покажа дека:

1. Државните органи се уште имаат игнорантски однос кон изборните нерегуларности и дека се уште нема информација за евентуални истраги во врска со притисоците односно „заплашувањата за губење работа“ врз вработените во јавната администрација и фирмите во приватниот сектор. Државниот завод за ревизија и по два месеци откако политичките партии ги поднесоа финансиските извештаи не информирал за резултатите од направената ревизија на финансирањето на партиите за време на изборната кампања.

2. Законот за Собрание се уште не е донесен, а работните верзии на законите и другите акти за чие подготвување е задолжен Парламентот, во фазата на изработка се далеку од очите на јавноста. Деловникот по кој работи законодавниот дом не е донесен со консензус и се уште нема никаква иницијатива да се разгледаат измените кои ги предлага опзицијата. Комитетот за односи меѓу заедниците не дискутира за суштинските прашања кои ги загрозуват меѓуетничките односи а во услови кога претходните инциденти во Парламентот остануваат неказнети, инцидентите на пратениците стануваат се почеста практика.

3. Се доцни со донесувањето на Законот за внатрешни работи. Имајќи го предвид значењето на овој закон, особено е важно тој да биде донесен во транспарентна постапка, со учество на сите заинтересирани страни, а особено на невладините организации што се занимаваат со заштита на човековите права.

4. Кога станува збор за судските реформи, продолжува практиката на отсуство на системско следење и мерење на ефектите од примената на новата законска рамка. Префрлувањето на предметите на извршителите доцни, а најтешко се спроведува реализацијата кон државните органи. Ниту еден од кандидатите од првата генерација на Академијата за судии и за јавни обвинител се уште не е избран за судија. Пристапот до судските одлуки е проблематичен, а случаите како ЕЛЕМ/ЕВН и информациите дека е покрената постапка за разрешување на искусен судија кој двапати не донесе решение за утврдување мерка притвор во случајот со еден градоначалник, имплицира дека во последниве месеци во Република Македонија постојат обиди за прекумерно влијание врз судството.

5. Продолжува тенденцијата на отсуство на соработка меѓу Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и другите органи. Измените и дополнувањата на Кривичниот законик и новиот Закон за овластувањата на јавните службеници, иако клучни за заокружување на законската рамка за справување и спречување корупција не се донесени во предвидените рокови. Треба да се истакне дека, најголемите политички партии (секоја посебно) за време на Изборите 2009, потрошиле од 6 до 8 пати повеќе средства од останатите партии заедно, како и дека дури 54 градоначалници „заборавија“ во законски предвидениот рок да поднесат анкетен лист за нивната имотна состојба.

6. Ребалансот на буџетот ги „стопи“ средствата за развој на човечките ресурси во државната администрација. Посебно карактеристично е намалувањето на средствата во потпрограмата за развој на човечки ресурси за речиси 98%, како и намалувањето на буџетот на Агенцијата за државни службеници за 41%. Од друга страна, пак, Владата наместо да го намали, планира да го зголеми бројот на државните службеници за околу 45%, во периодот 2009-2011 година, под изговор дека тоа е неопходно за европските интеграции.

7. Проблемот со невработеноста дополнително се изостри со глобалната економска и финансиска криза што ја погоди и Македонија. Производството и извозот драстично опаѓаат, а со тоа опаѓа и вработеноста во реалниот сектор. Новите антикризните мерки на Владата се уште немаат никакви ефекти врз задржувањето на постојните работни места. Бројните вработувања во јавната администрација продолжуваат со што дополнително се оптоварува буџетот и се дестимулираат претприемачкиот дух и иницијативноста за активно вклучување на пазарот на труд, посебно кај младите лица, кои очекуваат вработување од државата.

8. Владата се конфронтира со успешните компании, кои и онака се меѓу ретките кои инвестираат и вработуваат во Македонија и тоа без државни субвенции и привилегии. Во исто време, Владата ја задолжува државата со издавање скапи записи и обврзници и го извлекува расположивиот капитал од банките и фирмите. Со тоа отвара спирала на неодрживо, инфлаторно финасирање на дефицитот и ја принудува Народната банка, заради спречување на девалвација на денарот, дополнително да ја затегнува монетарната, а со тоа и кредитната политика.

Преземете го извештајот:

Втор извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ (.pdf 700KB)

ПОД ИСТО СОНЦЕ

Одржан вториот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце” во Струга



Narodno oroНа брегот на Охридското езеро на 4-ти јули 2009 год. во автокампот „Ас” во Струга се одржа вториот мултиетнички хепенинг, кој е дел од кампањата „Под исто сонце” за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Високите температури не ги спречија посетителите да уживаат во настанот кој се одржа под отворено небо. Повеќе од 6000 посетители имаа можност да се запознаат со културата и традицијата на различните етнички заедници кои како обележја беа промовирани од страна на невладини организации, институции, културно-уметнички друштва, женски организации и музеи. Манифестацијата официјално ја отворија Н.Е. Ерван Фуере, специјален  претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија и Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Во рамките на официјалното отворање беше промовирана и публикацијата „Водич за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“, објавена на 7 јазици.

DiskusijaОваа година беше презентирана исклучително богата програма со фолклорни игри, народни носии и ракотворби, експонати, кулинарски специјалитети во чии рамки беа вклучени сите етнички заедници кои живеат во земјава. Атмосферата беше весела до самиот крај, учесниците и посетителите се дружеа преку музика и игри и надвор од сцената создавајќи чувство на заедништво и солидарност. Беа претставени и кратки документарни филмови, ликовни творби, публикации, а посебен интерес за љубителите на спортот привлекоа турнирите во кошарка и мал фудбал. Во кошаркарскиот турнир првото место им припадна на членовите на Агенцијата за развој на регионот од Липково, додека во турнирот во мал фудбал како најдобри се покажаа членовите на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар.

kirilВо рамките на хепенингот покрај културно-забавната програма беа организирани две панел дискусии во Евроколеџот во Струга: „Сегрегацијата во образованието – предизвик за мултиетничкото општество“ и „Дали Охридскиот рамковен договор донесе подобрување на меѓуетничките односи?“. Во врска со проблемите во областа на образованието во Струга се констатираше дека конфликтот меѓу учениците е вештачки наметнат и решението не треба да се бара кај учениците, туку кај политичарите. Влијанието на Охридскиот рамковен договор врз меѓуетничките односи во државата беше дискутирано на втората панел-дискусија каде се заклучи дека ревидирањето на Охридскиот рамковен договор може штетно да се одрази врз меѓуетничките односи во Македонија.

teatarКако завршница на еднодневниот мултиетнички хепенинг, со цел создавање простор за дружење на младите, од 20:00 до 01:30 часот на плажата од автокампот „Ас” настапија Мајка бенд, Паркети, Бени & Нон Стоп и Кирил Џајковски, како и најмалото театарче на светот „Зелената гуска”.
Влезот беше слободен за сите настани.

Иако вториот мултиетнички хепенинг е последен во рамки на кампањата „Под исто сонце“, извршниот директор на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија Владимир Милчин порача дека во иднина ќе бидат организирани уште повеќе настани од ваков тип.

Настанот го организираше Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со НВО „Заеднички вредности” и 12-те поранешни Центри за поддршка на НВО во рамките на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската Комисија и ФИООМ.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Стручна расправа на тема: „Спогодување и медијација“



Во организација на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија, во соработка со Фондацијата Институт отворено општество Македонија, на 3 јули 2009 година во хотелот „Арка“ во Скопје се одржа стручна расправа на тема „Спогодување и медијација“. На расправата, организирана во рамките на проектот „Реформа на казненото право и почитување на човекови права – Подготовка за доследна примена на новиот Закон за кривичната постапка“, учествуваа 40 судии, обвинители и адвокати.

Во текот на стручната расправа беше презентиран и коментиран извадок од одредбите на работната верзија на нацрт - законот за кривичната постапка кои се однесуваат на спогодувањето и медијацијата.

Со оглед на тоа дека со овие одредби се предвидува внесување на два инстутута, спогодувањето и медијацијата, кои за првпат би станале дел од кривичната постапка во Република Македонија, излагачите дадоа вовед и запознавање со значењето, содржината и развојот на истите, предностите од нивната примена, како и евентуалните проблеми со кои може да се соочат практичарите. Учесниците на стручната расправа укажаа и на некои од досегашните искуства од примената на Законот за медијација, кој се применува веќе трета година.

Истражувањето „Спогодување и медијација“ можете да го преземете тука.

Интегрален текст од истражувањето (.pdf 625 KB)
ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Граѓаните одлучуваат – последна форумска сесија во Општина Ново Село



Forumi vo zaednicata

Во изминатите осум месеци граѓаните на Општина Ново Село дебатираа на тема „Подобрување на комуналната инфраструктура и животната средина“. Беа изработени пет предлог проекти, кои на последната, седма сесија, одржана на 24.06.2009, беа ставени на гласање. На сесијата присуствуваа околу 70 граѓани на Општината. Форумот во Ново Село одлучи да ги поддржи следниве проекти: „Обезбедување чиста вода за пиење во Ново Село“ со вкупен буџет од 5.446.242 денари - носител на проектот е Општина Ново Село; и „Изградба на отворена каналска мрежа во селата Смолари, Дражево и Старо Коњарево“ со вкупен буџет од 3.483.852 денари - носител на овој проект е водната заедница „Стар Дол“ с. Старо Коњарево. Фондот за финансирање на проектите (8.000.000 денари) го обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (6.000.000 денари) и Општина Ново Село (2.000.000 денари). Имплементацијата на избраните проекти ќе започне во јули 2009
ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Тркалезна маса: Долг е патот до општество базирано на знаење



trkalezna masaВо организација на Фондацијата Институт отворено општество Македонија – ФИООМ, денеска, 30 јуни 2009 година, во салата Дипломатик, на Скопскиот саем, се одржа тркалезната маса „Долг е патот до општество базирано на знаење“.

На тркалезната маса, претставниците од ФИООМ заедно со претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, универзитетите и факултетите во Македонија, УСАИД, Светската банка и други меѓународни организации и донатори активни на полето на образованието расправаа по документот за јавни политики на ФИООМ: Долг е патот до општество базирано на знаење: Македонското образование во светло на реперите и индикаторите на „Образование и обука 2010“-Програма за работа на Европската комисија.

Документот за јавни политики на ФИООМ „Долг е патот до општество базирано на знаење“ ги истражува постигнувањата на македонскиот систем за образование и обука во однос на петте репери за образование на ЕУ; нуди спроредбени податоци за постигнувањата, но и за образовните политики и практики на ЕУ-27 и на другите земји од регионот на Југоисточна Европа, ги анализира сегашните политики и состојби во македонскиот систем на образование и обука и дава препораки за нивно подобрување.

Според наодите во документот македонскиот систем на образование и обука покажува ниски постигнувања во однос на петте клучни репери за образование на ЕУ, македонските образовни политики се неконзистентни, Македонија се соочува со мал опфат на децата во предучилишна возраст, со загрижувачка вертикална мобилност и осипување на учениците во основното и средното образование. Не се применува доследно дополнителната настава предвидена со Законот за основно образование, додека реформите во стручното образование, како и во образованието за возрасните, се одвиваат многу бавно.

trkalezna masaУчесниците на тркалезната маса истакнаа дека наодите во документот не ги гледаат како критика, туку, како желба на ФИООМ за подобрување на македонскиот образовен систем.

Беше истакнато дека за големиот процент на ученици кои прерано го напуштаат образованието причината треба да се бара во нашиот систем на образование кој нема превентивни мерки за осипување на учениците и не е подготвен да одговори на потребите на ранливите групи.

Исклучително ниските резултати во читање со разбирање од македонските ученици (дури 83% постигнаа под ниво 3 на меѓународниото ПИСА тестирање спроведено во 2000 г.), според учесниците на тркалезната маса, укажуваат на слабата ефикасност на македонскиот систем за образование и обука.

Доколку Македонија се стреми да стане општество базирано на знаење, образованието мора да стане еден од клучните приоритети на Владата.
ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Граѓаните одлучуваат – последна форумска сесија во Општина Кочани



Forumi vo zaednicata

Последната, седма, форумска сесија во Општина Кочани се одржа на 25.06.2009. На сесијата присуствуваа повеќе од 100 граѓани на општината. Во изминатите осум месеци граѓаните на Кочани дебатираа на тема: „Инфраструктурно уредување на градот и околните населени места“ и изработија 13 предлог проекти, од кои 10 беа ставени на гласање на седмата форумска сесија. Граѓаните на Кочани се одлучија да ги поддржат следниве проекти: „Ограден училишен двор - поголема безбедност“, со вкупен буџет од 2.557.458 денари - носител на проектот е ЦОУ „Кирил и Методиј“; „Санација на спортската сала“, со вкупен буџет од 4.998.472 денари - носител Организација на потрошувачи од Кочани; и „Парк во населбата Калиманова глава“, со вкупен буџет од 1.161.027 денари - носител на проектот е ЗГ „Еднакви за сите“ од Кочани. Фондот за финансирање на проектите (8.000.000 денари) го обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (6.000.000 денари) и Општина Кочани (2.000.000 денари). Имплементацијата на избраните проекти ќе започне во јули 2009.
ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Македонското образование е далеку од образованието во Европа!



Македонскиот систем на образование и обука покажува ниски постигнувања во однос на петте клучни репери за образование на ЕУ: (1) Лица на возраст од 18-24 години кои прерано го напуштиле образованието; (2) Ученици со ниски постигнувања во читање со разбирање на ПИСА тестирањето; (3) Лица на возраст од 20 до 24 години со завршено средно образование; (4) Дипломирани студенти по математика, природни науки и технологија на 1000 млади на возраст од 20-29 години и (5) Учество на возрасните на возраст од 25до 64 години во доживотното учење.

Македонските образовни политики се неконзистентни, иницирани се набрзина и се водени само од желбата на Владата да „испорача“.

Република Македонија се соочува со мал опфат на децата во предучилишна возраст (20.5% бруто стапка во 2004/05 година), со загрижувачка вертикална мобилност и осипување на учениците во основното и средното образование. Не се применува доследно дополнителната настава предвидена со Законот за основно образование, додека реформите во стручното образование, како и во образованието за возрасните, се одвиваат многу бавно.

Квалитетот на иницијалното образование на наставниците е се уште на ниско ниво и не е усогласено со предизвиците на современите образовни процеси. Дури 83% од македонските ученици постигнаа исклучително ниски резултати (под ниво 3 на меѓународниото ПИСА тестирање спроведено во 2000 г.) што укажува на тоа дека тие не се во состојба да функционираат на едно „модерно“ работно место.

Дискутабилна е исплатливоста и исполнувањето на условите за квалитет на дисперзираните студии, и на новоотворените факултети низ државата.

Македонија нема стратегија за доживотно учење, нема национална рамка за квалификации, а Законот за образование на возрасни доцни со своето спроведување. Националната агенција за европски програми и мобилност доцни со добивањето акредитација, а останува отворено и прашањето како националните тела за обезбедување квалитет во високото образование ќе ги исполнат стандардите за да бидат регистрирани во Европскиот регистер на агенции за евалуација.

Ова се само дел од наодите на документот за јавни политики: „Долг е патот до општество базирано на знаење: Македонското образование во светло на реперите и индикаторите за „Образование и обука 2010“ Програма за работа на Европската Комисија“, спроведено од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).

Овој документ ги истражува постигнувањата на македонскиот систем за образование и обука во однос на петте репери за образование на ЕУ; нуди спроредбени податоци за постигнувањата, но и за образовните политики и практики на ЕУ-27 и на другите земји од регионот на Југоисточна Европа, ги анализира сегашните политики и состојби во македонскиот систем на образование и обука и дава препораки за нивно подобрување.

Бидејќи целта на овој документ е да обезбеди максимална подршка за зајакнување на европската перспектива на образованието во Македонија, ФИООМ меѓу другото и препорачува на Владата:

• Да ги усогласи сите национални документи важни за пристапувањето кон ЕУ со образовните политики на Унијата и со Болоњската декларација;
• Да преземе конкретни мерки за обезбедување целосен опфат во основното и средното образование;
• Да инвестира во области што ќе имаат долготрајно и одржливо влијание врз квалитетот на образованието, особено во предучилишното образование и реформирање на иницијалното образование на наставниците;
• Да ја повлече одлуката за екстерно оценување на учениците, а наместо тоа да се вклучи во меѓународното ПИСА тестирање чии резултати треба да ги искористи за идентификување на клучните проблеми во образованието и во креирањето политики за нивно надминување;
• Да го зголеми финансирањето на високото образование и истражувањето;
• Да ја преиспита својата одлука за отварање нови дисперзирани студиски програми и наместо тоа да ги забрза реформите и да го подобри квалитетот на студиите во веќе постојните универзитети;
• Да креира одржлив систем за образование на возрасни и да подготви сеопфатна стратегија за доживотно учење.
ПРАВНА ПРОГРАМА


Уставниот суд го потврди укажувањето на ФИООМ за постоење дискрециони и неуставни одредби во Законот за постапување со претставки и предлози

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), сметајќи го донесувањето на Законот за постапување по претставки и предлози како еден од клучните закони со кој се регулира начинот на којшто граѓаните комуницираат со органите на државната власт и локалната самоуправа, а со цел остварување на своите интереси, во јануари 2008 година достави допис до сите пратеници во Собранието на Република Македонија преку којшто укажа на бројни недоследности на тогашниот Предлог-закон за постапување по претставки и предлози. Тогашниот пратенички состав не успеа да го усвои споменатиот Предлог-закон, но текстот се најде непроменет на седница на штотуку оформениот пратенички состав и во јули 2008 година беше изгласан од страна на пратениците. Иако голем дел од пратениците кои гласаа за донесување на Законот, ги имаа добиено забелешките на ФИООМ како пратеници на претходниот парламентарен состав и иако министерот за правда и претседателот на Владата останаа непроменети и по изборите во јуни 2008 година, никој од споменатите не најде за неопходно да ги земе предвид укажувањата за неуставност на одредбите на Законот за постапување по претставки и предлози.

Меѓу другото, ФИООМ во својот допис укажа дека: „ Во членот 8 сметаме дека одредбата за непостапување по претставки, односно предлози со „навредлива содржина“, е исклучително слободна, дискрециона и недопуштена категорија. Наше мислење е дека тука треба да се следи Уставот на РМ, и тоа член 24, што уредува дека граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело“.

На седница одржана на 15.04.2009 година, Уставниот суд донесе одлука по однос на иницијативата на г- дин Стамен Филипов, со којашто го укина член 8 став 2 од Законот за постапување по претставки и предлози. Меѓу другото, во својата одлука објавена во Службен весник на РМ, број 56/09, Уставниот суд укажува дека својата одлука ја носи врз основа на следниве аргументи „... Според членот 24 од Уставот, секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и други јавни служби и на нив да добие одговор.

...Анализирајќи ја оспорената одредба од Законот, произлегува дека одредбата дава право на органот слободно да цени што претставува навредлива, а што не е тоа, и во зависност од слободната проценка да не постапува по претставката, односно да не дава одговор заради карактерот на содржината која ја оценил како навредлива надвор од постоењето на нормирани објективизирани критериуми за тоа и само во рамки на индивидуалните оцени на органот како го сфатил текстот на претставката. Со оглед на тоа, а имајќи предвид дека оспорената одредба е непрецизна, недоволно дефинирана и недоволно определива, се создава простор за арбитрерност и различно и неконзистентно постапување кон поднесените претставки и предлози, а со тоа граѓаните да добиваат или да не добиваат одговор врз основа на тоа што содржината или ставовите во претставката се сметале за навредливи од страна на органот.

Имајќи ја предвид уставната позиција за слободите и правата на граѓаните која се однесува на слободата на уверувањата, мислата и јавното изразување на мислата и правото да се поднесуваат претставки и на нив да се добие одговор, а граѓанинот да не трпи штетни последици за ставовите, освен ако со нив не сторил кривично дело, Судот утврди дека оспорената одредба од Законот не е во согласност со наведените уставни определби...“

Фондацијата Институт отворено општество – Македонија препорачува:

• Фактичкиот след на настаните и големиот број законски одредби што во последно време од страна на Уставниот суд се прогласувани за неуставни, е една дополнителна причина за подобрување на консултативниот процес на донесување закони и учество на различни засегнати страни во истиот.
Пратениците во Собранието на РМ да пристапат професионално и совесно во процесот на донесување на законите и притоа да посветат внимание на предлозите што пристигнуваат од претставниците на граѓанскиот сектор. Иако во практиката во сосема мал број се јавува како предлагач на законите, пратеничкиот состав сепак ја носи обврската за зачувување на достоинството на институцијата Собрание на РМ, чиешто достоинство се чини нарушено со досега невиденото темпо на укинување и поништување законски одредби од страна на Уставниот суд.

Правна програма: ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА


И по изминати три години од примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер 63% од граѓаните не знаат дека постои законот

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија ќе одржи прес-конференција во просториите на НВО Инфоцентарот, денеска (четврток) 14 Мај 2009 година, со почеток во 11:00 часот. На прес-конференцијата, ќе бидат презентирани  резултати од Истражувањето за перцепцијата на граѓаните во Република Македонија за остварувањето на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и оцената на имателите на информации за примената на правото.

Истражувањето беше изведено во два дела: (а) квалитативно истражување преку две фокус групи (општа популација и службени лица од кај имателите на информации) и (б) квантитативно истражување на национално репрезентативен примерок од 1009 испитаници и 50 професионалци – иматели на информации. Истражувањето беше спроведено од професионалната агенција Brima Gallup во периодот јануари-март 2009 година. Дел од резултатите на Истражувањето укажуваат дека:

• ТРИ ГОДИНИ ПО ДОНЕСУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ, МНОЗИНСТВОТО (63%) ОД ГРАЃАНИТЕ НЕ ЗНААТ ДЕКА ПОСТОИ ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

• 9 ОД 10 ГРАЃАНИ СМЕТААТ ДЕКА Е ПОТРЕБНА КАМПАЊА ЗА НИВНО ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРАВАТА И МОЖНОСТИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

• НЕМАЊЕТО ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ И НИВНАТА ИНЕРТНОСТ СЕ БАРИЕРА ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНОТ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР, СМЕТААТ ДУРИ 81% ОД ГРАЃАНИТЕ. АЛБАНЦИТЕ ИМААТ НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ, НАСПРОТИ ОСТАНАТИТЕ ЗАЕДНИЦИ КОИ ИМААТ МАЛА ДОВЕРБА.

• ЗА ГРАЃАНИТЕ ПОСТОЕЊЕТО НА ЗАКОНОТ Е ОД ОСОБЕНА ВАЖНОСТ

• ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНОТ ПРЕТСТАВУВА МОЖНОСТ НА ВИДЕЛИНА ДА ИЗЛЕЗАТ ПРОБЛЕМИТЕ И АНОМАЛИИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ИНСТИТУЦИИТЕ

• КОНСЕНЗУС МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА ДЕКА ПРИСТАПОТ ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ТРЕБА ДА БИДЕ БЕСПЛАТЕН

• ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ОД ГРАЃАНИТЕ, КОИ ЗНААТ ЗА ЗАКОНОТ, НЕ ЗНААТ ДЕКА ПОСТОИ КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ, КОЈА Е ВТОРОСТЕПЕН И НЕЗАВИСЕН ОРГАН

• ПОВЕЌЕ ОД 2/3 ОД ГРАЃАНИТЕ (68%) НЕ ГИ ПРЕПОЗНАВААТ ВЛАСТИТЕ ВО ДРЖАВАТА КАКО ИМАТЕЛИ НА ИНФОРМАЦИИ И НЕ ЗНААТ КАДЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ БАРАЊАТА (70%)

• ЧЕТИРИ ПАТИ ПОВЕЌЕ „КРАЈНО НЕЗАДОВОЛНИ ГРАЃАНИ“ ВО ОДНОС НА „МНОГУ ЗАДОВОЛНИТЕ“ ОД ОДНОСОТ СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА

• 94% ОД ГРАЃАНИТЕ КОИ ИМААТ ИСКУСТВО СО ЗАКОНОТ, СМЕТААТ ДЕКА ЕДИНСТВЕНА ПРИЧИНА ЗА ДОЛГОТО ТРАЕЊЕ НА ПОСТАПКАТА Е ИНЕРТНОСТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ. СПРОТИВНО ОД НИВ, СЛУЖБЕНИТЕ ЛИЦА НЕИНФОРМИРАНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ ЈА СМЕТААТ ЗА ГЛАВНА СЛАБОСТ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ЗАКОНОТ. 

Анализа за ФИООМ (.doc, 244 KB)

Презентација од прес-конференцијата (.doc, 710 KB)

Истражување јан-март 2009 (.doc, 1.16 МБ)
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Судските пресуди и понатаму остануваат недостапни за јавноста













Македонското здружение на млади правници, Скопје одржа прес-конференција на 08 Мај 2009 година.

На прес-конференцијата, беше презентиран Месечниот извештај за состојбата на остварувањето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија во месец Април во рамките на проектот: „Промовирање и заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија“, поддржан од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Овој извештај ги опфаќа резултатите од спроведеното набљудување на слободниот пристап до судските пресуди, односно негативниот пристап на судовите во РМ при остварувањето на правото на слободен пристап. Дополнително извештајот дава информации за исчекорот во одлучувањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во врска со оставрувањето на правото на слободен пристап до пресудите.

Преземете го Месечниот извештај (.pdf 185KB)
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Прв извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ
(15 ноември 2008 - 31 март 2009)



ВЛАДАТА ТРЕБА 24/7 ДА СЕ ПОСВЕТИ НА ЕУ АГЕНДАТА

Pres konferencija Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), го објавија денеска првиот Извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, изработен во рамки на проектот Accession Watch.

Генералните забелешки и препораки, поместни во првиот извештај, се резултат на анализата и следењето на исполнувањето на клучните приоритети од Пристапното партнерство, во периодот од 15 ноември 2008 до 31 март 2009 година.



Преземете го извештајот:

Прв извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ (.pdf 1MB)

Преземете ја англиската верзија (.pdf, 713 KB)
ЈАВЕН ПОВИК


ФОНДАЦИЈАТА ИНСТИТУТ ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО - МАКЕДОНИЈА во соработка со МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА НА РМ

ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ ЗА МОЖНОСТА ЗА ДОНИРАЊЕ УЧИЛИШЕН ПРИБОР


Американскиот финансиер Џорџ Сорос формира Ургентен фонд наменет за ублажување на последиците од економската криза. Фондацијата Институт отворено општество - Македонија обезбеди средства од овој фонд во висина од 742.000 ЕУР за проектот „Помош за образованието на сиромашните“, кој ќе се спроведува во оваа и наредната учебна година (2009/2010 и 2010/2011).

Проектот ќе обезбеди донација на училишен прибор за околу 10000 основци чии родители ја загубиле работата поради економската криза. Оваа донација е комплементарна со мерките на Владата на Република Македонија за обезбедување бесплатни учебници за секој ученик.

Прочитајте ја целосната објава
ТВ СПОТ

Мултиетнички хепенинг - Под исто сонце



Македонски



Shqip

ГОЛЕМ МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ - ПОД ИСТО СОНЦЕ

дискусии, традиција, фолклор, концерт



majka bend parketi
Beni Kiril


На 4 јули 2009 год, во 12 часот во Автокампот „АС“ во Струга започнува вториот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“. Хепенингот е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со културата и традицијата на различните заедници. Ќе бидат претставени народни носии, ракотворби, традиционални јадења и фолклорни игри од различни градови во Македонија.

Настанот ќе го отвори Н.Е. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија и ќе го промовира „Водичот за националното законодавство во сферата на употребата на јазиците на етничките заедници во Република Македонија“. Во рамки на хепенингот, во амфитеатарот на Евроколеџот во Струга  ќе бидат организирани две панел дискусии: „Сегрегацијата во образованието – предизвик за мултиетничкото општество“ и „Дали Охридскиот рамковен договор донесе подобрување на меѓуетничките односи?“

Како завршница на еднодневниот мултиетнички хепенинг, со цел создавање простор за дружење на младите, од 20 до 24 часот ќе настапат Мајка бенд, Паркети, Бени & Нон Стоп и Кирил Џајковски.

Влезот за сите посетители на хепенингот е слободен.

Настанот го организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската Комисија и ФИООМ.

Флаери и постер за настанот - македонски (кликни на сликата за поголема верзија)
poster flaer 1 mk flaer mk 2


Флаери и постер за настанот - албански (кликни на сликата за поголема верзија)
poster flaer 1 al flaer al 2


Радио спот (македонски)


Радио спот (shqip)


ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Најава за тркалезна маса: Долг е патот до општество базирано на знаење



Во организација на Фондацијата Институт отворено општество Македонија – ФИООМ, на 30 јуни (вторник), 2009 година, во салата Дипломатик, на Скопскиот саем, со почеток во 11 часот, ќе се одржи тркалезната маса „Долг е патот до општество базирано на знаење“.

На тркалезната маса ќе се расправа по документот за јавни политики на ФИООМ: Долг е патот до општество базирано на знаење: Македонското образование во светло на реперите и индикаторите за „Образование и обука 2010“-Програма за работа на Европската комисија. Целта на настанот е да се презентираат и дискутираат наодите и препораките за подобрување на образовните политики и практики во македонскиот систем за образование и обука.

ПРОГРАМА:

10.30 – 11.00 Регистрација на учесниците

11.00 - 11.15 Претставување на целта и методологијата на документот

11.15 - 11.45 Презентација на наодите од документот за јавни политики на ФИООМ: Долг е патот до општество базирано на знаење: Македонското образование во светло на реперите и индикаторите за „Образование и обука 2010“ – Програма за работа на Европската комисија;

11.45 - 13.30 Дискусија

13.30 Закуска

Учесници: Претставници на МОН, БРО, универзитетите и факултетите во РМ, Агенцијата за евалуација и Одборот за акредитација на високото образование, претставници на Европската комисија во РМ и на други меѓународни организации и донатори активни на полето на образованието.

Граѓаните за Европска Македонија на трибина со амбасадорот Фуере

Владата мора да соработува со граѓанскиот сектор



tribinaДвижењето Граѓани за Европска Македонија, денеска, со трибината на која учествуваше aмбасадорот на Европската унија, Ерван Фуере, во Скопје, го започна вториот дел од активностите посветени на европските перспективи на Македонија.

Амбасадорот Фуере, пред 400 граѓани и претставници на граѓанскиот сектор од Скопје, Кичево, Дебар, Струга, Струмица, Велес, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Битола и Ресен, истакна дека Македонија ќе добие препорака за датум за започнување на преговорите за влез во ЕУ доколку ги реализира поставените репери. „Без успешни реформи Македонија нема да има политичка стабилност, функционална демократија, професионална деполитизирана државна администрација и одржлив економски развој“, рече Фуере и нагласи дека не е важна брзината и квантитетот на донесените законски решенија, туку, нивниот квалитет и мерките за нивна реализација. Амбасадорот на ЕУ е свесен за фактот дека македонските граѓани се исклучително посветени на идејата за Европска Македонија и затоа упати апел до Владата да ја поттикне и да ја поддржи јавната дебата за европските перспективи на државата. Во граѓанскиот сектор постои голема енергија и капацитет, кои доколку правилно се канализираат веќе утре може да ја внесат Македонија во ЕУ, констатира Фуере и ја потсети Владата дека Стратегијата за соработка со граѓанскиот сектор сеуште претставува само обичен лист хартија. Граѓанските иницијативи и натамошниот развој на граѓанскиот сектор се од исклучително значење за секоја функционална демократија и токму затоа, најави Фуере, ЕУ во наредниот период ќе издвои средства за поддршка на граѓанскиот активизам.

Одговарајќи на бројните прашања од присутните граѓани, Фуере рече дека добрососедските односи треба да се негуваат и дека е можно решение за проблемот со името, а изрази и надеж дека македонските граѓани наскоро ќе патуваат во ЕУ без визи. Едновремено, Фуере нагласи дека кај македонските граѓани мора да се врати довербата во институциите на државата и заклучи дека секој обид за поткопување на независноста на Уставниот суд е исклучително опасен и недемократски чин.

ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТИ


Регионалната програма за промоција на истражувањата во општествените науки го објави вториот повик за поддршка на истражувачки проекти.

За повеќе информации посетете ја следнава интернет страница: http://www.rrpp-westernbalkans.net/calls

КОНКУРС

За ангажман на консултанти



Институтот Отворено Општество - Здравствен проект за Роми од Будимпешта, во соработка со Ромскиот образовен фонд /Програмата за стипендии (REF/SPs), објавува:

Услови и делокруг на обврски за:
Консултанти за подготовка на основни студии за проценка на формалното медицинско образование на секундарно и терциерно ниво во Унгарија, Mакедонија и Србија, за потребите на Програмата за стипендии за здравство за Роми

Времетраење: 4 месеци
Дневница: ќе биде дополнително одредено
Временски период: 15 јуни-15 септември, 2009
Конкурсот трае до 8 јуни, 2009

Повеќе детали
ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА

ТРИБИНА: ГРАЃАНИТЕ ДЕБАТИРААТ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА



Граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија” организира трибина со Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Ерван Фуере. Трибината ќе се одржи во среда, 22 април 2009 година, во хотелот „Холидеј Ин”, сала Милениум, со почеток во 12 часот.

Идејата на оваа трибина е да поттикне интензивна граѓанска дебата за перспективите на Македонија во процесот на приближување кон Европската Унија и за улогата на граѓанското општество во забрзувањето на овој процес.

Граѓанската иницијатива „Граѓани за Европска Македонија”, е започната од страна на шестмина интелектуалци (Мерсељ Биљали, Никола Гелевски, Бранко Героски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец), кои го објавија „Манифестот за Европска Македонија” и во февруари говореа за него на серија трибини низ земјата.
Награда за животно дело на Џорџ Сорос


По повод 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите, на Џорџ Сорос му беше доделена награда за животно дело. Наградата на г-нот Сорос му ја доделува РНВО Рома 2002 за неговата особена посветеност на прашањата кои се однесуваат на Ромите. Во име на г-нот Сорос наградата ја прими Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ).
Беа доделени и две награди за поединец и за институција. Добитници се г-ѓа Елс де Гроен од Европскиот парламент за поединец и канцеларијата на Европската комисија во РМ за институција посветена на Ромските прашања.


РНВО Рома 2002 е мрежа од 8 ромски граѓански организации која претставува еден од клучните актери од граѓанскиот сектор во развојот на јавни политики кои се насочени или ги вклучуваат Ромите. Како структура, мрежата вградува професионални капацитети и активизам посветени на лобирање и застапување за интерграција и развој на ромската заедница. Организациите членки ја покриваат целата држава и областите кои се однесуваат на ромската заедница како: човекови права, женски и младински прашања, право, образование здравство, вработување домување политичко учество и др.
СООПШТЕНИЕ

Владата тврди дека го нема договорот за продажба на Македонски телекомуникации!?



Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), месечно Ве информираат за состојбата со остварувањето на првото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, во рамките на проектот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Владата која е еден од потписниците на Договорот за продажба на Македонски телкомуникации, во одговорот на барањето за слободен пристап до Договорот, од страна на Македонското здружение на млади правници и ФИООМ, тврди дека не располага со овој Договор.

Несватливо е како Владата, која Договорот го потпишуваше пред македонската јавност, вели дека не го поседува овој важен документ. Дали зад ваквиот одговор на Владата, всушност се крие некој друг мотив или пак, интерес на другата договорна страна останува отворено прашање за јавноста.

Уште поголем апсурд е наклонетоста на „независната“ Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер кон Владата и нејзината верба дека Владата навистина не располага со Договорот. Се прашуваме дали Комисијата, која треба да ги штити граѓаните во остварувањето на нивното право, си дозволува да биде надитрена од Владата?

Дали Комисијата во истиот момент заборави на член 18 од Законот за слободен пристап, за чие доследно спроведување е надлежна да се грижи, па заборави да ја задолжи Владата, барањето веднаш да го препрати до вистинскиот имател. Дали Комисијата се плаши или не смее да постапува спротивно на интересите на Владата? Се поставува прашањето доколку Владата како продавач не располага со Договорот, кој е тој орган или институција што располага со Договорот?

Ваквото постапување на Владата и на Комисијата, создава само сомнеж и недоверба на граѓаните во нивното работење и транспарентноста, како и во остварување на целите заради кои е донесен Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Невладините организации го осудија насилството врз студентите на скопскиот плоштад


„Насилниот исход на овој мирен протест претставува сериозна закана за демократските процеси во земјава“ е пораката што на вчерашната прес-конференција ја испратија група активисти за заштита на човековите права од десетина здруженија на граѓани.

На прес-конференцијата, одржана на 30 март 2009 во Културниот центар “Точка“, активистите за човекови права побараа од Министерството за внатрешни работи да поднесе кривични пријави против оние што во саботата на плоштад Македонија во Скопје физички ги нападнаа студентите од Архитектонски факултет. Студентите, на протестот „Прво архитектонско востание“ на 28 март 2009, бараа да не се гради црква меѓу ресторанот "Дал мет фу" и трговскиот центар "Сити галери".

Според Жарко Трајаноски, активист за човекови права, случувањата на скопскиот плоштад претставуваат силување на македонската демократија, бидејќи полицијата не го заштитила правото на студентите на мирен протест. Трајаноски нагласи дека правото на мирен протест се укинува само за време на воена состојба и дека полицијата имала обврска да го оневозможи насилството од контрадемонстрантите кои со клоци и тупаници се обидоа да го растурат протестот.

Мирјана Најчевска, од Центарот за човекови права и разрешување конфликти, нагласи дека и да бил протестот политички мотивиран, тепањето не е дозволено. „Апсолутно е неважно дали протестот има или нема политичка заднина, туку, станува збор за кршење на правото на мирен протест", рече Најчевска.

На забелешката од МВР дека студентите не го пријавиле навреме протестот, односно дека го пријавиле 24 часа пред одржувањето, место 48 часа, како што е законски предвидено, Најчевска рече дека согласно Уставот студентите немале обврска да пријават протест со кој не се блокираат сообраќајници и не се ограничува нормалниот живот на луѓето.

"Во саботата се случи грозоморно насилство врз студентите. Не станува збор за судир меѓу две групи, туку, за физички напад од една група врз друга", рече Славчо Димитров од Коалицијата за заштита и промоција на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници.
НАСТАН

Буџет на Република Македонија за 2009 година



На 27 февруари 2009 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираше јавен настан Буџет на Република Македонија 2009.

Со оглед дека заклучоците и препораките од анализата на Буџетот на Република Македонија за 2009 година, како и дискусијата на присутните поканети гости побудија голем интерес во јавноста, подолу ги објавуваме:

- Аудио запис од јавниот настан
- Анализа на Буџетот на РМ за 2009 година



Преземете ја анализата (.pdf, 1,2 МB)

Звучен запис од настанот:



ПРОГРАМА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА


Извештај од кварталната анализа на резултатите од Мониторингот на спроведувањето на процесот на јавни набавки во Македонија

На прес-конференцијата, одржана на 26 февруари 2009 година, Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Центарот за граѓански комуникации го презентираа првиот квартален извештај од проектот “Мониторинг на јавните набавки на цетрално ниво”. Во овој прв квартален извештај опфатени се 40 постапки по јавни набавки кои беа мониторирани во периодот ноември 2008 – февруари 2009 година.

Целта на анализата е да оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.

Првата квартална анализа ги даде следниве генерални забелешки:

•Често менување на годишниот план за јавни набавки што укажува на лошо планирање на годишните потреби;
•И покрај децидната законска можност, тендерските документации не се објавуваат за преземање на веб страниците на државните органи со што можат да им се заштедат пари на фирмите и да се скрати времетраењето на постапката;
•Не се користи законската можност за ангажирање на стручно лице, надворешен експерт за подготовка на техничката документација и за евалуација на понудите;
•Има случаи при утврдување на критериумите за способност и техничка спецификација да се предвидуваат одредби и постапки кои можат да влијаат дискриминаторски;
•Висок е процентот на поништени постапки (17,5% од анализираните случаи) што може да укажува на нестручна подготовка на тендерите, а тоа значи губење на време, пари и доверба кај економските оператори;
•Поради злоупотреба на законската непрецизираност на роковите за донесување одлуки за избор на најповолна понуда, изборот во некои постапки трае и подолго од три месеци;
•Комисиите не ја почитуваат законската одредба за образложување на причините за избор или неприфаќање на понудите;
•Голем дел од неприфатените понуди се одбиваат поради формални причини;
•Малку понудувачи вложуваат жалба на одлуката за избор што делумно може да се должи на новите законски одредби;
•Договорните органи доцнат со исплата на договорите за јавни набавки што влијае негативно врз работата на фирмите и врз реализацијата на договорите;
•1/3 од вкупната вредност на јавните набавки во првите 6 месеци од 2008 година, односно 2.192.334.631,38 денари, се спроведени според постапки со барање на прибирање понуди и со преговарање без претходно објавување оглас, што може да претставува индикатор за низок степен на принципот на транспарентност во процесот на јавните набавки;
•Статистичките податоци за спроведените постапки и склучени договори за јавни набавки што ги прибира, обработува и анализира Бирото за јавни набавки овозможуваат само квантитативна, но не и анализа на јавните набавки од аспект на нивниот квалитет и динамика на реализација, како и проценување на економичноста, ефикасноста и ефективноста на јавните набавки во РМ.

Извештаите и препораките од кварталната анализа, ќе бидат доставени до засегнатите надлежни органи и до другите заинтересирани организации и институции.

Преземете го извештајот од кварталната анализа (.pdf 181 KB)
Македонски јазик на една од најгледаните емисии на грчката телевизија


Тричасовна дебата на тема македонско малцинство на една од најгледаните емисии во Грција. Во отворената програма на телевизијата Алтер на едно место претставници на Виножито и политичари од најголемите грчки партии.

Покрај обвинувањата дека Македонците во Грција се на платниот список на владата во Скопје Неа Демократија Пасок и радикалната Лаос со тврдења дека прашањето за македонско малцинство е план на американската влада да предизвика проблеми на Грција.

Планот наводно го спроведуваат Сорос и канадскиот Македонец Битов а во него е вклучен и медијаторот Нимиц кој што според гостите предавал на универзитет сопственост на Сорос. Со остри критики од грчките партии се соочи и поранешниот советник на лидерот на Пасок Папандредреу, Валианатос кој пред три месеци беше сменет од таа позиција поради тоа што јавно проговори за постоење на македонско малцинство.

На тврдењето на Пасок дека извештајот на Мекдугал е платен од Вашингтон Валианатос со објаснување дека ОН никогаш не биле орудие на САД споменувајќи го и советот на Европа како тело кое не потпаѓа на влијание на големите сили. За одлуките на европскиот суд за човекови права според кој Македонците се реалност во Грција грчките гости воопшто не сакале да разговараат.

Тема на разговорот и присуство на македонските медиуми на Илинден во Офчарани. Виножито е обвинето дека поканувал само македонски телевизии а не и грчки.

На крајот на дебатата еден од лидерите на Виножито Васкопулос на Македонски јазик им се обратил на гледачите и им порачал дека не треба да се плашат да кажат дека се Македонци.


Информацијата е преземена од националната телевизија Канал 5

Автор: Горан Момировски
Видео клип за Џорџ Сорос и за неговите активности во Македонија


Што мислат грчките националисти за Сорос и за неговата поддршка за Макeдонија

Движењето Граѓани за Европска Mакедонија во Скопје

Национализмот не смее да биде „ѕвезда водилка“ за младите во Македонија



Македонија мора да биде земја на граѓани кои живеат слободно и без страв. Таа мора да биде држава во која ќе владеат европските вредности и која ќе биде пристојно место за живеење на сегашните, но и на идните генерации. Македонија е сита од популистички ветувања, пропаганда и лажен патриотизам, порачаа иницијаторите на движењето Граѓани за Европска Македонија, на саботната трибина во Скопје и истакнаа: „Власта треба да ги решава конкретните проблеми на граѓаните, а тие проблеми се економски, социјални, политички, образовни, здравствени...Она на што се држи нашиот живот е економијата. Но економијата тоне, а власта плива. Дали ќе плива и во октомври кога сите ќе се давиме?“

Граѓаните присутни на трибината, исто така, нагласија дека се загрижени за иднината на Македонија, која тоне во сиромаштија, изолација и цензура. Она што се случува во Македонија, констатираа некои од присутните, е истото она што и се случуваше на Србија во времето на Милошевиќ: национализам, шовинизам, па дури и фашизам. Според нив, ретроградните процеси нема да траат кусо и нема да запрат доколку граѓаните не се охрабрат и не се борат за своите права загарантирани со Уставот.

Она што најмногу ги загрижува граѓаните е задоеноста на младите луѓе со национализмот и отсуството на граѓанска свест. Наместо младите да бидат предводници на битката за демократија и човекови права, тие се индоктринирани, разочарани и рамнодушни. Затоа, порачаа присутните, движењето Граѓани за Европска Македонија, мора во иднина, со своите активности да привлече што е можно повеќе млади луѓе.

На трибината можеа да се слушнат и полемични тонови. Некои граѓани прашаа зошто иницијативата започна токму пред избори и дали зад неа стои опозицијата. Имаше и граѓани кои нагласувајќи дека се од ВМРО-ДПМНЕ, на иницијаторите на Движењето им соопштија дека „зеле преголем залак во устата и дека се веќе осудени на смрт“.

Со трибината во Скопје, иницијаторите на движењето (Бранко Героски, Мерсел Биљали, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Жарко Трајаноски и Роберто Беличанец) го завршија тринеделниот „февруарски поход“. Тие одржаа трибини во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Куманово, Кичево, Дебар, Кочани и Тетово, на кои разговараа со граѓаните за состојбите и перспективите на Македонија. Средбите со граѓаните ќе продолжат по изборите.
ЈАВНА ДЕБАТА

Анализа на Буџетот на РМ за 2009 година



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организира јавен настан Буџет на Република Македонија 2009 во хотелот Холидеј ин (сала Милениум 1) со почеток во 11 часот на 27 февруари 2009 (петок).

Целите на настанот сe да се презентираат заклучоците и препораките од спроведената Анализа на Буџетот на Република Македонија (буџетскиот процес, планираните приходи и расходи), усвоен во Собранието на РМ на 29 декември, 2008 година, и да се отвори јавна дискусија за прашањата и предизвиците поврзани со оваа тема.

Автори на Анализата на Буџетот на РМ за 2009 година се: проф. д-р Абдул-Гафaр Мугал (Универзитет Калифорнија, Лос Анџелес), м-р Марјан Николов (Центар за економски анализи, Скопје), проф. д-р Ванчо Узунов (Правен факултет Јустинијан први, Скопје) и проф. д-р Абдулменаф Беџети (Универзитет на ЈИЕ, Тетово).

Агенда на настанот (.pdf 100Kb)

За подетали инфомации можете да ги контактирате Невенка Росоманова – rneven@soros.org.mk и Александар Марковски amark@soros.org.mk или на телефон 02/2447-011.
ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА

Кој профитира од засилената „античка“ пропаганда кога Македонија тропа на портата на ЕУ?



Граѓанската иницијатива од 27 организации реагираше денеска на засилената „античка“ пропаганда на Владата, која предизвикува сериозна материјална штета и ја загрозува европската интеграција на Република Македонија.

Во јавното обраќање, организациите бараат од Владата да прекине со изнесување полувистини и носење одлуки кои ја загрозуваат европската интеграција на Република Македонија.

Македонија не смее да жртвува 77 милиони евра наменети за автопатот Табановце-Гевгелија поради одлуката на Владата автопатот да го именува „Александар Македонски“. Владиното објаснување дека Грција ќе запрела 50 милиони евра „европски пари“ е неточно. Вистина е дека 50-те милиони евра се пари на грчката влада, а не на европската унија, а унијата ќе учествува во финансирањето на автопатот со дополнителни 27 милиони евра од третата компонента на ИПА за регионален развој.

Именувањето на автопатот „Александар Македонски“е прекршување на политичките критериуми за регионалната соработка и се коси со препораките во Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2008 година на европската комисија, каде стои дека „треба да се избегнуваат активностите што би можеле негативно да влијаат врз добрососедските односи.“

Граѓанските организации сметаат дека ваквата одлука ја загрозува европската интеграција на Република Македонија и бараат од Премиерот Груевски да се изјасни дали има намера да обезбеди датум за почеток на преговори во 2009 година.

Обраќање до Владата и организации во иницијативата (.ПДФ, 1.31 MB)
ПРАВНА ПРОГРАМА

Проектот за поддршка на човековите права ги повикува млекопроизводителите да го пријават полициското насилство












Скопје, 30 јануари 2009 година – Преку соопштение, испратено до печатените и електронските медиуми, Проектот за поддршка на човековите права ги повикува млекопроизводителите од Битолско - Прилепскиот регион, кои вчера јавно посочија на полициско насилство при организираните протести, да ги пријават овие настани. Проектот нуди бесплатна правна помош, како и финансиска помош за потребната медицинска документација.

Имплементацијата на Проектот е поддржана од Фондација Институт отворено општество - Македонија и Фондот за жртви од тортура при Обединетите Нации.

Преземете го соопштението од тука (.doc, 118 KB)
ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

„Битката за Бога“ – енциклопедија на големите монотеистички религии



Фондацијата Институт отворено општество Македонија и издавачката куќа „Евро Балкан Пресс" денеска ја промовираа книгата „Битката за Бога" на Керин Армстронг.

Оваа книга претставува енциклопедија на најголемите монотеистички религии во светот: христијанството, еврејството и исламот.

„Битката за Бога“ е дело кое на читателите ќе им овозможи суштински да ги запознаат религиите.

Промоторите Слободанка Марковска, Вера Георгиева Петковска и Фладимир Милчин истакнаа дека оваа книга претставува капитално дело на Армстронг, кое заедно со „Кратката историја на исламот“ е провокација за сите академски кругови во светот, во изминатите неколку години.

„Битката за Бога“ во превод на Душица Димитровска Гајдоска, може да се најде во книжарниците на „Табернакул“, „Култура“ и „Матица“.
Програма Исток Исток

Прекугранични партнерства Тркалезна маса – Климатски промени и рурален развој



Мрежната програмата Исток Исток поддржа регионалeн проект Политики за одржлив рурален развој: Механизми за борба против влијание од глобалната криза. Македонскиот зелен центар, партнер во оваа регионална иницијатива организира тркалезна маса насловена Климатските промени и руралниот развој –разгледување на сценаријата за климатски промени во Македонија. Настанот ќе се одржи на ден 29 април 2009, хотел Сонце, Скопје со почеток во 10.00 часот. Тркалезната маса ќе биде фокусирана кон теми поврзани со активни мерки за намалување на ефектите од глобалните промени врз климата во Македонија и можности за креирање и спроведување партиципативни јавни политики за развој на руралните региони во Македонија. На настанот се поканети преставници од експертската јавност, академска заедница во Македонија, преставници од државните/јавните институции и членови на профилирани невладини организации.

Заклучоците од едноденвниот настан ќе бидат презентирани на регионалната конференција поврзана со руралниот развој и глобалната криза ( Mај, 2009, Тирана, Република Албанија).

Преземете ја агендата (.pdf, 146 KB)
МЕДИУМСКО ОГЛЕДАЛО – ИЗБОРИ 2009

Владата директно се меша и влијае врз изборната кампања



НВО Инфоцентарот, во рамките на проектот „Медиумско огледало“, спроведува квалитативно набљудување на медиумите, фокусирано на начинот на кој тие ја информираат македонската јавност за текот на Претседателските и Локалните избори 2009.

Во набљудувањето се опфатени шест дневни весници (Вечер, Време, Дневник, Утрински весник, Коха, Нова Македонија) и централните информативни емисии (вести) на шест ТВ куќи на национално ниво (ТВ А1, ТВ Канал 5, МТВ 1, ТВ АлСат-M, ТВ Сител и ТВ Телма). Платената политичка пропаганда и политичките митинзи не се предмет на мониторинг и анализа. Селекцијата на набљудуваните медиуми е лимитирана поради ограничените финасиски и технички капацитети на НВО Инфоцентарот.

Првичната анализа на медиумското покривање на Изборите 2009, во периодот од 23 февруари до 7 март 2009, односно една недела пред официјалниот почеток на изборната кампања и една недела од официјалниот тек на изборната кампања, покажа дека медиумите, својата критичка острица ја носичија главно кон Владата и нејзиното несоодветно поведение.

Повеќето медиуми констатираа непринципиелно мешање на Владата во официјалниот дел на изборната кампања, и тоа во полза на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов и на кандидатите на локално ниво од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според новинарите, применувајќи го моделот што го практикуваше на минатогодишните предвремени парламентарни избори и „милијардата на Васил Тупурковски“ од изборите во 1998 година, Владата направи своја комбинација за изборна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, ветувајќи инвестиции од дури 8 милијарди евра. Репортерските камери и фотоапарати, во речиси сите медиуми, постојано го забележуваа владиниот врв во улога на протагонист на настани типични за предизборна кампања, а беа забележани и министрите како агитираат за некој од градоначалничките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ.

Медимуите многу повеќе ја критикуваа Владата поради нејзиното директно влијание врз изборната кампања и претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, поради неговото нестандардно поведение и реторика, отколку претседателскиот кандидат на СДСМ, Љубомир Фрчковски, и опозицијата воопшто. Новинарите очекуваа од претседателските кандидати да имаат јасна позиција и јасен став за тоа дали Македонија треба да направи компромис со Грција за името на државава. Повеќето медиуми го одобруваа, според нив, директниот и јасен став за спорот со името на Фрчковски и го критикуваа Иванов, за колебливоста и нејасноста во врска со ова прашање.

Според медиумите, Владата со постојаните медиумски кампањи ја спинува реалноста и ја прикрива вистината за неповолната меѓународна положба на Македонија. Власта се повеќе запаѓа во немилост кај новинарите кои истакнуваат дека таа невешто се обидува да ја избегне одговорноста за последиците што ги трпи државата поради „антиквизацијата“. Медиумите ја критикуваат Владата дека со својата политика предизвика поделба во општеството на таканаречени „македоноиди“ и „славјани“, односно на „изолационисти“ и „интегративци“. Затоа, повеќето коментатори не го прифаќаат обидот на власта да се амнестира себеси од одговорноста за настанатата состојба во општеството.

Поголемиот дел од новинарите се согласни во оцената дека во Македонија има и политичка и економска криза, како и дека власта нема политички капацитет да се справи со проблемите на државата. Според нив, иако рејтингот на власта е се уште висок, сепак, граѓаните се повеќе ги интересира и тоа какви решенија нуди опозицијата.

Медиумите, чии сопственици се партиски активни и блиски до владејачката коалиција, отстапија широк информативен простор за прилози во кои директно или индиректно се афирмираат активностите на Владата. Оттука, на моменти не беше јасно што од прикажаното е партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ, а што е владина кампања. Со пристрасното и пропагандистичко информирање, јавноста има впечаток дека овие медиуми се всушност коалициски партнери на власта.

Конечниот извештај од првиот круг на квалитативното набљудување на медиумите ќе биде објавен и ќе им биде доставен на сите релевантни домашни и странски институции до крајот на неделава.

НВО Инфоцентарот, до крајот на април, ќе објави уште две анализи за информирањето на медиумите за време на Претседателските и Локалните избори 2009.
ПРАВНА ПРОГРАМА

Тркалезна маса: „Институционален одговор на изборните нерегуларности – дилеми и предизвици“



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, заедно со ко-донатoрот - Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје и со имплементаторот на проектот „Следење на институционалниот одговор против изборните нерегуларности“ - Kоалицијата „Сите за правично судење“, на 26.02.2009, со почеток во 11 часот во хотел Holiday inn во Скопје, ќе организира тркалезна маса на тема „Институционален одговор на изборните нерегуларности – дилеми и предизвици“.

На тркалезната маса се поканети претставници на сите релевантни институции со коишто ќе бидат дискутирани досегашните наоди на проектот кои ќе бидат презентирани од страна на д-р Тања Каракамишева и Александар Чичаковски. Заклучоците од тркалезната маса ќе претставуваат и предупредување за очекувањата што ги има експертската и општата јавност од релевантните институции, во поглед на спроведување на фер и демократски локални и претседателски избори.

Проектот „Следење на институционалниот одговор против изборните нерегуларности“ започна да се имплементира во септември 2008 година, со цел да го следи правосудното гонење и санкционирање на наводните сторители на изборни нерегуларности во текот на предвремените парламентарни избори, преку набљудување судски предмети. Проектот, исто така, ги следи и реакциите на државните органи што согласно своите надлежности се обврзани да постапуваат по однос на изборните нерегуларности.

Дополнително, систематизираните податоци до коишто ќе дојде проектот ќе бидат анализирани и објавени во финален извештај во текот на јуни 2009 година.

Преземете ја агендата (.doc, 282 KB), Извештајот за напредокот на проектот (.pdf, 330 KB), објавен во декември 2008 година, и Табелата на кривични случаи (.pdf, 38 KB)
КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ

Образование за социјална правда



Во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во терминот од 30 јануари do 1 февруари 2009 година, во х. „Meтропол“ во Охрид, ќе се одржи првиот дел од обуката „Образование за социјална правда“, на којшто ќе учествуваат 110 професори од средните училишта „Кирил Пејчиновиќ“-Тетово и „Кочо Рацин“ - Велес.
Во рамките на обуката, учесниците низ практични примери ќе се стекнат со техниките за препознавање и за справување со појавата на етнички, расни и полови предрасуди и конфликти, во насока на примена на овие искуства во наставниот процес, како и во секојдневниот живот. Техниките ќе ги претстават сертифицирани обучувачи од фондацијата „Чекор по чекор“ - др. Мери Бошкова, д-р Владимир Давчев, м-р Софија Арнаудова, м-р Флорина Шеху, м-р Љуљзим Адеми, Зорица Јовановска, Петра Ристиќ и Атина Тасевска.
Регионална средба во Куманово


По веќе одржаните регионални средби во Тетово, Кичево, Струмица, Битола и Штип, на 21 јануари 2009 год. се одржа регионална средба на Заменикот Народен правобранител - регионална канцеларија Куманово, Комисиите за односи меѓу заедниците и Советите на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковцe, Кратово и Крива Паланка.
Целта на средбата, на која присуствуваа 38 учесници, беше да се поттикне соработка меѓу Народниот правобранител, комисиите за односи меѓу заедниците и советите на општините од регионот за прашања кои се однесуваат на немнозинските етнички заедници.
Заменикот Народен правобранител Насер Весели, се осврна на надлежностите на институцијата Народен правобранител за заштита на правата на немнозинските етнички заедници и примената на соодветната и правична застапеност во регионот, нагласувајќи дека малите етнички заедници не се соодветно застапени во институциите. Повика на поголема соработка помеѓу Народниот правобранител, советите на општините и комисиите за односи меѓу заедниците заради остварување на правата на граѓаните. Претставниците на Комисиите за односи меѓу заедниците од Куманово, Липково, Крива Паланка и Старо Нагоричане зборуваа за структурата и функционирањето на комисиите. Генерален беше заклучокот дека овие комисии постојат само формално и не одржуваат состаноци иако нивното функционирање како и постоењето на референти за етнички прашања е многу значајно за немнозинските етнички заедници. На средбата беше истакнато дека граѓаните не ги познаваат надлежностите на Народниот правобранител и неопходна е доближување на институциите до граѓаните. Улогата на комисиите за односи меѓу заедниците треба да се зајакне и да се подобри нивното функционирање, а регионалната соработка помеѓу општините иницирана на оваа средба да продолжи.
Регионалната средба е дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и ФИООМ. Средбата ја организираше ФИООМ во соработка со Заеднички вредности - Скопје и Регионалниот центар за одржлив развој Кратово (поранешен Центар за поддршка на НВО). Повеќе информации за проектот може да се добијат на www.podistosonce.org.mk
КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ

Образование за социјална правда



Во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во терминот од 23 до 25 јануари 2009 година, во х. „Meтропол“ во Охрид, ќе се одржи првиот дел од обуката „Образование за социјална правда“, на којшто ќе учествуваат 80 професори од средното училиште „Јосип Броз –Тито“ од Скопје. Во рамките на обуката, учесниците низ практични примери ќе се стекнат со техниките за препознавање и за справување со појавата на етнички, расни и полови предрасуди и конфликти, во насока на примена на овие искуства во наставниот процес, како и во секојдневниот живот.
Техниките ќе ги претстават др. Мери Бошкова, др. Димитар Боневски, др. Антони Новотни, Зорица Јовановска, Петра Ристиќ и Атина Тасевска.
ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА

„Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“



Otpretani svedostva
ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

Монографијата

„Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“ во Штип



            Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ) во понеделник, 23 февруари 2009 година, во Завод и Музеј на град Штип организира изложба и промоција на монографијата „Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“. Настанот ќе започне во 12 часот.

На изложбата и промоцијата ќе говорат Зоран Читкушев, директор на Музеј на град Штип, Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ, професорката Ирена Стефоска, д-р на Институт за национална историја и Јасмина Најдовска од ФИООМ.

Во монографијата, резултат на едногодишната научно истражувачка работа, поместена е раритетна докумантација од првата половина на 20 век, поточно 204 писма, 59 картички и 40 документи. Најголем дел се писма испратени од и до македонски војници од североисточна Македонија (кратовскиот, пробиштипскиот и злетовскиот регион), мобилизирани во српската и бугарската војска за време на Првата светска војна. Се издвојуваат и 59 каратички испратени во Македонија поранешни војници во српската војска, кои биле заробени или пак самите се предале во австроунгарската војска, и како такви ја имале судбината да се најдат интернирани во неколку логори на тогашна Австро-Унгарија.

Монографијата има за цела да ја афирмира и прикаже алтернативната страна на историјата, односно историјата на секојдневното живеење на военото и цивилното население за време на Првата светска војна.
СЕМИНАР

„Меѓународен проект менаџмент за општествени научници од земјите од Западен Балкан“



На 6 и 7 февруари, 2009, во Белград, Србија ќе се одржи семинар на тема: „Меѓународен проект менаџмент за општествени научници од земјите од Западен Балкан“.

Обуката за главните европски програми за финансирање истражувања и менаџмент на истражувачки проекти е наменета за претставници на нуклеус партнерите во програмата (Македонија и БиХ). Семинарот го води д-р Елке Дал од Центарот за општествена иновација од Виена, Австрија.

RRPP е повеќегодишна Регионална програма за промоција на истражувањата во општествените науки во регионот на Западен Балкан, финансирана од SDC. Програмата ја имплементира Универзитетот од Фрибург, Швајцарија. Локална координативна канцеларија за Македонија е ФИООМ, а за БиХ, Центарот за човекови права при Универзитетот во Сараево.

Повеќе информации за програмата се достапни на следната интернет страница:
www.rrpp-westernbalkans.net
ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

Монографијата „Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“



Otpretani svedostva
ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

Монографијата

„Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“ во Крива Паланка



            Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ), утре (вторник), 3 февруари 2009 година, во Центарот за култура - Крива Паланка, со почеток во 12 часот, организира изложба и промоција на монографијата „Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“.

         На промоцијата ќе говорат Александар Рангелов, директор на националната установа Центар за култура - Крива Паланка, професорката д-р Ирена Стефоска, од Институт за национална историја и Јасмина Најдовска од ФИООМ.

         Во монографијата, која е резултат на едногодишната научно- истражувачка работа, вклучена е раритетна докумeнтација од првата половина на 20 век (204 писма, 59 картички и 40 документи). Најголем дел се писма испратени од и до македонски војници од североисточниот дел Македонија (кратовскиот, пробиштипскиот и злетовскиот регион), мобилизирани во српската и бугарската војска, за време на Првата светска војна. Се издвојуваат и 59 каратички испратени во Македонија, од поранешни војници на српската војска, кои биле заробени или пак, самите и се предале на австроунгарската војска, и како такви ја имале судбината да бидат интернирани во неколку логори на тогашна Австро-Унгарија.

         Монографијата има за цел да ја афирмира и прикаже алтернативната страна на историјата, односно историјата на секојдневното живеење на военото и цивилното население за време на Првата светска војна.
ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

Монографијата „Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“



Otpretani svedostva
ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГА

Монографијата

„Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“ во Крива Паланка



            Фондацијата Институт отворено општество-Македонија (ФИООМ), утре (вторник), 3 февруари 2009 година, во Центарот за култура - Крива Паланка, со почеток во 12 часот, организира изложба и промоција на монографијата „Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“.

         На промоцијата ќе говорат Александар Рангелов, директор на националната установа Центар за култура - Крива Паланка, професорката д-р Ирена Стефоска, од Институт за национална историја и Јасмина Најдовска од ФИООМ.

         Во монографијата, која е резултат на едногодишната научно- истражувачка работа, вклучена е раритетна докумeнтација од првата половина на 20 век (204 писма, 59 картички и 40 документи). Најголем дел се писма испратени од и до македонски војници од североисточниот дел Македонија (кратовскиот, пробиштипскиот и злетовскиот регион), мобилизирани во српската и бугарската војска, за време на Првата светска војна. Се издвојуваат и 59 каратички испратени во Македонија, од поранешни војници на српската војска, кои биле заробени или пак, самите и се предале на австроунгарската војска, и како такви ја имале судбината да бидат интернирани во неколку логори на тогашна Австро-Унгарија.

         Монографијата има за цел да ја афирмира и прикаже алтернативната страна на историјата, односно историјата на секојдневното живеење на военото и цивилното население за време на Првата светска војна.
КОНКУРС

За новинари практиканти



 објавува
 
К О Н К У Р С

за новинари практиканти за работа во следниве медиуми: ТВ А1, ТВ Алсат, ТВ Алфа, ТВ Ера, радио Канал 77, Утрински весник, Љајм и Време во Скопје; ТВ Менада во Тетово и ТВ Тера во Битола.

Цел на проектот:
Проектот има за цел градење на капацитетите и на вештините на новинарите-практиканти за покривање на прашањата за ЕУ интеграциите на РМ.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
•    Да се дипломирани или на завршна година на факултетите по новинарство или комуникологија
•    Да немаат заснован постојан работен однос во некој медиум
•    Да го знаат англискиот јазик

Краток опис:
Пријавените кандидати на конкурсот ќе бидат селектирани од страна на стручна тричлена комисија. Степенот на познавање на англискиот јазик ќе биде проверен при селекцијата.

Селектираните кандидати ќе бидат обучувани за ЕУ структурите и за релациите ЕУ-Р.М. во Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) во Скопје. Патните трошоци на селектираните кандидати од Тетово и од Битола ќе им бидат покриени. По завршувањето на обуката 10 од вкупниот број на кандидати кои ќе го положат завршниот тест ќе склучат договор со ФИООМ и со соодветниот медиум каде што ќе бидат примени за новинари-практиканти. Тие ќе треба да работат на ЕУ теми за потребите на медиумот, а ќе добиваат стипендија од ФИООМ во период од 01.05. 2009 до 31.12.2009 година со можност за продолжување на истата.

Потребна документација за пријавување:
•    Писмо за мотивација (кандидатите на максимум една страница треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување на конкурсот)
•    Документ со кој ќе го потврдат степенот на образование
•    Документ со кој ќе докажат дека не се вработени
•    Документ со кој ќе го докажат степенот на познавање на англискиот јазик
•    Работна биографија (CV) доколку ја има кандидатот
•    Секој кандидат може да достави дополнителна документација за која ќе смета дека со истата докажува вештини и знаења кои се врзани за потребите на проектот и кои го отсликуваат профилот на кандидатот

Некомплетни и ненавремено доставени пријави нема да се разгледуваат.

Краен  рок за пријавување  е  20 февруари (петок), 2009  година

Комплетната документација треба да се достави во назначениот рок исклучиво по пошта, на адреса на ФИОО-Македонија: Бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје со назнака “Конкурс за новинари-практиканти“. Лице за контакт: Виолета Глигороска секој работен ден од 12.30-14.30 часот (освен во вторник), и на тел: +02/2 44 44 88, локал 118

КОНКУРС

За стипендирање на студенти Роми



REF logoРомскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (REF/SP) го објавува по деветти пат конкурсот за стипендирање на студенти Роми во рамки на Програмата за стипендирање на студенти Роми/Roma Memorial University Scholarship Program (РМУСП).

Право на конкурирање за стипендија имаат кандидати кои:
• се запишани како редовни студенти на признат универзитет во нивната родна земја или земја на живеење во академската 2009-2010 год.
• се на додипломски, магистерски или докторски студии
• се државјани на Република Македонија
• исто така може да се пријават и средношколци кои го завршуваат своето четиригодишно средно образование и планираат да се запишат на некој од признатите универзитети во РМ во академската 2009/2010 год. 

Во предвид ќе бидат земени само оние кандидатите кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање во програмата и кои доставиле целосен пакет со пријава при тоа почитувајќи ги крајните рокови посочени во упатството за конкурирање. Изборната комисија на РМУСП ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чиј што пакет со пријава има највисока квалитативна вредност, имаат висок академски успех, се општествено ангажирани, имаат висок квалитет на препораките како и врз основа на препораките на Советодавната комисија. Конечната селекција ја прави Изборна комисија на програмата за стипендирање РМУСП од Будимпешта.

Рокот за пријавување за стипендии е до 15-ти Април 2009.

Пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб-сајтот на Програмата: http://ref.rmusp.org.

Ве молиме имајте во предвид дека почнувајќи од 2008 година сите заинтересирани кандидати од Македонија мораат да ги праќаат своите целосни документи до координатор на Програмата исклучиво по препорачана пошта на долунаведената адреса. 

Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот за стипендирање на студенти Роми можете да добиете и во ФИООМ, лице за контакт Ајсел Мемет, тел: 02 2444 488.

Фондација Институт отворено општество – Македонија
Програма за стипендирање на студенти Роми – РМУСП
бул. Јане Сандански бр. 111
1 000 Скопје, Македонија
КОНФЕРЕНЦИЈА

„Јавното Здравје во Македонија и Ромите: Како досега и како понатаму?“








Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Центарот за регионални истражувања и соработка – Студиорум организираат конференција „Јавното Здравје во Македонија и Ромите: Како досега и како понатаму?“

Конференцијата ќе биде организирана за претставниците на соодветните институции на централно и локално ниво, за ромски и неромски НВОи, и лидери од заедниците.

Главната цел на конференцијата ќе биде:

•да се процени состојбата на имплементација на целите од Декадата на Ромите со фокус на здравството ; и

•да се презентираат и да се дискутираат успешни практики за подобрување на квалитетот и пристапноста за обезбедување на здравствените услуги во земјата (програмата за здравствени медијатори во Романија и мерки за подобрување на репродуктивното здравје на жената Ромка во Србија).

Конференцијата ќе се одржи на 22 Јануари 2009 година во х.Холидеј ин, Скопје со почеток во 10:00 часот.

Преземете ја агендата (.doc, 102 KB)
 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions