Настани и новости
Календар на активности
Програми
Образование
Информации
Jавно здравство
Медиуми
Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа
Право
Исток-Исток: Прекугранични партнерства
Граѓанско општество
Програмата за поддршка на истражувања во регионот (ППИР)
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Програми

Начин на работа

ФООМ работи како директен спроведувач на проекти и како организација која дава грантови. Во обата случаи, ФООМ воспоставува партнерства со други организации, како во поглед на финансирање, така и за спроведување на проектите.

ВИДОВИ ПРОГРАМИ

Национални програми

Секоја есен, Управниот одбор на ФООМ ги утврдува програмата и буџетот за следната календарска година и ги поднесува за одобрување до Управниот одбор на Фондацијата отворено општество - Будимпешта. Програмата и буџетот се темелат врз стратегија што ја донесува Управниот одбор, врз основа на анализа на потребите и приоритетите за промоција на отвореното општество во Македонија.

Мрежни програми

Мрежните програми се дизајнираат во рамките на трите центри на Соросовата мрежа на фондации во Њујорк, Лондон и во Будимпешта, со придонес од националните фондации и меѓународни експерти. Тие им се ставени на располагање на националните фондации. Врз основа на локалниот контекст и на приоритетите, националниот Управен одбор одлучува за тоа кои програми ќе се спроведуваат во земјата. Одлуките за грантовите на мрежните програми обично ги донесуваат центрите на мрежните програми и нив ги администрира ФООМ. Во некои случаи мрежните програми директно ги објавуваат и ги администрираат своите јавни конкурси. За повеќе информации и за симнување формулари за конкурирање за мрежните програми, посетете го веб-сајтот www.osi.hu. ФООМ не прави селекција на барањата за мрежните програми, туку само го администрира процесот: го објавува конкурсот, организира тестирање и интервјуирање итн. Одлуките за овие програми ги донесува соодветно тело на ИОО – Будимпешта, Лондон или Њујорк.

Осамостоени организации2

ФООМ практикува да ги осамостојува проектите и програмите кои стигнале до фазата на самоодржливост. На тој начин ФООМ придонесува во создавањето силни организации кои независно ќе продолжат да ги исполнуваат своите мисии. Во почетниот период овие програми обично добиваат поддршка од ФООМ. Тие можат да конкурираат за грантови од програмите на Фондацијата под исти услови и барања како и другите организации. ФООМ овие осамостоени организации ги смета за свои стратегиски партнери во промоцијата на отвореното општество во Македонија.

КАКО СЕ КОНКУРИРА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА?

Институции и организации регистрирани во Република Македонија и приватни лица можат да конкурираат за грантови за некои од програмите по објавувањето на јавен конкурс со дефинирани критериуми и рокови.
Конкурсите се објавуваат во дневните весници и на веб-сајтот на ФООМ, www.soros.org.mk. Формуларите за конкурирање можат да се симнат од истиот веб-сајт или да се добијат во печатена форма од координаторот на соодветната програмска област, во просториите на ФООМ. Ве молиме предвид да го земете фактот дека постојат два формата – за поединци и за институции/организации.
Управниот одбор на ФООМ располага со мал дискреционен буџет, кој служи за обезбедување поддршка за важни иницијативи кои се во линија со одобрената годишна стратегија и кои не биле предвидени во времето кога се изготвувала стратегијата. Во овие случаи Управниот одбор може да одлучи да поддржи барања иницирани од потенцијални корисници на грантови кои не се одговор на објавен јавен конкурс. Управниот одбор на ФООМ може да распредели средства од дискрециониот буџет за проекти што директно се спроведуваат од ФООМ. .

ПРОЦЕС НА ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКИ

По приемот на барањето за финансиска поддршка, програмските координатори/ асистенти проверуваат дали барателот уредно ги исполнил своите обврски кон ФООМ, во случај претходно да користел финансиска поддршка од ФООМ. Ова се однесува на трошењето средства и на поднесувањето финансиски извештаи – обврски што се преземаат со потпишување договор за грант.
Ако, врз основа на горенаведеното, програмските координатори/асистенти дадат позитивен предгрантов меморандум, барањето го разгледува Комисијата за мали грантови, Советодавниот комитет на програмата или експертски тим – тела на кои Управниот одбор на ФООМ им делегирал овластувања за донесување одлуки за барања до 1.000 УСД за поединци и до 2.000 УСД за организации/институции. За барања со поголем износ, овие тела до Управниот одбор доставуваат позитивна или негативна препорака, а Управниот одбор ја донесува финалната одлука. Во случај на барање за мрежните програми, тоа се разгледува од одборот на мрежната програма, кој ја донесува и одлуката.
Соросовата мрежа на фондации, вклучувајќи ја и ФООМ, посебно внимание му посветува на прашањето на конфликт на интереси. ФООМ има развиено детални постапки за решавање вакви случаи на секое ниво, од Управниот одбор до вработените.
Основните принципи за решавање конфликт на интереси се: сите потенцијални и фактички конфликти на интереси треба да се пријават; ниту едно лице не смее да биде вклучено во донесувањето одлука за сопствениот случај; не се дозволува самопостапување; принципите на отвореното општество претпоставуваат еднакви можности за сите во земјата за разлика од ограничена и делумно ограничена можност за мала ексклузивна група луѓе.

Графички приказ на процесот за донесување одлуки

---

2. Описот на програмските активности дава информации за осамостоените организации кои се поддржани од ФООМ. Осамостоените програми, дури и кога ќе престанат да добиваат поддршка од ФООМ се партнери на Фондацијата во голем број активности и проекти. Во делот на Партнери и донатори даден е список на сите осамостоени програми на ФООМ.

Образование 
Информации 
Jавно здравство 
Медиуми 
Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа 
Право 
Исток-Исток: Прекугранични партнерства 
Граѓанско општество 
Програмата за поддршка на истражувања во регионот (ППИР) 
 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions