Настани и новости
Архива 2004
Архива 2005
Архива 2006
Архива 2007
Архива 2008
Архива 2009
Архива 2010
Архива 2011
Архива 2012
Архива 2013
Календар на активности
Програми
За Фондацијата
Конкурси
Публикации
Партнери
Извештаи
Отворени писма
Контакт-информации
Мапа на сајтот
 
 
 
Фотографии од настани
Event photos
 
 

 Календар на активности
- Архива на календарот на активности
 
 
 
 
 
 
Црн понеделник
 
20 години ФООМ
 
 
 
Metamorphosis, Foundation for sustainable ICT solutions
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

 

Настани и новости

ПРАВНА ПРОГРАМА

„Да не заборавам: Имам права!“ - започнува дистрибуцијата на роковник за 2014 година



Правната програма при Фондацијата Отворено општество – Македонија подготви роковник за афирмација на примената на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Роковникот кој ја содржи пораката ДА НЕ ЗАБОРАВАМ: ИМАМ ПРАВА!, наменет за активистите за човекови права и за студенти, ќе се дистрибуира бесплатно на обуките и јавните настани кои ги организира ФООМ, како и во ГЕМ клубот (ул. Караорман бб). Можете да го добиете и ако ни пратите е-маил на pravo@soros.org.mk.

Имајќи предвид дека особен фокус на правната програма е подобрување на заштитата на човековите права и унапредување на транспарентноста и отчетноста во општеството, ФООМ спроведува кампања за афирмирање на правото на слободен пристап. Од овие причини, ФООМ подготви роковник за претстојната 2014 година во којшто преку цитати, хронологија на настани, квиз и преку обработка на случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, ќе ги запознае граѓаните со правото на пристап до информации. Воедно, роковникот го афирмира правото и преку информативните прилози поврзани со имплементацијата на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Погледнете го роковникот ‘ДА НЕ ЗАБОРАВАМ: ИМАМ ПРАВА!’
http://www.sendspace.com/file/xtnk9v

#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Доделени девет ад-хок грантови



usaidfosm


На конкурсот за доделување ад-хок грантови во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавен во февруари 2013 година, до Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во периодот од јуни до август 2013 година, пристигнаа вкупно 96 пријави од граѓански организации и неформални групи. Избрани се девет предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од 68.159 УСД (подолу е даден списокот на грантистите).

Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку УСАИД. Избраните проекти ќе бидат спроведени во период од пет до шест месеци. ФООМ ќе обезбеди можности за вмрежување, обуки и консултации за сите грантисти.

Прочитајте повеќе на веб сајтот на Проектот за граѓанско општество.

#
ПРОГРАМА ЗА ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Обука за застапување и влијание врз политики



Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), Програма за јавно здравство, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), поддржани од Иницијативата за медиуми и здравство – Њујорк, организираше тридневна обука за застапување и влијание врз политики. Настанот се одржа во периодот 25-27 октомври 2013, Скопје.

Овој настан е прв од серијата обуки кои ќе следат и се дел од едногодишната програма за Комуникациска стратегија и акционен план, подготвена од страна на МОФ, обезбедувајќи ја и техничката поддршка за оваа намена. Аргументација и дебата, комуникации и односи со јавност (ПР), интернет активизам и друштвени мрежи и аудио и видео активизам, се областите во чии рамки ќе биде насочена реализацијата и имплементацијата на активностите од едногодишната програма.

Прочитајте повеќе >>>
Унгарија: новинарите нема да молчат


Слободата на медиумите во Унгарија од ден на ден се задушува. По притисокот од Брисел, законот за медиуми стана поблаг, но само на хартија

Радио водителот Атила Монг беше првиот кој пред три години реагираше на новиот закон за медиуми што го донесе унгарската влада. Со него се воведени строги контроли во известувањето, а одлуката за тоа дали и како за нешто ќе се пишува или зборува ја донесува посебно контролно тело кое го сочинуваат членови на владејачката партија. Веќе следното утро по објавување на овој закон, на 21 декември 2010 година, Атила Монг ја почна својата емисија на државната станица Косут радио - со едноминутно молчење. Коментарите за најновиот закон и онака беа забранети. Уште истиот ден беше отпуштен од работа. "Кога во 1989 година на улиците на Будимпешта протестиравме за воведување на демократија во нашата земја, не можев ниту да замислам дека 20 години подоцна како новинар ќе бидам соочен со толку антидемократски и репресивен закон за медиуми", вели Монг.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Информативни средби



Конкурси за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации и мали грантови за работни стипендии во граѓански организации

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објави конкурси за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации и мали грантови за работни стипендии во граѓански организации. Проектот на УСАИД за граѓанско општество е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на овие конкурси е да обезбеди поддршка за граѓански организации од Република Македонија преку следните два вида грантови:

1. Грантови за заеднички акции на граѓански организации за поддршка на акции на граѓански организации, партнерства или мрежи кои ги поттикнуваат актерите на граѓанското општество на солидарност и здружување околу специфично прашање (грантови во износ до 25.000 американски долари);

2. Мали грантови за работни стипендии во граѓански организации кои ќе им овозможат на заинтересираните истражувачи и граѓански активисти да бидат вклучени во период од три до шест месеци во граѓански организации во Македонија (грантови во износ до 2.400 американски долари).

Крајниот рок за поднесување пријави истекува на 1 ноември 2013 год. во 16:00 часот (за грантови за заеднички акции на граѓански организации) и на 6 ноември 2013 год. во 16.00 часот (за мали грантови за работни стипендии во граѓански организации). Материјалите за пријавување се достапни на www.civilsociety.mk.

ФООМ ќе одржи информативни средби за конкурсите за доделување грантови на 26 и 28 октомври 2013 година во Куманово, Тетово и Берово. ФООМ ги поканува сите заинтересирани граѓански организации и активисти кои би се пријавиле на конкурсите на следниве информативни средби:
Куманово, 28 октомври 2013 (понеделник), 10:00 часот, Поранешен Комитет Куманово, кружна сала
Тетово, 28 октомври 2013 (понеделник), 14:30 часот, Општина Тетово, голема сала
Берово, 26 октомври 2013 (сабота), 18 часот, Хотел Манастир Берово

#
Половина од Македонците имаат најмалку еден правен проблем


Фондацијата Отворено општество – Македонија на 18 октомври ја промовираше осмата анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“, преку која се врши анализа на правните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во Република Македонија и нивната перцепција за правичноста на правниот систем.

Според резултатите од истражувањето во анализата „Правните потреби и патот до правдата во Република Македонија“, половина од испитаниците (49%) одговориле дека имале најмалку еден правен проблем во изминативе три години. Од нив, само две третини повеле правна постапка, а како спорови кои најдолго траат се издвојуваат споровите против државата и работодавците, додека споровите помеѓу приватни организации и лица најбрзо се решаваат. Над 60% сметаат дека судскиот систем е нефер кон посиромашните граѓани. Една четвртина од правните проблеми се однесуваат на домувањето, додека 19,9% од правните проблеми се поврзани со работата и вработувањето.


Прочитајте повеќе >>>
СООПШТЕНИЕ


Мрежата за заштита од дискриминација поднесе кривични пријави со кои од институциите бара осуда на нападите кон ЛГБТИ центарот

Мрежата за заштита од дискриминација го осудува молкот на институциите кон злосторствата сторени од омраза и заканите врз ЛГБТИ луѓето и активистите кои се случуваат во континуитет подолго време. Имено, почнувајќи од повеќекратните напади на Центарот за поддршка, нападот врз присутните во ЛГБТИ Центарот за време на “Неделата на гордоста”, нападите во Битола врз активисти кои се борат за правата на ЛГБТИ луѓето, хомофобичните закани по социјалните мрежи, претепувањето на две момчиња во центарот на Скопје, вклучувајќи го и нападот на домот на актерот кој јавно проговори за својата сексуална ориентација.

Како резултат на молкот на институциите во однос на нападите на ЛГБТИ центарот за поддршка, Мрежата за заштита од дискриминација на 08.10.2013 поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство - Скопје. Кривичните пријави се поднесени против непознати лица поради постоење на основано сомнение дека покрај останатите, ги сториле и кривичните дела “Насилство”,“Расна и друга дискриминација”, “Повреда на рамноправноста на граѓаните”како и “Предизвикување општа опасност”.

Преземете го целото соопштение (.pdf, 175 KB)

#
ОБЈАВА ЗА НАБАВКА НА НАГЛЕДНИ СРЕДСТВА И УЧИЛИШЕН МАТЕРИЈАЛ


usaidfosm


Објавa број: FOSM/131018 
Финансирање: Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) како сопствено учество во проект финасиран од УСАИД
Нарачател: Фондација Отворено општество - Македонија (ФООМ) за проектот „Програма за образование на Роми“ – УСАИД

ПРЕДМЕТ НА НАБАВКАТА
Опис на набавката:
Предмет на оваа објава е набавка и испорака на нагледни средства и училишни материјали - даден во четири целини односно четири посебни договори.
Број и име на целините (комплетната документација се добива согласно Точка 10.)
Целина 1: Училишни нагледни средства
Целина 2: Училишен материјал
Целина 3: Нагледни средства за Физичко образование
Целина 4: Нагледни средства за Музичко образование

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО 
Подобност и правила на потекло
Понудувачи можат да бидат трговски фирми од Република Македонија и од странство.

Како да ја набавите комплетната документација
Целиот текст на објавата и комплетната документација може да се преземе ТУКА
Правните потреби и долгиот пат до правдата во Република Македонија


Фондацијата Отворено општество – Македонија на 18 октомври 2013 година, во хотелот Холидеј Ин, сала Милениум I, со почеток во 10.30 часот ќе ја промовира осмата анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“, преку која се врши анализа на правните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во Република Македонија и нивната перцепција за правичноста на правниот систем.

Анализата, од една страна, ги детектира типот и фреквенцијата на различните правни проблеми со кои се соочуваат граѓаните, истовремено категоризирајќи ги по одредена специфична група на проблеми (проблеми со домување, проблемите на потрошувачите, финансиски проблеми, проблеми од областа на вработувањето, проблеми со услуги и трансфери од јавниот сектор, образовни проблеми, проблеми поврзани со партнерите и децата, здравствени проблеми, дискриминација, проблеми со полицијата). При тоа, секој од детектираните проблеми се анализираат и во однос на социо-демографските карактеристики: возраст, пол, етничка припадност, степен на образование, место на живеење во зависност од регионот на државата, рурална или урбана средина, статусот на пазарот на трудот, приходите по домаќинство на испитаниците. Во вториот дел од публикацијата се анализира искуството на граѓаните кои имале правен проблем во остварувањето на правдата и проблемите со кои се соочиле на тој пат. Истовремено, во анализата се идентификуваат и дел од импликациите за реформи на политиките, особено за услугите за правна помош достапни во Македонија.

Преземете ја:
- Анализата (.pdf)
- Програмата на настанот (.pdf)
Project Syndicate

Пировата победа на Ангела Меркел



Од Џорџ Сорос

george sorosБУДИМПЕШТА – За Германија драмата со еврокризата е завршена. Оваа тема речиси и не беше дискутирана за време на неодамнешната изборна кампања. Канцеларката Ангела Меркел го направи она што требаше за да го загарантира опстанокот на еврото, а тоа го направи со најмал можен трошок за Германија – потег со кој таа ја стекна поддршката на про-европските Германци, но и на оние кои ѝ веруваат дека ќе ги заштити германските интереси. Оттука, нејзината повторна победа на изборите не е изненадување.

Но тоа беше Пирова победа. Статус кво ситуацијата во еврозоната ниту може да биде толерирана, ниту е стабилна. Конвенционалните економисти тоа го нарекуваат инфериорна рамнотежа, јас го нарекувам кошмар – кошмар кој нанесува огромна болка и страдање кои лесно би се избегнале ако се демистифицираат погрешните концепти и табуата што ја одржуваат таквата состојба. Проблемот е во тоа што државите-должници ја чувствуваат целата болка, а државите-кредитори ги наметнуваат погрешните концепти и табуата.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Конкурс за доделување мали грантови за работни стипендии во граѓански организации



usaidfosm


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка на граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на конкурсот е да им овозможи на заинтересираните истражувачи и граѓански активисти да работат на постоечки истражувачки проекти во граѓански организации преку доделување мали грантови за работни стипендии во граѓански организации (грантови во износ до 2.400 американски долари).

Рок за поднесување на пријавите: 6 ноември, 2013 до 16:00 часот

Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.

Документи за преземање:
- Конкурс (.pdf)
- Конкурс (на албански) (.pdf)
- Образец за пријавување (на англиски) (.docx)
- Буџет (.docx)
- Attachment 1 Time Schedule (.docx)
- Упатство за буџетирање (.pdf)
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Доделени 18 грантови на граѓански организации



usaidfosm


На конкурсот за доделување грантови во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, објавен во април 2013 година, до Фондацијата Отворено општество – Македонија пристигнаа вкупно 99 пријави од граѓански организации. Избрани се 18 предлог проекти на кои ќе им бидат доделени грантови во вкупен износ од УСД $415,887 (подолу е дадена листата на грантистите).

Овие грантови се овозможени со поддршка од американскиот народ преку УСАИД. Избраните проекти ќе бидат спроведени во период од 4 до 10 месеци. ФООМ ќе обезбеди вмрежување, обуки и консултации за сите грантисти.

Преземете го документот со листата на грантисти (.pdf)
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Втор циклус обуки за надгледување и застапување



usaidfosm


Во организација на ФООМ, а во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, во периодот септември - ноември 2013, се одржува вториот циклус обуки за градење капацитети на граѓанските организации за надгледување на властите и застапување.

Претставниците на граѓанските здруженија, преку серијата 10 обуки, ќе се стекнат со знаења и вештини од областите:

Пишување документи за ефективни политики (26 -27 и 28 - 29 септември)
Преку дводневна обука за пишување документи за ефективни политики учесниците се здобиваат со знаење и ресурси за развивање вештини за пишување вакви документи, како алатки за влијание врз донесувањето одлуки. Низ заедничка работа на учесниците, обуката воедно има цел да создаде мрежи на истражувачи на политики и аналитичари.

Застапување (03 -04 и 05-06 октомври)
Дводневната работилница за застапување ќе ги подобри капацитетите на учесниците за дизајнирање целно насочена и релевантна кампања за застапување на политики. Работилницата е фокусирана на планирање и спроведување кампањи за ефективно застапување преку ефективното пренесување на стратешки убедувачки пораки за одредени политики.

Прочитајте повеќе >>>
Иднината на Европа – Џорџ Сорос


Иднината на Европа, говор на Џорџ Сорос на Глобалниот економски симпозиум, 1 октомври 2013 год., Кил, Германија.

Ќе применам холистички приод за иднината на Европа. Јас развив концептуална рамка која ме водеше во донесувањето одлуки низ целиот мој живот. Рамката е многу поширока од финансиските пазари; таа го опфаќа односот меѓу размислувањето и реалноста. Она што го усложнува овој однос е фактот дека мислите и дејствијата на учесниците се дел од реалноста за која тие мора да размислуваат. Нивното размислување има двојна функција: од една страна, тие се обидуваат да го разберат светот во кој живеат – тоа е когнитивната функција; од друга страна, тие сакаат да влијаат врз настаните во кои учествуваат - тоа е манипулативната функција. Двете функции влијаат една врз друга – јас тоа го нарекувам интерферентна рефлексивност.

Основниот постулат на мојата концептуална рамка е принципот на човечката несигурност, кој се темели на два идентични столба на грешење и рефлексивност. Како научен метод, принципот на човечката несигурност има далекусежни последици. Тој се применува само за општествени појави и согласно на тоа, прави разлика меѓу општествените и природните науки. Економската теорија се обидува да ги имитира природните науки, посебно њутоновата физика. Затоа, мојата концептуална рамка е директно спротивна на конвенционалните економски теории.

Разликите се посебно видливи во справувањето со финансиските проблеми генерално, и со еврокризата, конкретно. Конвенционалната економија ги следи безвременските и универзалните закони чијашто валидност може да се тестира преку упатување на факти. Јас тврдам дека фактите што ги произведуваат општествените процеси не се веродостоен критериум за утврдување на валидноста на теориите поради принципот на човечката несигурност. При тоа, јас не ја отфрлам можноста за воспоставување универзални и безвременски закони - принципот на човечката несигурност е еден од нив - но сметам дека таквите закони се премногу нејасни и општи за да бидат корисни во развивањето специфични предвидувања и објаснувања.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Конкурс за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации



usaidfosm


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови за заеднички акции на граѓански организации во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот обезбедува поддршка за граѓанското општество за поттикнување демократски реформи. Проектот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Целта на овој конкурс е да обезбеди поддршка на заеднички развиени акции на граѓански организации, партнерства или мрежи кои ги поттикнуваат актерите на граѓанското општество на солидарност и здружување околу специфично прашање преку грантови за заеднички акции на граѓански организации (грантови во износ до 25.000 американски долари);

За сите грантисти ФООМ ќе овозможи обуки и консултации врз основа на нивните специфични потреби.

Со овој конкурс ќе се поддржат предлог проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание и кои:
• директно ги поддржуваат целите на Проектот на УСАИД за граѓанско општество;
• покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
• нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
• применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
• промовираат интегрaтивен пристап со фокус на етникумите и родот;
• обработуваат тешки реформски прашања.

Рок за поднесување на пријавите: 1 ноември, 2013 до 16:00 часот

Пријавите треба да се поднесат во ФООМ на бул. Јане Сандански 111, 1000 Скопје.

Документи за преземање:
- Конкурс (.pdf)
- Образец за пријавување (.doc)
- Буџет (.doc)
- Упатство за буџетирање (.pdf)
- Прилог 1. Временска рамка (.doc)
- Прилог 2. Информации за партнерските организации (.doc)
- Прилог 3. Резиме на англиски јазик (.doc)
Седма анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“

Пресудите на Европскиот суд за човекови права треба да се имплементираат



Фондацијата Отворено општество – Македонија на 30 септември 2013 година ја промовираше седмата анализа од едицијата „Примената на законите под лупа“, преку која се врши анализа на примената и разбирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Република Македонија.

Мирјана Најчевска од Центарот за човекови права и разрешување конфликти, ги презентираше клучните наоди и препораките содржани во Анализата. Како клучни повреди на судската пракса во Македонија, во пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) се наведени повредите на правото на правична судска постапка, правото на слобода и безбедност, правото на ефикасен правен лек, правото на сопственост и правото на здружување. Според Најчевска, пресудите на европскиот суд се извор на право, па оттаму во Анализата се издвоени неколку препораки кои имаат за цел да го унапредат македонскиот судски систем, со што ќе се намали бројот на тужби против Македонија кои се водат во Стразбур.

video


Прочитајте повеќе >>>
ПРАВНА ПРОГРАМА

Половина од граѓаните не знаат дека постои Закон за слободен пристап до информации



Повеќе од половина, односно 52,3 отсто од граѓаните, не слушнале дека постои Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер, иако истиот е донесен пред седум години. Од друга страна, голем дел од службениците кои располагаат со информации од јавен карактер, се плашат да дадат одредена информација. Ова го покажуваат резултатите од последното истражување на примената на Законот, презентирани на 27-ми септември 2013 година, по повод 28-ми септември, Меѓународниот ден на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во истражувањето, спроведено во периодот август - септември 2013, беа вклучени 1228 граѓани и 446 иматели на информации од јавен карактер. Од резултатите, произлегува дека само 18 отсто од граѓаните побарале пристап до информации, а само половина од нив добиле одговор. Дури 52,3 отсто од граѓаните воопшто не слушнале дека постои Закон за слободен пристап до информации. Данче Даниловска од правната програма на ФООМ, нагласи дека овој процент, иако е намален во однос на 2009 година, сепак не е доволен и целосно ја оправдува потребата од јавна кампања која ФООМ ја побара од надлежните уште пред три години.



Прочитајте повеќе >>>
Дебата: „Вин-вин политика“

Владата и граѓанскиот сектор се во чудна конфронтација



Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) на 19-ти септември одржаа дебата „Вин-вин политика“ на која беше дискутирано за можноста на вклучување на граѓанскиот сектор во процесот на интегрирање на Македонија во ЕУ, како и финансирање на невладините организации преку програмата ИПА 2.

Никола Бартолини од Генералниот директорат на Европската комисија (ЕК) го објасни начинот на кој граѓанскиот сектор ќе биде вклучен во следната финансиска рамка на комисијата за периодот од 2014 до 2020 година. Според Бартолини, главен принцип на новата рамка ќе биде поврзувањето на политичката со финансиската поддршка. Оттаму, предложени се 40 патокази преку кои секоја година ќе се оценува придонесот на граѓанскиот сектор во европските интеграции. Оценувајќи ја моменталната состојба, Бартолини подвлече, дека во Македонија граѓанскиот сектор и владата се во чудна конфронтација, порачувајќи дека Владата треба да ја искористи посветеноста на невладините организации и своите капацитети да ги спои со капацитетите на невладиниот сектор.



Прочитајте повеќе >>>
СООПШТЕНИЕ

Финансиите на политичките партии под закрила на институциите



До кога финансиите на политичките партии ќе бидат „заштитена мечка“ во Македонија? Транспарентност Македонија остро реагира на одлуките на Вишиот Управен Суд на РМ со кои го ограничува правото на слободен пристап до информации за финансиите на политичките партии. Прашањата кои беа предмет на барања за слободен пристап до информации од јавен карактер се однесуваа за финансирањето на политичките партии за парламентарните избори од 2011 година во периодот кога политичките партии сѐ уште беа иматели на информации според Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер (КОМСПИ).

Решенијата на КОМСПИ со кои првично беше одбиен пристапот до овие информации беа оспорени пред Управниот суд на РМ, со надеж дека ваквата пракса на КОМСПИ без да се даде јасно образложение зашто политичките партии веќе не се иматели на информации од јавен карактер ќе биде согледана како погрешна. Но, и од Управниот суд на РМ наидовме на потполно исто стојалиште како и она на Комисијата, односно сите тужби поднесени пред Судот беа одбиени како неосновани.

Прочитајте повеќе >>>
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Прва средба на грантистите и обука за комуникација со јавноста, мониторинг и известување



usaidfosm


На 19 и 20 септември 2013 година, во хотелот Бистра, во Маврово, ќе се одржи првата средба на овогодинешните грантисти на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува ФООМ.

На средбата, учесниците ќе имаам можност за се запознаат со процедурите за соработка и вмрежување на грантистите, како и набљудување и координација на активностите во нивните проекти. Исто така, ќе се запознаат и со основите на процесот на подготовка и спроведување на стратегии за застапување и комуникација.

Преземете го дневниот ред на настанот.
18-ТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Граѓанскиот сектор да се вклучи во активните мерки за вработувања



Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), на 3-ти септември го презентираше 18-тиот квартален извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Извештајот „Вин-Вин политика“ го опфаќа начинот на распределба на средства од ИПА програмата во поглед на финансирањето на граѓанските организации, и дава препораки за активно вклучување на граѓанскиот сектор во мерките за вработување.

Љупчо Петковски од МЦЕО истакна дека граѓанскиот сектор има голем потенцијал за вработување. Како пример, Петковски ги зеде 14-те проекти на граѓански организации финансирани од ИПА програмата во 2008 година, со вкупен фонд од 0,7 милиони евра. Преку овие 14 проекти околу 30 лица добиле вработување со платени придонеси за една година, а околу 1000 лица добиле дополнување на приходите во просечна вредност од 100 евра. Оттука, со новата финансиска рамка 2014 - 2020 година и со новата ИПА 2 програма, во Македонија можат да се вработат минимум 7 700 лица на годишно ниво, а околу 250 000 лица ќе можат да ги надополнат своите приходи без да има потреба од обезбедување дополнителни буџетски средства. Единствено што треба да се направи е да се реорганизираат веќе постоечките средства и да се отворат активните мерки за вработување во граѓанскиот сектор.

Прочитајте повеќе >>>
СООПШТЕНИЕ



кликнете на сликата за PDF верзија


#
СООПШТЕНИЕ



кликнете на сликата за PDF верзија


#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Доделени седум ад-хок грантови




кликнете на сликата за PDF верзија



#
ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Повик за учесници во Школата за активно граѓанство





#
Џорџ Сорос во Јутарњи лист


Линк до поголема верзија

„Изгубени во светот на сенките“


Роберто Беличанец, на јавната дебата „Духот на слободата“ со граѓаните на Крива Паланка, „Граѓани за eвропска Македонија“ (ГЕМ) на 10.10.2012.


„Позицијата во која се наоѓаме во моментов е страшно тешка, како никогаш досега, затоа што сета оваа машинерија функционира со амин на Европската комисија, која што реално, конечно, ја призна реалноста во Македонија, дека ВМРО-ДПМНЕ го контролира теренот.

И од аспект на практична, прагматична политика, кога некој ви го контролира теренот, вие со него зборувате. Се најдуваме во страшно тешка позиција, сами, осамени, меѓутоа, не помалце борбени. Напротив, денеска договоривме некои акции, ќе видите што ќе се случува овие денови. Сметаме дека се бориме за едно фундаментално човеково право. Тоа е нешто што во Уставот е дефинирано на исто рамниште со правото на живот, и со правото да бидете слободни од тортура, да не ве мачи никој. Значи, тоа е фундаментална вредност. Тоа е фундаментална вредност на демократијата, затоа што ако не можете да кажете што ве мачи, вие не можете ни да се поврзете со сличниот што е со вас, не можете да изградите никаква човечка врска, останувате изгубени во светот на сенките, и во светот на пропагандата која што ви се пласира.

За жал, денов го одбележа и извештајот на Европската комисија во којшто точно оваа приказна за слободата на изразување, беше поздравена, дека е направен голем напредок. Направен е голем напредок во смисла, нели, на формално исполнување на некои барања што комисијата ги имаше кон македонската влада. Меѓутоа, реалниот напредок е следен: Лани кога ја затворија А1, комисијата имаше критики. Годинава го затворија А2, значи тоа е напредок. Помал медиум е затворен, пошто нема поголем да го затворите, значи постигнат е напредок. В година, претпоставувам, ќе ги испозатворат порталите, тоа ќе биде уште поголем напредок, затоа што се понерелевантни. И, на крајот, кога нема да остане ништо за затворање, веројатно Македонија ќе го постигне најголемиот напредок, затоа што нема да има затворање, нема да има скандали. Со таква перверзна ситуација се соочуваме овие денови.



Прочитајте повеќе >>>
Проект на УСАИД за граѓанско општество


Повик за учесници: Обуки за надгледување и застапување

image
кликнете на сликата за PDF верзија


Преземете го описот на темите (.docx, 101 KB)

Преземете ја пријавата за учество (.docx, 107 KB)

#

ГЕМ против Зоран Ставрески

Ново рочиште во предметот за клевета



На 17 јуни 2013 година, во 10.30 часот, во Основниот суд Скопје 2 ќе се одржи ново рочиште, во предметот за клевета против Зоран Ставрески. Предметот против Ставрески трае веќе 2 години.

Тужителите и членови на движењето Граѓани за Европска Македонија (ГЕМ), Бранко Ѓероски, Никола Гелевски, Владимир Милчин, Роберто Беличанец и Жарко Трајановски ја поднесоа првата приватна кривична тужба против Ставрески на 29 јануари 2011 година, поради неговите тврдења дека ГЕМ е дел од стратегијата „Надеж“, создадена за насилно уривање на демократски избраните институции. Оваа изјава, Ставрески ја даде на прес-конференција, одржана на 30 октомври 2010 година, а пренесена од сите релевантни медиуми во Македонија и во целост објавена на веб страницата на ВМРО-ДПМНЕ.

Со донесување на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, кривичната постапка против Ставрески е запрена, а приватните тужители во законски предвидениот рок ја поднесоа новата тужба, заради утврдување на одговорноста на тужениот за сторена клевета, како и надомест за предизвиканата нематеријална штета на тужителите со клеветата.

Ставрески, до сега, се нема појавено на ниту едно од претходните судски рочиштата, под изговор дека МВР не може да го пронајде вистинскиот Зоран Ставрески бидејќи имало многу лица со исто име и презиме, иако во тужбата е наведено дека станува збор за министер за финансии. На рочиштето закажано за 17 јуни, за прв пат се очекува распит на странките.
РЕГИОНАЛНА ПРОМОЦИЈА НА БЕСПЛАТНАТА ПРАВНА ПОМОШ


Овластените здруженија за претходна правна помош: Македонското здружение на млади правници, Националниот Ромски центар од Куманово, РОМА С.О.С од Прилеп, Младинскиот културен центар од Битола и ЕХО од Штип со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, организираат регионални средби за промоција на Анализа на примената на Законот за бесплатна правна помош за периодот 2010-2012 година. Анализата е последна во низата од три годишни извештаи за примената на Законот за бесплатна правна помош (Законот) и е резултат на следењето на примената на Законот од неговото донесување и стапување на сила до денес.

Промоцијата на анализата има за цел да придонесе во отворање на широка јавна дебата во однос на проблемите со кои се соочуваат граѓаните при примената на Законот и утврдување на насоките за идна реформа која ќе овозможи нивно надминување и воспоставување на систем кој ќе го гарантира еднаквиот пристап до правда за сите граѓани. На средбите се поканети здруженија кои имаат искуство во давање бесплатна правна помош, а не се регистрирани, адвокати регистрирани во системот за бесплатна правна помош согласно Законот, подрачните одделенија на Министерството за правда, претставници од центрите за социјална работа, судии.

Средбите се закажани на 11.06 во Струга (хотел Дрим од 12:00 часот), 12.06 во Велес (Фондација Фокус од 10:00 часот), 12.06 во Кавадарци (хотел Фени од 13:00 часот), 13.06 во Св. Николе (Општина Св. Николе од 11:00 часот), 19.06 во Тетово (хотел Лирак од 11:00 часот) и 20.06 во Радовиш (Општина Радовиш од 12:00 часот).

Сите заинтересирани можат да добијат повеќе детали на бесплатниот телефонски број 0800-44-222.
СООПШТЕНИЕ



Кликнете на сликата за PDF верзија
ПРАВНА ПРОГРАМА

Потребна е итна промена на Законот за бесплатна правна помош



bppФондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на 6-ти јуни, ја промовираа публикацијата „Анализа на примената на Законот за бесплатна правна помош ( 2010-2012),“ во која беа презентирани клучните наоди од тригодишното следење на спроведувањето на Законот.

Данче Даниловска од ФООМ истакна дека Фондацијата финансиски поддржува шест локални здруженија за да добијат овластување од Министерството за правда да им даваат правна помош на граѓаните. „Овластените здруженија се првата алка кон остварувањето на правото на бесплатна на правната помош за граѓаните, затоа Фондацијата заедно со нив и преку нивната работа го следи имплементирањето на Законот за бесплатна правна помош. Целта е директно да бидат идентификувани проблемите и предизвиците со кои се соочуваат барателите на бесплатната правна помош, адвокатите, здруженијата и државните органи при имплементацијата на Законот, за да се воспостави систем во кој граѓаните ќе имаат еднаков пристап до правдата,“ оцени Даниловска, додавајќи дека овластените здруженија во 2012 гoдина обезбедиле претходна правна помош во 632 предмети, од кои им бил исплатен надомест за 7 предмети во вкупен износ од околу 11.000 денари. Овие средства не се доволни за да се исполнат законските обврски на здруженијата, па оттаму, Даниловска и ФООМ побараа од Министерството за правда, да ги објави нивните контакти на веб страната за полесно да бидат препознаени од граѓаните на кои им е потребна бесплатната правна помош.



Прочитајте повеќе >>>
ПРОГРАМА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Поддршката за учениците од ранливите групи не е квалитетна



Нееднакво толкување на законските прописи во однос на спроведувањето на дополнителната настава како механизам за поддршка на учениците со слаби постигања во училиштата, во Македонија од една страна, како и влошените резултати на нашите ученици според меѓународните истражувања, од друга страна, претставуваа поттик за Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ),  да направи две длабински анализи за образованието на учениците со ниски постигања,  како дел од проектот „Програма за образование на Роми“, ко-финансиран со Детската фондација „Песталоци“.

Појдовна точка и на двете анализи што се работеа кон крајот на 2012 година, се еднаквите права на образование на децата. Првата анализа се темели на емпириско-теренско истражување, фокусирано на учениците со ниски постигања во учењето, а цел на истражувањето е да се испитаат ефектите од дополнителната настава, односно дали и колку законските измени внесоа подобрување во квалитетот на образованието на учениците со ниски постигања. Втората компаративна анализа „Мерки за поддршка на учениците со ниски постигања“, дава преглед на мерките што се преземаат од страна на различни земји, за да им се помогне на учениците со ниски постигања и да се дадат предлози за мерки што би биле најсоодветни или неопходни за македонскиот образовен систем. Посебен фокус на овие истражувања е ставен на учениците кои доаѓаат од ранливите групи на население.

Прочитајте повеќе >>>
Регионална програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан – Завршна конференција


Научните истражувања во општествените науки и натаму на маргините

Во рамките на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во Западен Балкан (РРПП) на 14-ти мај беше организирана конференцијата “Унапредување на политиките во областа на истражувањата во општествените науки во Република Македонија“, на која беа презентирани наодите од четири истражувања за применети политики. Истражувањата ги подготвија млади истражувачи, ангажирани во рамки на компонентата за унапредување на состојбите во област на општествените науки.

На конференцијата беа презентирани досегашните резултати од Регионалната програма, а беа опфатени и прашања за спроведувањето на Законот за научноистражувачка дејност како и аномалиите на Законот за високо образование. Според оценките на учесниците на конференцијата, законите не се спроведуваат ефикасно, а недостасува и поголема финансиска поддршка за научноистражувачка дејност, особено во општествените науки. Славица Инџевска од ФООМ истакна дека истражувањата во општествените науки се повеќе се маргинализираат, па науката во Македонија не е во можност да реагира на промените во општествената реалност. За очекување е, смета Инџевска, дека преку Регионалната програма и преку други активности ќе се промени односот кон општествените науки и процеси, и тие ќе бидат дел од вниманието на институциите на македонскиот систем.

video


Прочитајте повеќе >>>
Проект на УСАИД за граѓанско општество


Информативни средби: Конкурси за доделување грантови на граѓански организации и неформални групи

image
кликнете на сликата за PDF верзија


#
Дебата на МЦЕО и ФООМ

Пролетните дождови – Пролетниот извештај на Европската Комисија



Во организација на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата Отворено општество Македонија, на седми мај се одржа дебатата „Пролетните дождови – Пролетниот извештај на Европската комисија“, на која се дискутираше за Пристапниот дијалог на високо ниво - т.н. ХЛАД (High Level Accession Dialogue), политичките критериуми и функционирањето на институциите, како и за дијалогот за слобода на изразување, добрососедските односи и препораките од пролетниот извештај на Европската Комисија.

Бојан Маричиќ од МЦЕО споредувајќи ги резултатите постигнати со ХЛАД во 2012 година, со годинешните резултати, нагласи дека не само што нема напредок во пристапниот дијалог, туку во одредени полиња има и назадувања, особено во реформите на јавната администрација, и измените на Изборниот законик. Коментирајќи го политичкиот дијалог, Маричиќ истакна дека Македонија само преминува од криза во криза, додавајќи дека единствено нашата држава и БиХ имаат потреба од меѓународно посредништво за надминување на меѓупартиските разлики. Маричиќ препорача Македонија и ЕК заедно да прецизираат дали ќе го одржуваат ХЛАД-от или пак ќе го заменет со договорот од први март. Исто така, тој побара и целосен мониторинг на демократизацијата на институциите и целосно расчистување на настаните од 24-ти декември.

Прочитајте повеќе >>>


Медиумско огледало - Архива
Архива на Медиумско огледало


Архива 2013
Архива на настани и новости 2013


Архива 2012
Архива на настани и новости 2012


Архива 2011
Архива на настани и новости 2011


Архива 2010
Архива на настани и новости 2010


Архива 2009
Архива на настани и новости 2009


Архива 2008
Архива на настани и новости 2008


Архива 2007
Архива на настани и новости 2007


Архива 2006
Архива на настани и новости 2006


Архива 2005
Архива на настани и новости 2005>


Архива 2004
Архива на настани и новости 2004

 
назад  
 

     © Copyright 2013, Foundation Open Society - Macedonia. Web site developed by Metamorphosis - Foundation for sustainable ICT solutions