Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

Архива 2008

Архива на настани и новости 2008
МОНИТОРИНГ ИЗВЕШТАЈ


Мониторинг извештај кој покажува како медиумите известувале за Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија од 2008 година.

Преземи го извештајот (.pdf 415Kб)
УПРАВЕН ОДБОР НА ФИООМ

Гордана Дувњак – нова претседателка на УО



Од први јануари 2008 година, Гордана Дувњак, уредник во Утрински весник, ја презема функцијата претседател на Управниот одбор (УО) на ФИООМ. На последната седница, членовите на Управниот одбор и менаџментот на ФИООМ се поздравија со досегашната претседателка на УО, Слободанка Марковска и со членот на УО, Хасан Јашари, чив ангажман заврши. Нови членови на УО на ФИООМ од јануари 2008 година ќе бидат Мируше Хоџа и Жарко Трајановски.
КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ

Образование за социјална правда



Во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од ФИООМ, од 18 до 20 јануари и од 25 до 27 јануари 2008 година, во Охрид, ќе се одржи вториот дел од обуката „Образование за социјална правда“. На обуката ќе учествуваат 70 професори и асистенти од наставничките институти на Природно-математичкиот факултет и на Факултетот за хуманистички науки и уметности од Тетово, како и Филолошкиот, Филозофскиот и Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учесниците низ практични примери ќе се стекнат со знаења и вештини за препознавање и за справување со појавата на етнички, расни и полови предрасуди и конфликти, во насока на примена на овие искуства во наставниот процес, како и во секојдневниот живот. Обуката ќе ја реализираат др. Мери Бошкова, др. Димитар Боневски, др.Марија Ралева и др. Антони Новотни.
КОНКУРС ЗА НВО


Програмата за здравјето на Ромите е составен дел до програмските активности на ФИООМ во областа јавно здравство која се изведува во партнерство и соработка со Програмата за јавно здравство на ИОО, Њу Јорк, САД. Во рамките на стрaтегијата за 2007 година, програмата покрај грантови за ромски НВО кои работат на подобрување на пристапот до здравствени услуги на членовите на ромската заедница (вкупениот буџет за грантови за поддршка на проекти е 30.000 УСД) предвидува и активности за пренос на знаење од досега поддржаните НВОи, како и обука на јавните служби кои обезбедувааат здравствени услуги за ромското население. Ќе биде организирана и национална конференција која ќе биде фокусирана на аспектите на обезбедувањето соодветни здравстени услуги за ромската популација во Македонија.

Во рамките на предвидените активности ФИООМ објавува КОНКУРС за поддршка на проекти на НВОи кои работат на обезбедување пристап кон здравствените услуги за ромската заедница.
Максималниот буџет на грантовите на годишно ниво може да изнесува најмногу до 10.000 УСД.Начин на пријавување:
  • ПОПОЛНЕТ ОБРАЗЕЦ ЗА ИНСТИТУТЦИИ И ОРГАНИЗАЦИИ ( МОЖЕ ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ ОД WWW.SOROS.ORG.MK
  • ФОТОКОПИЈА НА РЕШЕНИЕТО ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ
  • ЛИСТА НА ДОСЕГА РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА ЗДРАВСТВОТО
  • ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
  • ПИСМЕНО ИЗРАЗЕНА СПРЕМНОСТ ЗА УЧЕСТВО ВО АКТИВНОСТИ ЗА ПРЕНОС НА ЗНАЕЊЕ И ОБУКА

Пријавите без комплетно приложена документација и оние кои нема да го запазат рокот, нема да бидат разгледувани.

Рок за поднесување на пријавите и потребната документација по овој конкурс е 06 февруари 2008. Пријавите може да се достават:
  • Лично, секој работен ден во времето за работа со странки (бул. Јане Сандански 26-2/1, проектна канцеларија на ФИООМ, Скопје)
  • по пошта на адреса ФИООМ, Програма за здравје на Роми, бул. Јане Сандански 26-2/1, 1000 Скопје со назнака „Конкурс за грантови за програма за здравјето на Ромите “ и
  • на e-mail: nahida.zekirova_AT_soros.org.mk

Дополнителни информации за програмата и конкурсот за поддршка на проекти може да се добијат на е маил: nahida.zekirova_AT_soros.org.mk и на тел. 02/2454 842 (од 14:00 – до 15:00 часот).
КОНКУРС

За избор на учесници за проектот „Обука на Роми обучувачи“



Фондација Институт отворено општество – Македонија
во соработка со
ЦДС - Центар за деловна соработка

објавува конкурс за
избор на учесници за проектот „Обука на Роми обучувачи“

Целта на проектот е да се зголеми бројот на Роми обучувачи што ќе бидат подготвени да испорачуваат обуки на различни теми и целни групи.
Обуките се дизајнирани со цел учесниците да се стекнат се вештините што му се неопходни на еден обучувач.

Право на пријавување имаат кандидатите кои:
• Се од ромска етничка припадност
• Не се постари од 30 години
• Имаат завршено минимум средно образование

Предност ќе имаат кандидатите, кои:
• Имаат искуство во работа со невладини организации
• Учествувале на обуки
• Имаат завршено средно или високо образование од област економија или право

Потребни документи за пријавување:

• Куса биографија на македонски јазик
• Копија од диплома за завршено средно или високо образование
• Писмо за мотивација (не повеќе од 500 зборови)


Краен рок за пријавување:
Потребните документи за пријавување учество на обуките треба да бидат доставени најдоцна до 31.01.2008 год. по електронски пат на е-маил адреса: msrdan@soros.org.mk или по пошта на адреса: бул. Јане Сандански 111, п.фах 378, 1000 Скопје со назнака: за конкурсот за Роми обучувачи. Огласот е објавен и на веб страната на ФИООМ www.soros.org.mk и веб страната на ЦДС www.cds.com.mk

КОНКУРС

За стипендирање на 35 студенти Роми



Фондацијата Институт отворено општество - Македонија / Ромаверзитас
објавува конкурс
за стипендирање на 35 студенти Роми
за академската 2007/08 година

Ромаверзитас е дел од Програмата за образование на Роми на Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) кој е финансиран од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и Ромскиот образовен фонд (РЕФ) од Будимпешта.

Програмата нуди можност за стипендирање на најмногу 35 студенти Роми запишани во академската 2007/08 година како редовни студенти на додипломски студии на било која година и област на студии на акредитираните високообразовни институции во РМ. Фондот за стипендирање за академската 2007/08 година е целосно обезбеден од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Потребна документација за пријавување:

1. Пријава за стипендирање;
2. Оригинал потврда од факултет за запишана година на студии;
3. Оригинал уверение (транскрипт) за положени испити (за кандидатите кои се запишани во втора или повисока година на студии);
4. Копија од свидетелствата од сите четири години средно образование (само за кандидатите кои се прва година на студии);
5. Копија од диплома за завршено средно образование;
6. Копија од уверение за државјанство.
Документацијата треба да се достави во назначениот рок лично и/или по пошта на адресата на Ромаверзитас- Македонија дадена подолу. Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Селекција:

Предност ќе имаат досегашните стипендисти на Ромаверзитас, студентите кои студираат на наставничките факултети, на државните универзитети како и студентите со повисоки академски достигнувања (среден успех). Условите на користење на стипендијата како и обврските на стипендистите ќе бидат прецизирани со посебен Договор за грант со ФИООМ.

Краен рок
за пријавување е 1 февруари, 2008 година

Напомена:

Студентите кои веќе добиваат стипендија од друго место, како и студентите кои по втор пат запишале иста година на студии во академската 2007/08 година ќе бидат изземени од конкурсот.

Пријави и дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во просториите на Ромаверзитас - Македонија, ул. “Мирче Мацан” бр.26, Скопје, тел: 02 /3296-142, факс: 02/ 3296-143, секој работен ден од 13.00-16.00 часот или на веб страницата на Ромаверзитас - www.romaversitas.edu.mk
ПРОМОЦИЈА НА ИСТОРИСКИТЕ ЧИТАНКИ

Чекор понатаму во спроведувањето на европската одговорност кон историјата



Оценувајќи ги како чекор понатаму во спроведувањето на европската одговорност кон историјата, д-р Ерхард Бусек, координаторот на Пактот за стабилност во Југоситочна Европа на 21 јануари 2008 година во Скопје ги промовираше изданијата на македонски и на албански јазиј (за Македонија) на Историските читанки. На настанот, кој предизвика голем интерес кај македонската јавност но и кај дипломатскиот кор во земјава, говореа и г. Јован Лазаровски, заменик министер за образование, д-р Ирена Стефковска, уредник на изданието на македонски јазик, проф. д-р Кристина Кулури, уредник на читанките, проф д-р Тодор Чепреганов, директор на Институтот за Национална историја и г. Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ.
Историските читанки, (ФИООМ е ко-издавач на изданијата на македонски и на албански јазик за Македонија), се дел од меѓународен проект на Центарот за демократија И помирување на Југоисточна Европа од Солун, Грција – ЦДПЈЕ, што се спроведува во регионот од 1999 година. Тие се изготвени во рамки на долгорочната иницијатива “Настава за модерната историја на Југоисточна Европа” што ја спроведува ЦДПЈЕ, и треба да служат како алтернативни наставни материјали што ќе им помогнат на наставниците по историја да ја збогатат и унапредат наставата по предметот историја – пред се во средните училишта, но можат да се користат и во основните, па дури и за универзитетската настава. Изготевени се од експерти од регионот, кои работеа заедно од 1999-та година и кореспондираат со наставните програми по историја во регионот. Главни теми обработени во нив се Отоманската империја, Нациите и државите, Балканските војни и Втората светска војна. Освен на македонски и на албански јазик, читанките се издадени и на англиски, српски, грчки, хрватски, босански, а наскоро ќе излезе од печат и издание на јапонски јазик. Изданијата на македонски и на албански јазик (за македонија) се испечатени со поддршка на Европската агенција за реконструкција и на ФИООМ.
Со наслов „Нов поглед на историјата во Македонија”, овој настан е класифициран како „најпопуларен” на електонскиот билтен на BIRN (Balkan Investigative Reporting Network). Информацијата може да се погледне на следниов линк:
http://www.balkaninsight.com/en/main/news/7469/
РЕАКЦИЈА НА ФИООМ

Предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик – чекор наназад



ФИООМ упати јавно реагирање преку средствата за информирање, изразувајќи загриженост во врска со предлог Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, чиј предлагач е пратеникот Влатко Ѓорчев (предлогот се наоѓа на дневниот ред на Собранието на Р.Македонија на 11 февруари). ФИООМ смета дека предлогот е чекор наназад поради тоа што предлага повторна партизација на избирачките одбори. Фондацијата апелира да се задржи континуитетот во започнатите реформи и сериозност во пристапот пред домашната и меѓународната заедница – особено поради фактот дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија 2006, позитивните оцени и критики добија токму напорите за подобрување на изборниот систем во периодот пред изборите. Целосното обраќање до јавноста можете да го преземете од тука
РЕАКЦИЈА НА ФИООМ

Физичкиот напад на сопственикот на радио Канал 77, Горан Гаврилов е директен напад врз независноста на медиумите во РМ



Фондацијата Институт отворено општество – Македонија упати јавна осуда за бруталниот физички напад врз сопственикот на радио Канал 77, Горан Гаврилов. ФИООМ смета дека овој немил настан е директен напад врз независноста на медиумите во Македонија. Фондацијата потенцира дека слободата на говор и независноста на медиумите се императив на секое отворено демократско општество. Целосното обраќање до јавноста можете да го преземете од тука
КОНКУРС

За избор на три институции



Проектот
Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија на ФИООМ

за прв пат ќе доделува награди/признанија за добро управување со цел да се промовира концептот и системот на добро управување во државните и јавните институции. За таа цел, распишуваме
КОНКУРС
за избор на три институции од следните категории: министерство, вклучувајќи орган во состав, единица на локалната самоуправа и други органи на државната управа/организации на централно ниво. Заинтересираните институции за учество на конкурсот треба да поднесат:
• пријава, заверена од овластеното лице на институцијата и
• пополнет прашалник

Пријавата и прашалникот можат да се превземат од следниве линкови:
  • Пријава (.doc, 72,5KB)
  • Прaшалник (.pdf, 123KB)
  • или од www.gg.org.mk – Награда за добро управување.

    Прашалникот се однесува на принципите на доброто управување и ќе се оценува на следниов начин:
    • Владеење на право, ефикасност, администрација – 40%
    • Транспарентност, отчетност, партиципативност, респонзивност – 30%
    • Финансиски менаџмент и контрола – 30%

    ФИООМ има формирано жири комисија за оценка на поднесоците по конкурсот. Комисијата ќе направи дополнителни проценки на добиените одговори во прашалникот и ќе избере по една институција од секоја категорија за да додели признанија за добро управување.
    Само институциите што добиле признанија, доколку имаат интерес, ќе бидат поканети да достават предлог проект за унапредување на доброто управување во институцијата. Управниот одбор на ФИООМ ќе ги разгледа поднесените проекти и ќе донесе одлука за финансирање. Максималниот одобрен буџет за предлог проект изнесува 10.000 УСД.
    Рок за поднесување пријава и прашалник: 29 февруари 2008 година
    Рок за избор на институција за признанија за добро управување: 20 март 2008
    Рок за поднесување предлог проекти: 20 април 2008 година
    Рок за одлучување за финансирање на предлог проектите: крај на април 2008

    Ве молиме, доставете ги поднесоците на следната адреса:
    Фондација Институт отворено општество-Македонија Бул. Јане Сандански 111, п. фах 378, 1000 Скопје
    Назнака: за награда за добро управување Контакт лице: Александар Марковски
    КОНКУРС

    Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија



    Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во 2006-та година започна со реализација на проект Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија. Една од проектните активности е издавање квартален е-билтен. Билтенот обработува теми и претставува форум за критички размислувања и понудува излезни решенија за актуелните состојби во областа на примената на принципите на доброто управување во Македонија. Досегашните две е-изданија, се достапни на следниов линк: www.gg.org.mk. Во втората година на издавањето (2008), уредувачкиот одбор на Билтенот нуди можност за активно учество на истражувачи, експерти, универзитетски професори, аналитичари и стручни лица во размислувањето за можните решенија за предизвиците при имплементирањето на принципите за добро управување во Македонија и за таа цел објавува

    ОТВОРЕН ПОВИК за авторски текстови од областа добро управување

    Следните теми се од интерес:
    • Примената на владеењето на правото во релацијата Парламент на РМ - Влада на РМ / или други релевантни аспекти на односот Парламент на РМ - Влада на РМ
    • Партиципативноста во градењето јавни политики – формалност или реалност
    • Креирањето и почитувањето на процедурите/стандардите во работењето на администрацијата како фактори за успешност за унапредување на капацитетите за транспаретно и отчетно работење на јавната администрација
    • Укажувањата и препораките на Европската Комисија во Извештајот за напредокот на Република Македонија за пристапување кон ЕУ – проблеми или предизвици
    • Научени лекции од практикувањето на доброто управување во Македонија
    • Реформите во здравствениот сектор и граѓаните
    • Социо-економската димензија на приватните трансфери и нивното влијание врз македонската економија

    Потребно е да доставите
    • пријава за интерес за подготовка на текст
    • кратка биографија

    Пријавата е достапна на линкот: Пријава (.doc, 69,5KB) или на www.gg.org.mk,

    Селекцијата на пријавите ќе ја изврши Уредувачкиот одбор на е-билтенот врз основа на следните критериуми за избор на текстови предвидени со уредувачката политика на одборот:
    • Текстовите да бидат оригинални авторски трудови
    • Текстовите да се базираат на научно-издржана методолошка рамка со критериуми и стандарди на научно истражување во одредена област
    • Квалитет на текстот (претставување и организација на идеи, критичко размислување и точност на податоците и информациите); и
    • степенот до кој текстот претставува балансиран став за одредено прашање. Текстовите не смеат да ги нарушат авторските права на други издавачи. Текстови кои биле поднесени до други издавачи, нема да бидат земени предвид за е-билтенот

    По завршувањето на селекцијата, избраните автори ќе бидат известени за роковите кога треба да ги достават своите текстови. Објавените текстови во е-билтенот се хонорираат согласно стандардите на ФИООМ и уредувачката политика на изданието.
    Рок за доставување на пријавите и биографија: до 16 часот, 11 февруари 2008 година на адреса:
    Фондација Институт отворено општество-Македонија Бул. „Јане Сандански” бр. 111, п.фах 378, 1000 Скопје
    Назнака: за е-билтен за добро управување или е–пошта:amark@soros.org.mk. Контакт лице: Александар Марковски
    КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ

    Опремени медијатеки и нагледни училници на Универзитетот во Тетово



    На 13 февруари 2008, со почеток во 13 часот, ќе се одржи свечена промоција на новите медијатеки и нагледни училници на Факултетот за хуманистички науки и уметности и на Природно-математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово.
    Комплетното техничко опремување на овие простории се одвиваше во рамките на активностите на проектот “Креативна настава и учење“, имплементиран од ФИООМ, при што беа издвоени 93.000 американски долари. Медијатеките се опремени со компјутери, скенери, принтери, фотокопири, телевизори, книги, ЦД-а и стручни списанија, а нагледните училници имаат нов мебел, ЛЦД-проектори, помошни материјали и наставни помагала, што ќе ги користат студентите на Државниот универзитет во Тетово за подготвување на своите испити и проекти.
    На свечената промоција ќе се обратат амбасадорка на САД во РМ, НЕ Џилијан Милованович, извршниот директор на ФИООМ, г. Владимир Милчин, ректорот на Државниот универзитет во Тетово, проф. д-р Сади Беџети, министерот за образование и наука на РМ, г. Сулејман Рушити и деканката на Факултетот за хуманистички науки и уметности - Тетово, проф. д-р Миќереме Руси.
    ЈАВЕН АПЕЛ

    Стоп за неодговорниот однос кон културното и природното наследство



    Мрежата Наследството на Југоисточна Европа (SEE Heritage Network) упатува итен апел до локалните и централните власти на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора, за заштита на културното и природното наследство во овој регион кое е во голема мера загрозено.
    За време на регионалната средба во Котор (Црна Гора), невладините организации кои ја сочинуваат Мрежата идентификуваа неколку од најголемите проблеми со кои се соочува културното и природното наследство во регионот на Југоисточна Европа.
    Процесот на транзиција во овој регион предизвикува неконтролиран урбанистички и рурален развој, особено преку неадекватното просторно планирање, како на пример во Котор (Црна Гора), Петролифера во заливот Влоре (Албанија), историското јадро на Сплит со Диоклецијановата палата (Хрватска), Касмил (Албанија), Охрид (Македонија), Старото градско јадро на Белград (Србија); масовниот туризам (Албанија, Хрватска и Црна Гора); експанзијата на индустријата и инфраструктурата во историските зони, како на пример во Трогир (Хрватска), Радмиља (Босна и Херцеговина).
    Наследството е загрозено и од непостоењето на или неадекватното одржување, како на пример во Старата скопска чаршија (Македонија), Петроварадинската тврдина во Нови Сад (Србија), Стариот град во Призрен (Косово), Дурас (Албанија), средовековните тврдини во Босна и Херцеговина; и неадекватното управување со културните добра - Дубровник (Хрватска), Пераст (Црна Гора), саревската Баш чаршија (Босна и Херцеговина).
    Како резултат од негрижата, загрозено е природното богатство и културните пејсажи, како на пример: Охридското езеро (Македонија), Бока Которска (Црна Гора), руралното наследство на Столац (Босна и Херцеговина).
    Мрежата Наследството на Југоисточна Европа, имајќи ја за цел заштитата и промоцијата на наследството како зедничка вредност на регионот, ја изразува својата најдлабока загриженост во врска со овие проблеми кои влијаат на уништувањето на заедничкото движно, недвижно и нематеријално наследство, особено архивското, индустриското, руралното, архитектонското и културните пејсажи.
    Мрежата го упатува својот апел до локалните и централните власти во овие земји со цел да престане неодговорниот однос кон уништувањето на заедничкото наследство и од истите бара:
    • целосна примена на принципите за заштитата на културното наследство при процесите на планирање и развој
    • поголемо учество на експерти во овие процеси
    • поактивно вклучување на локалните заедници и овозможување јавно учество во процесите на одлучување

    Мрежата Наследството на Југоисточна Европа смета дека културната, етничката и верската различност е вреден ресурс на овој регион. Верува дека не можеме да ја градиме нашата Иднина доколку го уништуваме нашето заедничко Минато.

    Котор, Црна Гора, 10.02.2008

    Мрежа Наследството на Југоисточна Европа (Македонија: Фондација Институт отворено општество – Македонија; Албанија: Albanian National Trust, Butrint Foundation, Mjaft! Movement; Босна и Херцеговина: Cultural Heritage without Borders Regional Office, Фондација Мозаик; Косово: EC MA NDRYSHE; Србија: АRCH – LUK, Субурбиум, Europa Nostra – Sеrbia; Хрватска: Про Торпедо, Пријатели на културното наследство на Сплит; Црна Гора: Expeditio, Нотар и Пројектор).
    ПРОЕКТ ЗА МЛАДИТЕ ВО ТЕТОВО И ГОСТИВАР

    Стимулирање на претприемништвото и самовработувањето



    На 27 февруари 2008 година ФИООМ потпиша договор за соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа и Фондацијата Претприемачки сервис за млади за отворање бизнис инкубатор за ИКТ за млади во Тетово.
    Пилот-проектот ќе ги стимулира претприемништвото и самовработувањето кај младите во Тетово, Гостивар и околината.
    Целта на проектот е да ги привлече младите луѓе со образование за ИКТ да започнат сопствен бизнис во рамки на инкубаторот во Тетово, да им овозможи преку обуки за претприемништво да се стекнат со неопходните вештини за водење бизнис и да ги поврзе со вистинските деловни партнери за да станат дел од глобалниот пазар.
    КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЦЕТ И ФИООМ

    ЕДЕН СОВЕТ, МАЛКУ ПАРИ И МНОГУ, МНОГУ ПРИЈАТЕЛИ



    Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и ФИООМ на 13 февруари 2008 година ја организираа конференцијата посветена на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија, со наслов „Еден Совет, малку пари и многу, многу пријатели“.
    На конференцијата се дебатираше за забрзувањето на процесот и за препораките кои МЦЕО ги изнесе во истоимениор документ (Green Paper). Воведничари беа: Габриела Коневска-Трајковска, Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија; Радмила Шекеринска, пратеник, Претседавач со Националниот совет за европска интеграција; Хозе Мануел Пас и Агуерас, Амбасадор на Кралството Шпанија во Македонија; Ференц Кекеши, Амбасадор на Република Унгарија во Македонија; Агнеза Руси, Директор на Директоратот за ЕУ во Министерството за надворешни работи; Патрик Паке, Прв секретар во Мисијата на Европската унија во Македонија; Хозе Игнасио Торебланка, Шеф на мадридската канцеларија на Европскиот совет за надворешнио работи; и Владимир Милчин, Извршен директор на ФИООМ.
    На конференцијата се работеше на пленарна сесија и три панели, фокусирани на темите: еден Совет; малку пари; и многу, многу пријатели. Во дискусиите учествуваа пратеници, претставници на Владата на Република Македонија, државни службеници, претставници на локалната самоуправа, претставници на бизнис секторот, граѓанското општество, МАНУ, поранешни амбасадори на Република Македонија во државите-членки на ЕУ, поранешни министри за надворешни работи, претставници на дипломатскиот кор и други.
    Во прилог се дневниот ред на Конференцијата, Документот (Green Paper) на МЦЕО и препораките што произлегоа од панел-дискусиите.
    Агенда-препораки
    КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ

    Работилница за обновување на студиските програми



    Во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, од 13 до 16 март 2008 година, во х. „Белви“ во Охрид, ќе се одржи работилница за „Обновување на студиските програми според стандардите на Болоњската декларација и Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС)“ на којашто ќе учествуваат професори и асистенти од Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“ од Штип.
    Целта на работилницата е учесниците да се обучат за изготвување нови курикулуми, да ги модифицираат и да ги адаптираат постоечките студиски програми и да ги дефинираат компетенциите и очекуваните резултати од студирањето.
    Предавач на работилницата ќе биде проф. Јоже Ругељ од Педагошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана, Словенија.
    Обука за порталот uslugi.gov.mk


    Во текот на ноември 2007 година и во февруари 2008 година, беа реализирани обуки за порталот www.uslugi.gov.mk со цел јакнење на капацитетите на државните службеници. Обуката се спроведе за државните службеници од министерствата и за државните службеници од девет органи на државната управа, со коишто ќе се надополни порталот услуги.гов: Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Агенцијата за развој и инвестиции, Управата за јавни приходи, Агенцијата за млади и спорт, Агенцијата за иселеништво, Државниот архив на РМ, Државнот завод за статистика, Државниот завод за геодетски работи и Царинската управа на РМ.
    Обуката ја посетија 81 државен службеник од министерствата.
    Обуките за порталот услуги.гов се дел од активностите на проектот на ФИООМ, Процена на потенцијалот за добро управување во Македониjа.
    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Проект: Квалитетни полициски сервиси во области со Ромско население



    На 7 март во Виница беше спрoведена првата обука за полицајци во рамките на проектот “Квалитетни полициски сервиси во области со Ромско население”. Целта на проектот е да придонесе кон: (1) остварување на ефикасна комуникација меѓу полицијата и населението и (2) намалување на прекршувањата на човековите права на етничка основа. Проектот предвидува одржување на 10 обуки на кои ќе учествуваат над 200 полицајци од полициските станици во: Тетово, Кочани, Дебар, Куманово, Прилеп, Гостивар, Битола, Бит Пазар и Шуто Оризари. На обуката учесниците ќе бидат запознаени со историјата и културата на Ромите и ќе учествуваат во обука за социјална правда, со цел надминување на евентуалните стереотипи и предрасуди.;
    Обуките ги спроведуваат Љатиф Демири, д-р Мери Бошковска, д-р Антони Новотни и д-р Димитар Боневски. Проектот е финансиски поддржан од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, а го имплементира Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија во соработка со Фондацијата “Чекор по чекор”.
    Агенда-Кочани
    Агенда-Тетово
    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Проект: Казненоправната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија



    На 14 март 2008 год (петок) во рамките на проектот “Казненоправната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија” се одржа третата работилница на тема “Поедноставени и забрзани облици на постапување во казнената постапка - компаративно и во Република Македонија”. Целта на проектот е Reakcija_FIOOреформа на казненото законодавство на Република Македонија, заради востановување баланс помеѓу ефикасната борба со криминалот, а посебно со организираниот криминал, од една страна и постигнување на највисок степен на заштита на основните човекови права и слободи гарантирани со Европската конвенција за човекови права и другите меѓународни инструменти, од друга страна. Поради подготовка на севкупна, конзистентна реформа на казнената постапка, основни активности и форми низ кои ќе се реализира проектот е подготовка на компаративни и емпириски истражувања, анализи и експертски работилници и дискусии. Проектот финансиски го поддржуваат Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Програмата на Министерството за правда на САД - ОПДАТ, Амбасада на САД, а го имплементира Здружението за кривично право и криминологија на РМ, во соработка со Министерството за правда на РМ и Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија. За дополнителни прашања и коментари контакт e-mail: pravo@soros.org.mk. Програмата за работа може да се преземе од тука .
    КОНФЕРЕНЦИЈА

    Политика за обука на јавната администрација на централно ниво



    На 29 февруари 2008 година, ФИООМ ја организираше Конференцијата “Политика за обука на јавната администрација на централно ниво”.
    На конференцијата беше презентиран предлог-документот “Политика за обука на државните службеници од централната администрација во Република Македонија”. Документот, изготвен од експертски тим, е дел од истоимениот проект, што се спроведува во соработката помеѓу Агенцијата за државни службеници и ФИООМ, а во координација со Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Се очекува примената на политиката за обука на јавната администрација (која е во согласност со Националниот систем за координација на обуката и стручното усовршување на државните службеници во РМ, донесен во 2005 година) да резултира со изграден „корпус“ на администрација со соодветни знаења и вештини што ќе можат да ги применуваат во својата работа.
    На конференцијата, за проектот зборуваше извршниот директор на ФИООМ, Владимир Милчин, а документот подетално го образложат тројца претставници од експертскиот тим: Магдалена Шалдева, Ана Павлова Данева и Ванчо Узунов.
    ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА


    Со потпишувањето на договорите со општините Струмица, Дебар, Чаир, Карбинци и Чашка, се означи започнувањето на втората фаза на програма „Форуми во заедницата„ финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
    Програмата „Форуми во заедницата„ ќе се спроведува во околу 20 општини во следните 3 години, за што Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбеди 4 мил. швајцарски франци. Во првата половина на 2008 година оваа Програмата ќе се спроведува во општините Струмица, Чашка, Карбинци, Чаир и Дебар а подоцна ќе бидат вклучени и други општини. За овие пет општини обезбедни се вкупно 28.000.000,00 денари од кои 8.000.000,00 денари се од буџетите на општините, а 20.000.000,00 денари се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка.
    Раководителот на Швајцарската агенција за развој и соработка, г-дин Роман Дарбeле на промоцијата на програмата истакна „Швајцарската агенција за развој и соработка преку оваа Програма сака да придонесе за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Форумскиот пристап не е единствениот пристап за да се овозможи ова, но се покажа како процес кој донесува добри резултати“. За ЗЕЛС оваа програма е еден од начините да се овозможи граѓаните да влијаат и да бидат учесници во политиките на локално ниво. Според претседателот на ЗЕЛС г-дин Андреј Петров, успехот постигнат во општините Прилеп. Кичево и Ѓорче Петров, коишто учествуваа во пилот фаза на програмата, е доказ за интересот на граѓаните и на општините за заедничка работа за надминувањето на проблемите. Градоначалникот на Струмица, г-дин Зоран Заев, од името на градоначалниците на општините вклучени во програмата, нагласи „За нас, Програмата е начин да го прошириме опсегот на децентрализацијата, да овозможиме одлуките да ги донесуваат оние кои од нив се најзасегнати. На тој начин ќе овозможиме граѓаните да бидат и коректив на нашето работење, но и да се донесуваат прогрми и работат проекти коишто ќе бидат одржливи затоа што ќе имаат широка поддршка кај жителите на општините. Истовремено ќе се зголеми и нашата транспарентност “.
    Програмата „Форуми во заедницата“, која има за цел да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво, ќе се спроведува во најмалку 20 општини во Македонија, кои ќе се вклучуваат постепено во следните 3 години.
    Во оваа фаза, програмата „Форуми во заедницата” ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), Центарот за институционален развој (ЦИРа) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Неа ја координира Единицата за координација на форумите/Консалтинг за стратешки развој, а активно е вклучена и Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС).
    КОНКУРС

    За стипендирање на студенти Роми



    Ромскиот образовен фонд/Програма за стипендирање (REF/SP) го објавува по осми пат конкурсот за стипендирање на студенти Роми во рамки на Програмата за стипендирање на студенти Роми/Roma Memorial University Scholarship Program (РМУСП).

    Право на конкурирање за стипендија имаат кандидати кои:
    • се запишани како редовни студенти на признат универзитет во нивната родна земја или земја на живеење во академската 2008-2009 год.
    • се на додипломски, магистерски или докторски студии
    • се државјани на Република Македонија
    • исто така може да се пријават и средношколци кои го завршуваат своето четиригодишно средно образование и планираат да се запишат на некој од признатите универзитети во РМ во академската 2008/2009 год.

    Во предвид ќе бидат земени само оние кандидатите кои ги исполнуваат критериумите за конкурирање во програмата и кои доставиле целосен пакет со пријава при тоа почитувајќи ги крајните рокови посочени во упатството за конкурирање. Изборната комисија на РМУСП ќе доделува стипендии врз основа на конкуренција на оние кандидати чиј што пакет со пријава има највисока квалитативна вредност, имаат висок академски успех, се општествено ангажирани, имаат висок квалитет на препораките како и врз основа на препораките на Советодавната комисија. Конечната селекција ја прави Изборна комисија на програмата за стипендирање РМУСП од Будимпешта.

    Рокот за пријавување за стипендии е до 15-ти Април 2008.

    Пријава и детални инфорамции за потребните документи, за процесот на пријавување и селекција, критериуми, и др. можете да ги најдете на веб страната на Програмата http://ref.rmusp.org.

    Ве молиме имајте во предвид дека почнувајќи од оваа 2008 година сите заинтересирани кандидати од Македонија мораат да ги праќаат своите целосни документи до координатор на Програмата исклучиво по препорачана пошта на долунаведената адреса.

    Подетални информации и објаснувања поврзани за конкурсот за стипендирање на студенти Роми можете да добиете и во ФИООМ, лице за контакт Денис Дурмиш.
    Фондација Институт отворено општество – Македонија
    Програма за стипендирање на студенти Роми – РМУСП
    бул. Јане Сандански бр. 111
    1 000 Скопје, Македонија
    тел. 02 2444 488
    http://ref.rmusp.org
    ЈАВНА ДЕБАТА

    Заштита на правата на немнозинските етнички заедници во Ресен и Битола



    На 21-ви март 2008 год. во Ресен се одржува четвртата јавна дебата во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“, финансиран од Европската комисија и Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ). ФИООМ ја организира јавната дебата во соработка со Центарот за поддршка на заедницата Ресен (поранешен Центар за поддршка на НВО Ресен).
    Целта на дебатата е да се поттикне дискусија меѓу претставници од централната и локалната власт, невладини организации и граѓани за да се нагласи заштитата на правата и потребите на немнозинските етнички заедници во Ресен и Битола. Се очекува присуство на претставници на невладини организации од целиот регион. Воведен збор ќе имаат г-дин Сaшко Василевски, Заменик министер за правда, г-ѓа Лилјана Илиевска, Заменик народен правобранител – Регионална канцеларија Битола, г-дин Омер Сулејман, експерт за човекови права, ВИА ВИТА Битола, г-дин Ерџан Касум, претставник од НВО „СОНЦЕ“ – Битола и г-дин Џемал Мехмед, Претседател на Здружението за образование, култура, уметност и спорт „Нијази Беј“ од Ресен.
    Проектната компонента Лобирање, застапување и поттикнување на јавната свест има за цел да ги зајакне капацитетите за лобирање и застапување кај немнозинските етнички заедници за промовирање и заштита на своите права, да се зголеми нивото на сензитивност и јавната свест за правата на немнозинските етнички заедници и да се поттикне воведувањето на европските стандарди за малцинствата во земјата.
    КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ

    Семинар за нови наставни методи и техники



    Во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во периодот од 28 до 30 март 2008 година, во х. „Милениум“ во Охрид ќе се одржи вториот дел од Семинарот за нови наставни методи и техники - „Со читање и пишување до критичко мислење“.

    Учесници на семинарот ќе бидат професори и асистенти од наставничките институти на Филолошкиот факултет во Скопје.

    Со новите активни методи и техники фокусирани врз студентите, што го поттикнуваат критичкото мислење и создаваат услови за поактивно ангажирање во процесот на наставата, учесниците ќе ги запознаат сертифицираните обучувачи проф.д-р Елена Ачкоска-Лешкоска и проф д-р Сузана Миовска Спасовска.
    РАБОТИЛНИЦА

    Образованието на Ромите и невработеноста на немнозинските етнички заедници



    На 27 и 28 март 2008 година во Делчево се одржува работилница на тема „Образованието на Ромите и невработеноста на немнозинските етнички заедници“ како дел од проектот Живеење во мултиетничка средина – Граѓани со еднакви права, можности и заштита, финансиран од Европската комисија и ФИООМ.

    Првиот дел од работилницата, на тема „Образование“, ќе се одржи на 27 март, а вториот, на тема „Вработување“, на 28 март. Целта на работилницата е дефинирање на локалните проблеми и потреби на ромската заедница во областа на образованието и вработувањето и подготовка на нацрт акциони планови за регионот, по општини: Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Пехчево и Берово. Учесници ќе бидат претставници од основни и средни училишта, локалната самоуправа и здруженија на граѓани, претставници од Центрите за социјална работа и Агенциите за вработување.

    Настанот е дел од проектната компонента Градење капацитети и вмрежување која има цел да ги развие способностите на релевантните институции, комисиите за меѓуетнички односи и НВО кои работат со малцински групи/на прашања за малцинствата преку проценка на потребите, обуки и обука за обучувачи. Оваа компонента ќе обезбеди подобра комуникација и ќе поттикне вмрежување и соработка на локално и на национално ниво меѓу НВО, експертите и институциите што работат на полето на заштита на малцинските права. Работилницата ја имплементира ФИООМ во соработка со Регионалниот Центар за застапување во Делчево (поранешен Центар за поддршка на НВО Делчево).
    Надградба на порталот uslugi.gov.mk


    27 март, 2008 - На порталот www.uslugi.gov.mk публикувани се дополнителни 59 услуги за граѓаните и за правните лица што ги обезбедуваат следниве институции: Агенција за иселеништво, Агенција за млади и спорт, Агенција за развој и инвестиции, Државен архив на РМ, Државен завод за геодетски работи, Државен завод за статистика, Комисија за односи со верски заедници и религиозни групи, Управа за јавни приходи и Царинска управа на РМ. Досега, на порталот беа публикувани услуги што ги обезбедуваат само министерствата.

    Публикувањето на овие услуги и обуката на вработените (за начинот на работа на порталот) во овие институции беа овозможени преку проектот на ФИООМ, Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија, во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на РМ и соодветните институции.
    ЗА ФИООМ

    Благодарница од Генералниот секретаријат на Владата



    Генереланиот секретаријат на Владата му додели благодарница на ФИООМ. Како што се вели во документот, Секретаријатот му изразува искрена благодарност на ФИООМ за овозможувањето да се одржи Регионалната конференција „Соработката на владите и граѓанскиот сектор”, на 4 март во Скопје. Со тоа, ФИООМ ја поддржа соработката помеѓу владините тела од Балканот, кои се задолжени за одржување на контактите со невладиниот сектор.
    ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ

    Дебар



    Дебар, 04.04.2008 - Во Центарот за култура во Дебар се одржа првата форумска сесија од програмата ,,Форуми во заедниците,,.

    Програмата „Форуми во заедниците“ e финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC) со учество на избраните општини Дебар, Чаир, Струмица, Карбинци и Чашка. Фондацијата Институт отворено општество – Македонија ја имплементира програмата во општините Дебар и Чаир. Првата форумска сесија од вториот циклус на спроведување на програмата се одржа во Дебар на 4-ти април. На форумот од околу 200 присутни дебарчани им се обратија: Сунчица Костовска-Петровска - програмски директор во ФИООМ, Кристина Хаџи-Василева од Единицата за координација на форумите и Градоначалникот на Општина Дебар - Аргетим Фида, кој истакна дека проектот е од големо значење за учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво. „Идеите што ќе произлезат од седумте форумски сесии ќе и служат на општината подобро да ги воочи проблемите со кои се соочуваат граѓаните и заедно со нив да најде решение за истите“ - истакна Градоначалникот Фида. Од трите теми предложени од страна општината за работа на форумот: „Заштита на животната средина“, „Локален развој“ и „Образование“, учесниците ја избраа темата образование. На оваа тема, сфатена во поширока смисла вклучувајќи го формалното и неформалното образование, во следните седум месеци учесниците на форумот ќе ги детектираат проблемите, ќе предлагаат решенија, истите ќе ги преточат во предлог-проекти и ќе одлучат кои проекти ќе се финансираат од проектниот фонд. Следната форумска сесија во Општина Дебар ќе се одржи на 09.05.2008.
    ПО ПОВОД 8 АПРИЛ

    ФИООМ за и со Ромите



     ФИООМ го честита 8 Април, Светскиот Ден на Ромите. По тој повод, ФИООМ објави брошура во која ги претставува своите програми и проекти за поддршка на Ромите, кои се воедно придонес кон Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015. Брошурата е тројазична (на македонски, ромски и англиски јазик).
    ФИООМ - ПРОГРАМА ЗА РАБОТА 2008




    ФИООМ - ПРОГРАМА ЗА РАБОТА 2008 (.pdf, 3,3 МБ)
    ФОРУМ ВО ЗАЕДНИЦАТА

    Жителите на општина Чаир за подобрување на животната средина



    Жителите на скопската општина Чаир, на првата форумска сесија во рамки на програмата „Форум во заедницата“, од три предложени ја одбраа темата за подобрување на животната средина во општината.

    На сесијата, што се одржа во вторникот (8 април) во основното училиште „Рајко Жинзифов“, учествуваа околу 120 граѓани, членови на локалната администрација, претставници на донаторите, како и на организаторите. Жителите на Чаир, со големо мнозинство, се одлучија во наредните месеци да дебатираат и да даваат сопствени идеи за подобрување на животната средина, и ги надгласаа другите два предлози - Реставрација и оживување на Старата скопска чаршија и Подобрување на условите на наставно-едукативниот простор во училиштата.

    Претставникот на Швајцарската агенција за развој и соработка Ибрахим Мехмети, презентирајќи ги целите на програмата, посочи дека програмата е во корист на граѓаните и подобрување на нивниот живот. Славица Инџевска, заменик извршен директор на ФИООМ, рече дека се надева оти во текот на наредните месеци проектот ќе ги исполни потребите на оваа општина. “Начинот за тоа како се работи на овој проект им овозможува на граѓаните да се информираат каде и како се трошат средствата од општинскиот буџет“, изјави градоначалникот Изет Меџити, на почетокот од сесијата. Сесиите имаат за цел преку граѓански идеи да се лоцираат потребите на општината и да се развијат проекти кои финансиски ќе се поддржат од Швајцарската агенција за развој и соработка со четири милиони денари, и на општината Чаир со два милиони денари. Програмата „Форум во заедницата“ е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. ФИООМ ја спроведува програмата во општините Чаир и Дебар.
    ЗАЕДНИЧКА ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА

    Во пресрет на дизајнирањето на новиот инструмент за граѓанско општество на Европската комисија











    Фондацијата институт отворено општество - Македонија и Македонскиот центар за европско образование изготвија документ со препораки како придонес кон процесот на изготвување на новиот инструмент за поддршка на граѓанското општество од Западен Балкан (Civil Society Facility) предвидено во последната Комуникација на Европската комисија. Целта е граѓанското општество од Македонија да демонстрира проактивна улога и да влијае во процесите на планирањето на европските фондови и креирањето политики на ЕУ кои се однесуваат на Македонија и на Западниот Балкан. Документот, кој е насловен Civil Society Facility policy paper, ќе им биде врачен на претставниците на Европската комисија (ГД Проширување), заедно со писмената поддршка од околу 50 здруженија на граѓани од Република Македонија, за време на големата конференција Civil Society Development in Southeast Europe”, што ќе се одржи 17-18 април 2008, во Брисел..

    Civil Society Facility policy paper (.doc, 140 KB)

    Повеќе >>> (.doc, 97 KB)

    Листа на здруженија на граѓани кои го поддржаа документот (.doc, 80 KB)
    КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО ЈИЕ

    Градење заедничка иднина



    Со учество на околу 400 претставници од невладиниот сектор од Југоисточна Европа и Турција, како и од земјите-членки на ЕУ, во организација на Европската комисија во Брисел од 17 до 18 април 2008 година се одржа Конференцијата "Граѓанското општество во Југоисточна Европа: Градење заедничка иднина". На конференцијата учествуваа околу 40 невладини организации од Македонија, меѓу кои и ФИООМ. Воведно излагање на конференцијата имаше комесарот Оли Рен, а клучен говорник беше г. Џорџ Сорос. Зборувајќи за својот долгогодишен ангажман во градењето на отвореното општество при што невладините организации имаат една од клучните улоги, г. Сорос нагласи дека е време државите да им помогнат да станат самостојни. Тој рече дека приоритетните области за невладиното делување во овој регион се интеграцијата на Ромите, мониторингот на владата и постојаното инсистирање на нејзината отчетност. Конференцијата опфати седум работни маси од областите човекови права, добро владеење и демократизација, социјална инклузија и образование, и заштита на животната средина и одржлив развој. Се одржаа и неколку семинари и панел-дискусии.
    ФИООМ ОРГАНИЗИРА ТРИБИНА

    Дилемите на Република Македонија пред и по Букурешт 2008



    Фондацијата Институт отворено општество Македонија организира трибина на 23 април (среда), 2008 во  хотелот Holiday Inn - Скопје, со почеток во 11 часот. Трибината со работен наслов Дилемите на Република Македонија – пред и по Букурешт 2008  ќе ја води Жарко Трајановски. Целта на оваа активност  е да се обезбеди можност за размисла и критички коментар за низа отворени прашања, кои ги наметна непримањето покана за членство во НАТО. Своето учество како воведничари  го потврдија Владо Бучковски, Бранко Геровски, Роберт Поповски,  Љубомир  Данаилов Фрчковски, Ѓорѓи Оровчанец,  Слободан Чашуле и Владимир Милчин.  Своите ставови, мислења и размисли ќе ги претстават и дваесетина јавни личности (членови на парламент, новинари, историчари, членови на УО на ФИООМ и др). кои што го потврдија учество како гости на трибината.

    Неколку од отворените прашања, кои ја поттикнаа организацијата на оваа трибина:

    • Колку идентитетот е прашање на минатото, а колку прашање на нашата Европска  иднина?
    • Дали,  и во кој обем „борбата за уставното име е борба за зачувување на нашиот идентитет“ (Груевски)? Какви се последиците од „борбата“ за уставното име по демократскиот потенцијал на Македонија?
    • Дали спорот е билатерален или веќе е јасно дека имаме меѓународен проблем?
    • За што всушност треба да се преговара?
    • Дали преговорите се водат за меѓународното име и/или за уставното име или и за македонскиот јазик и идентитетот „Македонци“?
    • Дали некој има ексклузивно право на патриотизам? 
    • Дали  „ни се повторуваат битките на минатите генерации“ (Груевски) или треба да водиме сосема нови „патриотски битки“ за интеграција во ЕУ и НАТО?
    • Што ни се случи во Букурешт – казна или награда, пораз или победа?
    • Дали бевме казнети или наградени „затоа што сме Македонци“, „поради нашиот идентитет“ (Милошоски) или беше само поразена догмата „Билатералниот проблем со името не се вбројува во критериумите за членство во НАТО“ (Милошоски)?
    • Можеме ли истовремено да бидеме и казнети и победници?
    • Што всушност ни се случи во Букурешт?
    • Врз кои елементи би требало да се заснова  „една државна, национална, натпартиска платформа за тоа како да се надмине разликата околу името со Грција“ (Димитров)?
    • Какви опции за иднината има Македонија  доколку спорот со Грција не се реши следниве неколку недели или месеци? Какви последици ќе има по идентитетот и државата, недобивањето покана за НАТО?
    • Какви последици ќе има по идентитетот и државата, неисполнувањето на 8–те репери кои се услов за отпочнување преговори со ЕУ оваа година?
    ДИЛЕМИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕД И ПО БУКУРЕШТ 2008


    Фондацијата Институт отворено општество Македонија организираше трибина на 23 април (среда), 2008 во хотелот Holiday Inn - Скопје, со почеток во 11 часот. Трибината со работен наслов Дилемите на Република Македонија – пред и по Букурешт 2008 ја водеше Жарко Трајановски. Целта на оваа активност е да се обезбеди можност за размисла и критички коментар за низа отворени прашања кои ги наметна непримањето покана за членство во НАТО.

    Воведни излагања имаа Бранко Геровски, Слободан Чашуле, Ѓорѓи Оровчанец, Ѓунер Исмаил, Андреј Жерновски, Владо Бучковски, Роберт Поповски, Љубомир Данаилов Фрчкоски и Владимир Милчин.



    Свои ставови, мислења и размисли преставија и Стојан Андов, Филип Петровски, Иван Анастасовски, Зоран Витанов, Мерсел Биљали, Каролина Ристова Астервуд, Дане Талески, Ирена Стефоска, Лидија Димова, Никола Гелевски, Гоце Тодоровски и Гордана Дувњак.

    ФИООМ

    Различна Е Приказната Европска за Република Македонија



    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Македонскиот центар за европско образование организираат дебата на тема “Различна Е Приказната Европска за Република Македонија” на 6 мај, 2008 година со почеток во 11.15 часот во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2).
    Целта е да се продискутираат можностите, начините и важноста за (не)исполнувањето на 8-те репери (benchmarks) кои Европската комисија и ги испорача на Република Македонија во март оваа година. Дебата ќе ја отворат г-дин Ерван Фуере, Амбасадор на ЕУ во Република Македонија и Владимир Милчин, Извршен директор на ФИООМ, а поканети воведничари за секој од реперите се следниве:

    1. Правилното спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Лидија Димова, МЦЕО
    2. Одржување конструктивен политички дијалог во рамки на демократските институции, Гордана Дувњак, Претседател на УО на ФИООМ
    3. Ефективно спроведување на Законот за полиција, Мирјана Најчевска, ИСППИ
    4. Напредок во спроведувањето на судските реформи, Гордана Бужаровска Лазетиќ, Правен факултет
    5. Напредок во спроведувањето на законодавството за анти-корупција, Вања Михајлова, поранешен член на Државната комисијата за спречување корупција
    6. Понатамошно развивање на системот на кариера во државната служба, Ана Павловска-Данева, Правен факултет
    7. Намалување на пречките за вработување на младите и лицата кои се подолго време невработени, Билјана Ангелова, Економски институт
    8. Подобрување на бизнис средината, Абдулменаф Беџети, Универзитет на Југоисточна Европа

    Звучен запис од дебатата. Преземете ја публикацијата со авторизирани текстови (.пдф, 492 KB)


    Воведни излагања:



    Дискусија:



    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Проект: Квалитетни полициски сервиси во области со Ромско население



    На 9 и 10 мај во „Holiday Inn“ во Скопје ќе се спрoведе последната од десетте обуки за полицајци во рамките на проектот “Квалитетни полициски сервиси во области со Ромско население”. Целта на проектот е да придонесе кон: (1) остварување на ефикасна комуникација меѓу полицијата и населението и (2) намалување на прекршувањата на човековите права на етничка основа. Обуките во рамките на проектот се спроведоа во 10 општини каде е застапена Ромската популација: Виница, Тетово, Кочани, Дебар, Куманово, Прилеп, Гостивар, Битола, Бит Пазар и Шуто Оризари од Скопје и беа покриени над 30 полициски станици. Со обуките над 200 полицајци се запознаа со културата и историјата на Ромите и учествуваа во обука за социјална правда заради активистички пристап во надминувањето на евентуалните стереотипи и предрасуди.

    Дел од агендата на последната обука ќе биде и свечената церемонја за доделување на сертификати за учество во обука. На свеченоста, на присутните гости ќе им се обратат: Филип Толсон, директор на одделот за развој на полиција при ОБСЕ, амбасадорката Наталија Дрозд, заменик директор при ОБСЕ, Гордана Јанкулоска, Министер за внатрешни работи, Шабан Салиу, Претседател на Демократски сили на Ромите и Владимир Милчин, извршен директор на ФИООМ. На Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска ќе и биде предаден курикулумот што беше изработен во рамките на проектот, а врз основа на кој беа спроведени обуките за полицајци.

    Проектот е финансиски поддржан од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, а го имплементира Фондацијата Институт Отворено општество – Македонија во соработка со Фондацијата “Чекор по чекор”.

    Симнете ја агендата овде. (.doc, 34 KB)
    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Проект за поддршка на човековите права



    Во рамките на проектот го објавуваме бесплатниот телефонски број на кој може да се пријави пречекорување на овластувањата на полицијата.

    Дали сметате дека ви се повредени правата од полицијата?

    Дали полицијата ги пречекорила своите овластувања?

    Пријавете на бесплатниот телефонски број:

    0800 11 333

    и добијте БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

    ПРОЕКТ ЗА ПОДДРШКА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
    КОНКУРС

    За работна стипендија



    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) во соработка со Канцеларијата за ромски иницијативи од Будимпешта распишува конкурс за работнa стипендиja за период од 6 месеци до една година за работа и усовршување во доменот на прашањата врзани со стратегијата и имплементацијата на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015.

    Корисникот на работната стипендија ќе ги има следните работни обврски:

    • Да подготвува и обезбедува информации и извештаи во врска со националната и регионалната стратегија за Програмата за Роми на Институтот отворено општество и ФИООМ;
    • Редовно и квалитетно да биде информиран/a за сите општествени, економски и политички случувања во врска со Ромите во државата и да го известува ФИООМ за истите квалитетно и навремено;
    • Да биде информиран/a и да известува, коментира и да ги советува раководството и вработените во ФИООМ за случувањата во мрежата на ИОО во врска со Ромите;
    • Да ја одржува и редовно да ја ажурира базата на податоци на програмите за Роми при ФИООМ;
    • Да биде иницијатор за креирање на проекти и /или да учествува во реализација на проекти и да поднесува извештаи и документи во врска со програмските интереси на ФИООМ/ИОО;
    • Да изготвува документи за унапредување на политики кои се предмет на интерес на Програмата за Роми при ФИООМ и ИОО;
    • Да основа и одржува квалитетна комуникација и сериозни работни односи во име на ФИООМ со претставниците на Владата, донаторската заедница, ромските медиуми и ромските НВОи;
    • Да зема учество во националните, регионалните и интернационалните настани и случувања поврзани со Ромите;
    • Да се заложува за национално и интернационално застапување на Ромите.

    Корисниците на работните стипендии се очекува да поседуваат исклучителни ментални и карактерни особини кои се потребни да ги има секој лидер. Тие мора да покажат способност за преземање иницијативи, способност за работа во стресни услови и висока мотивираност за развој на својата кариера во поглед на зголемување на одговорностите и влијанието во различни области.

    Пријавените кандидати треба исто така да поседуваат:

    • Доказ за досегашните достигнувања и дејствувања
    • Посветеност во ангажманите кои се однесуваат на релевантните проблеми за правата на Ромите и делување на локално и /или национално и/или интернационално ниво
    • Перспектива за кариера на иден лидер и значајно влијание во подобрување на ситуацијата на Ромите
    • Способност за критичко, креативно, деловно и стратешко размислување
    • Добро познавање на англискиот јазик се смета за предност (или истиот треба солидно да се научи во текот на работната обука).

    За предност ќе се смета:

    • стекнато високо образование или студии во тек;
    • познавање и искуство во НВО секторот;
    • искуство во пишување и водење на проекти;
    • познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
    • независност во работењето и одлучувањето;
    • добри комуникациски, организациони и менаџерски способности;

    ФИООМ, во соработка со Канцеларијата за ромски иницијативи, од буџетот за овој проект ќе обезбеди стипендија за корисникот, патни трошоци за семинари и дошколување, опрема и тековни трошоци за непречено одвивање на работата.

    Сите заинтересирани кандидати треба да достават пријави кои вклучуваат:

    - Писмо за мотивација на македонски јазик
    - Curriculum Vitae (работна биографија) на македонски јазик
    - Референци од досегашни достигнувања и активности кои се во поткрепа на доставената апликација

    Ве молиме назначете Ваш телефон за контакт и точна поштенска адреса.


    Своите пријави доставете ги најдоцна до 13 Јуни 2008 година (петок) по e-mail на следната адреса rio@soros.org.mk, и по пошта на адреса:

    Фондација Институт отворено општество - Македонија
    бул. Јане Сандански бр. 111
    п.фах. 378
    1000 Скопје
    (со назнака: за конкурсот Roma fellows)

    Селектираните кандидати дополнително ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Избраниот кандидат/избраната кандидатка ќе треба да биде во можност да отпочне со работа веднаш.

    ПРОЕКТ

    Набљудување на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во областа на високото образование



    Младински образовен форум (МОФ) преку имплементирање на проектот „Набљудување на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во областа на високото образование“ го промовира правото на слободниот пристап до информации во високообразовните институции.

    Од јануари 2008 година МОФ поднесе вкупно 1097 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до трите државни универзитети, како и до 31 факултет во Република Македонија.
    Во законскиот рок од 30 дена само 225 барања добиле целосен одговор. Загрижува податокот дека високообразовните институции молчеле на повеќе од 820 поднесени барања, што е 75% од вкупниот број на поднесени барања. Повеќе на www.mof.org.mk

    Овој проект е финансиран и поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.

    ДОДЕЛУВАЊЕ ПРИЗНАНИЈА ЗА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ


    Проектот на ФИООМ, Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија на ден 03 јули (четврток), 2008 во хотел Holiday Inn – Скопје со почеток во 11.00 часот организира настан Доделување признанија за добро управување.

    На свеченоста ќе се доделат признанија за добро управување на трите институции кои прикажаа најуспешна имплементација на принципите на доброто управување од пријавените 26 институции на отворениот конкурс.

    Добитници на признанијата за добро управување се: 

    • Царинска управа на РМ – категорија: органи на државната управа
    • Општина Велес – категорија: единици на локалната самоуправа
    • Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
       (МАПАС) – категорија: други органи на државната управа/организации на
       централно ниво

    На 27 март, 2008 година петчлената Комисија за доделување признанија за добро управување донесе Одлука за доделување признанија на овие три институции според подготвен прашалник, пополнет од пријавените институции на отворениот конкурс, и според евалуација на дополнителни критериуми.

    Според критериумите од конкурсот, институциите коишто добија признанија имаа можност да достават предлог-проекти до ФИООМ во контекст на доброто управување, во зависност од нивните приоритети и потреби. Управниот одбор на ФИООМ ги одобри поднесените предлог-проекти, на следниве теми:

          •    Воведување на електронско учење (Царинска управа на РМ)
          •    Промоција на корпоративната општествена одговорност за подобрување на околината преку партиципативно учество на заедницата (Општина Велес)
          •    Зајакнување на капацитетите на човечките ресурси (МАПАС).

    Преземете ја агендата и поканата за настанот
    ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА ДОБРО УПРАВУВАЊЕ


     ФИООМ за прв пат додели признанија за добро управување. Добитници на признанијата се:

    • Царинската управа на РМ (категорија органи на државната управа),
    • Општина Велес (категорија единици на локалната самоуправа) и
    • МАПАС (категорија други органи на државната управа / организации на централно ниво).

    Оваа активност „значи еден вид вреднување на оние институции кои успеале да се одлепат од просекот, кои се потрудиле да ги подигнат стандардите во работењето и да наметнат стил кој ги прави препознатливи по добро,“ истакна претседателот на Управниот одбор на ФИООМ, Гордана Дувњак. Прочитај повеќе...

    Звучен запис од доделувањето:
    ЕВРОПСКА КОНВЕНЦИЈА ЗА ПРИСТАП ДО СЛУЖБЕНИ ДОКУМЕНТИ


    Доколку нацртот се усвои во сегашната форма, Европската конвенција за пристап до службени документи ќе легитимизира законодавство на кое му недостасуваат важни мерки за безбедност коишто во моментов можат да се најдат во голем број национални закони за пристап до информации со што се занемарува огромниот напредок направен во последните години, реализиран и во Република Македонија.

    Нацрт Конвенцијата соддржи три сериозни проблеми:

    1. Неуспехот службените документи во посед на законодавните тела да ги вклучи во рамките на задолжителниот опфат на договорот;
    2. Неуспехот службени документи во посед на физички и правни лица додека извршуваат јавни функции да ги вклучи во рамките на задолжителниот опфат на договорот;
    3. Неуспехот да специфицира одредени основни категории на службени документи, како оние коишто содржат финансиски или информации за набавка, што мора проактивно да се објавуваат. 

    Потпишете ја петицијата против Нацрт-конвенцијата за пристап до официјални документи на Советот на Европа
    ПРОГРАМА

    Иницијативи за право и здравство



    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) на 11 јули 2008 год, со почеток во 9.30 часот организира обука за 20 здруженија на граѓани на тема: „Здравство и човекови права”. На обуката учесниците ќе имаат можност да ги совладаат домашните и меѓународните правни принципи и механизми за заштита на човековите права. Обуката ќе биде фокусирана на членот 10 од Европската конвенција за човекови права. Предавач на обуката ќе биде м-р Тони Вукичевиќ, адвокат од Хрватска кој има долгогодишно искуство во застапување пред Европскиот суд за човекови права.

    Дополнително, средбата има за цел развивање заеднички стратегии за застапување и алтернативни стратегии за судски спорови во полето на јавното здравство. Учесници на обуката се организации кои работат на унапредување и заштита на човековите права на социјално маргинализираните групи. На отварањето на обуката ќе говори членот на УО на ФИООМ, Жарко Трајановски.

    Преземете ја програмата за работа (.doc, 93 KB)
    ПРАВНА ПРОГРАМА


    Реакција до Собранието на Република Македонија во врска со Предлогот за донесување на Закон за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, со предлог закон

    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во допис испратен до Собранието на Република Македонија на 8 јули 2008 година ја изрази својата загриженост поради сериозните слабости на Предлог законот за изменување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и поради непостоењето вистински напредок во насока на негово подобрување.
    ФИООМ им укажа на пратениците во Собранието на Република Македонија дека до нив е доставен Предлог закон кој најмногу загрижува поради следново:

    • Иако во образложението на Предлог законот се наведува дека измените се во линија на усогласување со Законот за прекршоци, Предлог законот не предвидува исклучива надлежност на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, со што всушност надлежноста за изрекување на прекршочните санкции се остава на судовите – решение што не е во согласност со духот на Законот за прекршоци;

    • Предлог законот ги игнорира и веќе утврдените пропусти на постојниот закон како што се: (1) дефинирање на статусот на Комисијата; (2) контрадикторните одредби во законот што ги регулираат роковите за жалба; и (3) одредбите што се на штета на граѓаните и во спротивност со Законот за општа управна постапка се однесуваат на молчењето на администрацијата. Предлог законот сега не ги решава овие проблеми;

    • Предлог законот не обезбедува ослободување од кривична одговорност на вработените кај сите иматели на информации коишто би можеле да откријат заштитена информација, со што не се решава проблемот во член 38 од постојниот закон.

    За жал само 14 пратеници ја прифатија препораката за неприфаќање на Предлог законот поткрепена со анализа од едногодишното набљудување на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер објавена во публикацијата на ФИООМ „Ѕид од тишина“,  којa можете да го преземете во електронка верзија од http://soros.org.mk/dokumenti/Zid_od_tisina_izveshtaj.pdf


    Реакцијата до Собранието на РМ можете да ја преземете од тука.
    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Реакција на грaѓанскиот сектор по повод усвојувањето на Законот за лобирање



    Press konferencija
    На 25-ти јули 2008 година во просториите на НВО Инфоцентарот, ФИООМ, Транспарентност Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Форум, МОСТ и Центарот за развој на медиуми - ЦРМ организираа прес-конференција . На средбата со новинарите, претставниците од овие организации ги искажаа своите забелешки за постапката во која се усвои Законот за лобирање и ги истакнаа забелешките на текстот на законот кој не обработува ни минимум стандарди за лобирањето како активност насочена кон законодавната, извршната и локалната власт.

    На прес-конференцијата свое излагање имаа Владимир Милчин, ФИООМ; Сашо Ордановски, Транспарентност Македонија; Ѓунер Исмаил, Форум и Роберто Беличанец, Центар за равој на медиумите. Средбата ја модерираше Данче Даниловска од ФИООМ.
    Подолу на страницата ќе можете да ги преземете двата документа:

    Писмо до медиумите и до Претседателот на РМ
    Анализа на Законот за лобирање на ФИООМ
    Анализа на Законот за лобирање на ЕЦНЛ и ИЦНЛ
    Анализа на Законот за лобирање на МОСТ
    ОТВОРЕН ПОВИК

    За авторски текстови



    Отворен повик

    Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија

       
    Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во рамките на проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија издава квартален е-билтен. Билтенот обработува теми и претставува форум за критички размислувања и понудува излезни решенија за актуелните состојби во областа на примената на принципите на доброто управување во Македонија. Досегашните  четири е-изданија се достапни на следниов линк: www.gg.org.mk. Во втората година на издавањето (2008), уредувачкиот одбор на Билтенот нуди можност за активно учество на истражувачи, експерти, универзитетски професори, аналитичари и стручни лица во размислувањето за можните решенија за предизвиците при имплементирањето на принципите за добро управување во Македонија  и за таа цел објавува

    ОТВОРЕН ПОВИК
    за авторски текстови

    Следните теми се од интерес:

    •    Идеологија, демократија и буџет: случај Република Македонија
    •    Буџетски политики и приоритети: ребалансот во функција на зголемување на дисторзивните ефекти на фискалната политика
    •    Државата најголем претприемач во Република Македонија
    •    Инфлацијата во Македонија: фактори, индикатори и предизвици
    •    Надворешно-трговскиот дефицит на Република Македонија
    •    Струја и енергетика: тековни предизвици и доброто управување во овие области
    •    Правила за трошење јавни пари и реалноста во Македонија

    Потребно е да доставите
    •    пријава за интерес за подготовка на текст (достапна на линковите: www.gg.org.mk, www.soros.org.mk)
    •    кратка биографија

    Селекцијата на пријавите ќе ја изврши Уредувачкиот одбор на е-билтенот врз основа на следните критериуми за избор на текстови предвидени со уредувачката политика на одборот:

    •    Текстовите да бидат оригинални авторски трудови
    •    Текстовите да се базираат на научно-издржана методолошка рамка со критериуми и стандарди на научно истражување во одредена област
    •    Квалитет на текстот (претставување и организација на идеи, критичко размислување и точност на податоците и информациите); и
    •    степенот до кој текстот претставува балансиран став за одредено прашање.

    Текстовите не смеат да ги нарушат авторските права на други издавачи. Текстови кои биле поднесени до други издавачи, нема да бидат земени предвид за е-билтенот

    По завршувањето на селекцијата, избраните автори ќе бидат известени за роковите кога треба да ги достават своите текстови. Објавените текстови во е-билтенот се хонорираат согласно стандардите на ФИООМ и уредувачката политика на изданието.

    Рок за доставување на пријавите и биографија: до 16 часот, 8 септември 2008 година на адреса:

    Фондација Институт отворено општество-Македонија
    Бул. „Јане Сандански” бр. 111, п.фах 378, 1000 Скопје
    Назнака: за е-билтен за добро управување или
    е–пошта: amark@soros.org.mk. Контакт лице: Александар Марковски

    Преземете ја пријавата (.doc, 75 KB)
    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Слободен пристап до информации од јавен карактер



    slikaФондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП), на 12 септември 2008 во Скопје, ја организираа петтата регионална средба, како дел од проектот: „Промовирање и заштита на правото за  слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Македонија“. Целта за одржување на регионалната средба беше промоција и детално запознавање на здруженијата на граѓани со правата кои произлегуваат од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за нив, како и подготовка и планирање на заеднички акции во процесот на негово имплементирање.
    Дополнително, учесниците беа запознаени со можноста да користат бесплатна правна помош за остварување на правото за слободен пристап до информации која ја обезбедува група адвокати од МЗМП пред управните и судските органи. Учесници на оваа регионална средба беа поранешните центри за поддршка на НВО како и активни невладините организации од нивните региони.



    ? Дали знаете дека...

    28 септември е меѓународен ден за слободен пристап до информации - „Имам право да знам“, Right to Know Day;

    • Слободата на информирање е фундаментално човеково право предвидено во Универзалната декларација за човекови права 1948;

    • Република Македонија го донесе овој закон во 2006 и влезе во заедницата на околу 75 земји од светот кои имаат закони со кои се гарантира правото на пристап до информации;

    • Првата земја која донесе закон со кој го заштитува правото на пристап до информации и дозволува пристап до владините документи е Шведска. Наречен е  „Акт за слобода на печатот“ и датира од 1766 година.
    ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА

    Владата не смее да се оградува од одговорноста доколку Македонија добие негативен извештај од ЕК



    Околу 30 граѓански организации, од цела Македонија, на прес-конференцијата која денеска се одржа во НВО Инфoцентарот, јавно се обратија до Премиерот и Владата на Република Македонијa, во врска со изјавите во јавноста за претстојниот Извештај за напредокот на Република Македонија, во 2008 година, подготвен од Европската комисија.

    „Ние, како граѓани на Република Македонија, загрижени сме за европската иднина на нашата држава, особено по изјавите на преставниците на Владата, кои веднаш по враќањето од Брисел започнаа јавна кампања со која се обидуваат да избегаат од одговорноста за веројатното недобивање препорака за започнување преговори“ нагласија претставниците од граѓанските организации.

    „Со оваа иницијатива сакаме да потсетиме дека над 85 отсто од граѓаните сакаат Македонија да биде членка на Европската унија и воедно да нагласиме дека Владата нема мандат да се откаже од европската агенда, дури ни привремено“ изјави Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

    Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование појасни дека процесот на пристапување во ЕУ го води Влада и единствено Владата и затоа одговорноста за успешниот или неуспешниот процес можеме да ја лоцираме само кај Владата. Таа е одговорна за исполнување на сите репери, а за веројатното недобивање препорака во Извештајот е резултат на неисполнувањето на реперите. Владата во комуникација со ЕК изработи акциски план за остварување на реперите во март годинава со кој ги утврди поединечните мерки и активности за нивно исполнување. Но, веднаш потоа, Парламентот распиша предвремени избори кои комплетно го закочија процесот на спроведување на акцискиот план.

    Во своето обраќање, организациите побараа од Владата да не манипулира со јавноста за причините за недобивањето препорака за започнување преговори и да не се оградува од одговорноста доколку Македонија во ноември добие негативен извештај од ЕК.

    Преземете го јавното обраќање до Премиерот и Владата на РМ (.ПДФ, 2.83 МБ)
    ЈАВЕН НАСТАН

    Декларативното и реалното преку бројки



    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија организираше јавен настан Декларативното и реалното преку бројки. Настанот се одржа на 19 септември 2008 (петок) во хотелот Холидеј ин со почеток во 10.30 часот.

    Целта на настанот беше презентирање на наодите и заклучоците од спроведената Анализа на Буџетот и на Измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2008 година (во месец август 2008) и отворање јавна дискусија за процедурите, приходите и распределбата на расходите на усвоениот Буџет за 2008 година на Република Македонија во Парламентот на 15 јули 2008 година.

    Автори на истражувањето се проф. д-р Абдулменаф Беџети (Факултет на ЈИЕ, Тетово), проф. д-р Ванчо Узунов (Правен факултет Јустинијан први, Скопје) и проф.    д-р Билјана Ангелова (Економски институт, Скопје).

    Поканети беа претставници од релевантни државни органи, пратеници во Собранието на РМ, претставници од невладиниот сектор и од меѓународната заедница.
    Комплетниот документ и излагањата на присутните на јавниот настан се дадени подолу.

    Преземете ја агендата (.ПДФ, 95 KB)

    Анализа на Буџетот и на Измените и дополнувањата на Буџетот на Република Македонија за 2008 година (.ПДФ, 462 KB)

    Превземи ја публикацијата со авторизирани текстови (.ПДФ, 562 KB)

    Звучен запис од настанот:

    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Слободен пристап до информациите од јавен карактер во областа на високото образование



     Младински образовен форум (МОФ) креираше база на податоци добиени од спроведување на проектот „Набљудување на имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во областа на високото образование“, преку кој го промовираа правото на слободниот пристап до информации во високообразовните институции. 

    На специјално креираната веб страна на http://www.mof.org.mk/pi/ ќе ги најдете поднесените барања, како и добиените одговори структурирани по имателите на информации кои беа набљудувани од јануари 2008 година.

    Беа поднесени вкупно 1097 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер до трите државни универзитети, како и до 31 факултет во Република Македонија. Во законскиот рок од 30 дена само 225 барања добија целосен одговор. Загрижува податокот дека високообразовните институции молчеле на повеќе од 820 поднесени барања, што е 75% од вкупниот број на поднесени барања.
    Овој проект е финансиран и поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија.
    ПРАВНА ПРОГРАМА

    28 септември, меѓународен ден за слободен пристап до информации, „Имам право да знам“



    Прес конференција и тркалезна маса со новинари

    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Набљудувачката мисија на ОSCЕ во Скопје заедно со своите соработници на проектот „Иницијатива за предлог промени на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер“ го одбележуваат 28 септември, меѓународниот ден за слободен пристап до информации, „Имам право да знам“ со прес конференција за новинарите.

    Прес конференцијата ќе се одржи на 25 септември 2008 година во хотелот Holiday Inn со почеток во 10.00 часот. Свое обраќање ќе имаат Donald Bisson, Шеф на Одделот за владеење на правото, OSCE; Михалјо Маневски, Министер за правда на РМ; Љубица Станојовска, член на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Неда Коруновска, Координатор на Правна програма, ФИООМ. На прес конференцијата ќе биде објавена работната група која работи на предлог промените на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, врз основа на двегодишното набљудување на ФИООМ, објавено во публикацијата „Ѕид од тишина“ (.ПДФ, 1.7 MB), .

    По прес конференцијата ќе следи тркалезна маса за новинарите на која ќе се дискутираат: Искуствата на новинарите во областа на слободно информирање, Случаите од посебен интерес за добивање на пристап до информации од јавен карактер, како и евентуалните пречки при користењето на Законот за слободен пристап до информации со кои се соочуваат новинарите.
    КОНКУРС

    За стипендирање на средношколци Роми од трета година



              









    Програмата за образование на Роми на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во партнерство со Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД)
    објавува
    конкурс за стипендирање на средношколци Роми  од трета година


    Средношколската компонента на Програмата за образование на Роми на ФИООМ  предвидува стипендирање и менторирање на најмногу 120 средношколци Роми запишани во 2008/09 учебна година како редовни ученици во трета година од четиригодишно средно образование (гимназија или четиригодишно стручно). Целта е зголемување на стапката на задржување, проодност и успех на средношколците Роми кои ќе бидат опфатени со Програмата заради поуспешно завршување на средното образование и влез на универзитетите во РМ.  Средствата се целосно обезбедени од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

    Основни информации за стипендијата:
    •    Стипендијата се однесува на период од една учебна година ( 10 месеци)  и е наменета за покривање на трошоци за книги, патни трошоци, сместување (кај учениците што се школуваат надвор од местото на живеење) и друга школска опрема;
    •    Задржувањето на стипендијата во тековната 2008/9 учебна година, како и обновувањето на стипендијата за следната 2009/2010 учебна година ќе зависи од постигнатиот успех и редовност на ученикот во наставата, докажан преку евиденциони листи, свидетелства и извештаи;

    Критериуми за стипендирање:
    •    Можност за пријавување имаат исклучиво средношколците Роми запишани како редовни ученици во 2008/9 во трета година гимназија или четиригодишно стручно образование. Кандидатите исто така треба:
    •    Да се државјани на РМ:
    •    Да имаат среден успех од прва и втора година средно образование најмалку 3.5 (од секоја година одделно);
    •    Да не се корисници  на друга стипендија;
    •    Да поднесат комплетна документација во назначениот рок;
    •    Во случај да се пријават поголем број средношколци од предвидениот за стипендирање, а кои ги задоволуваат во целост критериумите предвидени со конкурсот, предност ќе им биде дадена на девојчињата, како и на средношколците чии родители се корисници на социјална помош.

    Потребни  документи за пријавување:
    •    Пријава од ФИООМ за стипендирање на средношколци Роми; (Клик овде за да ја преземете пријавата)
    •    Копија од свидетелствата за завршена прва и втора година средно обраозование со среден успех;
    •    Потврда од училиште за редовен  ученик во трета година во 2008/9 со назнака: во гимназија или четиригодишно стручно;
    •    Уверение за државјанство (од ученикот или доколку нема од еден од родителите);
    •    Потврда или решение за користење социјална помош (за средношколците чии родители се корисници на социјална помош)

    Овој конкурс НЕ СЕ  однесува на:
    •    ученици Роми од основно образование;
    •    средношколци Роми од прва, втора и четврта година;
    •    средношколци Роми запишани во тригодишно стручно образование;
    •    вонредните ученици

    За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат писмено известени.

    Краен  рок за пријавување е 10 октомври, (петок) 2008  година
    Пријавите доставени по завршување на крајниот рок како и нецелосните пријави, ќе бидат исклучени  при одлучувањето.

    Пријава и дополнителни информации можете да добиете лично во просториите на Фондација  Институт отворено општество- Македонија, бул. Јане Сандански 111, Скопје секој работен ден од 12.30-14.30 часот (освен во вторник), соба бр. 7, на  веб страницата на ФИООМ www.soros.org.mk на тел: 02/ 2 447-127 или на 02/ 2 44 44 88 лок. 106 и 107 или по пошта на Ваше барање. Лица за контакт: Сузана Пецаковска, координатор на Програмата и Елиза Абазовска, асистент на Програмата ____________________________________________________________
    Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: http://macedonia.usaid.gov

    ПРАВНА ПРОГРАМА


    Изолациона сесија на работната група за подготовка на Предлог-измени на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Набљудувачката мисија на ОSCЕ во Скопје во соработка со Министерството за правда на РМ, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и домашни експсперти ја одржаа првата изолациона сесија на работната група, во Маврово од 25-27 септември 2008 год., на која ги подготвуваа Предлог-измените на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

    Во рамки на проектот „Иницијатива за предлог промени на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер“ планирано е до крајот на оваа година да се одржи јавна расправа по Предлог-измените на законот со сите заинтересирани страни, иматели на информации и здруженија на граѓани, како и тркалезна маса со пратениците од македонското Собрание, со цел подобрување на постапката за пристап до информациите.
    КОНКУРС

    За вработување на проектен координатор на определено време со половина работно време



    Конкурс за вработување на проектен координатор на определено време со половина работно време

    Проектниот координатор ќе биде одговорен за менаџирањето и за ефективноста на програмата за стипендирање на студенти-Роми (РМУСП), финасирана од Ромскиот образовен фонд.

    Работни задачи:

    •Целосна и навремена имплементација на проектните активности за постигнување на предвидените цели на проектот;
    •Објавување на конкурси;
    •Прибирање на пријави доставени од студентите;
    •Организирање и координирање на активностите на Советодавниот комитет на програмата;
    •Изготвување извештаи за проектот;
    •Документирање и архивирање на целокупната проектна документација;
    •Комуникација со проектната канцаларија во Будимпешта
    •Комуникација со студентите и другите партнери во проектот;
    •Јавна промоција на проектот

    Квалификации и вештини:
    •Завршено високо образование или студент на последна година од студиите;
    •Исклучителни организациски способности;
    •Способност за работа во тим, под притисок и во мултикултурно опкружување;
    •Одлично познавање на англиски јазик;
    •Познавање на ромски јазик;
    •Компјутерски вештини (Word, Excel, Power point, Internet)

    Потребна документација:
    •CV (работна биографија) на англиски јазик;
    •Писмо за мотивација на англиски јазик;
    •Копија од диплома за највисок степен на завршено образование;
    •Препораки од претходни работодавци со назначени телефони за контакт, на лицата кои ја дале препораката ( доколку кондидатот има претходно работно искуство);
    •Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата и е во функција на потребните критериуми за селекција.

    Напомена:

    •Некомплетните пријави и пријавите кои ќе пристигнат по крајниот рок за пријавување, нема да бидат  разгледувани;
    •Пријавите од кандидатите  кои во моментов се корисници или пак конкурирале за стипендија на РМУСП,  нема да бидат разгледувани.

    Заинтересираните кандидати треба да ја достават својата документација за пријавување (исклучиво препорачано по пошта) најдоцна до 10.10.2009 година на адреса:

    Фондација Институт отворено општество-Македонија
    Бул: “Јане Сандански” 111
    П. Фах. 378
    1000 Скопје
    (со назнака за конкурсот на РМУСП)

    НАЈАВА

    Кампања „Слобода наместо страв“



    11 октомври, 2008 г. - Меѓународен ден на дејствување за демократија, слободен говор, човекови права, граѓански слободи; против цензура, масовен надзор, масовно задржување на податоци. Меѓународниот ден на дејствување „Слобода наместо страв“ ќе се одбележи во сите европски главни градови и градови од целиот свет, како протест против целосното задржување на телекомуникациските податоци и против другите инструменти за надзор.
    Сакаме да се потсетиме на историското достигнување на граѓанските права и слободите како наследство од Периодот на просветителството и да ја зајакнеме довербата во безбедноста на нашето слободно општество.

    Македонија се придружува на оваа меѓународна акција преку активности кои ќе се одржат во Скопје на 10 и 11 октомври. Првата е Трибината што ќе се организира на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, а втората е директната акција за подигање на јавната свест, која ќе се организира во центарот на главниот град од страна на Фондацијата Метаморфозис, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Форумот на студенти на европско новинарство, Фондацијата Институт Отворено Општество - Македонија, Европското здружение на студенти по право во Македонија, Младинскиот Образовен Форум и Македонскиот центар за европско образование.  
    ЈАВЕН НАСТАН

    Како до подобро управување во судовите?



    На 8 октомври 2008 година Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија организираше јавен настан Како до подобро управување во судството?

    Целта на настанот беше презентирање на резултатите од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во областа реформи со судството во периодот декември 2006 до декември 2007. Покрај резултатите, се посочија идентификувани „сиви зони“ и препораки за нивно подобрување, категоризирани во четири принципи на доброто управување во судовите во Македонија: независноста, транспарентноста, квалитетот и ефикасноста. Истовремено, беше посочено за кои од дадените препораки е забележано подобрување во досегашниот период.

    Автори на овој документ се д-р Ана Павловска-Данева, д-р Гордана Бужаровска и д-р Татјана Зороска-Камиловска (сите од Правниот факултет Јустинијан први, Скопје) и адвокат Снежана Станковиќ.

    Поканети беа претставници од сите судови во РМ, Министерството за правда, од законоданвно-правната комисија во Собранието на РМ, како и претставници од невладиниот сектор, од меѓународната заедница и медиумите.

    Комплетната анализа и излагањата на присутните на јавниот настан ќе бидат публикувани и на веб сајтот на проектот (www.gg.org.mk).

    Преземете ја агендата

    Заклучоци и препораки за добро управување во судството (.ПДФ 221КБ)

    Звучен запис од настанот:

    ПРОГРАМА ЗА ГРАНТОВИ

    Повик за прибирање на предлог проекти



    Мрежната програма за уметност и култура (Arts and Culture Network Program, АCNP) доделува грантови на поедници и организации за поддршка на проекти кои ја користат  моќта на културата,особено уметноста, во градењето и одржувањето на отвореното општество. Грантовите се доделуваат во следниве програмски области:

    1.Поттикнување на колаборативен пристап

    • Професионален развој
    • Колаборативна уметничка продукција

    2.Развој на јавни културни простори

    • Развој на капацитети
    • Јавни културни настани

    3.Ромска културна програма


    • Професионален развој
    • Индивидуална и колаборативна уметничка продукција
    • Изградба на капацитети
    • Јавни културни настани

    Преземете го повикот за прибирање предлог-проекти
    НАЈАВА

    „Слобода наместо страв“ – Трибина: Посигурно ли е со камери?



    Freedom not fear slikaТрибината која е дел од кампањата „Слобода наместо страв“ по повод МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ДЕЈСТВУВАЊЕ ЗА ДЕМОКРАТИЈА, СЛОБОДЕН ГОВОР, ЧОВЕКОВИ ПРАВА, ГРАЃАНСКИ СЛОБОДИ, А ПРОТИВ ЦЕНЗУРА, МАСОВЕН НАДЗОР И МАСОВНО ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ ќе се одржи на 10 октомври 2008 год во свечениот амфитеатар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
    На темата „Посигурно ли е со камери?“ своите гледишта ќе ги истакнат домашни експерти, претставници на институциите за заштита на човековите права и новинари.

    Програмата за работа и листата на поканети можете да ја преземете од тука.
    Конвенција за пристап до службените документи на Совет на Европа


    Лобирање во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Успешна активност на повеќе од 250 европски граѓански организации

    Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) минатата недела едногласно усвои резолуција во која се искажува загриженост заради значителните недостатоци на првиот светски договор  кој има за цел да го гарантира јавниот пристап до информации.  Парламентарното собрание на Советот на Европа повика на измени во нацрт-текстот на Конвецијата за пристап до јавни документи.
    „Мислењето“ на Парламентарното собрание на Советот на Европа  идентификува серија проблеми во нацрт договорот, вклучително:

    Непостоење на изјава за правото на информации  со која се утврдува дека „сите официјални документи се во принцип  јавни и можат да бидат задржувани само заради заштитата на други права и легитимни интереси“;

    Отсуство на обврзни временски рокови за одговарање на барањата.  Европскиот суд за човекови права утврди дека информацијата е „производ со краток рок на траење и одложувањето на нејзиното објавување дури и за краток период може да ја лиши од сета вредност и интерес“;

    Ограничено дефинирање на „јавните власти“  што ги исклучува главните функции на законодавните и судските органи, како и на приватните органи кои  што вршат јавни функции или работат со јавни средства со што „се дозволува некои јавни органи да продолжат да работат во сенка“;

    Барателите траба да имаат право на жалба до огран за преиспитување кое што има овластување на наредби за обелоденување на бараниот  официјален документ;

    На државите им се дава слобода се оградат од која било одредба на Конвенцијата, и на тој начин се поткопува „деликатната рамнотежа на многу индивидуални компоненти“ потребни  за да правото на пристап до информации фунционира во практика. 

    Говорејќи на дебатата во Парламентарносто Собраните во петокот, Клаас де Фрис , поранешен холандски министер кој го подготви Мислењето во име на Комитетот за правни  работи и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа, го повика Комитетот на Министри „да вложат додатен напор сега“, додавајќи дека „ако не дејстуваме сега, ќе бидеме критикувани со години“.
    Access Info Europe, ARTICLE 19, и Правната иницијатива на Отворено општество се меѓународни организации кои што веќе две години инстакнуваат интерес за овие прашања и добија поддршка од повеќе од 250 европски граѓански организации.
    Во Република Македонија поддршка на акцијата дадоа: Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Македонското здружение на млади правници, Центарот за развој на медиуми, Про медиа, Коалицијата „Сите за правично судење”, Фондацијата Метаморфозис, НВО Инфоцентар, Младински образовен форум, Заеднички вредности, Акција здруженска, Младински културен центар-Битола, Транспарентност Македонија, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, ХОПС– намалување на штети, ХОПС - Комерцијални сексуални работнички, Пасаж, Македонска мрежа за намалување на штети, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Центар за развој на заедницата – Кичево, Центар за граѓански иницијативи – Прилеп, Центар за поддршка на заедницата – Ресен, Транспарентност – Нулта корупција, Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија и Регионален центар за развој – Делчево.

    Целото соопштение можете да го преземете од тука: македонски и англиски
    НАЈАВА НА НАСТАН

    Препораки за добро управување во образованието



    Фондацијата Институт отворено општество-Македонија организира јавен настан Препораки за добро управување во образованието. Настанот ќе се одржи во хотел Holiday Inn, на 15 октомври 2008, (среда) со почеток во 12 часот.

    Целта на настанот е презентирање на наодите и препораките од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во образованието. Анализата ги вклучува следниве теми: образованието во поширок општествен контекст, образованието како економска категорија, образовната инфраструктура, институционалната мрежа во образованието, развојот на човечките ресурси, обезбедувањето квалитет во образованието, содржина на наставниот процес, Европските интеграции и меѓународната соработка во образованието, образовната администрација и образовното законодавство. Настанот преставува можност за отворање јавна дискусија со засегнатите страни за дадените препораки за надминување на слабостите и недоследностите во управувањето со и во образованието.
    Автори на овој документ се д-р Зоран Поповски, д-р Зоран Велковски, Лефкија Гаџоска, м-р Агим Рушити, Милка Масникоса, Валентина Палевска-Муцунска и м-р Благица Димитриевска.

    Со цел да се отвори поширока дискусија, поканети се чинителите на управувањето во образованието: Министерството за образование и наука, Бирото за јавни набавки, ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа, ректоратите на државните и приватните универзитети, ССМ, СОНК, Комисија за образование во Собранието на РМ, претставници од релевантни здруженија, од невладиниот сектор, меѓународната заедница и медиумите.

    Преземете ја агендата на настанот (.pdf 78KB)

    Преземете ги препораките (.pdf 182KB)
    ОГЛАС

    За избор на комодератори





    Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на осум форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk

    Во периодот ноември 2008 – април 2010, Форумскиот процес во општините Кочани и Ново Село ќе го спроведува Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.

    За потребите на Форумот, се распишува оглас за избор на двајца КОМОДЕРАТОРИ (по еден за секоја општина) кои  ќе бидат ангажирани во времетраење од 8 месеци, 10 работни дена во текот на месецот, со флексибилно работно време.

    Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 5-7 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите.

    Задачи, одговорности и очекувани резултати:

    •Раководење и координирање со Оперативната група;
    •Организирање на сесиите, вклучително и регуртација на учесници на форумот;
    •Организирање на состаноците помеѓу сесиите;
    •Техничка подготовка на сесиите (сала, постери, опрема);
    •Координирање на активностите за односи со јавноста на локално ниво;
    •Подготовка и чување на документите за и од форумските сесии и работата помеѓу сесиите (записник, листи на учесници, покани и сл.);
    •Учество на обуки организирани од страна на ЕКФ, ФИООМ и СДЦ;
    •Помош на модераторот при водењето на сесиите;
    •Подготовка на месечни извештаи.

    Квалификации и искуство:

    •универзитетско образование
    •познавање на aнглиски јазик
    •активно користење на компјутер (WORD, EXCEL, OUTLOOK)
    •познавање на процесот на децентрализација
    •искуство во работа со невладни организации
    •да е жител на една од општините
    •искуство во фасилитација, координација и известување
    •наклонетост кон тимска работа
    •одлични комуникациски вештини

    Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка  биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 20 октомври, на следната адреса:
    Булевар Јане Сандански 26/2/2, 1000 Скопје
    или на електронска пошта: bsarko@sonet.com.mk 

    ЈАВНА ПРОМОЦИЈА

    Резултати од програмата за образование на Роми



    198 средношколци Роми успешно го завршија средното образование со поддршка на ФИООМ и УСАИД

    Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) и Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) ќе организираат јавен  настан по повод успешното завршување на средното образование на 198 средношколци Роми, стипендисти на Програмата за образование на Роми на ФИООМ и на УСАИД.

    Настанот има за цел:
    •    да ги промовира резултатите постигнати во четиригодишното спроведување на Програмата за образование на Роми (зголемена стапка на задржување, проодност и успех на опфатените основци, средношколци и студенти  Роми);
    • да го одбележи завршувањето на средното образование на импресивната бројка од 198 средношколци Роми, како и да им оддаде признание на завршените средношколци, нивните родители и наставници ментори;
    • да се афирмира и да се оддаде признание за поддршката што покрај УСАИД и ФИООМ ја обезбедија другите донатори за унапредување на образованието на Ромите (Амбасадата на Кралството Холандија, ОБСЕ, Детската Фондација Песталоци од Швајцарија, Ромскиот образовен фонд од Будимпешта и Амбасадата на Република Унгарија во РМ )   
    • да го промовира стипендирањето на нови 120 средношколци Роми од трета година четиригодишно образование  обезбедено од Програмата  

    Настанот ќе се одржи на 17ти октомври, 2008 г. (петок) со почеток во 12.30ч. во хотелот Александар Палас во Скопје (конференциска сала 3). На настанот се очекува да се обратат Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, Амбасадорот на Соединетите Американски Држави Филип Рикер, Министерот за образование и  наука Перо Стојановски, Министерот без ресор во Владата на РМ Неждет Мустафа како и извршниот директор на ФИООМ Владимир Милчин. Своите лични искуства од учеството во Програмата ќе ги споделат и двајца завршени средношколци, стипендисти на  Програмата за образование на Роми.

    СООПШТЕНИЕ


    Датум: 20 октомври, 2008 година
    Место:Скопје, хотел Стоунбриџ,
    Време:11:00 – 13:00

    Универзитетот од Фрибург, Швајцарија во партнерство со Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, како координативна канцеларија на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во општествените науки/ Западен Балкан (2008-2011) - РППИ, ја отпочнува реализацијата на првата фаза со потпишување Меморандуми за соработка со следниве институции:
    1. Универзитет Св. Кирил и Методиј, Философски факултет, Институт за родови студии – Скопје
    2. Универзитет Св. Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан први – Скопје
    3. Универзитетот за Југоисточна Европа – Тетово
    4. Евро Балкан/ Институт за истражувања во општествените и хуманистичките науки
    5. ФОРУМ –ЦСИД

    Генерална тема на истражувањата кои ќе бидат поддржани преку оваа програма е „Знаење, моќ и социјална промена“. Програмата покрај средства за истражувачките проекти, ќе обезбеди и средства и начини за подигнување на капацитети и вмрежувања, соработка и застапувачки активности. Од идната година ќе се зголеми бројот на институции кои ќе можат да конкурираат за поддршка за изведба на истражувачки проекти, градење капацитети и соработка.

    РППИ е имплементирана од Универзитетот во Фрибург во договор и со подршка на Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за надворешни работи на Швајцарската кофедерација. Во периодот 2008-2011 ке се изведува во: (Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија)

    Цел на програмата: Одржливите капацитети за социолошки истражувања релевантни за транзицијата во регионот на Западен Балкан придонесуваат за социјалните, економските и институционалните реформи во поединечните земји и во нивната регионална интеграција.

    Намера: Придонес за развивање на регионални капацитети за истражувања во општествените науки што кореспондираат на научните стандарди на партнерите во земјите од Западна Европа.

    Очекувани резултати:
    1. До 2011, повеќе проекти за истражувања во општествените науки со добар квалитет и на теми релевантни за транзицијата спроведени во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија).
    2: Комуникацијата и соработката меѓу истражувачите и истражувачките институции е воспоставена во регионот и партнерите од РППИ кои го сочинуваат јадрото се во позиција да воспостават индивидуални и институционални мрежи до 2011.
    3: До 2011, зајакнати се истражувањата во општествените науки и капацитетите за раководење со меѓународни фондови на РППИ партнерите и локалните одделенија за координација се способни да го преземат раководењето со РППИ во фазата на консолидација.


    Во својата следна фаза од 2011 натаму, програмата би требало да биде во можност да биде раководена од институција/институции во регионот и да обезбеди континуирана поддршка за уште следни 6 години.

    Дополнителни информации се достапни на :

    Фондација Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ)
    Булевар Јане Сандански 111
    1000 Скопје/Македонија

    Славица Инџевска
    телефон: +389 2 2444488 лок. 105
    email: sindzev@soros.org.mk
    www.rrpp-westernbalkans.net
    НАЈАВА

    Препораки за добро управување во социјалната заштита



    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија ќе организира јавен настан Доброто управување на социјалната парична помош. Настанот ќе се одржи во хотел Стоунбриџ, на 28 октомври 2008 (вторник) со почеток во 12 часот.
       
    Целта на настанот е презентирање на наодите и препораките од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во социјалната заштита, со акцент врз остварувањето на правото на социјалната парична помош и дискусија со засегнатите страни. Анализата е направена на три нивоа - Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа и корисниците на социјална парична помош - со заклучоци и препораки за следниве принципи за добро управување: ефективност, ефикасност и економичност, транспарентност и партиципативност.

    Автори на овој документ се Софија Спасовска, Сузана Велковска, доц. д-р Сузана Борнарова, Елизабета Куновска и Пенка Николовска.
    ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

    Потпишани договорите со новоизбраните општини во рамки на програмата „„Форуми во заедницата“



    Градоначалниците на осум општини избрани во вториот циклус на Втората фаза во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ денеска (21 октомври) ги потпишаа договорите со Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) што ја финансира Програмата со вкупен буџет од четири милиони швајцарски франци во период од три години.

    Главната цел на програмата “Форуми во заедницата“ е да се поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку форумскиот процес. “Целта на оваа Програма е да им се овозможи на граѓаните да дадат придонес во општинскиот живот со свои идеи и проекти“, изјави раководителот на SDC Роман Дарбеле.
    Вториот циклус на Втората фаза на Програмата ги вклучи општините Кочани, Битола, Ново Село, Берово, Сарај, Ресен, Долнени и Свети Николе, и ќе се одвива од ноември 2008 до април 2010. Буџетот за овие општини изнесува вкупно 60 милиони денари, од кои 44,5 милиони денари се донација на SDC, a 15,5 милиони денари сопствено учество на општината.
    “Оваа Програма им овозможува на граѓаните да се вклучат во општинскиот живот бидејќи тие најдобро знаат што е добро за нив“, изјави претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Коце Трајановски.
    Тој изрази надеж дека Форумите, во иднина, ќе се институционализираат.
    Програмата започна да се реализира со Пилот фазата во октомври 2006 година до февруари 2008 година каде беа вклучени општините Прилеп, Ѓорче Петров и Кичево.
    Првиот циклус од Втората фаза од Програмата опфати пет општини – Дебар, Чаир, Струмица, Чашка и Карбинци, и трае од март 2008 до август 2009 година.

    Се очекува бројот на општините, во наредните три години, да се зголеми на околу 25 општински единици.
    “Програмата ја претставува методологијата за тоа како да се живее демократијата, како да се јакне улогата на граѓаните“, изјави директорот на Фондацијата Институт отворено општество (ФИООМ) Владимир Милчин.
    Спроведувачи на Програмата во оваа фаза се пет организации – Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ) во општините Кочани и Ново Село, Центарот за институционален развој (ЦИРа) во општините Берово и Свети Николе, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во општините Битола и Ресен, Здружение за одржлив развој и соработка “Алка“ во општина Долнени и Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) во општина Сарај.

    Програмата ја координира Единицата за координација на форумите – Консалтинг за стратешки развој, а активно е вклучена Заедницата на единиците на локална самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС).

    Повеќе информации за Програмата:
    www.forumivozaednicata.com.mk

    КОНКУРС

    За вработување на двајца проектни координатори на определено време



    Проектните координатори ќе бидат одговорни за спроведување и координирање на активностите во рамките на програмите за образование на Роми.


    Работни задачи:
    •Целосна и навремена имплементација на проектните активности за постигнување на предвидените цели на проектот;
    •Изготвување извештаи за проектот;
    •Документирање и архивирање на целокупната проектна документација;
    •Комуникација со корисниците  и другите партнери во проектот;
    •Јавна промоција на проектот

    Квалификации и вештини:
    •Завршено високо образование;
    •Исклучителни организациски способности;
    •Способност за работа во тим, под притисок и во мултикултурно опкружување;
    •Одлично познавање на англиски јазик;
    •Познавање на ромски јазик;
    •Компјутерски вештини (Word, Excel, Power point, Internet)

    Потребна документација:
    •CV (работна биографија) на англиски јазик;
    •Писмо за мотивација на англиски јазик;
    •Копија од диплома за највисок степен на завршено образование;
    •Препораки од претходни работодавци со назначени телефони за контакт, на лицата кои ја дале препораката ( доколку кондидатот има претходно работно искуство);
    •Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата и е во функција на потребните критериуми за селекција.

    Напомена:
    • Некомплетните пријави и пријавите кои ќе пристигнат по крајниот рок за пријавување, нема да бидат  разгледувани; Заинтересираните кандидати треба да ја достават својата документација за пријавување (исклучиво препорачано по пошта) најдоцна до 07.11.2009 година на адреса:

    Фондација Институт отворено општество-Македонија
    Бул: “Јане Сандански” 111
    П. Фах. 378
    1000 Скопје
    (со назнака за конкурсот за вработување)
    НАЈАВА НА НАСТАН

    Сивите зони во менаџментот на јавните пари



    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија организира јавен настан  Сивите зони во менаџментот на јавните пари. Настанот ќе се одржи во хотел Холидеј ин, на 30 октомври 2008 (четврток) со почеток во 11 часот.

    Целта на настанот е презентирање на заклучоците и препораките од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување со јавните пари со фокус на Централниот буџет на РМ, вонбуџетските фондови и јавните претпријатија и буџетските корисници преку следниве принципи на доброто управување: ефикасност, ефективност, транспарентност и отчетност.

    Автори на овој документ се д-р Абдулменаф Беџети, д-р Билјана Ангелова, д-р Дијана Бошковска, м-р Шенај Хаџи-Мустафа и Мишо Николов.

    Преземета ја агендата за настанот (.pdf, 86KB)
    НАЈАВА НА НАСТАН

    Политики, програми и предуслови за добро управување во здравствениот систем



    Фондацијата Институт отворено општество – Македонија преку проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија организира јавен настан  Политики, програми и предуслови за добро управување во здравствениот систем. Настанот ќе се одржи во хотел Холидеј ин, на 31 октомври 2008 (петок) со почеток во 11 часот.

    Целта на настанот е презентирање на заклучоците и препораките од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување со јавното здравство со фокус на десет основни јавно-здравствени функции.

    Автори на овој документ се д-р Данче Гудева-Никовска, д-р Фимка Тозија, д-р Драган Ѓорѓев, д-р Александар Арников и д-р Александар Кишман

    Преземете ја агендата (.pdf 86KB)
    ПРЕОБЈАВЕН КОНКУРС

    За стипендирање на средношколци Роми од трета година



     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
    Програмата за образование на Роми на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во партнерство со Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД)  го преобјавува
    конкурсот за стипендирање на средношколци Роми  од трета година

    Средношколската компонента на Програмата за образование на Роми на ФИООМ  предвидува стипендирање и менторирање на најмногу 60 средношколци Роми запишани во 2008/09 учебна година како редовни ученици во трета година од четиригодишно средно образование (гимназија или четиригодишно стручно). Целта е зголемување на стапката на задржување, проодност и успех на средношколците Роми кои ќе бидат опфатени со Програмата заради поуспешно завршување на средното образование и влез на универзитетите во РМ.  Средствата се целосно обезбедени од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

    Основни информации за стипендијата:

    •Стипендијата се однесува на период од една учебна година ( 10 месеци)  и е наменета за покривање на трошоци за книги, патни трошоци, сместување (кај учениците што се школуваат надвор од местото на живеење) и друга школска опрема;
    •Задржувањето на стипендијата во тековната 2008/9 учебна година, како и обновувањето на стипендијата за следната 2009/2010 учебна година ќе зависи од постигнатиот успех и редовност на ученикот во наставата, докажан преку евиденциони листи, свидетелства и извештаи;

    Критериуми за стипендирање:
    •Можност за пријавување имаат исклучиво средношколците Роми запишани како редовни ученици во 2008/9 во трета година гимназија или четиригодишно стручно образование. Кандидатите исто така треба:
    •Да се државјани на РМ:
    •Да имаат среден успех од прва и втора година средно образование најмалку 3.0 (од двете години заедно);
    •Да не се корисници  на друга стипендија;
    •Да поднесат комплетна документација во назначениот рок;
    •Во случај да се пријават поголем број средношколци од предвидениот за стипендирање, а кои ги задоволуваат во целост критериумите предвидени со конкурсот, предност ќе им биде дадена на средношколците кои имаат повисок среден успех во претходните две години од средното образование.

    Потребни  документи за пријавување:
    •Пријава од ФИООМ за стипендирање на средношколци Роми;
    •Копија од свидетелствата за завршена прва и втора година средно обраозование со среден успех;
    •Потврда од училиште за редовен  ученик во трета година во 2008/9 со назнака: во гимназија или четиригодишно стручно;
    •Уверение за државјанство (од ученикот или доколку нема од еден од родителите);
    •Потврда или решение за користење социјална помош (за средношколците чии родители се корисници на социјална помош)

    Напомена: Средноколците кои се пријавија во ФИООМ на претходниот конкурс за стипендирање од Програмата за образование на Роми (објавен со рок до 10 октомври, 2008) а ги исполнуваат условите назначени во овој конкурс, не треба да поднесуваат нови документи, туку ќе бидат прифатени за разгледување веќе поднесените документи.

    Овој конкурс НЕ СЕ  однесува на:

    •ученици Роми од основно образование;
    •средношколци Роми од прва, втора и четврта година;
    •средношколци Роми запишани во тригодишно стручно образование;
    •вонредните ученици
    За резултатите од конкурсот кандидатите ќе бидат писмено известени.

    Краен  рок за пријавување е 7 ноември, (петок) 2008  година

    Пријавите доставени по завршување на крајниот рок како и нецелосните пријави, ќе бидат исклучени  при одлучувањето.

    Пријава и дополнителни информации можете да добиете  лично во просториите на Фондација  Институт отворено општество- Македонија, бул. Јане Сандански 111, Скопје секој работен ден од 12.30-14.30 часот (освен во вторник), соба бр. 7, на  веб страницата на ФИООМ www.soros.org.mk на тел: 02/ 2 447-127 или на 02/ 2 44 44 88 лок. 106 и 107 или по пошта на Ваше барање. Лица за контакт: Сузана Пецаковска, координатор на Програмата и Елиза Абазовска, асистент на Програмата
    Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја подржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: http://macedonia.usaid.gov

    Преземете ја пријавата (.doc 297 KB)
    НАЈАВА НА НАСТАН

    Голем мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“



    Pod isto sonce На 1 ноември 2008 год, во 10 часот на Скопски саем започнува првиот мултиетнички хепенинг„Под исто сонце“. Хепенингот е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со културата и традицијата на различните заедници. Ќе бидат претставени  народни носии, ракотворби, кулинарски специјалитети и фолклорни игри од различни градови во Македонија.

    Ќе се дискутира и за исполнувањето на одредбите од Рамковниот договор, положбата на заедниците во Македонија, спецификите на македонскиот мултикултурализам и европските перспективи. Настанот ќе го отворат Н.Е. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската Комисија, Владимир Милчин, Извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Хајрије Ахмед, претседател на НВО „Заеднички вредности“.

    Како завршница на еднодневниот мултиетнички хепенинг, со цел создавање простор за дружење на младите, во Метрополис Арената од 21 часот до 24 часот ќе настапат групите Бла Бла Бла, Ареа и Тони Китановски со Черкези.

    Влезот за сите посетители на хепенингот е слободен.

    Настанот го организира Фондацијата Институт отворено општество – Македонија во рамки на проектот „Живеење во мултиетничка средина – граѓани со еднакви права, можности и заштита“ финансиран од Европската Комисија и ФИООМ.

    Преземете ја програмата (.doc, 395 KB)

    МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ "ПОД ИСТО СОНЦЕ"

    ТВ спот - албански јазик



    МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ "ПОД ИСТО СОНЦЕ"

    ТВ спот - македонски јазик (втора верзија)



    МУЛТИЕТНИЧКИ ХЕПЕНИНГ "ПОД ИСТО СОНЦЕ"

    ТВ спот - македонски јазик



    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Форум за дискусија: Пристап до судски одлуки



    Како дел од проектот „Јакнење на капацитетите за независно и непристрасно судство”, на 3.11.2008 год., во хотелот „Оаза“ во Штип и на 4.11.2008 год., во хотелот„Stone Bridge“ во Скопје, Здружението на судии на РМ ќе одржи Форум за дискусија на тема: Пристап до судски одлуки. На првиот Форум ќе земат учество претседатели на судови од битолското и од штипското апелационо подрачје, додека на вториот - претседатели на судови од скопското и од гостиварското апелационо подрачје, како и претставници на Врховниот суд на РМ; Министерството за правда; Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер; Дирекцијата за заштита на личните податоци; Академијата за обука на судии и јавни обвинители; адвокати и јавни обвинители.

    Од страна на судијата Хелена Јадерблoм – претседател на Апелационен административен суд на Шведска, на Форумот ќе биде презентирана шведската практика во поглед на достапноста на судските одлуки. Практиката, пак, на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе биде презентирана од страна на поранешениот судија при овој суд, Маргарита Цаца - Николовска. Свое обраќање ќе има и претседателот на основниот суд - Кавадарци, судијата Лазар Нанев, кој ќе има за цел да ја пренесе досегашната практика на судовите во РМ во поглед на достапноста на судските одлуки. Улогата на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во поглед на обезбедувањето на ова право ќе биде објаснета од страна на претседателот на Комисијата, Јанко Николовски.

    Форумот има за цел да им се даде можност на судиите да ги споделат своите мислења и практични искуства по прашањето за слободен пристап до судските одлуки, а воедно и да се изготват одредени заклучоци што би придонеле за воедначена судска практика по однос на ова прашање.

    Пристапот до информации во сферата на правдата, воспоставува и дефинира еден важен фактор како индикатор за нивото на развиеност на општеството во областа на владеењето на правото и човековите права. Во изминатите две години од стапувањето на сила на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, судовите демонстрираа различна практична примена. Ова прашање е од исклучително значење во поглед на обезбедување јавност во работењето на судовите и зголемување на јавната доверба во правосудниот систем.

    Преземете ја програмата за 03.11.2008 (.doc, 125 KB)

    Преземете ја програмата за 04.11.2008 (.doc, 125 KB)
    ЈАВЕН ПОВИК

    За ромски практиканти во Европската комисија



    Институтот отворено општество, Програма за учество на Ромите, по склучениот договор со Европската комисија, објавува јавен повик за ромски практиканти во Европската комисија, за сите нови членки (вклучувајќи ги и Кипар и Малта) и Хрватска, Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

    Практикантската програма ќе трае пет месеци, почнувајќи од 1-ви март, 2009 година.

    Јавниот повик и подетални информации за програмата, процедурата и критериумите за аплицирање ќе ги најдете тука. Во прилог ќе ги најдете и апликацијата и CV-образецот.   

    Ромската и англиската верзија на јавниот повик се достапни и на:
    http://www.romadecade.org/index.php?content=330
    http://www.romadecade.org/index.php?content=327

    Ве молиме обрнете внимание на потребната документација за аплицирање:

    •Апликација пополнета на англиски или на француски јазик;
    •Копии од дипломи за завршено високо образование;
    •Europass CV;
    •Сертификати и/или потврди од претходно работно искуство;
    •Препораки за работно искуство во ромскиот граѓански сектор (за подетални информации погледнете го ANNEX 1 - јавниот повик за аплицирање);
          
           Крајниот рок за аплицирање е 15-ти декември, 2008 година.

    Документацијата за аплицирање доставете ја преку e-mail, факс или пошта на:

    Brussels Internship Program
    Roma Participation Program
    Open Society Institute Budapest
    Oktober 6. u. 12.
    H-1051 Budapest Hungary
    E-mail: rpp@osi.hu
    Fax: +36 1 327 3841
    СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ

    Македонскиот радиодифузен сектор во криза, јавниот сервис на раб на колапс



    Лондон и Будимпешта, во Скопје 3-ти номеври, 2008 година

    Според новиот извештај на Институтот отворено општество, радиодифузниот сектор во Македонија сеуште е обременет од огромните структурни проблеми и покрај новото законодавство со кое се зајакнува независноста на регулаторот и на јавниот радиодифузен сервис. Дел од серијалот „Телевизијата низ Европа: Дополнителни извешати 2008“ предупредува дека јавниот радиодифузен сервис е во очајна состојба.
    „И покрај развлечениот процес на преструктуирање, јавниот сервис сеуште е парализиран од кризата во делот на финансиите, персоналот и програмската продукција“ – се вели во извештајот, кој е продолжение на предходниот мониторинг извештај направен во 2005 година.
    Извештајот изработен од страна на Весна Шопар од Европскиот универзитет - Република Македонија, беше претставен денес во рамките на јавниот настан организиран од страна на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИИОМ).
    Финансиската состојба на Македонската Радио Телевизија (МРТ) е влошена уште од 2005 година. Собирањето на радиодифузната такса од која зависи МРТ во поголемиот дел, колабира во 2007 кога нејзиното собирање падна на 0,5 % од домаќинствата. Владата даде финансиски инекции за да ја оддржи МРТ во живот, но овие краткорочни мерки и натаму ја оштетуваа независноста на јавниот радиодифузер. Исто така, нивната легалност е сомнителна, бидејќи според законот, државата може да финансира само специфична програмска продукција, како на пример онаа за граѓаните кои се во странство.
    Менаџментот на МРТ и македонските политичари се во спрега. Според Весна Шопар: „менаџерите не прават напори да се собере радиодифузната такса поефикасно бидејќи им е “поудобно“ да земаат субвенции од Владата. Политичарите ја прифаќаат оваа ситуација бидејќи така ја држат МРТ финансиски зависна од државата.“
    Состојбата со комерцијалниот сектор исто така не е многу подобра. Пазарот е пренатрупан со над 100 радио и ТВ станици кои обслужуваат 2 милони жители во една од најсиромашните земји во Европа. Оваа пренатрупаност го намалува квалитетот. Ваквиот комерцијален исход ниту ги приближува до стандардите на јавен сервис, ниту стимулира високо квалитетна продукција. Не-профитниот сектор е сеуште во зародиш.
    Пазарот на кабелските оператори е динамичен но со турбуленции во развојот. Од повеќе од 100 кабелски оператори, само половината од нив ги имаат регистрирано нивните програмски пакети кај Советот за радиодифузија. Останатите продолжуваат да работат без авторски права за програмите. Со влегувањето на еден странски инвеститор (КабелТел) кој купи 13 кабелски оператори се очекува овој сектор да се консолидира во наредните години.
    Како позитивна забелешка, законодавството ги поддржува европските стандарди за медиуми и аудио-визуелнато „acquis“ кое беше усвоено од 2005, со значајно обезбедување на европските дела, реклами, спонзорства и телешопинг. Генерално, новото законодавство беше соодветно применето. Сепак недостасува ефикасна примена на санкциите за прекршувањето на Законот, посебно во делот за сопственост, програмски стандарди и рекламирање. Регулативата за медиумска концентрација, на пример, е понекогаш прекршена незаконски.
    Престојната транзиција во дигитална радиодифузија е од големо значење. Пред да се објави тендерот за дигитални лиценци, Советот за радиодифузија треба да организира отворена дебата со сите заинтересирани страни за најдобриот регулаторен модел за дигитално опкружување. Извештајот препорачува МРТ да развие механизми за ефикасно собирање на радиодифузната такса и да побара помош од Владата за регрутирање на сите ресурси од државните финансиски институции како што е Управата за јавни приходи.

    Белешка до уредниците

    Овој извештај е дел од мониторинг серијалот „Телевизијата низ Европа: Дополнителни извештаи 2008“. Серијалот претставува дополнување на анализата во 9 од 20 земји кои беа вклучени во серијалот од 2005 „Телевизијата низ Европа: регулатива, политики и независност“ во Албанија, Бугарија, Чешка, Италија, Литванија, Македонија, Полска, Романија и Словачка. 
    Двата серијала на извештаи беа произведени од ЕУ Програмата за мониторинг и застапување (ЕУМАП) при Институтот отворено општество и неговата Програма за медиуми во соработка со локални експерти и невладини организации. Комплетниот текст на извештаите заедно со европскиот преглед се објавени на англиски и преведени на локалните јазици на http://www.mediapolicy.org  

    Македонскиот извештај од 2008 година може да се најде тука: македонски | shqip
    НАЈАВА

    Какви се потенцијалите за добро управување во економската сфера?



    Фондацијата Институт отворено општество-Македонија преку проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија организира јавен настан Какви се потенцијалите за добро управување во економската сфера? Настанот ќе се одржи во хотел Holiday Inn, на 7 ноември 2008 (петок) со почеток во 11 часот.
       
    Целта на настанот е презентирање на заклучоците и препораките од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во економската сфера со фокус на макро ниво и на корпоративното управување, преку следниве принципи на доброто управување: владеење на правоот, ефикасност, ефективност, транспарентност, отчетност, респонзивност и партиципативност.

    Автори на овој документ се д-р Ванчо Узунов, м-р Александар Стојков, м-р Верица Хаџи Василева Марковска, д-р Горан Коевски д-р Александар Климовски.

    Преземете ја агендата (.pdf, 84 KB)
    ЈАВЕН НАСТАН

    Одржан првиот мултиетнички хепенинг „Под исто сонце“



    хепенинг
    Под мотото „Под исто сонце“ во саботата (1 ноември 2008 год.) се одржа првиот еднодневен мултиетнички хепенинг на Скопски саем, кој е дел од кампањата за промоција на мултиетничките вредности и поттикнување на меѓусебното почитување на етничките заедници во Македонија.

    Културата, традицијата и вредностите како обележја на различните етнички заедници беа промовирани од страна на невладини организации и институции, од кои најбројни беа културно-уметничките друштва, женските организации и музеите. Народни носии, ракотворби, кулинарски специјалитети и фолклорни игри беа претставени од страна на 800 учесници од 28 населени места. Повеќе од 6000 посетители од цела Македонија имаа можност да се дружат и да вкусат традиционални јадења, да уживаат во музиката и да се запознаат со спецификите на културата и традицијата на различните етникуми во земјава. Беа презентирани и кратки документарни филмови, етнолошки изложби, ликовни дела и стрип работилница.

    ТрибинаНа официјалното отворање говореа Н.Е. Ерван Фуере, специјален претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија, Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Хајрије Ахмед, претседател на НВО „Заеднички вредности“. „Сите етнички заедници и традиции покажуваат дека ова е навистина богата нација и тоа е она што Македонија може да и го понуди на ЕУ“ порача евроамбасадорот при отворањето на настанот. На отворањето присуствуваше и амбасадорот на САД, Филип Рикер, кој заедно со многубројните присутни ги разгледа бројните експонати и народни носии и уживаше во кулинарските специјалитети и фолклорните изведби на етничките заедници.

    Во рамките на настанот се одржаа и две панел дискусии, првата посветена на 7-годишнината од Рамковниот договор, а втората на мултикултурализмот.
    Публика Охридскиот договор е успешен проект кој, и покрај извесните пропусти и тенденцијата за биполаризација на државата, сепак, дава резултати, оценија учесниците на дебатата. Професорот од Правниот факултет и еден од креаторите на Рамковниот договор, д-р Љубомир Фрчкоски, во својата дискусија се осврна на добрите и лошите страни на овој договор, но наедно укажа и на оптимистичките и песимистичките сценарија за Македонија, доколку не се преземе одговорноста околу преговорите за името. Граѓаните се согласуваат дека Рамковниот договор и донесе стабилност на земјава, но сметаат дека со него треба сите подеднакво да бидат опфатени. Забелешките се однесуваат на делот за поделбата на власта и на партиските вработувања по етничка основа во јавната администрација.


    На втората панел дискусија се зборуваше за концептот на мултикултурализмот, рефлексиите на европскиот мултикултурализам во Македонија, декларативното и реалното во нашето општество. Сегрегацијата по секоја основа беше потенцирана од страна на м-р Жарко Трајановски, а односот помеѓу индивидуалните и колективните права беше дискутиран од страна на присутните претставници од различни етнички заедници (Власи, Турци, Срби, Роми, Египќани, Хрвати).
    Вечерта заврши со бесплатен концерт на групите „Бла бла бла“, „Ареа“ и Тони Китановски и Черкези, кој озвозможи заедничко дружење и забава за младите.
    Мултиетничкиот хепенинг го организираше ФИООМ во рамки на проектот „Живеење во мултиетичка средина - граѓани со еднакви права, можности и заштита“, финансиран од Европската комисија и ФИООМ. Целта на проектот е да се подобри статусот на малцинските групи и да се зајакнат капацитетите за активно учество во креирањето на јавни политики на локално и национално ниво.
    СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ

    Бизнис инкубатор за млади



    На 04ти ноември 2008 година свечено беше пуштен во употреба ЈИЕУ/ЦРБ – ПСМ Бизнис инкубаторот за млади лоциран во студентскиот кампус на Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово.

    ЈИЕУ/ПСМ Бизнис инкубаторот за млади е дел од истоимениот проект кој започна со имплементација во јануари 2008 година.

    Целта на проектот е да ги привлече младите луѓе од Тетово, Гостивар и регионот да започнат сопствен бизнис во рамки на инкубаторот, да им овозможи преку обуки да се стекнат со неопходните вештини за водење бизнис, да ги поврзе со вистинските деловни партнери како би станале дел од глобалниот пазар. Идејата на Инкубаторот е да биде подстрек за амбициозните, охрабрување за неодлучните и поддршка за идните млади претприемачи.

    На свечениот чин, свое обраќање имаa: Абдулменаф Беџети, Проректор на ЈИЕУ, Зоран Цали, Административен директор на ФИООМ, Александар Секулиќ, Извршен директор на ПСМ Фондација.

    Проектот е финансиран и имплементиран од Фондација Институт отворено општество – Македонија, Универзитет на Југоисточна Европа и Фондација Претприемачки сервис за млади.
    ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА

    Мониторинг на медиумите за Извештајот на Европската комисија: „Многу изјави, а малку анализа и истражување“



    НВО Инфоцентарот и Македонскиот центар за европско образование, со поддршка на Фондацијата Институт отворено општество Македонија, во периодот, од 21 до 22 октомври и од 30 октомври до 9 ноември 2008 година, спроведоа мониторинг на медиумите, со посебен фокус на информирањето за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во 2008 година.

    Основната цел на ова набљудување на медиумите беше да се анализира квалитетот на објавените информации за Извештајот од страна на новинарите, Владата, политичките партии и експертите.

    Предмет на анализа беа написите во седум дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Време“; „Нова Македонија“ и „Шпиц“) и централните информативни емисии, на седум телевизии со национална и сателитска концесија („А1“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МТВ1“; „Алфа“ и „Алсат“).

    Во овој мониторинг не беа вклучени медиуми на јазиците на немнозинските заедници поради ограничените финансиски и човечки капацитети.

    Општ заклучок е дека јавноста доби доволно информации за Извештајот на Европската комисија, но поради отсуството на продлабочена анализа, просечниот граѓанин нема јасна слика и тешко може да изгради став за евроинтегративниот процес на Македонија.

    Информирањето на медиумите за Извештајот, пред и по неговото објавување, главно се сведе на пренесување изјави и ставови на Владата и на политичките партии застапени во Парламентот, како и на неколкумина експерти. Аналитичкиот и истражувачкиот пристап во информирањето за Извештајот и евроинтеграциите беше многу малку застапен: од вкупно 197 анализирани новинарски прилози, само 10,1% беа коментари и анализи; 8,6% беа коментаторски извештаи, а дури 65,7% - извештаи.

    Дополнителни забуни предизвикуваат и грешките што постојано се провлекуваат во медиумите, како од страна на новинарите, така и од страна на политичарите и експертите. Грешките кои преовладуваат се: непознавање на реперите; мешање на реперите со политичкиот критериум; мешање на визната либерализација со реперите; неразбирање на регионалната соработка како дел од процесот на стабилизација и асоцијација; мешање на Хашкиот трибунал со Меѓународниот кривичен суд; мешање на Уставот на ЕУ со Лисабонскиот договор; „лицитирање“ за тоа колку години по ред Македонија не добива препорака (на пример, бројот на годините се движеше од 3 до 5).

    Анализата покажа дека поголемиот дел од медиумите ги презентираа ставовите, и на власта и на опозицијата, но и дека во неколку медиуми преовладуваа ставовите на Владата и притоа новинарите најчесто ги релативизираа критиките во Извештајот, а ги нагласуваа областите во кои е забележан напредок.

    Владините претставници пред објавувањето на Извештајот постојано нагласуваа дека 90 отсто од реперите се исполнети, дека Македонија „од поодамна“ знае дека нема да добие препорака за започнување преговори, дека спорот со името ќе влијае врз содржината на Извештајот.

    По објавувањето на Извештајот, пак, Владата главен акцент стави на економскиот напредок и на опструкциите од јужниот сосед. Едновремено, владините претставници истакнаа дека Македонија има капацитет веќе утре да започне преговори и ветија дека ќе подготват стратегија односно план за надминување на забелешките од Извештајот.

    Иако, во своите изјави министрите тврдеа дека Извештајот е објективен, сепак, имаше обиди да се релативизира неговата објективност со изјави дека оценката на ЕУ не е сосема независна, дека Македонија не е помалку подготвена за преговори во споредба со другите држави што преговарале и влегле во ЕУ, а двосмислена беше и изјавата на премиерот Груевски, дадена непосредно по објавувањето на Извештајот и по средбата со амбасадорот Фуере, дека „....и кога ќе го прочитаме (Извештајот, з.н.а) ќе речеме дека е во ред. Ако одговориме спротивно може да си направиме проблем...“

    Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ употреби слична реторика како и Владата, нагласувајќи дека Извештајот ја отсликува работата на сите политички субјекти во државава, вклучувајќи ја и опозицијата. Но имаше и изјави во кои беше изразено отворено незадоволство од Извештајот односно беше констатирано дека ваков извештај може да добие која било развиена држава и дека најважен арбитер за работата на Владата е народот.

    Опозицијата постојано потсетуваше дека Македонија неколку години по ред не добива препорака за преговори, дека неисполнувањето на политичките критериуми значи чекор назад и побара одговорноста за негативниот Извештај да ја понесе актуелната власт.

    Партиите од албанскиот политички блок, ДУИ и ДПА, пак, меѓусебно си ја префрлаа одговорноста за изборните инциденти.Имајќи ги предвид резултатите од мониторингот, сметаме дека е потребно да се зголеми нивото на познавање и разбирање на Европската унија и евроинтегративните процеси кај новинарите, политичарите, експертската јавност и граѓаните, воопшто. Едновремено, сметаме дека во Македонија мора да се отвори широка и квалитетна дебата за сите прашања поврзани со Европската унија.

    Конечниот извештај од мониторингот ќе биде подготвен до крајот на ноември, ќе биде објавeн на македонски и на англиски јазик и ќе им биде доставен на сите медиуми, медиумски организации, граѓански здруженија, Владата, Парламентот, политичките партии, Делгацијата на Европската комисија, дипломатскиот кор и меѓународните организации.
    НАЈАВА

    Конференција „QUO VADIS, МАКЕДОНИЈО?“



    Фондацијата „Институт отворено општество“ – Македонија и Македонскиот центар за европско образование на 17 ноември 2008 година, со почеток во 10:30 часот, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, организираат конференција насловена „Quo vadis, Македонијо?“. Конференцијата е организирана во четири пленарни сесии:

    ТРЕТА ГОДИНА БЕЗ ПРЕПОРАКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ
    ШТО ЗГРЕШИВМЕ, А ШТО ПОГОДИВМЕ? (Анализа на исполнетоста на реперите од пристапното партнерство од февруари 2008 година)
    СКОК ВО МЕСТО (Анализа на аналитичкиот и извештаите за напредокот 2005-2008)
    И ШТО СЕГА? (Кои се следните чекори кои Македонија треба да ги направи на патот на пристапувањето?)

    За воведничари на четирите пленарни сесии се поканети: Н.Е. г-дин Ерван Фуере, Шеф на Мисијата на ЕУ и г-дин Патрик Паке, Раководител на операции во Мисијата на ЕУ; г-ѓа Лилјана Поповска, Заменик-претседател на Комисијата за европски прашања, г-дин Јован Манасиевски, Претседател на Комисијата за финансирање и буџет и г-ца Ермира Мехмети, пратеник, во Собранието на РМ; проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчковски; г-дин Герман Филков, Претседател на Центарот за граѓански комуникации; г-ѓа Радмила Шекеринска, Претседавач на Националниот совет за европска интеграција; г-ѓа Весела Чернева, Раководител на Софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни односи; д-р Жорди Вакер, Програмски директор за Европа од Фондацијата „Центар за меѓународни односи и развојни студии“ од Барселона; и г-дин Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓнародна економија.

    На конференцијата претставниците на граѓанското општество, министри, пратеници, интелектуалци, меѓународни и домашни експерти ќе дебатираат за сите аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Фокусот на дебатата ќе биде на Извештајот за напредокот на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската унија на Европската комисија за 2008 година, како и исполнувањето на приоритетите на пристапното партнерство (реперите) од февруари 2008 година.

    Преземете ја агендата (.doc, 135 KB)
    НАЈАВА НА НАСТАН

    Правната рамка и механизмите за заштита од дискриминација



    Фондацијата Институт отворено општество - Македонија преку проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија ќе организира јавен настан Правната рамка и механизмите за заштита од дискриминација. Настанот ќе се одржи во хотел Стоунбриџ, на 18 ноември, 2008 г. (вторник) со почеток во 11 часот.
       
    Целта на настанот е презентирање на наодите и препораките од спроведената Анализа на правната рамка за заштита од дискриминација на меѓународен и национален план по основ на национална припадност, полова еднаквост, работен однос и по основ на хендикепираност. На настанот ќе се дискутира и за подготвениот предлог-закон за антидискриминација.  

    Автори на овој документ се м-р Драги Целевски, Никола Прокопенко, Зоран Тодоров, Даница Станојевиќ, Тања Јањиќ-Тодорова и Кети Стефкова.

    Преземете ја агендата (.pdf 79KB)
    КОНКУРС

    За ментори на средношколци - Роми во учебната 2008/09 година













    Програмата за образование на Роми на Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во партнерство со
    Американската Агенција за меѓународен развоj (УСАИД)
    oбјавува конкурс за ментори на средношколци – Роми, за учебната 2008/09 година



    Средношколската компонента на Програмата за образование на Роми на ФИООМ предвидува стипендирање и менторска помош на 103 селектирани средношколци – Роми, запишани во учебната 2008/09 година како редовни ученици во трета година од четиригодишно средно образование (гимназија или четиригодишно стручно образование). Целта е зголемување на стапката на задржување, проодност и успех на средношколците - Роми опфатени со Програмата, заради поуспешно завршување на средното образование и влез на универзитетите во РМ. Средствата се целосно обезбедени од Американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

    Краток опис:
    Менторската помош има за цел да обезбеди дополнителна образовна поддршка за постигнување повисок среден успех кај стипендираните средношколци Роми и подобра подготовка за успешно полагање на матурскиот испит.

    На конкурсот за ментори може да се пријават сите заинтересирани предметни наставници од државните средни училишта дадени подолу. Приоритет ќе имаат наставниците по математика, по македонски и странски јазик како и наставниците што предаваат стручни предмети од важност за матурските испити. Бројот на избрани ментори по училишта ќе зависи од бројот на стипендираните средношколци од даденото училиште. За менторската работа се предвидува месечен надоместок од 14 ЕУР (во денарска противвредност) по ученик. Се предвидува еден ментор да работи со најмногу тројца средношколци. Менторскиот ангажман се однесува на период од најмногу една учебна година (2008/09).


    Скопје:
    СЕПУГС „Арсени Јовков“
    СУГС „Цветан Димов“
    ДСУ „Јосип Броз Тито“
    СУГС „Браќа Миладиновци“
    СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“
    ДМБУ „Илија Николовски Луј“
    СОУ „Лазар Танев“
    СУГС „Димитар Влахов“
    СУГС „Кочо Рацин“
    СУГС „Орце Николов“
    СМУ „Панче Караѓозов“
    СЕУГС „Михајло Пупин“

    Велес:
    ССОУ „Коле Неделковски“

    Делчево:
    СОУ „М. Митевски-Брицо“

    Берово:
    ОСУ „Ацо Русковски“

    Крива Паланка:
    СОУ „Ѓорче Петров“
    Куманово:
    ОСТУ „Наце Буѓони“

    Кочани:
    СОУ „Гошо Виќентиев“

    Битола:
    СОУ „Таки Даскало“
    ССМУ „Д-р Јован Калаузи“

    Дебар:
    ЦСНО „Здравко Чочковски”

    Кавадарци:
    СОУ „Добри Даскалов“

    Штип:
    СОУ „Димитар Мирасчиев“
    СОУ „Јане Сандански“

    Радовиш:
    СОУ „Коста Сусинов“

    Гостивар:
    СОУ Гостивар
    СЕОУ Гостивар
    ОСТУ Гостивар

    Охрид:
    ОСУ „Св. Наум Охридски“

    Струмица:
    СОУ„Никола Карев“
    СОУ „Димитар Влахов”

    Свети Николе:
    СОУ „Кочо Рацин“

    Прилеп:
    СОУ „Р.Ристески-Ричко“
    СОУ „Ѓорче Петров“

    Виница:
    СОУ „Ванчо Прке“

    Кичево:
    СОУ „Мирко Милески“

    Пробиштип:
    СОУ „Н. Наумовски-Борче“

    Тетово:
    ОСЕУ „8ми Септември“
    ТУЦ „Гоце Стојчески“
    ОСМУ „Никола Штејн“
    ССОУ „Моша Пијаде“



    Описот на задачите и обврските на селектираните ментори ќе биде поблиску определен со договорот за регулирање на менторскиот ангажман со ФИООМ.

    Пријавените кандидати ќе бидат писмено известени за резултатите од конкурсот.

    Потребна документација за пријавување:

    Пријава за ментори на средношколци Роми од ФИООМ;
    • Работна биографија (CV);
    • Писмо за мотивација (кандидатите на максимум една страница треба да ги образложат своите причини/мотиви за пријавување за ментор).

    Некомплетни и ненавремено доставени пријави нема да се разгледуваат.

    Краен рок за пријавување е 28 ноември (петок), 2008 година

    Пријавата и описот на задачите на менторите можете да ги симнете од интернет страницата на ФИООМ www.soros.org.mk и/или може да Ви биде испратена по пошта на Ваше барање. Комплетната документација треба да се достави во назначениот рок исклучиво по пошта, на адреса на ФИОО-Македонија: Бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје, секој работен ден од 12.30-14.30 часот (освен во вторник), соба бр. 7, на тел: +02/2 44 44 88, локал 190. Лица за контакт: Сузана Пецаковска, координатор на Програмата и Елиза Абазовска, асистент на Програмата

    Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страницата: macedonia.usaid.gov


    ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА

    „Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“



    ФИООМ на 20 ноември 2008 година, во Скопје ја промовираше монографијата „Отпретани сведоштва – војнички писма од Големата војна 1914-1918“.

    Промотори на ова значајно историско издание беа Гордана Дувњак, претседател на Управниот Одбор на ФИООМ, проф. д-р Ирена Стефоска, од Институтот за национална историја и Јасмина Најдовска од ФИООМ.

    Монографијата, која е резултат на едногодишната научно истражувачка работа, прикажува раритетна документација од првата половина на 20 век, поточно 204 писма, 59 картички и 40 документи. Најголем дел се писма испратени од и до македонски војници од североисточна Македонија (кратовскиот, пробиштипскиот и злетовскиот регион), мобилизирани во српската и бугарската војска за време на Првата светска војна. Се издвојуваат и 59 картички испратени во Македонија поранешни војници во српската војска, кои биле заробени или пак самите се предале во австроунгарската војска, и како такви ја имале судбината да се најдат интернирани во неколку логори на тогашна Австро-Унгарија.

    Монографијата има за цела да ја афирмира и прикаже алтернативната страна на историјата, односно историјата на секојдневното живеење на военото и цивилното население за време на Првата светска војна.
    КОНФЕРЕНЦИЈА

    Quo Vadis, Македонијо?



    На 17 ноември 2008 година, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во организација на Фондацијата „Институт отворено општество“ – Македонија и Македонскиот центар за европско образование се одржа конференција насловена „Quo vadis, Македонијо?“.

    На конференцијата претставници на граѓанското општество, пратеници, интелектуалци, меѓународни и домашни експерти дебатира за сите аспекти на процесот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Фокусот на дебатата беше на Извештајот за напредокот на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската унија на Европската комисија за 2008 година, како и исполнувањето на приоритетите на пристапното партнерство (реперите) од февруари 2008 година.

    Конференцијата беше организирана во четири пленарни сесии по следниот редослед:

    ТРЕТА ГОДИНА БЕЗ ПРЕПОРАКА ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ
    ШТО ЗГРЕШИВМЕ, А ШТО ПОГОДИВМЕ? (Анализа на исполнетоста на реперите од пристапното партнерство од февруари 2008 година)
    СКОК ВО МЕСТО (Анализа на аналитичкиот и извештаите за напредокот 2005-2008)
    И ШТО СЕГА? (Кои се следните чекори кои Македонија треба да ги направи на патот на пристапувањето?)

    Како воведничари на четирите пленарни сесии учествуваа Н.Е. г-дин Ерван Фуере, Шеф на Мисијата на ЕУ; г-дин Патрик Паке, Раководител на операции во Мисијата на ЕУ; г-ѓа Лидија Димова, Извршен директор на МЦЕО; г-дин Андреја Стојковски, Претседател на МЦЕО; г-ѓа Лилјана Поповска, Заменик-претседател на Комисијата за европски прашања, г-дин Јован Манасиевски, Претседател на Комисијата за финансирање и буџет и г-ца Ермира Мехмети, пратеник, во Собранието на РМ; проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчковски, Правен факултет; г-дин Герман Филков, Претседател на Центарот за граѓански комуникации; г-ѓа Радмила Шекеринска, Претседавач на Националниот совет за европска интеграција; г-ѓа Весела Чернева, Раководител на Софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни односи; д-р Жорди Вакер, Програмски директор за Европа од Фондацијата „Центар за меѓународни односи и развојни студии“ од Барселона; и г-дин Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународна економија.

























    Преземете ги следниве документи:

    Транскрипт од конференцијата (.pdf, 324 KB)

    Анализа на напредокот на Македонија во процесот на пристапување во Европската унија (.pdf, 786 KB)

    Осумте + еден репер на Европската комисија - Ден потоа... (.pdf, 828 KB)

    Изборот на Македонија (.pdf, 500 KB)

    Трнливиот пат до членство во ЕУ: Тренинг за издржливост (.pdf, 578 KB)

    Аудио запис од конференцијата

    Прв дел


    Втор дел
    ОТВОРЕН ПОВИК

    За авторски текстови












            Фондацијата Институт отворено општество-Македонија во рамките на проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија издава квартален е-билтен. Билтенот обработува теми и претставува форум за критички размислувања и понудува излезни решенија за актуелните состојби во областа на примената на принципите на доброто управување во Македонија. Досегашните  пет електронски изданија се достапни на следниов линк: www.gg.org.mk. Во втората година на издавањето (2008), Уредувачкиот одбор на Билтенот нуди можност за активно учество на истражувачи, експерти, универзитетски професори, аналитичари и стручни лица во размислувањето за можните решенија за предизвиците при имплементирањето на принципите за добро управување во Македонија  и за таа цел објавува

    ОТВОРЕН ПОВИК
    за авторски текстови на следниве теми:

    • Анализа на исполнувањето на политичките и економските критериуми од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2008 година
    • Начини на креирање јавни политики и реалноста во подготовката и спроведувањето закони
    • Буџетот на Република Македонија за 2009 година - инструмент на економските политики на Владата на Република Македонија
    • Влијанието од исплата на бруто плати врз подобрувањето на стандардот на граѓаните

    • Државата - најголем стопанственик vs развој на економијата
    • Ефектите од владиниот маркетинг со трошење јавни пари
    • Менаџирањето на основните средства на државата
    • Улогата на невладините организации во мониторингот на јавните финансии

    Потребно е да доставите
    • пријава за интерес за подготовка на текст
    • кратка професионална биографија
    Пријавата е достапна тука.

    Селекцијата на пријавите ќе ја изврши Уредувачкиот одбор на е-билтенот врз основа на следниве критериуми за избор на текстови предвидени со уредувачката политика на одборот:
    • Текстовите да бидат оригинални авторски трудови
    • Текстовите да се базираат на научно-издржана методолошка рамка со критериуми и стандарди на научно истражување во одредена област
    • Квалитет на текстот (претставување и организација на идеи, критичко размислување и точност на податоците и информациите); и
    • Степенот до кој текстот претставува балансиран став за одредено прашање.
    Текстовите не смеат да ги нарушат авторските права на други издавачи. Текстови кои биле поднесени до други издавачи, нема да бидат земени предвид за е-билтенот.

    По завршувањето на селекцијата, избраните автори ќе бидат известени за роковите кога треба да ги достават своите текстови. Објавените текстови во е-билтенот се хонорираат во согласност со стандардите на ФИООМ и уредувачката политика на изданието.

    Рок за доставување на пријавите и биографија: 1 декември 2008 година (до 16 часот) на адреса:


    Фондација Институт отворено општество-Македонија
    Бул. „Јане Сандански” бр. 111, п.фах 378, 1000 Скопје
    Назнака: за е-билтен за добро управување или
    е–пошта:amark@soros.org.mk. Контакт лице: Александар Марковски

    ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

    Информација за прва сесија



    Форуми во заедницатаФондацијата Институт отворено општество – Македонија во соработка со Општините Кочани и Ново Село започна со реализација на третиот циклус од програмата „Форуми во заедницата“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

    Првата форумска сесија во општина Ново Село ќе се одржи на 26.11.2008 г. во ресторан „Мичел“ со почеток во  16 ч., а во oпштина Кочани првата сесија ќе се одржи на 27.11. 2008 г. во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ со почеток во  18 ч.

    Низ 7 (седум) форумски сесии жителите на овие општини одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница. Граѓаните и општинската администрација заеднички ќе дизајнираат проекти чие спроведување ќе се финансира од буџетот на програмата. Проектите ќе се финансираат со буџет од 8 милиони денари, од кои 2 милиони денари се обезбедени од општината, а 6 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка.

    Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е да го поддржи процесот на децентрализација и да овозможи учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво. Оваа програма претставува платформа за развој што им овозможува на граѓаните, прво, да го подобрат својот живот со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво и второ, администрацијата да развие отчетно локално управување преку партиципативност, одговорност и доверба.

    Програмата, во оваа фаза, се спроведува и во општините Берово, Свети Николе, Битола, Ресен, Долнени и Сарај, во соработка со МЦМС, ЦИРа, АДИ и АЛКА како имплементирачки организации.

    Повеќе информации за програмата на www.forumivozaednicata.com.mk.
    ПРАВНА ПРОГРАМА



     

    ФИООМ и ОSCE организираат јавна дебата за Предлог измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

    Скопје, 27 ноември 2008 година - Предлог измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер ќе бидат дискутирани на јавна дебата со дел од засегнатите страни (имателите на информации и невладините организации), во Скопје на 27 ноември (четврток) од 10.00 до 13.00 часот во хотелот Holiday Inn, сала Милениум 2.

    Поддршка на јавната дебата дадоа Министерството за правда на РМ и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Воведен збор ќе имаат Заменик министерот за правда, г-дин Ибрахим Ибрахими и Претседателот на Комисијата, г-дин Јанко Николовски.

    Предлог одредбите за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер ги подготвија Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Набљудувачката мисија на ОSCЕ во Скопје во соработка со Министерството за правда на РМ, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и домашни експерти.

    Преземете ги следните документи:

    Програма за работа

    Покана за учесници

    Листа на учесници

    Работна верзија на Законот за измени и дополнувања на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

    Образложение за фискалните импликации  
    НАЈАВА НА НАСТАН

    Потенцијалите за добро управување во локалната самоуправа



    Фондацијата Институт отворено општество - Македонија преку проектот Процена на потенцијалот за добро управување во Македонија ќе организира јавен настан Потенцијалите за добро управување во локалната самоуправа. Настанот ќе се одржи во хотел Holiday Inn, на 28 ноември 2008 (петок) со почеток во 12 часот.
       
    Целта на настанот е презентирање на заклучоците и препораките од спроведената Анализа на капацитетот за добро управување во локалната самоуправа со фокус на три надлежности: администрирање на локални даноци и такси, урбанизам и култура, преку следниве принципи на доброто управување: владеење на правото, ефикасност, ефективност, транспарентност, отчетност, респонзивност и партиципативност.

    Автори на овој документ се Кире Китевски, Рамије Цара, Евгенија Јосифовска-Бекташ, Петар Теов, Зоран Милошоски и Данијела Апостоловска.

    Агенда на настанот (.pdf 93KB)
    ГОЛЕМА МОЖНОСТ ЗА СВЕТСКА ПРОМОЦИЈА

    Награда на Светскиот самит



    За Наградата на Светскиот самит може да конкурираат јавни и приватни установи и фирми, или организации регистрирани во Република Македонија, како и сите граѓани на Република Македонија. Победниците на категориите на Наградата на Светскиот самит за Македонија 2009 ќе станат македонски кандидати за глобалната Награда на Светскиот самит 2009 година.

    Наградата на Светскиот самит е проект кој поканува на учество и глобален центар за сите кои го гледаат клучното значење на креирање одлични е-содржини во рамките на новото информатичко општество. До денес 168 земји активно се вклучени во Наградата на Светскиот самит. Нови партнери од целиот свет се секогаш добредојдени да и се придружат на оваа глобална иницијатива!
    ЧЕТВРТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

    e-Општество.Мк 2008



    Четвртата меѓународна конференција „е-Општество.Мк“ ќе се одржи во Скопје, Македонија на 10 декември, 2008 г. во организација на Фондацијата Метаморфозис.

    Оваа година фокусот на конференцијата е користењето на информатичко-комуникациските технологии во образованието. Вашето учество на конференцијата можете да го пријавите со пополнување на формуларот. Рокот за пријавување е до 12 часот на 4 декември 2008 година.
    ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ

    Жителите на Кочани ја одбраа темата Инфраструктура



    Првата форумска сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“ во општина Кочани, што се одржа на 27 ноември во ООУ “Свети Кирил и Методиј“, собра околу 200 жители на Кочани кои покажаа интерес да учествуваат во одлуката - каде да ги наменат осумте милиони денари од оваа Програма.

    Од трите форумски теми: Инфраструктурно уредување на градот и околните населени места, Заштита на животната средина и Локален економски развој со акцент на развојот на алтернативниот туризам, предложени од Општина Кочани при пријавата за проектот, најмногу гласови собра темата инфраструктура, која е исклучително широка и дава можност за развивање на повеќе проекти од страна на граѓаните.

    На првата форумска сесија беше утврдена и структурата на форумот по работни маси. Во наредните шест сесии, колку што ќе трае процесот на предлагање проекти, дискусии и конечна одлука, граѓаните ќе може да работат на 11 работни маси. Формирани се работните маси: месни заедници, општинска администрација, животна средина, бизнис сектор, млади, социјални дејности, образование, рурален развој, култура, поттик за развој на заедницата и развој на еко-туризмот.
    Според учесниците на форумот, станува збор за добар модел за одлучување. “Ова е добар модел затоа што граѓаните кои се директно засегнати со проблемите можат директно да одлучат како ќе се трошат парите од донаторите за подобрување на квалитетот на живеење во градот. Мислам дека сите учесници на форумот, ќе донесат правилна одлука и да ја насочат кон проблемите од кои сите се најмногу погодени“, вели студентот Благој Јованов.

    Програмата има за цел да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво, а форумот претставува платформа преку која граѓаните ќе го подобрат сопствениот живот со свои идеи и учество, а администрацијата ќе развие одговорно локално владеење во кое ќе бидат вклучени граѓаните.

    Преку оваа програма, Кочани доби шест милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка, а Општината учествува со два милиони денари. Форумскиот процес го организира Фондацијата Институт отворено општество - Македонија.

    Втората форумска сесија е закажана за 18 декември во холот на ООУ “Свети Кирил и Методиј“ и е отворена за сите граѓани на општина Кочани.
    ПРОЕКТ

    Компјутерска лабораторија за прединкубациски и инкубациски обуки во ИТ Бизнис инкубаторот



    ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА

    1. Објавa број: WUF/IK/FOSIM/CLEM/08121 IT
    2. Финансирање: Фондација Western Union, Извозна и кредитна банка и Фондација Институт отворено општество-Македонија
    3. Нарачател: Фондација Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) за потребите на проектот “Компјутерска лабораторија за прединкубациски и инкубациски обуки во ИТ Бизнис инкубатот“
    4. Корисници на опремата: Фондација Претприемачки сервис за млади

    ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА

    5. Опис на набавката:
    Предмет на набавката е испорака, инсталација, одржување во и вон гарантен рок и сервис обезбеден од страна на понудувачот на компјутерска опрема дадена во една целина.
    6. Име на целината (комплетната документација се добива согласно Точка 15.)

    Целина 1: Компјутерска опрема за Фондација Претприемачки сервис за млади

    Повеќе информации

    Симнете ја целосната објава за набавка (.pdf 223KB)
    Симнете ја комплетната документација (.doc 5.9MB)
    Симнете ја комплетната документација - за печатење (.pdf 579KB)
    КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ

    Образование за социјална правда



    Во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во терминот од 12 до 14 декември 2008 година, во х. „Meтропол“ во Охрид, ќе се одржи првиот дел од обуката „Образование за социјална правда“, на којшто ќе учествуваат професори од средните училишта „Здравко Чочковски“-Дебар, „Наум Наумовски-Борче“-Крушево и „Ибрахим Темо“-Струга.
    Во рамките на обуката, низ практични примери, учесниците ќе се стекнат со техниките за препознавање и за справување со појавата на етнички, расни и полови предрасуди и конфликти, во насока на примена на овие искуства во наставниот процес, како и во секојдневниот живот.
    Техниките ќе ги претстават др. Мери Бошкова, м-р Флорина Шеху, м-р Љулзим Адеми, м-р Софија Арнаудова, Петра Ристиќ и Атина Тасева.
    МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС

    Чачипе за младите



    КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ СЛИКИ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 31.01.2009

    Што е “ Чачипе за младите“?

    Институтот отворено општетство (OSI) и Архивите на отвореното општество (OSA) го објавуваат “ Чачипе за младите“ меѓународниот конкурс за учесници меѓу 12  и 25 години старост. Овој натпревар е продолжение на многу успешниот Чачипе натпревар одржан во 2007 година (Чачипе на ромски значи вистина, реалност, право)

    “Чачипе за младите“ ги повикува младите луѓе да се изразат преку фотографијата како тие ги гледаат Ромите и нивниот живот. Овој натпревар има три категории: “ Мојата улица, мојата околина“, “Боите на мојот живот“ и  “Што не е добро“?. Меѓународно жири ќе одлучува за победниците, кои ќе бидат наградени со по 1000 ЕУР и тоа во три старосни групи: од 12 до 15 години, од 16 до 19 години и од 20 до 25 години.

    Фотографиите испратени на конкурсот мора да бидат направени од почетокот на 2005 година па до денес во некоја од земјите кои се учеснички во Ромската Декада (http://www.romadecade.org): Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Шпанија.

    “Чачипе за младите“ еелектронски  фото – натпревар.Дигиталните фотографии треба да се испратат од 30 октомври до 31 јануари 2009 година на http://photo.romadecade.org, каде може да се најдат и деталните услови на конкурсот. За подетални информации околу конкурсот кликнете тука. Прогласувањето на победникот се очекува во февруари 2009 година. Изборот на најдобри фотографии испратени на конкурсот “Чачипе за младите“ ќе биде прикажан на изложбата во Централис галеријата во Будимпешта во почетокот на 2009 година.
    Институтот отворено општетство (OSI)  и Архивите на отвореното општество (OSA)  исто така планираат оваа изложба во текот на 2009 година да биде прикажана и во другите земји учеснички во Ромската Декада.

    Повеќе информации:

    Ms Marta Jombach
    Email: photopress@romadecade.org
    Phone: +36 1 327 3250




     
      
     
     
     
     
     
     
     
     
    Фондацијата Институт отворено општество - Македонија
    и
    издавачката куќа “Евро Балкан Пресс”


    по повод излегувањето на книгата

    ПЛУТАРХ: НАПОРЕДНИ ЖИВОТОПИСИ
    во превод на м-р Воислав Саракински и коментари на д-р Наде Проева

    имаат чест да ве поканат на продажна промоција со предавање на тема

    СЛАВНИ ЛИКОВИ ОД АНТИЧКАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
     
    Четврток, 11 декември 2008 во 12 часот, во х. „Холидеј ин” - дневна сала
    ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

    Избрани два проекти на последната форумска сесија во Чаир



    slikaЖителите во општина Чаир, на последната, шеста сесија во рамки на програмата “Форуми во заедницата“, избраа два проекта чија главна цел е подобрување на животната средина во општината.
    Првиот избран проект предвидува садови за комунален отпад за 3000 домаќинства (од ул. Серава, ул. Дижонска, Гази Баба и Тенеќе маало), а носител е невладината организација „Ековита“. Вториот проект е Ревитализација на паркот во населба Топаанско поле чиј носител е Општина Чаир.
    Двата проекта ќе се финансираат од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и од општината Чаир. SDC ќе ги финансираа избраните проекти со вкупно четири милиони денари, додека општина Чаир учествува со два милиони денари.
    Општината вети дека ќе се ангажира и за реализација на проектите коишто не беа избрани за имплементација преку фондовите на оваа Програма.
    Програмата „Форуми во заедницата“ во општина Чаир се спроведува од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ),.
    Програмата е координирана од Единицата за координирање на форумите/ Консалтинг за стратешки развој, со активно учество на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Во нејзиното спроведување во другите општини, во оваа фаза, учествуваат Центарот за институционален развој (ЦИРа) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
    ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

    Избрани проектите од програмaта “Форуми во заедницата“



    Над 100 Дебарчани учествуваа на шестата сесија од програмата „Форуми во заедницата“ на која со својот глас ги избраа трите проекти што ќе бидат финансирани со шест милиони денари, средства од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) како и локалната самоуправа на Дебар со два милиони денари.

    Во ресторанот „Пенестија“ при Центарот за култура, преку гласање, жителите на Дебар ги избраа проектите Реконструкција и санација на фасадата и уредување на платото и тротоарите на објектот стара зграда и фискултурната сала на ОУ ,,Братство Единство“, со буџет од 3.406.748,00 денари, потоа проектот Изградба на забавен парк во градинката Брешија, кој доби 3. 234.056,00 денари, како и проектот на основното училиште „Саид Најдени“ - Снабдување на училиштето со наставни и дидактички средства и стручна литература за библиотеката за што се издвоени 979.106,11 денари.

    Поради тоа што проектот за изработка на главен проект за изградба на гимназијата во Дебар „Здравко Чочковски“ не доби доволен број гласови, градоначалникот на Дебар Аргетим Фида изјави пред форумот дека овој проект ќе го финансира локалната самоуправа.

    Инаку Форумот, кој работеше со девет групи, гласаше за осум проекти, бидејќи во меѓувреме за деветтиот обработен проект Реконструкција на системот за греење при ОУ „Саид Најдени“ се изнајдени средства од друг донатор.

    Дебарскиот градоначалник Аргетим Фида нагласи дека најважно е тоа што сега, наместо десет изработувачи на проекти колку што ги имавме во Дебар, со овој проект имаме над 100 граѓани кои знаат да изработуваат проекти.

    Програмата „Форуми во заедницата“ во општина Дебар се спроведува од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ).
    СООПШТЕНИЕ

    ДОЛГ Е ПАТОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИЈА ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

















    Помина 1 година и 3 месеци од денот на поднесување на барањето до позитивната судска пресуда!


    Преку Месечните извештаи за состојбата на остварувањето на слободниот пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија, Македонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија, Ве информираат за состојбата со остварувањето на првото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во месец ноември 2008 година во рамките на проектот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“.

    Граѓаните се соочуваат со долг пат за добивање на информација од јавен карактер. Имено, од денот на поднесување на барањето со кое барателот бара копија од Договорот на Владата на РМ за продажбата на Македонски Телекомуникации, па се до позитивното одлучување на Управниот суд помината е една година и три месеци, период кој е предлог и спротивен на целта заради кој е донесен Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Уште повеќе загрижува фактот дека и покрај успехот на барателот во постапката пред Управниот суд, до денешен ден ја нема добиено бараната информација!

    Целосниот извештај за состојбите при имплементирањето на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер во Република Македонија за месец Ноември 2008г можете да го преземете тука.

    Отворена телефонска линија 0800 44 222
    КРЕАТИВНА НАСТАВА И УЧЕЊЕ

    Образование за социјална правда



    Во рамките на активностите на проектот „Креативна настава и учење“, имплементиран од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во терминот од 19 до 21 декември 2008 година, во х. „Meтропол“ во Охрид, ќе се одржи првиот дел од обуката „Образование за социјална правда“, на којшто ќе учествуваат професори од средните училишта „Зеф Љуш Марку“-Скопје, „Нико Нестор“-Струга и „Јосип Броз –Тито“-Битола.

    Во рамките на обуката, учесниците низ практични примери ќе се стекнат со техниките за препознавање и за справување со појавата на етнички, расни и полови предрасуди и конфликти, во насока на примена на овие искуства во наставниот процес, како и во секојдневниот живот. Техниките ќе ги претстават д-р Мери Бошкова, м-р Флорина Шеху, м-р Љулзим Адеми, Петра Ристиќ, Софија Арнаудова и Елеонора Чабуковска.
    ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ

    Темата Инфраструктура најатрактивна и во Ново Село



    Првата форумска сесија во општина Ново Село, што се одржа на 26 ноември во ресторанот Мичел, привлече 164 жители на Ново село кои покажаа интерес да учествуваат во одлуката - каде да ги наменат осумте милиони денари од програмата Форуми во заедниците.
    На присутните им се обрати градоначалникот на Општина Ново Село, г-дин Никола Андонов, кој нагласи дека за него и за општинската администрација од голема важност е граѓаните да се вклучени во донесувањето одлуки и во решавањето проблеми со кои секојдневно се соочуваат, водејќи притоа сметка за најприоритетните прашања.

    На првата форумска сесија беше избрана темата Подобрување на комуналната инфраструктура и животната средина како приоритетна за жителите на општината, и на која во наредните шест сесии ќе работат на дефинирање на проблемите, предлагање решенија и развивање проекти.
    Програмата има за цел да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво, а форумот претставува платформа преку која граѓаните ќе го подобрат сопствениот живот со свои идеи и учество, а администрацијата ќе развие одговорно локално владеење во кое ќе бидат вклучени граѓаните.
    Преку оваа програма, Ново Село доби шест милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка, а Општината учествува со два милиони денари. Форумскиот процес го организира Фондацијата Институт отворено општество - Македонија. Втората форумска сесија е закажана за 24 декември во ресторанот Мичел во Ново Село и е отворена за сите заинтересирани жители на општината.
    ПРАВНА ПРОГРАМА

    Казненоправната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија



    SlikaНа 26 декември 2008 година се одржа завршната конференција на проектот „Казненоправната реформа и почитувањето на човековите права во Република Македонија“ кој финансиски го подржаа Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје во соработка со Министерството за правда на Република Македонија, а го имплементираше Здружението за кривично право и криминологија на Македонија. Целта на проектот беше да се реформира казненото законодавство заради востановување баланс меѓу ефикасната борба со криминалот и постигнувањето на највисок степен на заштита на основните човекови права и слободи гарантирани со Европската конвенција за заштита на човековите права и другите меѓународни инструменти.

    На завршната конференција, како резултат на проектот, беше презентиран нацрт Законот за кривичната постапка кој на поинаков начин ја регулира кривичната постапка во Македонија, а тоа меѓу другото ќе значи поефикасно спроведување на кривичната постапка и заштита на правата и слободите на граѓаните. Клучни точки на реформата се измените во врска со новата улога на Јавниот обвинител, како орган кој ќе ја води истрагата, како и менувањето на досегашната улога на Истражниот судија. Тој ќе биде заменет со судија на претходната постапка кој нема да суди, но ќе се грижи за заштита на индивидуалните права и слободи на поединецот, чии права се засегнати со активностите преземени во текот на постапката. Дополнително во процесот на подготовка на нацрт Законот за кривична постапка се настојуваше да се почитуваат стандардите од аспект на одбраната, односно она што го бара Европската конвенција, а тоа е балансот меѓу ефикасноста и почитувањето на човековите права. 

    Неда Коруновска, Координатор на правната програма на ФИООМ го поздрави завршувањето на овој процес кој зад себе има над десет успешни работилници за размена на искуствата од земјите од регионот и меѓународни искуства, како и над десет компаративни истражувања од областа, но „процесот допрва почнува“ истакна таа. И дополни: „2009 година ќе биде клучна година во која Владата на Република Македонија, правосудството и стручната јавност ќе мора да вложат исклучителни напори со цел да го воспостават новиот систем предвиден во нацрт Законот за кривична постапка, да ги зајакнат институциите согласно нивни нови надлежности и улоги, како и да се спроведат обуки за да се подготви системот за практична примена на одрeдбите.“
    ДОБРО УПРАВУВАЊЕ

    Излезе декемврискиот број на е-билтенот



    e-bilten
    Објавен е декемврискиот е-билтен во рамките на проектот за добро управување. Во ова издание авторите ги истакнуваат своите размисли за актуелните теми поврзани со Буџетот на РМ за 2009 година, можностите за девалвација, владините кампањи и исплатата на бруто-плата.
     
    Погледнете го новиот број на е-билтенот за добро управување тука
     
    назад  
     

         © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions